|
Поучни случки |
Внеси реплика | страница <12345 23> |
Автор | ||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne bi se soglasile site so tebe. Religijata e nesto sto e instituirano so propisi i normi za vladeenje na poedinecot, so jasni kanoni i granici do kade smee da se odi.
Inaku filmot e remek delo. |
||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Toa e vekje religija! |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Messi vo pravo si, realnosta e takva, no mora da bideme objektivni, religijata e tuka da se istrazuva i osoznava, ima Bozji cudesa koi ne mozat da se objasnat, no ima i vakvi pretenciozni, znam deka na nekoj ce mu smeta sto ovaa prikazna e spam no takva e. Zarem ako sme Hristijani treba da veruvame vo se sto ce ni se servira od razni "produhoveni" i samonareceni sveti ludje koi mislat deka samo tie ja znaat vistinata.
Sustinata na verbata e vo nejzino potpolno istrazuvanje i imanje na hrabrost da se istrazuva i osoznava vistinata koja treba taa verba da ja potkrepi i ja napravi posilna - kako i samite nas. No koj sum pak jas da zboruvam tuka gluposti i rasipuvam zabavi hahahahaaaaaaa..... |
||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ah bre rasipuvach na zabavi...
Znaesh shto e interesno? Koga nekoja vakva ili slichna prikazna kje dojde od strana na muslimanite, hindusite, budistite ili nekoj drug, togash site hrsitijani pochnuvaat da se ismejuvaat i zafrkavaat. A koga nekoja vakva "chudesija" kje dojde od nivna strana togash site pobozhno i ispolneti so strav se krstat i aminuvaat. Vo verata silna nema dvojba, nema somnezh, chuda se zbidnuvaat, kako poroen vrnezh. Koj se somneva, neka go prasha Boga, a ovoj kje mu reche: kje poveruvash koga-toga! Amin! Inshalah! Birkat Hazan! Berikjat Hasan! Изменето од Messenger - 17.Јуни.2011 во 21:55 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Se raboti za SPAM mail koi kruzi uste od 2004, taka da, neznam sto da kazam, od aspekt na nekoj koj veruva (isklucuvajci go grozomornoto ubistvo i stradanja na decata) bi sakal ovaa da e vistina ama ne e. Eve eden od linkovite(gi ima mnogu)so objasnuvanje za ovaa PORAKA... |
||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ХалелуЈАХ + Елхамдулилах! ... и ќе Го види секое око, и оние што Го прободоа; и ќе се расплачат пред Него сите племиња на земјата. Да. Амин! Изменето од spiros - 15.Јуни.2011 во 23:56 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
vistinsko bozjo cudo!! Објавено на CBS Во Египет муслиман ја убил неговата жена затоа што читала Библија и потоа ја закопал нејзе и нејзиното бебе и 8 годишна ќерка. Девојчината биле живи закопани! Потоа пријавил во полиција дека вујко им ги убил децата. 15 дена по...доцна,... умрел друг член на фамилијата. Кога сакале да го закопаат, ги нашле двете девојчина под песокот - ЖИВИ! Земјата (народот во земјата) е гневна поради овој настан и човекот ќе биде усмртен на крајот од месец Јули. Кога постарото девојче било испрашано како преживеале, таа рекла: - „еден човек кој носеше светла бела облека, со крвави рани на рацете, доаѓаше секој ден и не хранеше. Тој ја будеше мојата мајка за да ја нахрани сестра ми“. Таа била интервјуирана на египетската национална телевизија од забрадена муслиманка, новинарски известувач. Таа јавно рекла на ТВ, „Ова не може да биде никој освен Исус, бидејќи никој друг не може да стори вакви нешта!“ Муслиманите веруваат Иса (Исус) можел да го прави ова, меѓутоа раните значат дека навистина бил распнат и исто така дека Тој е жив! Но, исто така јасно е дека детето не може да ја измислило сторијата и нема можност овие деца да преживеале без вистинско чудо. Муслиманските водачи ќе имаат тежок проблем да се справат со ова, а и популарноста на филмот „Страдања“ не им оди во полза! Со Египет во центарот на медиумите и образованието во Средниот Исток, сигурно е дека ова сторија ќе биде раширена. Христос сеуште го контролира и го движи овој свет. Ве молиме раширете ја оваа сторија. Од: Riste Atanasov Изменето од Blagoj_s - 16.Јуни.2011 во 11:20 |
||
www.myspace.com/sblagoj
|
||
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
СЕ ДАДЕ СЕБЕСИ „И Зборот стана тело и се всели во нас...“ Јован 1:14. Кој може да го измери тој бесконечен чекор што го презеде Господ Исус Христос, доаѓајќи од небото на земјата? Оставајќи престол, дојде во јасли; остави слава и дојде во понизност; „го даде својот живот за откупување на многумина“ (Марко 10:45). Еден од древните владетели во Персија, бил познат како пријател на обичните луѓе. Честопати одел меѓу луѓето, се изедначувал со нив и им помагал. Отишол така еднаш во една јавна бања, како да е обичен питач. Таму му правел друштво на најосамениот човек, оној кој бил задолжен да го пали и одржува огнот. Разговарал со него, дури и јадел од неговиот леб. Го посетил уште неколкупати, а потоа му кажал дека, всушност, тој е шахот на Персија и му понудил некоја награда, што ќе посака. Бил изненаден кога осамениот одбил какво било богатство. „Ти си го оставил својот дворец и слава и си дошол овде да другаруваш со мене, да го јадеш мојот сув леб и да ги слушаш маките на моето срце, има ли за мене поголема награда? Ти се даде себеси и твоето пријателство ми е богатство“. Ова е само бледа слика на тоа што го стори Исус за нас. „Сам Себе се понизи, откако зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето“ (Филип. 2:7). Дојде да живее каде што живеат грешниците; не само да им стане пријател, туку и Спасител. |
||
www.myspace.com/sblagoj
|
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
20 EVRA (ILI : KOLKU VREDI EDEN COVEK?) Eden poznat predavac na svojot seminar na koj imalo okolu 200 ucesnici, im pokazal banknota od 20 evra. Gi zaprasal : " Koj od vas ja saka banknotata ? " Eden po eden lugjeto se javuvale, a predavacot im rekol : " Kje ja podaram na eden od vas, no prvo sakam nesto da napravam. " Toj ja zguzval banknotata a potoa povtorno prasal : " Koj od vas se uste ja saka ? " Se' uste site ja sakale. "Dobro", rekol. " No sto ako go napravam slednoto ? " Ja frlil banknotata na podot i zapocnal da ja gazi so nogata. Potoa ja podignal. Celata banknota bila izguzvana i necista. " Sega, koj uste ja saka ? " Se' uste lugjeto digale race i se javuvale. Togas predavacot rekol: " Prijateli, sega naucivte edna mnogu vazna lekcija. Bez razlika sto i napraviv na banknotata, vie se' uste ja sakavte, zatoa sto ne si ja izgubi svojata vrednost. Se' uste vredi 20 evra. Zivotot moze ponekogas da ve izguzva i da ve izgazi kako sto jas go napraviv toa so banknotata, no nemojte nikogas da zaboravite na svojata vrednost ! " |
||
SOLI DEO GLORIA
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Отец Арсениј е роден во Москва во 1894 година. По завршувањето на средното училиште, во 1911 година се запишал на Факултетот за Историја и Филологија на Императорскиот Универзитет во Москва. Поради кратката болест што му се случила во 1916 година, со универзитетската диплома се стекнал дури во 1917 година. Уште како студент ги напишал и издал своите први трудови на тема ’старата руска уметност и архитектура’. Потоа, во потрага за духовен живот, отишол во манастирот на Оптинската пустина, каде добил благослов да се замонаши. Можно е во Оптинската пустина да го примил и монашкиот постриг. Кога во 1919 година бил ракоположен за јеромонах, му била доделена парохија во една од Московските цркви. Бидејќи на монасите не им било дозволено да служат во парохии, за оваа служба добил посебна дозвола од тогашниот Московски патријарх, господин Тихон. Кон крајот на 1921 година, кога дотогашниот старешина на храмот, отец Павел, бил преместен во друг град, а потоа и уапсен, отец Арсениј стапил на неговото место на старешинство во храмот. За осум години служење во таа парохија, околу себе собрал големо братство на православни христијани и станал нивен сакан пастир и исповедник. Отец Арсениј првпат бил уапсен во 1927 година. Тогаш бил испратен во прогонство на север на земјата. Две години подоцна, кога му било дозволено да се врати од прогон, тој имал ограничување на движење и не можел да се доближи до Москва во радиус од 100 километри. Тогаш почнал да служи во гратче недалеку од Москва, но наскоро потоа, тој повторно бил уапсен во 1931 година. Овој пат е прогонет во Вологдската област на пет години. По истекот на овој рок, повторно е уапсен, осуден на една година затвор и повторно протеран во прогонство. Откако отслужил шест години во логорот, му било дозволено да се насели во Архангелската, а потоа во Владимирската област. Му било строго забрането да служи во било кој храм, така што богослужбите ги извршувал дома. Во текот на овој период, неколку пати тајно патувал до Москва, каде што се состанувал со епископот Атанасиј (Сахаров). Исто така, присуствувал на ракоположувањето на своите духовни чеда во свештенички чин. Отец Арсениј тајно се допишувал со своите духовни чеда и на тој начин одржувал врска со нив. Во 1939 година повторно е испратен во Сибир, и од таму во логор на Урал. На крајот на 1940 година се нашол во уралскиот затворенички логор. Во март 1941 год. преместен е на принудна работа, исто така, во уралската област. Тогаш речиси целосно запрела неговата преписка со духовните чеда, а кога истата година е испратен во логорот со „специјален режим“, кој воедно бил и најстрог вид на логор во тогашниот Советски Сојуз, му била оневозможена каква било врска со надворешниот свет. Цели петнаесет години за него ништо не се знаело, а неговите пријатели и духовни чеда биле уверени дека отец Арсениј пострадал некаде на погубилиштата на логорот. Добро се знаело дека од логорот со „специјален“ режим речиси никој не излегувал жив. Отец Арсениј, со Божја помош, успеал да го преживее логорот, од кој е ослободен дури во 1958 година, кога се населил во Ростов, во домот на својата духовна ќерка Надежда Петровна. Отец Арсениј се упокоил во 1975 година. Погребан е на ростовските гробишта. На неговата надгробна плоча стои едноставен натпис: Отец Арсениј 1894 – 1975 Тоа утро отец Арсениј не беше сам во бараката: со него останаа уште тројца осуденици. Двајца беа сериозно болни, а третиот, безработник по име Феѓка, самиот се беше намерно со лопата повредил. Лежеше на креветот и дремеше, а потоа одеднаш ќе се сепнеше од дремката, викајќи: „Не е доволно топло! Ако не си ја извршуваш работата како што треба, ќе те претепам!“ Потоа пак ќе потонеше во сон. Двајцата болни се наоѓаа во многу тешка состојба. Не ги пратија во логорската болница, зашто беше преполна. Околу пладне, во бараката намина болничарот. Откако оддалеку ги погледна болните, му префрли на отец Арсениј: „Уште малку, па и овие ќе отидат. Овие денови многумина умираат. Студено е, па затоа!“ Го изговори тоа без ни малку обзир што болните го чуја. А зошто и би имал обзир? Во ваков логор не е ни предвидено затворениците долго да живеат. Потоа се приближи до Феѓка, на кој му беше повредена раката и кој во тој момент почна да офка, да покаже како страшно се мачи. “Што се преправаш тука!” викна болничарот. „Утре одиш на работа! Ако не одиш, ќе те пратам во самица, па таму излежувај се!“ Отец Арсениј од време на време престануваше со работа за да ги види болните, барем малку да им помогне, да им рече по некој збор и да се помоли за нив. „Господи Исусе Христе! Помогни, исцели ги, покажи ја на нив дивната милост Твоја! Дај им да поживеат, додека не ги ослободат од овде!“ повторно и повторно шепотеше, местејќи им ги тврдите кревети и покривајќи ги. Повремено им даваше вода или лек, кој болничарот го расфрли по нивните кревети. Во логорот единствен лек беше аспиринот. Се препишуваше за секоја болест. Отец Арсениј на послабиот од нив двајца му даде парче леб, четвртина од сопствениот дневен оброк. Омекнувајќи го лебот со вода, му даваше на болниот да јаде, но овој, штом ги отвори очите и го здогледа отец Арсениј, му ја оттурна раката. Отец Арсениј тивко рече: „Јади. Нека Бог ти помогне, јади.“ Болниот го проголта залакот и рече: „Што сакаш од мене со Тој твој Бог? На што се надеваш од мене? Се надеваш дека ќе умрам, па да ги земеш моите работи, така ли? Немам јас ништо, не мораш да се трудиш!“ Отец Арсениј не одговори ништо, само внимателно го покри и пријде кај другиот болен, за да му помогне да се сврти. Потоа продолжи да ја чисти бараката. Одлучи овој пат да не ги сокрива сувите гранчиња кои ги собра благодарејќи на Сивиот, туку ги натрупа покрај печката. „Вчера се обидов да ги сокријам, и гледај што се случи: некој ги намокрил. А денеска – Бог ми помогна.“ Печките веќе се беа вжариле и отец Арсениј се радуваше што работниците, по враќањето од работа, ќе можат да се одморат во топлата просторија. Додека така размислуваше, влезе надзорникот. Имаше малку повеќе од триесет години и бидејќи секогаш наизглед беше ведар и насмеан, осудениците го нарекоа Оптимист, иако се презиваше Пупков. „Ти, попе, што мислиш? Си ја загреал оваа барака како да е сауна! Трошиш огрев за народни непријатели! Сега ќе ти покажам!“ И тој го удри отец Арсениј среде лице и отиде, и понатаму смешкајќи се. Бришејќи ја крвта од лицето, отец Арсениј не престануваше да се моли: „Не оставај ме, не одвратувај го Своето лице од мене, грешниот. Смилувај се на мене.“ Безработникот Феѓка се исправи на својата постела и рече: „Свиња! Те тресна со сета сила среде муцка, без причина! Ни сам не знае зошто!“ По саат време Оптимист повторно влезе и викна: „Станувај! Инспекција!“ Феѓка скокна од постелата, а отец Арсениј застана во став мирно со метлата во раце. „Кој уште е овде?“ праша надзорникот, викајќи, иако тоа исто прашање го беше поставил уште утрината, така што многу добро знаеше кој беше во собата. „Двајца болни и еден што утре ќе оди на работа!“ продолжи, одејќи меѓу редиците кревети. Ги здогледа оние двајца болни и виде дека не можат да станат, но само за да ја покаже својата сила и моќ, почна да им се дере. Сепак, не им приоѓаше блиску. Кој знае, можеби се заразни? „Подобро би ти било, попе, да внимаваш, да водиш сметка сè да биде под конец! Наскоро ќе одиш на сослушување – за сè ќе одговараш!“ И замина, псуејќи и хулејќи. На денот му се приближи крајот. Се спушташе ноќ, наскоро ќе се вратат и останатите. Секогаш се враќаа смрзнати, раздразливи, исцрпени и полни со гнев; штом би се довлечкале до своите кревети, паѓаа по нив како без свест. Со влегувањето на работниците во бараката, се вселуваше студ, влага и некаква сеопшта вознемиреност. Половина час по доаѓањето, ги пуштаа на вечера. Времето за јадење за многумина затвореници претставуваше право мачење: злосторниците тогаш ја земаа храната на политичките затвореници, а оние кои се обидуваа да ги спречат во тоа, беа претепувани. Послабите и оние кои не беа способни да се бранат, честопати остануваа без вечера. Политичките затвореници беа побројни од криминалците, но убијците и крадците беа физички помоќни. Секој ден некој од затворениците остануваше без својот, и онака оскуден, оброк. Тоа предизвикуваше страшни маки: уморни, прегладнети, тресејќи се од зимата, тие размислуваа само за храна и сонуваа полна трпеза. Оброците, кои ги добиваа, навистина беа бедни. Порциите беа мали, честопати мувлосани и од некоја причина мирисаа на керозин. Сè беше смислено така за полека, но сигурно, да ги убива. Отец Арсениј често остануваше без јадење, но никогаш не се жалеше. Кога некој ќе му го земеше оброкот, одеше во бараката, легнуваше на креветот и се молеше. На почеток му се вртеше во глава, се тресеше од студ и замор, мислата му се матеше. Сепак, почнуваше по сеќавање да ги чита утрените молитви, акатистот на Мајката Божја, светиот Николај и светиот Арсениј, ги спомнуваше имињата на своите духовни чеда и сите упокоени, чии имиња ги знаеше напамет. Така се молеше цела ноќ, а наутро чувствуваше некоја нова сила, како да е сит и наспан. Отец Арсениј имаше многу духовни деца во логорот и надвор од него, и во душата плачеше за секој од нив. Додека беше во прогонство и во обичен логор, можеше од нив да прима писма, но во овој логор на смртта, никакви пратки не беа дозволени. Неговите духовни чеда беа убедени дека отец Арсениј не е веќе меѓу живите. Кога се распрашуваа за него кај државните органи, одговорот секогаш беше ист: „Ако е пратен во специјален логор, нема да го најдете на ниту еден список.“ Веќе беше паднал мрак. Колоните затвореници влегуваа во логорскиот простор и се сливаа во бараките. Во бараката на отец Арсениј луѓето влегуваа лути и уморни, но штом ја почувствуваа топлината, малку омекнаа. Денеска никој не го удри отец Арсениј, ниту му го одзеде лебот. Двајцата болни добија само по пола порција и отец Арсениј сокри малку риба од својата чинија под кошулата. Загреа малку вода со борови иглички, во која раствори аспирин, и ги напои. Рибата и лебот ги подели на два еднакви дела и им даде да јадат. За пет дена, двајцата болни се чувстуваа малку подобро. Животот веќе не им беше во опасност, но сеуште не можеа да застанат на нозе. Навечер отец Арсениј се грижеше за нив, а кога времето му допушташе – и преку ден. Продолжи да одвојува дел од својот оброк и со тоа да ги храни. Отец Арсениј не знаеше ништо за овие двајца болни затвореници, освен тоа дека неодамна се префрлени во нивната барака од друг логор. Уште тогаш беа многу болни. Негата на отец Арсениј ја прифаќаа без задоволство, но сепак, да не беше тој, не би преживеале. За себе ништо не говореа, а отец Арсениј ништо не ги прашуваше. Доаѓаше во допир со многу болни и секого негуваше. Кога заминуваа, ретко за нив нешто некогаш ќе чуеше. Еден од болните му го кажа своето име: Иван Александрович Сазиков. Додека се грижеше за него, отец Арсениј тивко се молеше. Сазиков го забележа тоа и промрморе. „Се молиш, попе, зарем не? Се молиш да ти се опростат гревовите, па затоа нам ни помагаш! Се плашиш од Бога! А зошто? Си Го видел ли некогаш?“ Отец Арсениј со благо чудење го погледна Сазиков: „Како сум можел да не Го видам? Тој е овде меѓу нас, со тебе и со мене.“ „Што зборуваш, попе? Бог во оваа барака?“ Отец Арсениј го погледна и тивко рече: „Да, го гледам Неговото присуство. Гледам и дека душата ти е поцрнета од грев, но во неа сеуште може да продре светлина. Светлината ќе ти дојде, Сазиков, светлината и твојот Светител – заштитник. Св. Серафим Саровски нема да те напушти.“ Сазиковото лице се искриви, тој затрепери и, полн со омраза, зашишти: „Ќе те убијам, попе! Ќе те убијам! Не ми е јасно, како знаеш толку работи? Те мразам!“ Отец Арсениј се заврте и замина од него, повторувајќи во себе: „Смилувај се на мене, грешниот!“ Додека ги извршуваше своите работи, во себе го повторуваше акатистот, своето ќелијно правило, молитвите од вечерната служба, утрените, и сите оние молитвословија кои свештениците ги изговараат во текот на службата. Вториот од двајцата болни, во логорот се најде од многу едноставна причина: мораше да биде сменет од раководствена позиција, за на негово место да дојде друг. Неговата приказна беше слична на многуте приказни од логорот: учествувал во Октомвриската револуција од 1917 година, лично го познавал Ленин, бил командир на бригада во 1920 година, бил на важна раководствена позиција во тајната служба, работел за НКВД, за на крај да биде пратен во логорот со „специјален режим“ за да умре. Некои ги убиваа заради неколку невнимателни зборови, некои заради исповедување на вера, а имаше и такви каков што беше овој болен: комунист-идеалист, кој на некој почнал да му пречи и затоа беше „тргнат“. На сите нив им беше судено, порано или подоцна, да го завршат својот живот во логорот. Еден од таквите, сменет од власта, беше и извесниот Александар Павливич Авсенков. Отец Арсениј го препозна веднаш штом го чу неговото име. Тоа име често се појавуваше во новините – беше шеф на тајната служба, кој на отец Арсениј му потпиша смртна пресуда со стрелање, заради кривично дело за спроведување на антиреволуционерни активности. Подоцна казната му се сменета во петнаесет години тешка физичка работа во логор. Отец Арсениј добро го беше запомнил тоа име. Авсенков тогаш имаше околу четириесет и пет години, но на неговото лице се гледаа длабоки траги од престој во логорот. Гладот, исцрпувачката работа, физичкото злоставуавње, сето тоа бледееше пред сознанието дека само пред неколку месеци тој беше тој кој другите ги праќаше на ова место, убеден дека ја брани земјата од „народните непријатели“. Со доаѓањето во логорот, ја увиде големината на својата заблуда. Сфати дека на смрт прати десетици, стотици илјади невини луѓе. Од своето раководно место тој беше изгубил секаков допир со вистината. Им веруваше на извештаите од иследниците и на ласкавите зборови на подредените; слушајќи ги безумните наредби на луѓето од власта, беше изгубил допир со животот и со луѓето. Многу и постојано страдаше, но да го промени она што го направил, не можеше. Го раскинуваше чувството на духовна празнина и губиток. Беше со тивок и благ нарав и сè што имаше, делеше со другите. Не се плашеше ниту од логорските власти, ниту од криминалците. Единствено се плашеше од сопствениот гнев, но никогаш не ја губеше главата; се обидуваше да ги брани невините и заради тоа често мораше да ги минува деновите во ќелија самица. Авсеников беше приврзан за отец Арсениј: го сакаше заради неговата широкоградост и топлина. Често му говореше: „Ти имаш душа, баќушка. Имаш душа, го гледам јас тоа, но јас сум комунист, а ти Му служиш на твојот Бог, ти си свештеник. Различни ни се точките на гледиште! Теориски гледано, би требало со тебе да водам идеолошка борба.“ Отец Арсениј на тоа самиот се смееше и одговараше: „Е, мој пријателе! Зошто би се борел? Си водел идеолошка борба цел живот, а каде те доведе твојата идеологија? Те доведе во овој логор, кој само што не те проголтал! Што се однесува до мене, јас имав вера во Христос и таму, додека бев слободен, а ја имам и сега. Бог е насекаде ист и секому помага. Верувам дека ќе ти помогне и тебе!“ Еднаш отец Арсениј му рече: „Ние двајца веќе долго време се познаваме. Бог нас уште одамна нè спои и уреди во овој логор повторно да се сретнеме.“ „Што зборуваш? Зарем ние од порано се знаеме?“ „О да, се знаеме, Алесандаре Павлович. Во 1933 година, кога комунистите се обидоа да ја искоренат верата од народот, стотици илјади верници се пратени во прогонство, стотици цркви се затворени. Тогаш првпат, по твој налог, сум пратен на робија. А во 1939 година повторно се сретнавме. Јас тогаш само што издадов еден научен труд. Штом излезе од печат, бев уапсен и доведен пред тебе. Ме осуди на стрелање. Сепак, ти благодарам: ми ја ублажи казната и повторно ме прати во логор. Од тогаш сменив неколку логори и сето време те очекував да те сретнам во еден од нив. И ете, конечно те сретнав! Те молам, немој да мислиш дека те осудувам. Сето ова е Божја волја, а мојот живот е само капка вода во огромниот океан. Секако дека не можеш да се сетиш на мене. Меѓу десетиците илјади кои поминаа пред тебе, како да се сеќаваш на мене? Само Бог знае сè. Човечката судбина е во Негови раце.“ Превземено: Маран Ата |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ehhh ...e da, zabegavme, aj neka ni bide prosteno |
||
SOLI DEO GLORIA
|
||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кингдавид, ние говоревме за трпеливоста негова и за начинот на кој тој ги гледа нештата без оглед дали ние во целост се согласуваме со неговите ставови и начин на размислување.
А да забегавме,но денес е ден за проштевање,нели? |
||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
I jas mu se vosh*tuvam na Messenger na coveckite kvaliteti , na negovata elokventnost, negovata objektivnost i go cenam kako dobar prijatel od forumov i mi e drag kako licnost, iako licno ne se znaeme. Sto se odnesuva za duhovnite raboti, ne mozam da se slozam so nekoi negovi gledista i znam deka vo mnogu raboti nema ispravni gledista, barem spored mene . No, toa ne mi preci da imam dobro mislenje za nego i da ne se druzime, makar virtuelno, preku forumov P.S. Zabegavme od temata , ova treba da odi vo podforumot Razno |
||
SOLI DEO GLORIA
|
||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не пишувам на овој пдф,но честопати ѕиркам и ги читам постовите посебно на оваа тема. Денес повторно влегов за да прочитам нешто поучно....и што да видам?! Викторија,па ти просто ме воодушеви со овој пост,толку оригинален приказ за нашиот Месинцер никој досега не успеал да даде,па уште сето тоа убаво спакувано со одбрани зборови и претопено во интересна прикаска. Секоја чест Викторија! А за Месинџер што да кажам,од секогаш му се восхитував за начинот на кој се трудеше да ни прикаже нештата,а за трпеливоста....можеме сите да му позавидиме. |
||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||
Внеси реплика | страница <12345 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |