|
Ривалство помеѓу градовите |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Скопје најмногу си ја има закачката со Охрид, Битола и Прилеп...
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кумановци ви сакат бре.Пола град секој ден оди да работи во Скопје.И петок и сабота одат на дискотека таму ,пошто во Куманово имаше една дискотека и они ја затворија ,пошто почнаа да одат само деца на по 15-16 години и никаков оборот ,а само тревка ,екстази и пиење Изменето од емил - 21.Февруари.2010 во 21:39 |
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
tvojot grad i nema tuka rival,...vo sekoj pogled!...a, toj pak,...nema takmaci na ...svetsko nivo,....mislam ....i tuka vo sekoj pogled e "ponizok" od site.
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
мојот град е со сите за жал
Изменето од zabegan - 21.Февруари.2010 во 21:20 |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кавадарчани и неготинци се караат уште од турско време, кога
неготинските бегови отишле кај турскиот валија во Солун и со поткуп
успеале да го кандисаат седиштето на Тиквешкиот округ да биде во
Неготино.
"Лафе радио Кавадарци, слушајте неготинци", така пред педесетина години Кавадарчани ја започнале својата радиопрограма. Овие, пак, од пуста љубомора оти немале радиостаница, придодале оти чуле на радио како кавадаречкиот спикер му вика на техничарот: „Тисни ја вратата, да ти го тиснам ...". Приказната се врти до денес, како и многу други кои се дел од кавадаречко-неготинските мајтапења. Петре Камчевски, кустос-советник во Музејот во Кавадарци, вели дека ривалството меѓу овие два града трае уште од турско време, кога неготинските бегови отишле кај турскиот валија во Солун и со поткуп успеале да го кандисаат седиштето на Тиквешкиот округ да биде во Неготино. На оваа одлука силно се спротивставиле кавадаречките бегови кои два пати дури и ја запалиле неготинската управна зграда, а потоа и тие отишле во Солун да интервенираат кај валијата. Тој, пак, формирал комисија да ги посети двата града и да види каде има подобри услови. Досетливите тиквешки бегови комисијата ја пречекале во Солун и ја довеле во Кавадарци рано наутро, преку сртот на Витачево, од каде што се гледал целиот град облеан во сонце. Тие многу го бендисале градот и вечерта си заминале преку Неготино, без да прошетаат низ него. Од Солун испратиле абер центарот на Тиквешкиот округ да биде во Кавадарци. Неготино добива поголемо значење со пуштањето на железничката линија Белград - Скопје - Солун, па неготинци раскажуваат како кавадарчани доаѓале кај нив првпат да видат воз, а кога влегувале во вагонот, си ги собувале чевлите надвор. Овие, пак, се перчеле дека имаат повисоки оџаци на фабриките кои се гледаат дури од Неготино, па поранешниот општински службеник Тошо Чулев раскажува дека кога во Неготино почнала да се гради Туланата, еден раководител прашал дали Ќе има оџак. "Е, оџак нема", му рекле. „А бе да имаше еден оџак како оној на Кавадаречкиот комбинат не Ќе беше лошо", се туфкал тој. Во Неготино, пак, долго време највисока зграда била Монополот, па кога многу одамна, по враќањето од Кавадарци, го прашале еден повозрасен неготинец Што има ново таму, тој им рекол: "Лееле, човеци, да виите ама ногу монополи имало у Кавадарци". Постарите неготинци тврдат дека тие биле помодерни од Кавадарчани, па први ставиле шапка на глава и облекле мантил, но кавадарчани ни на ова не остануваат покусо, па велат дека неготинци доаѓале така дотерани на корзото во Кавадарци да ги видат кавадаречките моми, ама иделе само по два - тројца, никогаш повеќе. Љубопитни да ја дознаат причината за тоа, кавадаречките ергени за кратко време откриле оти во Неготино само неколкумина имале шешири и мантили, па морале да си ги разменуваат меѓу себе за да можат да ги убедат момите дека возот првин кај нив ја носел модата. Арно ама, кавадаречките ергени, сепак, успеале да доведат повеќе невести од Неготино, кандисувајќи ги да се омажат во град, за да не останат во село. Надмудрувањата меѓу жителите на овие два града, кои ги делат само десет километри, траат со векови. Во Неготино Ќе дознаете најмногу приказни во кафеаните. Еден од неготинските угостители Митко Балкански, до денес се чуди како во времето кога за излез од тогашна Југославија се плаЌал депозит од 20 марки, тие морале да го платат, а Кавадарци, како погранично место, било ослободено од оваа давачка, и покрај тоа што преку селото Конопиште немало граничен премин, та луѓето пак морале да поминат преку Неготино за да одат во Грција. Сепак, и кавадарчани и неготинци потврдуваат дека ривалството меѓу двата града никогаш не ја довело под прашалник меѓусебната соработка. Тие признаваат дека во добрите времиња, кога и во двата града работеле киносалите, скришум меѓу себе си разменувале филмови, без да знаат дистрибутерските куќи. Имале заеднички музички групи, та сега со право едните се гордеат со Никола Бадев, другите со Петранка Костадинова. Но ако ги потпрашате за фудбалските клубови „Тиквеш" и "Вардар", е тогаш Ќе ви ги кажат сите пцости што меѓу себе си ги размениле на теренот, не само фудбалерите туку и навивачите од двата града. Поранешниот фудбалер на ФК "Тиквеш" Никола Сапунџиев се сеќава дека уште тогаш имало местенки на терените, па раскажува за едно од гостувањата на "Вардар" кога едвај се избориле натпреварот да го суди кавадарчанецот Лазо Џамбазот. Три гола едноподруго дале вардарци, па кога судијата видел дека "Тиквеш" Ќе загуби на домашен терен, почнал да суди пенали. ФК "Тиквеш" едвај победил со резултат 12:11, но подоцна неготинци им признале дека тие, сепак, се подобри фудбалери од нив. |
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Eve jas za primer ke go spomnam moeto omileno rivalstvo:
NEGOTINO & KAVADARCI |
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
So koj grad e vasiot grad vo rivalitet ili ne se podnesuva i zosto?
|
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |