IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Свет
  Активни теми Активни теми RSS - САД ке раководи со целиот свет???
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

САД ке раководи со целиот свет???

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
Polaris Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2007
Локација: Turkey
Статус: Офлајн
Поени: 1514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polaris Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2008 во 13:18

<SPAN =WB_DNEVNIK_Podnaslov id=ArticleSummary>Пентагон подготвува нова воена стратегија, која подразбира напад врз која било точка на Земјата неколку минути по наредба од Белата куќа</SPAN>



Додека Американците избираат кандидати за претседателските избори, генералите ја подготвуваат новата воена стратегија „Благовремен глобален удар“, која подразбира напад врз која било точка на Земјата само неколку минути по соодветна наредба од Белата куќа, тврди руската сателитска телевизија РТР. Стратегијата се потпира на новите хиперсонични летала, со брзина од дури седум маха, како и на магнетниот топ со кинетички проектили од тунгстен, кои треба да бидат инсталирани на сателити. Новото оружје веќе е наречено „божји стап“ поради капацитетот за ненадеен и силен удар врз непријателските цели. Телевизијата РТР прикажа снимки на најновото хиперсонично борбено летало „Икс-43А“, кое се лансира од стратегиски бомбардер. Тестовите на хиперсоничното летало, спроведени од експертите на вселенската администрација НАСА, веќе неколку години се оценети како успешни. „Икс-43А“ го собори светскиот рекорд во брзина на лет и се движи седум пати побрзо од звукот. Креаторите најавуваат максимална брзина од 10.000 километри на час, што би било доволно за спроведување на „благовремените глобални удари“ - тврди руската телевизија. Александар Пикаев, од Институтот за светска економија и меѓународни односи на Руската академија на науки, тврди дека новата воена стратегија на САД зависи од развојот на новите типови оружје.- Појавата на хиперсоничните борбени авиони можат прилично да ја изменат воено-политичката ситуација во светот. Хиперсоничните мотори се развиваат со децении. Конструкторите имаат голем проблем како да го спакуваат огромниот товар од водородно гориво. Советските научници први најдоа решение, водородот да се добива од керозин - вели Пикаев, шеф на Одделението за разоружување и решавање конфликти на Институтот. Александор к*ранов, генерален директор на Бирото за истражување на хиперсонични системи, објаснува дека проблемот со тешкото гориво може да се реши така што леталото би се наполнило со керозин, а за време на летот би се произведувал водород со мала машина.- Пред дваесетина години ние бевме пионери со оваа технологија, но денес и другите не' стасаа - вели к*ранов. РТР објави дека и Московскиот институт за авијација работи на конструкција на хиперсонични летала.  Тие веќе имаат мотор, а модел на леталото се тестира во воздушни тунели. Моделот значително се разликува од американскиот - наведува телевизијата. Валериј Авражков, виш истражувач на Московскиот институт за авијација, е убеден дека во наредните години Русија ќе спроведе експериментални летови на хиперсонични авиони.  Нашите авиони би летале апсолутно автономно, и тоа не само неколку секунди, туку и 30 до 40 минути - вели Авражков.



Изменето од moira - 16.Март.2008 во 13:34
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,152 секунди.