IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Пророштвата на Исаија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пророштвата на Исаија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2008 во 04:26
 
ПРОРОШТВАТА НА ИСАИЈА
 
 
 
За отварањето на оваа тема ме инспирира почитуваниот член tofu.
Се надевам дека на сите ќе ви се допадне дискусијата и дека ќе се вклучите во неа.
  
Originally posted by tofu tofu напиша:

А пророштвата на Исаија може да се однесуваат на било кој човек! Многу се општи.
 
Можеби сега малку ќе ме помачиш, ама баш ме интересира според тебе на КОЈ ДРУГ би можеле да се однесуваат овие "општи" пророштва на Исаија. Те предизвикувам да ми најдеш барем една личност (освен Христос) кој ги исполнил сите овие пророштва.
Одиме по ред:
 
"Во прво време Тој ја понижи Завулоновата Земја и Нефталимовата Земја, но во последното време Тој ќе го прослави патот покрај морето од онаа страна на Јордан - незнабожечката Галилеја. Народ кој одеше во темнина, виде голема светлина; оние што живееја во мрачна земја, ги осветли силна светлина. Ти го умножи народот, ја зголеми веселбата, и тие се радуваат пред Тебе, како што луѓето и се радуваат на жетвата, како што викаат кога се дели пленот. Неговото тешко бреме, прачката што му ги притискаше плеќите, бичот на неговиот гонител, ги скрши како во мадијамскиот ден. Да, сите воени обувки, секоја облека натопена во крв, ќе изгорат и ќе му бидат храна на огнот. Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот. Неговата власт ќе се шири надалеку и не ќе има крај на мирот над Давидовиот престол, над неговото царство: ќе го зацврсти и ќе го утврди во правина и во праведност. Отсега и довека ќе го направи тоа приврзаната љубов на Господа над Воинствата."
(Исаија 9:1-7)
 
1. Христос е јавно прославен во реката Јордан, непосредно по крштевањето.
2. Најголемиот дел од службата на Исус беше во Галилеја.
3. Една од Христовите изјави беше "Јас Сум Светлината на Светот"
4. "Прачката што Му ги притискаше плеќите" е крстот што Христос го носеше до Голгота:
"А Тој, носејќи го Својот крст, излезе на местото наречено Лобно, а на еврејски Голгота"
(Јован 19:17)
5. Фразата "Син ни се даде" се однесува на Христос:
"Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот"
(Јован 3:16)
6. Изразите "Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко и Кнез на Мирот" во контекстот се однесуваат на Христос.
7. Христовата власт се прошири "надалеку", надвор од Јудеа, ширум целиот свет.
8. Христос е наследник на Давид, на Давидовиот престол. Наречен е и Давидов Син.
9. Христос е наречен Цар, а и Самиот зборел дека има царство кое не е од овој свет.
 
Ајде да ѕирнеме други пророштва, легендарното 53-то поглавје од Исаија...
 
"Беше презрен, отфрлен од луѓето, човек на болката, свикнат на страдањата, од Кого секој го отстранува лицето, беше презрен, и за ништо го сметавме."
(Исаија 53:3)
 
10. Христос беше презрен во моментот на Неговото судење, кога војниците му удираа шлаканици, се подбиваа со него, го плукаа, му ставија венец од трње, го камшикуваа, бичуваа итн.
 
"А Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз себе нашите болки, додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува. За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме. Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат. А Господ ги возложи на Него беззаконијата на сите нас. "
(Исаија 53:4,5)
 
11. Според Библијата болестите се последица на гревот. Христос лекуваше илјадници болни со изреката "Гревовите ти се опростени". На тој начин тој ги понесе гревовите и болестите на луѓето врз Себе, заковувајќи ги потоа на Голготскиот крст.
 
12. Христос е прободен на Голготскиот Крст
 
13. Изразот "Казната за нашиот мир падна врз Него" е всушнсот евангелието - радосната вест, дека Христос беше жртвуван за нашите гревови, дека казната што ние ја заслужувавме Тој доброволно ја зеде врз себе - љубовта на Бог која воедно ја задоволува и совршената Божја правда.
 
14. Нашите безаконија/гревовите беа возложени (ставени) врз Него - Христос.
 
Одиме понатаму...
 
"Го измачуваа, а Тој оставаше, и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење; како овца нема, пред оние што ја стрижат, не ја отвори Својата уста. Со сила и со суд се ослободија од Него, и кој ќе го искаже Неговиот род? Да, од земјата на живите го отстранија Него, за гревовите на Неговиот народ, го ранија на смрт. Му го одредија погребението меѓу злочинците, а Неговиот гроб беше при богатите, иако не направи неправда, ниту пак устата Му изусти лага."
(Исаија 53:7-9)
 
15.  Кога Исус го мачеа, Тој оставаше (не даде отпор)
 
16.  Кога го испрашуваа Тој не ја отвори Својата уста (не одговараше)
"И (Ирод) Му поставуваше многу прашања, но Тој (Исус) не му одговори ништо."
(Лука 23:9)
"Затоа Пилат Му рече: „Мене ли не ми зборуваш?"
(Јован 19:10)
 
17. Со сила и суд се ослободија од Него (Пилат и народот му судеа)
"Затоа Пилат Му рече: „Мене ли не ми зборуваш? Не знаеш ли дека имам власт да Те распнам и дека имам власт да Те ослободам?"
(Јован 19:10)
"Пилат пак им рече: „Какво зло направил?” Но тие извикаа уште посилно: „Распни Го!”"
(Марко 14:15)
 
18. Умре за гревовите на Неговиот народ (христијаните)
"Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот."
(Јован 3:16)
"Утреден Јован Го виде Исуса како доаѓа при него и рече: „Еве Го Божјото Јагне, Кое ги зема гревовите на светот!"
(Јован 1:29)
"Љубовта е во ова: не дека ние сме Го возљубиле Бога, туку Тој нè возљуби нас и Го испрати Својот Син како жртва помирница за нашите гревови."
(1 Јованово 4:10)
 
19. Беше распнат меѓу двајца злочинци (разбојници)
"И со Него распнаа двајца разбојници; едниот оддесно, а едниот одлево, до Него."
(Матеј 15:27)
 
20. Беше погребан меѓу богатите (во гробот на богатиот Јосиф од Ариматеја)
"А кога се стемни, дојде богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој и самиот беше Исусов ученик; тој отиде при Пилата и го побара Исусовото тело. Тогаш Пилат нареди да му биде дадено. И Јосиф го зеде телото, го завитка во чисто платно и го положи во својот нов гроб, што го беше издлабил во карпа. И навали голем камен на гробната врата и си отиде."
(Матеј 27:57-60)
 
21. Исус не направил ни една неправда во Својот живот.
22. Исус не изусти ни една лага во Својот живот.
"А главните свештеници и целиот Синедрион бараа лажно сведоштво против Исуса, за да Го убијат, и не најдоа, иако дојдоа многу лажни сведоци."
(Матеј 26:59-60)
 
Одиме понатаму...
 
"Затоа, Господ Сам ќе ви даде знак: Еве, девица ќе зачне и ќе роди син, и ќе му даде име Емануел! (Еману-Ел во превод: Бог со нас)"
(Исаија 7:14)
 
23. Христос е роден од девица - Марија.
 
"Духот на Господ Бог е на Мене, зашто Господ Ме помаза, Ме испрати да им донесам Радосна Вест на бедните, да ги излечам скршените срца; да им проповедам слобода на заробениците и ослободување на оние во темница; да ја навестам годината на Господовата милост и денот на одмаздата на нашиот Бог; да ги развеселам натажените на Сион и да им дадам венец место пепел, масло на радост место облека на жалост, песна благодарница место очаен дух."
(Исаија 61:1-3)
 
24. Христос е грчки превод на зборечето Месија. Месија (Меси Јах) пак на еврејски значи "Помазан од Господ". Така што изразот "Господ Ме помаза" се однесува на Христос.
 
25. "Радосна Вест" на грчки се вика: "Ev Angelion" или по нашки - Евангелие. Христос го проповедаше тоа евангелие, таа радосна вест за Божјото Царство.
 
26. Христос го проповедаше евангелието на бедните..
"Тогаш ним им одговори: „Одете и раскажете му на Јована што видовте и чувте: слепи прогледуваат, хроми проодуваат, лепрозните се очистуваат, глувите прослушуваат, мртвите стануваат и на бедните им се проповеда Евангелието;"
(Лука 7:22)
 
27. Самиот Христос потврдил дека ова пророштво се однесува за Него.
"Му го подадоа книжниот свиток на пророкот Исаија и го одвитка и го најде местото каде што беше напишано: ”Господовиот Дух е на Мене.....” Го завитка свитокот, му го врати на службеникот и седна, а очите на сите во синагогата беа свртени кон Него. И почна да им зборува: „Денес се исполни ова писмо, во вашите уши."
(Лука 4:17-21)
 
Аууу 4 саат станало. Ок, доста е за сега, ќе продолжиме со пророштвата во наредна прилика, а ти (и сите останати) размислувај во меѓувреме дали овие пророштва се "општи" и може да се однесуваат на некој друг освен Исус.
 
Поздрав големо%20гушкање
 


Изменето од EvAngelos - 12.Март.2008 во 04:27
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.