![]() |
|
Гафур Адили и АНА оперативци на ЦИА |
Внеси реплика ![]() |
страница <123 |
Автор | |
Neonic ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 899 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
СКАНДАЛ: ЛИДЕРОТ НА АНА - АМЕРИКАНСКИ ШПИОН
Имено по електронски пат од извесен (ivica_stankovic@hotmail.com) испратено до нашата редакција пристигна меил во кој стоеше документ издаден на 22 мај 2003 година од американската амбасада во Белград со ознаки на ЦИА. На документот има фотографија од средновечен човек, неколку реда на текст и генералии на лидерот на АНА во Македонија, Гафур Адили. Според документот, чија што автентичност на содржината деновиве треба да ни ја потврди амбасадата на САД во Белград, озлогласениот кичевец кој е ставен на црната листа на Европската унија е оперативец на нивната тајна служба. Целта на Адили, според пронајдениот документ, е да формира парамилитарна албанска структура, да ја финансира и да рапортира за се кај извесниот Џон Л. Смит. - Не можам да говорам околу автентичноста на документот доколку
претходно не го разгледаат нашите служби", изјави за ВЕЧЕР, Бојан
Тричковиќ, информативниот офицер на амбасадата на САД во Србија. Лицето кое е претставено како американски таен агент е политичкиот лидер на Албанската национална армија (АНА), која има за цел отцепување на западниот дел на Македонија, пишува во разузнавачки извештај подготвен од оперативци на македонските безбедносни структури.
Според извештајот на безбедносните служби, главни цели на АНА до остварување на крајната цел биле одржување политичка, безбедносна и економска нестабилност на регионот преку предизвикување контролирани кризи. Разузнавачите предупредуваат дека АНА нема да се откаже од идејата за обединување на сите територии каде што живеат Албанци и од тенденцијата за голема Албанија. Тие во извештајот посебно нагласуваат дека АНА има ресурси и капацитети за остварување на своите цели, а како посебно опасна ја потцртуваат поврзаноста на АНА со исламскиот милитантен екстремизам во регионот и со организираниот транснационален и прекуграничен криминал. АНА е терористичка организација, која поседува современо оружје од странско потекло. Цели на нејзините напади ќе бидат полициските и армиските припадници, објекти и локации на Владата и државни и политички лидери, наведуваат разузнавачите.Алексаднар СРБИНОВСКИ Фото: Архива на ВЕЧЕР Nasite USA prijateli.... ![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |