IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Анализа на предлогот на Нимиц
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Анализа на предлогот на Нимиц

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
Neonic Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neonic Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2008 во 02:56
Originally posted by borec borec напиша:

Neonic i novache....MI SE CHINI DEKA VO TOJ "ORIGINALOT" prv pat sto izleze vo javnostta NE BESHE vaka OVOJ DEL:
 
1. Се признава дека трите административни делови на Првата страна се викаат Источна Македонија, Централна Македонија и Западна Македонија и дека територијата на Првата страна опфаќа дел од историската Македонија.

-
Од кога се викаат така? Па, нели, до 90ти тие беа една целина позната како Северна Грција? И кој губи? Само ние Македонците. Прво, пред спорот со името никогаш не ги ни викале тие Македонија... дури се обидуваа да го заборават тоа... едноставно се обидуваа да ги исперат Егејците да заборават не само Македонски јазик и култура, туку и името. Така, во сите учебници, книги од Грција тие делови беа... Северна Грција... и оп, наеднаш им текна... дека тие делови се Македонија источна, западна и централна, и немаме право да им се машаме... мааа дајјјј
Kako prvo i prvo.... намигнување
 
Megutoa BASH SEGA KE PROVERAM PAK - I KE SPOREDIME... намигнување
 

 

 Denesna Egejska Makedonija vo Grcija e podelena na 3 teritorijalni administrativni edinici: Istocna Makedonija i Trakija, Centralna Makedonija, i Zapadna Makedonija i Epir.
  Toa im e spored najnovata teritorijalna podelba...
 Eve ti uste eden prevod na predlogot

 http://scienceorfiction.blog.com.mk/node/137240
 
 


Изменето од Neonic - 24.Февруари.2008 во 02:58
Кон врв
borec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Септември.2007
Локација: Australia
Статус: Офлајн
Поени: 1294
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај borec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2008 во 02:50
Neonic i novache....MI SE CHINI DEKA VO TOJ "ORIGINALOT" prv pat sto izleze vo javnostta NE BESHE vaka OVOJ DEL:
 
1. Се признава дека трите административни делови на Првата страна се викаат Источна Македонија, Централна Македонија и Западна Македонија и дека територијата на Првата страна опфаќа дел од историската Македонија.

-
Од кога се викаат така? Па, нели, до 90ти тие беа една целина позната како Северна Грција? И кој губи? Само ние Македонците. Прво, пред спорот со името никогаш не ги ни викале тие Македонија... дури се обидуваа да го заборават тоа... едноставно се обидуваа да ги исперат Егејците да заборават не само Македонски јазик и култура, туку и името. Така, во сите учебници, книги од Грција тие делови беа... Северна Грција... и оп, наеднаш им текна... дека тие делови се Македонија источна, западна и централна, и немаме право да им се машаме... мааа дајјјј
Kako prvo i prvo.... намигнување
 
Megutoa BASH SEGA KE PROVERAM PAK - I KE SPOREDIME... намигнување
 

 
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2008 во 23:54
Немаме време за крштевка.
А, и си имаме име од памтивека, доволно старо и доволно силно. Се е кажано РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, нема друг избор , а и не ни треба.
Така ли е македоци????????????
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2008 во 22:59
nie imame vnatresni problemi so koj tesko nadvoresni se resavat...-.
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2008 во 22:57
NE BLAGODARAM....MAKEDONIJA IMA IME
Кон врв
VE007MK Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Ноември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 99
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај VE007MK Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2008 во 22:52
Одиме од Велес !!!!!!!!!!!!
Мудриот човек не го кажува сето она што го мисли,но го мисли добро она што ке го каже!
Кон врв
for_macedonia Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај for_macedonia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2008 во 22:20
treba da izleze narodot na mi8ren protest ida si go brani svoeto IME i IDENTITET
Кон врв
inessX Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај inessX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2008 во 20:56
МАКЕДОНЦИ разбудете се!"
veke e redno duri i hitno

Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2008 во 20:37
Од Миленко Неделковски:


Од после синоќешната емисија до сега, имам примено повеќе од 1.200 мејла. За форумов сте сами свесни. Телефоните во Канал 5 звонеле до 8 часот наутро.

Луѓето сознаваат дека во врска со преговорите за името НАШИТЕ си го лажат народот. Не се виновни ниту Нимиц, ниту Сајрус Венс, ниту Бакојани, ниту грците... Не, не, виновни се нашите преговарачи и влади во последните 17 години.

Многумина во мејлите бараат реприза на емисијата, нови емисии со слични или исти соговорници...

Навистина ми е тешко да одговорам на сите. Едноставно технички немам доволно време.

Затоа на овој начин прашувам:

Дали сакате (во следните неколку дена) да се собереме на митинг пред Владата?

Но, на митингот да немааат право да се прикачат политички партии и политичари. Односно само народот да си го искаже својот став? Организацијата и терминот ќе одат преку овој форум.

Ве молам, доколку сте за, многу е битно да на митингот има солиден број луѓе. Оти, ако има малку, сет мој труд и ваша поддршка за името ќе останат залудни.

Затоа, ве молам во своите постови да се пријавувате, за да се преброиме. Немора да е тоа со име и презиме, ама со согласност дека би дошле. На митингот би зборувала Мирка, и толку...

Да покажеме на Владата и Председателот дека имаме повеќе ум од нив
Кон врв
Neonic Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neonic Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2008 во 16:56
Edna mnogu ubava analiza na posledniot predlog na Nimitz za razlikite okolu imeto so Ciganine od Atina!-Pozajmeno od Kajgana forum, no vredi da se procita, pa zatoa go postiram i tuka...

"Не е најголем проблем промената во ДРМ (иако за мене и тоа е пораз)

Најголем проблем е што се носи тој пораз.

Ајде едно по едно сите точки кои ни се налепени заедно во пакет со новото име.
  • Прва страна - Грција
  • Втора страна - Македонија.

I - Овие Страни ја изразуваат желбата за решавање на разликите во врска со прашањето за „името“ во духот на добрососедските односи и пријателство, имајќи го предвид вишиот интерес за мир и безбедност, како помеѓу двете земји, така и во регионот;

-
Со првата реченица, веднаш почнува провокацијата. Македонија нека го промени името, за Грција да ви биде пријател. Не е тоа уцена? Две деца на улица, и едното му вика на другото. Купи ми чоколадо ако сакаш да ти бидам другарче. Ако не ми купиш, ќе ти го викнам брат ми... Тогаш прашањето... ако се одлучи второто дете да купи чоколадо, зарем наредниот ден нема да се бара нешто друго од него??? Класична уцена направи Нимиц со првата реченица.

II - Од Генералниот секретар на ООН се бара да ги изложи пред Советот за безбедност заклучоците на овие соговорници и да побара од Советот за безбедност да усвои резолуција со долунаведената цел во врска со резолуциите 845 (1993) и 817 (1993).

- И почнува тука најлошиот дел: долунаведената цел...

1. Се признава дека трите административни делови на Првата страна се викаат Источна Македонија, Централна Македонија и Западна Македонија и дека територијата на Првата страна опфаќа дел од историската Македонија.

-
Од кога се викаат така? Па, нели, до 90ти тие беа една целина позната како Северна Грција? И кој губи? Само ние Македонците. Прво, пред спорот со името никогаш не ги ни викале тие Македонија... дури се обидуваа да го заборават тоа... едноставно се обидуваа да ги исперат Егејците да заборават не само Македонски јазик и култура, туку и името. Така, во сите учебници, книги од Грција тие делови беа... Северна Грција... и оп, наеднаш им текна... дека тие делови се Македонија источна, западна и централна, и немаме право да им се машаме... мааа дајјјј

2. Се признава дека уставното име на Втората страна е Република Македонија и дека територијата на Втората страна опфаќа дел од историската Македонија.

- Океј е ова, но, само ако заврши на ова... читајте подоле... како самата точка ГУБИ секакво можно значење...
3. Покрај уставното име на Втората страна, името на Втората страна, кое се употребува меѓународно („Официјално меѓународно име“), како што се опишува подолу ќе биде: (види во анексот 1).

4. Официјалното меѓународно име ќе го замени „Поранешна Југословенска Република Македонија“, како официјално име на Втората страна во ООН автоматски, веднаш.

5. Официјалното меѓународно име ќе се употребува како име на Втората страна: а) во мултилатералните договори, спогодби и конвенции, б) пасоши и в) за пристапување и официјална употреба во меѓународни организации.

-
Овие 3 точки ќе ги ставам во една. Официјално меѓународно име, кое ќе биде различно од Уставното. Тогаш, ЗОШТО ни е Уставното име. „Јас се викам ДРМ, СРМ, РНМ или WTF, иако во уставот ми стои друго име, кое за жал не смеам да го кажам бидејќи Грците ќе ме тужат пред совет за безбедност.“ Каде е логиката тука? Што е со оние 120 земји кои не имаат веќе признато како Република Македонија? Правиме договор со некоја од тие земји, и тие не именуваат како Република Македонија. Ние, поразени, мораме да им речеме: „Извинете, но, не се викаме така. Преправете ги договорите, бидејќи овој договор нема да е валиден ако го видат циганите..“
Како е можно да паднавме на таков степен дури нашиве политичари (без исклучок опозиција, власт...), нашите новинари, медиуми, да размислуваат и да не убедуваатнас граѓаните дека: „можело да се најде нешто интересно во предлогот на Нимиц“.
ПОРАЗ е само што Димитров пушти рака и зеде копија од договорот. Треба цврст став. Не е никој толку голем за да ни чепка во идентитетот... а за него, малку подоле...

6. Се предлага официјалното меѓународно име да биде разгледано за употреба во други официјални меѓународни околности и во службена билатерална меѓународна употреба. Официјалното меѓународно име исто така може да се употребува таму каде што се смета за целисходно во скратени облици (акроним) во согласност со востановената пракса, која важи во кои било меѓународни организации и доследно со прифатената пракса што се применува генерално од државите, освен од тие што се споменуваат во параграфот 7.

7. Зборот „Македонија“ самиот по себе не ќе треба да се признава како официјално име, типично или атипично, за Втората страна, или како официјално име на која било друга држава.

-
пак да се навратам на она што го почнав за првата точка. Грција добива во секој поглед. Тие, никогаш ни користеле ни планираат да го користат името Македонија за именување на нивната држава. Замка, со невиден размер. Со еден удар тепаат 2 муви. Првата, ни го менуваат уставот, ни чепкаат во најсветото, а втората, автоматски го негираат целото македонско малцинство кое живее во нивната земја. Повторно 6та и 7ма точка се точки кои се однесуваат само на нас во Република Македонија, и на македонците во Егејска Македонија.

8. Ниту една од државите сама по себе нема да има ексклузивни права, политички или економски, врз името „Македонија“, „Македонски“ или „Македонец
“.

-
Е, овој е најлошиот дел. Ни негираат СЕ македонско... па ЗОШТО уставното име да е Р. Македонија, кога не смееме да го користиме никаде подалеку од дворот. Заборавете на Македонска историја, Македонски јазик, Македонска книжевност, Македонска академија на науките и уметностите, Македонска радио телевизија, Македонска берза, Македонска банка, Македонско сонце, Македонска писменост, Македонски народни приказни, Македонска Интеретничка Асоцијација.... да набројувам уште? Сакате ли да се нарекува: Историја на ДРМ, јазикот на кој зборуваат граѓаните на ДРМ, Книжевноста на ДРМ, Академија на науките и уметностите на ДРМ, радио телевизија на ДРМ, Берза на ДРМ, Банка на ДРМ, Македонско сонце (е тука незнам како... можеби само Сонце?), Писменоста на населението на ДРМ, Народни приказни од ДРМ, Интеретничка Асоцијација на ДРМ...

И, најголем проблем е што, не смееме да се жалиме. Мислам, ќе ни речат... ВИЕ одбравте на референдум...

И во најлошиот дел - најлошото: Македонец.
Ќе прашаат македонец:
- Што си по националност?
треба да им одговориш:
- Граѓанин на ДРМ.
Пак прашање:
- Ок, тоа веќе напиша, но што си по националност, во ДРМ има албанци, роми, власи, срби... што си ти по националност?
одговор:
- НИШТО. празно множество, човек без идентитет, без припадност, одберете вие што сакате да сум. Јас останав човек без националност, без право да одберам што сакам да сум.


9. „Македонија“,
„Македонеци „Македонски“ може да се употребуваат во економска смисла од двете Страни и од страна на граѓаните или организирани групи правно признати од двете Страни, но само според постојната меѓународна легислатива, врз база на договори и пракса што се однесуваат на употребата на географски имиња за економски или слична цел.

- Па, на крај, дури и за економски цели можело да се користи, но САМО ако ни дозволи Грција... А знаеме како тоа би одело. Имаме Македонска ракија, фабрики, ресторани, продавници, трафики, кои содржат збор Македонија. Но, џабе... или ќе се прекрстат или едно официјално барање до Грција од страна на нашата Влада кое гласи:

- Драги пријатели Грци. Петко Петковски од Муртино сака да отвори едно кафанче. Ние му велиме да го крсти Муртински рај, ама тој се запнал за Македонски рај. Дали ќе бидете добри и ќе му дозволите?

Потпис.
Македонска Влада... (упс, се извинувам Влада на ДРМ)

III - Секоја Страна строго ќе се придржува до условите на Непосредната спогодба од 13 септември 1995, освен до тие што се видоизменети подолу.

IV - Секоја од Страните отфрла секакви територијални претензии кон другата Страна и нема да поддржува каква било иредентистичка изјава на ниту еден официјален начин и ќе дејствува во правец на обесхрабрување на каков било сличен тврд радикализам, зашто се претполага дека ќе дејствуваат за сметка на или во интерес на таа Страна.

-
Тврд радикализам.... зарем нема да им го забиеме ножот на браќата од Лерин, Воден, Кукуш, Солун... зарем со оваа точка не ја уништуваме Виножито, која за 5 минути после потпишување на ваков договор ќе ја добие етикета: Радикална партија, која работи против интересите на Грција и ДРМ? Зарем циганите нема да се обидат по секоја цена да го обесхрабрат тој народ кој години се бори да се пробие, и да добие политичка поддршка од сите оние Македонци кои живеат во Егејот? Сите оние кои се протерани, да си добијат своето место, да си се вратат таму каде што им се корените....

И, на крај, ќе страдаат и Македонците. Излегува некое бате на телевизија, и вели: Во егејскиот дел на Македонија. Власта која и да е, треба да го осуди како ширач на радикализам.... АЈДЕ!!!!

V - Страните ќе го изразуваат својот предлог за приближување на разговорите до степен на договор, било за заедничка декларација и ќе ја потврдат својата желба за зајакнување мирољубиви и блиски меѓусебни односи, да изразуваат меѓусебна почит на суверенитетот и територијалниот интегритет, културното наследство и да го потврдат својот придонес за тесна соработка за безбедносните прашања и економскиот развој, како и други прашања од заеднички интерес.

VI - Страните ќе го изразат својот предлог да почнат разговори за создавање една заедничка комисија, која ќе испитува и ќе дава сугестии во врска со прашања од културата и образованието, така што ќе доставуваат предлози до комисијата.

VII - Првата Страна ќе ги поддржува барањата на Втората страна под официјалното меѓународно име за прием во заедничките регионални и меѓународни организации, вклучително Европската Унија и Северноатлантскиот пакт.

VIII - Втората страна ќе бара од надлежните административни власти да го преиспитаат именувањето на националните аеродроми, имајќи ја предвид вознемиреноста (чувствителноста) на Првата страна.

-
Како што вика Таковски: Дрн дрн милојке.

Чувствителноста поради аеродромот... Зошто по ѓаволите ова е еднострано. Македонија да преиспита поради чувствата на циганите, а Грција може слободено дури и ВеЦе-ата да ги крсте Александрија. Па, што правиме со Александрија виното? Што правиме со споменикот на Александар во Прилеп? Што правиме со споменикот Македониум во Крушево. Што правиме со плоштад Македонија? Што правиме со улицата Македонија? Што правиме со нашата историја? Ја силуваме!!!

IX - Втората страна ќе дејствува преку уставните процедури за спроведување на резолуцијата на Советот за безбедност, која се споменува во горенаведениот параграф 2, за да се обезбеди, според нејзината легислатива, прифаќање на официјалното меѓународно име за службена меѓународна употреба, како што се предвидува со резолуцијата на Советот за безбедност.

И на крај да завршам. СО ОВА ГУБИМЕ. Не само со Грците, губиме со целиот свет. Можеби ќе влезиме во ЕУ, и НАТО, но ќе влезиме без идентитет. И кучињата во Романија се во Европска унија. Сакате така да се чувстуваме?

Или, можеби сето ова е само тест, дали сме доволно зрели за да станеме полноправни со Европа. Експеримент, кој треба ние да го завршиме. Да покажеме дека сме доволно свои, самостојни... имеме наше ЈАС.

Губиме и во однос на останатите народи (по ново) кои живеат во Македонија. Тие остануваат со споменици на Борци за слобода. Тие остануваат со улици, училишта и плоштади прекрстени во Тетово и тетовско во „Илирија“, „Призренска лига“, „Ѓерѓ Кастриот - Скендербег“, „Наим Фрашери“, „Дервиш Цара“ и други. „Екрем Чабеј", „Фаик Коница", „Фан Ноли", „Луиѓ Ѓуракуќи", „Пашко Васо", „Ибраим Тема", „Хасан Таксини"....

А ние со што остануваме?

МАКЕДОНЦИ разбудете се!"


Изменето од Neonic - 24.Февруари.2008 во 01:52
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.