![]() |
|
Фан клуб Барселона |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 10> |
Автор | |||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола најави дека постои можност да си замине по завршувањето на сезоната иако потпиша нов договор.
Иако изјавата ја даде на 1-ви април, многумина помислија дека се работи за шега на тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола. Сепак, тоа не е така. Шпанецот изјави дека неговото време во каталонскиот тим полека изминува и дека најверојатно по завршувањето на сезоната ќе замине од овој клуб. -Мислам дека моето време во Барселона изминува. Среќен сум овде, но во клубот како овој не можете да планирате долгорочна иднина. Следната сезона ќе ми биде четврта во Барселона. Клуб со таква големина мора да има многу храброст долго време да држи ист тренер. Знаете, играчите со време се заситуваат од тренерот, и обратно“, изјави Гвардиола. Гвардиола на клупата на Барселона го наследи Холанѓанецот Франк Рајкард во 2008. година. Во февруари го продолжи својот договор до јуни 2012. Година. Досега освои осум од можните 10 трофеи. |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
По лошите вести за туморот на црниот дроб на Ерик Абидал, управата на Каталонците е во потрага по лев бек за следната сезона, а играчот на Лацио е прв на листата желби.
Операцијата на туморот на црниот дроб на Ерик Абидал, која за денеска е закажана во Барселона, им создаде проблеми во составот на Каталонците. Со оглед на сериозноста на хируршкиот зафат и долгиот процес на рехабилитација, првите луѓе на Барса тргнаа во потрага по играч кој би можел да го замени следната сезона, некој кој игра на позицијата лев бек, но по потреба може да заигра и како централен дефанзивец. |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Името на Андреа Пирло може се почесто да се сретне во разни шпекулации, а причина за тоа е договорот со “росонерите“ кој истекува ова лето. Неколку европски гиганти планираат да ја искористат таа ситуација и да го ангажираат без никаков надомест Пирло. |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Изменето од емил - 09.Февруари.2011 во 05:04 |
|||||||
![]() |
|||||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Алвеш: Ќе се борам до смрт за да останам во Барса ![]() Бразилскиот репрезентативец и член на Барселона, Дани Алвеш уште еднаш истакна дека сака да остане во Барселона и дека за тоа ќе се бори до самиот крај. Тоа е помалку контраверзна изјава на Дани Алвеш, кој претходно неколку пати одби да го продолжи договорот со Барса и покрај категоричниот став на раководството дека нема да добие повеќе плата од понуденото. Договорот на бразилскиот интернационалец со Барселона истекува во 2012 па затоа клубот од поодамна е во преговори со Дани Алвес, но секогаш тие завршуваат неуспешно бидејќи Бразилецот бара поголема плата од таа која му ја нудат на Камп Ноу. Медиумите шпекулираатдека Челзи и Манчестер Сити му нудат многу пари на Дани Алвес, па сега останува само тој да одлучи дали сака повеќе пари или сака да остане таму каде што е. Никој од раководството на Барселона не ја крие желбата тој да остане во тимот, а истото го потврди и самиот играч неколку пати до сега, па заклучуваме дека целата сага е за да успее да извлечи поголеми пари од клубот. Зборувајќи за емисијата ‘el Marcador’ на Barca TV, Алвес рече: „Преживувам низ моменти кои никогаш претходно не сум ги видел, и овој клуб е веќе во моето срце. Клубот знае дека јас преферирам останување во Барса. Па затоа ќе се борам со сета моја сила да останам тука, бидејќи Барса е мојот сон“, вели Бразилецот и додава: „Ќе сторам се што можам за да останам што е можно подолго. Знам дека ќе биде тешко да се пронајде голем клуб со ваков тип на фудбалери. Оваа генерација (на фудбалери) ќе биде невозможна за повторување па затоа ќе се борам до смрт за да останам“. Целата оваа изјава делува смешно и патетично кога веќе знаеме дека раководството на Барселона од поодамна на маса му стави нов договор со годишна плата од 6 милиони евра по сезона, кој Алвеш неколку пати одби да го потпише. |
|||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||||
![]() |
|||||||
FeaR ![]() Сениор ![]() ![]() False Evidence Appearing Real Регистриран: 15.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 5307 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Барселона сака да го задржи Пеп уште 5 години
|
|||||||
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
|
|||||||
![]() |
|||||||
FeaR ![]() Сениор ![]() ![]() False Evidence Appearing Real Регистриран: 15.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 5307 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
![]() |
|||||||
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
|
|||||||
![]() |
|||||||
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
5:0
![]() кутрите реал, не дадоа ниту еден гол
![]() |
|||||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|||||||
![]() |
|||||||
MyWay ![]() Сениор ![]() ![]() Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
![]() |
|||||||
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... ![]() |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Актуелниот шпански фудбалски владетел ја победи Алмерија на гостински терен со фантастични 8:0, како најава за големото дерби против Реал Мадрид следниот викенд на „Ноу Камп“.Меси погоди трипати, Кркиќ двапати, Иниеста и Педро по еднаш плус автоголот Акасиете во најубедливата победа на „каталонците“ сезонава од 8:0. Блескавата игра надополнета со перфектната реализација треба да претставува само предупредување за Реал Мадрид пред „Ел Класико“. Пред голеадата на Барса, колото викендов во шпанската Примера беше отворено со натпреварот Виљареал – Валенсија, кој заврши 1:1. По победата на Барса, вечерва на мегдан ќе излезе и конк*рентот Реал Мадрид, кој од 22 часот на домашен терен го стартува натпреварот со Атлетик Билбао |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Зошто Афелај е суперзасилување за Барселона?!Фудбалерот на ПСВ Ајндховен, Ибрахим Афелај, заедно со Герет Бејл од Тотенхем, моментално се едни од најталентираните млади фудбалери во Европа, а тоа ги прави и едни од најбараните на фудбалскиот пазар. Според вчерашните информации, Барселона веќе го договорила трансферот на холандскиот репрезентативец во јануари следната година. Афелај е седмиот играч на ПСВ кој направил трансфер на „Камп Ноу“, а во продолжение ви даваме неколку причини зошто овој трансфер е добар за шпанскиот шампион. 1. Замена за Иниеста
Ибрахим Афелај игра на позициите полушпиц и лево крило, нешто слично како и Андрес Иниеста. Тешко е за верување дека Гвардиола веднаш ќе го уфрли Холанѓанецот во првиот тим, но со оглед на тоа дека Иниеста често е цел на противничките фудбалери може да се случи Афелај да добие поголема минутажа од очекуваното.
2. Роден лидер Откако во 2006 година Марк ван Бомел го напушти ПСВ и премина во Барселона, холандскиот тим остана без својот лидер, но затоа тука беше Афелај да ја преземе улогата. Со само 20 години Афелај покажа дека поседува квалитет да го води тимот до титули во холандскиот шампионат. Четири сезони подоцна тој прерасна во најдобриот играч во земјата на лалињата, капитен на ПСВ и стандарден член на репрезентацијата. Нема да биде изненадување ако Афелај за две до три години ја преземе и капитенската лента во националната селекција.
3. Фантастична техника
Познато е дека екипата на Барселона негува напаѓачки стил на игра. Каталонците секогаш инсистираат на перфекција во изведувањето на акциите. Афелај е крајно атрактивен фудбалер со специфична техника што би била од голема помош за „блауграна“. Афелај има одлична пас-игра, а чувството да постигне гол од далечина го прави одлично засилување за тимот на Гвардиола.
4. Гвардиола ја признава грешката
На почетокот на трансфер-периодот ова лето Барселона доведе само едно засилување во средниот ред, што во текот на оваа полусезона се покажа како недоволно. Гвардиола направи лоша проценка со трансферот на извиканиот Маскерано и сега со доведувањето на Афелај конечно ја признава грешката, што ја направи со неангажирањето на Мезут Озил. Иако Маскерано и Афелај не играат на истата позиција во средниот ред, многу лесно може да се забележи дека во отсуство на Чави или Иниеста, Гвардиола нема многу опции и останува само со класични деструктивци Кеита, Бускетс и Маскерано. Афелај би бил вистинско освежување во тимот и енигма за противниците.
5. Евтиниот трансфер Договорот на Холанѓанецот со ПСВ му истекува на лето. Тоа ги натера челниците на тимот од Ајндховен да го продадат својот дијамант уште во јануари за колку-толку да успеат да заработат некое евро. Барселона имаше жестока конк*ренција во Арсенал и Јувентус, но Афелај си го оствари детскиот сон и потпиша за шпанскиот шампион. Изменето од емил - 16.Ноември.2010 во 14:47 |
|||||||
![]() |
|||||||
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
БАРСА
![]() ![]() |
|||||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|||||||
![]() |
|||||||
MyWay ![]() Сениор ![]() ![]() Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Кркиќ се израдувал на заминувањето на Ибрахимовиќ во Милан
![]() ![]() се надева дека сега ќе му се отвори поголема можност за игра во клубот и повеќе минути нормално...Бојан Кркиќ во наредната сезона ќе игра со број 9... Го обожавам овој клуб... ![]() |
|||||||
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... ![]() |
|||||||
![]() |
|||||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Барса се откажа од Фабрегас, сега го „брка“ Артета![]() Како што информираат англиските медиуми актуелниот шампион во Примера Барселона е на пат да се откаже од намерата за ангажман на Цеск Фабрегас. Според „Дејли Ливерпул Пост“, каталонците наместо шпанскиот репрезентативец ќе се обидат да доведат уште еден млад и доста талентиран играч - Микел Артета од Евертон. Шпанецот успеа да се промовира како еден од најдобрите фудбалери на „карамелите“ во изминатите неколку години па според тоа Пеп Гвардиола со задоволство би сакал да го види на Камп Ноу. Раководството на Барса се разочара поради фактот дека преговорите со Арсенал околу Фабрегас не бележат никаков прогрес со оглед на тоа дека „топџиите“ немаат намера да се откажат од услугите на шпанецот, па тоа најверојатно ќе го принуди тимот од Каталуња да се откаже од трансферот, и да се насочи кон ангажирањето на Артета. |
|||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 10> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |