![]() |
|
За Судниот ден |
Внеси реплика ![]() |
страница <123 |
Автор | |
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Добро Ники, знаеме за откровението, поентава ми беше дали оваа планета со месечини која се доближува до нас ќе направи партал или не од земјава, односно, концизно, дали е ова “Пелин“ за кој зборува Св. Јован, тоа ми е поентава.
Изменето од maria_magdalena - 02.Февруари.2008 во 16:49 |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
![]() |
|
Nikki ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 259 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Оти, ете, Јас создавам ново небо и нова земја, а поранешните нема повеќе да се спомнуваат, ниту на ум ќе доаѓаат. А вие ќе се веселите и ќе се радувате довека за она што јас го создавам: зашто, ете, Јас ќе го создавам Ерусалим за веселба, а народот негов - за радост. Ќе се радувам за Ерусалим и ќе се веселам за Мојот народ; и нема повеќе да се чуе глас во него од плачење и глас од пискот. Таму веќе нема да има малолетен ни старец, што нема да ги исполни деновите свои; стогодишникот умира како момче, но умира ли стогодишен грешник, ќе биде проколнуван. Ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе ги јадат плодовите нивни. Нема да градат, за да живее друг, нема да садат, за да јаде друг; зашто дните на народот Мој ќе бидат како дните на дрво, и моите избрани долго ќе се користат со делото на рацете свои. Нема да се трудат напразно и да раѓаат деца за скрб; зашто ќе бидат семе, благословено од Господа, и потомците нивни со нив. И пред тие да повикаат, Јас ќе одговорам; тие уште ќе говорат, а Јас веќе ќе ги чујам. Волк и јагне ќе пасат заедно, а лавот ќе јаде слама како вол, а на змијата правот ќе и биде храна: тие нема да причинуваат зло и штета по целата Моја света гора, вели Господ. Вака вели Господ: небото е Мој престол, а земјата - подножје на нозете Мои; каде тогаш ќе изградите дом за Мене, каде е местото на Мојот спокој? Зашто, сето тоа го создаде Мојата рака, и сето тоа е Мое, вели Господ. А еве на кого ќе погледнам: на смирениот и паднатиот со дух и на оној што трепери пред Моето слово
Јоел 2 И ете по тоа ќе излеам од мојот Дух врз секоја плот и синовите ваши и ќерките ваши ќе пророкуваат, старците ваши ќе сонуваат соништа и младите ваши ќе гледаат виденија. А и врз слугите и слугинките во оние денови ќе излеам од мојот Дух. И ќе покажам знаци на Небото и Земјата, крв оган и столбови од дим. Сонцето ќе се преобрати во темнина а месечината во крв. Пред да настапи Денот Господен великиот и Страшниот. Тогаш што ќе го призове Името Господово ќе се спаси бидејќи на гората Сион и во Ерусалим ќе има спасение, како што вели Господ а и по другите места што ќе повика Господ. Исаија 11 Тогаш волк ќе живее со јагне, леопард ќе лежи заедно со јаре, теле. Лавче и вол ќе бидат заедно и мало дете ќе ги води. Крава ќе пасе со мечка, нивните млади ќе лежат заедно, лавот ќе јаде слама како волот. Новороденче ќе игра над змиина дупка, дете ќе протера рака кон змиино гнездо. Нема да прават зло и штета по целата моја Света Гора, зашто земјата ќе биде полна со познавање на Господ како што водите го полнат морето. Јоел 3 И ете во тој ден од горите ќе капне вино а од ридовите ќе потече млеко и сите долини Јудејски ќе се исполнат со вода а од домот Господов ќе се појави Извор и ќе ја напојува долината Ситим. Египет ќе стане пустина и Едом ќе стане пустина бидејќи тие ги измачуваа синовите Јудини и пролеваа невина крв во земјата нивна. А Јуда ќе живее вечно и Ерусалим од род во род. Јас ќе ја измијам крвта нивна која уште не сум ја измил Потоа видов како од Небото слегуваше ангел, кој што го имаше клучот од бездната и голема верига во раката своја. Го фати змејот, древната змија, која што е ѓаволот и сатаната. Го врза за илјата години. Потоа го фрли во бездната и го заклучи. Ставајќи печат врз него за да не ги лаже веќе народите до завршувањето на илјадата години. По ова време тој треба да биде пуштен за малку време. И видов престоли и седнати на нив на кои им беше дадено да судат а и душите чии глави беа исечени поради сведоштвото Исусово и заради словото Божјо, а и оние што не му се поклонија на Ѕверот, ниту на ликот негов и не примија белег на челата свој и на рацете свој. И оживеаја и царуваа со Христа илјада години. Другите пак од умрените не оживеаја додека не се наврши илјадата година. Тоа е првото Воскресение. Блажен и свет е оној кој има дел во првото Воскресение. Над нив втората смрт нема власт. А ќе бидат Свештеници на Бога и ќе царуваат со Него илјада години. А кога ќе се навршат илјадата години сатаната ќе биде пуштен од затворот свој и ќе излезе да ги лаже народите по четирите краишта на земјата Гога и Магога, и да ги собере за војна. Бројот нивни е колку морскиот песок. Тие излегоа по ширината земја и го заобиколија живеалиштето на светиите и возљубениот град. Падна од Бога оган небесен и ги проголта. А ѓаволот што ги лажеше беше фрлен во огнено и сулфурно езеро каде што е ѕверот и лажниот пророк. Тие ќе бидат мачени дење и ноќе во векови вечни. И видов голем бел престол и седнатиот на него од чие лице побегнаа земјата и небото и за нив место не се најде. Потоа ги видов мртвите мали и големи како стојат пред Бога. Се отвројија книги и друга книга се отвори - книгата на животот. И судени беа мртвите според запишаното во книгите според делата нивни. Морето ги поврати мртвите свои кои беа во него. Смртта и пеколот ги повратија мртвите свои што беа во нив и секој прими суд според делата свои. А смртта и пеколот беа фрлени во огнено езеро. Тоа е втората смрт. И кој не беше запишан во книгата на животот беше фрлен во огненото езеро. И видов ново небо и нова земја, зошто поранешната земја помина и морето го немаше веќе ..... кој победува ќе наследи се и ќе му бидам Бог а тој ќе ми биде син. А на плашливците и неверните, на поганите и убијците, на блудниците и магесниците, на идолопоклониците и на сите што лажат делот им е во езерото што гори со огин и сулфур, тоа е втората смрт....... и ми покажа чиста река со вода на животот, бистра како кристал која истекуваше од престолот на Бога и на Ангнецот (Христос). Среде главната улица и од двета страни на реката - дрвото на животот, што раѓа плодови дванаесет пати давајќи плод секој месец, а лисјата на дрвото служат за исцелување на народите. И нема веќе да има никакво проклетство. Престолот на Бога и на Агнецот ќе биве во Градот. Неговите слуги ќе му служат и ќе го гледаат Лицето негово, а Името негово ќе им биде на челата нивни. И ноќ нема да има таму и не ќе има потреба од светило ниту од сончева светлина бидејќи Господ Бог ќе ги осветлува и ќе царуваат во Векови Вечни. ... Кој чини неправда нека чини неправда уште, и кој е осквернет нека се осквернува уште, и кој е праведен нека чини правда уште и кој е свет нека се осветува уште. И еве ќе дојдам скоро и отплатата моја е со мене за да му дадам на секого според делата негови. Јас сум Алфа и Омега. Почеток и Крај. Првиот и Последниот. Блажени се оние што ги исполнуваат заповедите негови за да бидат достојни за Дрвото на Животот и да влезат во градот низ портите. А надвор се кучињата, вражачите, блудниците, убијците, идолопоклониците и секој што сака да лаже и лаже. ... и Духот и Невестата велат **Дојди** и кој чуе нека каже **Дојди** и кој е жеден нека дојде и кој сака нека земе од водата на животот дарум....зборува оној што го сведочи ова **Да Ќе Дојдам Скоро** Амин. **Да, Дојди Господи Исусе**. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос со Сите Вас. АМИН Изменето од Nikki - 02.Февруари.2008 во 16:41 |
|
![]() |
|
sensei ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 31.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 2005 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Според каледарот на маите судниот ден е биде некаде 2012.
На темава топло препорачувам да се погледа и да се ислуша Мајкл Тсарион: http://video.google.com/videoplay?docid=-8545585184878490822&q=michael+tsarion&total=298&start=0&num=10&so=0&type=search&plindex=0 Закарија Сичин: http://video.google.com/videoplay?docid=-2190032803257821182&q=sitchin&total=257&start=0&num=10&so=0&type=search&plindex=5 И Емануел Великовски..... |
|
Gods Creative Force enters humanity through a mans love for his wife and desire to raise his family in a wholesome environment. It is reciprocated by a woman receiving his seed-spirit and nurturing it
|
|
![]() |
|
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
А?
![]() |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
![]() |
|
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
На Вероисповед многу е пишувано за оваа тема, така да се што ќе напишам би било повторување.
Никој не знае кога ќе настапи тој ден...освен Бог. Во Откровението на Светиот Апостол Јован Богослов кое го добил на островот Патмос, меѓу другото стои: “..........И третиот ангел затруби, и од небото падна голема ѕвезда, која гореше какон светило, и падна врз третина од реките и водните извори. А името на таа ѕвезда е Пелин. И дел од водите загорчеа како пелин,. и многу луѓе умреа од водите бидејќи беа загорчени. Потоа затруби и четвртиот ангел, и бече удрена третината од сонцето, третината од месечината и третината од ѕзвездите..................“ (Откровение, 8:10-12) И сега ако го гледавте Миленко вчера, што мислите за оваа планета, дали верувате дека таа е ѕвездата од Јовановото Откровение? http://www.youtube.com/watch?v=U-3RLx_4Y5Y ![]() |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |