|
Инвестирајте во Македонија |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па ќе станеме... швајцарци...
|
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
lele,ke staneme svajcarija.so ke prajme togas?
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија е сериозен играч на светската инвестициска мапа. Се повеќе бизнисмени се интересираат за земјата и затоа мора да продолжи агресивната кампања за привекување на инвеститорте, вели прeмиерот Груевски на завршувањето на презентацијата на Македонија во САД...
Посетата на САД доаѓа во време кога оваа земја се наоѓа во најтешката економска криза. Но, проценките се дека тоа не е пречка за почнување бизнис во Макеоднија затоа што одлуките се носат долгорочно. - Инвеститорите овде со своето присуство потврдија дека она што се случува во Македонија претставува позитивна слика, позитивна приказна која заслужува внимание, а наше е и натаму да ја раскажуваме - изјави вицепремиерот Ставрески. Најважна е промоцијата на Македонија пред станските инвестироти. А уште поважно е тренирањето на работниците, менаџерите и студентите ......... |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гигантска фирма, со 90.000 вработени, со годишен обрт од 8 милијарди долари, со инвестиции од 6 милијарди долари за една година... ќе даде многу повеќе од 5 долари... ако дојде тука...
|
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
eve i jas ke dam 5$ za makedonija!ol rajt!
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Американскиот гигант во информатичката технологија „Интел“ ќе инвестира во образованието во Македонија, за што синоќа во Сан Франциско Владата на Република Македонија и компанијата потпишаа Меморандум за разбирање.
Раководството на „Интел“ било запознаено со инвестициските можности од секаков аспект, пред се даночен, но и за тоа дека македонската Влада инвестира многу во ИТ образованието, при што биле посочени детали во врска со зголемувањето на квотите на студенти по информатичка технологија, како и за отворањето нов информатички универзитет кој од октомври 2009 година ќе почне да работи само на англиски јазик.
|
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
HOT-HOT CITY
На 8.09.2008г започна со градба прва населба од затворен тип на овие простори. Населбата се наоѓа во општина Бутел, на 700м од обиколницата.Истата е директно поврзана со асвалтен пат за обиколницата.Населбата се простира на 16000м2 приватно земјиште. Во населбата ќе има 34 локации (секоја локација со сопствен имотен лист) локациите се движат помеѓу 400-500м2, секоја локација ќе има маркица за градба помеѓу 160-250м2.
- КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСЕЛБАТА -
- Затворен тип на населба; - Безбендност; - Економични, еколошки и ниско енергетски куќи; - Комфор, ексклузивност, приватност; - Кодекс на однесување.
- ЗАТВОРЕН ТИП НА НАСЕЛБА -
-Целата населба ќе биде оградена со бетонски ѕид (120cm) и ограда од ковано железо (100cm). Населбата ќе има еден главен влез, со рампа и објект за обезбедување. Овој тип на населби обезбедува 100% заштита и приватност.
- БЕЗБЕДНОСТ-
-За безбедноста на населбата ќе се грижи посебна чуварска служба. Целата површина на јавните улици ќе биде покриена со камери и мониторинг систем сместен во објектот за обезбедување. - Секoј жител на населбата ќе добие чипувана картица за влез во населбата додека сите посетители (гости) ќе бидат пуштени со претходно одобрување од домаќините.
-ЕКОНОМИЧНИ,ЕКОЛОШКИ И НИСКО ЕНЕРГЕТСКИ-
-Објектите ќе бидат градени со еколошки материјали и термо изолација каја ќе обезбеди огромна заштеда на енергија за греење и ладење на објетот. По желба на купувачот ќе може да се вградат соларни системи.
-КОМФОР,ЕКСКЛУЗИВНОСТ И ПРИВАТНОСТ-
-Урбанистичкиот и архитектонскиот изглед на населбата и објектите содејствува со Американскиот стил на домување. . На предната страна на куќите (влезот) не постојат огради; . Оградите се во зедниот дел на објектот; . Секој објект ќе има гаража за 1-2 автомобили и простор пред гаражата за паркирање на исто толку автомобили; . Во задниот двор секој објект ќе има сопствен базен и скара; . До секој објект ќе има довод на кабловска ТV, интернет и телефонија; . До секој обвект ќе има довод за техничка вода за поливање која ќе биде поврзана со бунар (за секоја улица по 1 бунар); . На почетокот на населбата ќе има објект со содржина за потребите на населбата и тоа: а) Супер маркет HEDI’S; б) Грaдинка со игротека; в) Фитнес центар со теретана и сауна; г) Приватен клуб со билјард;
-КОДЕКС НА ОДЕСУВАЊЕ-
Секој купувач пред да потпише договор за купопродажба ќе мора на нотар да завери изјава за правила и начин на однесување во населбата. Изјавата ќе ги содржи следниве правила: - Забрането нарушување на архитектонскиот изглед на објектите и оградите; -Забрането доградување, надградување и проширување на објектите со кој би се нарушил изгледот на населбата; - Забрането доградување и нарушување на архитектонскиот изглед на веќе поставените огради како главната ограда така и интерните огради помеѓу обjектите; - Забрането поставување на огради во предниот дел на објектите каде што се влезовите на истите; - Забрането чување на живина и добиток во населбата; - Дозволено чување на домашни миленичиња во задниот затворен дел на дворот; - Забрането садење на листопадни дрвја со големи крошни (заради отпадните листа кои би ги оштетиле базентите); - Забрането паркирање на возила на улиците и тротоарите и др.
|
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шпанска фирма ќе гради 50 ветерници во Штип......
Во штипскиот ветер шпанската фирма „Инвал" ќе вложи 200 милиони евра. Ќе градат 50 ветерници со вкупна јачина од 150 мегавати во близина на Штип. Мерењата на силината и постојаноста на ветрот, кои траеја една година се позитивни. Шпанците се подготвени да го инвестираат целиот проект. „Прв чекор е тоа што во Македонија, за разлика од другите земји каде што сме биле, има подобра инфраструктура. А, второто што не привлече е тоа што има позитивни пакети од вашата Влада за инвестирање во алтернативна енергија“, рече Џорди Молинер од „Инвал". Изградбата на фармата на ветерници ќе започне по 1 јануари 2009 година, штом ќе бидат донесени правилниците и законските прописи, а Шпанците веќе започнале со постапката околу добивање на дозволите. Ова е втора ваква инвестиција во Источна Македонија. Се очекува и најавената изградба на 90 ветерници во близина на Свети Николе што ќе ги градат Израелци. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уште една инвестиција која се планира за зоната Бунарџик, од јужнокорејската компанија TriView, која планира да отвори фабрика за производство LCD монитори. Инвестицијата треба да изнесува околу 4 милиони евра, со што во првата година се планира да се произведат 60.000 телевизори. Фирмата е меѓу десетте светски производители на LCD и веќе е потпишан договор за разбирање.
Од фирмата TriView се задоволни од понудениот инвестиционинен пакет...
Радува фактот што се работи за инвестиција во висока технологија, доколку се реализира...
|
|
oon
Сениор Регистриран: 27.Мај.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 397 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уште една турска директна инвестиција
По влезот на турски ТАВ во македонскито авио бизнис, договорена е уште една турска директна инвестиција во Македонија. Компанијата „Борал“ во Бунарџик ќе гради фабрика во вредност од околу 20 милиони евра, што ќе отвори ститина работни места. Турците се амбицираат во најкус можен рок, за осум месеци, да ја изградат фабриката и во средината на наредната година да почнат со производство. Во неа ќе се изработуваат алуминиумски профили што ќе се користат во автомобилската индустрија и во градежништвото. Најголем дел од производството ќе се извезува во Турција и во Германија. Фабриката на „Борал“ ќе биде замена за скопска „Алумина“, по чие затворање, Македонија остана без фабрика за производство на алуминиумски профили, рече премиерот Никола Груевски по официјализирањето на зделката во Истанбул. Како повод да инвестира во Македонија, Бунјамин Атик, сопственикот на „Борал“, ги посочи ефтината работна сила и останатите погодности што се нудат во Бунарџик, но пресудно било неговото потекло од Скопје. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=98122 |
|
dejanpp
Сениор Регистриран: 30.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
makedonija e mnogu dobro mesto za investirajne za proizvodstvo na organska hrana
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
ntg2003
Сениор Регистриран: 18.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 483 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ами от това което прочетох, ако не е, ще стане. Дай Боже. |
|
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |