IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2728293031 56>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 19:48

Кокос торта со малини

Кокос торта со малини

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 голема лажица Шеќер во прав
  • 200 грама Шеќер
  • 1   Прашак за пециво
  • 200 грама Малини
  • 50 грама Кокосово брашно
  • 250 грама Брашно
  • 300 грама Блага павлака
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Малините се мошне ценето овошје заради својот пријатен, ароматичен и освежителен вкус и мирис, како десертно овошје и како мошне важна суровина за подготвување на сирупи, овошни сокови, освежителни напивки, слатко, желеа...

Нивната хранливост ја сочинуваат 8% овошни шеќери, 1% белковини и околу 0,6% масти. Заради тоа што содржи лимонска, јаболкова и други овошни киселини, малините имаат диетски и лековити својства.

ПОДГОТОВКА:

Белките изматете ги со 2 лажички шеќер и кокосово брашно.

Жолчките изматете ги со остатокот шеќер, па измешајте ги со брашното и прашокот за печиво.

Смесата која ја добивте со мешање на белките. шеќерот и кокосовото брашно измешајте ја во смесата со жолчки.

Сето тоа сипете го во калап за торта премачкан со масло и печете околу 1 час.

Кога ќе биде готов бисквитот, оставете го да се олади.

Малините поделете ги на две половини, едната половина кратко варете ја со 2 лажички вода и добро исцедете ги со цедилка.

Во нив вмешајте 2 лажички шеќер во прав.

Слатката павлака изматете ја со остатокот шеќер во прав, па со тоа премачкајте го бисквитот.

Потоа сетоа тоа прелијте го со сосот, а тортата по желба украсете ја со малини.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 19:48

Брза торта

Брза торта

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 200 милилитри Минерална вода
  • 10 парче/чиња Крем банана
  • 800 грама Блага павлака
  • 300 грама Бисквити
  • 200 грама Нутела крем


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Брза торта

ПОДГОТОВКА:

 Во дла­бок сад се ма­ти 200 ми­ли­ли­три сла­тка пав­ла­ка со ед­на ча­ша ми­не­рал­на во­да, во сме­са­та се до­да­ва­ат и ме­ле­ни­те бис­кви­ти. Сме­са­та се изед­на­чу­ва и се ста­ва во ка­лап. По­тоа во 200 ми­ли­ли­три сла­тка пав­ла­ка се до­да­ва ед­на ча­ша ми­не­рал­на во­да, се ма­ти, а по­тоа се до­да­ва­ат сеч­ка­ни­те крем-ба­на­ни. Отка­ко до­бро ќе се из­ме­ша­ат, се до­да­ва­ат во ка­ла­пот. По­втор­но се ма­тат 200 ми­ли­ли­три сла­тка пав­ла­ка со ед­на ча­ша ми­не­рал­на во­да и се до­да­ва 200 г еу­ро­крем, па и тоа се ста­ва во ка­ла­пот. На крај се ма­тат 200 ми­ли­ли­три сла­тка пав­ла­ка со ча­ша ми­не­рал­на во­да и се ста­ва во ка­ла­пот. Тор­та­та пред да се кон­су­ми­ра, тре­ба да стои не­кол­ку ча­са во фри­жи­дер.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 19:46

Грилијаж торта

Грилијаж торта

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 250 грама Шеќер во прав
  • 500 грама Шеќер
  • 450 грама Ореви
  • 375 грама Маргарин
  • 10   Жолчка/ки
  • 30 грама Брашно
  • 10   Белка/ки
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Грилијаж торта

ПОДГОТОВКА:

Кора: белките изматете ги пенасто со 250 грама шеќер, додајте 250 грама мелени ореви, брашното и на крај 50 грама сецкани ореви. Печете во плех од шпоред обложен со хартија за печење. Ладното тесто исечете го на три ленти.

За грилијажот: Пржете 250 грама шеќер за да добиете карамел, па додајте 150 грама мелени ореви, сè убаво измешајте и сипете во намрсен плех. Кога смесата ќе се олади, истолчете ја во аван и оставете ја настрана.

Фил: жолчките и јајцата изматете ги со 250 грама шеќер, па матете на пареа. Во ладнот крем додајте го пенесто изматениот маргарин. Од филот одвојте 2-3 лажици, а во остатокот вмешајте го подготвениот грлијијаж. Филувајте ја тортата. Со одвоениот фил намачкајте ја тортата и од страните. Украсете со мелени ореви и чоколадни трошки.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 19:25

Лешник торта

Лешник торта

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 60 грама Бисквити
  • 150 грама Лешник
  • 2   Јајца/це
  • 100 грама Шеќер
  • 50 грама Блага павлака
  • 150 грама Чоколадо за готвење
  • малку   Сол
  • 70 грама Путер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 80 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Лешникот расте уште многу одамна во Европа и Мала Азија. Денес расте и како див лешник.

Лешникот расте на дрво, кое може да биде високо и до 7м, а зрее во средината на август. Јатката е многу вкусна, а е обвиена со кафеава обвивка и дрвена лушпа.

ПОДГОТОВКА:

Во блендер ставете 120гр. лешник, 10гр. шеќер, бисквит и 100гр. издробена чоколадо. Измиксирајте ситно. Во длабока чинија изматете го путерот со останатиот шеќер додека не добиете пенаста маса, потоа додадете ги јајцата и мешајте со дрвена лажица да ја соедините смесата.

На овој крем додадете ги сомелените состојки и малку сол, потоа се внимателно промешајте и ставете во калап за торта ( пречник 18 сантиметри ), обложен со хартија за печење. Печете околу 1 саат на 160 степени.

Направете чоколаден крем од останатото чоколадо. Истопете го на пареа заедно со павлаката. Изладено, ставете го во фрижидер од 15 – 20 минути. Потоа измиксирајте го да добиете воздушен крем, премачкајте ја тортата и украсете ја со преостанатите лешници.  
 
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 19:24

Песок торта

Песок торта

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 150 грама Бисквити
  • 4   Ванила пудинг/а
  • 150 грама Кокосово брашно
  • 1000 милилитри Млеко
  • 150 грама Ореви
  • 250 грама Путер
  • 125 грама Шеќер во прав


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 45 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Песок торта

ПОДГОТОВКА:


Мле­ко­то се ва­ри со пу­дин­зи­те на ти­вок оган. Ко­га ќе се до­бие гу­ста сме­са, се тр­га од оган и се остава добро да се олади. Откако ќе се олади убаво се додава путерот. Се меша сето тоа убаво. Откако ќе го направите сето ова поделете ја смесата на три еднакви дела. Во пр­ви­от дел се до­да­ва­ат ме­ле­ни­те бис­кви­ти, во вто­ри­от дел се до­да­ва ко­ко­сот, а во тре­ти­от дел се до­да­ва­ат ме­ле­ни­те оре­ви. Во пла­сти­чен сад, кој е об­ви­ткан со фо­ли­ја, пр­во се ста­ва де­лот со бис­кви­ти, по­тоа де­лот со ко­ко­сот и на крај де­лот со оре­ви. По жел­ба мо­же да се фи­лу­ва со шлаг.  Тре­ба да стои во фри­жи­дер три ча­са, пред да се слу­жи. 
Уживајте!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 21:16
Боемска торта

Состојки

За кори
10 белки
260 гр шекер
250 гр печени сомелени лешници
15 гр (1 лажица) какао
За прв фил
1/2 л млеко
250 гр шекер + 1 кесичка ванилин шекер
6 жолчки
2 преполни лажици густин
50 гр путер на собна температура
За втор фил
6 жолчки
250 гр шекер во прав
100 гр чоколадо
200 гр путер на собна температура
За глазура
150 гр чоколадо
150 гр слатка павлака

Подготовка

Се загрева рерната на 180 Ц
На дното на три округли плехчина со пречник 22 цм се става хартија за печење. Не се масти.
Белките се матат додека да се направи мек снег, а потоа непрестано матејки се додава една по една лажица шекер и се мати додека целиот шекер не се стопи а снегот од белки не стане многу густ, мазен и сјаен. Се распоредува во трите плехчина, се рамни површината и се пече 20-30 мин во загреаната рерна. Се остават корите потполно да се оладат.
За првиот фил жолчките се матат со малку од млекото и со густинот да нема грутчина. Се загрева млекото со шекерот и ванилин шекерот до вриење. Се истураат во зовриеното млеко изматените жолчки непрестано мешајки и се вари на тивок оган да се згусти. Се трга од оган и се додава путерот на собна температора мешајки со жица за матење. Врз горната површина на кремот се лепи транспарентна фолија, (Фолијата треба да се залепи за кремот) и така се остава да се излади за да не се створи коричка.
За вториот фил се матат на пареа жолчките и прах шекерот додека не се згусти. се додава чоколадото искршено на коцкички и се меша да се стопи. Се остава на страна да се олади. Путерот се мати да стане пенест, се додава во него ладниот чоколаден крем и се мати да се изедначи.
На подлогата за торта се става првата кора. Околу теа се поставува метален обрач. Ова може и да не го направите, ама ванила кремот е прилично мек, така да овој чекор го олеснува редењето на тортата. Врз првата кора се нанесува половина од ванила кремот, а врз него скоро половина од чоколадниот крем. Се става втората кора и повторно се премачкува со двата фила по истиот редослед. Одозгора се става последната кора и се остава тортата во фрижидер неколку часа. Се вади обрачот, одоколу се премачкува тортата со малку од чоколадниот фил.
За глазура се загрева слатката павлака скоро до вриење. Во еден мал сад се крши чоколадото на ситни парченца, врз него се истура врелата слатка павлака. Се остава да постои 1 мин, па се меша додека не се добие мазна глазура.
Се прелева тортата, ако сакате дополнително се украсува.
Најдобро е да отстои до наредниот ден.
Некои забелешки – Лажиците густин нека ви бидат навистина преполни за да не испадне ванила кремот многу мек. Тортата сечете ја со многу остар, тенок, жежок нож за да ви испадне убаво парче.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 21:15
Грчка торта (лош наслов:)
7 белки
11 лажици шеќер
7 лажици мелени ореви
7 лажици мелени бисквити
Лист се пече и се дели на 2 дела

Фил 1-500 мл млеко
2 пудинга од ванила
1 лажица шеќер


Фил 2- 2 путера од 250 гр
250 гр шеќер во прав
1 лажица млеко
се мати да добие бела боја

Фил 3- 7 жолчки
150 гр шеќер во прав се матат пенасто
Бидејќи во оригиналниот рецепт пишува да се стават живи жолчки јас ги изматив на пареа,некако посигурно ми е.

Сите три фила се мешаат и се додава
250 гр сецкани бисквити
300 гр сецкана чоколада
250 гр сецкани ореви
150 гр мелени ореви

Се се меша ,се става едната половина од листот се става филот и се поклопува со втората кора.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 21:13
Фереро торта (со Нутела)

Состојки:
Кора
4 јајца, 100 гр шеќер, 100 гр чоколада за готвење, 110 гр путер, 50 гр потпечени мелени лешници, 100 гр брашно, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за пециво
Фил
300 гр нутела, 200 мл ладно млеко, 250 гр маскарпоне, 2 кесички(80гр) шлаг, 150 гр мелени лешник наполитанки, 100 гр потпечени мелени лешници
За прскање на кората
140 мл млеко, 1 лажица несквик какао
Подготовка
Најпрво подгответе го филот. Шлагот изматете го со млекото во цврст снег, потоа додадете ги маскрапонето, нутелата, наполитанките и лешниците и изматете ги убаво да се изедначи. Филот ставете го во фрижидер и подгответе ја кората. На пареа ставете ги чоколадата и путерот да се стопат. Одделете ги белките и жолчките. Белките со прстофат сол изматете ги и оставете ги на страна. Жолчките изматете ги со шеќерот и ванилата да се добие светла кремаста смеса, потоа додадете ги путерот и чоколадата и продолжете со матењето да се соединат. Додадете ги брашното, лешниците и пецивото и со жица измешајте ги. Смесата ставете ја во намачкан со путер и набрашнет плех израмнете ја и печете на 180 степени околу 15 мин. Оладената кора исечете ја вертикално на 3 ленти. Се попрскуваат со млекото измешано со несквик и се филоваат со филот. Тортата се украсува по желба, со чоколадо, шлаг, лешници или сл.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 21:13
Карамел торта

300 гр. шеќер
750 мл. млеко
2 пуднига од карамел
4 лаж. густин
10 јајца
100 гр. шеќер+10 лаж. шеќер
1/2 маргарин
5 лаж. сецкани ореви + 50 гр. мелени со 50 гр. сецкани ореви
5 лаж. брашно

Фил
Шеќерот се топи на тивко како карамел, внимавајте да не прегори бидејќи ќе горчи, се додава млекото и се остава да зоврие. Пред да започне да врие убаво се додава пудингот и густинот. Филот се остава да се олади, во меѓувреме, 10те жолчки од јајцата се матат со 100те гр. шеќер и се ставаат во ладниот фил од крамел, се додава и изматениот маргарин и 5те лаж. ореви.

Тесто
Преостанатите 10 белки се матат со 10те лаж. шеќер и се додаваат 100те грама комбинирани ореви, сецкани со мелени, мој совет е да пробате со лешници, заменете ги сите ореви со лешници, се додава и брашното и се мати со лажица. Се пече во плех од рерна, се дели на две и се филува. Врз целата торта направете карамел или купете готов карамел и прелијте ја. 
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 21:11
Москва торта

Тесто: 4 белки, 6 лажици шеќер, 3 лажици сецкани ореви, 1 лажица брашно. Се печат 3 посебни теста, на 225 степени 15 мин, па потоа на 200 степени 20 мин., но сепак зависи од рерната.

Фил: 12 жолчки се матат со 12 лажици шеќер, се додаваат 10 лажици густин и 1 литар млеко и се вари густ крем. Кога ќе се излади се додаваат 250 гр маргарин. Посебно се мати околку 400 мл слатка павлака.

Се става тестото, се мачка од кремот, врз него се редат јагоди, се мачка павлака, па кора, фил, јаготки, павлака, кора и одозгора само филот.
Целата се премачкува со павлака (околу 400 мл) и се декорира по желба со форми од топено чоколадо и овошје.
ете и ролат од јагоди
Потребно:
6 белки
1,5 шолји шеќер
500 мл слатка павлака
500 гр јагоди





Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Добро изматете ги белките во цврст снег, постепено додавајте го шеќерот и на врвот на ножот сол. Плехчето обложете го со хартија за печење и посипете го со шеќер во прав. Истурете ја изматената белка и измазнете ја. Печете на 170 степени околу 15 мин., а потоа намалете на 150 степени и печете уште 10 минути. Внимавајте да не ја препечете кората, треба однадвор да е крцкава, а внатре мека. Кога кората е испечена ставете ја на чиста кујнска крпа посипена со шеќер во прав. Оставете ја да се олади.

За тоа време, изматете ја слатката павлака, по желба можете да ја засладите. Намачкајте го ролатот по средината со слатката павлака и наредете ги јагодите кои претходно сте ги исекле на пола. Завиткајте ја во вид на ролат. Декорирајте со останатата слатка павлака и јагоди.

Оставете го ролатото добро да се олади и послужете го.
Исто и колач од малини:
Потребно:
300 гр плазма кекс
400 мл слатка павлака
300 гр малини
300 мл млеко
1 ќесичка крем шлаг од ванила
1 ќесичка крем шлаг од чоколадо




Подготовка:

Во тавче или калап наредете ја плазмата претходно потопена во млеко. Крем шлагот од ванила подгответе го според упатството на ќесичката. Посебно изматете 300 мл слатка павлака, па измешајте ја со крем шлагот со помош на лажица. Премачкајте ја плазмата со кремот, па одозгора наредете ги малините. Изматете го крем шлагот од чоколадо според упатството на ќесичката и измешајте го со останатата неизматена слатка павлака. Изматете со миксер да се добие цврст шлаг. Намачкајте го шлагот врз малините и ставете го колачот во фрижидер, најдобро да отстои преку ноќта.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 21:10
ТОРТА – ЈАПОНСКИ ВЕТЕР


Потребни состојки

6 јајца

300 грама шеќер

1 лажица сок од лимон

4 лажици густин

100 милилитри млеко

400 милилитри млеко

125 грама путер

125 грама маргарин

120 грама шеќер

150 грама мелени ораси

1 шлаг од ванила

1 шлаг од чоколадо

1 чоколадо за готвење потребно за глазура

Тесто

6 белки

300 грама шеќер

1 лажица сок од лимон

Изматете ги белките со шеќерот, додадете го сокот од лимон, ставете ја смесата врз хартија за печење и печете на 150 степени саат време. Оладеното тесто поделете го должина на два еднакви дела.

Фил

6 жолтаци

6 лажици шеќер

4 лажици густин

100 милилитри млеко

400 милилитри млеко

125 грама путер

125 грама маргарин

120 грама шеќер

Изматете ги жолчките со шеќерот, додадете го густинот и 100 милилитри млеко. Останатото млеко (400 мл) ставете го да се обари, па во него ставете ги жолчките и згответе го како пудинг.

Путерот, маргаринот и 120 грама шеќер изматете ги заедно. Кога ќе се олади филот, помешајте го со путерот и маргринот. Составениот и изматен фил, поделете го на два дела. Во едниот фил додадете ги 150 грама ораси. Врз првото тесто ставете го половина фил со орасите, па половина од жилтиот фил. Врз него ставете го другиот дел од тестото, па повторно филот со ораси, па жолтиот фил. Посебно изматете го шлагот од ванила и шлагот од чоколадо и премачкајте преку колачот. По свој вкус можете да го премачкате и со чоколадна глазура.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:50
Кокос торта

Потребно:
-1 обланда
-200 гр. кокос
-6 јајца
-250 гр. мармалад од кајсии
-100 гр. путер
-300 гр. шеќер
-50 мл. вода
-50 гр. какао
Подготовка
- Јајцата се кршат и се делат жолчките од белките.Белките се матат и во нив постепено се додава 200 гр.шеќерот. Откако шеќерот ќе се растопи се додава кокосот и се меша со лажица. Обландата се става во тава за печење и врз неа го нанесуваме филот со кокос.Тавата се става во рерна и се пече 20 минути на 180 степени.
-Во тенџере на оган се става 100 гр. шеќер,50 гр. какао и 50 мл. вода и се промешува. Кога ова ќе зоврие се додава путерот и мешаме.
-Испечената обланда ја вадиме од тавата и ја сечеме на 3 ленти. Првата лента ја премачкуваме со мармалад.Врз неа ја ставаме другата лента и и неа ја премачкуваме со мармалад, на крај ја ставаме и последната лента и целата торта ја мачкаме со мармалад.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:49
ТОРТА СО МАЛИНИ

Состојки: 10 јајца, 10 лажици шеќер, 5 лажици брашно, 7 лажички мелени бадеми, 3 ќесички пудинг од малини, 2 ќесички шлаг пена, 100 грама мелени бадеми, 15 грама путер, за декорација – сок од малини, ќесичка желатин, сецкани бадеми.

ПОДГОТОВКА

Направете цврста смеса од белки, додадете шеќер и една по една жолчка од јајце. Матете додека смесата не стане пенеста, па потоа додадете брашно и мелени бадеми. Истурете го во кала за торта подмачкан и попрскан со брашно и ставете го да се пече.

Во меѓувреме, сварете го пудингот, па кога малце ќе се олади, додадете путер и матете го додека пудингот не се олади целосно. Потоа додадете ги шлагот и мелените бадени.

Печената и изладена торта пресечете ја на 3 дела, и филувајте го пудингот. За украсување разматете го желатинот во малце ладна вода, додадете го во вриење сирупот од малини, малце изладете го, па кога желатинот ќе почне да се стега, прелијте ја горната кора. Остатокот украсете го со кремот и бадемите.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:48
Сникерс торта
Состојки:

За кората:

10 белки

20 лажици шеќер

5 лажици брашно

1 лажица какао

1 прашок за пециво

200 гр мелени печени кикирики

1 лажица масло



За филот:

1 маргарин

250 гр шеќер во прав

10 жолчки

100мл вода

200гр шеќер

200гр чоколадо

400 гр мелени печени кикирики



Глазура:

100гр чоколадо

10 лажици млеко

6 лажици шеќер

100 гр маргарин



Изматете 10 белки со 20 лажици шеќер, па додадете 5 лажици бражно, 1 лажица какао и прашок за пециво, 200 гр кикирики и лажица масло. Ставете ја смесата во добро намастен и побрашнет плех, и ставете ја за печење.

Добро изматете 1 маргарин со 250гр шеќер во прав, па додадете ги 10те жолчки. Сварете 100мл вода со 200гр шеќер, па додадете 200 гр чоколадо. во изладената смеса додадете го кремот од жолчките и уште 400 гр од кикирики, па филувајте ги корите.

Соединете 100гр чоколадо, 10 лажици млеко, 6 лажици шеќер и 100 гр маргарин, па прелијте ја оваа смеса преку филот.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2728293031 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.