|
МУЗИЧКИ ВЕСТИ |
Внеси реплика | страница <1 2728293031 32> |
Автор | ||||||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Насловната тема од последниот албум на Калиопи – Желим ти речи, својата интернет-премиера ја има токму на МММ. За да го видите спотот линкајте се во видео-галерија. Спотот, кој е во црно-бела техника, беше снимен во Скопје, во сабота на 11. октомври, а во реализацијата учествуваа: Дејан Милиќевиќ (режија), Розе Трајческа – Ристеска (костими) и Сергеј Варошлија (шминка и фризури). |
||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Пејачот и бизнисмен Дарко Гелев-Брејк ги купи популарните скопски дискотеки "Хард рок". Се зборува дека Брејк за овој бизнис на двајцата довчерашни сопственици им платил половина милион евра. Дека од минатата недела е новиот и единствен сопственик на дискотеките "Хард рок" потврдува и Брејк, но одбова да зборува за цената.
-Да, точно е дека ги купив дискотеките, но не би сакал да зборувам за цена. Тоа најдобро го знае банката, која верува во нашите работни способности и идеи и ни го даде кредитот. Превземањето на дискотеките беше очекуван чекор. Откако повторно се отвориј дискотеките нашата екипа од "Сити радио" е одговорна за забавите и во двете дискотеки. Убаво е што ние земаме веќе успешна приказна и што нема потреба нешто да менуваме. "Хард рок" сам по себе си е добволен бренд. Си има свој дух и топлина и затоа нема потреба од промени. Можеме само малку да ја освежиме програмата со уште неколку журки во непотполнетите денови, а ќе има и денови каде ќе се снимаат емисии во живо и подоцна ќе се емитуваат на музичкиот канал "Џангл тв", вели Брејк. Во моментов во "Хард рок" се одржуваат концерти кои се во рамките на скопскиот џез фестивал. Од задутре официјлано се отвара зимската дискотека "Хард рок", а тоа значи дека почнува новата сезона на журки. Она што е најинтересно во новата шема е што ќе нема техно музика, која е карактеристична за сите скопски дискотеки........ |
||||||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Мадона и Гај Ричи се договорија и за старателствотоПоп дивата Мадона и британскиот режисер Гај Ричи се договорија и за старателството врз трите деца, откако претходно постигнаа договор за поделба на имотот. Мадона го добила старателството врз Лурд, нејзината 12-годишна ќерка од претходната врска со тренерот по фитнес, осумгодишниот биолошки син на двојката Роко и врз нивниот тригодишен посвоен син Дејвид, пишува „Меил он Сандеј“. Весникот тврди дека Мадона ќе ги земе децата со неа во Америка, но Гај Ричи, кој планира да купи куќа во Њујорк, ќе има целосен пристап до нив. Пред тоа, 40-годишниот британски режисер беше договорено да добие најмалку 25 милиони евра во готово, а и некои недвижнини од својата десет години постара поранешна сопруга. Гај го задржува имотот во Вилтшајр, како и својот паб „Punch bowl“. Мадона ќе ги задржи куќите во Њујорк и Лос Анџелес. Преговорите биле релативно безболни. Гај знаеше што сака да и земе, а таа беше сигурна што сака да задржи. Брзо се договорија, изјави добро информиран извор за таблоидот „Сан“. Ричи со разводот ќе добие околу 77 милиони евра. |
||||||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
МУЗИЧКО ДИВИДИ
Александра ќе објави видеоспотови Македонската пејачка Александра Пилева наредната недела ќе го објави нејзиното прво дивиди-издание. На дискот со видеоснимки и со музика ќе се најдат песните од нејзиниот најнов албум, „Гет бацк то студио роцк анд ролл“, но и некои од постарите хитови. Сите песни се испеани во живо, а музички придружник на Александра е бендот „Мајка“. Дискот содржи материјали во траење од 45 минути, а на музичкиот канал „Ем-Ти-Ви Адрија лајф“ материјалот ќе биде пуштен во скратена верзија од 25 минути. Рок-пејачката планира да сними и два видеоспота за песни од албумот, како и видеозапис за песната „Единствена“, со која настапи на неодамнешниот „Макфест“. Во меѓувреме, Пилева не престанува со активности, па моментално ја снима англиската и српската верзија од нејзиниот последен албум. |
||||||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
ВО ЧЕСТ НА СВОЈОТ КОЛЕГА
Пријателите го довршуваат албумот на Дино Пријателите на неодамна починатата фанк-ѕвезда Дино Дворник го завршуваат неговиот албум за да биде објавен кон крајот на ноември. - Ги слушав песните што наместо Дино ги довршија неговите пријатели и мислам дека Дино би бил задоволен од начинот на кој сето тоа е реализирано - изјави неговата сопруга Даниела Дворник. За албумот „Пандорина кутија“, Дино планираше 12 нови песни, а девет сними пред својата смрт. Насловниот сингл „Хипнотизер“ подолго време е на радиопрограмите. Давор Гобац, водачот на групата „Психомодо поп“, рекол дека снимил вокали за песната „Среќна Нова година“, па истата ќе стане дует со него и со Дино. |
||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
n1k0La
Сениор Ride To Live Live To Ride Регистриран: 31.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 357 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
muzicki vesti samo 4etvrtok Club Coloseum i dobro house zurce
|
||||||
Otvori Se Zezame ! Da Ne Vlezeme Sose Vrata!
|
||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
„Таксират 10“
Трите групи кои први ќе настапат на годинешниов јубилеен “Таксират 10“ се познати: The Roots, Swayzak и Суперхикс.
Бендот The Roots доаѓа од Филаделфија, работи повеќе од 20 години, има издадено 8 албуми и имаат седум номинации за Греми.
Swayzak се дип даб хаус дуо од Лондон, работат од 1994 година.
Суперхикс со настапот на Таксират 10 ќе го промовираат албумот “...И Сега Што ???”.
|
||||||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
ЕДНА ГОДИНА БЕЗ ТОШЕ ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ ЕДНА ГОДИНА ОД СМРТТА НА НАЈГОЛЕМАТА МАКЕДОНСКА МУЗИЧКА ЅВЕЗДА Семејството, најблиските, пријателите, фановите од Македонија и Балканот денеска ќе одбележат една година од трагичната смрт на македонската музичка икона Тоше Проески, миленикот на сите генерации. Поп ѕвездата го загуби животот на 26-годишна возраст во сообраќајна несреќа на 16 октомври минатата година кај Нова Градишка - Хрватска на пат кон Загреб. |
||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Синтезис промовираа спот и најавија нови концерти
Македонската етно-гордост Синтезис денес во просториите на Стопанска комора на Македонија го промовираше видео-спотот за темата Сам легнувам, која е дел од нивниот актуелен албум Идентитет.
Станува збор за песна стара околу 250 години, која потекнува од источниот крај на Македонија. Сам си легнувам е балада со љубовна тематика и со побрз ритам. Спотот е со модерен израз, снимен е летото во Охрид и во него има снимки од филмот Вода. Синтезис е добитник на меѓународна награда од Европската организација на туристички новинари, за придонес за развој на туризмот во 2008 година.
По враќањето од Сплит Синтезис ќе заминат за Шпанија каде ќе настапат на Фестивалот Еволуциона музика 2008. Синтезис ќе снимат два концерти, ќе го презентираат најновиот албум, а на 2. ноември ќе настапат со симфонискиот оркестар. Според најавите, во декември групата ќе свири во Цанкарјевиот дом во Словенија. |
||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
27. СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ
17-21 октомври 2008 17. октомври RABIH ABOU-KHALIL AND MACEDONIAN PHILHARMONIC ORCHESTRA feat. Michel Godard & Jarrod Cagwin Универзална сала | 20:30ч. | 500 ден. JASON MORAN AND THE BANDWAGON Клуб Хард Рок | 24:00ч. | 300 ден. 18. октомври 50 Years of Bossa Nova MARCOS VALLE feat. WANDA SA • MARCIO FARACO / TRIO ESPERANZA / MARCEL POWELL / MARIANA DE MORAES / PHILIPPE BADEN POWELL Универзална сала | 20:30ч. | 700 ден. ZUCO 103 Клуб Хард Рок | 24:00ч. | 300 ден. 19. октомври Норвешка џез вечер* BUGGE WESSELTOFT • KARL SEGLEM QUINTET Македонска опера и балет | 20:00ч. | 400 ден. MUNGOLIAN JET SET Клуб Хард Рок | 24:00ч. | 300 ден. 20. октомври RON CARTER FOURSIGHT "Dear Miles" • JOSHUA REDMAN TRIO Македонска опера и балет | 20:00ч. | 600 ден. FRANCESCO CAFISO QUARTET Клуб Хард Рок | 24:00ч. | 300 ден. 21. октомври MANU KATCHE PLAYGROUND • HENRY THREADGILL ZOOID Македонска опера и балет | 20:00ч. | 600 ден. JUSTIN ADAMS & JULDEH CAMARA TRIO Клуб Хард Рок | 24:00ч. | 300 ден. Комплет влезници за сите вечери: 2.500 ден. (во комплетот се вклучени и билетите за клубот Хард Рок) |
||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Мултимедијален спектакл - Омаж за ЕКВ, ќе се случи на 28. октомври во Загреб... Целиот проект на оживување на легендарниот фронтмен на Екатарина, го осмисли преживеаниот тапанар Иван Феџе – Фирчи, кој заедно со седумчлениот состав ќе го следи гласот на Милан Младеновиќ. За што всушност станува збор? Со специјална техника на синхронизација и монтажа, а со помош на врвните британски техничари и монтажери, создадена е можност на сцената, во текот на концертот, паралелно да одат звук и слика од концертот на Екатарина Велика, со покојниот Милан Младеновиќ. Сепак, место бенд од платно, музиката ќе ја изведува бенд предводен од Фирчи, додека гласот на Милан ќе биде единственото пеење што ќе се слушне на концертот... |
||||||
Внеси реплика | страница <1 2728293031 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |