![]() |
|
Рецепти за торти и други благи работи |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2627282930 56> |
Автор | ||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||
Кафе колачиња
Потребни состојки:
Откако ќе го направите ова, направете идентични кружни форми или доколку имате калапи можете да направите различни видови креативни колачиња. Направените форми наредете ги во тавата и печете 10 минути на температура од 200 Целзиусови степени, додека колачињата не ја добијат потребната светло кафеава боја. ![]() |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||
Куглов
Состојки: 3 јајца 3 филџани шеќер 1 филџан зејтин 1 филџан млеко 4 филџани брашно 2 лажици какао 1 пециво 1 ванилин шеќер 2 лажици прав шеќер Јајцата и шеќерот се матат, откако ќе се изматат се додават другите состојки зејтинот, млекото, брашното, пецивото и ванилниот шеќер. Се бркаат со лажица додека смесата не се изедначи. Потоа еден дел од смесата оделуваме (помалку од половина од смесата) и во тој дел ставаме две лажици какао така добиваме две смеси едната жолта другата кафеава.. Кугловиот калап го премачкуваме со зејтин и ставаме половина од смесата од жолтата, потоа ја додаваме другата смеса што е со какао а врз таа ја ставаме останата жолта смеса. Потоа се става да се пече во загреана рерна на 150 степени околу 30 минути. Откако ќе се испече се наросува со прав шеќер. |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||
Tорта со мармалад
Состојки: 300гр шеќер 350мл вода 3 лажици мармалад (било каков по вкус се избира) 1 пециво 1 ванили шеќер 1 лажичка сода бикрабона 6 лажици зејтин 400 гр брашно Фил: мармалад, 100 гр чоколадо за готвење и мелени ореви. Подготовка: Сите овие состојки по редослед се ставаат во длабок сад и се меша додека не се добие хомогена смеса. Потоа смесата се става во правоаголен плех претходно премачкан со масло и се пече на температура од 200 степени 30 минути. Кога ќе се испече и излади, кората се премачкува со мармалад, а врз мармаладот се истура растопеното чоколадо и се остава да се олади. Потоа се посипува со мелени ореви. |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||
Летен овошен колач со праскиОвошниот колач со праски е совршен спој на меко тесто, богат крем и свежо овошје. Летото е сезона на праските, а ова е еден од најдобрите начини да ги искористите во неодолив и лесен десерт. Состојки
Начин на подготовка
Изменето од Valerija - 22.Септември.2013 во 08:32 |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||
Чоколадна маркиза![]() ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Чоколадото се смета за одговорно за стимулирање на
доброто расположение, односно го поттикнува создавањето на серотонинот
(хормонот "за добро расположение") во нашиот организам. Тој е тој кога
по некој оброк кај нас предизвикува чувство на пријатност. ПОДГОТОВКА:
Намачкајте со путер тркалезен калап за печење со обем од 16 см.
Во помал сад, во кој предходно сте ставиле една лажица вода, растопете го чоколадото искршено на коцки, а во друг сад растопете 50 гр. шеќер во 50 мл. вода и варете две минути. На тивок оган измешајте го омекнатиот путер и какао, додајте го остатокот од шеќерот и растопете чоколадо и сè додека не добиете светло-жолт пенест крем. Тргнете од огнот и оставете да се излади, а потоа со брзо мешање додајте ја смесата од растопеното чоколадо, какао и путер. Кога кремот ќе стане хомоген и сосема ќе се олади, вмешајте ја слатката павлака. Сипете го кремот во калапот намачкан со путер и ставете во фрижидер да отстои најмалку 3 часа. Исечете на тенки парчиња. Изменето од Valerija - 20.Септември.2013 во 20:21 |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||
Нутела колач![]() ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Нутела колач ПОДГОТОВКА:
Рерната вклучете ја на 175 степени. Тава намачкајте со путер и покријте ја со хартија за печење.
Одвојте ги белките од жолчките. Во голем сад изматете ги белките со малку сол. Во друг сад матете го путерот, додајте ја нутелата и матете заедно додека не добиете пенаста смеса. Додајте ги млекото, жолчките една по една, постојано матете и на крај додадете ги мелените лешници. Потоа убаво измешајте со лажица, полека додавајте го снегот од белките. Убаво изедначете ги состојките и истурете во подготвената тава. Печете 40 минути, или додека страните на колачот не почнат да се одвојуваат од тавата. Извадете од рерната, оставете неколку минути во тавата па префрлете на кујнска решетка да се олади. Лешниците испржете ги и исечкајте. Во соодветен сад ставете ја слатката павлака со млекото да зоврие. Тргнете го садот на страна и додајте го искршеното чоколадо па убаво изматете. Полијте го колачот, нафрлете ги лешници и оставете да се излади. |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||
Сникерс![]() ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Сникерс ПОДГОТОВКА:
Темно тесто: изматете ги жолчките
со шеќерот во густа пена. Додајте ги брашното, печивото и какаото. На
крај внимателно и со лажица вмешајте го снегот од белките. Испечете го
тестото во плех од шпоред, обложен со хартија за печење, на температура
од 180 степени.
Тесто од ореви: изматете ги белките со шеќерот. Кога ќе добиете густа пена, додајте ги останатите состојки и испечете во истиот плех, на ист принцип, но на температура од 150 степени. Крем: изматете ги жолчките со шеќерот, брашното, ванилниот шеќер и малку млеко. Преостанатото млеко ставете го да зоврие, потоа истурете ја смесата од жолчки и сварете крем. Посебно изматете го маргаринот и поврзете го, матејќи, со изладениот крем. Поделете го кремот на два деа, а во еден додајте го кафето. Редење: темно тесто - жолт крем (полијте со карамел од истопениот шеќер) - тесто од ореви - темен фил. Целиот колач полијте го со чоколадна глазура. |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||
Кафе торта![]() ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Кафе торта ПОДГОТОВКА:
Седумте јајца и 7 лажици шеќер долго се матат да се
добие кремаста маса. Се додаваат мелените ореви и внимателно брашното,
при што се меша со лажица. Тестото се пече на два пати во голем плех од
шпоретот.
Печените теста се делат на два дела, да се добијат 4 правоаголни кори. За филот, во 4 филџани варено кафе (без талогот) се додава 1 чаша млеко и 6 лажици шеќер. Се става на оган да се загрева. Пудингот се растопува во филџан мелко да нема грутчиња и постепено се додава кај кафето и мешајќи се вари крем додека да се згусне. Се остава кремот сосема да се олади. Во меѓувреме, путерот пенасто се мати со шеќерот во прав, на што подоцна се додаваат и три жолчки една по една, при што се продолжува со матењето смесата да биде пувкава. Четирите кори од тестото се премачкуваат со фил, а се премачкува и одозгора. Потоа се посипува со толчена карамел маса и толчени ореви, а по рабовите на тортата се прават купчиња од филот. Тортата се става во фрижидер добро да се олади. |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||
Естерхази торта![]() ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Екстерхази торта ПОДГОТОВКА:
Тесто: белките изматете ги во цврст снег па
постепено додавајте ги бадемите и шеќерот. Изедначете ги состојките и
од смесата испечете 6-7 кори во тавче покриено со хартија.
Крем: нишестето измешајте го со малку ладно млеко па додајте го во преостанатото млеко заедно со жолчките, шеќерот и ванилниот шеќер. Смесата убаво изматете ја па варете на пареа постоја матејќи. Изматениот крем оставете го на страна да се олади. Путерот изматете го во пена и додајте му, не прекунувајќи го матењето од изладениот крем. Филувајте ја тортата а горната кора полијте ја со шеќерна глазура. Со чоколадната глазура наполнете слаткарски шприц па почнувајќи од средината цртајте кругови, а потоа лакови кои ќе ги направите така што со врвот на нож, ќе повлекувате од средината до крајот. За да имате убава шара употребете топла глазура. |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||
Ананас торта![]() ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Ананасот е род на билките од родот бромелија (Bromeliaceae). Најпозната врста е Ананасот Comosus. Успева во суптропските краеви на Америка, Африка и Азика. ПОДГОТОВКА:
1. Слој: 125 путер заедно со 125 гр. шеќер во прав
пенасто изматете. Додадете ги мелените и пржени лешници, па додадете ги и
мелените кекси. Сето тоа добро промешајте го, залијте го со сок од
ананас (од конзервата). Па добиената смеса ставете ја во калап.
2. Слој: Помешајте ги жолчките, 125 гр. шеќер во прав, брашното, ванила пудингот, млекото, па сето тоа убаво изматете го. Таа смеса ставете ја на оган и мешајте неколку минути. Тргнете од огнот, оставете да се олади, па додајте 125 гр. путер, пенасто изматен и убаво измешајте. Добиената смеса ставете ја на првиот слој. Одозгора ставете го исецканиот ананас, па сето тоа прекријте го со шлаг пена. Ставете го во фрижидер добро да се олади. Сечете на парчиња, па по желба прелевајте со течно чоколадо. |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||
Снежна торта![]() ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Снежна торта ПОДГОТОВКА:
Тесто: од наведените состојки (без чоколадото)
замесете меко и мазно тесто. Расукајте го и ставете да се пече во висок
калап за торта, предходно намачкан со путер, Печете 10 минути во рерна
на 200 степени. Извадете и оладете па испрскајте со истопено чоколадо.
Изматете ја слатката павлака со шеќерот, но не многу цврсто. Додајте ги оладените (предходно истопените), чоколадото и 8-10 пусли искршени на половина. Потоа лесно се измешува и кремот се нанесува над кората. Подготвената торта префрлете ја на 5 часа во фрижидер (или замрзнувач). Украсете. Пред сервирањето тортата оставете ја 10 минути на собна температура. |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||
Шарлота со портокали![]() ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Шарлота со портокали ПОДГОТОВКА:
Тесто: изматете цврст крем од јајцата и шеќерот.
Додајте го брашното и измешајте ги состојките. Смесата истурете ја во
помал павоаголен плех, намачкан со масло и покриен со хартија. Тестото
испечете го на 180 степени. Уште топлото тесто намачкајте го со џемот од
портокали и завиткајте го и оставете да се олади.
Јајцата и жолчките пенасто изматете ги со шеќерот и една по една лажица додајте го сокот од портокал. Смесата матејќи варете ја на пареа околу 5-8 минути. Тргнете го садот од водената купка и додајте го желатинот. Продолжете да мешате додека желатинот не се истопи. Потоа садот префрлете го во сад со ледена вода и продолжете да мешате додека кремот не почне да се стврднува. На оладениот крем додајте ја изматената слатка павлака. Ролатот исечете го на парчиња и со него обложете длабок сад, кој претходно сте го исплакнале со вода. Наполнете го со кремот, израмнете ја површината. Садот префрлете го во фрижидер и оставете неколку часови, но најдобро преку ноќ. Наредниот ден колачот превртете го на чинија за служење и украсете со кришки портокал и матена слатка павлака. Исечете како торта и послужете. |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||
Сахер торта![]() ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Сахер тортата (германиски: Sachertorte) е чоколадна торта, која за прв пат била подготвена од австрискиот слаткар Франц Сахер. Тортата се јавува како типичен десерт од виенската кујна и е една од најпопуларните торти во светот. ПОДГОТОВКА:Чоколадото за готвење го кршиме на коцки и го топиме.Ги одделуваме белките од жолчките. Белките ги ставаме во поголем сад, а жолчките во друг сад и го тргаме на страна. Путерот и шеќерот ги матиме со миксер додеа не се стопи, па ги додаваме жолчките. И белките ги матиме со миксер, потоа додаваме шеќер во плехот. Во садот со жолчките ја додаваме растопената и оладена чоколада. Мешаме. Потоа во садот ги додаваме изматените белки и мешаме додека смесата не се соедини. Прашакот за пециво го мешаме со брашно и го сипуваме во садот. Калапот за печење го премачкуваме со путер. Во него го сипуваме тестото и ја рамниме површината. Печеме во рерна 45 минути на 180 степени. Преостанатите 135 гр. чоколадо за отвење ги топиме на пареа. Испечениот пандишпан го ладиме и целиот го премачкуваме со мармалад. Преку мармеладот премачкуваме со растопената чоколада. |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2627282930 56> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |