IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите стихови во Библијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите стихови во Библијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 98>
Автор
Порака Обратен редослед
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2013 во 13:48
ПОСЛЕДНИОТ СУД


Матеја 25


31 ”Кога Човечкиот Син ќе дојде во Својата слава и сите ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на Својата слава;
32 и ќе се соберат пред Него сите народи, а Тој ќе ги оддели едни од други, како што пастирот ги одделува овците од јарците.
33 И ќе ги постави овците од својата десна страна, а јарците од левата.
34 Тогаш Царот ќе им рече на оние од десната страна: ‘Дојдете, благословени од Мојот Татко, и примете го во наследство Царството, кое ви е приготвено од создавањето на светот!
35 Зашто огладнев и Ми дадовте да јадам; ожеднев и Ме напоивте; бев странец и Ме примивте;
36 бев гол и Ме облековте; бев болен и Ме посетивте; бев во темница и дојдовте при Мене.’
37 Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: ‘Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме; или жеден и Те напоивме?
38 Кога Те видовме како странец и Те примивме? Или гол и Те облековме?
39 Кога те видовме болен или во темница и дојдовме при Тебе?
40 А Царот ќе им одговори: ‘Вистина ви велам, доколку му направивте на еден од овие Мои најмали браќа, Мене Ми направивте.’
41 Тогаш ќе им рече и на оние од левата страна: ‘Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели!
42 Зашто огладнев и не ми дадовте да јадам; ожеднев и не Ми дадовте да пијам,
43 бев странец и не Ме примивте; бев гол и не Ме облековте; бев болен и во темница и не Ме посетивте.’
44 Тогаш тие ќе одговорат и речат: ‘Господи, кога Те видовме гладен, или жеден или како странец, или гол или болен или во темница, и не Те послуживме?’
45 Тогаш ќе им одговори: ‘Вистина ви велам, доколку не му направивте на еден од овие најмали, ни Мене не Ми направивте!’
46 И овие ќе отидат во вечна мака, а праведниците во вечен живот.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2013 во 11:22
ВИСТИНСКИ И ЛАЖНИ ВЕРНИЦИ

Матеја 7

21 ”Не секој, што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ ќе влезе во царството небесно, а оној, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата.
22 Мнозина ќе Ми речат во оној ден: ‘Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име; не изгонувавме ли бесови во Твое име; и не правевме ли многу чуда во Твое име?’
23 И тогаш Јас ќе им изјавам: ‘Никогаш Јас не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’
24 ”И така, секој, кој ги слуша овие Мои зборови и ги исполнува, ќе го споредам Јас со благоразумен човек, кој ја изградил својата куќа на камен.
25 И заврна пороен дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, но таа не се разурна, зашто беше заснована на камен.
26 И секој, кој ги слуша овие Мои зборови, а не ги исполнува, ќе биде спореден со безумен човек, кој ја изградил својата куќа на песок.
27 И заврна пороен дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, и таа падна, и нејзиното паѓање беше големо.”
28 И кога Исус ги заврши овие зборови, народот се чудеше на Неговото учење;
29 зашто ги учеше како Оној, Кој има власт, а не како нивните книжници.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2013 во 13:28
ИСУС НАХРАНУВА ПЕТ ИЛЈАДИ ДУШИ

Евангелието според Лука 9

12 А кога денот почна да превалува, Дванаесетте Му пристапија и Му рекоа: „Отпушти го народот да оди во околните села и куќи, за да најде преноќиште и јадење, зашто сме тука во пусто место!”
13 Тој пак им рече: „Дајте им вие да јадат!” А тие рекоа: „Немаме повеќе од пет леба и две риби; освен ние да отидеме и да купиме храна за сиот овој народ!”
14 Зашто беа околу пет илјади мажи. И им рече на Своите ученици: „Седнете ги во купчиња по педесет!”
15 И така направија и ги седнаа сите.
16 Тој ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото; ги благослови и ги раскрши и им даваше на учениците, за да ги стават пред народот.
17 И сите јадеа и се наситија, и го кренаа тоа што остана од парчињата - дванаесет кошници.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2013 во 11:26
Пословици 19

23 Стравот Господен води кон живот, и кој го има, секогаш ќе биде задоволен, и зло нема да го снајде.


Пословици 22

8 *Кој сее неправда, ќе пожнее зло, и прачката на гневот негов ќе го удри него самиот,


Пословици 19

17 Кој прави добро на сиромав, заем Му дава на Господа, и Он ќе му плати за неговата добрина.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2013 во 10:56
АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДОБИВА ПОВИК ОД МАКЕДОНИЈА


Дела Апостолски 16

6 Тие поминаа низ Фригиската и Галатската земја, зашто Светиот Дух им забрани да го проповедаат словото во Азија.
7 А кога дојдоа спроти Мисија, се обидоа да отидат во Битинија, но Исусовиот Дух не им дозволи.
8 И така, поминаа низ Мисија и слегоа во Троја.
9 И на Павле му се јави во ноќта видение: еден Македонец застана пред него и го молеше, велејќи: “Дојди во Македонија и помогни ни!”
10 По тоа негово видение, веднаш побаравме да отидеме во Македонија, бидеки разбравме дека Господ не повикал таму да го проповедаме Евангелието.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2013 во 11:02
Па сепак, ја говориме мудроста меѓу совршените; но не мудроста на овој свет ни на владетелите на овој свет, кои пропаѓаат, туку ја навестуваме Божјата премудрост, во тајна, сокриена, која Бог, пред сите векови ја предопределил за наша слава.

1 Коринтјани 2:6



Еремија 32

27 „Ете, Јас Сум Господ, Бог на секое тело! Мене ништо не Ми е невозможно!”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2013 во 10:37
Стих на денот

Исус пак прозбори натаму, велејќи: „Јас Сум Светлината на светот; кој Ме следи, нема да оди во темнина, туку ќе ја има Светлината на Животот.”

Јован 8:12
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2013 во 10:36



Но најнапред барајте го Царството БОЖЈЕ и Неговата правдина, а се’ друго (што ви е потребно) ќе ви биде придадено.

Ев. Матеј 6:33







Изменето од spiros - 19.Мај.2013 во 10:37
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2013 во 10:47
Пословици: 12:17

Кој говори вистина, открива што е право, а лажниот сведок - измамата.
14:5 Вистинскиот сведок не лаже, а лажниот сведок шири лага.
14:25 Вистинскиот сведок избавува души, а лажниот сведок истура лаги.

Галатјани: 6:7

Не лажете се: Бог не дозволува да биде изигран! Зашто што човекот ќе посее, тоа и ќе жнее:
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2013 во 10:48
Евреите 12

9 Освен тоа, нашите телесни татковци нè казнуваа, и ние ги почитувавме; нема ли да Му се покориме на Таткото на духовите, и така да живееме?
10 Имено, тие нè казнуваа за малку денови, како што им беше угодно, а Тој за наша полза, за да станеме учесници на Неговата светост.
11 Навистина, секоја казна во сегашноста не изгледа дека е за радост, туку за жалост. Но, подоцна им донесува мирен плод на праведност на оние, кои се обучувале преку неа.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2013 во 10:36
Пословици 1


23 Послушајте ја мојата опомена! Ете, го излевам својот дух пред вас, сакам да ве поучам со свои зборови.
24 Колку ве повикував, а вие одбивавте; ја испружував раката, но никој не ја забележа;
25 туку го отфрливте секој мој совет и не ги послушавте моите опомени.
26 Затоа и јас ќе се смеам на вашата пропаст, ќе се потсмевам кога ќе ве снајде тешкотија;
27 кога стравот ќе навали врз вас како невреме и кога пропаста ќе ве грабне како виор, кога ќе се навалат врз вас неволјата и маката.
28 Тогаш ќе ме викате, но јас нема да одговарам; ќе ме барате, но нема да ме најдете.
29 Зашто го мразеа знаењето и не го избраа Господовиот страв,
30 ниту го послушаа мојот совет, туку ја презреа секоја моја опомена.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2013 во 09:29





Кога Бог ни Своето првородено Чедо не Го поштеди, туку Го даде за откуп на сите нас,
зарем заедно со Него нема да ни подари и се’ друго?

Римја. 8:32











Изменето од spiros - 15.Мај.2013 во 09:35
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2013 во 09:04




А народот, што поверува, имаше едно срце и една душа:
и никој ништо од својот имот не го нарекуваше свое, туку се’ им беше заедничко.

Апостолите, пак, со голема сила сведочеа за воскресението на Господ Исус Христос;
и имаше голема Милост над сите нив.

Дела Ап. 4:32+33




Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2013 во 08:55




Tогаш нека ви биде познато на сите вас и на сиот народ израелски,
дека овој стои здрав пред вас во името на Исус Христос од Назарет,
Кого вие Го распнавте, a Кого Бог Го воскресна од мртвите.

Тој е оној камен што од вас ѕидарите беше отфрлен, Кој стана камен темелник;
и во никој друг нема спасение: зашто под небото нема друго име дадено на луѓето, преку кое би можеле да се спасиме.”


Дела.Ап. 4:10-12




Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 98>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.