IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - МУЗИЧКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МУЗИЧКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 32>
Автор
Порака Обратен редослед
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 01:19

Концерт на Симон Трпчески со симфонискиот оркестар на Чикаго, концерт на Драган Даутовски, Борис Трајанов, Александар Стефановски (пијано придружба - Дарко Маринковски) во Вашингтон, и Македонски филмски фестивал и изложба на Националната галерија на Македонија во Њујорк, се дел од програмата на Деновите на македонската култура во САД, кои ќе се случат од 13 до 26 ноември.
Македонија ќе ја претставува нашата култура во САД со манифестацијата "Денови на македонската култура". Од 13 до 26 ноември, во Чикаго, Њујорк и Вашингтон се закажани концерти, изложба, филмски фестивал...

Нашиот маестро Симон Трпчески ќе свири со симфонискиот оркестар на Чикаго на 12, 13 и 14 ноември. Трпчески ќе учествува во изведбата на едно од најизведуваните дела во класичната литература воопшто, Концертот број 1 за пијано и оркестар од П.И. Чајковски. Со оркестарот ќе диригира маестро Лудовик Морло од Франција.

...Агендата продолжува со концерт на Драган Даутовски, Борис Трајанов, Александар Стефановски (пијано придружба Дарко Маринковски) во Вашингтон на 25 ноември. На репертоарот, покрај ариите и дуетите на Верди и наполитански арии, ќе биде застапена и програма од македонски автори.

Кон врв
Eli Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Ноември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1968
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Eli Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2008 во 19:04

Марија Шерифовиќ жали што не успеа да сними дует со Тоше Проески

Гостувајќи во емисијата Странци во ноќта, Марија Шерифовиќ, српската евровизиска победничка од 2007-ма година, завчера изјави дека македонската легенда Тоше Проески беше единствениот со кого таа сакаше да пее во дует...

Тоше беше извонреден и најголем пејач на овие простори и многу сум тажна што повеќе не е меѓу нас. За жал, иако договаравме дуетска песна, до тоа не дојде оти тој кога можеше – јас бев зафатена, а кога јас имав слободни термини, тој имаше ангажмани – изјави Марија потцртувајќи дека не постоел план со било кој друг таа да пее во дует, освен со Тоше.

Навраќајќи се во минатото, пред ланскиот триумфален концерт на Тоше на Градски стадион во Скопје на 5. октомври, се сеќаваме и на еден не баш пријатен момент, кога Шерифовиќ беше најавена како гостинка на концертот, заради што сакаше да ги тужи организаторите, со кои наводно немала никаков договор.

Добрите познавачи на приликите велат дека тогаш всушност дојде до недоразбирање меѓу менаџерските тимови, кои ја водеа главната битка, со што Марија и Тоше немаа никакви допирни точки.

Во последното интервју дадено за некој балкански медиум, бидејќи вчера Марија отпатува за Германија, заради подготовка и градење на светска кариера, што подразбира и снимање албум за светскиот пазар, таа за Пинк изјави дека би сакала во Белград да биде организиран вистински концерт во чест на Тоше, каде и таа би настапила, заедно со колегите од Србија.

Како што изјави во емисијата, она што на Градски стадион во Скопје се случуваше годинава, а беше во чест на нашиот легендарен пејач, воопшто не и се допаднало, и ни од далеку не претставувало настан каков Тоше вистински го заслужува!

prevzemeno od mmm.com.mk
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 16:48
 
Maкедонската радио телевизија со цел да ги одбегне стандардните пред и пост евровизиски препукувања и скандали, реши да сврти нова страница кога е во прашање изборот на домашен претставник за овој музички натпревар. 
За таа цел, в сабота, со почеток во 20.15 часот, МРТ ќе емитува Отворена програма пред Евросонг, преку која за прв пат ќе се отвори пред домашната јавност со цел да стекне нови искуства, сугестии, забелешки и предлози од новинари, композитори, аранжери на музика и учесници на Евросонг.
Идејата е низ сериозна дебата да се обезбеди вистински, правилен и успешен модел за избор на евровизискиот претставник од Македонија на престижната музичка манифестација која следната година ќе се одржи во Москва.
Дел од отворената програма ќе бидат Григор Копров, Кире Костов, Јован Јованов, Огнен Неделковски, Владимир Дојчиновски, познати пејачи на забавна музика, како и новинари и претставници на македонскиот ОГАЕ клуб.
Емисија со ист концепт ќе се емитува и следната сабота.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 15:22
Led Zepplin ќе продолжат без Robert Plant???
 
Бендот моментално врши аудиции за замена на нивниот фронтмен  Robert Plant, пред да влезат во студио за снимање нов албум и да ја испланираат светската турнеја.
Шпекулации се вртат за тоа кој ќе биде новиот фронтмен на реформираните ѕвезди: Jack White од “White Stripe“ или пејачот на  “Alterbridge“ - Myles Kennedy.
Басистот Bassist John Paul Jones изјави:
“It's got to be right. There's no point in just finding another Robert. You could get that out of a tribute band, but we don't want to be our own tribute band. There would be a record and a tour, but everyone has to be on board."
Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2008 во 13:21
Mariah Carey го издаде својот четврти сингл од нејзиниот најнов албум, E=MC2. Имено се работи за љубовната балада I Stay In Love. Спотот беше премиерно прикажан вчера а е режиран од нејзиниот сопруг Ник Канон. Сниман е во Лас Вегас и пустината во Невада.


спотот може да го погледнете преку овој линк

Изменето од DarlinG - 29.Октомври.2008 во 13:06
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 03:07
The Smiths  се’ се поблиску до band-reunion.
 
Членовите на британскиот бенд веруваат дека би можеле да се обидат да ги надминат меѓусебните несогласувања и тоа следниот април, на California’s Coachella Valley Music and Arts Festival.
Поранешниот фронтмен Morrissey кој имаше успешна соло кариера по распаѓањето на бендот во 1987 година, беше категоричен противник за повторното соединување на групата. Еднаш дури и изјави:  'I’d rather eat my own testicles than reform The Smiths - and that’s saying something coming from a vegetarian.'
Кеко што изгледа,  Morrissey ќе се предомисли по понудата од 2,8 милиони фунти од организаторите на фестивалот, да им се придружи на гитаристот Johnny Marr, басистот Andy Rourke и тапанарот Mike Joyce на сцената.
 
Инаку, Morrissey планира да напише автобиографија...


Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 02:15
Enya се враќа со нов, седми студиски албум 'And Winter Came’ , кој треба да излезе во продажба на 10-ти ноември. Како прв сингл ќе биде исфрлен 'Trains and Winter Rains’ . На албумот се работело две години.
Enya досега има продадено 70 милиони албуми, има освоено 4 Греми награди и номинација за Оскар за песната  'May It Be’ од филмот 'Lord Of The Rings – The Fellowship Of The Ring’.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 01:53
 
Босанскиот избор за сто најдобри ex-YU рок и поп песни на сите времиња, насловен 100 Вјечити, триумфално заврши завчера со концерт на Јосипа Лисац во сараевската Зетра, по прогласувањето на најдобрите.

Во рок-категорија за 100 Вјечити убедливо триумфираше култната Македонија на Дадо Топиќ & Time.

Дадо во живо ја исполни антологиската тема.
 
 
 
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 01:46
 
Чекајќи го новиот студиски албум на Кирил Џајковски, најдобриот електронски музичар на Балканот не изненади со својот нов спот. Станува збор за темата Imagine, симната од филмот Метаморфози на Александар Поповски. Видео-спотот ги претставува најубавите кадри од филмот.

Во спотот главната роља ја има актерот Никола Ристановски, додека фуриозната музика на Кирил е одлична најава за албумот кој го очекуваме до крајот на оваа година...
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 00:31
изненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадување
 
 
 
Неговите хуманитарни кампањи му го донесоа прекарот Свети Боно, но кога ќе се симне од бината, Боно и не изгледа толку свето. Тоа го докажуваат последните фотографии од овој 48 годишен пејач на кои тој се појавува во едно сосема поинакво светло. Имено, тој минатиот месец бил снимен во прегратките на две млади девојки, додека уживал на плажата во Сен Тропе. И тука не завршува приказната, по забавата на плажа, тој ги поканил да му се придружат на ноќна забава на неговата приватна јахта. Едната од 19-годишните студентки по моден дизајн изјавила дека со Боно се познава неколку години и дека во нивниот однос нема ништо повеќе отколку пријателство. За овој настан дознала и неговата сопруга откако девојките ги ставиле сликите со пејачот на сајтот Фејсбук. Иако нивниот брак трае 26 години и се смета за еден од најстабилните во светот на познатите, по овој настан не е исклучено тоа да се смени.
 
 
 
Боно, аман бе...???...тага
 

 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 01:17
 
Влијателниот економски магазин Форбс, најпознат по објавување на листи на најбогати луѓе на светот, овојпат се позанимава со жените во музичката индустрија и притоа се покажа дека тие нималку не заостануваат зад мажите по заработката. Форбс се ограничи на оставерени приходи во периодот помеѓу јуни 2006 и 2007 година и магазинот изнесе податок дека 20 финансиски најбогатите на листата насловена „Музички карилици на кешот„ се побогати за 420 милиони долари. На првото место се најде поп-кралицата Мадона која на својата сметка кешираше 72 милиони долари. Структурата на нејзиниот приход се темели на профитот од последниот студиски албум и промотивната Конфесионс турнеја, од разните спонзорски договори, како и продажбата на права за директни ТВ преноси на нејзините концерти и модната линија, плод на нејзината соработка со куќата НМ. Дека годините не се проблем покажа и 60-годишната Барбра Стрејсенд која инкасираше 60 милиони долари од распродадената турнеја. Цената на влезници за нејзиниот настап изнесуваше 300 долари. На третото место се најде Селин Дион со 45 милиони долари по серијата концерти во Лас Вегас каде постојано настапува од 2003 година. Со успешна турнеја може да се пофали и четвртопалсираната Шакира која е побогата за 38 милиони долари. Иако во овој период Бритни Спирс не издаде албум ниту настапуваше, таа сепак успеа да заработи цели 8 милиони, од продажбата на старите хитови, додека за посебна финансиска инјекција заслужна е одличната продажба на нејзиниот парфем. Од спонзорски договори солидно заработија и некои други пејачки. Меѓу нив води Бијонси која соработува со фирми како ЛОреал, Американ Експрес и Самсунг. Таа е сега побогата за 27 милиони долари, а ја следи, со еден милион помалку, Гвен Стефани, благодарејќи на присуството на пазарот на облека и парфеми, што е добитна формула и за латино пејачката и глумица Џенифер Лопез која на листата се најде на дното, со заработени шест милиони. А за толку долари се побогати и Ферги и Шерил Кроу, а последна на листата е Нора Џонс со „само„ пет милиони долари.
 
 
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 01:07
 
Промоција на Генофонија со Вања Лазарова
 
Во просториите на Културно-Информативниот Центар во Скопје, денес се одржа промоција на најновото издание на Литиум Рекордс: групата НАВ со својот албум, Генофонија. Дел од проектот е и легендарната македонска етно-пејачка Вања Лазарова.

 
 
 
Една голема бацка за баба Вања... ја обожавам...бакнеж
 
 
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2008 во 23:21
Albumot na Snoopy MC "Vo Centar"
Ispagja na 03,11,2008
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2008 во 11:54
 
 
 
„Квин“ во Белград

Познатата британска група „Квин“ со пејачот Пол Роџерсон, на 29 октомври ќе настапи во белградска Арена.

Со групата доаѓаат 70 луѓе кои ќе  се потрудат целото шоу да биде на завидно ниво, а опремата за концерот ќе ститне со десет шлепери.
Групата „Квин“ со пејачот Пол Роџерсон во Белград ќе ги изведе своите бројни безвременски хитови кои настанаа во периодот додека фронтмен на групата беше познатиот Фреди Меркјури.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.