IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 157>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2015 во 08:48

Кои 3 знаци важат за алфа жени?

Бик

Жената бик е совршена. Покрај тоа што е снаодлива, таа знае како да го задоволи партнерот и да овозможи безгранична љубов. Нејзиниот дом е симбол за хармонија и топлина, а паралелно со тоа има неверојатен талент за бизнис. Со оглед на тоа што има фобија од сиромаштво, таа на секој можен начин заработува пари. За незините фантастични облини нема потреба да зборуваме. Ова е вистинска моќна жена.

Вага

Таа е убавица, најубава од сите знаци во хороскопот. Неа штом ја видите се и простувате. Не може да се пофали дека е домаќинка, но затоа се добива на карта на убавина. Има дамски манири и изгледа како божица која се симнала помеѓу „обичните“ жени. За неа не постои врата која не е отворена. Иако не звучи праведно кон другите, таков е животот за Вагите.

Лав

Исто како и кај мажите, така е и кај жените - Лавицата е лавица во буквална смисла на зборот. Нејзината појава фасцинира, знае да ја наметне својата волја и за себе го бира само совршеното. Кралица е на добриот вкус, а дури и кога нешто прави погрешно, ќе најде начин како да ве убеди дека тоа е правилното.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2015 во 08:47

3 најдоминантни хороскопски знаци: Кои се алфа жени, а кои алфа мажи?


Оние кои доминираат отсекогаш важеле за неодоливи, способни, згодни и заводливи. Дали и вие сте меѓу нив? Хороскопот ви открива.

3-najdominantni-horoskopski-znaci-koi-se-alfa-zeni-a-koi-alfa-mazi-01.jpg

Кои 3 знаци важат за алфа мажи?

Овен

Првиот знак на Зодијакот спаѓа во најдоминантните. Ова е комплетно оформен маж со став. Амбицијата нема да му дозволи да стои на страна и само да набљудува. Тој мора секогаш да биде прв и не се откажува лесно од своите работни замисли, но истата доминација го краси и на емотивно поле. Соодветно на својот карактер, тој бира моќна партнерка со слични карактеристики.

3-najdominantni-horoskopski-znaci-koi-se-alfa-zeni-a-koi-alfa-mazi-02.jpg

Бик

Бикот е идеален партнер за жените кои сакаат да бидат потчинети, но сепак да се почитува нивната женственост и сензуалност. Никој не ги чувствува женските потреби подобро од Бикот. Во сексот се вложува максимално, а партнерката знае да ја усреќи на сите полиња. Покрај неговата самодоверба и упорност, секој човек може да се мотивира.

Лав

Со еден збор - крал! Не треба да повторуваме дека ова е доминантно суштество без конК*ренција. Лавот бира задоволство на секое поле. Тој зазема главно место на сите позиции и случувања, па затоа очекува голема поддршка од партнерката. Не се задоволува со просек во ниту еден облик. Кај него важи правилото сè или ништо.



Изменето од Valerija - 20.Мај.2015 во 08:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2015 во 08:22

Каква жена му треба според хороскопскиот знак: На Бикот забавна, на Скорпијата посветена

Пред да се впуштите во нова врска или да се врзете на било кој начин, прво откријте какви жени му одговараат според хороскопскиот знак. Или пак мажи, искористете ги следниве описи за да си ја пронајдете идеалната жена.

kakva-zena-mu-treba-spored-horoskopskiot-znak-na-bikot-zabavna-na-skorpijata-posvetena-01.jpg

Овен

На Овенот најважно му е партнерката да мисли дека е најубав, најдобар и најпаметен. Ако се обиде на било кој начин да му противречи и да му го сруши егото, ќе биде елиминирана. Овенот има свој распоред и живот, па ако жената успее да се вклопи - супер. Во спротивно - ништо. Важно е тој да не треба да прави компромис.


Бик

Сака девојка со која ќе може да се забавува, затоа што Бикот сака да ужива, а не некој да го попречува неговиот мир. Така што ако мислите дека може било кога да му се јавите, грешите. Покрај тоа, мора се да испланирате однапред, но во склад со неговиот распоред и желби. Ако не сте талентирани за готвење, исто така најпаметно ви е да не му се приближувате.


Близнаци

Близнаците очекуваат нивната девојка да се однесува како вечна тинејџерка. Тоа е добрата страна, но Близнаците знаат да се однесуваат многу незрело и за сериозните работи. Ако не сакате да се допишувате и слушате вечно, заобиколете го овој знак. Него не можете да го наканите да направи нешто што вие сакате, ниту е подложен на манипулации. Како еден манипулатор може да си дозволи такво нешто? Празните приказни може да ги води цел ден.

kakva-zena-mu-treba-spored-horoskopskiot-znak-na-bikot-zabavna-na-skorpijata-posvetena-03.jpg

Рак

Расположението му се менува премногу брзо, а со оглед на тоа што постојано е напнат, лесно може да избувне. Имајте го тоа на ум. Него мора да му се угодува постојано. Тешко дека ќе се изборите со него за двајцата да бидете задоволни, затоа што на Ракот му смета буквално се. ќе мора да поразговарате со неговата мајка ако сакате да добиете добар совет. И да, семејството му е на прво место, затоа не се борете со тоа. Ако не сте подготвени за прилагодување, тогаш само продолжете понатаму.


Лав

Дефинитивно најгласниот и најнападен маж во Зодијакот. Ако не му обрнувате доволно внимание и го запоставите на само еден ден, веднаш ќе ви побара замена. Не може да поднесе ако не е се по негово, па дури и кога греши. Ако не сакате да слушате монолози во кои ќе се фали или не сакате да го фалите секојдневно, најдобро е да се откажете од Лавот.


Девица

Педантен, убаво облечен, испеглан и секогаш среден - вака ќе го познаете мажот во знакот на Девица. На се и сешто може да пронајде маана, но и на себе. Цинизмот го чува во малечки шишенца и не можете да го убедите дека сте во право. Можеби планира цел живот да го помине со вас, но сепак ништо нема да преземе. Овој маж никогаш нема да поднесе односи и емоции кои се помалку од совршени. Затоа, ако и вие не сте перфекционист - бегајте.

Вага

Неодлучноста и непријателскиот став се двете маани ма овој маж. Но, за среќа секогаш може да направи компромис. Во прво време ќе ви биде тешко да разграничите дали е заљубен или само добро воспитан. Овие мажи никогаш не сакаат да се сами, секогаш се со семејството или пријателите, а ако имаат време ќе се видат и со вас. Добрата страна е што знаат да се извинат, а она што никако не го сакаат се бесмислените кавги.


Скорпија

Овој маж тешко се врзува, а склон е и кон мешање на сексот со љубовта. Него му е важно да ја добие дневната доза задоволство, се друго може да почека. Љубоморен е и посесивен затоа што е често несигурен. Ако мислите дека имате вишок енергија и фантазии, тогаш посветете му се. Во спротивно, ако не сте подготвени за тотална посветеност, не влегувајте во никаква врска со него. Со Скорпијата нема компромис и каење.


Стрелец

Непостојан и променлив, овој весел маж нема долго да се задржи покрај вас ако постојано му го контролирате времето и му ги наметнувате ставовите. Тој ја сака слободата повеќе од се и не планира ништо да промени кај себе, туку очекува партнерката да го следи неговиот ритам.  Никогаш не знае што сака, но знае што не сака. Својата животна филозофија нема да ја промени за ништо на светов, затоа не му кажувајте што да прави. Во спротивно, со задоволство ќе ве испрати до вратата.

kakva-zena-mu-treba-spored-horoskopskiot-znak-na-bikot-zabavna-na-skorpijata-posvetena-04.jpg

Јарец

Тој може да зборува со денови, но и да чека со денови. Тоа не ви оди во прилог ако чекате Јарецот да го направи првиот чекор. Иницијатива речиси и да нема во него, затоа не очекувајте многу. Ако е веќе во врска, мора се да биде по прописи. Бавен е, но и темелен. Треба да ги издржите сите негови тестови. Ако немате трпение, подобро е да го избегнувате како партнер.


Водолија

Тешко е да го наканите да се ожени и врзе, затоа не се надевајте премногу. Тој сака да живее за друштвото, за излегувања, мажот Водолија не е за заедница која вклучува обврски. Бракот не го сфаќа сериозно, односно се однесува како воопшто да не постои, тоа е само хартија. Неговата тајна е во тоа што ќе прифати само жена која сака да му биде пред се пријател, па потоа се друго. Додека не најде таква, верноста нема да му биде силна страна.


Риби

Тешко се отвора пред било која жена, затоа прво мора да биде сигурен дека се работи за жена која ќе сака да се вклопи во неговиот живот, па потоа да тргне во акција. Важно му е партнерката да не го ограничува, затоа што таквата врска му ја црпи енергијата. Љубител е на музика и филмови, па ако не сте заинтересирани за уметност или прилагодување, тогаш тргнете се на страна. Не се заљубува лесно, затоа многу важно е да оставите добар прв впечаток.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2015 во 08:23

ВО ВТОРАТА ТРЕТИНА ОД 2015 ГОДИНА ОВИЕ 5 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ЌЕ БИДАТ НАЈСРЕЌНИ!

3

Помина една третина од 2015-тата, а кои 5 хороскопски знаци ќе имаат особена среќа во втората третина од годинава.

Родените во знакот на Лав, Овен, Водолија, Вага и Близнаци ќе имаат посебно наклонета среќа во следниот период.

Според хороскопот, на нив се ќе им оди од рака, а периодов ќе избегнат посериозни проблеми на сите полиња.

Минатата третина од годинава беше особено лоша за овие пет хороскопски знаци, па во идната дефинитивно ќе им се насмее среќата.

Бикот, Ракот и Јарецот, како што вели хороскопот, треба помалку да се грижат за она што ќе им се случува и да се свртат кон нивните цели и планови за следните 4 месеци.

Шкорпијата, Рибите, Девицата и Стрелецот треба да се борат за својата среќа, доколку сакаат идната третина да им биде поволна.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2015 во 08:17

КОЈ Е НАЈДОБРИОТ СОПРУГ СПОРЕД ХОРОСКОПОТ?

20

Иако сите имаат различни вкусови, желби и очекувања, сепак сите жени сакаат на крајот да се омажат со некој кој ќе биде верен, ќе ги сака и ќе биде покрај нив.

Според астролозите положбата на планетите на одреден хороскопски знак има значајно влијание врз карактерот на една личност.

Па така, мажот кој е роден во хороскопскиот знак Бик, се смета дека како сопруг ги има најдобрите особини од сите знаци во Зодијакот.

Постојат некои описи кои го претставуваат Бикот како неморален, но тоа е само во исклучителни ситуации кога има силна потреба да го задоволи својот физички живот.

Инаку, тој е кроток, добродушен и верен. Никогаш нема да запостави својот дом и семејството поради каков било интерес.

Тој ги обожува сопругата и децата, поради што дава сè од себе за да им ги обезбеди најдобрите услови за живот.

Овој тип на маж најчесто се жени со девојка која има подобар материјален и социјален статус од него, затоа што се раководи од амбицијата да успее да се пробие во повисоките друштвени и општествени кругови.

Венера му дава исклучителна смисла за убавина, што допринесува за тоа Бикот секогаш за себе да бара убава и згодна жена. Тие обожаваат другите да зависат од нив и сакаат да чувствуваат дека тие му даваат сè на своето семејство. Кога еднаш ќе се ожени, Бикот најтешко се разведува.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2015 во 18:38

СОВРШЕНА ВЕНЧАНИЦА СПОРЕД ХОРОСКОПОТ

14

Отсекогаш се двоумевте дали на вашата венчавка сакате да носите фустан од сатен или од тантела? Дали сакате корсет или долги ракави? Секси шлиц или длабоко деколте?

Ако сакате мало олеснување, посебно ако оваа сезона сте невеста, задолжително проверете си каков модел на венчаница ви прилега според датумот на раѓање.

Овен

Вие сте љубители на модата, но не сте личност која слепо ги прати трендовите, туку сте вљубени во скапите и квалитетни парчиња облека. На венчавката, невестите родени во овој знак сакаат да изгледаат префинето и да се издвојат со елеганцијата. Кичот никогаш не доаѓа во предвид.

Совршената венчаница за вас е едноставна, бела и со отворен грб. Овните се познати како егоисти, така што пожелно е тие да бидат во центарот на вниманието, а не самиот фустан, па затоа се одлучуваат за минимализам.

sovrsena-vencanica-spored-horoskopot-nevestite-ribi-sakaat-boho-fustan-a-skorpiite-modeli-od-saten-19.jpg


Бик

Биковите го сакаат комфорот и затоа со задоволство ќе одберат венчаница во која ќе можат без проблем да гираат цела ноќ. Исто така, бираат облека која ја истакнува нивната самодоверба, па не се чудете ако претераат со нагласување на атрибутите кои ги сакаат.

Секси венчаницата со необичен крој, а лесна за носете е вистинскиот избор. Претесните модели и корсети не доаѓаат во предвид. Венчаницата која лесно паѓа или има А-крој е совршена за раскошната церемонија на невестите во знакот на Бик.

sovrsena-vencanica-spored-horoskopot-nevestite-ribi-sakaat-boho-fustan-a-skorpiite-modeli-od-saten-20.jpg


Близнаци

Вие сте моден магнет, ги мешате различните трендови и стилови, а сепак изгледате совршено и складно. Никогаш не можете да се откажете од светките и цирконите затоа што го сакате раскошот кој го симболизираат.

Гламурозната венчаница со златни детали е совршен избор за сите невести родени во знакот на Близнаци. Моделот од матиран материјал со нагласени златни акценти е она што ќе ве направи најсреќни на денот на венчавката.

sovrsena-vencanica-spored-horoskopot-nevestite-ribi-sakaat-boho-fustan-a-skorpiite-modeli-od-saten-21.jpg


Рак

Ако треба со еден збор да ги опишете жените родени во овој знак, тогаш тоа би бил зборот елеганција. Раковите се женствени и сакаат класична гардероба.

Совршената венчаница на невестата Рак е со А-крој и без прерамки. Наместо стандардната бела боја, Раковите со задоволство ќе одберат светла крем боја или шампањ нијанса.

sovrsena-vencanica-spored-horoskopot-nevestite-ribi-sakaat-boho-fustan-a-skorpiite-modeli-od-saten-22.jpg


Лав

Кога се работи за модата, Лавовите сакаат силни бои и обожаваат да се издвојуваат од топлата. Тие никако не сакаат да се вклопат, туку сакаат да бидат забележани на секој чекор.

Токму затоа на посебниот ден невестите Лавици нема да ја пропуштат можноста да одберат голема и раскошна венчаница која буквално ќе боде очи. Балските модели со помпезен тул се првиот избор со кој нема да погрешите.

sovrsena-vencanica-spored-horoskopot-nevestite-ribi-sakaat-boho-fustan-a-skorpiite-modeli-od-saten-23.jpg


Девица

Девиците се женствени, нежни и вечни девојчиња. Сакаат да изгледаат како дами, па затоа секогаш носат нежни пастелни бои кои ја истакнуваат нивната невиност.

Елегантната и долга венчаница со розови мотиви е остварување на секоја невеста Девица. Избегнувајте ги светките и цирконите затоа што тие не соодветствуваат со вашата елеганција.

sovrsena-vencanica-spored-horoskopot-nevestite-ribi-sakaat-boho-fustan-a-skorpiite-modeli-od-saten-24.jpg

Вага

Вагите сакаат баланс, златна средина, како во животот така и во гардеробата. Сепак, имате денови кога сакате да експериментирате. Тогаш не се плашите да ја покажете иновативноста, која е вашиот најголем квалитет.

Сепак, вашата венчаница не е голема, во балски фазон како за принцеза. Најдобро ќе се чувствувате во едноставната и затворена венчаница без претерано истакнување на кожата и натрупани детали.

sovrsena-vencanica-spored-horoskopot-nevestite-ribi-sakaat-boho-fustan-a-skorpiite-modeli-od-saten-25.jpg


Скорпија

Вие обожавате да комбинирате различни материјали и да го спојувате неспоивото. Креативни сте и самоуверени, а модата за вас е игра.

Затоа што сакате луксуз и секи изглед, со задоволство ќе одберете фустан од сатен, по можност кој ја следи линијата на телото. Долгата опшака од материјал која се влече позади вас исто така е добредојдена.

sovrsena-vencanica-spored-horoskopot-nevestite-ribi-sakaat-boho-fustan-a-skorpiite-modeli-od-saten-26.jpg


Стрелец

Стрелците се личности кои пукаат од самодоверба, па обожаваат гардероба со бои и шари кои привлекуваат внимание. Вие бирате алтернативни стилови и решенија, класиката е здодевна и не доаѓа во предвид.

Токму затоа невестите родени во знакот на Стрелец ќе одберат фустан со чуден, необичен крој и несекојдневни мотиви. Моделите со тесен корсет имаат предност, но единствен услов да бидете задоволни од крајниот резултат е венчаницата да биде исцртана и сошиена специјално за вас.

sovrsena-vencanica-spored-horoskopot-nevestite-ribi-sakaat-boho-fustan-a-skorpiite-modeli-od-saten-27.jpg


Јарец

Спротивно од Стрелецот, вие сакате едноставна и класична гардероба. Сепак, сакате да додадете свој личен печат на комбинациите кои ги носите.

Токму затоа никогаш не би се појавиле во провокативна венчаница која свети. Не можете да се замислите во венчаница која ви ги стега градите, ви го истенчува струкот или ви ги нагласува колковите. Затоа широката венчаница која лесно паѓа е идеален избор за вас.

sovrsena-vencanica-spored-horoskopot-nevestite-ribi-sakaat-boho-fustan-a-skorpiite-modeli-od-saten-28.jpg


Водолија

Вие едноставно не се вклопувате во пропишаните правила на модата, премногу сте поинакви и креативни. Љубител сте на трендовите, но не и на моделите кои ги носи топлата.

Вашата венчаница е уникатна и единствена, па наместо долг фустан како секоја невеста, со задоволство би се одлучиле за краток модел со луксузна тантела.

sovrsena-vencanica-spored-horoskopot-nevestite-ribi-sakaat-boho-fustan-a-skorpiite-modeli-od-saten-29.jpg


Риби

Вие сте слободна личност со весел дух, не сакате стеги и граници, а тоа важи и кога бирате гардероба. Романтичарки сте во душа, па затоа го негува нежниот опуштен стил.

Токму затоа традиционалниот фустан не е добар избор. Тој ќе ве задуши. Наместо него, одберете романтичен модел со тантела и долги ракави во бохо стил.

sovrsena-vencanica-spored-horoskopot-nevestite-ribi-sakaat-boho-fustan-a-skorpiite-modeli-od-saten-30.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2015 во 08:32

КАКО СТРАДААТ ЗНАЦИТЕ НА ЗОДИЈАКОТ? НЕКОИ ПОКАЖУВААТ ЈАСНО, ДРУГИ ПАТАТ ВО СЕБЕ...

2

ОВЕН

Овенот е кардинален оган, а тоа значи дека кога ќе се налути, ќе пламне, и нема шанси да не го забележите дека се налутил. Овновите лесно ја покажуваат лутината, а може да ги налути речиси сè. Тие се „бебињата“ во Зодијакот, па така и кога ќе се лути, ќе се однесуваат како „бебе“: ќе викаат, ќе плачат, ќе клоцаат и на цел глас ќе ја манифестираат својата лутина.

БИК

Биковите се фиксна земја, а тоа значи дека се најинаетливиот, најтврдоглавиот знак во хороскопот. Ако еден Бик ви се налути, очекувајте тоа да трае. Можеби нема на глас да каже и да покаже, но секако долго ќе ја манифестира својата лутина. За нив се вели дека побрзо планината ќе се помести, отколку тие што ќе попуштат во инаетот и лутината.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците се променлив воздух, а тоа значи дека и лутината им е променлива. Ја манифестираат преку кавга, зборови и употреба на навреда, никогаш со тепање или кршење. Лесно може да се налутат, но и брзо и лесно може да им помине. Не се истрајни во ништо, дури ни во лутењето.

РАК

Раковите се кардинална вода, а тоа значи дека ако се налутени, сте ги повредиле нивните емоции. Како и другите кардинални знаци, и Раковите јасно ќе ви покажат дека се лути. Нема да се двоумите со нив во поглед на тоа дали се лути или не.

ЛАВ

Лавовите се фиксен оган, а тоа значи дека лутината им е долготрајна, и секојпат кога ќе имаат можност да ве пецнат и да ви вратат, ќе го направат тоа. Нив ќе ги погодите ако им го уривате угледот, односно гордоста. Нема да им помине брзо ни лесно.

ДЕВИЦА

Девиците се променлива земја, а тоа значи дека лесно и брзо им поминува лутината. Ќе заборават и за што се налутиле, а може и да не забележите дека се налутени луѓето родени во овој знак.

ВАГА

Вагите се кардинален воздух, а тоа значи дека ако се налутат ќе го покажат тоа со зборови, а често пати и со насмевка. Ова се најчудните од сите зодијачки знаци кога се налутени, затоа што секогаш ќе се двоумите со што точно ги навредивте, или ги налутивте.

СКОРПИЈА

Скорпиите се фиксна вода, а тоа значи дека никогаш нема да ја заборават причината што ги навредило или налутило, затоа што кај нив ќе се поврзе со емоциите. Не знам дали ќе ви кажат дека се налутени, но бидете сигурни дека ќе ги чекаат своите 5 минути за да ви вратат.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците се променлив оган, а тоа значи дека ако се налутат ќе пламнат, но тоа нема да трае долго. Ако ги замуабетите околу нешто друго, ќе заборават и за причината и за навредата.

ЈАРЕЦ

Јарците се кардинална земја, а тоа значи дека кога се лути – лути се, иако може да не ви кажат зошто се налутиле. За нив се вели дека имаат долга и добра меморија, само затоа што планетата Сатурн владее со нив, а Сатурн се поврзува со времето и вечноста.

ВОДОЛИЈА

Водолиите се фиксен воздух, а тоа значи дека често во разговорите делуаат како да се лути, иако не се, а ако навистина се налутат, тоа е нешто што трае. Нивните зборови ќе се стрели насочени против вас во текот на долг период.

РИБИ

Рибите се променлива вода, а тоа значи дека може да ги повредите нивните емоции, но нема да ви се лутат долго. Знаат да `страдаат` најмногу од сите знаци, и знаат да простуваат најлесно од сите останати знаци во хороскопот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2015 во 13:47

ДОЗНАЈТЕ НА КОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК СТЕ СЛАБИ И БАРЕМ ЕДНАШ ВО ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ИМАТЕ ЗА ПАРТНЕР

10

Во Зодијакот постојат повеќе љубовни комбинации кои се олицетворение на страст и големи емоции, па токму таквите привлечности се неизбежни.

Дознајте на кој хороскопски знак сте слаби и барем еднаш во животот ќе го имате за партнер.

1. Овен и Вага

Веќе при првото среќавање на овие знаци се појавуваат искри. Енергијата и сексуалноста на Овенот и шармот и префинетоста на Вагата создаваат силна хемија. Оваа љубовна врска е голем предизвик за двете страни, па тешко дека ќе одолеат да не се пробаат како пар.

Проблемите во односот може да настанат кога пристојното однесување и начин на живот на Вагата ќе започнат да го нервираат Овенот. Вагата од друга страна пак, ќе се обиде да го направи Овенот попристоен.

За врската да успее, потребно е овие два знаци својата природа да ја спојат во заеднички активности, наместо да се препираат.


2. Бик и Скорпија

Кога нежниот Бик ќе се отвори пред Скорпијата и во неа ја види страста која ја носи, доаѓа до огромна сексуална поврзаност. Кога ќе влезат во врска не можат да се заситат еден од друг, но кавгите се исто така неизбежни.

Бикот се изморува од темпото на Скорпијата, додека на Скорпијата и пречи пасивноста на Бикот.

Само ако страста од спалната соба може да се пренасочи кон заедничко дружење, работите може да се подобрат.


3. Близнаци и Стрелец

Привлечноста меѓу овие два знака не е само физичка, туку се одразува и на ментално ниво. Љубопитните Близнаци и Стрелците кои вечно филозофираат, ги обожаваат меѓусебните разговори.

Близнаците може да ги изнервира само ставот дека Стрелецот сè знае најдобро, додека Стрелецот може да му замери на партнерот за повремената незаинтересираност и склоноста кон озборување.

Решението е во заедничките патувања.

4. Рак и Јарец

Чувствителноста на Ракот и моќта на Јарецот претставуваат совршен спој.

Страста може да биде кратко попречена од емоциите на Ракот, а Јарецот повремено да го игнорира, додека на Јарецот може да му здодее неодлучноста и несамостојноста од другата страна.

Задолжително мора да се потсетуваат дека не се само партнери, туку и љубовници, ако сакаат да успеат.


5. Лав и Водолија

Кралот на светот не може да и одолее на слободната Водолија која го признава само својот авторитет. Бунтовничкиот дух е освежување за Лавот, додека за Водолиите најпривлечна е харизмата на Лавот.

Преголемата потреба за внимание на Лавот и противењето на Водолиите може да доведе до сериозни проблеми.

Спасот мора да го најдат во креветот, далеку од сите луѓе и познаници.


6. Девица и Риби

Девицата сака ред, а Рибите ги одбива рутината, па затоа ова е доволно спротивно за да се привлечат. Врската ја гледаат како единствен начин да си го променат животот, па Девицата обожава да ја научи Рибата на ред, додека Рибата ја учи Девицата како да се опушти.

Во одреден момент несериозноста на Рибите може да и попречи на Девицата, а потребата за контрола на Девицата да биде препрека за другата страна.

Подготвеноста на компромис може да ја спаси врската.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2015 во 11:27

На кој хороскопски знак сте слаби: Љубовните врски помеѓу овие знаци се неизбежни


Во Зодијакот постојат повеќе љубовни комбинации кои се олицетворение на страст и големи емоции, па токму таквите привлечности се неизбежни.

na-koj-horoskopski-znak-ste-slabi-ljubovnite-vrski-pomegu-ovie-znaci-se-neizbezni-01.jpg

Дознајте на кој хороскопски знак сте слаби и барем еднаш во животот ќе го имате за партнер.

1. Овен и Вага

Веќе при првото среќавање на овие знаци се појавуваат искри. Енергијата и сексуалноста на Овенот и шармот и префинетоста на Вагата создаваат силна хемија. Оваа љубовна врска е голем предизвик за двете страни, па тешко дека ќе одолеат да не се пробаат како пар.

Проблемите во односот може да настанат кога пристојното однесување и начин на живот на Вагата ќе започнат да го нервираат Овенот. Вагата од друга страна пак, ќе се обиде да го направи Овенот попристоен.

За врската да успее, потребно е овие два знаци својата природа да ја спојат во заеднички активности, наместо да се препираат.


2. Бик и Скорпија

Кога нежниот Бик ќе се отвори пред Скорпијата и во неа ја види страста која ја носи, доаѓа до огромна сексуална поврзаност. Кога ќе влезат во врска не можат да се заситат еден од друг, но кавгите се исто така неизбежни.

Бикот се изморува од темпото на Скорпијата, додека на Скорпијата и пречи пасивноста на Бикот.

Само ако страста од спалната соба може да се пренасочи кон заедничко дружење, работите може да се подобрат.


3. Близнаци и Стрелец

Привлечноста меѓу овие два знака не е само физичка, туку се одразува и на ментално ниво. Љубопитните Близнаци и Стрелците кои вечно филозофираат, ги обожаваат меѓусебните разговори.

Близнаците може да ги изнервира само ставот дека Стрелецот сè знае најдобро, додека Стрелецот може да му замери на партнерот за повремената незаинтересираност и склоноста кон озборување.

Решението е во заедничките патувања.

na-koj-horoskopski-znak-ste-slabi-ljubovnite-vrski-pomegu-ovie-znaci-se-neizbezni-02.jpg

4. Рак и Јарец

Чувствителноста на Ракот и моќта на Јарецот претставуваат совршен спој.

Страста може да биде кратко попречена од емоциите на Ракот, а Јарецот повремено да го игнорира, додека на Јарецот може да му здодее неодлучноста и несамостојноста од другата страна.

Задолжително мора да се потсетуваат дека не се само партнери, туку и љубовници, ако сакаат да успеат.


5. Лав и Водолија

Кралот на светот не може да и одолее на слободната Водолија која го признава само својот авторитет. Бунтовничкиот дух е освежување за Лавот, додека за Водолиите најпривлечна е харизмата на Лавот.

Преголемата потреба за внимание на Лавот и противењето на Водолиите може да доведе до сериозни проблеми.

Спасот мора да го најдат во креветот, далеку од сите луѓе и познаници.


6. Девица и Риби

Девицата сака ред, а Рибите ги одбива рутината, па затоа ова е доволно спротивно за да се привлечат. Врската ја гледаат како единствен начин да си го променат животот, па Девицата обожава да ја научи Рибата на ред, додека Рибата ја учи Девицата како да се опушти.

Во одреден момент несериозноста на Рибите може да и попречи на Девицата, а потребата за контрола на Девицата да биде препрека за другата страна.

Подготвеноста на компромис може да ја спаси врската.


Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 00:03

Главни журкаџии: Овие 5 хороскопски знаци се родени за забава


Некои луѓе сакаат луди журки, некои пак сакаат мирни седенки. Верувале или не, и тука голема улога има вашиот хороскопски знак.


glavni-zurkadzii-ovie-5-horoskopski-znaci-se-rodeni-za-zabava-001.jpg

Проверете дали сте помеѓу 5-те знаци за кои забавата никогаш не престанува:

Стрелец

Вистинската забава не започнува додека не дојде Стрелецот. Лицата во овој хороскопски знак се природно предодредени да бидат социјално - екстровертни типови. Ако има потреба од вжештување на атмосферата, секогаш може да сметате на нив. Огнен знак се, што значи дека генерално сакаат да се во движење, па кога се излезени обожаваат да танцуваат.


Лав

Уште еден хороскопски знак кој знае како да ја подигне атмосферата. Лавовите сакаат да бидат видени и сакаат сите да им се воодушевуваат. Со таа цел, ќе заиграат во секоја прилика, а она што посебно ги радува е театралното влегување на забавата.


Риби

Иако Рибите се далеку позатворени типови од Лавовите и Стрелците, заради своите зависнички карактеристики се идеални партнери кои никогаш нема да ве напуштат кога забавата ќе започне. Само треба да им се даде прилика и да им се погоди друштвото за да се опуштат. После тоа веројатно ќе имате проблем да ги вратите дома.


Овен

Овните сериозно си ја разбираат забавата, колку и да звучи контрадикторно. Тие се грижат за гостите и друштвото и често проверуваат дали на некој му недостасува пијалак. Немаат одреден тип на луѓе за забава, па затоа лесно се вклопуваат секаде. И многу често додека се излезени планираат нови излегувања во текот на месецот, па затоа никогаш не им е здодевно.


Водолија

Водолијата сака да биде опкружена со луѓе. Спонтани и оригинални, Водолиите ветуваат возбудливи забави. Иако можеби нема да бидат во центарот на подиумот, тие вешто знаат да направат муабет со старите пријатели, но и со странците кои штотуку ги запознале. Плус, алкохолот е нивен чест сојузник кој со задоволство го делат со останатите.

glavni-zurkadzii-ovie-5-horoskopski-znaci-se-rodeni-za-zabava-02.gif

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 00:02

РибиРиби
 19.02-20.03

ЉубовРаботаЗдравје
544

20 до 26 април 2015

Љубов: Ако се додворувате некому, бидете подискретни. Ако сте во врска, занемарете ги приговорите од страна на партнерот. Како што ќе одминува седмицата, љубовните прилики ќе се подобруваат. Затоа одете чекор по чекор, па и резултатите ќе бидат потрајни.

Работа: Многумина ќе одат на сигурно,  неодамнешните искуства и искушенија ќе им говорат така да направат. Сепак, понекогаш можете и да ризикувате. Не е сè така тешко како што ви се чини. Од некаде ќе се појави поддршка на која воопшто не сте се надевале.

Здравје и совет: Сепак напредувате.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 00:01

ВодолијаВодолија
 20.01-18.02

ЉубовРаботаЗдравје
544

20 до 26 април 2015

Љубов: Ќе им бидете интересни на другите, заводливи, шармантни и елоквентни. Сите тие се особини со кои можете да остварите пријатни познанства, а можеби и многу повеќе. Немојте да самувате бидејќи ова се денови кога имате зголемени шанси за љубов.

Работа: Немојте да инсистирате на своите идеи. Иако некои врати се малку отворени, сè уште не е време да се експонирате. Работете во тишина и според правилата на игра. Трпеливо чекајте ги своите пет минути. Тие ќе дојдат. Кога ви е тешко, најдете ведри луѓе.

Здравје и совет: Човек за човека е лек.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 00:01

ЈарецЈарец
 21.12-19.01

ЉубовРаботаЗдравје
544

20 до 26 април 2015

Љубов: Додека вие размислувате за своето љубовно минато, вашата љубовна сегашност полека ќе ви бега. Можно е да пропуштите некоја љубовна прилика затоа што спиете. Оние што се во врска сепак ќе најдат заеднички јазик со саканата личност.

Работа: Оние кои искрено се преиспитале, знаат што треба да направат и ќе тргнат во таа насока. Оние кои сè уште не размислиле за себе, ќе се соочат со последиците од сопствената амбиција и сега ќе видат каде згрешиле. Потоа ќе продолжат напред.

Здравје и совет: Бидете пољубезни и поотворени.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 23:58

СтрелецСтрелец
 22.11-21.12

ЉубовРаботаЗдравје
544

20 до 26 април 2015

Љубов: Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. Одолејте им на искушенијата за надмудрување. Бидете толерантни и духовити колку што можете. Ако партнерот ве испровоцира, немојте тоа да го земете при срце. Тоа ќе помине.

Работа: За да го подобрите она што го работите, мора да се отворите и повеќе да соработувате со другите. Ставот дека некој не е добар, особено ако тоа се однесува за вас, не е добар. Поработете на сопствената анализа и сè ќе ви биде појасно, па и полесно.

Здравје и совет: Добро е да се биде во природа, таа освежува.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.