|
ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ |
Внеси реплика | страница <1 2526272829 30> |
Автор | |
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СНОШТИ МИНАВ ПОКРАЈ ВАЗИ СНОШТИ МИНАВ ПОКРАЈ ВАЗИ, ТЕБЕ МОМЕ НЕ ТЕ НАЈДОВ, СРЦЕ МИ СЕ РАСТРЕПЕРИ, ПОЧНАВ СОЛЗИ ДА РОНАМ. КАЖИ МОМЕ ВИСТИНАТА, ЉУБИШ ЛИ МЕ МАМИШ ЛИ МЕ ИЛ' СО МЕН' СЕ ПОДИГРУВАШ ДА ТИ МИНЕ ВРЕМЕТО. СЕЧИ МОМЕ РУСИ КОСИ, ПРАВИ СКАЛА ДА СЕ КАЧАМ, ДА ТИ ЉУБАМ БЕЛО ЛИЦЕ, ЕМ РУДОТО ТИ ГРЛО. АХ ДА МОЖАМ ДА РАЗБЕРАМ, БУЛА ЛИ СИ ИЛ' ГРКИЊА, ИЛ' СИ МОМА МАКЕДОНКА, ШТО СИ ТОЛКУ УБАВА. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВАСЕ АЈДЕ ДА СЕ ЗЕМЕМЕ АЈДЕ ДА СЕ ЗЕМИМЕ ВАСЕ, ВАСЕ АЈДЕ ДА СЕ ЗЕМИМА, АКО ПАРИ НЕМАМЕ ВАСЕ, ВАСЕ БАРЕМ ЉУБОВ ИМАМЕ, ПАРИ ЌЕ СПЕЧАЛИМЕ ВАСЕ, ВАСЕ КУЌА ЌЕ НАПРАВИМЕ, ВАСЕТО НА ПАНКОВЦИ АМАН, АМАН И ТОМЕ НА ТОЗИОВЦИ, КОГА БЕВМЕ БИТОЛА ВАСЕ, ВАСЕ ШЕЌЕР ЛОКУМ ЈАДЕВМЕ, ШЕЌЕР ЛОКУМ ЈАДЕВМЕ ВАСЕ ВАСЕ ЛАДНА БИРА ПИЕВМЕ. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СНОШТИ СИ ПОМИНАВ СНОШТИ СИ ПОМИНАВ ПОКРАЈ ВАШ'ТО ПОРТЕ, ТЕБЕ НЕ ТЕ НАЈДОВ СТЕФКЕ, НА ПОРТЕ ДА СТОИШ. НА ПОРТЕ ДА СТОИШ, МЕНЕ ДА ПРЕЧЕКАШ, ЦВЕЌЕ ДА НАБЕРЕШ СТЕФКЕ, МЕНЕ ДА ИСПРАТИШ, МЕНЕ ДА ИСПРАТИШ СТЕФКЕ, ОТИ ВОЈНИК Ќ'ОДАМ. ПРВО ПИСМО ДОЈДЕ, СТЕФКА СЕ РАЗБОЛЕ, СТЕФКА СЕ РАЗБОЛЕ ЏАНАМ, ЗА ЛУДОТО МЛАДО. ВТОРО ПИСМО ДОЈДЕ, СТЕФКА МИ ОЗДРАВЕ, СТЕФКА МИ ОЗДРАВЕ ЏАНАМ, ЗА ЛУДОТО МЛАДО. ТРЕТО ПИСМО ДОЈДЕ, СТЕФКА СЕ ПОСВРШИ, СТЕФКА СЕ ПОСВРШИ ЏАНАМ, ЗА ЛУДОТО МЛАДО. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
POZDRAV SCORPIJA ... DRAGO MI E STO SE JAVI NA OVAA TEMA .... INAKU SUM RAK... A RAK I SKORPIJA MOZE DA SE DRUZAT... |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
SkorpijA
Сениор Регистриран: 25.Април.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1692 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bravo za pesnive Mnogu gi sakam "Sestra brata kani na vecera" i "Site devojcinja"
|
|
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АЈДЕ МОМЕ СТОЈНЕ ДА БЕГАМЕ АЈДЕ, АЈДЕ МОМЕ СТОЈНЕ, АЈДЕ, АЈДЕ МОМЕ СТОЈНЕ ДА БЕГАМЕ. НЕ СУМ МОМА ЗА БЕГАЊЕ, ИМАМ ПЛАТНО ЛИБЕ ЃОРЃИ, ЗА БЕЛЕЊЕ. ОСТАВИ ГО НА МАЈКА ТИ, НЕКА БЕЛИ МОМЕ СТОЈНЕ, НЕКА ПЛАЧЕ. ИМАМ ЃЕРЃЕВ ЗА ВЕЗЕЊЕ, ИМАМ ЃЕРЃЕВ ЛИБЕ ЃОРЃИ, ЗА ВЕЗЕЊЕ. ОСТАВИ ГО НА СЕСТРА ТИ, НЕКА ВЕЗЕ МОМЕ СТОЈНЕ, НЕКА ПЛАЧЕ. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СИТЕ ДЕВОЈЧИЊА МАМО СЕ МАЖИЈА СИТЕ ДЕВОЈЧИЊА, МАМО СЕ МАЖИЈА, НАЈУБАВИ МОМЦИ ЗЕДОЈА, А ЈАС НАЈМАЛАТА, НАЈУБАВА МОМА, СИ ОСТАНАВ МАМО БЕЗ К'СМЕТ. ЈАС СИ ГО ЗЕДОВ МЛАДОТО БЕКРИВЧЕ, ШТО МИ ПИЕ ВИНО, РАКИЈА, ВЕЗДЕН МИ ОДИ МАМО, ПО МЕАНИ, ПИЈЕ, ЛУМПУЈ, ЛУПУЈ ДО ЗОРИ. СЕК'А ВЕЧЕР МАМО, ОДИ ПО МЕАНИ, СЕ ЗА ТАА ПУСТА РАКИЈА, А КОГА СЕ ВРАЌА МАМО ОД МЕАНА, УДРИ МАВАЈ, МАВАЈ ПО МЕНЕ. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАРИЧЕ, ЛИЧНО ДЕВОЈЧЕ МАРИЧЕ ЛЕ, ЛИЧНО ДЕВОЈЧЕ, УМИРАМ ЗАГИНВАМ ЗА ТЕБЕ, ОФ АМАН, АМАН, АМАН. ЖИВОТОТ ГО ДАВАМ ЗА ТЕБЕ, ОФ АМАН, АМАН, АМАН. ОДИ ПРАШАЈ ЈА ЛЕ МАЈКА ТИ, ДАЛИ ЌЕ ТЕ ДАДЕ ЗА МЕНЕ, ОФ АМАН, АМАН, АМАН. ЗА МЕНЕ ЛЕ, СИРАК СИРОМАВ, ОФ АМАН, АМАН, АМАН. А БРЕ ЛУДО, А БРЕ БУДАЛО, ЈАС СИ НЕМАМ НИКОЈ ОД РОДА, ОФ АМАН, АМАН, АМАН. СИРАЧЕ СУМ БЕЗ МАЈКА И ТАТКО, ОФ АМАН, АМАН, АМАН. АКО САКАШ ТИ ДА МЕ ЗЕМЕШ, ЈАС КАЈ ТЕБЕ САМА ЌЕ ДОЈДАМ, ОФ АМАН, АМАН, АМАН. И СО ТЕБЕ ВЕК ЌЕ ВЕКУВАМ, ОФ АМАН, АМАН, АМАН. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДАВАЈ МЕ МАМО ЗА ТОА ЦИГАНЧЕ ДАВАЈ МЕ МИЛА МАМО, ДАВАЈ МЕ, ЗА ТОА МИЛА МАМО ЦИГАНЧЕ. АМАН, ОФ АМАН МИЛА МАМО, ТОА ЦИГАНЧЕ. УСТАТА МУ Е МАМО КУТИВЧЕ, ЗАБИТЕ МУ СЕ МАМО БИСЕРИ. АМАН, ОФ АМАН МИЛА МАМО, ЗАБИ БИСЕРИ. КУЌАТА МУ Е МАМО КОЛИБА, ЗА МЕНЕ МИЛА МАМО ПАЛАТА. АМАН, ОФ АМАН МИЛА МАМО, ЗА МЕН' ПАЛАТА. ДЕЊЕ ГО ГЛЕДАМ МАМО ЦИГАНЧЕ, НОЌЕ ГО ГЛЕДАМ МАМО ГАЛАБЧЕ. АМАН, ОФ АМАН МИЛА МАМО, НОЌЕ ГАЛАБЧЕ. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЦВЕТИНИТЕ ОЧИ ЧЕРЕШОВИ ЦВЕТИНИТЕ ОЧИ ЧЕРЕШОВИ, СНОШТИ ГИ ВИДОВ РАСПЛАКАНИ. ШТО СИ МИ ЦВЕТЕ НАЖАЛЕНА, НАЖАЛЕНА РАСПЛАКАНА? ДАЛИ ТИ Е МАЈКА УМРЕЛА, ИЛИ Е БОЛЕН ТАТКО ТИ, ИЛИ ТЕ ТЕБЕ ПОСВРШИЈА, ЗА ТОА ЛИБЕ ШТО НЕ САКАШ? НИТИ МИ Е МАЈКА УМРЕЛА, НИТИ Е БОЛЕН ТАТКО МИ, ЛИЕБЕТО ВОЈНИК МИ ЗАМИНА, ВО ТАА ГРАДА БИТОЛА, ОД НЕГО ПИСМО ЈАС НЕМАМ, ЗАТОА СУМ ТОЛКУ НАЖАЛЕНА, НАЖАЛЕНА, РАСПЛАКАНА. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СЕСТРА БРАТА КАНИ ЗА ВЕЧЕРА СЕСТРА БРАТА КАНИ ЗА ВЕЧЕРА, АЈДЕ, АЈДЕ БРАТЕ ДА ВЕЧЕРАМЕ. ВЕЧЕРАЈТЕ СЕСТРО, НЕ ЧЕКАЈТЕ МЕ, ЈАС СУМ БИЛО СЕСТРО У МЕАНА. ЈАЛО, ПИЛО СЕСТРО, СУМ СЕ ОПИЛО, ГОЛЕМ ЗУЛУМ СЕСТРО СУМ НАПРАВИЛО. СУМ ЗАКЛАЛО ЕДНО СИНЕ НА МАЈКА, СЕГА ОНИ БАРАТ КРВНИНАТА. АЈДЕ, АЈДЕ БРАТЕ ДА ВЕЧЕРАМЕ, ЗА КРВНИНА БРАТЕ, КОЛАЈ БИВА. СЕСТРА ИМА БРАТЕ, ДЕВЕТ СИНА, ЕДНО СИНЕ МАЈКА ЌЕ ПРЕЖАЛИ. ЦЕЛ' НОЌ СЕДИ МАЈКА СОЛЗИ РОНИ, КОЕ СИНЕ МАЈКА ДА ПРЕЖАЛИ. ПРЕЖАЛИЛА МАЈКА НАЈМАЛОТО, НАЈМАЛОТО МАЈКА, НАЈУБАВОТО. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МОРЕ СОКОЛ ПИЕ ВОДА НА ВАРДАРОТ МОРЕ СОКОЛ ПИЕ ВОДА НА ВАРДАРОТ, ЈАНЕ, ЈАНЕ ЛЕ БЕЛО ГРЛО. МОРЕ ОЈ СОКОЛЕ, ТИ ЈУНАЧКО ПИЛЕ, ЈАНЕ, ЈАНЕ ЛЕ БЕЛО ГРЛО. МОРЕ НЕЛИ ВИДЕ, ЈУНАК ДА ПОМИНЕ, ЈУНАК ДА ПОМИНЕ С' ДЕВЕТ ЛУТИ РАНИ. ЈАНЕ, ЈАНЕ ЛЕ БЕЛО ГРЛО. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КАЖИ РАЈНЕ КОЈ ТИ НИШАН СТОРИ КАЖИ РАЈНЕ, КАЖИ ДУШО, КОЈ ТИ НИШАН СТОРИЛ, КОЈ ТИ НИШАН СТОРИЛ РАЈНЕ, НА БЕЛОТО ЛИЦЕ. ШТОМ МЕ ПРАШАШ, СТАРА ЛЕ МАЈКО, ПРАВО ЌЕ ТИ КАЖАМ, ПРАВО ЌЕ ТИ КАЖАМ МАЈКО, ТЕБЕ НЕ ТЕ ЛАЖАМ. СНОШТИ БЕА СТАРА ЛЕ МАЈКО, МОМЦИ МАКЕДОНЦИ, СЕ НА БЕЛИ КОЊИ МАЈКО, И СО ЖОЛТИ УЗДИ. ГЛАВАТАР ИМ БЕШЕ МАЈКО, МОЈТО ПРВО ЛИБЕ, ТОЈ МИ НИШАН СТОРИ МАЈКО, НА БЕЛОТО ЛИЦЕ. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРАША ЛИ ТИНКЕ МАМА ТИ ПРАША ЛИ ТИНКЕ МАМА ТИ, ЏАНАМ! ДАВА ЛИ ТЕБЕ ЗА МЕНЕ, ЏАНАМ, ЗА МЕНЕ ЃОРЃИЈА БЕКРИЈА. НЕ СУМ ЈА ЃОРЃИ ПРАШАЛА, ЏАНАМ! СИНОЌА СУМ ЈА СЛУШАЛА, ЏАНАМ, МАМА НА ТАТЕ ВЕЛЕШЕ. МАМА НА ТАТЕ ВЕЛЕШЕ, ЏАНАМ! АЈ ДА ГО ДАЈМЕ ТИНЧЕТО, ЏАНАМ, ЗА ТОЈ ЃОРЃИЈА БЕКРИЈА. ТАТЕ НА МАМА ВЕЛЕШЕ, ЏАНАМ! ДО ДЕВЕТ ЌЕРКИ ДА ИМАМ, ЏАНАМ, ЕДНА НА ЃОРЃИЈА НЕ ДАВАМ. ЃОРЃИ Е ПУШ ПИЈАНИЦА, ЏАНАМ! НА ВИНО ПИЕ КАЈМАКОТ, ЏАНАМ, А НА РАКИЈА ПРВАКОТ. НА ВИНО ВАДИ НОЖЕВИ, ЏАНАМ, А НА РАКИЈА ПИШТОЛИ. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
Внеси реплика | страница <1 2526272829 30> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |