|
Најубавите стихови во Библијата |
Внеси реплика | страница <1 2526272829 98> |
Автор | |
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да, вака зборува Господ, Творецот на небесата - Тој е Бог - Кој ја вообличи и ја создаде земјата, Кој ја зацврсти и не ја создаде пуста, туку ја вообличи за живеење: „Јас Сум Господ и нема друг.
Исаија 45:18 Заради Господовите добрини не сме уништени, Неговите милости никогаш не престануваат. Плач Еремиин 3:22 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Волјата на мојот Отец е: секој што ќе Го види Синот и поверува во Него да има живот вечен, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.” Ев. Јован 6:40 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кој Мудроста БОЖЈА ја бара од рано утро, нема да се измачува, зашто ќе Ја најде како седи пред неговата врата. Оти и самата мисла за Неа – совршенство е за разумот, а кој бдее заради Неа, брзо од грижи ќе се ослободи. Таа самата оди наоколу и ги бара достојните за себеси; доброволно им се јавува на нивните патишта, со нив се среќава при секоја мисла. Мудрост. 6:14 Изменето од spiros - 02.Јуни.2013 во 22:15 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Пословици 4
23 А над сè чувај го своето срце, зашто животот извира од него. 24 Држи ја далеку од себе лажливата уста, и оддалечувај ги од себе измамливите усни. 25 Нека твоите очи гледаат право напред, и нека твојот поглед биде секогаш прав. 26 Внимавај на патеката по која одиш, и нека сите твои патишта бидат постојани. 27 Не свртувај ни десно ни лево; држи ја својата нога далеку од злото. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мудроста е сјајна и неизминлива, допушта лесно ја видат оние што ја сакаат, и допушта лесно да ја најдат оние што искрено ја бараат. Мудрост. 6:12 ... Изменето од spiros - 02.Јуни.2013 во 01:44 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
УПАТСТВА ЗА ХРИСТИЈАНСКИ НАЧИН НА ЖИВЕЕЈЊЕ
Тит 2 1 А ти, пак, зборувај го она што се согласува со здравото учење: 2 старците да бидат трезвени, целомудрени, чисти, здрави во верата, во љубовта, во трпението; 3 старичките, исто така, да живеат како што им прилега на светии - да не клеветат, да не се предаваат на многу вино, да учат за добро, 4 за да ги вразумуваат невестите да ги сакаат мажите свои и децата свои; 5 да бидат целомудрени, чисти, добри домаќинки, благи, покорни на своите мажи, та да не се хули словото Божјо. 6 Исто така, советувај ги младежите да бидат чесни, 7 а во се претстави се сам како образец на добри дела, покажувајќи чистота на учењето, нерасипаност, чесност: 8 Слово здраво, без укор, та да се посрами противникот, бидејќи не ќе има да рече ништо лошо за нас. 9 Советувај ги слугите да ги слушаат своите господари, да им угодуваат во се, не повраќај им; 10 да не крадат, туку во се да покажуваат добра верност, та науката на нашиот Спасител, Бога, да ја украсуваат во се. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
2ТИМОТЕЈ
Глава 4 1 Те заколнувам пред Бога и Христа Исуса, Кој е готов да им суди на живите и мртвите, со Неговото јавување и Неговото Царство: 2 проповедај го словото, настојувај во време и во невреме, изобличувај, прекорувај, охрабрувај со сета трпеливост и со поука. 3 Зашто ќе дојде време, кога луѓето не ќе ја трпат здравата наука, туку според своите страсти ќе си насоберат учители,за да им ги скокоткаат ушите, 4 и ќе ги одвратат ушите од вистината, а ќе се свртат кон бајки. 5 А ти биди трезвен во сè, трпи го страдањето, врши ја работата на евангелист, исполнувај ја својата служба до крај. 6 Зашто јас веќе сум излеан како жртва налевница, и времето на моето заминување настапи. 7 Извојував добра борба, го завршив трчањето, ја запазив верата. 8 Отсега натаму ми е подготвен венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној Ден Господ, Праведниот Судија, и не само мене, туку и на сите, кои го возљубија Неговото јавување. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Стих на денот
Оној Сум, Кој од почетокот го открива свршетокот и јавува однапред за она што уште не се збиднало! Јас велам: ‘Мојата одлука ќе се исполни, ќе извршам сe што Ми е по волја. ’ Исаија 46:10 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не ве наречувам веќе слуги; зашто слугата не знае што прави неговиот господар; а вас ве нареков пријатели, зашто ви соопштив сè што чув од Мојот Татко. Ев. Јован 15:15 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Псалм 144
1 Ќе Те превеознесувам, Боже мој, Цару мој, и ќе го благословувам името Твое сега, секогаш и во сите векови. 2 Секој ден ќе Те благословувам и ќе го фалам името Твое сега, секогаш и во сите векови. 3 Велик е Господ и достоен за голема похвала и величието Негово нема крај. 4 Од род во род ќе се фалат делата Твои и за силата Твоја ќе се прикажува. 5 За велелепната слава на Твојата светост ќе зборуваат и за Твоите чудеса ќе известуваат. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
redribbon
Нов член Регистриран: 27.Февруари.2013 Статус: Офлајн Поени: 10 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
„Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град што се наоѓа на врв планина. Ниту пак светило се пали и клава под поклоп, туку на свеќник и им свети на сите в куќи. Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен...” (Мат. 5; 14 – 19)
„Кој ќе најде добродетелна жена? Таа вреди повеќе од бисери. Мажовото срце се надева во неа, и не ќе му недостига печалба. Таа му прави добро, а не зло, во сите дни на својот век.“ (Пословици, 31:10-12) |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Пословици 3
5 Надевај се на Господа од се срце и не се потпирај врз твојот разум. 6 По сите свои патишта размислувај за Него, и Он ќе ти ги покаже твоите патеки. 7 Не се сметај за мудрец; бој се од Господа и бегај од злото: 8 тоа ќе биде здравје за твоето тело и лек за твоите ко |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
БЛАГОСЛОВУВАЈТЕ ГО ГОСПОДА
Псалм 28:6 Благословен да е Господ, зашто го послуша гласот на моите молитви! 31:21 Благословен да е Господ, зашто ми ја јави својата чудесна милост. 41:13 Благословен да е Господ, Израелевиот Бог, од века до век! Така нека биде! Амин! 66:20 Благословен да е Бог, Кој не ми ја одби молитвата, Кој не ја отстрани од мене Својата милост. 68:9 Боже, Ти испрати благословен дожд на Своето наследство, го зајакна кога беше уморно. 68:19 Благословен да е Бог од ден на ден, Бог нè носи, нашиот Спасител. 68:35 Страшен е Бог од Своето Светилиште. Израелевиот Бог му дава моќ и сила на Својот народ. Благословен да е Бог! 72:18 Благословен да е Господ, Израелевиот Бог, Кој единствен твори чудеса! 89:52 Благословен да е Господ довека! Нека биде така. Амин. 106:48 Благословен да е Господ, Израелевиот Бог, одвека довека! И сиот народ нека рече: „Амин! Алилуја!” 118:26 Благословен, кој доаѓа во Господово име, ве благословуваме од Господовиот дом. 119:12 Благословен си, о Господи, научи ме на Своите повелби. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Исаија: 40:25
„Со кого ќе Ме изедначите Мене, кој Ми е рамен?” вели Светецот. Подигнете ги очите и гледајте: кој го создаде тоа? Оној Кој по број ја изведува нивната војска, и Кој ги вика сите по име. Зошто велиш, Јакове, и ти, Израеле, зборуваш: „Мојот пат е скриен за Бога, мојата правда Му избегнува на мојот Бог?” Зар не знаеш? Зар не си чул? Господ е вечен Бог, Творец на земните краишта. Тој не се заморува, не постанува, и Неговиот ум е неизмерлив. На заморениот му ја враќа силата, го зајакнува немоќниот. Младите се заморуваат и се истоштуваат, изнемоштените момчиња се тетерават. Но на оние кои се надеваат во Господа, силата се обновува, им растат крилја како на орлите, трчаат и не постануваат, одат и не се уморуваат. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Внеси реплика | страница <1 2526272829 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |