IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - МУЗИЧКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МУЗИЧКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2526272829 32>
Автор
Порака Обратен редослед
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 03:22
Чикашката публика на нозе од „Пајдушка“ на Трпчески
 
 

Триумф на Симон Трпчески во Чикаго. Концертот на најдобриот македонски пијанист во Симфони центарот во Чикаго, кој ги отвори Деновите на македонската култура во САД, се одржа пред до крај исполнетата сала..

- Присуствувавме на концерт со многу емоции. Се радувам што целата сала се крена на нозе - изјави Трпчески по концертот.

Тој не пропушти да истакне дека овие концерти се организирани половина година порано од неговиот менаџер, со што одговори на прашањата дали неговиот настап во САД е во организација на Деновите на македонската култура.

По концертот беше приреден свечен прием во чест на Трпчески. Деновите ма македонската култура во САД се одржуваат во Чикаго, Вашингтон и Њујорк до 26 ноември.

Трпчески и Ланг Ланг на иста сцена

Интересно е што по деби-настапот на Трпчески со Чикашкиот симфониски оркестар, завчера, синоќа и денеска на истата сцена настапува и Кинезот Ланг Ланг, еден од највозбудливите млади пијанисти моментално на светската музичка сцена. Ланг Ланг, синоќа одржа камерен концерт на кој настапи заедно со првиот челист на Чикашката филхармонија - Џон Шарп и виолинистот Роберт Чен. На програмата на синоќешниот концерт беа пијано триа од Шуберт и Чајковски.

 
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2008 во 18:51
 
 
 
Led Zeppelin со ново име PDF Печати Е-пошта
Џими Пејџ,Џон Пол Џонс и Џејсон Бонам дефинитивно од следната година ќе тргнат на турнеја но без Роберт Плант. Но покрај новиот пеач,кој сеуште го бараат ќе имаат и ново име.Членовите на легендарната група Led Zeppelin, Џими Пејџ,Џон Пол Џонс и Џејсон Бонам(син на починатиот Џон Бонам) открија дека во 2009 година ќе започнат турнеја,но без Роберт Плант,кој одби да се врати во бендот.Па така се шпекулира дека бендот повеќе нема да го користи името Led Zeppelin затоа што без Роберт Плант тоа повеќе не е истиот бенд.

Што и да е,тоа повеќе не е истиот бенд.Не без Роберт Плант-изјавил маначерот на бендот кој моментално ја организира аудицијата за нов пеач.



Изменето од blashka - 15.Ноември.2008 во 18:53
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2008 во 05:01
Тоше Проески - пејач на векот

Од организацијата на фестивалот Еврофест најавуваат дека меѓу признанијата годинава е предвидена и специјалната награда Пејач на векот, која постхумно ќе му биде доделена на Тоше Проески за песната Сонце во твоите руси коси, со која настапи на овој фестивал во 1999 година. Одлуката за наградата е донесена во согласност со Фондацијата Тоше Проески.

Како што беше најавено, вечерва во Универзална сала во Скопје ќе се одржи дванаесеттото издание на Еврофест. Годинава фестивалот се одржува под покровителство на Градот Скопје, Министерството за култура и амбасадата на Кралството Норвешка, а во организација на Старс медија, при што е предвидено да настапат повеќе имиња од македонската музичка сцена.

Првиот дел ќе биде од натпреварувачки карактер, додека во ревијалниот блок свои настапи ќе имаат Александра Пилева, Роберт Билбилов, Тони Зен, Јован Јованов, групата Next Time, Влатко Илиевски, Тамара, Врчак и Адријан Гаџа. Како ексклузивен гостин на фестивалот ќе се појави норвешката ѕвезда Чарлс Марвин Камингс - Туфи, кој ќе настапи заедно со својот Тумбао салса-бенд.
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2008 во 13:52

Одложен е настапот на познатиот музичар Рамбо Амадеус вечерва во Скопје, поради сообраќајна несреќа на еден од членовите на неговиот бенд.

Во несреќата бил повреден Владимир Чукиќ, басистот на РАСМЦ (Рамбо Амадеус светски мега цар), поради што брендот соопшти дека е приморан да го одложи концертот во Скопје за десетина дена.

Басистот Чукиќ е полесно повреден со скршеници на левата рака. Рамбо Амадеус и неговиот бенд РАСМЦ требаше да настапат на концертот што по повод годишнината од ослободувањето на Скопје ќе се одржи вечерва во Младинскиот културен центар.

Организаторите соопштија дека, и покрај одложувањето на настапот на РАСМЦ, вечерашниот концерт насловен „Ослободи се Скопје“ ќе се одржи. Меѓу десетината групи кои ќе настапат е познатиот српски рок бенд „Обојени програм“.

Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2008 во 00:18
 
 
 
Metallica со нов сингл PDF Печати Е-пошта

Metallica ги објави деталите околу новиот сингл за последното студиско издание „Death Magbetic„.

Вториот сингл за албумот ќе биде песната „All Nightmare Long„ ,која во продажба ќе се појави на 15 декември.


Оваа осмоминутна песна ќе биде достапна преку дигитиалните музички сервиси, а одвоно  во продажба ќе биде  и видео спот кој ќе го прати синглот.


Изданието „Death Magbetic„ е едно од најуспешните издании на бендот а стигна на врвот на топ листите во 32 земји.


Со албумот „Death Magbetic„., Metttallica е првиот бенд кој имаше пет едно подруго албуми на американската листа кои дебитуваа на првото место.Албумот до сега е продаден во 3 милиони примероци

Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 13:39
 
 
 
 
 

Ареа ќе го претстави своето ново, дело албумот„Се што сакам си ти", со концертна промоција во клубот Хард Рок на 13 овој месец.

На промоцијата ќе биде претставен новиот спот на „Ареа“ изработен за песната „Фреквенција на љубовта“ од страна на „3-Д Студио“ во режија на Живко Миновски.

 


Долгоочекуваниот нов албум на Ареа ќе биде пуштен во продажба на 17-ти ноември.

Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 13:36
 
 
 
 
 

Coldplay се прогласени за најпродавани изведувачи во светот за оваа година.

Британските рокери наградата ја примија на доделувањето на World Music Awards кое традиционално се одржува во Монако.Coldplay наградата ја освоија благодарение на нивниот последен албум  'Viva La Vida or Death and All His Friends' кој ги освои врвовите на топ листите во светот , вклучувајќи Америка, Британија, Јапонија, Германија , Франција и други важни музички пазари.


Coldplay исто така се прогласени за најдобри рок изведувачи , но штета што не се појавиле на свеченоста да ја земат наградара.World Music Awards секоја година ги наградуваат изведувачите према службените податоци за севкупната продажба на нивните изданија на светскиот пазар.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 01:20
Еквилибриум - совршенство и хармонија

Гудачкиот квартет: Јане Бакевски, Фросина Богдановска, Александар Стојчевски и Александар Котевски имаат за цел да ја дополнат празнината во камерниот живот во нашата земја, но и со своето музицирање да освојуваат музички простори надвор од нашите граници.


Со концертот на гудачкиот квартет Еквилибриум, вечерва (20 ч.) ќе биде промовирана новата концертна сала "Империјал", лоцирана во Македонската опера и балет. Покрај гудачката четворка од Еквилибриум: Јане Бакевски (прва виолина), Фросина Богдановска (втора виолина), Александар Стојчевски (виола) и Александар Котевски (виолончело), чест да музицира на концертот ќе има и гостинката Марија Ѓошевска на пијано. На концерната програма ќе се свират дела од Роберт Шуман и Дмитриј Шостакович.

Името Еквилибриум всушност означува рамнотежа, баланс, хармонија, па во тие рамки се движат и настојувањата на квартетот за истражување во просторот на совршеноста на музиката, на хармонијата и звуците на новото време. Нивната интерпретација произлегува од потребата да се обратат кон публиката, со една мисла и една порака во што всушност се состои и совршеноста на музиката. Тоа се силно мотивирани современи музичари, кои со досегашното темелно, сериозно и посветено образование се здобија со големо музичко знаење, сигурност во себе и во уметничката интерпретација... Со постоењето на овој гудачки квартет се надополнува празнината во камерниот живот во Република Македонија, бидејќи имаат за цел да донесат еден нов звук на музичката сцена во Македонија и странство, а интенцијата е Еквилибриум да прерасне во еден од водечките квартети, не само во македонски рамки. За таа цел овие музичари со посветеност работат на повеќе проекти во Македонија и странство, планирани за следната година.

Гостинот Марија Ѓошевска има зад себе солидно концертно искуство (ревијални настапи, во земјата и странство), како и учество на повеќе натпревари, на кои има постигнато врвни резултати. По завршувањето во класата на проф. Снежана Анастасова Чадиковска и магистратурата кај проф. Борис Романов со голем успех настапува како солист придружувана од Македонската филхармонија, Дубровничкиот симфониски оркестар, Камерниот оркестар на Музичката младина и фестивалскиот оркестар на Охридско лето.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2008 во 16:52
 
Младинскиот културен центар во соработка со Град Скопје и Литиум рекордс  покануваат на прославата на 13 Ноември, со почеток од 20.30 часот, на еден од најголемите и најдобрите концерти на територијата на Македонија, со наслов Ослободи се Скопје.

На концертот публиката ќе има возможност да ужива во музиката на Рамбо Амадеус, Зијан,  Обојени Програм, Jacinto Canec, Conquering Lion, Вивид, Mastafarizam Sound System (Dime & Luka), како и филмовите на Владимир Петровски - Картер - Македонскиот Рокенронл и Timo Novotni Life in Loops. Влезот за овој настан ќе биде 100 денари, а билетите ќе може да се набават на самиот ден.
Местото на настанот е Младински културен центар - Денсинг сала.

Накусо за изведувачите...

Рамбо Амадеус

Светскиот мега цар е миленик на скопската публика. Незаборавен и легендарен е неговиот албум снимен во живо во МКЦ 1999 година. Со тазе албум од првата половина на 2008, Рамбо сигурно ќе го привлече вниманието наа публиката (како и секогаш). Промоцијата на новиот албум поминиа со огромен успех на сите простори на балканот.

Зијан

Легендарните победници на Зајечарската гитаријада. Гевгеличаните се во изворедна форма и не ги оставаат рамнодушни ниту старите фанови, ниту помладата публика.

Обојени програм

Обојени Програм е рок бенд од Нови Сад, Србија. Формирани се во 1980 година од група на луѓе кои беа силно и лудо инфицирани со идеите на панк рок движењето. Подоцна на тоа влијание се приклучија и други групи како ‘Д Фол, Телевижн, Магазин, Генг оф Фор...

Уште од самиот почеток бендот се труди да соэдава и одржува автентичен и независен эвук и секогаш бил презентер на поинаков начин на размислување и живеење... Иако десет години одбивале да издадат носач на эвук, во деведесетата во иэдаваат Најважније је бити здрав од каде што доаѓа 120 Минута која е една од првите југословенски песни кои се појавиле на MTV.

Функционираат без паузи во раэлични состави, а нивните настапи секогаш се оригинални и енергични.

13.11.2008 - Младински културен центар - Лоби МКЦ

Jacinto Canek


Италијасните ска-фолк-рок херои. Моментално водечки бенд на италијаската алтернативна сцена. За прв пат во Македонија. Сo своето шоу ги оставаат без здив посетителите на нвните концерти. Имаат настапувано со бендови како Gogol Bordelo, Kultur Shock…

Млад и амбициозен бенд од Тетово

Негуваат реге звук со примеси на даб и рага. До сега имаат настапено на неколку позначајни фестивали и секогаш успеваат да ги извлечат аплаузите на публиката.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2008 во 16:48
 
Во Гевгелија, со цел да се покаже и добие потребната хуманост од граѓаните, Mојот глас организира хуманитарен концерт, со мото Допри го срцето. Сите финансиски средства кои ќе се соберат од концертот, ќе се донираат за операцијата на малата Никита, која боледува од тумор, а хирушкиот зафат треба да се обави во странство.
Затоа се повикани сите хумани луѓе да допринесат истиот да успее.

Концертот ќе се одржи во спортската сала во Гевгелија, на 11-ти ноември (вторник) со почеток во 20 часот. На истиот ќе настапат: Врчак, Роберт Билбилов, Андреј DNK & Панчо ака Shorty, Игор Митревиќ, Јане Дунимагловски, Gemini, Мартина, Влатко Лозановски, Мијата, Игор Узунов, Зијан, Боби & Коце, Христина Пелева, Ансамбл Бојмија…

Влезните билети може да ги најдете во: Tobacco, Библиотека Гоце Делчев, Бест компјутери и на влезот на Спортската сала, и тоа по цена од 100 денари. Исто така, можете да донирате на трансакциона сметка на NLB Тутунска Банка со број 210-5016006634.94, и отворениот број за донации на T-Mobile - 143 183.

 

Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2008 во 15:24

Го слушнавте ли новиот албум на Snoopy MC?

Денес, 10. ноември 2008 официјално излезе новиот албум на Snoopy MC. Содржи 16 нови траки, кои, како се вели во мејлот до МММ, претставуваат иновација во македонскиот хип-хоп звук.

Snoopy MC на овој албум, насловен Во центар, оствари бројни соработки со познати македонски и балкански хип-хоп артисти, меѓу кои се: Juice (Србија), Misho Shamara (Бугарија), Zlatan Cordic (Словенија), и бројни квалитетни македонски рапери како: Лудиот стил, П.К.М, Agressive, Аго...

Албумот е целосно продуциран од Snoopy MC, а наскоро се очекува и објавувањето на три нови спота, кои се во фаза на монтирање.

За download на комплетниот материјал посетете ја  www.syntheticrec.com, а за повеќе информации одете на MySpace-от на Snoopy.



Изменето од anastea - 10.Ноември.2008 во 16:34
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2008 во 01:44
Спектакуларно, уникатно со многу визуелни ефекти препознатливи само за MTV музичките награди, така започна така и заврши двочасовниот музичкиот хепенинг. Европските музички награди се одржаа во четвртокот на 6 ноември во Ливерпул под покровителство на светскиот музички тв-канал MTV.
 

Честа за да го отвори и да го води ова музичко шоу ја имаше Кејти Пери, која е нова британска музичка ѕвезда на светската сцена. Бекстејџот овој пат беше на сцената во посебно заграден дел, а од таму со ексклузивни изјави од номинираните учесници се јавуваше актерот Џаред Лето и другите членови на неговата група 30 second to Mars. Во првата категорија „Most additive track“ победи Пинк со нејзиниот последен хит „So What“, а наградата и ја додели женското трио Шугабејбс. „Headliner“ номинацијата ја најавија Анастејжа и англискиот фудбалер Мајкл Овен, а победата замина во рацете на младите и се попознати германци Токио Хотел.
 
Во многу тесна борба во категоријата „Rock Out“ победија 30 seconds to Mars меѓу врвните бендови Металика, Слипкнот и Линкин Парк, а наградата ја додели Шоланџ Ноулс, тие со себе зедоа уште една награда за „Video Star“. Бритни Спирс од вкупно три номинации победи во две од кои за албум на годината за нејзиниот „Blackout“ каде што Крег Дејвид и ја врачи наградата, а другата за „Act Of 2008“. Додека Кејти Пери покрај тоа што го водеше музичкото шоу со себе понесе и награда за „New Act“. Леона Луис ги најави номинираните за „Ultimate Urban“, а Кение Вест беше тој што ја зеде наградата. „Artist Choice“ е категорија каде што пејачите гласаа помеѓу себе, а со водечки гласови и пофални зборови од своите колеги победи раперот Лил Вејн, наградата му ја врачи Кели Роланд членка на некогашната женска група Destaney’s Child. За прв пат на MTV музичките награди се додели признание за „Ultimate Legend“, а му беше доделена на Пол Макартни поранешниот член на легендарните „Битлси“ кои потекнуваат токму од Ливерпул каде што се одржуваа ЕМА наградите, задоволството да му ја додели оваа награда на Макартни ја имаше фронтменот на ЈУ 2, Боно Вокс. Тицијано Феро и пејачот на Размус, Лаури го соопштија името на европската идна ѕвезда, Емре Ајдин од Турција, кој извојува победа во категоријата „Europe Favourite“.
 
Помеѓу номинациите публиката дополнително со настапи во живо ја забавуваа светските пејачи: Бијонси со нејзината нова песна „If I was a boy“, Килерс со „Human“, Естел со познатиот дует со Кание Вест, „American boy“, Тинг Тингс и „That’s not my name“, Кид Рок со последниот летен хит „All Summer long“, Дафи со  „Mercy“, босанците Лака имаа чест да се претстават пред англиската публика со нивната песна „Покушај“, со која настапија на последната Евровизија. Тие пееја на англиски, а публиката ги пратеше со голем аплауз, а тоа беше доказ дека беа добро прифатени. На самиот крај на шоуто се појави Пинк и имаше извонреден настап со последната песна „So what“, а хепенингот официјално го затвори водителката Кејти Пери пеејќи ја нејзината нова песна „Hot & Cold“.  
 
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2008 во 23:32
 
 

Традиционалниот Винер Фест (екс Лузер) годинава се одржува по осми пат. Од оваа, “ќерка манифестација” на Таксират се пласирале и пропаднале едни од најзначајните субкултурни бендови во Македонија.

На отворениот повик за Винер Фест ‘08 се пријавиле околу 60 демо групи од кои над 20 се од Македонија, по бројност следи Хрватска, Србија, но присутни се и бендови и од Косово, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија...

Стручниот лузерски тим на Литиум Рекордс одбра 16 фаворити кои четири дена по ред ќе бидат “промовирани” во програмата на Антена 5 радио. Секој ден ќе бидат претставени по четири бенда, а петтиот ден ќе бидат прогласени осумте финалисти. ”Битката” ќе эапочне на 10. Ноември, а ќе трае се до 14. кога ќе бидат заокружени финалните осум групи.

Потоа, финалистите заминуваат на мини турнеја каде ќе се претстават пред публиката. Уредно пополнетите гласачки ливчиња на публиката од Скопје (22.11), Штип (21.11) и Битола (TBA) ќе одлучат за победникот! Збирот на сите гласови од публиката во трите града ќе го одбере “винерот” эа оваа година. Токму победникот ќе добие бесплатна изработка на професионален студиски албум под етикетата на Литиум Рекордс.

 

 
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2008 во 23:23
 
 
 
 
 

Младинскиот културен центар во соработка со Град Скопје и Литиум рекордс ве покануваат на 13 Ноември со почеток од 20.30 часот на еден од најголемите и најдобрите концерти на територијата на Македонија , “Ослободи се Скопје”.

На концертот публиката ќе има возможност да ужива во музиката на Рамбо Амадеус, Зијан, , Обојени Програм, Jacinto Canec, Conquering Lion, Вивид, Mastafarizam Sound System (Dime & Luka), како и филмиовите на Владимир Петровски-Картер “Македонскиот Рокерон“ и Timo Novotni “Life in Loops

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2526272829 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.