Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Јуни.2015 во 15:09 |
ШТО ИМ НОСИ ОВА ЛЕТО НА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ? Летото е период од годината кој најчесто носи пресврт во животот на секој хороскопски знак, поради започување нова врска, поради летна авантура која ќе се памети долго, поради крај на врска после заедничко летување, поради ново работно место и слично. Овен Ова лето ќе ви донесе многу љубов, но можеби и бебе. Очекувајте многу љубов и хармонија, која може да се круниса со брак. Бик Постои можност да потрошите многу енергија во купувањето на нов дом. Близнаци Времето ќе го поминете со луѓе и во активности заедно со вашиот партнер. Ако ви е преку глава од работата, време е да си пронајдете друга, која ќе ви се допадне многу повеќе. Рак Оваа сезона е погодна за нов почеток – астролозите ги советуваат претставниците на зодијачкиот знак да имаат повеќе самодоверба и да вложат повеќе грижа за своето здравје. Лав Ќе се насочите кон нова работа, но ако сте мудри, ќе започнете да го правите она во кое што сте навистина талентирани. Девица Релаксирање и уметност е вашето идеално лето. Време е да ги вратите старите пријателства и да ја разбудите креативната страна во вас. Вага Летото е време за нови пријателства кои ќе се останат и во иднина. Морате да размислувате и за развој на талентот, како и да комуницирате со повеќе луѓе. Скорпија Триумф во љубовта, доколку не се плашите од нешто, или имате ниско ниво на самодоверба. Главата горе и во нови освојувања! Стрелец Нема да престанете да патувате во текот на целата сезона. Вашите ризични потфати ќе завршат со голем успех. Јарец Креативен почеток на летото. Оваа сезона ќе ви биде насочена повеќе кон духовни искуства како цртање и медитација, отколку во практичните дела кои што им се својствени. Водолија Водолиите ќе живеат во знакот на љубовта цело лето – романтиката и чувствата ќе ги придружуваат за време на сезоната, а на есен може да бидат и сериозно врзани. Риби Не љубовта, туку парите ќе бидат на секој чекор во летните месеци. Дури и да му помогнат несебично на некого, Рибите ќе добијат надоместок за тоа.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Јуни.2015 во 07:35 |
НАЈСОВРШЕНИТЕ ХОРОСКОПСКИ ПАРОВИ СПОРЕД ЗОДИЈАКОТ Никогаш не можеме да знаеме дали човекот до нас е човекот ЗА нас. Сакаме да ја предвидиме иднината уште на самиот почеток и не ни се чека воопшто. Сепак постои начин донекаде да разбереме дали со човекот крај нас ќе имаме долга врска. 1. Бик – ДевицаОвие знаци се одлична двојка, бидејќи биковите се познати по тоа што се радуваат на едноставните работи во животот. Тоа е голем плус за типичните претставници на Хороскопскиот знак Девица, кои исто како биковите се нежни и ја сакаат природата. И двата ѕвездени знаци се практични, до одреден степен материјалисти и секогаш постојани. Тие копнеат за семејство и стабилна врска. 
2. Риби – РакБидејќи Ракот е воден знак, претставниците на зодијачкиот знак се едни од најпознатите емотивци меѓу сите останати Хороскопски знаци. Секогаш знаат кога да се повлечат, имаат страшно добро развиена интуиција. Истото важи и за знакот Риби, иако на рибите им е малку потешко да се поврзат. Раковите им делуваат смирувачки и ги тераат да почувствуваат стабилност, што е добредојдено за нив. 
3. Стрелец – ОвенТврдењето дека ако си играш со оган, може да се изгориш, важи со полна сила за овој пар. Но овој оган за нив е добредојден, додека тие откриваат и испитуваат, споделуваат и покоруваат. Општи карактеристики се оптимизмот, решителноста и авантуристичкиот, безгрижен дух. Стрелците секогаш сакаат да знаат што следува, додека претставниците на Хороскопски знак Овен се малку помирни и секогаш се подготвени да водат. Расправиите помеѓу нив може да ескалираат многу лошо, но додека гледаат во една насока и се разбираат, сè ќе биде прекрасно. 
4. Водолија – БлизнациТоа се воздушни знаци, што значи дека додека ветрот не почне да дува премногу силно, се разбираат одлично. Се верува дека во знакот на Водолија спаѓаат оние кои го менуваат светот, бидејќи тие се насочени кон совршеност и се стремат да остават своја трага. Близнаците се мултилатерални и нивната љубопитност и вештина да комуницираат со луѓето им овозможува да се прилагодат на секакви ситуации. Овде „разноврсноста“ е клучен збор и двајцата се дополнуваат многу добро. 
5. Вага – ЛавПретставниците на овие два хороскопски знаци во зодијакот се топли и социјални Вагите се познати по нивниот шарм и вештината да им се допаѓаат на луѓето, тие често се душата на друштвото. Кога сето тоа е сместено до силното и доминантно присуство на претставниците на Хороскопскиот знак Лав, се добива пар создаден во рајот! Вагата, иако е социјална, не сака да води жестоки расправии. Лавовите, исто како сонцето, не можат да бидат игнорирани- нивниот животен карактер и енергија секогаш се присутни и ако некогаш видите човек кој се обидува да биде во центарот на вниманието, можете да бидете 100% сигурни дека е Лав. Кога ќе ги ставите двајцата заедно, добивате топлина и возбуда. Се е одлично, додека работите меѓу нив не се вжештени премногу. 
6. Јарец – СкорпијаДвајцата имаат многу различни енергии- Јарецот е земен, а Скорпијата-воден знак. Тоа значи дека во комбинација, стануваат сила, со која никој не може да се мери. За Јарците често е важна одговорноста, тие често водат таинствен живот. Ова многупати е во спротивност со некои од квалитетите на Скорпиите – тие се познати по тоа дека се многу злобни. 
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Јуни.2015 во 08:14 |
Секој хороскопски знак како што има некои одлики во однос на карактерот, така има и одредени црти кои се карактеристични за неговиот изглед. 
Ако ги знаете главните одлики на секој знак лесно ќе препознаете и некој непознат што е во хороскоп, само по цртите на лицето или градбата на телото. Овен Овните имаат спортска градба и мускули и покрај вишокот килограми. Делуваат силно и имаат изразени црти на лицето. Неретко имаат темен тен и рамна, густа, понекогаш црвена коса. Нивниот изглед е во согласност со силата и енергијата на личностите кои се карактеристични за овој знак. Не се склони на дебелеење, а најчесто се облекуваат спортски и едноставно. Бик
На пријатното и симетрично лице на Бикот се истакнуваат капаците, топчестиот нос, полните усни и блескавиот тен. Припадниците на овој знак обично имаат складна фигура и пропорционално тело, така и тежината рамномерно се распоредува кога ќе се здебелат. Делуваат многу пријатно на око, истовремено и силно и кревко. Сакаат да се облекуваат идеално. Близнаци
Секогаш се подготвени за акција. Изразеното лице неретко делува помладо отколку што е, а очите им се многу впечатливи. Имаат доста долги раце и нозе, обично се витки и високи, па делуваат грациозно и елегантно. Припадниците на овој знак немаат толку истакнати мускули, ниту струк. Сакаат да носат различни стилови. Рак
Раковите обично имаат округло лице и истакнати јаболчници, но ги краси впечатлив нос, кој не мора да биде голем, но со специфичен облик. Брадата им е заоблена, а косата темна и по малку ретка. Иако во младоста се витки, повеќето Ракови посебно се здебелуваат после триесеттите. Вратот им е обично пократок и најчесто имаат чувствителна кожа. Со изгледот оставаат впечаток на нежни и суптилни личности. Лав
Лавовите се познати по гривите, па густата и сјајна коса е заштитен знак за припадниците на овој знак. Освен тоа, Лавовите имаат и широко чело и широка вилица, како и убаво обликуван нос. Обично имаат цврста мускулатура. Сакаат да се облекуваат модерно и да се дотеруваат. Девица
Девиците, без разлика дали се мажи или жени, поприлично се витки, а вишокот килограми обично им се таложат на рацете и стомакот. Складни им се градбата и цртите на лицето поради што се сврстуваат во убавите хороскопски знаци. Имаат нагласени јаболчници и веѓи. Сакаат да носат облека во неутрални бои и да се облекуваат елегантно. 
Вага Вагите имаат многу пријатно лице со овален облик. Често се повисоки од просекот, а како појава делуваат многу софистицирано. Обично имаат многу впечатлива боја на очи. Долниот дел на телото им е посилен од горниот, затоа градите и струкот им се потесни од остатокот на телото. Вагите обожаваат да се дотеруваат и да го негуваат својот изглед. Скорпија
Дури и кога се слаби Скорпиите имаат прилично силна телесна конституција. Имаат пошироки рамена, впечатливо лице со сензуални усни и продорни очи, но и неправилен нос. Припадниците на овој знак имаат смеѓа и густа коса. Скорпиите сакаат да се средуваат, но не сакаат да изгледаат премногу нападно. Стрелец
Ова е најзгодниот знак во цел Зодијак. Имаат просечна висина, спортска градба, но таа природна дарба може лесно да се расипе со прекумерното уживање во храната. Има малку подолгнавесто лице и заоблено чело и изразени светли очи. Сакаат да се облекуваат спортски и едноставно. Јарец
Делуваат невпечатливо, но се истакнуваат по тоа што се прилично ковчести. Имаат елегантен и долг врат, како и ковчести рамени. Најчесто се ниски или со средна висина, а очите им се крупни и впечатливи. Имаат вовлечена брада, впечатливи заби и убава насмевка. Јарците сакаат убава облека, но не сакаат да се облекуваат вулгарно. Водолија
Обично се со средна висина или ниски. Имаат полно лице и светол тен. Кога се здебелуваат често добиваат подбрадок, а по триесеттата може да имаат проблем со тежината. Обично имаат мали дланки и стапала, но убави нозе. Очите им се убави и топли, а усните крупни. Припадниците на овој знак не придаваат големо значење на облеката. Риби
Ги краси убавиот тен, меката кожа и убавите црти на лицето, кои најчесто се со округол или овален облик. Имаат цврста и густа коса, додека очите им се најубави на лицето. Горниот дел на телото им е обично потенок од долниот кој е заоблен и широк.
Изменето од Valerija - 10.Јуни.2015 во 08:14
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Јуни.2015 во 22:28 |
ОВИЕ 3 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СЕ КАКО СОЗДАДЕНИ ЗА БРАК И ПРВИ ЌЕ СТАПНАТ НА ЛУДИОТ КАМЕН Секој знак од Зодијакот различно реагира на врската и бракот. Во зависност од астролошките карактеристики постојат оние кои бракот го избегнуваат од далеку и сакаат да останат во соло улога до крајот на животот. Другите пак, се водени од непобедливиот оптимизам и вербата во љубовта, ја бараат сродната душа и веднаш прифаќаат брак во кој остануваат до крајот на животот. Овие 3 хороскопски знаци се како создадени за брак и први ќе стапнат на лудиот камен: Бик Припадниците на овој хороскопски знак обожаваат емотивен комфор и уживаат времето да го поминуваат со семејството. Биковите важат за многу стабилни, верни и лојални сопружници на кои семејството им е на прво место. Често имаат долги врски кои ги крунисуваат со брак. Многу Бикови ова лето би можеле да завршат со веридба или брак. Страстите дополнително се загреваат кон крајот на август, а припадниците на овој знак би можеле да ја пронајдат својата сродна душа меѓу Вагите или Девиците. Девица Сензитивниот карактер и силните емоции на Девиците прават лесно да се заљубуваат и да посакуваат брак. Припадниците на овој знак се познати како верни пријатели, но и сјајни љубовници, а кога еднаш ќе ја најдат личноста со која можат да се поврзат, остануваат со неа до крајот на животот. Девиците би можеле таквата личност да ја пронајдат ова лето, а оние кои се во подолга романтична врска кон крајот на јули или август би можеле да почнат да прават сериозни планови во правец на брак. Рак Најверни меѓу сите астролошки знаци се Раковите. Доколку вашиот партнер со кој планирате брак и семејство е Рак, може да сметате дека сте добиле премија. Раковите обожаваат романтика, сигурност и семејство. Уживаат да се грижат за некого и да му угодуваат. Иако на многу Ракови ова лето ќе им започне прилично монотоно, тоа би можело драстично да се промени кон средината на август, кога Марс влегува во знакот на Скорпија што на припадниците на овој знак ќе им донесе страст, љубов и неочекувани животни изненадувања.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Јуни.2015 во 17:40 |
СУРОВО РЕАЛЕН ХОРОСКОП КОЈ ЌЕ ВЕ ЗАМИСЛИ Што велите за мал цинизам на туѓа, но и на своја сметка? Следи најлошото од секој знак во зодијакот – малку генерализирано и помпезно, но прилично забавно. За овој хороскоп забрането ви е да се налутите! Овен – Војник, секогаш прв, склон кон игри и сплетки, често избувлив и карактеристичен со нагли потези.
– Ги сака припадниците на спротивниот пол, сметајќи ги за сексуални објекти и после „извршената“ работа често и шутнува. Пример за тоа се Казанова и Марлон Брандо. – Силен економист – повеќето овни се добро платени во работата. – Недостатоци: гордост, брзоплетост и его. – Може да биде садист (Хитлер, Хрушчов, Иван Грозни). Бик
– Сака да јаде, да пие и да спие. Покрај тоа и да има секс. – Темпераметен, дипломат, тврдоглав и често мрзелив (освен ако не се работи за добро платена работа). – Материјалист, често успешен во политиката и воените детали, но и во економијата. – Ја сака уметноста, а се вели дека поседува талент и да створи нешто сам. – Недостатоци: непопустливост, склоност кон алкохол, љубомора. – Познати Бикови: Сократ, Фројд, Тито, Макјавели. Близнаци
– Половина-половина личности: колку добри страни имаат, толку имаат и лоши. – Привлечни се, но ладни; интелигентни, но неемотивни; самокритични, но сакаат да ги критикуваат и останатите. – Контрадикторен, дуален знак кој денес тврди едно, утре друго, а потоа плука по она што вчера го запишувал во ѕвездите. – Често се бисексуални. – Познати Бикови: Платон, Џек Лондон, Мерлин Монро, Анџелина Џоли. Рак
– Воден знак со променливо расположение, кој се пронаоѓа речиси во секоја професија, но му треба време да се одлучи само за една. – Доколку не се одлучи за насоката во професионалниот живот на време, може да стане и социјален случај. Од друга страна, може да стане Рокфелер или Тесла (а такви луѓе еднаш се раѓаат). – Инаку е добар домаќин, со одмерено однесување и темперамент. Емотивен е и хиперсензибилен и лесно се навредува , но не покажува дека е повреден или дека нешто му пречи. – Често имаат поетска и уметничка душа. – Недостатоци: Лесно се навредуваат, склони кон пороци, преемотивни, а понекогаш и заборавени. Лав
– Ниту еден Лав или Овен не истуркал далеку во животот, без да го отсакаат блиските или без да изврши самоубиство (Хитлер, Наполеон). – Како вистински диктатор, не ги признава своите грешки бидејќи тој е секогаш во право. Доколку е надвладеан или доколку се наоѓа во околина која интелектуално (или на некое друго поле) е над него, се повлекува. Може да биде и добар дипломат, но тоа поретко се случува. – Доколку моќта е во негови раце, околината дефинитивно ќе настрада. – Најдобро е да му го нахраните егото и да му оставите негов простор за да не ги тиранизира оние околу него. Девица
– И девицата е малку дуален знак, добар во речиси сè што прави, самокритичен, а понекогаш своеглав и мрзелив. – Аналитичен е, материјалист како и Бикот, има променлив нарав, добар по природа и импулсивен. – Доколку изреагира премногу нагло, може да ја упропасти ситуацијата, па тогаш ги повикува пријателите на помош. – Има боемска црта што подразбира карти, алкохол и секс (Толстој). Вага – Единствениот воздушен знак со вистински емоции, но прилично несреден.
– Склони се кон убави и ретки работи (Моника Белучи), добри декоратери се и добри пријатели. – Жените ваги не се оптоварени со конзервативни правила во љубовта. – Недостатоци: многу трошат, хировити се, не знаат што сакаат од животот и често се невротични. Скорпија
– Депресивен и многу мистериозен знак. – Често се крие под маската на зафркант, успешен е во работите кои бараат динамика – маркетинг, промотер, префесионален возач и тн. – Ги сакаат пороците, особено алкохолот и дрогата. – Многу се љубоморни, импулсивни и одмаздољубиви. – Во комбинација со Бик достигнуваат 100% страст. – Склони се кон деструкција на самите себе и на останатите. – Позната Скорпија: Антонио Бандерас. Стрелец
– Филозофи полни со среќа, луди возачи, а често и коцкари. – Кога нешто ќе намислат нема шанси да се откажат, а доколку не успеат, никогаш нема да признаат за тоа, слично како лавовите. – Нивниот збор мора да биде последен, иако некогаш знаат и мудро да молчат. – Не сакаат стеги и конзервативизам, отворени се максимално и склони кон дебати. Со нив може да се соработува. – Воглавно се атеисти и агностици. Јарец
– Материјалисти се, знаат да бидат мрзеливи и тврдокорни. Може да израснат во математичари или програмери, но воглавно не успеваат да стигнат предалеку. – Доколку се нафатат на некоја работа, ќе ја направат до перфекција. – Прифаќаат единствено „бетонски“ докази за било што, особено за духовноста, но не е чудо и тогаш да пронајдат некоја замерка. – Цинизмот и ароганцијата не им се непознати, а некогаш знаат и да си препишуваат туѓ успех. Но, воглавно не се лоши луѓе по природа. – Жените Јарци се исклучително „на цена“. Водолија
– Знак чие владеење е во тек. – Има променлива природа и плитки емоции, многу се паметни, понекогаш се и генијални, прилично се сестрани. – Добри пријатели се, но заради искреноста и отвореноста, луѓето знаат да им замерат. – Сакаат да се зафркаваат, но знаат да бидат и хумани. – Сакаат да учествуваат во оргии, склони се кон консумација на големи количини на алкохол и швалерисување. – Препорака: Избегнувајте подолго дружење со нив. Риби
– Сите знаци се обединети во овој знак, што никако не е добро. – Често имаат криза на идентитетот, дивергентност која предизвикува поделеност на сите страни, контрадикторност и изразена променливост на расположението – особини кои во никој случај не се за пофалба. – Ова може да биде личност која ладнокрвно ќе ви ја откине главата, или пак, да се расплаче како мало дете доколку и’ ја погодите точката. – Припадници на овој знак биле многу генијалци, како Нострадамус, Мојсеј, Леонардо да Винчи, Микеланџело и Коперник.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Јуни.2015 во 07:56 |
Секој знак од Зодијакот различно реагира на врската и бракот. Во зависност од астролошките карактеристики постојат оние кои бракот го избегнуваат од далеку и сакаат да останат во соло улога до крајот на животот. 
Другите пак, се водени од непобедливиот оптимизам и вербата во љубовта, ја бараат сродната душа и веднаш прифаќаат брак во кој остануваат до крајот на животот. Овие 3 хороскопски знаци се како создадени за брак и први ќе стапнат на лудиот камен: Бик Припадниците на овој хороскопски знак обожаваат емотивен комфор и уживаат времето да го поминуваат со семејството. Биковите важат за многу стабилни, верни и лојални сопружници на кои семејството им е на прво место. Често имаат долги врски кои ги крунисуваат со брак. Многу Бикови ова лето би можеле да завршат со веридба или брак. Страстите дополнително се загреваат кон крајот на август, а припадниците на овој знак би можеле да ја пронајдат својата сродна душа меѓу Вагите или Девиците. 
Девица Сензитивниот карактер и силните емоции на Девиците прават лесно да се заљубуваат и да посакуваат брак. Припадниците на овој знак се познати како верни пријатели, но и сјајни љубовници, а кога еднаш ќе ја најдат личноста со која можат да се поврзат, остануваат со неа до крајот на животот. Девиците би можеле таквата личност да ја пронајдат ова лето, а оние кои се во подолга романтична врска кон крајот на јули или август би можеле да почнат да прават сериозни планови во правец на брак. 
Рак Најверни меѓу сите астролошки знаци се Раковите. Доколку вашиот партнер со кој планирате брак и семејство е Рак, може да сметате дека сте добиле премија. Раковите обожаваат романтика, сигурност и семејство. Уживаат да се грижат за некого и да му угодуваат. Иако на многу Ракови ова лето ќе им започне прилично монотоно, тоа би можело драстично да се промени кон средината на август, кога Марс влегува во знакот на Скорпија што на припадниците на овој знак ќе им донесе страст, љубов и неочекувани животни изненадувања. 
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Јуни.2015 во 13:44 |
ШТО ВАШИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК КАЖУВА ЗА ВАШИОТ ЉУБОВЕН ЖИВОТ Причинита зошто ретро фразата за додворување „Што си во хороскоп?“ некогаш се шепкала на увото на симпатијата можеби лежи во тоа што секој хоропски знак си носи одредени карактеристики кога станува збор за љубовните врски. Од тврдоглавите Бикови, до пребирливите Јарци, прочитајте збор два за вашите љубовни навики според вашиот знак. ОвенКога станува збор за љубовта, Овните се ловци. Тие апсолутно сакаат да добиваат внимание, но и да глумат плен кој не може лесно да се освои. Тие се независни, агресивни и возбудливи, и секогаш се расположени да коцкаат во љубовните врски, па што биде биде. БикБиковите се сензуални и привлечни, но исто така и неверојатно тврдоглави (речиси никогаш не признаваат дека не се во право) и упорни. Понекогаш се и премногу упорни, што може да направи да изгледаат наметливи и да го исплашат партнерот кој не се движи во врската со нивното темпо. БлизнациГлавната карактеристика на Близнаците е дуалноста, што значи дека нивниот карактер се движи помеѓу желбата да го негуваат познатото и копнежот по нови искуства. Бонус: Тие можат да бидат одлични во кревет. Тие исто така се многу дружељубиви и расположени за флертување. Лошата страна? Можат да бидат истоштувачки од истите овие причини и постојано да обмислуваат се и сешто. РакРакот е мајчински настроен, чувствителен и апсолутно сака да ги негува другите. Сепак, тие имаат тенденција да ги сфаќаат работите при срце, поради што сексот за една вечер или фактот што не сте се јавиле кога сте рекле дека ќе го направите тоа, може да предизвика голем проблем во нивните глави. ЛавЗнакот на лавот секогаш бара да биде во центарот на вниманието во врската, и вообичаено го добива тоа. Тие се ентузијасти кои уживаат во ласкање, поради што често прават работи кои ќе ги истакнат од другите. Бидете внимателни, лавовите сакаат драма и немаат проблем со тоа да предизвикаат кавга. Всушност нивната нескротлива природа ужива во сценарија како од сапунска опера. ДевицаДевиците генерално се лежерни во своите врски, бидејќи во животот се среќни со едноставни нешта и не се грижат околу малите работи. Тие набљудувачки настроени и пресметливи, што може да биде добро кога треба да се гледаат работите логично. Нивната најголема пречка е тоа што често знаат да бидат срамежливи, па ако сакате да ги придвижите работите со Девиците вие треба да го направите првиот чекор. ВагаБидејќи се најизбалансираниот знак во хороскопот, Вагите ги гледаат и двете страни на секое сценарио, што може да биде и добро и лошо, затоа што понекогаш имаат тенденција да анализираат се па дури и најобична порака. Во врските нивната неодлучна природа често се прашува дали партнерот им е целосно посветен, а избегнувањето на директна комфирмација може да биде до пасивно-агресивна тензија. СкорпијаМистериозните и зајадливи Скорпии се еден од знаците на кои најтешко можете да им пријдете бидејќи тие не веруваат никому така лесно и можат да бидат претпазливи во врска со намерите на другите. Тие ја ценат искреноста кај партнерот, но ако нивната лојалност е изневерена знајте дека секогаш ќе држат лутина. СтрелецОпишувани како директни типови кои ја сакаат слободата, Стрелците нема да се двоумат да излезат преку врата ако се чувствваат несреќни во врската, што може да доведе до долга листа на скршени срца. Најчесто се страствени љубовници, кои сакаат да бидат сингл додека не најдат некој е исто толку авантуриста како тие. ЈарецСелективни и внимателни, Јарците се луѓе кои не трпат глупости и одбиваат да го трошат своето време со кој било и подготвени се да чекаат додека не дојде вистинската личност. Тие се исто така стабилни и лојални, но не и толку храбри и импулсивни, исфрлајќи ги формите на експериментирање. ВодолијаИако се имагинативни и спонтани по природата, тие никогаш не се подготвени целосно да го дадат срцето и не се вљубуваат лесно. Тие знаат и да бидат екстремно резервирани, иако не им е тоа намератa, што може да направи да изгледаат без емпатија и ладни. Добрата страна на нивната природата е во што се одлични во решавање на проблемите смирено и разумно. РибиСензитивни, романтични и посветени, Рибите се скромни по природа, но исто така и не се поврзуваат така лесно и им треба време за да создадат сериозна врска. Тие исто така не се справуваат лесно со одбивање и се склони кон самосожалување, а ако некогаш се најдат во ситуација да имаат спротиставени ставови со партнерот не се расправаат, туку едноставно исчезнуваат.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Јуни.2015 во 08:35 |
Римјаните верувале дека во посебни услови гатањето може да ви помогне да си ја откриете иднината, па токму затоа во тоа време астрологијата била речиси официјално занимање. 
Еве што старите Римјани предвиделе за секој хороскопски знак на поле љубов: Овен Затоа што сте дрски и упорни, не се откажувате додека не го изморите противникот, односно оној кој ви го привлекол окото. Дамите може да се најдат на честа мета на Водолиите и Лавовите, додека на посилниот пол може да му се допадне некој недостижен Близнак или Стрелец кој не го држи место. Големи се шансите сродната душа да ја запознаете на забава. Емоциите може да се јават за некој кој е поврзан со странство или е тотален странец кој сте го запознале за време на патувањата. Меѓутоа, оние кои веќе имаат некој исто така може да западнат во паралелна, забранета и тајна врска во која ќе доминираат страстите. Бик
На вашиот шарм и упорност им нема рамен меѓу хороскопските знаци и тоа добро го користите. Секогаш се трудите да оставите силен прв впечаток на оној кој ви се допаѓа. На жената Рак ќе и се допадне заштитничкиот став, а на Девицата сигурноста со која зрачите. Ако сте дама, тешко ќе одолеете на некој упорен Јарец или еротски настроена Риба. Големи се шансите дека сродната душа ќе ја запознаете во мај и ќе се водите по страстите и емоциите. Врската може да се развива многу побавно отколку што сакате и мали се шансите дека ќе ја задржите. Може да развиете емоции за некој кој живее во ваша близина и овие емоции ќе бидат доста изразени до крајот на годината. Близнаци
Весели сте, забавни и во ваше друштво никогаш не е здодевно. Ова посебно може да и одговара на некоја шармантна Вага или таинствена Водолија, посебно ако сте жена. Машкото внимание без никаква најава може да го привлече некоја Лавица или жена родена во знакот на Овен. Приликите за започнување нова врска ви доаѓаат сами, па нема да мора многу да се ангажирате. Се ќе се случува само од себе, но врските нема да ви бидат успешни ако не се трудите и вие лично. Ќе имате можност да започнете посериозна врска во која вие ги одредувате правилата. Најголемиот предизвик доаѓа од трпението кое ќе мора да го покажете. Рак
Романтични сте и никогаш не ви е доста од нежности, што добро и го нагласувате и на личноста која ви се допаѓа. Ако сте жена Рак, вниманието ќе ви го привлече некоја Скорпија или сензуална Риба, додека машките Ракови би требало да им обрнат поголемо внимание на Биковите и Девиците кои веќе ги познаваат. Без оглед на тоа дали сте сами или имате партнер, во животот може да ви дојдат и бивши партнери и со самото тоа да ви ја разбрануваат врската. Ако сте сами кога бившите ќе се појават, бидете подготвени да го решите се она што со години го криевте и простувавте. Лав
Страствени сте и топли, често паѓате на надворешната убавина, но и покрај тоа знаете да препознаете вистински емоции. Посебно лесно ќе ги познаете ако доаѓаат од некој страствен Овен или романтична Вага. Ако сте маж, нема да одолеете на духовитоста на една жена родена во знакот на Близнаци или на спонтаната лежерност на Стрелците. Секоја личност која ќе влезе во животот е таму со причина, имајте го тоа на ум. Бирајте личности кои ќе ви пружат сигурност и стабилност, наместо забава и моментални задоволства. Само тоа е рецептот со кој ќе стигнете до сродната душа. Девица
На вашиот перфекционизам најмногу му одговара мало опуштање во друштво на весели личности како Бик или доминантен Јарец, посебно ако сте жена. Машките претставници на овој знак веројатно ќе бидат привлечени од жена Скорпија или Рак. Сродната душа и совршениот партнер веројатно ќе го запознаете во близина каде што живеете или преку некој член од семејството, колку и да ви звучи старомодно. Затоа, не ги избегнувајте фамилијарните покани.

Вага Важите за еден од најшармантните знаци во Зодијакот заради што спротивниот пол буквално се лепи за вас. Ако сте жена, една недостижна Водолија или духовит Близнак ќе ви го привлече вниманието. Ако сте маж, лесно ќе се заинтересирате за некој Стрелец или Лав. Самата суштина на постоење на Вагите е љубовта, па припадниците на овој знак сами треба да создаваат прилики како би ги активирале емоциите. Никогаш нема да погрешите ако вие го направите првиот чекор. Скорпија
Заради вашата харизматичност и таинственост, никогаш не можете да останете незабележани. Вашиот сексапил просто ќе зрачи, па токму затоа лесно ќе влезете во врска со пречувствителен Рак или еротична Риба, ако сте маж. На дамите Скорпии може да им се допадне срамежлива Девица или воздржан Јарец. Ќе имате многу можности пријателствата да ги претворите во љубов, но тоа може да биде непромислена одлука. Исто така, запознавањата преку пријатели повторно се во „мода,“ па ништо чудно токму некој познаник на вашиот пријател да ги исполни вашите љубовни очекувања. Стрелец
Спонтани сте и природни, весели и опуштени, вистински магнет за некој прекрасен Лав или откачена Водолија, која ретко кога може да му одолее на вашиот шарм. Ако сте маж роден во знакот на Стрелец, може да ви се допадне некој страствен Овен или тактична Вага. Ако сте сами, мали се шансите да влезете во врска во скоро време, а ако тоа сепак се случи разликата во годините ќе биде голема, исто како и културата и начинот на живот помеѓу вас и партнерот. Таквата врска од вас ќе бара многу жртвување, компромиси и прекини, па повторно впуштање во кратки авантури кои ќе ви го освежат секојдневието. Многу ретко ваквите партнерства може да прераснат во долгорочни, без да ве ограничуваат или уценуваат. Јарец
Може да влезете во паралелна или тајна врска со жена Девица или Скорпија, затоа што сте маж кој не успева да одолее на забранетото. Ако сте дама, нема да останете рамнодушни на една мистична Риба или опуштен Бик. Кај вас емоциите и врските не се менуваат многу често, па лесно ви е да се врзете со една личност. Потребно е само подобро да си ја контролирате љубомората и посесивноста, затоа што може да дојде до прекин и на најсовршената врска заради недоверба. Водолија
Уживате да ја зачдувате околината, па зошто тогаш да правите исклучоци во љубовта? Ако сте маж многу лесно може да ве заинтересира некоја Вага со немирен дух или Близнаци на кои нема да им пречи што постојано ги менувате плановите. Жените Водолии ќе остварат љубовна врска со Стрелец или Овен. Можно е да го помешате пријателството со љубовта, па бидете сигурни пред да ги покажете своите емоции. Бидете поискрени кон партнерот, затоа што тајните може да ја избркаат сродната душа подалеку од вас. Риби
Вашата сензуалност и еротичност не можат да останат незабележани каде и да се појавите, посебно ако сте дама. Ќе проба да ве освои некоја таинствена Скорпија или упорен Рак, а ако сте маж големи сте шансите да завршите со Јарец или Бик. Може да запознаете интересни личности преку интернет, но не откривајте премногу информации од себе затоа што ќе се разочарате. Избегнувајте ги партнерите кои имаат проблем со пороци и патолошките лажговци, затоа што може само да ве разочараат.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Јуни.2015 во 18:15 |
ФАТАЛНИ УБАВИЦИ: 5-ТЕ НАЈУБАВИ ЖЕНИ ВО ЗОДИЈАКОТ Секоја жена е убава на свој начин, без разлика дали привлекува со својата физичка убавина, со харзима или со позитивната енергија што ја носи во себе. Но, според експертите во областа на астрологијата, припадничките на понежниот пол родени во некој од овие 5 хороскопски знаци дефинитивно се на врвот на листата според убавината, сексапилноста и магнетската привлечност која ја поседуваат. ОвенОвие жени делуваат силно, имаат спортска градба и изразени црти на лицето. Црти кои тешко се забораваат. Многу често се бринети со светли очи и совршено тело. Нивниот изглед е во согласност со силната и енергична личност која ја носат во себе, а нивната свиленкаста кожа ќе направи секој допир на оваа убавица засекогаш да остане врежан во вашите сеќавања. ЛавСилни, грациозни и често спортски градени, Лавиците пленат без компромиси. Тие се одликуваат со убаво извајани нозе, чии изглед и држење ќе ве остават без текст. Сакаат да се облекуваат модерно и да се дотеруваат, а понекогаш во тоа и уживаат. На нив може да им се припишат многу таленти, а без лажна скромност, природната убавина и шармот никогаш не престануваат да им го одземаат здивот на мажите. Ако мислите дека кога станува збор за Лавиците се мисли на просечна убавина, се лажете. Нив лесно ќе ги препознаете помеѓу останатите, бидејќи покрај нивната убавина, нивниот стил на облекување и начинот на живот никогаш не се клише. СкорпијаДури и кога се слаби, Скорпиите имаат прилично силна градба. Добри нозе, широки рамена, впечатливо лице со сензуални усни и продорни очи неретко ги красат овие дами. Припадничките на овој знак најчесто имаат преубава кафена густа коса. Тие сакаат да се дотеруваат, но нивниот истанчен вкус никогаш нема да дозволи да претераат. Кога Скорпијата ќе реши да ве освои, таа сиот свој „отров“ ќе ви го сервира така што вие слатко ќе го испиете. Нивната убавина е секогаш над просекот, а покрај мажите ги сакаат и децата. Среќен е човекот кого Скорпијата искрено ќе го засака. СтрелецДамите родени во овој знак се најзгодни во целиот зодијак. Со просечна висина и спортска градба, овие убавици како да имаат природен талент да дојдат до израз. Често имаат убаво и по малку долгнавесто лице, високо чело и изразени светли очи. Сакаат да се облекуваат спортски и едноставно, но кога треба да се претстават во полн сјај ќе го направат тоа на вистинскиот начин и со одмерена доза на луцидност. Секогаш се оригинални во настапот и лесно ќе ви го украдат вниманието. Кога се излезени во град, нема многу да ви треба за да ги забележите помеѓу група убави девојки, бидејќи нивната убавина и шарм доаѓаат до израз кога се чувствуваат добро. Водолија„Отровот“ го чуваат во мали шишенца. Водолиите обично се со средна висина или ниски. Имаат преубаво заоблено лице и светол тен. Обично имаат помали дланки и стапала, но убаво извајани нозе. Очите им се нежни, а погледот бистар и искрен. Имаат убави и меки крупни усни. Водолиите не му придаваат преголемо значење на облекувањето, тие знаат дека кога пред својот избраник ќе се најдат голи, никој нема да размислува за облеката. Водолиите се често природно благословени и со женски атрибути, па така го оставаат спротивниот пол без здив.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Мај.2015 во 10:55 |
БОГОВИ НА ФЛЕРТОТ: ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ КОИ НАЈДОБРО ЗАВЕДУВААТ Нема кому не му се забавни волшебствата на слаткиот и невиниот флерт. Сепак, на некои оваа вештина им оди навистина од рака, а астролозите велат дека покрај карактерот, на оваа способност многу влијае и хороскопскиот знак. Според астролозите, токму овие четири астро знаци ги рушат сите рекорди во заведување. Лав Освојуваат без конК*ренција, суптилно и со многу силна имагинација. Ќе ви пријдат полни со самодоверба, со неодолив шарм и со насмевка која ќе ја осветли целата просторија. Лавовите се “градски ликови”, ги познаваат сите важни луѓе и со сигурност не може да ви биде досано со нив. Тие ќе направат да добиете кралски третман, а поради фактот дека се познати како големи џентлмени, дополнителни поени ќе добијат i поради своите убави и помалку заборавени манири. Припадниците на овој хороскопски знак не сакаат да губат и секогаш одат на победа. Заведувањето токму за нив е повеќе од мозочна гимнастика, тие уживаат во секој чекор од освојувањето, па дури и ги интригира кога ќе мора малку повеќе да се помачат околу некоја личност. Лавовите се исто така страствени љубовници, па бидете сигурни дека “возењето” со нив ќе биде едно комплетно искуство. СкорпијаКога скорпијата ќе влезе во просторија, едноставно нема кој не ја забележува. Нејзиниот продорно безобразен поглед освојува и без допир, а кога таа ќе го избере својот плен, го освојува за само неколку часа. На скорпиите особено им оди од рака невербалната комуникација и често ја користат додека внимателно слушат за вашата кариера. Нема ни да бидете свесни дека Скорпијата уште на самиот почеток на вечерата ве избрала токму вас за иден парнтер, а вие веќе ќе се најдете во нејзината прегратка. Во креветот се перверзни и уживаат да водат љубов со часови, а на себе најчесто носат заводлива и скапа долна облека. БлизнациБлизнаците имаат интересен пријателски пристап кој впрочем речиси секогаш ја завршува целата работа. Како духовити, особено шармантни, но и образовани, Близнаците се толку многу забавни што некогаш би можеле да минете и повеќе часови во разговор со нив. Имаат неодолива харизма која просто ги привлекува луѓето околу нив. Тие се максимално позитивни и дружељубиви и никогаш нема да направат да ви биде непријатно со нив. Рак Тие се полни со сочувства, разбирања и љубов за вас во секој миг. Имаат бескрајно големо срце во кое може да се сместат сите ваши стравови, падови, успеси и желби за во иднина. Покрај ракот ќе имате и најдобар пријател кому ќе може да ги доверите и најголемите тајни. Често од пријателствата произлегуваат и преубави љубовни врски, па токму затоа размислете за тоа кога следниот пат ќе излезете на кафе со својот најдобар пријател Рак. Покрај Ракот ќе расте и вашата самодоверба, а сексот ќе добие една сосема нова димензија.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Мај.2015 во 10:23 |
ОД КОИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ТРЕБА ДА БЕГАТЕ? Овните не одговараат со близнаци, риби и девица Припадниците на овој знак постојано се создадени за љубов и нови искуства, а често поради брзоплетоста влетуваат во врска пред добро да го запознаат партнерот. Не сакаат луѓе кои глумат и претерано кукаат, па такви не можат да ги освојат, а сакаат самоуверен настап. Најлоша љубовна врска е со рибите, кои за нив се пресентиментални, потоа со близнаците, бидејќи постојатно ќе се караат, како и со девиците, кои за нив се премногу комплицирани. Бикот лошо се согласува со овен, стрелец и близнаци Со припадниците на овој знак владее Венера, која ги прави одлични кандидати за врска, па тие навистина стануваат тоа дури со вистинскиот партнер, додека во меѓувреме можат да имаат многу безначајни афери. Ги одбиваат трачари и оние кои премногу се вплеткуваат во туѓите животи. Најлоша љубовна комбинација е со стрелците, кои за нив се однесуваат премногу слободно и независно. Лош избор се и близнаците, кои се премногу непостојатни како и овните, со кои поради слична силна волја постојано ќе се препираат. За близнаците не се добри бик, рак и риби Припадниците на овој знак по природа се заљубливи, но брзо се одљубуваат ако партнерот ги разочара. Ги одбиваат луѓе со кои немаат заеднички теми, оние кои се предвидливи, т.е. по нивното сфаќање досадни. За близнаците најлош љубовен спој е со бик, кого нема доволно да го ценат бидејќи не може да ги следи во животните предизвици и амбиции. Лош спој се и со ракот, кој за нив е премногу стабилен и предвидлив, но и рибите, чија емотивност често ги гуши. Ракот е лош спој со Овен, Близнаци и Стрелец За припадниците на овој знак љубовта е најубав додаток во животот, а бараат партнер кој е способен да се труди околу нив. Ги одбиваат егоистични луѓе кои не покажуваат доволно почитување спрема другите, ниту интересирање за нив. Раковите во љубовните врски најлошо ќе се согласуваат со Стрелци, и покрај големата привлечност, бидејќи во врската ќе се јавува несигурност, љубомора и кавги. Лош спој се и со Близнаци, кои за нив се премногу нестабилни, како и Овните, кои се премногу ориентирани на себе. Лавот не одговара со близнаци, јарец и риби Припадниците на овој знак тешко чувствуваат сигурност во љубовната врска, а сакаат на својот партнер да му бидат најважни на светот. Ги одбиваат оние кои постојатно се грижат и така пренесуваат лоша атмосфера, како и луѓето кои се склони на манипулации. Најлош љубовен спој е со близнаци, кои за нив се премногу изгубени во размислувањата, но и рибите, кои ненамерно ќе ги повредуваат. Лоша комбинација е со јарец, бидејќи лавот во односот ќе ја преземе доминантната улога, што јарецот нема да му прости. За Девицата се лоши овен, вага и водолија Припадниците на овој знак во раната доба ги совладуваат љубовните лекции, па со голема сигурност бираат потенцијален партнер. Сепак, тешко ќе донесат одлука за кого трајно ќе се врзат, а ги одбиваат паметни, пасивни луѓе и оние кои не се во состојба да се грижат за себе. Најлоша љубовна комбинација ја прават со овен, кои кон нив се поставуваат шефовски, како и со ваги, кои не се способни да ја разберат критичноста на девицата. Тешка љубовна ситуација ќе имаат и со водолиите, со кои односот е исполнет со проблеми. На Вагите не им одговара девица, скорпија и рак На припадниците на овој знак љубовта им е додаток на животот, од кој црпат мир и сигурност. Невозвратената љубов или односи кои не функционираат ги вознемируваат, а најмногу ги одбиваат партнери кои лажат и во кои не можат да имаат доверба. Вагите прават лош љубовен спој со девица, кои за нив се премногу комплицирани, како и скорпија, чија природа им е премногу песимистична. Нема да се согласуваат ниту со ракови, бидејќи имаат премногу традиционални уверувања за нив. Скорпија не се согласува со овен, стрелец и близнаци Припадниците на овој знак во себе носат вистинска страст спрема животот, која ја покажуваат и во љубовните односи, а потешко на врски кои ќе им пружат вистинско исполнување и надополнување. Ги одбиваат агресивни поединци кои сакаат да доминираат и да се истакнуваат. Скорпиите се најлоша комбинација со овен, со кои го делат темпераментот, што може да резултира со постојани кавги. Ништо подобро не се согласува ниту со близнаци, кои ќе ја поттикнуваат нивната љубомора, како ни со стрелците, со кои нема да се чувствуваат сигурно. За стрелците најлош спој е со бик, рак и девица Припадниците на овој знак и во љубовта се водат од политиката на се или ништо, а во недефинираните односи нема да ја губат главата, туку ќе си играат. Ги одбиваат луѓе кои се склони на меланхолија, како и оние кои дозволуваат да им ја кројат судбината. Стрелците се најлоша љубовна комбинација со бик, кои се за нив премногу посесивни, како и со рак, на кои им недостасува спонтаност. Ништо подобар не е ниту спојот со девиците, кои постојано ќе ги критикуваат стрелците и ќе ги натераат да се менуваат. На јарец не му одговара овен, близнаци и стрелец Припадниците на овој знак се претставуваат како љубовта да не им е важна, но само така се бранат од разочарувања. Ќе ги одбијат партнери кои немаат самоконтрола или кои се послаби од нив. За јарците лоша љубовна комбинација се овните, за кои мислат дека се премногу нестрпливи и лековерни, како и со близнаци, бидејќи сметаат дека немаат идеал кон кој тежнеат. Ништо подобра комбинација не е ниту со стрелец, кои во врска се покажуваат како нивна целосна спротивност. На водолиите не им одговара бик, рак и девица Припадниците на овој знак немаат проблем да се заљубат, туку во љубовниот однос функционираат така што не чувствуваат дека ја изгубиле својата слобода или можност за избор. Ги одбиваат луѓе кои немаат морал, па се предвидливи. За водолиите лоша љубовна комбинација е бик, бидејќи не можат да им пружат стабилност кон која бикот тежнее. Ништо подобро нема да се согласуваат ни со раковите, кои им се по малку здодевни, како ни со девиците, кои од нив бараат воведување ред. Рибите најлошо се согласуваат со овен, лав и близнаци Припадниците на овој знак се во потрага за партнер со кој ќе имаат љубов од соништата, а ќе ги одбиваат партнери кои се однесуваат неразумно и несфатливо и кои имаат површни погледи на животот. За рибите најлоша љубовна комбинација е овен, кои за нив се премногу агресивни и нетактични, како и со близнаци, кои немаат доволно разбирање за другите. Нема добро да се согласуваат ниту со лавовите, кои со нив можат да манипулираат.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Мај.2015 во 10:20 |
ЛЕТЕН ЖЕНСКИ ХОРОСКОП ЗА 2015Што ти подготвиле ѕвездите за престојното топло лето? Дали ќе се издигнете во професијата или пак ќе ја сретнете љубовта на вашиот живот? Проверете си: Овен Љубов, нов партнер и зголемување До 11 август Јупитер ќе биде во Лав – петтиот твој дом кој е задолжен за романтиката, страста, креативноста и самоизразувањето. Имаш уште 4 месеци, во кои можеш да разбиеш барем неколку срца. Ако сакаш да свртиш нова страница, ќе имаш врати, на кои можеш да затропаш. Прашањето е дали си подготвена за промена, бидејќи петтиот дом не само што носи романтика, но и плодност. За овни, кои копнеат за деца, ова е добра вест. Останатите треба да бидат внимателни и да користат заштитни средства. Освен во љубовта среќата ќе те придружува и во работата. Бик Бебе или миленичиња Поволните промени со кои ти започна годината, во почетокот те исполни со ентузијазам. Тој малку по малку згаснува, па на преден план испливува заморот од дополнителните ангажмани. Во мај Ти претстои важна средба. Емоционалната интелигенција треба да ти е на втор план, за да не се повторуваат грешките од минатото. Јупитер е во четвртиот дом до 11 август, што отвора можност да купиш или да продадеш имот, да го зголемиш семејство (ова вклучува и евентуална бременост или нов миленик) или сериозна промена во начинот на живот. Близнаци Нови идеи, нова среќа Пролет процвета и дојде време да излезеш од зимскиот сон. Насочи ја неисцрпната енергија во проекти за самообразование и најди начин да ги споделиш новите идеи со луѓе кои ќе ги ценат. Ова ќе се покаже плодност. Оваа година Сатурн поминува низ Стрелец – седмиот дом, одговорен за обврските и врските. Тоа значи дека главен акцент ќе има односот со другите. Како Близнак сакаш да избегаш од обврските, но во 2015 година ќе мораш да земеш некои важни одлуки како во личниот, така и во професионалниот живот. Рак Каде е богатство? Излези од дупката, бидејќи околу тебе се вртат многу пари. Можно е оваа година да имате најголеми примања во вашиот живот. Клучот за успехот можеби се наоѓа во случајното решение кое ќе се случи во јуни. Сакаш спокојството на домот и животот без стрес и промена, но сега имаш ретка можност. Не ја испуштајте шансата поради стравот од нешто ново и непредвидливо. Грижете се за вашето здравје. Јадеш премногу нездрава храна, а твоето тело има потреба од прочистување. Започнете здрав режим на исхрана со повеќе салати и овошје. Лав Направи ново CV, ве очекуваат промени Секој Лав сака да слушне: “Ова е ВАШАТА година!”. Па, добро, кога, ако не сега, ќе го слушнеш со добра причина: Лавови, ова е вашата година. Во животот секој има моменти во кои се отвараат не една, туку истовремено сите дупки кон идните успеси. Во наредните месеци можеби ќе ја почувствуваш среќата на промени. Време е сериозно да се зафатите со она што го правите најдобро. Побарај ново работно место и направи ново професионално CV – токму сега не е соодветно да се однесуваш со презир кон својот талент и да ги испуштиш сите важни можности. Девица Крај! Стануваш забавна Оваа година ќе се одморам. Ова е спротивно на амбициозната кон која се склонат твоите прецизни планови , но Јупитер е во Лав – 12-от твој дом, а тоа значи да не избрзуваш со ништо. Единствениот правилен начин да ги контролираш нештата, е како се откажеш од контролата. Насочи го вниманието кон проштевање и помирување со луѓете со кои сте раздвоени. Во 2015 година ќе заминеш на патување во твојата омилена дестинација – каде ќе имаш малку одмор за левата хемисфера на твјот мозок. Извади ја прашината од гитарата во плакарот, или велосипедот од гаража или земете ги четките и боите и дејствувај! Вага Нови пријатели Колку и да е чудно за комуникативна жена како тебе, сега е времето да ги зголемиш твоите пријателски кругови. Заедно со старите верни другари ќе запознаеш нови познанства кои ќе прераснат во прекрасни пријателства. Јупитер (планетата на патник) е во 11-от дом кај тебе – домот, кој е поврзан со социјалните врски и новите технологии. Почни да водиш нов блог или веб-сајт. 2015-та е годината на добротворноста. Секоја акција во таа насока ќе ти се исплати десеткратно – макар и во нематеријални аспект. Шкорпија Блеснеш за љубов Во споредба со она што беше минатата година, 2015 година ќе биде среќна за тебе. Веќе поминаа 5 месеци, во кои да забележиш дека ѕвездите се малку благонаклонети. И тоа не е ништо! Од средината на мај допрва почнува да ти оди се од рака. Има само еден услов: да не дозволуваш ниската самодоверба да ти попречи да го направиш првиот чекор кон успехот. Не се стеснувај – овозможи да блеснеш. Овој совет се однесува не само за кариерата, туку и за твојот личен живот. Што се однесува до љубовта, 2015-а за тебе ќе заврши триумфално со огномет. Стрелец Пролет е твоето задоволство Сенката на Јупитер ќе расфрли по патот на твоите страдања, болки, грижи и горчина, но сето тоа ќе биде привремено. Оние потфати за кои мислиш дека се ризични има шанса да излезат успешни. Хаотичните флертови исто така може да доведед до нешто добро. Доаѓа пролет, твоето задоволство, искористете ја. Топлите денови ќе бидат исполнети со авантури и немири. Авантурите нма да се само пријатни, ќе бидат и корисни за иднината. Колку и да е чудно, влегувате во речиси благоразумна фаза. Јарец Летни авантури Нема да го познаеш Јарецот во тебе ова лето. Уште отсега си се упатиле кон борба, духовноста и мистиката те повикуваат на издржливост. Затоа, не треба многу да се изненадите на среќата. Во тебе се буди и уметничкиот почеток. Со расцветувањето на овошните дрвца , ќе процвета и творечката природа на твојот хороскопски знак. Слободните ќе бидат активни и иако важат за ладни личности тие отворено ќе приоѓаат на спротивниот пол. Кој не ризикува – не може да профитира. Со оваа филозофија слободните Јарци ќе имаат успешни летни авантури. Водолија Сè што е љубов Се што не е поврзано со љубовта, би било празни епови, кога го опишуваат она што доаѓа од Водолија. Како типична Водолија, ти си во фаза, поволна за романтичните и партнерските односи. Од 12 август за тебе започнува 13-месечен период (до септември 2016 година), во кој Јупитер влегува во Девица – во осмиот дом, кој е одговорен за интимните врски и за спојувањето. Значи на претставниците на овој знак им претстои едно убаво лето, што може да заврши со врзување. Од јули ќе имаш голема среќа со парите, но мора да внимаваш да не се плеткаш со нечесни луѓе. Риби Што и да допреш, станува злато Никогаш толку несебични и посветени на спасувањето на сите твои потреби, во наредните месеци на Рибите им е дојден моментот да запловат гордо во своите води. Како типичен претставник на овој знак себечноста ќе биде забележана, а за креативните напори ќе бидеш наградена. Помошта секогаш треба да биде неповратна а ти ќе го разбереш тоа на најдобар пријатен начин – ќе добиеш финансиска награда. Од средината на оваа година започнува тригодишен период на твојот успех во твојата кариера. Единствениот услов е да се стегнеш и да земеме работите во свои раце.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Мај.2015 во 08:05 |
ХОРОСКОПОТ И НЕВЕРНИТЕ ЖЕНИ Овен – Тие се обидуваат да се воздржат од неверство, но колку и да се трудат, на крајот сепак попуштаат под притисок. Тие вршат неверство во оној момент кога во врската ќе завладее монотонијата, но исто така лесно се откриваат. Овните се нескротливи, и како такви треба да ги прифатите. Бик – Биковите кои сакаат секс, стануваат зависни од него. Или се страсни или се целосно незаинтересирани. Поголемиот број од нив изневеруваат кога целосно ќе созреат. Сепак, во споредба со другите, Биковите се најверни и со нив сте најсигурни. Близнаци – Скоро никој не е способен успешно да изврши неверство како Близнаците. Тие внимаваат на секој детал и секој чекор, на секој момент, за да не ги откријат. Лесно се впуштаат во неверство, а најчесто во тој нивни чин ги вплеткуваат и своите пријатели кои ги прикриваат. Ретко кој успева да ги издвои емоциите и страста како Близнаците. Рак – Луѓето родени во овој знак, едноставно обожаваат пари. Па така, се додека имате пари, можете да бидете сигурни во верноста на партнерот. Тие се грижат само за нив, а единствено што сакаат повеќе од себе се децата. Лав – Огнениот знак Лав поседува силна сексуалност. Врската или бракот нема да ги смири, без разлика на партнерот или љубовта која владее. Нив едноставно ги привлекува помислата на опасноста од неверство. Тие не можат да го контролираат адреналинот, па едноставно се препуштаат на страста. Девица – Верноста им е поважна од се, но доколку се незадоволни од врската, може да извршат неверство. Сепак, лесно можат да се откријат, бидејќи постојано ќе го критикуваат партнерот. Тие не остануваат само на едно неверство и на еден партнер. Вага – Вагите го обожаваат флертот и постојано флертуваат. Се забележува дека изневеруваат кога драстично ќе започнат да го менуваат мислењето и вниманието околу својот изглед. Неверството нема да го признаат. Шкорпија – Шкорпиите се обидуваат да се контролираат, но кога на другата страна стои силна и убава личност, сета нивна сила паѓа во вода. Тие не го поднесуваат неверството, па поради тоа тешко се носат и со своето и имаат грижа на совест. Стрелец – За нив сексуалноста е како рекреација. Во ништо не постојат ограничувања и граници, па ако некој им ги наметне, таа личност станува минато. Сакаат се што е забрането, а кога љубовта ќе ја снема, не се трудат многу да ја вратат. Јарец – Не се склони кон авантури и неверства, туку на големо заговараат верност. Сепак, во случај на алкохол, може да дојде до изневерување на партнерот. Водолија – Никако не смеете да дозволите во нивниот живот да навлезе монотонијата. Сакаат да се забавуваат, имаат слободен дух и секој околу себе го сметаат за пријател. Авантурата е составен дел од животот, а доколку Водолијата покрај вас е мирна и тивка, тоа значи дека повеќе не сте интересни и за брзо време ќе тргне во авантура. Риби – Тие сакаат да изневеруваат во тајност. Се претставуваат како невини и чисти, но длабоко во себе се неверни. Ни самите не знаат што им треба и што сакаат.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Schatzii7
Сениор
Unglaublich
Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Мај.2015 во 12:46 |
Хаха бик и во алфа мажи и во алфа жени
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
 |