IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 56>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 17:03

Торта од чоколадо и кикирики путер

Торта од чоколадо и кикирики путер

Состојки

  • За кори
  • 2 шољи (250 гр) сенаменско брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 1/2 лажичка сол
  • 3/4 шоља (65 гр) какао
  • 2 шољи (400 гр) шеќер
  • 2 јајца
  • 1/2 шоља (120 мл) масло
  • 1 шоља (235 мл) млеко
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 шоља (235 мл) врело инстант или филтер кафе
  • За чоколадна пена
  • 230 гр чоколадо за готвење
  • 60 гр путер
  • 3 јајца
  • 3/4 шоља (180 мл) слатка павлака со најмалку 30 % м.м.
  • За фил од кикирики путер
  • 300 гр кикирики путер на собна температура
  • 15 гр (1 лажица) путер на собна температура
  • 50 гр шеќер во прав
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 100 - 150 мл слатка павлака, може и со 20 % м.м.
  • За украсување
  • 1 лажичка какао
  • 1 - 2 лажици масло
  • малку чоколадни лушпи

Подготовка

Загрејте ја рерната на 175 Ц
На дното на два округли калапи со пречник 22 цм ставете хартија за печење.
Во еден средно голем сад просејте го брашното со прашокот за пециво, содата, солта и какаото.
Во еден голем сад добро изматете ги со миксер маслото, двете врсти шеќер и јајцата. Додајте го млекото и повторно добро измешајте со миксерот.
Додајте ги сувите состојки, добро измешајте, па додајте го врелото кафе. Измешајте се заедно и ќе добиете една прилично ретка смеса.
Распоредете ја во двата калапи, па печете ги во загреана рерна околу 50 мин. Проверете со чепкалка, на неа треба да се задржат неколку влажни ронки од тестото, а површината да биде сјајна и еластична на допир. Внимавајте да не препечете.
Калапите ставете ги на решетка, покријте ги со фолија и кујнска крпа. После десетина минути, превртете ги на жица и повторно покриени оставете ги корите да се оладат до крај.

За пената од чоколадо одвоете ги белките од жолчките. Жолчките разматете ги во еден мал сад, а белките ставете ги во сад за матење.
На тивок оган во едно мало тенџерче растопете го мешајки чоколадото со путерот. Додајте ги разматените жолчки и добро измешајте. Оставете да се олади до собна температура.
Белките изматете ги во цврст сјаен снег со 2 -3 лажици шеќер, па внимателно вмешајте ги во чоколадото.
Слатката павлака изматете ја цврсто и исто така внимателно вмешајте ја во чоколадото. Ќе добиете една лесна воздушеста чоколадна пена.
Секоја од двете кори пресечете ја хоризонтално на половина. Филовајте ги корите со чоколадната пена. Одозгора и од страните не ставајте фил. Оставете во фрижидер.

За филот од кикирики путер во еден средно голем сад со жица измешајте ги путерот, кикирики путерот и двете врсти шеќер додека не стани сосем воедначено и по малку пенесто. Постепено додавајте од слатката павлака, мешајки цело време, додека не ја добиете саканата конзистенција на фил. Јас ја ставам целата наведена количина, поубаво ми е кога филот е покремаст.

Цела торта одозгора и од страните премачкајте ја со овој фил. Корите се многу, многу ровки. Затоа најдобро е прво да премачкате еден многу тенок слој фил од сите страни, да оставите во фрижидер да се стегни тој слој, па потоа да го нанесете преостанатиот фил. Така нема ронки од тестото да ви се мешаат со филот.

За украсување измешајте 1 лажичка какао со 1 - 2 лажици масло, па попрскајте по површината на тортата да личи како флеки на јајце од препелица. Наросете лушпи од чоколадо.
Ако сакате украсете на поинаков начин.
Тортата чувајте ја во фрижидер, но послужувајте ја на собна температура.
Наведените состојки за тесто јас ги печев во три калапи со пречник 16 цм и секоја кора е пресечена на пола, па се направени две торти со по три реда тесто, филовани со наведените количини на чоколадна пена и фил од кикирики путер. На сликата е една од тие торти.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 18:22

Колач "Јајце на око"

Колач

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 3   Шекер лажичка/ки
  • 130 грама Шеќер
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 450 милилитри Млеко
  • 100 милилитри Масло
  • малку   Кора од портокал
  • малку   Кора од лимон
  • 1   Компот од кајсии
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 1   Ванила пудинг/а
  • 150 грама Брашно
  • 100 грама Блага павлака
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Колач "Јајце на око"

ПОДГОТОВКА:

Пенесто изматете ги јајцата, 130 шеќер и ванилата.

Додајте ги ренданите корички од лимон и портокал, маслото, 100 млеко и сè добро измешајте.

На крајот додајте го брашното измешано со печивото.

Подготвениот бисквит излијте го во намрсена и побрашнета тава и печете во рерна на 180 степени околу 20 минути.

Сварете пудинг од прашокот, 3 лажици шеќер и 350 мл. млеко и 100 мл. слатка павлака.

Изладете го печениот бисквит, натопете го со сокот од компот, потоа на него излијте го топлиот пудинг, а одозгора наредете половинки кајсии од компотот, кои пред тоа убаво сте ги исцедиле. Колачот добро оладете го и служете со шлаг.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 18:11

Индијанки

Индијанки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 3   Шекер лажичка/ки
  • 150 грама Шеќер
  • 50 грама Чоколадо
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 600 милилитри Млеко
  • 150 грама Маргарин
  • 2   Ванила пудинг/а
  • малку   Ванила екстракт
  • 200 грама Брашно
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Во комбинација со боза... подобро и да не коментираме ништо...

ПОДГОТОВКА:

Белките изматете ги малку со миксер, па додадете им го шеќерот и матете ги додека да добиете цврст снег. Додадете ги жолчките една по една и непреќинато матете. Брашното промешајте го со прашокот за печиво и додадете го во јајцата, па лесно изматете го со кујнска жица. Тестото сипете го во готварски шприц, па правете парчиња и печете ги на кујнска хартија на плех. Печете околу 5 минути на 200 степени. Уште топли премачкувајте ги со филот и лепете ги по две (како сендвич). Од остатокот на филот во кој сте додале какао или растопена чоколада правете декорација со помош на готварски шприц.

Фил: Пудингот подгответе го на вообичаениот начин со 600 мл. млеко. Оставете да се олади, но повремено промешувајте го за да не фати кора. Маргаринот пенесто изматете го со лажичките шеќер и помешајте го со оладениот пудинг и екстракт од ванила.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 18:09

ЖЕЛАТИНКИ

 



Состојки:

- 100 гр јаболка
- 160 мл вода
- 15 гр желатин
- 100 гр шеќер
- 2 лаж мед

Подготовка:

Желатинот се става во 80 мл вода да нарасне. Јаболката се лупи и чисти од семки. Се сецка на коцки и се става во 80 мл вода на оган додека да омекне. Потоа се процедува. Во сокот што е добиен се додаваат шеќерот и медот и се варат се додека да се стопи шеќерот околу 5 мин.
Готовиот сируп се трга од оган и се става во пластичен сад и во него се додава нараснатиот  желатин, и почнуваат да се матат со миксер. Се мати околу 10 мин додека да се згусне смесата.

Потоа смесата се става во шпиц и се прават колачиња кои се редат на хартија за печење.
Може и да се стави целата смеса в тавче поросено со кокос и одкако ќе се стегне да се сече на коцки. Подготвените колачиња се ставаат во ладилник околу 2 часа и потоа се спремни за јадење.

 

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 18:09

Колач со крем од кафе

Колач со крем од кафе

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 4   Шекер лажичка/ки
  • 50 грама Шеќер
  • 50 грама Чоколадо
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 300 милилитри Млеко
  • 250 грама Маргарин
  • 1   Кафе филџан/и
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 1   Ванила пудинг/а
  • 50 грама Брашно
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Кафето не треба да се консумира повеќе од три пати дневно. Иако лекарите не се согласни кога станува збор за тоа колку кафето е штетно или полезно за здравјето, во последно време доаѓаат до интересни заклучоци дека кафето всушност е од голема корист за нас.

ПОДГОТОВКА:

Изматете ги јајцата, додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер, брашното и прашокот за пециво, па се добро изматете.

Сипете во еден подмачкан плех и печете на 200 степени додека тестото не се одвои од страната на плехот.

Млекото сварете го, па кога ќе зоврие сипете го прашокот за пудинг, кој претходно сте го измешале со малку млеко и 4 лажички шеќер. Сварете го пудингот класично.

Сварете го кафето, па прелијте преку печеното тесто неколку лажички.

Добро изматете го маргаринот, додадете ја смесата од пудинг и преостанатото кафе и заедно добро промешајте.

Добиениот фил сипајте го преку колачот и израмнете го.

Одозгора изрендајте чоколадо и ставете го колачот во фрижидер се до послужувањето.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 18:08

Костен бајадера

Костен бајадера

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 200 грама Шеќер
  • 50 грама Чоколадо за готвење
  • 3 лажица/ци Масло
  • 600 грама Маргарин
  • 500 грама Костени
  • 4 лажица/ци Какао
  • 1   Желатин
  • 200 милилитри Вода
  • 500 грама Бисквити


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Покрај калориите, костенот содржи и скроб (22,3% од вкупната тежина), но е вистинска ризница на витамини и минерали, пред се на калиум (го регулира крвниот притисок), потоа фосфор, железо и калциум. Костенот не содржи вода, односно неа ја има многу помалку отколку во бананите, ананасот, јаболкото, грозјето и портокалот.

Не може да се пофали ни со витамин А и Ц, но затоа е богат со Б и ПП (ниацин), кои хранливите состојки ги претвораат во енергија.

ПОДГОТОВКА:

Сварете го шеќерот во 200 мл. вода. Какаото и биксвитите помешајте ги. Сварениот шеќер прелијте го го преку бисквитите и добро измешајте го додека се не се соедини во една маса. Маргаринот пенасто измаете го, па додадете го на смесата.

Смеса од костени: маргаринот пенесто изматете го и додавајте малку по малку костени. По секое додавање добро матете со миксер за кремот да се соедини.

Подгответе го желатинот според упатството, па додадете го кремот од костени. Тава обложете ја со масна хартија. Половина од смесата со бисквити развлечете ги со лажица и раце, па добро истапкајте со рака. Мора да се прави со раце додека смесата сеуште е леплива. Одозгора ставете кремот од костени, па другиот дел од смесата од бисквити, така што се земе од смесата и со рака се притиска, така се прави по целата должина.

Глазура од чоколадо: Чоколадото и маслото стопете ги на пареа и прелијте преку колачот. Добро оладете па исечете на коцки.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 18:07

Панакота (варено колаче)

Панакота (варено колаче)

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 500 грама Хопла (без шеќер)
  • 500 милилитри Млеко
  • 15 грама Желатин
  • 30 милилитри Вода
  • 100 грама Вишни
  • 200 грама Шеќер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Панакота (варено колаче)

ПОДГОТОВКА:

  Во три лажици вода се раствора желатинот и се остава да стои околу 5 минути да набабри. 
Сите состојки, односно шеќерот, млекото и хоплата заедно со желатинот се ставаат во тенџере и целата маса се загрева до вриење. 
Потоа се остава да се олади. 
Со става во модли, може да бидат и обични шољи за кафе и се ставаат во фрижидер. По најмалку 4 саати панакотата е готова. 
Се превртува на тацни и се става слатко од јагоди, малини, капини или друго слатко по ваш избор. 
Доколку имате свежо овошје истото се припрема на следниот начин. Пример: 100грама малини се посипуваат со 100 грама шеќер. Ова треба да отстои за да пушти сок. 
Панакотата се прелива и со овошјето и со сокот. 
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 18:04
Ова го имам правено како колачи и топло го препорачувам!!!
Преубаво е.

БАУНТИ





Состојки:

- 300 г. брашно
- 150 г. шекер
- 100 г. маргарин
- 2 жолчки
- 1 лажица какао
- 1/2 пециво
- пола кисела павлака или малку млеко
- 6 белки
- 150 кокос
- 150 г. шекер
- 4 жолчки
- 2 пудинга од ванила
- 600 мл. млеко
- 150 г. маргарин
- 100 г. шекер во прав
- 150 г. чоколадо за готвење или се става кокос

 

Подготовка:

Во сад ставаме брашно правиме вдлабнатина ставаме 100 г. насецкан маргарин, 2 жолчки, 1 лажица какао, пециво и малку млеко или кисела павлака да добиеме глатко тесто. Одма го делиме на два дела и на набрашнета маса развлекуваме кора колку што ни голема тавата (кај мене 25 х 37 )Тавата ја премачкуваме со масло, ставаме брашно и ја ставаме првата кора внатре.

Белките добро ги матиме и малку по малку го додаваме шекерот да добиеме цврст снег. Внатре лажица по лажица го додаваме кокосот и се добро промешуваме. Смесата ја ставаме врз кората во тавата и добро израмнуваме со лажица.

На набрашнета маса развлекуваме уште една таква кора и ја ставаме врз изматените белки во тавата. Печеме во загреана рерна на 180 Ц. 20 мин.

ФИЛ
Жолчките пенасто ги матиме го додаваме пудингот и 100 мл.млеко и се изматуваме. Остатокот од млекото го вариме и кога ке се свари внатре се додава смесата со пудинг и на средна температура вариме густ крем. Кога е готов кремот го оставаме да се олади.

На страна матиме 150 г. маргарин и 100 г. шекер во прав, внатре го додаваме оладениот пудинг и се заедно матиме со миксер. На оладените теста го ставаме жолтиот фил и ставаме во фрижидер да се олади околу 30 мин.

Колачот го поливаме со 150 г. стопено чоколадо или само со кокос.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 18:01
Еве ресана торта, но оваа не е тортата што се прави со ресана, туку оваа изгледа како ресана.

РЕСАНА ТОРТА








Состојќи:

За тесто: 
- 6 јајца
- лажици шеќер
- 24 лажици млеко
- 24 лажици масло
- 24 лажици брашно 
- 1 пециво 

За фил:
- 300 мл вода
- 300гр.шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 2 портокали 
- 2 чоколада за готвење





Јајцата се матат со шеќерот, и се додаваат преостанатите состојки за тесто. Се обложува голем четвртаст плех за печење и се пече на 200 степени.

Потоа се подготвува филот : се рендаат замрзнатите портокали на ситна страна од рендето.
На шпорет во тенџере се ставаат водата и шеќерот и се додаваат изренданите портокали.

Топлиот фил го ставаме врз испечениот пандишпан.

Врз филот ја рендаме чоколадата за готвење. Се сече на коцки !!! 

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 17:59
Originally posted by mrzla mrzla напиша:

Овој рецепт не е за мач мелоу

Не е, затоа што не се прави со пудингсреќа
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2013 во 15:20
Овој рецепт не е за мач мелоу
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 18:48

Мач мелоу

Мач мелоу

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 21   Шекер лажичка/ки
  • 200 грама Шеќер во прав
  • 200 грама Путер
  • 100 милилитри Млеко
  • 1 лажица/ци Лимонов сок
  • 3 лажица/ци Какао
  • 300 милилитри Вода
  • 2   Ванила пудинг/а
  • 100 грама Брашно
  • 6   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 45 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Мач мелоу

ПОДГОТОВКА:

Се матат 6 јајца со 6 лажици шеќер, потоа се додаваат 60 грама брашно и 3 лажици какао. На печеното тесто му се додава прелив направен од 300 милилитри вода, 15 лажици шеќер и малку лимон.

Колачот се филува со следниов фил:
Се варат 2 пудинга од од ванила во 100 милитри млеко, и 40 грама брашно. Кога ќе се свари и ќе се олади, се додава путер изматен со 200 грама шеќер во прав, се меша и се сипува преку колачот. Одозгора се прелива со чоколадо.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 18:47

Ледени коцки

Ледени коцки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 8   Шекер лажичка/ки
  • 200 грама Шеќер во прав
  • 100 грама Чоколадо за готвење
  • 300 грама Путер
  • 1   Нишесте
  • 600 милилитри Млеко
  • 1 парче/чиња Ванила
  • 100 грама Брашно
  • 8   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Препорачливо е да се одбегнува чоколадото пред спиење затоа што може да предизвика несоница.

Иако чоколадата е богата со масни материи, сепак тие бргу се варат. Какао путерот, кој е главна липидна состојка во чоколадото во телото се асимилира од 95 до 98 %. Покрај тоа содржи стеаринска киселина - заситена масна киселина која во црниот дроб бргу преминува во олеиснка киселина (т.н. "добра маст"), која во најголемо количество во природата ја наоѓаме во маслиновото масло.

Со консумирање на помали количества на чоколадо ја поттикнуваме концентрацијата и ги јакнеме интелектуалните и психичките способности.

Потребно е да се истакне и дека ако се претера со консумирање на чоколадо може да се постигнат спротивни ефекти, а како први се манифестираат радразливост или потиштеност. Како последица на претераното внесување се јавуваат симптоми на лесна интоксикација. Сепак е разбирливо дека таквиот продукт треба да се консумира во умерени количества и само повремено но никако не треба да се исфрли од исхраната.

ПОДГОТОВКА:

 Изматете ги жолчките со шеќер во прав, додајте ги изматените белки и брашното.

Смесата ставете ја во подмачкан и набрашнет калап и печете во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути.

Во 300 мл. измешајте нишесте и ванилин шеќер.

Смесата ставете ја во 300 мл. врело млеко.

Со постојано мешање сварете густ крем.

Кога ќе се олади постепено додавајте го во изматениот путер со шеќер во прав.

Чоколадото и 50 грама путер растопете ги на пареа, за смесата да биде еднолична и прелијте го колачот.

Сечете на коцки и служете.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 18:44

Дамски каприц

Дамски каприц

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 250 грама Шеќер во прав
  • 10 милилитри Рум
  • 500 грама Рибизли
  • 250 грама Путер
  • малку   Прашак за пециво
  • 100 милилитри Млеко
  • 6   Жолчка/ки
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 200 грама Брашно
  • 6   Белка/ки


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Путерот содржи 81% маст и 14-16% вода. Путерот и припаѓа на групата меки масти, со точка на топење од 20 степени целзиусови и се одликува со лесна сварливост и висок степен на искористување во организмот.

Путерот се карактеризира со пријатен мирис и вкус, а значаен е заради присуството на витамините А и Д. Значајно е путерот да биде застапен во исхраната кај децата, но се разбира во дозволени граници.

ПОДГОТОВКА:

Путерот и шеќерот изматте ги пенесто, па наизменично додавајте ги жолчките и брашното во кое сте го додале грашокот за пециво.

Потоа вмешајте ги румот, ренданата коричка од лимон и на крај преостанатото брашно и млеко.

Добиената смеса сипете ја во сад обложен со хартија за печење и печете 20 минути на 180 степени.

Површината посипете ја со рибизли, а преку то ставете цврст снег од белките и 250 грама шеќер во прав.

Продолжете да печете уште 20 минути. Колачот малку изладете го и исечете го на парчиња.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.