IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - МУЗИЧКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МУЗИЧКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 32>
Автор
Порака Обратен редослед
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 20:18
Izleze noviot album na AREA: Sè shto sakam si ti
CD-to gi sodrzi slednive naslovi:



1. Frekfencija na ljubovta

2. Znam

3. Sè shto sakam si ti

4. Voda

5. Ne e fer

6. Dali mozhesh

7. Vistinski

8. Dali ti se dopadjam

9. Rashiri krilja

10. Daj mi ja nokjta



Cd-to moze da se kupi vo poveceto trafiki i prodavnicki kade moze da se kupi i vesnikot VREME. Cenata na cd-to we 150 den. A vo podgotovka e i de-lux izdanie na istiot album so brosurka od textovite, fotografii i sl. no toa ce bide poskapo
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 01:39
 
Вечерва, на четвртиот настан во рамките на десеттиот „Таксират“, во скопскиот клуб „Хавана“ ќе настапи Рамбо Амадеус. Откако го откажа гостувањето на 13 ноември во МКЦ, поради сообраќајна несреќа во која се повреди неговиот басист, српскиот рокер доаѓа во Македонија да ги промовира песните од новото цеде, „Хипишизик метафизик“. Познатиот Антонио Пушиќ ќе изведе и дел од своите постари хитови.Освен Амадеус, во „Хавана“ вечерва ќе свири и младиот скопски бенд „Фајтинг виндмилс“. Составот ќе го претстави својот албум „Аграрни реформи и варијации на тема“. По овој концерт, групата на 4 декември ќе замине на деветдневна турнеја низ Македонија, која ја нарече „Прво ние, па после никој друг“. 
 
 

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 01:16
Твојте очи, Лено  -  Баклава
 
Групата Баклава го заврши снимањето на првиот спот за песна од новиот албум "Калемар". Се работи за темата "Твојте очи, Лено", за која снимањето претежно е реализирано во студиото на Културниот центар за драмски уметности "ЦК". Има и неколку екстериерни кадри во внатрешноста на Македонија. "Директорот на фотографија во овој проект беше познатото име во нашата филмска индустрија, Бранд Ферро, кој го забележа спотот во ХД резолуција. За шминката се погрижи Мими Буразер, додека за стајлингот нашиот вокал Елена, која поседува ексклузивна колекција на гардероба и стар накит", откриваат членовите на Баклава, додавајќи дека во моментов се прави пост-продукција на записот, за кој режијата ја направи Сибо.

Приказната, откриваме, е во еден минималистички пристап, која, пред се, цели на естетиката на малите и убави работи, компарирани со убавината на жената. Целта е на крај да се има една арт-приказна, која мажите би сакале да ја опишат кога се вљубени. Промоцијата се планира за следниот месец, по што ќе има и низа промотивни концерти во Скопје, но и останатите поголеми македонски градови.

Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 00:18
 
 
 
Kylie Minogue за 45 минути заработила 3,5 милиони PDF Печати Е-пошта

Kylie Minogue зарабитила 3,5 милиони долари за 45 минути,толку зела за настапот на отварањето на хотелот "Arlantic The Palm" во Дубаи.

Kylie Minogue настапила на отварањето на најекслузивниот светски хотел, што воедно бил и нејзин прв настап на Блискиот Исток.Хотелот е отворен во четвртокот во присуство на 2.500 ВИП  пгости.меѓу кои биле:Denzel Washington, Wesley Snipes, Ben Affleck, Mary-Kate Olsen, Dame Shirley Bassey, Michael Jordan, Sir Richard Branson, Sarah Ferguson, Lindsay Lohan, Boris Becker и Lily Allen.

 

Kellie со песната "On a Night Like This"го отворила нејзиниот настап и извела десет песни.

Ексклузивната забава на отварањето на хотелот чинела преку 35 милиони долари.

Во декември Кellie ќе го објави ДВД изданието “KylieX2008 Live In London”,додека во јануари го објавува “Boombox”, колекција на ремикс кое го направија Chemical Brothers, Fischerspooner, Mylo, Kid Creme и Sebastien Leger.

Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 11:00
Победија осичките од Грузија, Македонија петта Нашиот претставник Боби Андонов по настапот добил честитки од сите учесници на манифестацијата за изведбата на песната Прати ми СМС“ Осичките победија со нумера составена само од три збора, во кои доминираше „бзз“ Групата „Мали осички“ од Грузија, со песната „Бззз“, е победник на шестото издание на изборот за детска песна на Евровизија, што се одржа завчера во Лимасол, Кипар. Македонскиот претставник Боби Андонов, со одличната изведба на темата „Прати ми СМС“, проследена со енергична кореографија, се пласира на високото петто место. - Пресреќен сум што успеав на најдобар начин да ја претставам Македонија на евровизиската сцена во Лимасол. Откако ја отпеав песната, сите учесници ми пријдоа да ми честитаат за одличниот настап. Им благодарам на сите што веруваа во мене и ме поддржуваа - ни изјави Андонов по завршувањето на изборот. Втори беа претставниците на Украина, земјата што е одбрана за домаќин на следното издание на оваа најголема и најпопуларна детска манифестација. Третото место и припадна на Литванија. Испратените СМС-пораки му го донесоа високото петто место МОРАЛНИ ПОБЕДНИЦИ На Детскиот Евросонг се претставија учесници од 15 земји, а Гиорги и двете Марјами од групата „Мали осички“ ги освоја симпатиите на европската јавност со беспрекорната изведба на својата нумера, која е составена само од три збора, во кои доминираше „бзз“. За победникот поддеднакво решаваа гласовите од секоја земја испратени со СМС-пораки и шестчлено стручно жири. Нашиот претставник доби поени од сите учеснички на изборот. - Очекувавме да бидеме меѓу првите пет земји, од причина што песната беше одлично прифатена. Повеќемина од делегациите ни рекоа дека сме морални победници. Иако се пласиравме на истата позиција како лани, ова е најголем успех на нашата земја на оваа манифестација, бидејќи при гласањето добивме поени од сите земји - ни рече менторот на Андонов, Бобан Јосифовски, уметнички директор на „Златно славејче“.Во текот на гласањето нашиот претставник постојано беше во врвот. Македонија, која гласаше последна, со десетте поени што и' ги додели на Литванија, го смени редоследот на табелата и од четвртото падна на петтото место. Билан со многу емоции ја отпеа победничката евровизиска тема Belive ДИМА БИЛАН СПЕЦИЈАЛЕН ГОСТИН НА ИЗБОРОТ Во дво и полчасовното спектакуларно телевизиско шоу, како специјален гостин се појави годинашниот евровизиски победник, Русинот Дима Билан. Неговата изведба на евровизиската Belive и на темата Number of Fun предизвика овации од публиката. Во ревијалната програма настапи и кипарската музичка ѕвезда Евридики, која ја претставуваше својата земја на ланскиот Евросонг во Финска. Покрај домаќинот, за беспрекорната организација на овој настан се погрижија Европската радиодифузна унија (ЕБУ) И УНИЦЕФ. Сите средства од гласањето на Детскиот Евросонг ќе бидат наменети за помош за децата. Манифестацијата заврши со химната на УНИЦЕФ, што ја изведоа сите учесници на годинашниот детски евровизиски избор. „Морнарката“ Викторија и' го донесе второто место на Украина Грција првпат ни додели поени За сигурната изведба на песната „Прати ми СМС“, Боби Андонов обезбеди гласови од сите земји, а Македонија освои 95 бода. Првпат на еден евровизиски избор добивме поени и од нашиот сосед Грција, која ни додели пет бода. Романија ни даде десет поени, Украина и Србија по осум, Белорусија седум, Литванија и Ерменија по шест, Бугарија, Малта, Кипар, Холандија и Грција по пет, Русија и Белгија по четири и Грузија три. Македонија ги бодуваше земјите по следниот редослед: Русија (1), Белгија (2), Бугарија (3), Грузија (4), Белорусија (5), Малта (6), Украина (7), Романија (8), Литванија (10), Србија (12).


Изменето од anastea - 28.Ноември.2008 во 01:48
Кон врв
...Well... Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...ExtraVagant...

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ...Well... Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 05:51
На 23.11.2008 официјално излезе долго очекуваниот и обекан пред 14 години албум на...
 
GUNS N' ROSES
Chinese Democrasy
 
 
пс. Инаку, неофицијално на самиот ден на излегувањето се продаде над 800 000 примерока насекаде низ светот
 
голема%20насмевка
 


Изменето од ...Well... - 24.Ноември.2008 во 05:53
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2008 во 02:45
ДРАГАН ДАУТОВСКИ  Интервју

Македонски инструменти, стари шест милениуми, ќе се чујат во САД

Публиката во Вашингтон ќе го чуе звукот и на двата неолитски инструменти: топчестата флејта и неолитското свирче. И двата инструменти се постари од 6000 години. Таму ќе музицирам уште на два инструмента, гајдата, и еден нов жичан инструмент од семејството на тамбури.


На Деновите на македонската култура во САД настапувате на концертот со Борис Трајанов, Александар Стефановски, со пијано придружба на Дарко Маринковски. Ваш приоритет е македонскиот фолклор, па оттука дали сметате дека тој "поминува" кај публиката во странство?
- Поминаа оние времиња кога фрустрациите и комплексите на малите држави во однос на "поразвиениот и поцивилизиран свет" беа изразени можеби најмногу во сферата на културното живеење на заедницата. Кога во колективот, во еден миг, ќе се провее некаква трендовска помисла дека таму некаде во белиот свет не само што поубаво се живее, ами и музиката е поубава од оваа нашата, веќе е на повидок сериозна катаклизма по нацијата, а тоа се рефлектира врз нејзиното битисување во сите опшествени сегменти.
Со еден збор, сигурно дека македонскиот фоклор многу повеќе ќе помине кај публиката во САД отколку таму да настапите со дела од Гершвин. Барем моето долгогодишно искуство говори во таа насока.

Имајќи предвид дека го имате свирено Моцарт на тамбура, што друго "невообичаено" ќе се чуе сега во САД?
- Навистина не е никакво чудо денес на било кој инструмент да отсвирите дело од било кој композитор, но, ако на широкиот аудиториум во САД му претставите еден, уште поточно два извонредно раритетни наоди, во случајот два праисториски инструменти, тоа е веќе "невообичаено" и кое се граничи со сензација, според нивните културни критериуми се разбира. Но, за жал, тоа не важи и кај нас, барем не до блиското минато. Но, работите полека се менуваат и по тој основ.
Дали публиката во Вашингтон ќе го чуе и звукот на неолитската топчеста флејта стара 6000 години?
- Да, публиката во Вашингтон ќе го чуе звукот и на двата неолитски инструмента: топчестата флејта и неолитското свирче. И двата инструмента се постари од 6000 години.
Секако, во Вашингтон ќе музицирам уште на два инструмента, гајдата и еден нов жичан инструмент од семејството на тамбури.

Што мислите, како публиката ќе го прими тој мистичен звук од древната окарина?
- На ист начин како и публиката во Скопје, Париз или Загреб, како нешто што носи своја порака и има големо културолошко значење.

Сметате ли дека треба да се направи некаква поинаква стратегија со која македонскиот звук полесно ќе се "продава" во странство како македонски, а не, како што имаше случаи како бугарски, српски и сл.?
- Највистинската стратегија на институциите на државата и нивните системи треба да биде отворената, безрезервна и неселективна политика на поддржување на вистинските вредности.
Ништо не треба посебно да се пакува за полесно да се продава. Континуитетот во презентирањето, оргиналноста и силината на музичкиот јазик, самите ќе си го направат своето и на музичкиот пазар и во одбраната на националниот идентитет.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2008 во 15:41
Бљак...боленглупчо
Кон врв
apce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Октомври.2007
Локација: Malaysia
Статус: Офлајн
Поени: 2717
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај apce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2008 во 15:18
aa, ne kazavte kolku pari mu se ponudeni
da premine vo islam,
i seto toa javno da go reklamiraнамигнување
apce
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2008 во 12:52
 
 ...Никогаш не сум ги  сакала ....Мадона....и овој...Мајкл......тага....
 
 
Мајкл Џексон стана муслиман .....изненадување...... PDF Печати Е-пошта

Поп пеачот Мајкл Џексон одлучил да ја промени верата и сега е муслиман кој се вика Микаеел по еден од Алаховите ангели.

Кралот на попот и најконтраверзниот пеач Мајкл Џексон стана мулиман и доделено му е името Микаеел пренесува The Sun.

Церемонијата на преоѓањето во муслиманската вера се одржала во вилата на пријател на Џексон во Лос Анџелес.Прво му беше доделено името Мустафа но Џексон го одбил па се одлучил за Микаеел.
Најголемо влијание за преминувањето во новата вера има неговиот брат Џермани кој веќе подолго време живее во Арапските Емирати.
Дојдов од Мека и му донесов на Мајкл многу книги за исламот,а откако ги прочитал се заинтересирал.Му објаснив дека исламот е мирољубива и прекрасна вера изјави братот на Џексон кој додал дека сигурно ќе го заштити од луѓето кој лажно го обвинуваат.

Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2008 во 12:14
 
 
 
Chinese Democracy, шестиот албум на Guns's Roses на кој Аксл Роуз потроши два милиони долари долари, пуштен е онлајн.

Обожавателите на Guns's Roses конечно можат да здивнат. Петнаесет години од нивниот последен албум The Spaghetti Incident, а неколку дена пред официјалната премиера, на
MySpace страницата на бендот може да го преслушаат нивниот нов албум Chinese Democracy.

Фронтменот Аксл Роуз на албумот работеше изминатите 14 години, а наводно на него се потрошени два милиони долари. Албумот во САД излегува на 23-ти декември.

Претходниот албум, колекцијата на обработки The Spaghetti Incident излезе во 1993 година, а оттогаш, бендот го напушти целата оргинална постава, освен пејачот Аксл.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2008 во 03:11
 
 
Легендарните Леб и сол, на 12. декември 2008-ма година, пред скопската публика ќе го промовира својот најнов албум И така натака.

Концертот ќе се одржи во Метропилис Арена на скопско Сајмиште, со почеток во 20.30 часот, а освен бендот, на сцената ќе продефилираат и многубројни гости...

“Нашата средба со скопската публика ќе биде многу повеќе од обичен концерт. Тоа ќе биде вистински спектакл!“ – дециден е Бодан Арсовски.

До крајот на месецот бендот ќе има неколку подготвителни свирки низ Македонија... Веќе се договорени неколку настапи во последната недела на ноември, вели Кокан Димушевски и дополнува дека тие се одлична прилика бендот што поподготвен да излезе пред верната публика во главниот град.

Веќе во декември Леб и сол ќе има неколку концерти во Хрватска...

 
Кон врв
zorans Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 10
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zorans Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 22:46

Од денеска веќе на радио станиците и на интернет порталите може да се слушне македонската „Live Aid“ песна „Сонувај“. Таа е химна на Кампањата за поддршка на децата и младите жртви на сексуалната злоупотреба (симнете ја на www.cira.org.mk).

Група на музичари направија прекрасна песна “Сонувај”, на која комплетен автор е Александар Масевски и истата е снимена со поддршка на Two Hearts продукцијата. Музички ѕвезди кои учествуваа во снимањето на песната се: Александра Пилева, Браво бенд, Бени Шаќири, Мартин Србиноски, Некст тајм, Елена Петреска, Даниел Стојмановски, Мартин Вучиќ, Андријана Јаневска, Иле Спасев, Тања Б, Џемини, Дејана и Александар Масевски. Сите вклучени песната ја направија на некомерцијална основа, како нивна поддршка на децата и младите жртви на сексуалната злоупотреб.

Песната ќе биде официјално промовирана на 20 ноември 2008г, Светскиот ден за заштита на децата, во 13:00 часот , во Англискиот Пап (дел од Македонсата опера и балет).

Денеска почна да се снима спотот за Сонувај во продукцијата Community Pictures на Дарко Антоновски, а истиот ќе се промовира на 23 ноември 2008г, во рамките на Отворенaто ТВ програма-Телетон “Сонувај мирно”, која ќе се емитува на Македонската радио телевизија (прва програма) во периодот од 14:00-18:00 часот, како еден од настаните во рамките на кампањата. Во неа преку 100 медиумски познати лица ќе одговараат на телефонските повици на гледачите, и тие ќе бараат донаци за поддршка на жртвите на педофилите.

Слушнете ја песната и поддржете ги децата и младите жртви на сексуална злоупотреба со вртење на бројот 143-404 (од сите оператори) при што се донираат 100 мкд + 18% ддв.


Поздрав,

Зоран С.

Изменето од zorans - 17.Ноември.2008 во 22:51
Кон врв
zorans Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 10
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zorans Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 22:39

Од денеска веќе на радио станиците и на интернет порталите може да се слушне македонската „Live Aid“ песна „Сонувај“. Таа е химна на Кампањата за поддршка на децата и младите жртви на сексуалната злоупотреба (симнете ја на www.cira.org.mk).

Група на музичари направија прекрасна песна “Сонувај”, на која комплетен автор е Александар Масевски и истата е снимена со поддршка на Two Hearts продукцијата. Музички ѕвезди кои учествуваа во снимањето на песната се: Александра Пилева, Браво бенд, Бени Шаќири, Мартин Србиноски, Некст тајм, Елена Петреска, Даниел Стојмановски, Мартин Вучиќ, Андријана Јаневска, Иле Спасев, Тања Б, Џемини, Дејана и Александар Масевски.

Песната ќе биде официјално промеовирана а 20 ноември 2008г, Светскиот ден за заштита на децата, во 13:00 часот , во Англискиот Пап (дел од Македонсата опера и балет).

Денеска почна да се снима спотот за Сонувај во продукцијата Community Pictures на Дарко Антоновски, а истиот ќе се промовира на 23 ноември 2008г, во рамките на Отворенaто ТВ програма-Телетон “Сонувај мирно”, која ќе се емитува на Македонската радио телевизија (прва програма) во периодот од 14:00-18:00 часот, како еден од настаните во рамките на кампањата. Во неа преку 100 медиумски познати лица ќе одговараат на телефонските повици на гледачите, и тие ќе бараат донаци за поддршка на жртвите на педофилите.

Слушнете ја песната и поддржете ги децата и младите жртви на сексуална злоупотреба со вртење на бројот 143-404 (од сите оператори) се донираат 100 мкд + 18% ддв.


Поздрав,

Зоран С.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.