IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 56>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 15:41

Слаткиот вкус на пената и чоколадото на Манчмелоу колачињата сега можете да го подготвите и во домашни услови. Со овој рецепт, за само неколку минути ќе го добиете омилениот вкус од детството.

podgotvete-domasni-munchmallow-kocki-01

Состојки:

Кора:

  • 1 ½ шолја брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 2 лажички какао
  • 1 ½ шолја млеко
  • 1 ½ шолја шеќер
  • 1 шолја масло
  • 6 јајца


Фил:

  • 6 белки
  • 12 лажици шеќер


Глазура:

  • 200 гр чоколадо за готвење


Подготовка:

Започнете со матење на 6те жолчки и шеќерот. Постепено додавајте го млекото, маслото, какаото и прашокот за печиво.  На крај додадете го брашното и матете ја смесата додека не се соедини.

Поставете ја на тава обложена со хартија за печење и печете на 180 степени околу 20 минути.

Во меѓувреме изматете ги белките и шеќерот и размачкајте ги врз кората. Вратете во рерната и печете најмногу 5 минути.

На крајот, кога матените белки ќе се зацврснат, прелијте со топено чоколадо за готвење и оставете го колачот да се олади.

Исечете мали коцкички и уживајте!

podgotvete-domasni-munchmallow-kocki-02

podgotvete-domasni-munchmallow-kocki-03

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2013 во 21:41

Чоколадни коцки со лешници готови за 5 минути

Додека сме дома често не „напаѓа“ желбата за нешто благо, па поради тоа знаеме да прочепкаме насекаде со цел да најдеме нешто што ќе не засити. Денеска се одлучивме да ви понудиме рецепт за сочен десерт, чоколадни коцки за чија подготовка ви се потребни само пет минути.

Станува збор за колач кој потсетува на чоколадо со лешници, а за да го подготвите дури не ви треба ни рерна.

Потребни состојки:

- 4 чаши шеќер

- 1/2 чаша какао во прав

- 1/4 чаша млеко со повисока содржина на масти

- 1/2 чаша путер

- 2 лажички екстракт од ванила

- една рака пржени, исецкани лешници

Подготовка:

1. Подгответе сад од приближно 10x10 см и намачкајте го со малку масло, путер ли пак хартија за печење.

2. Измешајте ги шеќерот и какаото и ставете ги во сад кој го собира во микробранова печка.

3. Мешавината прелијте ја со млеко и на крај додадете путер во парчиња

4. Ништо не мешајте туку ставете да се грее околу 2 минути, додека путерот целосно не се стопи

5. Извадете го садот од микробрановата, додајте екстракт од ванила и со миксер добро измешајте на најсилна брзина додека не добиете еднолична кремаста маса.

6. Во смесата додајте ги лешницата и се заедно измешајте

7. Смесата рамномерно ставете ја во претходно подготвениот сад на кој имате ставено хартија за печење или малку путер и ставете го во замзнувачот 10 минути

8. Потоа, свртете го садот наопаку и на површината ќе добиете чоколадна плочка која потоа ќе ја исечете на коцки

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2013 во 18:04

За празниците кои следуваат сигурно ви се потребни неколку идеи за слатки изненадувања. Оваа чоколадна торта со освежувачка нота од вишни е правиот новогодишен избор.

podgotvete-praznicna-cokoladna-torta-so-visni-01

Потребно ви е:

  • 150g млечно чоколадо
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 140g шеќер
  • 175g брашно
  • 3 јајца
  • 3 лажици млеко
  • 1 банана
  • 140g путер
  • 140g замрзнати вишни
  • 150g слатка павлака
  • 200g бело чоколадо

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 160 степени. Подмачкајте ја тавата во која планирате да ја печете тортата.

Ставете го брашното, прашокот за печиво и шеќерот во голем сад. Додајте ги јајцата, млекото и растопениот путер. Матете со миксер околу 2 минути.

Изрендајте го чоколадото и заедно со испасираната банана додајте ги во смесата.

Рамномерно распоредете ја смесата во плехот и печете 25-30 минути.

Извадете ја тортата и оставете ја да се олади. Во меѓувреме растопете го белото чоколадо.

10-15 парчиња од вишните до пола потопете ги во чоколадото, а потоа наредете ги на алуминиумска фолија. Оставете ги да се оладат 5-10 минути.

Во преостанатиот дел од чоколадото додајте ја слатката павлака и матете неколку минути. Исечкајте ги вишните, додадете ги во кремот и премачкајте го филот врз или во средината на чоколадната торта. Од горе наредете ги вишните.

Добро оладете ја тортата пред послужување, декорирајте по желба со слатки зачини или чоколадни фигури и уживајте!

podgotvete-praznicna-cokoladna-torta-so-visni-02

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2013 во 18:52

За сите љубители на слаткиот спој од костени и чоколадо, имаме едно вкусно изненадување. За да го подготвите потребен ви е најмногу 1 час, а ќе можете да уживате во него во студените зимски денови.

zimska-torta-od-kosteni-i-cokolado-01

Потребно ви е:

  • 250g сенаменско брашно
  • 120g квалитетно какао во прав
  • 50g чоколадо за готвење
  • 1 лажица прашак за печиво
  • 2 лажици сода-бикарбона
  • 230g шеќер
  • 2 лажици екстракт од ванила
  • 260g пире од костени
  • 2 јајца
  • 230 ml млеко
  • 230ml кафе, по можност еспресо

Подготовка:

1. Со малку масло премачкате го калапот за торта во кој ќе ја печете смесата и загрејте ја рерната на 180 степени.

2. Посипете го брашното, какаото во прав, прашакот за печиво и содата во голем сад. Додајте го и шеќерот, екстрактот од ванила, пирето од костен, јајцата и растопеното чоколадо. Прелијте со млеко и мешајте додека смесата не се соедини. На крај додадете го кафето.

3. Мешавината истурете ја во калапот и печете на средна температура околу 40-50 минути. За да проверите дали тортата е готова, боцнете ја со метално стапче во средината. Доколку стапчето е чисто откако ќе го повлечете, тогаш тортата е подготвена за сервирање.

4. Оладете ја тортата околу 5-10 минути, а потоа превртете ја на голема чинија. Посипете со какао или цимет, додајте уште малку екстракт од ванила и декорирајте по желба.

zimska-torta-od-kosteni-i-cokolado-02

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2013 во 18:58

Лесна и превкусна тирамису торта

Секогаш сте кандидат кога се работи за нешто што лесно се приготвува, не се пече и превкусно е? Ако е така тогаш ова е вистинската торта за вас! Кремаста и воздушеста при секој нареден залак, оваа лесна и вкусна торта е вистински предизвик за сетилата.

Потребни состојки:

• 6 јајца

• 6 лажици шеќер

• 236 гр крем сирење по избор

• 500 мл слатка павлака

• ½ шолја еспресо или нес кафе

• ½ лажици ликер од кафе (или по избор)

• 1 лажица какао

• Плазма бисквити (или по избор)

Начин на подготовка:

  1. Изматете ја слатката павлака во длабок сад.
  2. Одвојте ги белките од жолчките во два посебни сада, а потоа во белките додадете го шеќерот. Матете, додека не добиете погуста смеса во која подоцна ќе ги додадете жолчките и убаво ќе соедините.
  3. Оваа смеса полека претурете ја во веќе изматената слатка павлака и матете.
  4. Крем сирењето прво убаво изгмечете го, за кога ќе го ставите во претходно подготвената смеса од слатка павлака и јајца, полесно да го соедините. Матете така уште некое време.
  5. Откако кремот е готов, во сад истурете го претходно приготвеното топло еспресо или нес кафе и додате го румот. Во оваа смеса топете ги бисквитите кои ги избравте. Внимавајте сосема да не ги растопите, тие само треба да впијат малку од течноста за да бидат вкусни.
  6. Во сад наменет за тортата наредете ги бисквитите, а потоа убаво нанесете од кремот одозгора и распоредете. Редете онолку колку сметате дека е потребно за тортата да биде висока. На крај наросете какао или пак изрендајте чоколадо.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2013 во 16:23

Јаболка, рум, цимет, тиква...некои од аромите на есента кои ако ги искористите по наша препорака, ќе може да уживате во прекрасни и сочни залчиња.

podgotvete-kolacinja-so-aroma-na-esen-01

Чоко мафин со лeшник

Потребно е:

100g маргарин, 200g шеќер, кесичка ванилин шеќер, 2 јајца, 50g топено црно чоколадо, 200ml млеко, 100g брашно, 100g какао, 50g пудинг од чоколадо, половина прашок за печиво, лажичка сода бикарбона, 2 лажици цимет, 70g сечкани лешници

Подготовка:

Изматете го маргаринот со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете едно јајце, па откако смесата ќе се соедини додадете го и другото. Истурете ја истопената чоколада, а потоа додавајте ги и какаото, млекото, пудингот во прав, со постојано мешање. На крај додадете ги прашокот за печиво, сода бикарбона и цимет. Во калап за мафини ставете хартиени корпици и наполнете ги до половина. Останатата половина наполнете ја со кршени лешници и печете на 180 степени околу 20 минути.

podgotvete-kolacinja-so-aroma-na-esen-02

Колач со вишни и бадеми

Потребно е:

За тесто: 200g путер, 200g шеќер, ванилин шеќер, јајце, прстофат сол, 500g брашно, прашок за пециво, цимет по желба

За фил: 150g вишни, 100g сечкани бадеми, 2-3 лажици џем од сливи

Подготовка:

Во длабок сад ставете го брашното со прашокот за печиво, обичниот и ванилиниот шеќер, солта, циметот и полека додавајте го растопениот путер. Со миксер направете ронливо тесто. Во длабок плех, премачкан со масло, истурете го тестото. Премачкајте го со џем, наредете ги вишните без семки и сечканите бадеми. Можете да го печете како колач или пак да го замотате во вид на ролат. Печете околу 25 минути на 200 степени.

podgotvete-kolacinja-so-aroma-na-esen-03

Коцки со рум

Потребно е:

За бисквит: 200g шеќер во прав, јајце, 50g маргарин, 40g мед, 300g брашно, прашок за печиво, 2dl млеко

За прелив: 250g шеќер, 200g маргарин, 50g какао, 5 лажици вода, ½ dl рум, 200g кокос

Подготовка:

Растопете го маргаринот, па додајте го медот. Изматете го јајцето, додадете ја течноста од мед и маргарин, млеко, брашно и прашок за печиво. Во намачкан плех истурете ја смесата и печете на 180 степени околу 25 минути. Потоа растопете ги сите состојки за прелив, па измачкајте ги испечените коцки со него. На крај извалкајте ги во кокос.

podgotvete-kolacinja-so-aroma-na-esen-04



Изменето од Valerija - 09.Ноември.2013 во 16:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2013 во 20:42

Додека трае сезоната на јагоди, не пропуштајте да ги набавите и да ги јадете живи, да си направите шејк од јаготки, да ги додадете како декорација на некој десерт или да направите вкусна торта.

ednostavna-i-vkusna-torta-od-jagodi-1

Потребно

Tесто:
5 jajцa, 200 гр шеќер, 250 гр брашно, 150 мл масло, 150 мл цеден сок од портокал и малку сол.

За прелив:
200 гр јагоди, 100 гр шеќер

Фил:
500 гр јагоди, 2 лажици шеќер, 1 кесичка желатин.

Фил за декорација:
300 мл слатка павлака

Начин на подготвување:

500 гр јагоди пресечете ги на четвртинки и посипете ги со 2 лажици шеќер. Оставете ги да постојат во фрижидер додека не пуштат сок.

Прелив: 200 гр јагоди изгмечете ги и додајте им малку шеќер по вкус. Варете ги околу 10 мин додека смесата не стане изедначена, а потоа оставете ја на ладно.

Тесто: Јајцата и шеќерот изматете ги убаво за да добиете кремаста смеса, а во нејзе полека додавајте масло и сок од портокал, за на крај да го помешате со брашно. Печете на 180 степени околу 25 минути. Тестото мора да биде малку поцврсто испечено, зашто во него не се додава пециво. Кога испеченото тесто ќе се олади, пресечете го на пола и средината намачкајте ја со сварениот и оладен прелив.

На горниот дел на колачот се редат јагодите, а во сокот кој ќе ви остане додајте 2 – 3 лажици вода и прелијте преку јагодите, за да се натопи и тестото.

Спремете го желатинот според упатството на кесичката и прелијте ги јагодите и десертот е спремен за јадење.

Уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 17:14

Чоколадни срца со лешници

Чоколадни срца со лешници

Состојки

  • 250 гр маргарин
  • 450 гр брашно
  • 100 грама шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 јајца
  • 1/3 прашак за пециво
  • 100 гр чоколадо
  • 3 лажици масло
  • 40-50 грама сецкани печени лешници

Подготовка

1.Со миксер измешајте ги маргаринот,шеќер,ванилин шеќер,две жолчки и една белка.Потоа додадете брашно, прашак за пециво и исмесете го тестото со раце.
2.Така измесеното тесто ставете го во ќеса или растеглива фолија и ставете го во фрижидер околу 30-40 минути.
3.Одкако ке одстои во фрижидер исукајте го тестото некаде околу 1/2 см па од таквата кора вадете форми во форма на срце, па на едната половина од срцето намачкајте со останата една белка па одозгора наросете од сецканите лешници и ставете ги во плех на кој е претходно ставена хартија за печење.
4. Печете ги на некаде околу 10-на минути на 200 степени
5. Одкако ке се испечат макајте ги срцињата на едната половина со претходно стопеното чоколадо.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 17:12

Пралини со лешници и мед

Пралини со лешници и мед

Состојки

  • 100гр. чоколадо со лешници
  • 24 лупени лешници
  • 30гр. путер
  • 30гр. мед
  • 3 лажици какао

Подготовка

На оган во сад на пареа го додаваме кршеното чоколадо, путерот и медот.
Откако ќе се растопат, го додаваме и какаото. По малку од смесата ставаме во силиконските калапи, па ги додаваме целите лешници и на крај ја додаваме останатата смеса.
Излегуваат 24 пралини.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 17:12

Пита со јаболкa

Потребни состојки:

  • 2кг киселкасти јаболкa
  • 1кг готови свежи кори за пита
  • 1дл масло
  • 150г шеќер
  • Цимет

Начин на приготвување:

  1. Излупете ги јаболката, отстранете ги семките и изрендајте ги. Исцедете ги, додајте шеќер и цимет и измешајте.
  2. Ставете две кори на работната површина, на едниот крај намачкајте од смесата со јаболкa и завиткајте ја кората. Постапката повторувајте ја додека не ги потрошите корите или филот.
  3. Во тавче премачкано со масло, наредете ги завитканите кори, притоа внимавајќи да не се допираат меѓусебно.
  4. На крај, премачкајте го горниот дел од питата со малку масло и ставете ја да се пече 40 минути во загреана рерна на температура од 180°C.
  5. Доколку питата брзо добие златна боја, покријте ја со алуминиумска фолија.
  6. Откако ќе се испече, оставете ја питата да се олади половина час.
  7. Послужете ја на парчиња со должина од 6 см и одозгора наросете шеќер во прав.
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 17:11

Слатки со мелени бисквити и лешници

Слатки со мелени бисквити и лешници

Состојки

  • 100 мл млеко
  • 125 гр маргарин
  • 150 гр шеќер
  • 150 гр мелени бисквити
  • 150 гр мелени лешници
  • 200 гр бело чоколадо

Подготовка

1. Млекото, маргаринот и шеќерот ги ставаме во сад на оган. Мешаме додека да зоврие.
2. Откако ќе зоврие го тргаме на страна. Во него ги додаваме мелените бисквити и мелените лешници. Мешаме додека смесата не се соедини.
3. Од смесата расукуваме кора во вид на правоаголник со дебелина од 1 цм.
4. Врз кората тураме стопено бело чоколадо.
5. Откако ќе се здрви сечиме коцкички. Украсуваме по желба.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 17:10

Пијана круша во црвено вино (за 4 лица)

Потребни состојки:

  • 4 поголеми круши
  • 400мл црвено слатко вино Витач
  • 400мл гроздов сируп од црно грозје
  • 1 стапче цимет
  • 100г мешавина од лешник, бадем и разно сушено овошје

Начин на приготвување:

  1. Излупете ги крушите и извадете ги семките со специјална кујнска алатка со која ќе се задржи формата на крушата.
  2. Наредете ги крушите во длабок сад за варење и прелијте ги со виното и гроздовиот сируп. Додајте ги циметот и мешавината од јаткасто и сушено овошје.
  3. Варете на умерена температура 1 час додека крушите не омекнат, но внимавајте да не се распаднат.
  4. Исечете ги крушите одозгора надолу во коси линии, почнувајќи од делот кај дршката, но без да ја одвоите дршката.
  5. На чинија, сервирајте ги крушките во форма на перки од вентилатор. Додајте од сокот во кој се вареле и ставете зрна од мешавината на јаткасто и сушено овошје за декорација.
  6. По желба, додајте и сладолед од ванила.
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 17:08

Чоколадна торта со мелени бисквити, пудинг и слатка павлака

Чоколадна торта со мелени бисквити, пудинг и слатка павлака

Состојки

  • потребно за кора 1и2
  • 10 белки
  • 13 лажици шеќер
  • 10 лажици мелени бисквити
  • 4 лажици какао
  • 1,5 лаж брашно
  • потребно за крем
  • 1 литар млеко
  • 4 пудинга од чоколада
  • 10+10лажици шеќер
  • 400 гр чоколада
  • 20 жолчки
  • 1 маргарин
  • 120 гр шеќер во прав
  • 500 мл слатка павлака

Подготовка

Ги матиме белките со постепено додавање на шеќер во цврст снег и ги додаваме бисквитите, какаото и брашното матиме со лажица. Печеме во голем плек од електричен шпорет. Се пече на 200 степени околу 15 до 20 минути.

Жолчките ги матиме со 10 лажици шеќер и вариме на пареа на пониска температура околу 15 минути да се згусти кремот и го додаваме чоколадото мешаме да се стопи. Тргаме на страна да се олади.

Во поголем дел од млекото додаваме шеќер и ставаме да зоврие во другиот дел го раствараме пудингот кој го сипуваме во врелото млеко, варме густ крем оставаме да се олади. Маргаринот го матиме со прав шеќерот, го додаваме изладениот пудинг постепено и матиме, потоа исто така постепено го додаваме кремот од жолчките и матиме да се соедини кремот.

Двете кори се отсечуват од краевите да се добијат 3 кори о ли ако сакате повисока торта пресечете ги по средина да добиете 4 кори. Се филува кора, крем изматена слатка павлака, кора и така до крај декорација по желба.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 17:05

Банана коцки со крем од кикирики путер

Банана коцки со крем од кикирики путер

Состојки

  • За тесто
  • 1/2 шоља (115 гр) путер на собна температура
  • 1 1/2 шоља (300 гр) шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 2 јајца
  • 3 поголеми, сосема зрели банани
  • 2 шољи (260 гр) сенаменско брашно
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 шоља (120 мл) млеко
  • За крем
  • 1 шоља (235 гр) кикирики путер на собна температура
  • 1 шоља (115 гр) шеќер во прав
  • 90 гр путер на собна температура
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • прстофат сол
  • 200 гр слатка павлака со најмалку 30% м.м.
  • За украсување
  • малку чоколадни лушпи

Подготовка

Загрејте ја рерната на 175 Ц.
На дното на правоаголен калап за печење со големина 30 на 20 цм ставете хартија за печење.
Во еден мал сад измешајте ги брашното со содата и прашокот за пециво.
Во еден мал сад испасирајте ги бананите.
Во еден поголем сад пенесто изматете го путерот со двата вида шеќер. Додајте ги едно по едно јајцата, добро матејки мегу секое додавање. Додајте ги бананите и добро изматете. Наизменично додавајте ги брашното и млекото, брашното во три, а млекото во два наврати, добро матејки. Истурете ја смесата во калапот за печење.
Печете 40 - 50 мин или проверете со чепкалка. Оставете да се олади на жица.

За кремот во еден поголем сад изматете ги со средна брзина кикирики путерот, путерот, двата вида шеќер и солта додека не стани кремасто. Матејки додавајте постепено од слатката павлака додека не добиете сосема мазен, пенлив крем.
Одвојте ги страниците на колачот од калапот и превртете го на работната површина. Исечете на 15 коцки. На секоја украсно нашприцајте од кремот. Одозгора наросете чоколадни лушпи.
Чувајте ги во затворена кутија во фрижидер, но пред послужување донесете ги на собна температура.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.