|
Најубавите стихови во Библијата |
Внеси реплика | страница <1 2324252627 98> |
Автор | |
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пословици 17
15 Кој го оправдува виновникот и кој го осудува правиот, двајцата Му се омразени на Господа. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зашто по Милост сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Ефесј. 2:8 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јован 3
16 Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. 17 Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. 18 Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син. 1Коринт13 1 Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидат бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. 2 Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за сите работи, а и така силна вера, што и планини да преместувам, - ако љубов немам, ништо не сум. 3 И да го раздадам цилиот свој имот, да позволам телото да ми изгори, - штом љубов немам, ништо не ми користи. 4 Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее, 5 не прави што не е пристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло, 6 не направда не се радува, а на вистина се радува, 7 се извинува, во се верува, на се се надева, се претрпува. 8 Љубовта никогаш не престанува, а другото, ако се пророштва, ќе престанат; ако се јазици - ќе замолкнат; ако се знаења - ќе исчезнат. 9 Оти по нешто знаеме и по нешто пророкуваме; 10 а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното. 11 Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж, го оставив детинското. 12 Сега гледам нејасно како во огледало, а тогаш - лице в лице; сега знам нешто, а тогаш ќе знам како што сум познат. 13 А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив и љубовта. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пословици 2
6 Зашто Господ дава мудрост, од Неговата уста доаѓа знаењето и разумот. 7 Тој им ја укажува Својата помош на праведните, штит им е на оние што одат непорочно. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jakov 4
10 Понизете се пред Господ, и Тој ќе ве возвиши! Jakov 4 8 Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи кон вас; Исчистете ги рацете, грешници, и очистете ги срцата, луѓе со разделена душа! Евреите 4 12 Зашто Божјото Слово е живо, и делотворно, и поостро од секој меч остар од двете страни, и навлегува до разделувањето на душата и духот, на зглобовите и на мозокот; и ги суди мислите и намерите на срцето, 13 и нема создание кое е невидливо пред Него; туку сè е голо и откриено пред очите на Оној, пред Кого ние ќе дадеме сметка. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Филипјаните 2
4 Не грижете се секој само за себе, туку и за другите! 5 Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли, што ги има Исус Христос, 6 Кој, иако беше во обличје Божјо, сепак не држеше многу до тоа што е еднаков со Бога; 7 но Сам Себе се понизи, откако зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето; и по вид се покажа како човек; 8 Сам се смири, откако стана послушен дури до самата смрт, и тоа смрт на крст. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СТИХ ОД БИБЛИЈАТА
Господ ќе ме избави од секое зло дело и ќе ме запази за Своето Небесно Царство.Нему слава за вечни векови.Амин! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оди при мравката, о мрзливецу, набљудувај ги нејзините патишта и постани мудар. Мудр. изреки 6:6 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Псалм 139
1 Господи, Ти си ме испитал и ме знаеш, 2 Ти знаеш кога седнувам и кога станувам, веќе оддалеку ги знаеш моите мисли. 3 Дали одам или лежам, Ти гледаш сè, познати ти се сите мои патишта. 4 Додека мојот збор уште не дошол до јазикот, а Ти, Господи, веќе сè знаеш. 5 Ти ме опфаќаш од плеќите и од лицето, Твојата рака ја стави врз мене. 6 Тоа знаење премногу е чудно за мене, превисоко е, за да можам да го стигнам. 7 Каде да одам од Твојот Дух и каде да побегнам од Твоето лице? 8 Ако се вознесам на небото: таму си, ако легнам во подземјето: и таму си. 9 Ако ги земам крилата на зората и се населам на крајот на морето, 10 и таму, Твојата рака ќе ме води, Твојата десница ќе ме држи. 11 Ако речам: „Нека ме скријат темнините, но дури и ноќта ќе биде како светло околу мене!” 12 Ни темнината за Тебе не ќе биде темна: ноќта свети како ден и темнината е како светлина. 13 Зашто Ти ги создаде моите бубрези, ме истка во мајчиното крило. 14 Ти благодарам што сум создаден толку чудесно, што се Твоите дела прекрасни. Мојата душа тоа добро го знае. 15 Моите коски не Ти беа скриени додека се создавав во тајност, ткаени во длабочината на земјата. 16 Твоите очи го видоа мојот зародишок, веќе сè беше запишано во Твојата книга; деновите ми беа одредени, уште додека не беше ниеден. 17 Колку ми се драгоцени Твоите науми, Боже, колку е непресметлив нивниот број. 18 Да ги бројам! Повеќе се од песок! Кога се будам, уште сум со Тебе! 19 Боже, истреби ги злотворите, нека отстапат од мене крволоците! 20 Зашто се бунтуваат подмолно против Тебе, напразно се подигаат Твоите непријатели. 21 Господи, зар да не ги мразам Твоите мразители? Зар да не ми се гадат Твоите противници? 22 Јас ги мразам со далабока омраза и ги сметам за свои непријатели. 23 Испитај ме целиот, Боже, запознај ми го срцето, испитај ме и запознај ги моите мисли: 24 Погледај да не одам по гибелен пат и поведи ме по вечниот па |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Побожниот исчезна од земјата, ниеден праведник меѓу луѓето! ...секој му поставува мрежа на својот брат....главатарот бара подарок, судијата суди според поткупот...и така тие, заедно го ткаат злото.
(Михеј 7:2-3) Пророкот Михеј ја опишал состојбата на денешницата!!!...и дава надеж, и пишува: "А јас, јас сум загледан во Господа...мојот Бог ќе ме послуша мене. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Стојте во слободата со која Христос нè ослободи и не се подавајте пак под ропски јарем! Галатј. 5:1 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
14 Но тебе ти признавам дека според Патот, кого тие го нарекуваат секта, така Му служам на Богот на нашите татковци, верувајќи во сè што е според Законот и Пророците
==Дела Апостолски 24:14 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
1 Солунтјаните 5
14 Ве молам уште, браќа, поучувајте ги неуредните, охрабрувајте ги малодушните, помагајте им на немоќните и бидете трпеливи со сите луѓе. 15 Гледајте никој никому да не враќа зло за зло, туку секогаш барајте го доброто меѓу вас и за сите луѓе! 16 Радувајте се секогаш, 17 молете се постојано и 18 благодарете за се, зашто тоа е Божја волја за вас во Христос Исус! 19 Не гаснете го Духот, не презирајте ги пророштвата, 20 туку испитувајте се, а држете се за доброто. 21 Воздржувајте се од секој вид на зло! 22 А Самиот Бог на мирот да ве освети наполно! 23 И вашиот дух, душата и телото да бидат запазени целосни и беспрекорни при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос! 24 Верен е Оној Кој ве повикува, Кој и ќе го стори тоа. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
12 Нема спасение ниту во еден друг, ниту има друго име под небото, дадено на луѓето, преку кое мора да се спасиме.”Дела Апостолски 4:12.
Јован 16 27 Мир ви оставам, мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам не како што го дава светот. Да не се плаши срцето ваше, ниту да се бо |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Внеси реплика | страница <1 2324252627 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |