IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Кој си игра со парите на граѓаните?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кој си игра со парите на граѓаните?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 232425
Автор
Порака Обратен редослед
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2008 во 00:39
Originally posted by DOLNODUPENCE DOLNODUPENCE напиша:

викам ја угледајте се на грците, ако сакате да напредувате!

туку, и кукана на мајкана , кој к*р ,баш сега нашле да ја градат!?


Ако мислиш за мајка Тереза тогаш не се согласувам...
Мајка Тереза е од нашето време и жена која многу направила за човештвото, а како родена Скопјанка треба да сме горди на тоа...
Кон врв
DOLNODUPENCE Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 24.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 66
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DOLNODUPENCE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2008 во 00:36
викам ја угледајте се на грците, ако сакате да напредувате!

туку, и кукана на мајкана , кој к*р ,баш сега нашле да ја градат!?
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2008 во 00:06
...осекогаш сум била револуционерски настроена и со напредни идеи ...трепкање...Viva La Revolucion!...(во доверба, многу добро го изговарам ова...и убедлива сум)...трепкање
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2008 во 00:00
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

Originally posted by moira moira напиша:

Време е за Револуција и драстични промени...време е народов да покаже заби и да се разбуди од сонот.

аплаузkonecno аплаузMOIRA ZA VODAC NA REVOLUCIJATAаплауз



Изгледа жените во Македонија треба да ја покренат револуцијата , од нас мажите ништо, само пиво, спортска и празни муабети...
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2008 во 23:58
Има како нема вложувано?!

Имаме вложено во продлабочување на постоечките дупки по улиците, нови поквалитетни дупки, прав декор по улиците кој ти овозможува и така пријатно потскокнување додека се возиш, во гризењето на тротоарите, во гнасни и поѓубрени паркови и улици, и секако...велосипедските ленти на пешачките премини...оние со убава црвена боја...трепкање
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2008 во 23:56
Originally posted by moira moira напиша:

Време е за Револуција и драстични промени...време е народов да покаже заби и да се разбуди од сонот.
аплаузkonecno аплаузMOIRA ZA VODAC NA REVOLUCIJATAаплауз
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2008 во 23:47
Originally posted by moira moira напиша:

Делата ете ги...секој ден во последниве 18 години ги чувствуваме делата на народниве избраници и живееме со нив...време е за дела, да, ама на народот...


Тоа и го мислав....

Замисли Ѓорче Петров има буџет од 1 милион а центар од 28, епа искрено јас кога последен пат бев во Скопје не видов дека во Центар има 28 пати повеке вложувано....
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2008 во 23:39
Делата ете ги...секој ден во последниве 18 години ги чувствуваме делата на народниве избраници и живееме со нив...време е за дела, да, ама на народот...
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2008 во 23:37
Originally posted by moira moira напиша:

Време е за Револуција и драстични промени...време е народов да покаже заби и да се разбуди од сонот.


Време е за дела а не за муабети...

А ова што се случува во општина центар е многу добра причина за народот да покаже заби...

28милиони, КАДЕ СЕ????
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2008 во 23:27
Време е за Револуција и драстични промени...време е народов да покаже заби и да се разбуди од сонот.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2008 во 23:11
Кој си игра со парите на граѓаните?


Преку споменици некој си игра со парите на граѓаните
Александар Македонски е голема историска личност, но ако живееме во тешка ситуација на економски план, мора да ни бидат најважни потребите на граѓаните, а не спомениците, вели градоначалникот

Студената војна помеѓу Владата и градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, најверојатно ќе кулминира со поставување споменик на Александар Македонски на скопскиот плоштад Македонија. Градските власти велат дека се сведоци на „чаршиски муабети“ оти по Нова година ќе почне поставувањето на темелите на грандиозна фонтана, која ќе ја краси споменик на големиот војсководец. Градоначалникот не се согласува со нетранспарентно работење на Владата и на Општина Центар, како и со одлуката девет милиони евра да се потрошат за споменици.

- Во Градот се повикуваме на Закон. Општината Центар треба да знае дека може да подигне споменик на личност што произлегува од рамките на нивната општина, Градот - за градски херои, а државата за личности битни за националниот идентитет. Но, Општина Центар си зема право да биде поголема од Градот. Градот е надлежен за речното корито на Вардар со сите мостови, магистрални патишта и посебно за плоштадите. Токму тоа се местата на кои Центар планира да постави споменици и не можам да разберам со каква дрскост презема вакви иницијативи - вели Костовски Градоначалникот е убеден дека зад идејата за изградба на споменици е Владата, а Општина Центар само послушно ја спроведува.

- Испраќам сериозна критика до Владата за ваквото подигање споменици, бидејќи Градот треба да биде нивниот партнер со кој ќе ги утврдат приоритетите. Не сум контактирал со Владата на оваа тема. Мојата девиза е транспарентно работење со јасна цел. Јас така го водам Градот, што не е случај со Владата. За жал, сведок сум на муабети дека веднаш по Нова година ќе се монтира споменикот на Александар Македонски во централното зеленило на плоштадот Македонија - вели Костовски. Се води преписка со Министерството за транспорт за плоштадот, кој уште во 2004 година му е доделен на Градот како концесија за следните 99 години.

- Немам намера да му го отстапам плоштадот на Министерството за транспорт. Цело време зборуваат дека станува збор за изградба на фонтана, а всушност тоа е споменикот на Александар Македонски ставен во вода. Не се откажувам од идејата за референдум за детаљниот урбанистички план „Мал ринг“, па граѓаните нека одлучат што е најдобро за нив. Тие 900 квадратни метри на плоштадот Градот треба повторно да и' ги врати на Владата за да може таа заедно со општина Центар, според надлежното министерство, да „гради фонтана“. Александар Македонски, без сомнение е голема историска личност, но ние живееме во тешка ситуација, особено на економски план, и мора да ни бидат најважни потребите на граѓаните, а не спомениците. Патем, јасни се и пораките од Брисел - немојте да го провоцирате јужниот сосед. Што сакаме да направиме со овој чин? Уште повеќе да провоцираме, да се закопаме тука во својата беда? Александар Македонски има место во историјата и ниедна држава нема право да се нарече негова татковина - вели Костовски.Тој признава дека бил вџашен кога слушнал оти Општина Центар ќе одвои 9 милиони евра за споменици.

- Буџетот на Градот е 28 милиони евра. А, за споменици во овој мандат градот не одвои ниту денар. Општина Ѓорче Петров, која според димензии е речиси колку Центар, има буџет од еден милон евра. Ние буџетот го насочивме на капитални инвестиции, кои треба да овозможат побрз проток, подинамично струење и создавање нови димензии за туризмот во Скопје. А за да имаат граѓаните однос кон спомениците мора да поминат време и едукација. На пример, како е можно споменикот на толку почитувана личност како Гоце Делчев да е исчкртан толку многу со графити што не може да се исчисти со ниту едно хемиско средство? Моравме да ги смениме и плочките, а местото ќе го оградиме со цвеќе како што прилега за споменикот на еден револуционер - објаснува градоначалникот.

Кога градот би имал буџет и не би биле во економска криза, Костовски би им посветил споменици на личности штп се заслужни за градот, а меѓу нив без сомнение е Јосиф Михајловиќ, креаторот на модерно Скопје.

- Тој направи грандиозни работи за градот. Негова е идејата за хидроелектраната на Матка, тој ги откри изворите Рашче, негова е идејата за новата железничка станица, тој го направил проектот за плоштадот Македонија, Офицерскиот дом и за Судска палата. Тој е човекот што во период од 6-7 години ја поставил основата на модерно Скопје. Бил архитект и успеал од една заостаната касаба да создаде град. Зошто да нема и споменик посветен на Славко Јаневски, академик, професор, писател, поет, скопјанец. Во ниту едно дело што го напишал не го исклучил Скопје. Такви личности современици си го заземаат местото во градот. Зошто да немаме споменик на Тоше Проески на местото каде што илјадници свеќи гореа во негова чест? Тој беше наш современик и наш најголем амбасадор. Него луѓето го познаваа и го сакаа. А, јас немам што да поделам со споменикот на Александар Македонски. Од денешен аспект може да му се восхитуваме само како на одличен воен стратег. Но, повеќе би бил среќен кога во нашата историја би имале творци и научници, отколку освојувачи - вели Костовски.

Тој нема податоци дали општина Центар дала 500.000 евра за изработка на идејно решение и макета за споменик на Александар Македонски, но ако е тоа точно, се отвораат многу сомнежи. Јас инвестирав во два споменика на Мајка Тереза, кои чинеа по 60.000 евра. Сумата од 9 милиони евра за споменици кај мене буди сомнеж дека тоа се премногу пари и дека некој си игра со парите на граѓаните - вели Костовски.






Не сум некој фан на Костовски ама овој пат навистина е во право.
Дефинитивно не му е дојдено на народот до споменици, цркви, стокатници, Скопје и овој народ имаат други приоритети.
НАвистина незнам кој к*р им е и на владата и на овие од општина центар ама оваа на ништо не личи. Ако ова не е перење пари незнам што е???


Ама така е кога немаш политичка конк*ренција....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 232425
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.