Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Август.2015 во 15:02 |
ОВА Е МРАЧНАТА СТРАНА НА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ Сите ние имаме светла и темна страна, прочитајте кои се вашите мрачни карактеристики.. ОВЕН Кај првиот хороскопски знак гордоста и арогантноста наоѓаат плоден терен. Овните се полни со себе, па за нив да се учестува во нешто секогаш значи да се биде прв – прв на целта, прва класа, прва лига… Скромноста е непознат збор за Овните. Покрај ова, тие се прилично посесивни, но на некој начин и дарежливи. Подготвени се да направат се за да бидат во центарот на вниманието. Но во една работа сепак се држат подобро од другите знаци, им завидуваат само на најмоќните. Бидејќи се водат од нагоните многу се осветољубиви, а за да го избегнат чувството на губиток често се дружат со луѓе кои не претставуваат закана за нивната позиција. Водени од Марс, богот на војната лесно можат да се разбеснат. Имаат агресивен карактер, но за среќа бесот не ги држи долго. Мрлезивоста за нив е непозната, бидејќи речиси секогаш имаат вишок на енергија. БИК Биковите не ги красат само горделивоста и надуеноста. Тие се многу амбициозни и не сакаат да се споредуваат со кого било. Сакаат да се фалат со своите материјални добра и со успесите на своите деца. За нив не може да се каже дека се скржави, но кога се работи за подарување на други луѓе се претпазливи, а кон семејството и сопствените потреби се прилично великодушни. Под влијание на Венера безрезервно учествуваат во сите видови на животни задоволства, почнувајќи од сексот. Нивните чувства лесно можат да се разбудат, тие се страствени и романтични лица, но истовремено и љубоморни и нетолерантни. Им завидуваат на лицата кои располагаат со многу добра, а тоа ги поттикнува да работат повеќе со цел да не го изгубат контактот со лукзусниот живот. Ги сакаат задоволствата кои им ги пружа богатата трпеза, а од време на време со храна ги компензираат внатрешните и другите задоволства. Што се однесува до гневот, поседуваат голема толеранција и долго можат да молчат, но кога ќе екслодираат подобро да не бидете во нивна близина. Љубители се на удобноста и тишината, па лесно можат да станат мрзеливи како вистински пример за пасивна издржливост. БЛИЗНАЦИ Близнаците се мајстори за „маскирање“, па пред другите се претставуваат онака како што им одговара во одредена ситуација. Уживаат во трошење пари, луксузни и екстравагантни патувања. За нив не може да се каже дека се скржави, освен кога се работи за нивните чувства, бидејќи се плашат од врзување. Непознатото е вистински предизвик за нив. Копнежот и страста не ги познаваат добро, па сметаат дека е во ред да го освојуваат и восхитуваат својот плен само како дел од една голема игра. Не се завидливи, но во моменти на конфликт им завидуваат на оние кои се посреќни од нив. Сакаат да играат игри, сејат неслога меѓу колегите, се забавуваат озборувајќи, а им завидуваат само на оние кои знаат да чуваат тајни. Знаат да бидат прилично нервозни и раздразливи. Резулатот од сево ова е бес и бескорисно губење на енергија. Не сакаат многу обврски, често се инаетат и стануваат мрзеливи кога некој ги тера да направат нешто против нивна волја. РАК Ракот е најчувствителниот знак во зодијакот. Иако не се полни со себе, сепак понекогаш оддаваат таков впечаток за да не ја покажат својата ранливост. Внимаваат како ги трошат парите, иако не се скржави. Раковите не можете да ги наговорите на неразумно трошење и многу се разумни во купувањето. Под нивната романтична фасада се крие возвишена сексуалност. Бидејќи се срамежливи не го покажуваат своето вистинско лице барем до моментот кога ќе се почувствуваат потполно сигурни во партнерот. Тогаш полека стануваат страствени. Често им завидуваат на безчувствителни лица бидејќи мислат дека тие помалку страдаат. Всушност им завидуваат на сите кои се упорни и се борат за својата иднина. Како и на оние кои имаат добро семејство, кои максимално ги заштитувало. Кога се чувствуваат разочарани, запоставени, несакани и несфатени лесно се разлутуваат и нагло го менуваат расположенито, па стануваат агресивни и бесни. Повеќе од се ги лути кога некој го омаловажува нивното семејство или потекло. Иако имаат потенцијал за социјален успех, порадо би останале во сенка и сонувале со отворени очи, бидејќи се по малку мрзеливи и страшливи за борба во првите борбени редови. ЛАВ Себељубството често знае да ги заслепи. Бидејќи веруваат дека се најдобри очекуваат другите да им се поклонуваат. Непотребно е да се нагласи дека во тоа се прилично успешни. Суетата и вообразеноста се нивните најистакнати особени. Лавовите не знаат да штедат и купуваат се што ќе посакаат. Им завидуваат на лицата кои се опкружени со скапоцени предмети. И во постелата мислат дека се најдобри. Лавицата сака да и се доворуваат, а лавот сака харем кој ќе ги задоволи неговите потреби. Лавовите се неверојатно лакоми. Љубоморни се единствено на предметите и материјалните добра кои другите ги поседуваат. Кога некој им се спротиставува стануваат немоќни и нетолерантни. Всушност тие се тирани кои имаат потреба од жртви, па бесот не им е непознат. Кај нив мрзеливоста е присутна, но минлива. Долго време можат да бидат неподвижни и усмерени единствено кон своите потреби. ДЕВИЦА Девиците се исклучително несигурни. Но за да ги залажат другите знаат да покажат арогантност. Патат од комплекс на помала вредноста и често се плашат дека не се дораснати на одредена ситуација. Внимателни се во трошењето, а кога ќе кажат дека ќе купат нешто прво обиколуваат многу продавници и ги анализираат сите опции, а дури потоа купуваат. Кон другите се скржави, а кон себе се малку попустливи. Страста не им е најсилна страна. Информирани се за сите техники на блуд и радо експериментираат пред да стапат во некоја љубовна акција. Завидни се на храброста, убавината и богатството на другите. Девиците се многу педантни, внимаваат на хигиената и општиот впечаток кој го оставаат. Благодарејќи на долго вежбаната самоконтрола ретко ја губат смиреноста. Кога ќе се вознемират не викаат, туку користат иронија знаејќи дека зборовите повредуваат повеќе од гестовите. Така го искажуваат својот бес. Поседуваат завидно ниво на одговорност, хиперактивни се и секогаш се плашат дека нешто не направиле доволно добро. Кога се чувствуваат осамено и напуштено стануваат ментлано мрзеливи. ВАГА Вагите се арогантни и препотентни, но со стил. Нивната личност има различни нивоа, па полни со себе стануваат само во моментите кога им судат на „обвинетите“. Со задоволство трошат големи суми на пари за да се опкружат со убави нешта. Бидејќи се суетни купуваат само префинети нешта, какви што сакаат да бидат и тие самите. Штедат само кога се плашат од губење на балансот. Во еротиката се многу префинети и големи естети. Аристократи се во креветот, а по додворувањето се препуштаат на фантазиите и не се штедат кога станува збор за игри на задоволство. Вагите не им завидуваат на другите кои успеале да ја пронајдат стабилноста и кои живеат во хармонија со себе. Ако се среќни не чувствуваат љубомора кон другите среќници, а ако се сами тогаш стануваат љубоморни. Бесни се кога ќе забележат неправда врз себе и другите. Ги иритира неможноста да се оствари некоја нивна желба. Ако дознаат дека се измамени во љубовта губат контрола. Нејтешко им е да донесат одлука, бидејќи тоа значи дека треба да исклучат некого или нешто, па затоа долго размислуваат. СКОРПИЈА Горделиви се до неверојатни размери, способни долго да молчат, а веќе во следниот момент да покажат непримерна агресивност. Не се предаваат, арогантни се, полни со себе и способни во целост да го уништат противникот. Не спаѓаат помеѓу најширокоградите астролошки знаци, бидејќи даваат за да добијат за возврат, иако не се скржави. Кога станува збор за страста, спаѓаат во најнезаситните, најљубоморните и најпосесивните знаци. Ги познаваат сите тајни на ерос и се препуштаат на страста без граници. Завидни се кога некој друг има моќ и кога некој е незаслужено богат. Раздразливи се и во состојба се да им приредат сцена на оние кои им се спротиставиле. Кога се лути стануваат агресивни и склони на физички пресметки. Спијат малку и поседуваат внатрешна сила за совладување на тешките проблеми. Работохоличари се кои не губат време. СТРЕЛЕЦ Нивна главна карактеристика е самодовербата, а некои тоа го доживуваат како себељубство. Повеќе сакаат да даваат наредби отколку да слушаат. Јупитер им дава одлики на широкогради алтруисти, па затоа не се штедливи, но ако останат без пари стануваат несреќни. Освојувањето го сакаат повеќе од блудот. Обожаваат да ја фасцинираат жртвата, нагли се и не познаваат префинетост во еротиката, туку анималистична глад. Премногу се широкогради и полни со себе за да бидат завидни. Единствено чувствуваат завист кога некој ги победува во спортот или животот, бидејќи не знаат да губат. Нивниот бес е краткотраен, но интензивен. Непоправливи идеалисти се и патат кога некој од нивните пријатели ќе ја искористи нивната искреност. ЈАРЕЦ Вообразени се, амбициозни, сакаат да даваат наредби, а од гордост не прифаќаат компромиси. Сепак, вешто знаат да го скријат својот тирански карактер бидејќи добро се контролираат самите себеси. Многу се внимателни во трошењето и доволно скржави за да им дадат нешто на другите, бидејќи ги гледаат како противници. Бидејќи се ладни и создржани, можат да бидат настрани љубовници. Влегуваат точно во центарот на блудноста. Марс, богот на војната, во Јарец го дал својот максимум. Иако знаат да се контролираат понекогаш знаат да бидат експлозивни и да покажат незапирлив бес. Нивната суровост не познава граници. Поради големите амбиции и зафатеноста на професионален план неспособни се за легачење, иако понекогаш изгледаат мрзеливи. Како на пример кога треба да покажат емоции, но кога станува збор за секс можат да издржат со саати. ВОДОЛИЈА Секоја Водолија има некоја област во животот во која мисли дека е посебна и најдобра. Тоа може да биде и нешто банално, но нив им е многу битно. Кога ги бранат своите идеи стануваат сосема поинакви личности. Всушност Водолиите се интелектуални снобови и често се полни со себе. Мудри се и вниматели во трошењето, но и великодушни кон пријателите на кои секогаш се подготвени да им се најдат. Сакаат да трошат многу и не се скржави. Склони се кон гревови во разни еротски варијатни, мачејќи ги другите со своите фантазии кои ним им се незамисливи. Лакомоста и ненаситноста се атрактивен поим за нив, како во креветот така и на софрата. Не се имуни на мрзеливост, иако успеваат да ја победат кога станува збор за големи активности. РИБИ Рибите се пречувствителни и потонати во својот свет од соништата, се стремат кон духовни квалитети, а полни се себе затоа што мислат дека успеваат да се издигнат над материјалниот свет. Нивната чувствителност ги наведува да стават арогантна маска. Не се скржави, а кон себе се и повеќе од расипници. Нивната блудност е нагласена бидејќи кај нив Венера е особено нагласена. Страствени се, имагинативни и со малку мазохизам во моментите на екстаза. Кога станува збор за зависта, им завидуваат на оние кои не губат време во трката да го постигнат она што го сакаат во животот. Не се освојувачи и не ја познаваат агресивноста, ниту пак храброста во напаѓачка смисла. Но се бранат со речиси хистеричен бес. Мрзеливи се и пасивни како никој друг на Земјата. Настојуваат обврските да ги префрлат на друг и бескрајно уживаат во слободното време.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Август.2015 во 15:05 |
Моментално сериите го доживуваат својот ек. Доколку и вас ве зафати оваа манија, ние можеме да ви понудиме краток избор на серии кои се базираат на вашиот хороскопски знак. 
Овен Овните сакаат драми и мелодрами. За нив се препорачуваат шоу програми и серии кои ги прикажуваат луѓето во најдобро и во најлошо светло. Препорачуваме: „Inside Amy Schumer“, „Grey’s Anatomy“, „Empire“, „The 100“, „Bloodline“ 
Бик
Уживаат во серии кои траат по неколку сезони и серии каде се прикажува убавина во секоја смисла. Препорачуваме: „The Americans“, „Doctor Who“, „American Crime“, „The Big Bang Theory“, „Law & Order“ 
Близнаци
За нив се серии преполни со заплети, пресврти и драми. Препорачуваме: „Game of Thrones“, „Elementary“, „The Walking Dead“, „Girls“, „True Detective“ 
Рак
Тие ќе уживаат гледајќи серии каде се прикажани ликови со цврсти карактери. Препорачуваме: „Mad Men“, „Rectify“, „iZombie“, „Daredevil“, „The Good Wife“ 
Лав
Тие сакаат серии каде ќе можат да научат како да си подобрат своите лидерски способности. Препорачуваме: „Jane the Virgin“, „Unbreakable Kimmy Schmidt“, „Black-ish,Transparent“, „Girlfriends’ Guide to Divorce“. 
Девица
Нив ги воодушевуваат забавни серии, каде лесно ќе сфатат каков е ликот и кои се неговите намери. Препорачуваме: „Broad City“, „Modern Family“, „Nashville“, „The Mindy Project“, „Nurse Jackie“ 
Вага Романтични серии кои будат копнежи ќе биде изборот на мечтателската душа на вагата. Препорачуваме: „Orange Is the New Black“, „The Last Man on Earth“, „Reign“, „Better Call Saul“, „The Vampire Diaries“ 
Скорпија
Ќе уживаат во серии каде главниот лик е прикажан како цврста и решителна личност. Препорачуваме: „Scandal“, „Orphan Black“, „The Affair“, „The Royals“, „Bates Motel“ 
Стрелец
За нив се серии каде главниот лик има необичен пристап кон животот и со експлицитна и црна смисла за хумор. Препорачуваме: „Silicon Valley“, „Shameless“, „It’s Always Sunny in Philadelphia“, „Togetherness“, „Barely Famous“ 
Јарец
Идеални серии за овој знак се оние каде ликовите цврсто се борат за своите желби и цели и од кои никогаш не се откажуваат. Препорачуваме: „Vikings“, „Hannibal“, „Ray Donovan“, „The Returned (on Sundance)“, „Arrow“ 
Водолија
Треба да гледаат серии кои се преполни со мистерии и интриги. Препорачуваме: „Pretty Little Liars“, „Penny Dreadful“, „Brooklyn Nine-Nine“, „Supernatural“, „How to Get Away With Murder“ 
Риби
Ќе уживаат во серии кои се базирани на човекова емпатија и интуиција. Препорачуваме: „Portlandia“, „Downton Abbey“, „The Bachelorette“, „Outlander“, „The Fosters“ 
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Август.2015 во 22:02 |
Ова се трите најпаметни хороскопски знаци – Дали сте меѓу нив? |
 |
|
Да се биде паметен не е само прашање на интелегенција. И исклучително паметните луѓе се склони кон моменти на глупост, но повеќето време тие имаат тенденција да делуваат попаметно. БлизнациУште од мали нозе сакаат да истражуваат и да испитуваат. Многу се љубопитни по природа, па ги интересираат многу работи од различни области, иако најчесто се наклонети кон уметноста. Тие се многу интелегентни па оттаму произлегува и нивната духовитост и проникливост. Поради таа причина, секогаш се опкружени од луѓе со кои можат да водат когнитивни разговори, а исто така бараат и интелегентен партнер со кој ќе можат да разговараат за се`, затоа што различни приказни ги исполнуваат. ШкорпијаНиеден хороскопски знак не е толку прониклив и интуитивен како Шкорпијата. Речиси не постои работа во која нивниот продорен поглед и шесто сетило не можат да продрат. Тие секогаш тежнеат во се` да почувствуваат длабочина, да влезат под површината и да ја видат вистинската смисла. Со нив не се обидувајте да манипулирате затоа што тие се оние кои го прават тоа, а многу лесно ги сфаќаат намерите на другите луѓе. СтрелецТие имаат турбулентната и љубопитна природа како Близнаците и секогаш имаат потреба да знаат повеќе и често делуваат делуваа прилично несериозно. Меѓутоа, тие се и тоа како проникливи и добро знаат да ја проценат ситуацијата. Многу се друштвени и знаат како да се однесуваат со луѓето. Не им е проблем уште на прв поглед да придобијат симпатии кога ќе се најдат во ново друштво, а исто така можат да проценат кој е кој. Меѓу припадниците на овој знак има многу научници, а математиката и воопшто природните науки им се посилна страна. Сакаат да вложуваат во себе и во својот интелект во текот на целиот живот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Август.2015 во 08:51 |
Грешките од овој живот можеби не можете да ги исправите, но претходниот живот сигурно ви оставил по некоја мудрост. 
Хороскопот од претходниот живот сега ги открива сите стравови, страсти и лекции кои ви се пренеле во овој. Овен Во претходниот живот сте биле емотивно неодлучни и зависни од другите, па сега е важно да преземете иницијатива на ова поле, да инсистирате врз своите желби и потреби, за да си го пронајдете изгубениот идентитет. Сепак, не одете во друга крајност, затоа што претераната самостојност лесно прераснува во егоизам. Упорноста и вербата во себе е она што ви е најпотребно. Бик
Во минатиот живот сте минале низ големи стравови, патења, но и големи страсти. Сегашниот живот ви е даден како прилика да се стабилизирате и приземјите. Стабилноста, истрајноста и праксата се од клучно значење. Време е да му дозволите на духот да се покаже во пракса, затоа што само така ќе созреете и ќе ги заборавите непријатностите од минатото. Близнаци
Во минатиот живот сте имале проблеми со лошата комуникација. Овој живот ви е прилика да видите колку е важно да го кажете она што го чувствувате. Исправете ги пропуштените прилики за да се остварите на емотивен план. Посесивноста, оддалечувањето од блиските и повлекувањето во свој свет се најголемите проблеми кои ви се случуваат, а може да ги решите исклучиво со правилна комуникација. Рак
Во овој живот учите како да бидете приврзани и постојани, за површината и немирниот дух од минатиот живот да ги претворите во силна поддршка. Без оглед на тоа како делувате однадвор, вашата внатрешна природа е мека. Во овој живот имате шанса да ги сфатите семејните односи, па затоа за вас најважни се родителите и децата. Но, не заборавајте и на себе. Лав
Во минатиот живот сте сакале без многу пребирање, но сега мора да научите емотивната енергија да си ја насочите само кон одредени луѓе и области кои ви се значајни. Имате детска среќа и често сте во центар на вниманието. Но, немојте да бидете гневни кога нема да ви се покаже доволно внимание. Вашата лекција која треба да ја совладате во овој живот е самодовербата и самопочитувањето. Девица
Овој сегашен живот ве учи да имате право на избор на работите кои ве задоволуваат, како и дека емоциите се градат постепено, чекор по чекор. Мора да научите да не се потпирате на другите, туку само на себе. Чувството на вина ве прати од минатиот живот. Ослободете се од него што поскоро.
Вага Во минатиот живот сте имале проблем во однос на другите луѓе, како и со спротивниот пол, па во сегашниот може да ве плаши стравот од луѓе и нивните скриени намери. Имате одбивност кон тимската работа и довербата, токму од оваа причина. За да си ја поправите таа грешка, овој живот ви нуди многубројни љубовни партнери и голем круг на пријатели, за да си ја подобрите хармонијата. Скорпија
Во себе носите нерационални стравови од минатото, вклучувајќи го стравот од болка, патење и губење на најблиските. Затоа во овој живот знаете да бидете посесивни кон луѓето кои ги сакате, па несвесно пробувате да ги задржите што поблиску до вас. Интуицијата исто така ви е патоказ за патот по кој би требало да одите и не треба да ја игнорирате. Стрелец
Во сегашниот живот сте дојдени за да ги разбиете предрасудите и да научите да бидете пофлексибилни и да ја пронајдете својата слобода. Толеранцијата е клучот на среќата во овој живот, па затоа за вас најважни се патувањата, запознавањата на различни култури и модели на однесување и верувања. Јарец
Искуствата од минатиот живот сега ве ставаат во конфликт со авторитетот, па се нервирате кога другите не контролираат или сакаат да ви ги искористат слабостите. Во сегашниот живот учите да си бидете сами на себе авторитет, како и да бидете поодговорни кон своите и туѓите емоции. Овој живот ви е даден за да научите дека одговорноста и дисциплината не секогаш значи студенило или дистанца. Водолија
Во минатиот живот сте биле сведоци на љубомора и посесивност, па предизвик во овој живот ви е да ги одвоите лажните слики, посесивноста и љубомората од луѓето кои ги сакате. Морате да си пружате слобода на себе и на другите. Ваша задача која одлично ја извршувате во овој живот е воспоставувањето на пријателски односи, хуманост и толеранција. Риби
Во минатиот живот недоволно сте ги ценеле емоциите и не сте имале време за да им се препуштите. Затоа сегашниот живот ви е даден да си ја поправите грешката. Тука сте да научите дека емотивното отворање на душата е почеток на сите убавини.
Изменето од Valerija - 05.Август.2015 во 08:51
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Јули.2015 во 09:07 |

Дали некогаш добро сте се „изгореле“ затоа што сте се довериле на некој од пријателите, а потоа за ова дознал кој треба и кој не треба? Проверете да не случајно сте си имале „работа“ со овие знаци, или можеби сте еден од нив. Близнаци Во еден момент се во состојба да ви ветуваат брда и долини. Ветувањето дека ќе ве заштитат и дека ќе ви помогнат во секое време – заборавете го веднаш. Нивните чувства се моментални и имаат краток рок на траење. Ако вашиот договор е врзан со временски рок, сметајте дека Близнакот нема да се појави. Мислите им се конфузни и често забораваат што се договориле и што ветиле. Ако им се доверите, немојте да очекувате дека тајната ќе ја „понесат во гроб“. Често прават работи зад грб и важат за личности кои не се верни на своите партнери. Вага
Не затоа што е склона на лаги, Вагата ќе ве изневери затоа што нејзините одлуки се менуваат како што дува ветерот. Таа е во состојба да го промени мислењето со брзина каква што не можете да насетите. Ако нешто ви ветила, незината друга половина од мозокот во истиот момент го сменила мислењето. Кога ќе сфатите дека сте изиграни и Вагата ќе се почувствува загрижена, па ќе смисли еден куп изговори и оправданија. Риби
Лажат – сушат! Тие живеат во своите илузии и почнуваат да веруваат дека се вистинити. Ако успеете да ги разбудите од сонот во кој живеат и им објасните дека се лажат и себе си и околината, слободно простете се од нив затоа што не сакаат никој да им соли памет. Соочувањето со вистината не им оди од рака. А „симнувањето на маската“ сериозно го загрозува нивниот идентитет.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
outlook123
Сениор
Maya
Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Јули.2015 во 15:43 |
нешто ми збореше, дека имам нешто заедничко со џенифер
|
едно е - не се две
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Јули.2015 во 21:39 |
Прочитајте со кои славни личности го делите хороскопскиот знак.
Овен Овните се креативни, проникливи и прилагодливи на сите животни околности и ситуации. Знаат да бидат многу спонтани, па околината најчесто ги доживува како шегаџии, но знаат и многу брзо да избувнат поради ситници. Причината за тоа е што се премногу страсни, особено кога станува збор за нивната професија. Познати во знакот Овен: Сара Џесика Паркер, Рис Витерспун, Лејди Гага, Викторија Бекам, Кристен Стујард Бик За родените во овој знак карактеристично е што се полни со енергија, упорни и силни личности. Умеат да бидат критични, но знаат и да дадат поддршка, да бидат стрпливи и чувствителни. Тие се одлични ментори и сакаат да ги подучуваат другите и да им даваат инструкции. Немаат баш чувство за време, па често доцнат и делуваат неорганизирано. Познати во знакот Бик: Џесика Алба, Дејвид Бекам, Меган Фокс, Пенелопе Круз, Џорџ Клуни, Роберт Патисон, Кирстен Данст Близнаци Тврдоглавоста е особина која ги краси родените во овој знак. Тие се и импулсивни, но и нежни со мечттателски души. Се вели дека овие личности имаат две лица и дека често го менуваат расположението. Харизма, желба за успех и позитивност е она што прво се забележува кај овие луѓе. Познати во знакот Близнаци: Анџелина Џоли, Канје Вест, Натали Портман, Крис Еванс, Ешли Олсен, Шаја Лабаф Рак Раковите се нежни, благи и верни личности. Исто така можат да бидат тврд орев кој е тешко да го скршите затоа што се посветени на своите желби, тежнеења и цели. Знаат да бидат повлечени личности и волци-самотници и често имаат „моменти“ кога самите на себе си се доволни. Познати во знакот Рак: Жизел Бундшен, Даниел Реткилф, Џесика Симпсон, Селена Гомез, Софија Вергара, Вин Дизел, Аријана Гранде, Лук Брајан, Кристин Бел Лав Храброст, тврдоглавост и харизма се особините со кои се карактеризира овој хороскопски знак. Лавовите со својата огромна самодоверба прават другите луѓе да ги доживуваат како лидери и како личности од доверба. Имаат одлична смисла за хумор и другите ги сметаат за забавни личности кои секогаш се зафатени и најчесто се наоѓаат на раководна позиција. Познати во знакот Лав: Џенифер Лоренс, Бен Афлек, Џенифер Лопез, Мадона, Хали Бери, Мила Кунис, Барак Обама, Шерлиз Терон, Шон Пен Девица Девиците се аналитични, интуитивни и многу љубопитни. Не се плашат да ги искажат јасно своите размислувања, ставови и не поднесуваат авторитети. Тие се големи борци за правда и често на другите им служат за исповедување и советување. Паметат сè и ако некој ги повреди му враќаат трипати повеќе. Познати во знакот Девица: Бијонсе, Камерон Дијаз, Блејк Леви, Рајан Филипе, Џенифер Хадсон,Ник Џонас, Леа Мишел Вага Вагите се шармантни личности со стил и многу емотивни. Поверојатно е дека ќе избегнуваат кавги отколку да си ги бранат своите ставови и аргументи. Посветуваат големо внимание на изгледот. Сакаат убави, луксузни и скапоцени работи. Познати во знакот Вага: Ким Кардашијан, Ашер, Гвинет Палтру, Еминем, Хилари Даф, Кејт Винслет, Зак Ефрон, Гвен Стефани, Вил Смит Скорпија Скорпиите се полни со самодоверба, јаки и цврсти личности кои цврсто стојат на земја. Често не сфатени од околината затоа што никогаш не се под туѓо влијание, туку секогаш си ги бранат своите ставови. Не се срамежливи и сакаат предизвици. Посебно кога е љубовта во прашање. Познати во знакот Скорпија: Кети Пери, Рајан Рејнолдс, Рајан Гослинг, Скарлет Јохансон, Леонардо ДиКаприо, Ен Хатавеј, Ема Стоун Стрелец Стрелците се по природа авантуристи и оптимисти кои сакаат предизвици. Имаат големи соништа и проблем со трпеливоста. Сакаат сè одма и сега. Познати во знакот Стрелец: Бритни Спирс, Бред Пит, Ники Минаж, Тајлор Свифт, Мајли Сајрус, Џеј Зи, Тина Тарнер Јарец Јарците се практични личности, многу организирани и стрпливи. Сакаат да филозофираат, тие се верни пријатели и борци за правда. Себеси си поставуваат високи цели и нема да запрат додека не се искачат на самиот врв. Познати во знакот Јарец: Кејт Мидлтон, Бренди Купер, Џеред Лето, Кејт Мос, Сиена Милер, Мишел Обама, Орландо Блум, Нина Добрев, Ентони Хопкинс Водолија Водолиите се уметнички настроени личности, но се многу проникливи. Имаат добра комуникација со луѓето и се одлични советници. Луѓето често ги прашуваат за мислење и совет. Познати во знакот Водолија: Џастин Тимберлејк, Џенифер Анистон, Ештон Кучер, Парис Хилтон, Шакира, Кери Вашингтон, Хери Стајлс Риби Родените во овој знак ги краси искреност, несебичност и самодоверба. Многу се сензитивни и многу лесно може да ги повредите. Тие се во состојба да се расплачат од најмала критика, а не си ги простуваат ниту своите ниту туѓите грешки. Не се површни и размислуваат длабоко пред да почнат да делуваат. Познати во знакот Риби: Дру Баримур, Џастин Бибер, Ријана, Адам Левин, Џесика Бил, Даниел Крег, Оливија Вајлд
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Јули.2015 во 14:59 |

Некои знаци многу побрзо се палат и влегуваат во кавги за разлика од останатите, па затоа вреди да откриете на кој му е доволна и една ситница за да се разбесни. Ако некогаш им се најдете во близина, внимавајте да не ги испровоцирате: Овен Овој огнен знак кој е препознатлив по својот темперамент. Она што за повеќето луѓе се неважни ситници, тој е во состојба да ги доживее како напад на неговото его. Заради влијанието на Марс е нетрпеливи и често пати знае да биде агресивен. Меѓутоа, добро е дека колку што брзо се лути, толку брзо и му поминува, па дури и кога се работи за големи проблеми. Неговите напади на без се бурни, но што ги заборави, станува мек и нежен. Лав Лавот е нешто поблага варијанта на Овенот. Знае да биде раздразлив за ситници, но барем лесно заборава. Праведен е и се труди секогаш рационално да ја согледа ситуацијата, па понекогаш дури и да попушти ако погрешил. Сепак, си има свои моменти кога сака да е по негово. Скорпија На Скорпиите не и треба многу за да избувнат. Ако се разбеснат, подготвени се да провоцираат, навредуваат, па дури и физички да се пресметаат со оној кој им го предизвикал бесот. Понекогаш и тоа не им е доста, затоа што имаат изразена желба за одмазда и го чекаат вистинскиот момент да ја спроведат.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Јули.2015 во 08:41 |
Уште нешто интересно што хороскопот ќе ви го открие за вашиот карактер е типот на маска која што ја носите секој ден, пред останатите личности од различни причини. 
Дознајте што се крие под вашата маска и која е таа: Овен Овенот ја има маската на сожалување, бидејќи сака да го сожалуваат. И тоа секогаш му успева. Во суштина е ладнокрвна личност која иако сака да манипулира со останатите, знае и да ги сака со цело срце. Си ги знае своите граници и свесен е за својата маска на која веќе навикнал, бидејќи ја носи постојано. Бик
Бикот ја носи маската на пријателството, бидејќи се плаши да остане сам. Никогаш нема да ве избегнува доколку не му се допаѓате, но со време ќе ви се предаде, бидејќи доколку доволно долго глумите нешто, ќе започнете и да верувате во истото. Близнаци
Близнаците се дволични, но добродушни со маска на ладнокрвност. Понекогаш ја вадат кога знаат дека се во опасност и ја ставаат маската на Овенот, а тоа е маската на сожалувањето. Рак
Ракот иако сите го сметаат за најчувствителен знак во хороскопот, тој ја носи маската на љубовта. Често останува во врски кои знае дека не му одговараат доволно долго за да не ја извадат маската под која се крие личност која сака да ја пронајде вистинската личност. Лав
Лавот ја носи маската на гордоста, бидејќи се плаши од своите недостатоци и сака да биде недопирлив и бесчувствителен. Иако остава таков впечаток тој е кревка душа која знае да сака, но секогаш прави погрешен избор во љубовта. Девица
Девицата ја носи маската на педантноста, бидејќи сака да прикрие колку е всушност една неорганизирана личност која не се грижи за никој освен за самата себеси. Иако се смета за една од најладните знаци во хороскопот, кога ќе ја пронајде вистинската личност се препушта целосно и без резерва. Вага Вагата ја носи маската на одлучноста, бидејќи е неодлучна и не сака останатите да дознаат за тоа. Секогаш знае како да ви одговори дипломатски и погрешно на прашање поврзано со некоја одлука која треба да ја донесе, но е добар пријател кој знае да даде совет кога тоа е потребно. Скорпија
Скорпијата ја носи маската на искреноста, бидејќи лаже постојано, па понекогаш дури и верува во сопствените лаги. Знае да биде сентиментална кога ќе се заљуби, бидејќи се плаши да не биде излажена верувајќи во карма и бумеранг. Стрелец
Стрелецот е познат по својата прецизност и одлучност што е маска на неговата несигурност во себе. Знае да критикува, но не сака да го критикуваат и често се лути без причина. Јарец
Јарецот носи нарцистичка маска, бидејќи нема самодоверба и знае дека не е најдобар од сите како што остава впечаток. Нема капацитет за учење и често е љубоморен на тие што се подобри од него, но никогаш нема да го признае тоа. Водолија
Водолијата ја има маската на добрината, но длабоко во себе знае дека сака да ги повредува луѓето околу себе. Знае да цени и да простува, но кога еднаш ќе ја повредите, заборавете на неа. Риби
Рибите ја носат маската на верноста, бидејќи сакаат да изневеруваат, но без да бидат фатени на дело. Обожаваат отворени врски без обврски и го сакаат сексот повеќе од сите знаци во хороскопот. Брзо забораваат и често лажат. Која е вашата маска?
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Орка
Сениор
Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Јули.2015 во 18:03 |
Ахаааааа,кај да барам ја девица во Мариово ли
|
 |
outlook123
Сениор
Maya
Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Јули.2015 во 15:47 |
aiii me ima vo fatalnite hahaha ok E!
Изменето од outlook123 - 20.Јули.2015 во 15:47
|
едно е - не се две
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Јули.2015 во 09:12 |
ПОМЕЃУ КОИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ПОСТОИ МАГИЧНА ПРИВЛЕЧНОСТ ОД ПРВ ПОГЛЕД? Како што се привлекуваат плусот и минусот кај батериите, така и помеѓу знаците кои се наоѓаат на спротивните страни на хороскопското тркало, се создаваат искри кои можат да прераснат во страсна љубовна врска. Но, поминувањето многу време со некој кој има целосно различен поглед кон животот од вашиот, може да биде многу измачувачки, па после некое време батеријата во вашата врска ќе мора да биде променета. Дознајте како вие и вашиот спротивен знак во хороскопот можете да ја вратите искрата во вашата врска која ве споила на почетокот. 
Кога овен и вага се запознаваат, помеѓу нив инстантно почнува да се разгорува една страсна искра, благодарение на енергичноста и нескротливиот сексапил на овенот и нежниот шарм и суптилноста на вагата. Но, со тек на време, искрата може да се разгори во нетрпеливост помеѓу нив, бидејќи на овенот може да му досади од префинетите манири на вагата, а таа пак може да почне да се моли овенот некогаш да научи да се однесува поцивилизирано. Доколку сакате во вашата врска да продолжат да пулсираат искри на страст, наместо искри на гнев, престанете да војувате еден со друг и заедничката енергија употребете ја за да створите нешто реално – започнете бизнис, изградете куќа или едноставно заеднички згответе вечера. Кога вашите комплементарни вештини ќе ги ставите во игра, ќе се потсетите дека вие сте еден одличен пар. Оваа љубовна комбинација е „жешка“ уште на самиот почеток на врската. Кога лекомислениот, сензуален бик ќе се судри со неодоливата страст на скорпијата, кај овие партнери еруптира нескротлива сексуална желба. Но, со тек на време на бикот може да му досади од напнатоста на скорпијата, а таа пак може да смета дека бикот е честопати опуштен повеќе отколку што треба. Можеби ќе звучи иронично, но за да ја одржите искрата во вашата врска, вие треба да излезете од спалната соба и да поминете попладне дружејќи се со пријателите или да отидете на концерт, на журка или на кое било место каде ќе бидете опкружени со многу луѓе. Социјализирањето ќе ви помогне да внесете свежина во вашата врска и ќе ви создаде чувство на сексуална жед еден за друг, во ситуација во која ќе можете само да се гледате. Во моментот кога интелектуалниот, ведар близнак ќе се запознае со мудриот, филозофски настроен стрелец, помеѓу нив веднаш се создава магична привлечност и меѓусебна почит. Но, вашите тотално спротивни погледи кон животот, можат да ве одведат до фрустрирачки чувства. Близнакот ќе почне да се нервира од ставот на стрелецот „Јас знам сè“, а него пак може да почне да го иритира постојаното брборење и желбата за озборување на близнакот. За да не се случуваат вакви напнати ситуации, обидете се да ја пренасочите вашата тензија во романтични прошетки во царството на природата и имагинацијата. Отидете заедно на пливање, на егзотичен остров, на планинарење или едноставно поминете попладне заеднички уживајќи во добра музика, гледајќи интересен филм или разгледувајќи уметнички дела на некоја изложба. Ослободувањето на вашите мисли од секојдневните обврски, може да ја врати страста во вашата врска и да ви даде нови, возбудливи теми на муабет. Кога емотивниот рак, на кој му е потребен стабилен љубовен живот, ќе се запознае со сериозниот, силен и тивок јарец, инстантно се создава обострана привлечност. Оваа е од оние класични љубовни врски, во која ракот е нежниот партнер, кој секогаш дава поддршка и утеха, а јарецот е посилниот партнер, кој го носи лебот во куќата. Но, со тек на време ракот може да се почувствува игнорирано од страна на јарецот, а тој од своја страна, може да смета дека ракот понекогаш е премногу наметлив. За да спречите да се оладат односите во вашата врска, вие двајца треба да запомните дека не сте само партнери, туку и љубовници. Следете го примерот на љубовните парови во старите филмови и излезете од куќата (ако имате деца оставете ги кај бабата и дедото) и почестете се со еден вистински старомоден љубовен состанок. Отидете во ексклузивен ресторан, напијте се шампањско, разменете си романтични подароци, а кога ќе се вратите дома, облечете ја најпровокативната долна облека што ја имате и лизнете се под чаршавите. Помеѓу овие двајца партнери експлодира сексуална привлечност, во истиот момент кога самоуверениот лав, кој се однесува како крал/кралица ќе се запознае со непристојната водолија. Фактот што водолијата одбива да се „поклонува“ пред лавот, него го возбудува и фасцинира. Таа пак, му се восхитува на способноста на лавот, да ја „маѓепса“ секоја просторија во која ќе влезе со неговиот неодолив шарм и харизма. Како и да е, со тек на време, на водолијата може да ù здодее од непоправливата потреба на лавот за внимание, а тој може да се мурти доколку водолијата не го почитува вообичаеното социјално однесување. Кога ќе решите да ја закопате секирата во мед, одвлечете се еден со друг до спалната соба. Заеднички поминатото време, подалеку од гужви и уживањето во физичката страна на вашата врска е најсигурниот начин да го најдете вашиот заеднички јазик и да ја вратите сексуалната енергија. Девицата е пред сè организирана и практична личност, а рибата го живее животот вешто одбегнувајќи ги секојдневните рутини кои и ја ограничуваат слободата. Кога претставници на овие два знака стапуваат во љубовна врска, тие се возбудени и стимулирани од можноста меѓусебно да си помогнат да станат подобри личности. Така, дисциплинираната девица може да и помогне на рибата организирано да си ги завршува обврските, а таа пак може да и покаже на девицата како да се релаксира и да почне повеќе да го живее животот. Со тек на време, девицата може да почне да ја иритира непостојаноста на рибата, а на неа може да почне да и пречи тенденцијата на девицата кон преголемо критикување и контролирање. Клучот за повторно враќање на страста во вашата врска, е во редовното менување на амбиентот во вашата врска. Тоа ќе го постигнете доколку практикувате патување во некоја земја која ја немате посетено, заедно се запишете на К*рс по странски јазик или доколку едноставно отидете во некој нов ресторан надвор од градот. На девицата добро ќе и дојде било каква промена во рутинското секојдневие, а рибата ќе ја цени способноста на девицата одлично да го испланира патувањето, да се сети да резервира маса во ресторанот или да „впие“ голем број нови зборови на К*рсот по странски јазик.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Јули.2015 во 08:17 |
Ако се прашувате дали и вие спаѓате во жените на кои никој не им одолеал, хороскопот го има одговорот... 
Овен Жените Овни се спортски градени, делуваат силно и имаат изразени црти на лицето, кои тешко се забораваат. Често може да запознаете убавици со потемен тен и светли очи, совршена фигура и насмевка. Нивниот изглед е во склад со силната и енергична личност карактеристична за овој знак, а нивната свиленкаста кожа прави секој допир да ви остане врежан во сеќавањето. Лав
Силни, грациозни, Лавиците пленат без компромис. Нема да потрошите многу време барајќи Лавица со извајани нозе чиј изглед и држење оставаат без текст. Тие се секогаш атрактивни, дотерани, а природната убавина и шарм им се главни карактеристики. Ако мислите дека станува збор за просечна убавина – се лажете. Тие се двојат од толпата речиси секогаш! Скорпија
Дури и кога се слаби, Скорпиите се силно градени. Широки раменици, впечатливо лице, сензуални усни и продорни очи. Припадниците на овој знак најчесто имаат кафена и густа коса. Нивната убавина е надпросечна, а покрај мажи, тие сакаат и деца. Оној кој искрено ќе се заљуби во Скорпија, гарантирано ќе ужива во добар секс. Стрелец
Девојктие во знакот на Стрелец се најчесто најзгодните и највпечатливите во друштво. Просечна висина, спортска градба – како да имаат природен талент за да се истакнат пред другите. Сакаат да се облекуваат спортски и едноставно, но знаат и да воодушеват кога од нив се очекува да блеснат во полн сјај. Секогаш оригинални, знаат како да привлечат внимание. Нивниот шарм е незаменлив.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
outlook123
Сениор
Maya
Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Јули.2015 во 14:34 |
ова за лавовите.. фрли клучот за среќата! Ти си среќата!
Изменето од outlook123 - 16.Јули.2015 во 14:35
|
едно е - не се две
|
 |