IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Дали сме наследници на АнтичкитеМакедонци
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали сме наследници на АнтичкитеМакедонци

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 93>
Автор
Порака Обратен редослед
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 16:24

д-р Ѓорги Поп Атанасов - Библијата за Македонија и Македонците

Александар Македонски во Библијата


...Ако за Библијата некои велат дека е "книга на книгите", тогаш за Александар Македонски би можеле да речеме дека е "цар на царевите".
За првпат во Библијата, во вид на пророштво, се споменува за Александар Македонски во Книгата на пророкот Даниил (7,6).
Во оваа библиска книга Александар Македонски се споредува со леопард со четири птичји крила и четири глави, коишто, по секоја веројатност, се предзнак за распаѓањето на македонската империја на четири одделни царства.
Во следната, осма, глава од истата книга, од трети до осми стих, се претскажува покорувањето на персиската империја од страна на Александар Македонски.
Еве го текстот на спомнатите стихови:
"(3) Ги кренав очите и видов: а таму при реката стои еден овен; тој имаше два рога и рогови високи, но едниот беше повисок од другиот и повисокиот се извиши подоцна. (4) Видов како тој овен бодеше кон запад, кон север и кон југ и ниеден ѕвер не можеше да устои против него, и никој не можеше да се избави од него; тој вршеше што сакаше и се осили. (5) Co внимание го гледав тоа и ете, од запад идеше еден козел, кој ја изоди целата земја, не допирајќи се до неа; и тој козел имаше знаменит рог меѓу очите свои. (6) Се впушти врз оној овен што имаше рог и кога го видов како стои крај реката, тој се фрли врз него со силна јарост. (7) И видов кога тој се приближи до овенот, свирепо се фрли врз него и му ги скрши двата рога; и на овенот не му стигаа силите да устои против него, па затоа го кутна на земја и го згази, и немаше никој овенот да го избави од него. (8) Тогаш козелот многу се возгордеа; но кога се засили, големиот рог му се скрши и на тоа место му изникнаа четири, свртени спрема четирите ветра небесни".

Понатаму, во истата глава, самиот автор на оваа библиска книга, ставајќи ги зборовите во устата на ангел Господов, го толкува видението на пророкот Даниил.
Имено, во 8,20-22 од истата книга читаме: "(20) Овенот со двата рога што ги виде, тоа се мидискиот и персискиот цар. (21)А косестиот козел, тоа е царот на Јаван76, додека големиот рог, што се наоѓа меѓу неговите очи, е првиот негов цар; (22) тој е здробен и место него излегоа други четири: тоа се четирите царства што ќе се издигнат од тој народ, но не со негова сила".

Ние знаеме, меѓутоа, од Родословната таблица (1 Мој. 10,4) дека во родословието на Јаван се сместени не само Грците (Елиса), туку и Тарсис (Шпанците), Китим (жителите на древна Македонија) и Доданим (жителите на Родос и на соседниот малоазиски брег), така што, наречувајки го Александар Македонски "цар на Јаван" авторот на Книгата на пророкот Даниил сосем немал намера да го оквалификува како некаков си Грк, ниту како цар на Грци, туку само сакал да ги извести читателите дека тој бил цар на народ кој го водел своето потекло од Јаван.

Грешката на александриските преведувачи, притоа, се покажала мошне трагична.
Таа довела до суштинско оддалечување на подцнежните преводи на овој библиски стих од еврејскиот оригинал.
........................................................................................................
Најважните податоци за Александар Македонски ги наоѓаме во Прва книга Макавејска (1,1-9), чиешто настанување временски се сместува во II в. пред Христа.
Во наведените стихови од Прва книга Макавејска, авторот, сосем накратко, но со соодветни за случајот зборови, го опишува, во општи црти, царувањето на Александар Македонски и неговото победничко освојување, на сите познати во тоа време, земни царства.
Еве ги тие почетни стихови од Првата книга на Макавеите:
"(1) Откако Александар, синот на Филипа, Македонец, којшто излезе од земјата Китим78, го победи Дарија, царот персиски и мидиски79, се зацари наместо него во Елада. (2) Тој водеше многу војни, презеде многу утврдени места и порази многу цареви земни. (3) И дојде до краиштата на земјата и ограби многу народи; целата земја молкна пред него, а тој се издигна и срцето негово стана гордо. (4) Тој собра многу силна војска и завладеа над многу краишта,народи и владетели и тие му станаа поданици. (5) Потоа тој падна во постела и откако почувствува дека ќе умре, (6) ги повика истакнатите свои помошници, воспитани заедно со него уште од младоста и им го подели своето царство додека сe уште беше жив. (7) Александар царуваше дванаесет години и потоа умре. (8) #913; неговите великодостојници владееја секој во својата област. (9) По неговата смрт сите тие се зацарија, ставајќи круна на своите глави, a пo нив и нивните синови во тек на многу години ...".

Како што рековме веќе, Макавејските книги, коишто се три на број, не се зачувани на еврејски јазик.
До нас дошол нивниот грчки превод.
Co голема сигурност, меѓутоа, може да се претпоставува дека тие првобитно се пишувани на еврејски јазик.
Во трите Макавејски книги секогаш се возвеличуваат победите на Евреите, a ce омаловажуваат нивните порази.
...................................................................................................................
Што се однесува до зборот "Македонец", мораме да истакнеме дека тој во 1 Мак. 1,1 претставува квалификација, искажана во однос на Александар Македонски, а не во однос на неговиот татко Филип.
Тоа сосем лесно може да се согледа и од самиот текст.
Главното лице за коешто се зборува во првиот стих од Прва книга Макавејска е Александар, додека Филип само се спомнува и тоа затоа што е татко на Александар.
Тоа дека зборот "Македонец" се однесува на Александар, а не на татко му Филип, најдобро се гледа од текстот на овој стих во црковнословенската Библија:
"И Бысть егда поражаше АЛЕЗАNДРЬ МАКЕWNСКIИ, сынъ Филiппа, иже иzыде w zемли Хеттiмъ пораzи и Дарiа цара персскаго и мидскаго и воцар-са вмъстw егw первы во Елладъ ".
Од наведениот црковнословенски текст јасно се гледа дека определбата "македонски" не стои по името на царот Филип, како што е во грчкиот превод на Библијата, туку директно се поврзува со неговиот син Александар, којшто е наречен "АЛЕЗАNДРЬ МАКЕWNСКIИ". 
..............................................................................................................
Сосем поинаку звучи текстот на грчки јазик, а имено:
“kai eyeveto meta to патаxai allexavdrov tov фiliппov makedova,os exhlthev ek yhs xettim,kai eпataxev tov dapeiov Basilea пepswv kai Mhdwv kai eBasilevsev avt avtov,пpotepov eпi thv 'Ellada".
Co неа авторот сакал да прецизира дека Александар Македонски се зацарил над Елада пред Дариј, не во смисла дека и двајцата царувале над оваа земја и дека Александар Македонски прв царувал над неа, туку, бидејќи и двајцата настојувале да ја покорат Елада, Александар прв успеал да го стори тоа.
Притоа, нам ни є познато дека уште таткото на Александар - Филип, ги победил Грците при Херонеја во 338 год. и тие на советувањето во Коринт ја признале својата зависност од Македонците, меѓутоа, во случајот авторот на Прва книга Макавејска зборува за целосното покорување на Грција, кога таа била приклучена кон македонската држава. Според традиционалното историско сфаќање, Александар Македонски првин ја покорил Грција, па дури потоа тргнал да војува со Персијците, но ниє гледаме дека според буквалниот текст на Прва книга Макавејска (1,1) испаѓа дека македонскиот цар првин го разбил царот Дариј и потоа се зацарил во Елада.
Се разбира, дека не може да има сомнение дека Александар Македонски уште пред војната со Персија ги покорил малите грчки држави.
Во случајот библискиот автор сакал да истакне дека со својата победа над Персијците Александар Македонски конечно се зацврстил и како господар на Грција.
............................................................................................
 
Тој никогаш не ја наложувал, на покорените од него народи, грчката паганска религија, ниту пак македонските народни обичаи.
Така тој постапил и со Евреите, на коишто им го дал полното право да живеат според правилата на нивниот религиозен закон.
........................................................................................................
Во процесот на тоа обединување меѓу народите, Александар Македонски, меѓутоа, барал да се зачува потполната рамноправност помеѓу различните етноси, без да се даваат привилегии на ниту еден народ, вклучувајќи го тука и македонскиот.
За жал, имено тој народ, којшто, наоѓајќи се во височините на своето величие, со ништо не ја притеснувал етничката самосвест на покорените од него народи, доживеа да трпи притеснувања од овој вид од понови народи, коишто во древноста дури и не постоеле.
Се разбира, дека македонскиот цар не се залагал само за меѓуетничка толеранција и за почитување на етничката индивидуалност на секој народ што живеел во склопот на македонската империја, туку барал од своите потчинети да го спроведуваат и принципот за еднаквост на сите религии и доследно да се залагаат за интеррелигиозна толеранција и почитување меѓу одделните верски групации.
 


Изменето од anastea - 11.Ноември.2008 во 16:30
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 12:40
Не се некои пријатели како САД но сепак секоја поддршка е добредојдена - не сме ние Бугари па да лижеме .... на кумот на нацијата и државата
Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 12:16
ми ок - ваши са си
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 12:15
Па ете и ние се разбираме - ни го признаваат нашето право над Античките предцинамигнување
Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 12:13
jaс со руснаците се разбирам прекрасно


Изменето од да бе - 11.Ноември.2008 во 12:14
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 11:36
Знаев јас дека уште сакате Руска покраина да сте - абе и нацијата и државата ви е чедо на мајка Русија не е ни чудо толку што ги сакатеголема%20насмевка
Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 11:29
е па jас сум за униа со татаристан
Кон врв
naemnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 658
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај naemnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 11:27
Originally posted by да бе да бе напиша:

най добре униа со грциве - и оние са антички


koj si ti da ni kazhesh sho da praime.

ali veke ako odeme po taa linija da kazhuvame sho da se pravi, pa ajde vie sho ne pravete Unija so Tatarstan?

pa i oni isto kazhuvat deka sa na Asparuh!
Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 11:24
най добре униа со грциве - и оние са антички
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 11:01
http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/0B82BFF34FD55742BC03D04087776CA1.jpg
Кон врв
Палестинец Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 12129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Палестинец Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 01:04
не сме.....
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 00:52

ВО ЕКСКЛУЗИВНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ИЛУСТРИРАНИ БЕЛЕШКИ ОД 16 ВЕК


Русите го потврдија македонското потекло на Александар Македонски


На еден од историските цртежи е прикажано како Александар Македонски ги покорил сите хелени и варвари. Од тој цртеж, сметаат историчарите, се извлекува доказот дека не бил Грк, бидејќи сигурно не би војувал со своите.
Александар Македонски е Македонец, има голема поврзаност меѓу сегашните Македонци и Александар Македонски. Ова го покажува факсимилното издание на руската “Илустрирани белешки од 16 век". Гледајќи ги цртежите и читајќи го тектот во книгата, во мислите човек се навраќа неколку векови наназад. Низ книгата и историските цртежи се гледа што рускиот цар Иван Грозни и неговите блиски соработници знаеле и мислеле за Александар Македонски. Древната книга, која е ново издание и се чува во најпознатите музеи во Санкт Петербург и Москва покажува колку Русите знаеле за битките на Александар Македонски против сите хелени и варвари.

Во вториот том од повеќетомното издание на Илустрирани белешки е претставен животот и подвизите на Александар, царот Македонски. На една од илустрациите објавени во книгата се гледа Пела, главниот град на Македонија од времето кога царувал Александар. Веќе на следната слика е прикажано како Александар ја освоил Илија, Пеони и Тривада.

Руската историска книга ја покажува и битката на Александар со хелените и варварите. На еден од цртежите е прикажано како тој ги покорил сите хелени и варвари. Од тој цртеж, сметаат историчарите се извлекува доказот дека Александар Македонски не бил Грк, бидејќи сигурно не би војувал со своите.

Во Илустрирани белешки е прикажана и историјата на Византија. Опишана е македонската династија на византиските императори, почнувајќи од биографијата на нејзинито основач Василиј до Александар Македонски, кој ја создаде големата империја.

Руската книга која содржи ликови нацртани од луѓе има 10 илјади страници со повеќе од 17 илјади цртежи, прозорци на историјата. Книгата ја дизајнирале посебни дизајнери, кои стручно обработувале како ќе изгледа секоја страница, за изгледот на копијата од историските цртежи да биде верна на оригиналот. За ова Русите потрошиле речиси две години. Под секоја фотографија е оставено објаснувањето на стариот антички јазик. Книгата е шиена рачно. Сепак Илустрираната белешка е голема енциклопедија за светот и Русија за периодот на Иван Грозни. Се уште не се знае кој ја напишал историската книга. Се верува дека фотографиите ги правеле мајстори кои ја отсликувале внатрешноста на Кремаљ. Но никаде не пишува кој би можел да биде автор на таа книга. Се претпоставива дека е можеби митрополитот Макариј, за кој се тврди дека бил исклучително паметен човек. Дури се претпоставува дека на Макариј му сугерирал и царот Иван Грозни, бидејќи на последниот том на маргините рачно е напишано што треба да се поправи, а се смета дека тоа го направил токму царот Иван. На сликите се гледа како во кој период биле облечени луѓето, како војниците наоружани, какви биле градбите и со кои занаети се бавеле луѓето.

 
 


Изменето од anastea - 11.Ноември.2008 во 00:53
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 23:27
Originally posted by да бе да бе напиша:

стига бе




Се зезав бе Орфејчо не се лути одма.После ќе ме колнеш во песните твои.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 22:43
Кралските круни потекнуваат од Македонија

Прв легендарен македонски крал е кралот Каран. Познато е дека македонските кралеви на многу монети се прикажани со рогови од овен, јарец и сл., но малку се знае дека е тоа така од времето на Каран.


Јарецот како македонски симбол
Јарецот е и на многу монети на позадината. Но од каде сето ова и што има врска воопшто со сите круни?

Во борбите за обединување на македонските племиња во единствена македонска држава, Каран освојувајќи ја идната престолнина Ајгаи (Воден), навлегол заштитен од маглите но и стадата кози предводени од еден голем и рогат јарец.

Бидејќи овој град бил клучен за Каран, тој суеверно од тогаш во битките пред себе терал кози а на себе почнал да ги носи раскошните рогови од јарецот, како симбол на непобедливост и сигурно водство а тоа го правеле и другите кралеви по него.

Ги носел поставени на главата со посебни ленти, кои подоцна кај македонските кралеви се златни како и роговите. Токму заради роговите е добиено и името на овој крал, па така и се води– Каран (што буквално преведено значи- Рогат).

Секој нов крал како знак дека се прогласува за нов водач, при церемонијата, како обврзителен декор му се поставувала и круната- рогови како симбол на водството. Со ширењето на својата империја се шири и овој необичен обичај. Така дури и во исламот се среќава поимот “Зул Карнијан”, што преведено заначи исто но во множина (“оној со два рога“).

Јарецот и роговите како атрибути на монети во чест на македонскиот крал Каран

Со време круната ќе добива различни облици при што морало да има шилесто издатоци асоцирајќи- рогови, но со се повеќе такви издатоци. И името на круната води потекло од Каран (Рогат).

Имено КАРАН=КОРОН (а) или КОРОНА средновековно, многу подоцна упростено КРУНА. За легендата фрапира идентичноста во преданието кај Јустин и кај Миладиновци кои по речиси 20 века од Јустин ја собираат од народните преданија.

Ова ќе рече и дека македонскиот народ цели 26 века сметајќи пак од VIII век п.н.е кога и владеел Каран па до Миладиновци кај преданието за градот Воден е целосно идентично.
(За Каран и македонското кралство и кај Кацаров н.р 37, па во капиталната германската историографија - Историја на Македонија 1,2 и 3, Грифит и Уелбанк,кај - Томиќ П. - Повијест Римска , Загреб 1884 г., потоа во - Глас ЦКА кн.CLX /82 - Ратовање македонског краља Персеја с Римљанима у нашој земљи 170 и 169 г, пре Христа- Београд 1934 год., но и кај Hammond N.Gl and Walbank F.W., A.Histori of Macedonia Vol III ( 336 - 167 B.C), Oxford 1988.)

Водопадите кај Воден (античка Ајгаи) покрај кои Каран неприметен влегол во Градот, заштитен од маглите и стадата кози

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 93>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.