|
Најубавите стихови во Библијата |
Внеси реплика | страница <1 2223242526 98> |
Автор | |
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Но, браќа (и сестри) мои, радувајте се во Господа! Оти сè едно исто да ви пишувам, мене не ми е здодевно, а за вас тоа е сигурност. Еп. Филипј. 3:1 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Псалми 119:163,165
Ја мразам лагата и се гнасам од неа, а го љубам Твојот Закон. Оние кои го љубат Твојот Закон, уживаат голем мир, не се сопнуваат на ништо. 1 Петар 2 13 Заради Господа покорувајте и се на секоја човечка власт: било на цар, како врховник, 14 било на управителите, како негови пратеници, за да ги казнуваат злосторниците, а да ги пофалуваат оние, кои прават добро! 15 Зашто ова е Божја волја: правејќи добро да го замолкнете незнаењето на неразумните луѓе 1 Петар 24 Зашто „секое тело е како трева, и сета нејзина слава како цвет од трева: тревата се осушува и цветот и опаѓа, 25 а Господовото слово останува довека.” А тоа е словото, кое ви е објавено како Евангелие. Псалми 119:18 Отвори ги моите очи, за да ги гледам убавините на Твојот Закон! 119:29 Држи ме далеку од патот на заблудата и надари ме милостиво со Твојот Закон. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Животот им беше светлина на луѓето“ Јован 1:4 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А вие, немојте да се наречувате учители, зашто еден е вашиот Учител – Христос, а вие сте сите браќа; и никого на земјата не викајте го свој татко, оти еден е вашиот Отец, Кој е на небесата; и наставници немојте да се именувате зашто, еден е вашиот Наставник – Христос. Но поголемиот меѓу вас да ви биде слуга; зашто, кој се воздига, ќе биде понизен; а кој се понизува, ќе биде воздигнат. Ев. Матеј 23:8-12 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Пословици 27
2 Нека те фали друг, е не устата твоја, - туѓ, а не јазикот твој Пословици27 3 Тежок е каменот, тешка е и песокта; но гневот на безумниот е потежок и од едното - и од другото. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Јаков3
1 Не бидете, браќа мои, мнозина од вас учители, зашто знаеме дека ќе бидеме построго осудени за тоа. 2 Зашто сите ние грешиме многу. Ако некој не греши во зборувањето, тој е совршен човек, способен да го заузда и целото свое тело. 3 И кога на коњите им ставаме узда во устата, за да ни се покоруваат, и можеме да управуваме со целото нивно тело. 4 Ете, и корабите, иако се толку големи и се гонети од силни ветрови, со нив управува мошне мала крмичка, каде што сака кормиларовата волја. 5 Така и јазикот е мал член, но се фали со големи работи. Ете, како мал оган запалува голема шума! 6 И јазикот е оган, свет на неправда; јазикот се наоѓа меѓу нашите членови: го онечистува целото тело и, потпален од пеколот, го запалува текот на нашиот живот. 7 Зашто, секаков вид ѕверови и птици, лазачи и морски животни, се скротуваат и се скротени од човечкиот род, 8 но никој од луѓето не може да го скроти јазикот, немирно зло, полн со смртоносен отров. 9 Со него Го благословуваме нашиот Господ и Татко, и со него ги проколнуваме луѓето, кои се создадени според Божјо подобие. 10 Од истата уста излегува благослов и проклетство. Тоа не смее, браќа мои, да биде така. 11 Тече ли од изворот, од ист отвор, слатка и горчлива вода? 12 Може ли, браќа мои, смоквата да роди маслинки, или лозата смокви? Така ни солениот извор не може да даде слатка вода. 13 Кој е меѓу вас мудар и разумен? Со добро владеење нека ги покаже своите дела во мудра смиреност. 14 Ако ли пак во своето срце имате горчлива завист и карање, не се фалете и не лажете против вистината! 15 Тоа не е мудрост, која слегува одозгора, туку е земна, душевна, демонска; 16 зашто каде се зависта и карањато, таму е неред и секакво лошо нешто. 17 А мудроста која доаѓа одозгора, пред сè: е чиста, потоа мирољубива, блага, покорна, полна со милост и добри плодови, непристрасна и нелицемерна. 18 А плодот на правдата се сее во мир, за оние кои создаваат мир. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вистина, ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ... ништо нема да биде за вас неможно! Ев. Матеј 17:20 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А без вера не е можно да Му се угоди на Бога; бидејќи оние, кои доаѓаат при Бога, треба да веруваат оти Он постои и дека ги наградува оние, што Го бараат. Еп. Евреите 11:6 Изменето од spiros - 28.Јуни.2013 во 00:24 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ПРИМЕРНИ ХРИСТИЈАНСКИ ВОДАЧИ
1 Тимитеј 4 6 Кога ќе ги ги советуваш во ова бр бидеш добар слуга на Исуса Христа, хранет со зборовите на верата и на доброто учење, што си го примил. 7 Од погани и бапски приказни одбегнувај, туку обучувај се во побожност; 8 оти телесното обучување и малку корисно, а побожноста и полезна од се, бидејќи во себе има ветуавање за сегашниот и за идниот живот. 9 Тие зборови се верни и достојни за секакво примање, 10 затоа и се трудиме и укори трпиме, оти се надеваме на живиот Бог, Кој е Спасител на сите луѓе, а посебно на верните. 11 Ова препорачувај го и поучувај! 12 Никој да не ја презира твојата младост, туку на верните да им служиш како пример во словото, животот, духот, верата и чистотата! 13 Додека дојдам, занимавај се со читање, со утешување и со поучување! 14 Не занемавувај ја дарбата што е во тебе, и која што ти беше дадена преку пророштво преку полагање раце врз тебе од свештенството! 15 Грижи се за тоа, биде во него, та успехот твој да се покаже во се! 16 Пази на себе и на учењето; биди постојано во тоа, оти, ако постапуваш така, ќе се спасиш и сам и оние што те слушаат. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Јаков 1
17 Секој добар дар и секој совршен подарок доаѓа одозгора, од Таткото на светлината, во Кого нема измени, ниту сенка од промена. 18 Тој нè роди според Својата волја преку Словото на вистината, за да бидеме првина на Неговите созданија. 19 Знајте го ова, возљубени браќа мои: секој човек да биде брз во слушањето, а бавен во зборувањето, бавен на гнев, 20 зашто човечкиот гнев не создава правда пред Бога. 21 Затоа отфрлете од себе: секаква нечистота, и последниот остаток на злобата, и примете го со кротост во вас насаденото Слово, кое може да ги спаси вашите души. 22 Но бидете извршители на Словото, а не само слушатели, кои се измамуваат себеси. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
1 ПЕТАР 4
14 Блажени сте ако ве напаѓаат заради Христовото име, зашто тогаш Духот на славата и Божјиот Дух почива врз вас. 15 Никој од вас да не страда како убиец, или крадец, или злосторник или како оној што се меша во туѓи работи; 16 но, ако страда како христијанин, да не се срами, туку да Го слави Бог со тоа име, 17 зашто време е судот да почне од Божјиот дом, а ако почнува прво од нас, каков ли ќе им биде крајот на оние кои не му се покоруваат на Божјото Евангелие? 18 И "ако праведникот одвај се спасува, што ќе стане со безбожникот и грешникот?" 19 Затоа и оние кои страдаат по Божја волја, да Му ги доверат своите души на верниот Создател, правејќи добро. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сите се чудеа и во недоумение си зборуваа еден со друг: „Што ли ќе биде ова?” А други, потсмевајќи се, велеа: „Се напиле од слаткото вино.” Дела Апостолски 2:12+13 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Мудроста му го разведрува лицето на човекот и го менува неговиот суров лик.
(Проповедник 8:1) |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога се навршија дните на Педесетницата, сите апостоли беа заедно и еднодушни. И ненадејно се чу шум од небото, како да идеше силен ветар, и ја исполни целата куќа, каде што седеа. И им се јавија разделени јазици, како огнени, и застанаа по еден над секого од нив. И сите се исполнија со Дух Свети, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот Свети да изговараат. Дела Апостолски 2:1-4 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Внеси реплика | страница <1 2223242526 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |