![]() |
|
МУЗИЧКИ ВЕСТИ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2223242526 32> |
Автор | |
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Психомодо Поп имаат нов сингл “Домовине син“.
Синглот е најава за нивниот нов албум “Yeah, Yeah, Yeah“ кој треба да излезе во текот на месецов.
|
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Новиот албум на поранешниот пејач на The Smiths - Morrissey е готов и треба да излезе во февруари.
Албумот ќе се вика "Years Of Refusal", и ги содржи следните песни:
"Something Is Squeezing My Skull"
"Mama Lay Softly On The Riverbed" "Black Cloud" "I'm Throwing My Arms Around Paris" "All You Need Is Me" "When Last I Spoke to Carol" "That's How People Grow Up" "One Day Goodbye Will Be Farewell" "It's Not Your Birthday Anymore" "You Were Good In Your Time" "Sorry Doesn't Help" "I'm OK By Myself" |
|
![]() |
|
Wonderful_Life ![]() Сениор ![]() Амбициозна Бебушка Регистриран: 30.Декември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7264 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Coldplay на своите фанови ќе им подарат божиќен подарок. Се работи за ремикс верзијата на хитот „Viva La Vida“, која специјално за групата ја направи Thin White Duke. Песната ќе може бесплатно да се даунлодира преку официјалната веб страна на бендот www.coldplay.com.
Ремикс верзијата на „Viva La Vida“ ќе биде достапна 12 дена, почнувајќи од 5 јануари. Дополнителен подарок е и видео верзијата на нивната верзија на божиќната песна „2000 Miles“ од групата Pretenders. |
|
![]() |
|
Гостин ![]() Гостин ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
U2 ќе објави пет верзии на својот нов албум
|
|
![]() |
|
Гостин ![]() Гостин ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
http://www.idividi.com.mk/Futurama/InternetIT/492202/index.html
You Tube ќе ги тргне музичките спотови |
|
![]() |
|
Eli ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1968 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Фановите на Тоше ја избраа обвивката за CD-то The Hardest Thing
По десетдневното гласање на шест регионални портали, вклучувајќи ја и web-страната MMM.com.mk, каде гласаа пред се фановите од Македонија, ги имаме резултатите од анкетата: Кое од четирите предложени решенија треба да се најде на обвивката на албумот The Hardest Thing, пред се наменето за светскиот пазар. За десет дена, колку што траеше гласањето, на MMM.com.mk беа регистрирани рекордни 10.401 глас, од кои 6.550 (63%) беа за првиот предлог – темно сина обвивка на кое се Тоше и ѕвездата. На второто место, според собраните гласови, се најде вториот предлог за кој гласаа 2.638 фанови (25%), додека предлог број 3 на крајот од гласањето имаше 721 глас (7%). За четвртиот предлог имаше 492 гласа, или 5%. Дознаваме дека идентични резултати се добиени и на другите портали на кои се одвиваше гласањето. Им благодарам на сите кои гласаа на анкетата, и на тој начин, место Тоше, ја избраа обвивката за неговото прво и последно CD наменето за светскиот пазар – изјави менаџерката Љиљана Петровиќ, и дополни: Во истовреме им се извинувам и на сите гледачи на А1 телевизија и на емисијата Ексклузив, во која кажав дека гласањето е отворено до 20. јануари. Гласањето беше предвидено да трае десет дена, и траеше според предвиденото. Мојата изјава, иако избегнувам да давам изјави, ја кажав телефонски, без доволно концентрација, не сакајќи да ги одбијам новинарите на Ексклузив – вели Петровиќ. Според неа, обвивката веќе деновиве заминува на печатење, додека објавувањето на албумот The Hardest Thing е предвидено на 25. јануари 2009-та, кога Тоше Проески требаше да го прослави својот 28-ми роденден. МММ.com.mk им се заблагодарува на сите кои во изминативе десет дена гласаа на анкетата и кои оставија свој коментар, зачувувајќи и на тој начин спомен на нашиот единствен Тоше Проески! ![]() |
|
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Иако поп-пејачот , не се снајде баш најдобро како гостин на скопскиот концерт на „Леб и сол“, сепак ќе има можност да ја исправи таа грешка. Тој ја продолжува соработката со групата и веќе е најавено дека ќе биде гостин на наредните три концерти на култниот македонски состав кои ќе се случуваат на територијата од поранешна Југославија. Јаневски ќе биде гостин на концертот во Крагуевац, кој ќе се одржи утревечер, потоа во Нови Сад и Ново Место, а загрепската публика ќе го види в сабота на 20 декември. Доколку ова помине добро, можно е Владо да оди и на турнејата низ Австралија, Канада и Америка.
- “Владо Јаневски дефинитивно ќе биде гостин на „Леб и сол“ на претстојните концерти во некогашните југословенски републики. Но се уште не е потврдено дали тој ќе патува со нас во Австралија, Канада и Америка. Тоа се само идеи, но ништо не дефинирано“ На претстојните четири концерти Владо Јаневски ќе ја пее истата песна што ја пееше и во Скопје, „Си заљубив едно моме“, која на албумот „И така натака“ ја отпеа Дадо Топиќ. Но покрај оваа тема Јаневски најверојатно ќе испее и една од својот репертоар. Тоа ќе биде интересна комбинација имајќи предвид дека начинот на свирење на „Леб и сол“ ќе даде дополнителна возбуда. По турнејата со „Леб и сол“, Владо Јаневски, ќе има три предновогодишни солистички настапи во Битола, Струмица и Охрид, каде ќе биде придружуван од гудачкиот квартет „Еквилибрум“. ![]() |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Славната џез-пијанистка и пејачка Дајана Крол наскоро ќе го објави својот нов сензуален, еротичен и интимен албум, по пауза од три години. Сега се чувствувам многу женствено, за разлика од порано, кога бев невината и нежна девојка, која пееше Peel Me a Grape. Новиот албум е еден вид љубовно писмо со многу емоции и позитивни вибрации, а е наменет за романтичните ноќи.
Материјалот именуван како Quiet Nights ќе излезе на 31 март во продукција на „Верв“, а пејачката вели дека целото пакетче е одраз на нејзината состојба на вистинска среќа. Со сопругот Елвис Костело во декември 2006 година станаа родители на близнаци, кои им донесоа сосема ново расположение. - Десетте песни вклучуваат балади, три боса-нова соработки со легендата Антонио Карлос Џобим и обработка на Walk On By на Барт Бахарах. Ова беше моето најголемо искуство во студио. Инспирацијата беше незапирлива, а голема улога врз расположението на албумот имаше и моето возбудливо патување низ Бразил. На Quiet Nights таа е опкружена со многу познати лица. Освен нејзиниот долгогодишен квартет и продуцентот Томи Ли Пума, со кои соработуваше на сите девет претходни албуми, Крол повторно се поврза со Клаус Огерман со која соработуваше на албумот The Look of Love.По албумот, Дајана ќе го продуцира новиот албум на Барбра Стрејсенд, кој треба да биде завршен до крајот на јануари некаде во 2009 година. Крол планира турнеја низ Северна Америка во април. |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Една од најуспешните женски поп-пејачки Ени Ленокс наскоро ќе го објави својот прв ретроспективен албум, кој ќе биде преглед на нејзината соло-кариерата. Во оваа исклучителна година за нејзината кариера, Ленокс ја доби наградата за специјални достигнувања во музиката на „Американ мјузик авордс“, која обично им се доделува на највлијателните артисти во музичката индустрија. Големината на ова признание може да се разбере со само еден поглед на листата со музичките имиња што претходно ја добиле оваа награда - Принс, Витни Хјустон, Френк Синатра, Џејмс Браун, Стиви Вондер, Џони Кеш, Пол Макартни, Елвис Присли и Глорија Естефан. Во таа пригода таа изјави:
- Ова беше извонредна турнеја исполнета со музика, пријатели... Голем удел во сето тоа има и Дејв Стјуарт од „Јуритмикс“, така што половина од оваа награда му ја посветувам нему. Многу сум благодарна што сега на 53-годишна возраст добивам значајна награда, зашто не очекував дека ќе го дочекам овој ден. СЕЛЕКЦИЈА НА НАЈДОБРИТЕ НУМЕРИ Освртот на музиката што таа ја создаде во последните 15 години е замислен како специјална колекција што ќе биде издадена во февруари в година, како делукс формат. Во колекцијата се хитовите од нејзините четири најпродавани албуми: Diva (1992), Medusa (1995), Bare (2003) и минатогодишните хитови од Songs of Mass Destruction. Безвременската музика одбрана за ова пакетче на уникатен начин ја одразува суштината на соул-музиката на пејачката, е претставена преку песните Why, Walking on Broken Glass и No More I Love You’s. Во овој живописен портрет на соло-кариерата ќе има и две нови песни што Ленокс ги сними специјално за ова пригода. Првата Pattern of My Life, е дело на Том Чаплин од бендот „Кин“. Втората е обработка на Shining Light, песна што оригинално беше снимена од Еш во 2001 година. Првпат ја слушнав оваа песна од Еш пред шест години и едноставно не можев да престанам да ја вртам. Толку беше весела, што виртуелно ме помести од мојот центар. ХИМНА ЗА БОРБА ПРОТИВ СИДАТА Во колекцијата на Ленокс ќе биде е и песната посветена на кампањата на хуманитарната организација што таа ја формира за да ја подигне свесноста и поддршката за болните од сида во Африка. - Мојата хуманитарна работа е на самиот почеток, но се надевам дека ќе се претвори во мое животно залагање. Со неа сакам да се изразам во пошироки рамки и со помош на песната да им помогнам на оние кои немаат исти права и на кои им е потребна поддршка во секоја смисла. Неодамна ја доби наградата за хуманост од Црвениот крст и признанието за заштита на младите од ХИВ-вирусот. Магазинот „Гламур“ ја прогласи за најинспиративна жена за 2008, а таа пееше и на 90-тиот роденден на Нелсон Мандела ова лето во Лондон. Во нејзината 26-годишна кариера, која го опфаќа периодот кога беше дел од „Јуритмикс“ и подоцна кога реши да настапува соло, Ленокс има продадено повеќе од 78 милиони албуми во светски рамки. На долгата листа со нејзини врвни достигнувања се 34 хита, четири награди „Греми“, 11 награди „Брит“ и пет признанија „Ајвор новело“. Таа е добитничка и на „Оскар“ и на „Златен глобус“. |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Австралиската пејачка Кајли Миног заедно со британскиот бенд Колдплеј го сними синглот ’Lhunu’
Оваа песна е снимена додека Колдплеј го подготвуваа својот нов албумот Viva La Vida, но песната беше отфрлена од тој албум затоа што на Крис Мартин му била ’пресекси’ и сметал дека не се совпаѓа да биде издадена во склоп на овој албум, пренесуваат странските медиуми. Сега песната „Lhunu“ е објавена во добротворни цели и ќе се приклучат во кампањата за собирање пари за болните од СИДА, која преку магазинот Red ја води фронтменот на бендот U2, Боно Вокс. Песната беше направена во мај, додека бендот го снимаа нивниот албум, но сепак овој сингл не се најде на моментално најслушаниот албум.
![]() |
|
![]() |
|
Petre Vojnicki ![]() Група ![]() Регистриран: 06.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 58 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не ми се верува,убав човек беше тој,легенда само тежок наркоман и многу се губеше.
|
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Напредната технологија дозволува да се види како би изгледал ако денеска бил жив фронтменот на музичката група „Дорс“, Џим Морисон.
![]() Научниците на Универзитетот „Сент Ендру“ преку софистициран софтвер го создадоа денешниот изглед на легендарниот пејач.
Да беше жив, Џејмс Даглас Морисон, пред два дена ќе наполнеше 65 години, а овој негов роденден го одбележаа неговите колеги од бендот во неговиот омилен холивудски ресторан „Barney's Beanery“. Уште од смртта на Морисон во 1971 година, се шират шпекулации дека всушност тој воопшто не починал и дека е се уште жив, па оние кои веруваат во тоа сега можат да видат и како изгледа. ![]() |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Фановите на Тоше имаат тешка задача - да го одберат омотот за англискиот албум. Гласањето веќе е во тек и може да се направи на порталите www.mmm.com.mk во Македонија, www.sarajevo-x.com Босна и Херцеговина, www.svetplus.com Србија, www.siol.net и www.planet.net Словенија и www.index.hr Хрватска. Предлозите ќе бидат поставени до 20 декември, а по собирањето на вкупниот број гласови од сите земји, оној со најголем број ќе биде употребен како насловна страница на новиот албум.
Материјалот, односно последното музичко парче на најголемата македонска ѕвезда Тоше Проески, треба да се појави на 25 јануари, денот на неговиот роденден. Албумот "The Hardest thing" во истовреме ќе биде објавен во шест земји - Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора. Веднаш потоа се очекува тој да биде дистрибуиран и во повеќе европски земји. Идејата омотот да го одбере публиката наместо Тоше, кој не успеа да го види своето првенче наменето за светскиот пазар, доаѓа благодарение на менаџерката Љиљана Петровиќ и продукцијата Аворд, а со дозвола на Меѓународната фондација која го носи името на Тоше. "Гласот на Тоше секогаш беше пресуден во изборот на обвивка за неговите албуми. За жал, не го доживеа излегувањето на најважното ЦД во кариерата, па решивме гласот на Тоше во изборот на обвивката да го отстапиме на неговите фанови и почитувачи на неговото дело, бидејќи благодарение на нив, тој и понатаму преку своите песни живее во стотина илјади домови", вели Петровиќ. Четирите предложени идејни решенија се веќе поставени на МММ и за нив може да се гласа, а кое од нив ќе се најде на албумот, ќе се знае по 20 декември. Веќе на 25 следува печатење, а на денот кога Тоше требаше да го прослави 28. роденден, ќе се најде низ музичките продавници. ![]() |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Фронтменот на легендарната група „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, во декември ќе одржи голема турнеја низ повеќе градови во Македонија. Аки ќе ги посети сите Домови на култура што ќе бидат опремени со специјално озвучување, а концертите се насловени Вечер со Аки и песни од „Парни ваљак“. На 16 декември ќе ја почне турнејата во Тетово, следниот ден е во Охрид, а на 18 декември патува во Битола.
Публиката од Гевгелија ќе има можност да ужива во песните на Аки на 19 декември, во Струмица следниот ден, а завршниот концерт ќе се одржи во Штип, на 21 декември.Аки во ноември гостуваше низ повеќе градови во Србија и Војводина, а поради голем интерес на публиката, одржа серија концерти во Панчево пред повеќе од 4.000 луѓе. Во април ќе одржи голем концерт во белградска „Арена“. ![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2223242526 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |