Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Август.2015 во 21:07 |
КОИ 3 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ГО ОСТАВААТ СПРОТИВНИОТ ПОЛ БЕЗ ЗДИВ? Некои хороскопски знаци едноставно имаат магнетска привлечност и го освојуваат спротивниот пол без да кажат ниту еден збор. Мислите дека и вие спаѓате во оваа група? Проверете. Еве кои 3 знаци имаат невиден талент за флерт и сè им оди од рака во љубовта: Бик Бикот спаѓа во врвните заводници, иако често пати е несвесен за својата сензуалност. Клучен адут му е спонтаноста, а во креветот ја знае целата Камасутра иако никогаш не ја прочитал. Знае како да го натера партнерот да се чувствува посебно. Биковите имаат природна топлина и понекогаш несвесно привлекуваат луѓе кои не ни ги гледаат како партнери. Нивните усни просто ги мамат сите погледи. Близнаци
Близнаците се кралеви на шармот. На нив не може да им се одолее. Уживаат во играта на заведување и комуницирање. Обично се надарени со добар изглед, а нивниот адут е немирниот дух. Освојуваат со интелект и комуникација. Позитивниот став кон животот привлекува позитивни луѓе и со нив времето е секогаш пријатно исполнето. Сите ги сакаат за до крајот на животот. Скорпија
Скорпиите се тешки за игнорирање. Нивниот заводнички поглед и манирите едноставно ве повикуваат. Ова е знак со силна интуиција и во секој момент ги знае вашите потреби. Со оглед на тоа што Скорпиите емотивно целосно се предаваат, подготвени се да ве задоволат до максимум. Водењето љубов со нив е незаборавно и делува како вид на зависност.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Август.2015 во 14:09 |
ЉУБОВНИ ВРСКИ: КОИ ЗНАЦИ СЕ ВЕРНИ, КОИ БРЗО ОСТАВААТ И КОИ НАЈБРЗО СЕ ВЉУБУВААТ...Близнаците, Вагата и Водолијата се склони на менување на партнери, а Ракот, Шкорпијата и Рибите се најпосветени. Огнените знаци Овен, Лав и Стрелец се склони на длабоки емоции, но не на долги патеки. Овен Брзо и интензивно се вљубува, пребрзо се врзува, а потоа се одалечува. Обично постои период на проценка и преиспитување на чувствата, но типичниот Овен после тоа заминува. Бик Родените во знакот на Бикот се верни и посветени. Кога ќе го запознаат избраникот или избраничката се врзуваат за цел живот. Ако сексуалниот живот во врската почне да го губи сјајот – ќе се запраша дали сето тоа има смисла. Најверојатно во тој случај ќе ве изневери, но нема да признае ни да го напушти парнерот поради тоа. Близнаци Близнаците се обидуваат да бидат крајно посветени и никогаш да не ги остават партнерите, но ќе ги тестираат вашите нерви до крајни граници. Близнаците ќе ги фасцинирате така што ќе ги правите љубоморни. Рак Ова е знак кој сака да се врзе со само една личност. Не сака игри во врската. Знаат да бидат љубоморни, напорни и несигурни. Кога ќе ја озаконат врската и ќе стапат во брак, Раковите се тука засекогаш. Лав Лавовите се обично внимателни. Кога ќе се вљубат се страсни и посветени, но само година до две. Девица Овој тврдоглав, практичен знак сака кратко додворување со малку секс. Додека чувствуваат дека во бракот и врската постои материјално богатство и сигурност и доза почит, врската со Девицата ќе трае. Вага Вагите се мошне посветени. Склони се на долги врски бидејќи со партнерот се пријатели. Сепак, мошне лесно го менуваат мислењето, еднаш се страсни, потоа студени. Врската со Вагата ќе трае се додека е заинтересирана со настаните во кревет и додека сте подготвени да и посветите големо внимание. Шкорпија Шкорпијата е најприврзаниот знак на Зодијакот. Нивните партнери често се приморани да се соочуваат со конК*ренција. Тоа создава несигурност и врската може да се распадне после година дена. Стрелец Ова е нестабилен знак кој има проблеми со врзување со еден партнер. Ако сакате врската со Стрелецот да ви трае со години, мора да ги подржувате во се што ќе наумат, и да им дадете доволно слобода. Јарец Јарецот е традиционален знак кој очекува традиционална врска. Ова е знак кој очекува апсолутна верност и кој ќе остане долго со партнерот. И сексуалните односи и децата се она што ќе го врзе дополнително Јарецот. Неверството ќе биде причина за разделба. Водолија Ова е немирен знак, на кој му е тешко да биде долго време со некого. Разнообразието е составен дел од нивниот живот. Личноста може многу брзо да ги фасцинира, но брзо губат интерес. Најдобра шанса да ја задржите Водолијата е да го интригирате неговиот/нејзиниот интелект. Риби Ова е еден од најверните знаци на Зодијакот. Кога бараат партнер, бараат за цел живот. Меѓутоа, Рибите знаат и да го изневерат партнерот, но тоа никогаш нема да го признаат.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Август.2015 во 14:05 |
НАЈИСКРЕН ХОРОСКОП: БИКОТ Е ДОСАДЕН, А ОВЕНОТ БОЛНО ПОСЕСИВЕНОва е најискрениот хороскоп кој сте го прочитале-без задршки, без дотерување, без милост. Ако не можете да ја поднесете вистината за себе, немојте да го читате. Особено не ако се Риба во хороскоп, би можеле потоа со денови да плачете… 
Овен Само вие продолжете да живеете во убедување дека сте безгрешни… Мислите дека секогаш сте во право, а всушност сте болно посесивни и лицемерни. На другите им ја ограничувате слободата, а својата себично ја браните. Во вас нема ни трунка нежност. Бик Вие сте досадни до граница на неподносливост, а и понатаму. Кога имате некаква цел, вашата упорност ги убива луѓето во поим. Кога сте лути, тотално полудувате и во состојба сте со своите рогови да пробиете и челик. Тие налети на бес треба да се стретираат со стручен надзор-во лудница. Близнаци Најобични предавници и озборувачи. Вашиот живот не би имал смисла без интриги и сплетки. Површни сте и само барате некого што ќе се грижи за вас бидејќи не сте способни самостојно да живеете. Рак Ах, осветољубиви гадови. Живеете според принципот „кој чека, ќе дочека“, а кога еднаш ќе дочекате можност за освета, се претворате во монструм и садист.. Мошне добро знаете да ги наплатите пролиените солзи. Лав Арогантни, нарцисоидни, полни со себе – да, тоа сте вие. Посакувате внимание, како болните што го посакуваат сонцето, а всушност сте искомплексирани и кутри. Девица Потполно сте опседнати со чистотија и уредност- но, не во позитивна смисла. Ги полудувате сите околу себе и луѓето не сакаат да ви доаѓаат на гости. Кај вас и љубовта е пресметана, студени сте и бесчувствителни. Вага Вие сте мрзеливи до таа мера што ви е тешко да одите и до тоалет. лажете и ги избегнувате обврските, а при тоа сте и иритантно неодлучни. Шкорпија Вие живеете за освета. Ужасно сте деструктивни. Кога нешто не ви оди како што сте замислиле, подготвени сте се да уништите, а кога тонете, себично повлекувате се со себе. Стрелец Лицемер. Преполни сте со пороци, но сеедно глумите морална вертикала и на сите околу себе им држите проповеди. Емоционално сте мошне нестабилни и никогаш не знаете што сакате. Јарец Терач на робови. Потполно безчувствителни и себични. Дури и вашите најблиски понекогаш се прашуваат имате ли вие чувства. За успех и кариера и родената мајка би ја продале, а емоционално сте потполно неписмени. Водолија Себични до крајни граници. Мислите само на себе и никогаш не се откажувате од вплеткување во туѓите животи. За се ги обвинувате другите, бидејќи вие, се разбира, сте совршени. Риби Толку кукате и се жалите што веќе помалку им се гадите на луѓето. Сфатете дека самосожалувањето нема да ви помогне. Не сте способни за самостоен живот бидејќи вие само кукате наместо да преземете нешто. Ох, а кога треба да се соочите со проблемот, едноставно бегате. Вие сте најобична кукавица.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Август.2015 во 08:33 |
Овните се верни, а Рибите таинствени, Бикот често успева да освои со изгледот, но дали успеваат да ги задржат партнерите? 
Откријте кој хороскопски знак каков е во љубовта и како да го освоите. Овен
Овните обично се верни партнери. Тие сами ја преземаат иницијативата и не се срамат да го направат првиот чекор. Точно знаат што сакаат, посебно во кревет. Најчесто преферираат да играат љубовни игри. Не сакаат личности кои лесно им се предаваат и не сакаат премногу романтични настроени партнери. Ја сакаат слободата и можат многу лесно да се одлучат за прекин на врската. Бик
Биковите се романтични, но сакаат и страсни врски и авантури, па кој ќе се одлучи на врска со нив мора да има и трпение. За сериозни врски се одлучуваат по долго размислување, а кога ќе се одлучат подготвени се максимално да му се посветат на партнерот и да направат сè што е потребно за врската да успее. По природа се љубоморни, но таквите чувства никогаш не ги покажуваат пред партнерот. Кога еднаш ќе се одлучат за прекин на врската, ништо не може да ги предомисли. Близнаци
По природа се љубопитни, па такви се и во љубовта. Врските ги гледаат како предизвик и подготвени се да се надмудруваат со партнерот и да си играат со него. Ќе ги задржите само ако постојано им нудите нешто ново. Склони се на изневерување и флертувања, а се извлекуваат на шармот. Кога еднаш ќе се одлучат за врска, ќе направат се за својата љубов. Добро се согласуваат со Стрелците. 
Рак Емотивни и чувствителни, Раковите се подготвени на најголеми жртвувања за да ја задржат саканата личност покрај себе, дури и кога таа не се однесува добро со нив и ги исцрпува. Подготвени се на компромиси и големи жртви. Од друга страна пак, сакаат авантури и кратки врски пред да се одлучат за вистинската личност. Најмногу си одговараат со емотивните Риби. Ретко зборуваат за своите врски, а и кога споделуваат нешто тоа е секогаш во позитивна смисла. Лав
Лавовите обожаваат да освојуваат, но и да бидат освоени. Потребна им е личност која ќе ги тера да се „мачат“, но не сакаат претерувања. Се согласуваат со слободоумните Стрелци и другите Лавови. Она што не дозволуваат во врската е да им биде повредено егото. Тогаш се подготвени за брз прекин на врската, без можност за враќање. Нема да попуштат тоа да го направат драматично и со низа сцени, бидејќи сакаат да бидат во центарот на вниманието. Девица
Во љубовта девиците се искрени. Често остануваат со скршено срце одошто самите да преземат одлучувачка улога во врската. Девиците бараат верни партнери кои ќе бидат оптимистички настроени и ќе бидат полни со самодоверба иако и самите не се толку самоуверени околу личните способности. Потребна им е интелектуална личност и подготвени се во разумна мера да му простат на партнерот. Вага Вагите не сакаат да им се поставуваат ограничувања и не трпат нетолерантност, бидејќи самите се полни со разбирање за партнерот. Кога доаѓа до прекин на врската тие се прилично цивилизирани и тактични иако често ги обвинуваат за неискреност. Подготвени се да му дадат уште една шанса на партнерот, но не сакаат никој да игра со нивното трпение. Поради високите очекувања тие тешко го пронаоѓаат вистинскиот партнер. 
Скорпија Кога еднаш ќе бидат љубовно инспирирани, нив ништо не може да ги спречи се додека не „уништат“ се пред себе. Кога се заљубени тие се прилично хаотични и доживуваат низа емоции истовремено: сомнежи, љубомора, страст, несигурност... Очекуваат потполно верен и посветен партнер, а ако ги изневери подготвени се на одмазда. Физичкиот контакт им е најважен, но можете да ги освоите и со подароци, ласкања и гестови. Им одговараат Раковите и Рибите. Стрелец
Стрелците подеднакво трагаат по голема љубов, но и по врски исполнети со авантура. Важно им е нешто да се случува. Ретко се заљубуваат, а ако се случи тоа, подготвени се да направат се за партнерот, па и да се жртвуваат на своја штета. Исто толку огнени се и при прекинот на врската. Ако еднаш се одлучат за прекин, ништо не може да ги сопре. Ако партнерот повеќе не им е доволно интригантен и не ги стимулира, многу лесно може да продолжат понатаму. Импулсивно реагираат, ги собираат своите работи и си заминуваат без објаснување. Јарец
На припадниците на овој хороскопски знак најмногу им прилегаат стабилни врски. Во младоста се незаситни, излегуваат, запознаваат нови луѓе, а кога се подготвени да се смират подготвени да бараат партнер за цел живот. Често наидуваат на Девици и Бикови. Подготвени се целосно да го отворат срцето пред партнерот, но бараат и слобода, бидејќи често сакаат да бидат сами. 
Водолија Водолиите се прилично импулсивни. Лесно влегуваат во врска, а уште полесно знаат и да излезат од неа без било какво објаснување. Не сакаат конфликти, па и кога ја прекинуваат врската се трудат тоа да го направат на најбезболен можен начин. Ако сакате да ги освоите и задржите, потрудете се да им приредувате изненадувања. Потребна им е слобода во врската, а тоа можат да го постигнат со Близнаците и Вагите. Риби
Рибите се романтични, но и таинствени, па тешко можете да одредите дали се заљубени или не. Сакаат стабилна врска, но се многу пребирливи при изборот на партнерот. Бараат зрели партнери. Во се влегуваат со отворено срце, па не е изненадувачки што прекинот на врската го доживуваат прилично емотивно. За прекин на врска се одлучуваат ако постои нетолеранција кон нивната склоност на сонување и фантазирање, бидејќи нејќат да се спуштат на земја по ниту една цена.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Орка
Сениор
Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Август.2015 во 20:44 |
Значи после ова се осеќам го гребка со можност за добивка од милион евра. Само Ивонче да не разбере со се кодот ќе ме изгребе.
|
 |
Феникс
Сениор
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46
Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Август.2015 во 20:11 |
Риби......''Можеби си имате работа со психопат, можеби со фина девојка''
|
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Август.2015 во 13:50 |
ДРЗОК ХОРОСКОП: БЛИЗНАЦИТЕ ЛАЖАТ ВО ОЧИ, ДЕВИЦИТЕ СИГУРНО ЌЕ ВИ ЗАБОДАТ НОЖ ВО ГРБ… Колку и да звучи грубо, недостатоците е најдобро да се посочат директно и без заобиколувања. Во овој текст го правиме токму тоа. Не станува збор за шовинизам туку за опис на припадничките на понежниот пол од аспект на зодијакот. Од вас зависи дали ќе му верувате на овој хороскоп… Овен: Невидени тапи На жените кој го носат овој хороскопски знак не може да се гледа како на припаднички на понежниот пол, бидејќи тие сепак се овни а не овци. Од ова произлегува дека станува збор за мажи заробени во женско тело и токму затоа женските овни не поседуваат ниту една карактеристика која мажите ја бараат. Немаат нежност, премногу се себични и нападни, не размислуваат логично, не поседуваат емоционална интелигенција, не му се препуштаат целосно на својот партнер (реално, сите овие се машки особини). Водат непредвидлив живот, бидејќи нивниот избор на партнери е површен а после тоа се чудат откако ќе бидат измамени и напуштени. Резимирано, потребно им е многу време да сфатат што се случува околу нив а во некои случаи таквото „просветлување“ целосно ги заобиколува. Не е јасно кои критериуми ги применуваат при изборот на партнер, но ова нека биде предупредување за останатите бидејќи ја знаете поговорката „Со кого си, таков си“. Во отсуство да се каже нешто посуштинско за овој знак, одиме на наредниот… Бик: Белосветски напори Кравите се вбројуваат меѓу ретките суштества кои не можат ни да ја замислат состојбата на замор која ја создаваат кај соговорникот. Нивната фасцинација со теми поврзани со телесните функции и проблеми (кога добиле, кога не, што ги советувал гинекологот, каква боја имала бубулицата што им се појавила минатиот четврток) кои отворено им ги пренесуваат на лица што ги гледаат прв пат во животот навистина знае да „извади од кожа“. Но тоа не ги спречува кравите да продолжат со своите постапки со широко затворени очи, најчесто на сила, со глава во ѕид. Кај припадничките на овој хороскопски знак, она што го гледате, тоа и го добивате. Само не се надевајте дека во текот на животот ќе се променат. Близнаци: Лажат во очи Близнаците лажат, тоа е општо познато. Но да повториме уште еднаш, близнаците лажат! Ако се суди според нивните романтични и волшебни зборови, ќе заклучите дека љубовта на Ромео и Јулија не е ништо во споредба со вашата. Но, ако се гледаат делата тогаш ќе видите дека во нејзината листа на приоритети котирате многу ниско, да речеме дека поприоритетни сте само од чистењето на шпоретот. Секогаш ќе мора да направи нешто и да се види со некого пред да биде со тебе. Едноставно, нејзините приказни никогаш не држат вода. Вистината е дека те изневерува, најверојатно со повеќе мажи во ист период. Добрата страна е што и нив ги третира исто како тебе. Си имаш работа со некој кој не може да испорача квалитет, па затоа оди на квантитет. Рак: „Лудачи“ Ниту една од жените во тој знак не е нормална. Го знаете оној вид на манијачки, кои слатко ви се смешкаат а зад грбот држат нож, додека стоите на врвот на зграда полна со лешеви и обвиена во пламен а специјалците мора да користат снајпери за да ја елиминираат? Тоа е жената рак. Имате работа се неурамнотежена личност која го менува своето расположение и по неколку пати во денот. Во еден момент е садист и ваш најголем непријател а во друг е старата, нормална личност која на некој чуден начин има амнезија за настаните што се случувале во претходните неколку часа. Посебна причина за ваквите нагли промени на расположението не мора да постои, едноставно доволни се гласовите во нивната глава. Лав: Наметливи и непредвидливи Лавиците веруваат дека се посебни. Дека нивниот влез во просторијата е проследен со театрална музика и дека секогаш околу нив има барем по една личност којa ги обожува. Најчесто навистина има, тоа се тие самите. За да бидете со лавица мора да научите да се сложувате со се’ што таа ќе каже и да ја почитувате без некоја поголема причина. Повремено може да ја водите во планетариум за да согледа дека планетите се вртат околу сонцето а не околу неа. Но мали се шансите дека некогаш навистина ќе го разбере тоа. Девица: Нож во грбот За девиците едно нешто е сигурно: порано или подоцна ќе ви забодат нож во грб. Тоа ќе биде смислено и анализирано како најдобра опција (за неа). Глуми толку добро што нема ни да се посомневате дека веќе со денови или месеци се откажала од вас и дека крои план како да ве елиминира. И кога се чувствувате најбезбедно, стига предавството. Но запомнете, најсуровите убијци се всушност кукавици. Лично усовршување во комбинација со заложба за квалитет, како што тие го нарекуваат тоа убаво. Нивната алатка е умот и логиката а не емоциите. Нема страст, прегратки, нежност и топлина. Солзите ги користат за да се оплакуваат себеси. Поради тоа, најчесто остануваат сами. Вага: Манипулатори до срж Што и да направите е снимено и анализирано во разговорите со нејзините пријателки, може да ве рекламира, но и да ве управува и манипулира. Искусни се во тоа, не сте ни прв ни последен кој потпаднал во „канџите“ на оваа богомолка. Всушност таа е себична и егоцентрична, но целосно неспособна да стори нешто повеќе во врска со својата неодлучност. Делата не се нејзината јака страна. Зборовите се. Кога ќе се опише како комуникативна, тоа значи дека зборува премногу. Смислата на своето постоење го гледа во можноста да фати некој “моќен” (барем во нејзините очи) човек кој ќе ги донесува главните одлуки место неа. Доколку имате вага за партнерка, пазете се од венерични заболувања. Скорпија: Емотивно незрели Еве нешто што нема да го прочитате во друг хороскоп: скорпиите се емотивно незрели, груби, грди и расипани карактери кои не почитуваат ништо. Како кога на мало дете ќе му ја земете омилената играчка. Таа се лути, плаче, гризе и во моменти кога постои некаков поголем неспоразум ве мрази од дното на душата. Да е поголема и посилна, би скокнала врз вас и би ви го одгризала гркланот. Овие импулси скорпиите ги носат со себе во текот на целиот живот, само како минуваат годините стануваат поконтролирани и помалку очигледни. Секогаш имајте предвид дека скорпиите никогаш не забораваат. Ако треба би влегле и во оган, само за да ја остварат зацртаната цел. Без оглед на причината, за нив тоа е најважното нешто во светот. Стрелец: Знаат добро да одат по нерви Животот на стрелците е тажен. Тврдоглаво одбиваат да ја согледаат реалноста и да се соочат со фактот дека нивниот систем на вредности е несоодветен, поради што постојано го извлекуваат „подебелиот крај“. Човек да се запраша која е нивната цел што ги води низ животот? Сигурно тоа не е разумот. Стрелците немаат издржливост и дисциплина. За своето тело и сексуалност знаат онолку колку што научиле во основно. Најлоши се во управувањето со пари. Немаат чувство за материјална вредност (најчесто се премногу сиромашни). Зошто целиот тој оптимизам и насмевки кога живеат во дупка? Најверојатно бидејќи уживаат во улогата на дворски шут кој ги засмева и расположува другите. Јарец: Доминантни садисти За разлика од митот на издржливост, амбиција, моќ и доминација, практиката за овој хороскопски знак говори нешто сосема друго. Тие се енормно големи кукавици. Бегаат како мува без глава кога ќе се зголеми ризикот. Ги оставаат другите на цедило, тоа е активност што ја практикуваат во текот на целиот свој живот. Доколку успеете да ги фатите, нема да имате многу задоволство во одмаздата. Бидејќи има уште една клучна работа за нив: тие се фригидни. Емотивно неписмени. Не можат да ги покажат своите емоции. Премногу се бавни и мрачни за да почувствуваат радост и задоволство во животот. Ќе сфатите дека ве доминира некој кој не вреди и не може да ви пружи ништо особено. Но, постои исклучок. Ако најдете „коза“ чија прегратка е топла и силна, која пролева солзи од тага и радост, задржете ја бидејќи таквите единки се чисто злато и вистинска реткост. Водолија: Себични и непредвидливи Не може да ги погодите ниту во добра ниту во лоша смисла. Крајната констатација е дека не се грижат за вас а ниту за она што го зборувате за неа. Причината поради која е со тебе е затоа што си чудак а тоа е доволно за да се добие висок рејтинг во нивните очи, бидејќи тие се сметаат за несфатени и посебни. Во суштина, се очајни осаменици со лош „филм“ во главата. Немаат што да понудат освен вредносен систем во кој нема да најдете светла иднина за себе. Риби: Корпа за отпадоци Ја имате Пандорината кутија во раце. Ова не значи дека ве очекува нужно зло, во неа може да се крие и богатство но бидете претпазливи. Рибите апсорбираат се’. Складираат. Претежно лоши работи. Но тоа најмногу зависи од луѓето кои ги опкружуваат. Рибите се прилагодуваат и црпат од средината во која се наоѓаат. Дознајте за нејзиното минато бидејќи има тенденција да ги повторува своите постапки. Ќе ви го направи она што и’ го направиле други. Можеби си имате работа со психопат, можеби со фина девојка. Играте руски рулет за големи пари. Добивката може да биде огромна, загубата уште поголема. За секс или се совршени или најлоши, средина нема. Доколку наидете на лошиот тип на риба не очекувајте морални вредности. Како и да е, никогаш нема да ги откриете до крај. Секогаш ќе има нешто ново во врска со нив.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Орка
Сениор
Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Август.2015 во 21:02 |
Ај и така не сме скржави...За едно простување проблем ли е. А и шегата никогаш не може да има лоша намера.
|
 |
outlook123
Сениор
Maya
Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Август.2015 во 19:36 |
zamerka nie , mislam lavovite nemame losha namera, ama ete ne svesno navreduvame.. i pogoduvame a treba da ni se prostuva zoshto, ete- imame dobro srce
Изменето од outlook123 - 13.Август.2015 во 19:44
|
едно е - не се две
|
 |
Орка
Сениор
Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 09:51 |
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 09:02 |
Дали верувате во моќта на ѕвездите? Дали сте енергични и оптимистични како Овните или независни и мудри како Водолиите? Токму вашите карактеристики одредени од хороскопскиот знак може да го одредат и вашиот идеален веренички прстен. 
Кој дијамант или друг скапоцен камен одговара на вашата личност според хороскопскиот знак? Овен
Овните се личности полни со самодоверба. Тие се големи авантуристи и уживаат да бидат во центарот на вниманието. Другите ги гледаат како возбудливи и дружељубиви личности. Токму затоа, за нив идеален веренички прстен е маркиз дијамантот кој се препорачува на смели личности кои се полни со самодоверба. Овој прстен со сигурност нема да пројде незабележано на нивната рака. 
Бик
За жените кои се родени во знакот на Бик се вели дека се тврдоглави, своеглави и истрајни, посебно во ситуации кои на другите им се чинат како безизлезни. Тие никогаш не се откажуваат дури и за оние работи за кои другите „креваат раце“. Сакаат рутина и едноставност и лесни се за соработка, но знаат да бидат и темпераментни. Идеален прстен за нив е овалниот дијамат кој има уникатен облик. 
Близнаци
Близнаците се љубопитни и секогаш сакаат да бидат главни во ситуациите кои се случуваат околу нив. Тие се со ведар дух и лесно се прилагодуваат на сечиј карактер. За нив најдобро е да се одбере нешто што сјае и светка, бидејќи тие се луѓе кои пленат со својата личност и сакаат да уживаат. 
Рак
Раковите често ги доживуваме како контрадикторни личности, но сè што посакуваат е комфор и сигурност. Понекогаш се склони кон авантури. Нивната мирна надворешност често крие силна личност. Тие се чувствителни личности кои тежнеат да сакаат некого до крајот на својот живот. Согласно си нивната сензуалност најдобро е да одберете прстен со необичен дизајн кој совршено одговара на нивната природа. 
Лав
Жените Лавови се посесивни и би сакале да го поседуваат целиот свет. Тие се големи борци и на се гледаат како на битка, без разлика на тоа дали се работи за нивната кариера или љубовниот живот, Лавовите се шармантни и привлечни личности кои сакаат да бидат во центарот на вниманието. Совршен избор за овие страствени личности е прстен од жолто злато. 
Девица
Девиците се личности кои постојано и логички размислуваат. Темелни се и речиси секоја ситуација детално ја анализираат пред да донесат одлука. Нивната воздржаност крие личност која постојано размислува и чија цел е постојано напредување. За овие личности кои секогаш се беспрекорно организирани најдобар избор на прстен е модерниот „Ашер“ дијамант кој е сличен на смарагдот. 
Вага За жените кои се родени во овој знак важи правилото дека се едноставни и дипломатски настроени. Секогаш тежнеат да ја исправат секоја неправда, смирени се и праведни. Тие се креативни, интелигентни и сакаат промени. Прстенот со крушкаст облик со неочекуван изглед е одличен избор кој совршено прилега на вагите. 
Скорпија
Скорпиите на прв поглед изгледаат како смирени личности, но под нивната површина се крие цврста личност која е полна со страст и емоции. Сакаат да го знаат одговорот на секое прашање и не се срамат да поставуваат секакви прашања. Скорпиите се посветени и лојални личности кои сакаат да доминираат. Нема ништо подобро од дијамантот во облик на срце со кој ќе и ја покажете вечната љубов на оваа личност. 
Стрелец
Жените родени во овој знак се позитивни и срдечни. Често се чини дека се родени под среќна ѕвезда и дека среќата нив ги прати цел живот. Љубопитни се и целиот свој живот го поминуваат во сонување за прекрасна иднина. Фокусот им е на позитивната енергија и избегнуваат негативни луѓе. Прстенот од чисто бело злато украсен со син сафир е идеален избор за дамите родени под овој знак. 
Јарец
Јарците се многу амбициозни и за нив важи правилото „трипати мери, еднаш сечи“. Не се впуштаат во ниту една ситуација без добро да размислат. За жените кои се родени во овој знак идеален партнер е оној кој ужива во предизвици, бидејќи не влегуваат лесно во врска. За жената која е моќна и се стреми кон успех, идеален камен е смарагдот. 
Водолија
Жените родени во овој знак не неконвенционални и нив ги стимулира интелигенцијата. Работите ги согледуваат од сите агли и сакаат нови искуства. Овие личности често се на лидерски и менаџерски позиции поради своите вербални способности. За овие моќни личности најдобро е да одберете прстен од бело злато на чиј врв се наоѓа дијамант во необичен облик. 
Риби
Рибите се интуитивни и мирни личности кои ги интересира спиритуалното, но пред се тие се личности кои се полни со разбирање за другите. Избегнуваат расправии во секоја смисла на зборот и често сакаат да фантазираат за да побегнат од реалноста. За овие жени кои се секогаш среќни и убаво расположени изберете прстен од бело злато со необичен дизајн. 
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
outlook123
Сениор
Maya
Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Август.2015 во 21:50 |
ribite se za otkritija..
|
едно е - не се две
|
 |
Renatax
Сениор
Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Август.2015 во 20:47 |
Хммм...очекував многу помрачни откритија за Вага
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
 |
outlook123
Сениор
Maya
Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Август.2015 во 20:29 |
е доста не бираа... време е да бираме..  пс. зш ме нема у паметните?
Изменето од outlook123 - 11.Август.2015 во 20:31
|
едно е - не се две
|
 |