IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Право
  Активни теми Активни теми RSS - Закон за забрана на пушење на јавни места
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Закон за забрана на пушење на јавни места

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 36>
Автор
Порака Обратен редослед
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 22:23
PrintPdf
Забраната за пушење не се почитува во целост
Забраната за пушење во одредени локали низ земјава не се почитува ....

И покрај тоа што инспекторите викендов спроведоа контроли на локалите досега не е изречена ниту една казна........

Во чајџилниците во скопски Чаир цигари се палат какo воопшто да не е стапен во сила законот, а келнерите не ги предупредуваат гостите дека пушењето е забрането.........

При вечерната шема на 1 и 2 јануари во Скопје во кафулињата "Чао" и "Сегафредо" и покрај предупредувањата од персоналот и обезбедувањето можеа да се затекнат гости што пушат во тоалетите.

Кафулињата во скопско Дебар Маало го почитуваат законот, а на масите неможат да се затекнат ниту пепелници.

И во кафитеријата "Фонтана" во трговскиот центар Мавровка, каде најголемиот дел од гостите се студенти законот се почитува неодложно. Угостителите од Мавровка се жалат на намален промет и протестираат против воведувањето на законот. Во т.ц. Бисер и Три Бисери во Аеродром гостите излегуваат надвор од локалите за да запалат цигара.....

сопствениците сите се пожалиле на пад во прометот.....

Забраната за пушење не се почитува ниту во чајџилниците во Куманово. 

Од друга страна во едно од култните кумановски кафулиња “Кенди” кое работи веќе 20-ина години, велат дека строго се почитува законот но се соочуваат со голем пад во прометот, а бројот на гостите се намалил за 30 отсто.

Сопственик на кафулето "ИН" од Куманово се жали дека дел од гостите арогантно се однесуваат и палат цигари и покрај истакната забрана за пушење.

Во т.ц. Палма Трејд во Тетово, во недела попладне во дел од локалите можеа да се забележат гости кои пушат. Во кафулето "Емпориум" се пушеше без забрани.

Информациите од теренот говорат дека забраната повеќе се почитува во помалите градови. .... од Велес, Кичево,Кочани, Кавадарци и Охрид велат дека законот се почитува без исклучок.

Велес  во најзагадениот град во земјава 100% ја почитуваат забраната за пушење. Во кафулињата "Ескејп", "Капри", "Мурано", "Аквариус" и "Прего" викендов неможеше се види дим од запалени цигари. Иста слика затекнавме и во ноќниот клуб Ноктурно.

Во кичевските ноќни клубови „Стефано“,„Гламур“ и кафе-барот „60’ѕ“ луѓето  забавата ја следеа од надвор, со пијалаци во рака и нивното страсно задоволство, цигарата. Ова е доказ дека законот се почитуваше со тоа што во затворените простории изминатиов викенд кичевчани не запалија цигара. Исто така, во ресторанот „Амбасадор“ каде присуствуваа гости од повеќе возрасти, законот не беше прекршен.

Речиси исто се одвиваа работите и по кочанските кафулиња,  „Нокс“, „ Фри“, „Манеус“,  и во пицеријата „Пјаца“ гостите  мораа да излезат надвор за да си го дозволат своето задоволство.

При направените контроли на инспекцијата во кафулињата во Кавадарци, не било регистрирано ниту едно прекршување на законот. Кафулињата "Круна", "Рома", "Експрес" и "Пикасо", како и ноќниот клуб К7  истотака осамнаа без запалени цигари.

Во Охрид забраната за пушење во затворени простории се почитува речиси секаде. При посетата на локалите "Џез", "Кадмо", "Ликвид" и "Галерија", неможеше да се забележат задушени простории како што беше случајот пред пет дена. контролирани биле и  тоалетите каде исто така е забрането пушењето.

Дел од угостителските објекти почнаа експресно да се навикнуваат на законот и вработуваат дополнителен персонал кој ги опоменува гостите дека пушењето е стриктно забрането. Ваков е случајот со кафулето "Форца" во Скопје.

Угостителите во повеќе наврати предупредија дека последиците од законот може да бидат затворање на дел од локалите  како и отпуштања од работа.

Од друга страна новоименуваниот директор на Државниот пазарен инспекторат Виктор Дерманџиев изјави дека ќе бидат ригорозни кон сите оние што го прекршиле законот, а казните се движат од 150 до 300 евра за физички и од 2.500 до 4.000 за правните лица.

-Инспекторите направија дневни контроли на 2 и 3 јануари во Старата скопска чаршија и на улица “Македонија”. Освен во Скопје контроли имаше и во Велес, Струмица, Штип, Кавадарци и Неготино. Беа направени вкупно 109 инспекции и не е поднесена ниту една пријава. Контролите продолжуваат, а освен дневни контроли засилено ќе се прават и во вечерните часови. ..............голема%20насмевка

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 16:29
Секој од нас коментира, компарира или се буни против одреден закон онака како смета дека треба или како појасно ке го искаже својот став. Кога нашите дискусии би наликувале едни на други или би ги насочиле кон ускладување со ставовите на другите тогаш воопшто не би имало потреба да дебатираме.
Сите ние кои живееме тука, кои се суочуваме со една сурова реалност на многу други несредени работи во државата и сиромаштијата која се повеќе го уништува обичниот човек даваме примат на други работи кои се многу по важни и затоа нашите коментари одат во таа насока.
Законот за забрана на пушење во затворени простории е добар и треба да има таков закон, но не толку ригиден, не со толкави високи казни. Пушачите треба да си имаат свои простории, пушачите не треба да престојуваат во иста просторија со непушачите. Не може да се дисквалификува правото на една категорија граѓани заради угодување на друга.
Зошто законот не оди и во обратна насока- Да има простории за пушачи каде би постоело истакната забрана за влез на непушачи?
Само закони кои не дискриминираат ниедна категорија се добри закони.

Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 01:40
Originally posted by mamamd mamamd напиша:


Cudo edno kako sme selektivni vo primena na evropskite zakoniзбунетостZasto prvo ne gi prifativme evropskite plati, evropskite moralni normi okolu mitoto i korupcijata, nepotizmor na sekoj cekor tuku moravme tokmu bas ovoj zakon, Za ova ima bajagi vistina vo napisot na Goran Mihajlovski vo Vest



И јас сум за тоа палтите да бидат европски, ама за жал тоа со закон не се регулира.

Митото, корупцијата и непотизмот не се слика и прилика само на македонското општество. Тие појави ги има и во иделаниот запад. На многу повисоко ниво и со посилен интензитет. Разликата е тоа што таму обичниот човек има коска во раката, си ја глода и не му се секира многу. Земете му ја коската и ќе ги видите вистинските морални норми.

Штом има законска регулатива за нешто, бидете сигурни дека има потреба за тоа, инаку таков закон не би се донел.

Прцесот е многу јазен, предлог, дебата, финализирање на законот, усвојување, примена, контрола на примената на законот од која можат да призлезат високите казни. Право на жалба секако дека има, ќе бидете учтиво сослушани, ама тешко ќе наидете на разбирање. Во западниот свет постои едно правило, непознавањето на законот, не е оправдување за сторениот законски престап. Ќе си ја платиш глобата, а следниот пат ќе знаеш.

Доколку непосоти, непотизам (scratch my back I'll scratch yours), расизам, привелигираност, тогаш ќе нема потреба некој да се рекламира дека има усвоено акти од типот EOE, односно Equal Opportunity Employer.

И таму важи она, не колку знаеш, туку кого знаеш!
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 01:09
Ниту тутунот ќе престане да се одгледува, ниту пак некогаш ќе има недостаток на пушачи. Да, овај закон ќе допринесе помалку да се пуши, а то би значело и помало производство. Некој ќе треба да изгуби. Владата сигурно нема да биде таа, производителите на тутун ќе треба да се преструктуираат, а производителите на цигари ќе треба да ги намалат капацитетит.

Некој предложи да се затвори таа идустриска гранка, штом цигарите биле толку лоши?!

Е тоа нема да се случи! Тоа е редовен, постојан, сигурен прилив во државната каса. Кој е тој што ќе се одкаже од кокошката која носи златни јајца, ма колку тие лоши навики биле штетни по здравјето на луѓето? На западот се зборува за легализација на рекреативните наркотици, а овде некој предлага укинување на тутнската индустрија.
Во демократски услови, владата покажува дека нешто работи, дека се грижи за здравјето на населението. Ќе донесува закони, ќе троши пари на кампањи дека пушењето е штетно, ама нема да се одкаже од приливите. Ќе им го обезбеди демократското право на пушачите слободно да се трујат, ама во одреден простор, ама исто така ќе ги заштит и непушачите. И волкот сит и овците на број.

Само ради индикација зошто владата неможе да се ослободи од тутунската индустрија,

- цената на чинењето на една цигара (со амбалажа) на западот чини 5 центи.
- малопродажната цена е 50 центи по цигара.
- онај што се бави со малопродажба на цигари заработува околу 1 % од малопродажната цена.

Прашање е каде каде оди разликта во цена, колку заработува тутнарот?

Зошто владата неможе да изгуби од овај закон?

Под претпоставка да се намали побарувачката за цигари, тогаш и приливот на владата ќе се намали. Ова неможе да се дозволи, па намалениот прилив како резултат нанамалената продажбата ќе се компензира преку покачување на цената на цигарите. Приливот во државната каса ќе остане непроменет, а покачувањето на цената на цигарите ќе се правда со тоа дека пушењето е штетна општествена појава. Тоа е модел која лесно може да се пласира во јавноста.

Од друга страна владата ќе биде исто така добитник, на долг временски период, ради намалените медицински трошоци за лекување на болестите кои се сметаат за последица од пушењето. Сега нека му мислат докторите, тие ке имаат помалку работа.

И така чекор по чекор, со демократски принципи, се поблиску сме до идеалното (организирано) општество.







Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 00:58
Shto imaat vrska evropskite plati so nepushenjeto vo zatvoreni prostorii?

Zarem ako prosechnata plata vo Makedonija e poniska od onaa vo zapadnite evropski zemji ni dava nekakvo avtomatsko pravo da pushime kade shto kje ni se posaka na smetka na nepushachite i da ne prifakjame zakoni koi se dokazhale kako potrebni i polezni vo site drugi zemji, a koi nemaat nikakva vrska so standardot na zhiveenjeto?

Sto ima vrska standardot na zhiveenjeto so pushenjeto, kako i pravata na decata, zhenite i mazhite koi ne pushat i koi ne sakaat da vdishuvaat chad od cigari ?

I kakva e taa logika deka ne treba da se usvoi zakonot za zabrana na pushenje vo zatvoreni prostorii dodeka prvin ne se usvojat nekoi drugi zakoni koi nemaat apsolutno nikakva korelacija so pushenjeto ???

Изменето од Messenger - 17.Јануари.2010 во 01:00
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2010 во 22:41
Cudo edno kako sme selektivni vo primena na evropskite zakoniзбунетост
Zasto prvo ne gi prifativme evropskite plati, evropskite moralni normi okolu mitoto i korupcijata, nepotizmor na sekoj cekor tuku moravme tokmu bas ovoj zakon, Za ova ima bajagi vistina vo napisot na Goran Mihajlovski vo Vest


Изменето од mamamd - 16.Јануари.2010 во 22:42
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2010 во 03:50
Pa dobro, za ater na muabetot da otideme do krajnost i da pretpostavime deka zakonov kje pridonese da se prekine odgleduvanjeto na tutun (toa nikade ne se sluchilo do sega, no da ja zememe i taa opcija vo razgleduvanje)..

I shto so toa?

Nikomu nishto. Namesto nego kje pochne da se odgleduva neshto drugo.

Ne sme venchani za tutunot.







Изменето од Messenger - 16.Јануари.2010 во 03:51
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 23:50
Се користат само типовите кои немаат квалитет за правење на цигари или кои немаат квалитет за да се пушат... А тие сорти ги нема кај нас.. ама ни грам.. Ќе пробам да ги пронајдам сортите и да ти пишам... Инаку за органските пестициди се користат остатоците при обработка на тутунот, т.е неговото стебло.... 
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 23:47
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Ај да ве прашам колеги нешто? Дали некогаш некој од вас осетил некоја сиромаштија? Дали имате осетено јака нервоза и после барате средство за да се смирите (било какво средство)? Па дајте завртете се малце околу слоевите на граѓаните кои едвај кубурат за леб, или воопшто и немаат... Јас најискрено сум осетил од најсилна сиромаштија до најсилна нервоза... Но не е муабетот за тоа кој како смирува нервози, туку муабетот е што се ќе повлече овој закон и ќе остави позади себе... Животот за сите не е розев, верувајте кој не осетил не знае што е тоа црнило во животот... И затоа ви кажувам дека овој закон ќе остави позади себе, многу невработени, многу луѓе ќе останат без своите примања, или голем дел ќе останат без добар дел од своите примања.... Не гледајте само околу себе или не го гледајте социјалниот сталеж на кој припаѓате.... Погледнете подалеку и ќе ви стане јасно за што зборам...Не е веќе муабетот кој каде ќе си ја задоволи својата страст за цигара, туку веќе преоѓа на многу повисоко ниво... Допрва ќе кулминираат многу незадоволства, од проста причина што ќе се генерира голем процент на незадоволни луѓе, на чело со тие што ќе бидат економски засегнати....


Побара искрен одговор, ете јас ќе одоговорам.
Сум почувствувал сиромаштија, а верувај дека тоа доведе до тоа домашните да ги остават цигарите, а не пак да продолжат со истите.
Инаку едно од начелата на ЕУ е: Субвенција на тутунот, не на цигарите. Тоа значи дека субвенционирањето на тутунот, како и досега, ќе продолжи, не треба да се меша едното со другото.
Во однос на кафулињата не можам да говорам, затоа што не постои униформно искуство за ова, пред се, во разни земји, народот одговорил различно на овој закон


А каде и како ќе се пласира тутунот т.е кој ќе го откупи кога нашата држава одамна не извезува тутун, бидејќи сеуште е од сортата Ориентал и Супер Вирџинија, кои веќе поодамна се исфрлени од производството на цигари, но нашите тутунари немаат пари за скапите сорти кои се бараат во светот... Со парите од субвенциите по килограм планирано беше да се променат сортите на тутун што се садат кај нас, за да имаме конк*рентност на светските пазари... Но очигледно субвенции ќе има, ама количина ќе нема оваа година, бидејќи тутунот се помалце ќе го има...


Koлега, тутунот се употребува не само за цигари, истиот се користи и како органски пестицид, а го има дури и во некои лекови. Кои типови тутун се користат во лекови не знам точно.

Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 23:38
Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Ај да ве прашам колеги нешто? Дали некогаш некој од вас осетил некоја сиромаштија? Дали имате осетено јака нервоза и после барате средство за да се смирите (било какво средство)? Па дајте завртете се малце околу слоевите на граѓаните кои едвај кубурат за леб, или воопшто и немаат... Јас најискрено сум осетил од најсилна сиромаштија до најсилна нервоза... Но не е муабетот за тоа кој како смирува нервози, туку муабетот е што се ќе повлече овој закон и ќе остави позади себе... Животот за сите не е розев, верувајте кој не осетил не знае што е тоа црнило во животот... И затоа ви кажувам дека овој закон ќе остави позади себе, многу невработени, многу луѓе ќе останат без своите примања, или голем дел ќе останат без добар дел од своите примања.... Не гледајте само околу себе или не го гледајте социјалниот сталеж на кој припаѓате.... Погледнете подалеку и ќе ви стане јасно за што зборам...Не е веќе муабетот кој каде ќе си ја задоволи својата страст за цигара, туку веќе преоѓа на многу повисоко ниво... Допрва ќе кулминираат многу незадоволства, од проста причина што ќе се генерира голем процент на незадоволни луѓе, на чело со тие што ќе бидат економски засегнати....


Побара искрен одговор, ете јас ќе одоговорам.
Сум почувствувал сиромаштија, а верувај дека тоа доведе до тоа домашните да ги остават цигарите, а не пак да продолжат со истите.
Инаку едно од начелата на ЕУ е: Субвенција на тутунот, не на цигарите. Тоа значи дека субвенционирањето на тутунот, како и досега, ќе продолжи, не треба да се меша едното со другото.
Во однос на кафулињата не можам да говорам, затоа што не постои униформно искуство за ова, пред се, во разни земји, народот одговорил различно на овој закон


А каде и како ќе се пласира тутунот т.е кој ќе го откупи кога нашата држава одамна не извезува тутун, бидејќи сеуште е од сортата Ориентал и Супер Вирџинија, кои веќе поодамна се исфрлени од производството на цигари, но нашите тутунари немаат пари за скапите сорти кои се бараат во светот... Со парите од субвенциите по килограм планирано беше да се променат сортите на тутун што се садат кај нас, за да имаме конк*рентност на светските пазари... Но очигледно субвенции ќе има, ама количина ќе нема оваа година, бидејќи тутунот се помалце ќе го има...
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 23:33
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Ај да ве прашам колеги нешто? Дали некогаш некој од вас осетил некоја сиромаштија? Дали имате осетено јака нервоза и после барате средство за да се смирите (било какво средство)? Па дајте завртете се малце околу слоевите на граѓаните кои едвај кубурат за леб, или воопшто и немаат... Јас најискрено сум осетил од најсилна сиромаштија до најсилна нервоза... Но не е муабетот за тоа кој како смирува нервози, туку муабетот е што се ќе повлече овој закон и ќе остави позади себе... Животот за сите не е розев, верувајте кој не осетил не знае што е тоа црнило во животот... И затоа ви кажувам дека овој закон ќе остави позади себе, многу невработени, многу луѓе ќе останат без своите примања, или голем дел ќе останат без добар дел од своите примања.... Не гледајте само околу себе или не го гледајте социјалниот сталеж на кој припаѓате.... Погледнете подалеку и ќе ви стане јасно за што зборам...Не е веќе муабетот кој каде ќе си ја задоволи својата страст за цигара, туку веќе преоѓа на многу повисоко ниво... Допрва ќе кулминираат многу незадоволства, од проста причина што ќе се генерира голем процент на незадоволни луѓе, на чело со тие што ќе бидат економски засегнати....


Побара искрен одговор, ете јас ќе одоговорам.
Сум почувствувал сиромаштија, а верувај дека тоа доведе до тоа домашните да ги остават цигарите, а не пак да продолжат со истите.
Инаку едно од начелата на ЕУ е: Субвенција на тутунот, не на цигарите. Тоа значи дека субвенционирањето на тутунот, како и досега, ќе продолжи, не треба да се меша едното со другото.
Во однос на кафулињата не можам да говорам, затоа што не постои униформно искуство за ова, пред се, во разни земји, народот одговорил различно на овој закон
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 23:22
Ај да ве прашам колеги нешто? Дали некогаш некој од вас осетил некоја сиромаштија? Дали имате осетено јака нервоза и после барате средство за да се смирите (било какво средство)? Па дајте завртете се малце околу слоевите на граѓаните кои едвај кубурат за леб, или воопшто и немаат... Јас најискрено сум осетил од најсилна сиромаштија до најсилна нервоза... Но не е муабетот за тоа кој како смирува нервози, туку муабетот е што се ќе повлече овој закон и ќе остави позади себе... Животот за сите не е розев, верувајте кој не осетил не знае што е тоа црнило во животот... И затоа ви кажувам дека овој закон ќе остави позади себе, многу невработени, многу луѓе ќе останат без своите примања, или голем дел ќе останат без добар дел од своите примања.... Не гледајте само околу себе или не го гледајте социјалниот сталеж на кој припаѓате.... Погледнете подалеку и ќе ви стане јасно за што зборам...Не е веќе муабетот кој каде ќе си ја задоволи својата страст за цигара, туку веќе преоѓа на многу повисоко ниво... Допрва ќе кулминираат многу незадоволства, од проста причина што ќе се генерира голем процент на незадоволни луѓе, на чело со тие што ќе бидат економски засегнати....
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 23:21
Мислам дека владата се обидува да спроведе закони кои буквално не се спроведливи во држава.100% сум сигурен дека и овој закон ќе биде спроведуван таму кај што се може и сака а тоа по правило се најситните риби...И место да учиме од другите и анализираме искуства ние повторно измислуваме топла вода...Како пример ќе ја наведам Хрватска која се „лизна„ на ист закон за на крај сепак да попуштат и да спроведат полесна форма на овој закон, која е многу слична на предлогот со кој излезе Бучковски денеска и одприлика гласи: „секој локал со квадратура помала од 100метри квадратни може сам да си одлучи дали ќе биде дозволено пушењето, а оние поголемите секако и финансиски посилни треба да имат посебна просторија за пушачи„...
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 23:09
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Ova e biser... nemame pari za jadenje, pa zgora na toa kje gi poskapuvaat cigarite i ni zabranuvaat da pushime.   



Колега Месенџер... Дали знаеш колку луѓе нервозата ја лечат со цигарите? Дали знаеш колку има луѓе од социјалните слоеви, кои повеќе си ги сакаат цигарите од лебот? И јас не се согласувам за тоа да ги сакаат повеќе цигарите од лебот, но за жал тоа е факт кој неможе да се измени.... И тие за жал сочинуваат голем дел од нашето општество... И сега ако на тој страстен пушач кој ги пуши најевтините можни цигари што можат да се најдат во продажба, да му покачиш цената гарантирам дека ќе се откаже од пушењето.. Сега некој ќе каже дека тој направил добро за себе и за своето здравје, автоматски добро си направил и за својот минорен буџет, ама автоматски направил лошо, што на некој му ја скратил заработката и му земал една четвртинка од лебот... Значи тоа е тоа што мене највеќе ме засега... Јас не викам дека цигарите се супер... Напротив и за жал тие станаа нужно зло.... зло кое поврзува многу економски и социјални групи. Јас не сум против овој закон, туку сум овој закон да оди на доработка, и да се донесе во некое догледно време, кога Македонија ќе зачекори во постабилни економски води, кога ќе има услови за спроведување на овој закон. Не му е време сега верувајте.... И воедно треба да претрпи многу измени, како не би биле оштетени засегнатите групи на граѓани.... Не е мислено на сите делови, и затоа кажувам дека законот е криво насаден.....


НРГМКД, како може , некој со цигари да лечи било што, па нека е и нервоза?!
А ако некој веќе се откажува од лебот за да пуши цигари, тоа си е негов проблем, кога пола свет гладува, некој се жали дека нема пари, а купува цигари, па за да биде трагедијата поголема, дури и бара државата да се грижи за тоа дали ќе имал цигари или не?! Во која држава го има тоа државата да се грижи за нечии фрустрации?!изненадување
Ако некој со нешто сака да се лечи, постојат лекови, да , тоа е дел од надлежностите на државата, да се грижи лековите да бидат достапни за сите, со прифатливи цени и слично.
Некој се лечи и со алкохол, некој наоѓа утеха во нешто трето, зарем државата треба да се грижи и ова да го има во доволно количини?!
За среќа, државата не се занимава со вакви нешта...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.