Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Орка
Сениор
Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Септември.2015 во 20:46 |
Па како нема да завршам таму... Кога девица која демек ми одговара најповеќе ќе игра на шипка.
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Септември.2015 во 18:16 |
Хороскоп кој преку ноќ стана голем хит, баш затоа што ви ја предвидува иднината врз основа на тоа што сте правеле досега. 
Ако ве интересира каде ќе бидете и што ќе правите за 10 години, само пронајдете си го знакот: Овен - во среќен брак 
Бик - ќе купува миленик

Близнаци - FBI агент

Рак - ќе шета по голем број концерти и настани

Лав - бездомник без скршен денар

Девица - ќе игра околу шипка

Вага - во затвор 
Скорпија - ќе се заљуби во пороци и опојни дроги

Стрелец - милионер

Јарец - сопственик на успешна книжара

Водолија - ќе стане славен и познат лик

Риби - во ментална установа

|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Септември.2015 во 15:39 |
КОИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ НАЈМНОГУ СЕ НЕРВИРААТ? Овен – овните се познати по тоа што лесно избувнуваат секогаш кога некој ќе ги предизвика. Никогаш не сакаат да им биде наредувано, а исто толку силно се нервираат кога некој ќе ги учи на нешта кои веќе ги знаат. Оние кои силно ќе им згазнат по живците, знаат и да добијат ќотек, но доколку соговорникот ги изнервира, но остане смирен, тогаш овните знаат брзо да се смират и да се извинат за својата избувливост. Бик – биковите најчесто се мирни и повлечени, па кога ќе се случат тие ретки моменти на покажување нервоза, луѓето околу нив не знаат како да реагираат бидејќи не се навикнати да ги гледаат во такво светло. Биковите вообичаено се нервираат кога се обвинети дека нешто не сработиле исправно или кога се загрижени хороскопски знациод каква било причина. Исто така, не сакаат да бидат потсетувани на грешките од минатото. Близнаци – кога близнаците ќе се изнервираат, тотално губат контрола и не обрнуваат внимание ниту на логика, ниту на разум и единствено важно е да го имаат последниот збор. Вообичаено близнаците не се нервираат лесно, што е една од нивните главни одлики како знак, но кога ќе успее некој да ги изнервира, тогаш ништо нема да ги спречи да изнакажат сè што им лежи на душа. Рак – раковите се многу грижливи и нежни, па најчесто се нервираат за сцени во кои токму овие карактеристики недостигаат. Исто така, мразат да бидат критикувани, но и кога некоја нивна добро сработена задача минала незабележано. Дури и кога силно ќе се изнервираат, раковите знаат да ги бираат зборовите кои ќе ги кажат за да не повредат некого. Исто така, немаат проблем да бидат „лошите“ во секоја ситуација, ако тоа помогне за општа среќа на околината. Лав – лавовите се грижливи, добродушни и прекрасни луѓе, но кога некој ќе им згреши, тогаш не се апсолутно ништо од тоа. Тогаш лавовите ги покажуваат своите канџи. Овие знаци, општо познато е, најмногу се нервираат кога некој сака да доминира над нив. Кога лавовите ќе го загубат разумот, тогаш како вистински грабливи мачки, сосема мирно го чекаат вистинскиот хороскопски знацимомент и ѝ се нафрлаат на жртвата. Понекогаш, дури и физички ќе се пресметаат ако има потреба од тоа. Девица – девиците вообичаено се мирни кога ќе бидат изнервирани, но ако се претера, тогаш знаат да експлодираат. Не знаат да губат, па кога ќе се случи тоа, знаат да ја исфрлат нервозата од моментот. Ги нервираат и нешта кои се надвор од правилата и кога нештата немаат ред. Сепак, не ја држат лутината и не се злопамтила. Вага – вагите ретко покажуваат нервоза, но ако тоа се случи, тоа значи дека некој ептен претерал. Типично за вагите е што се како темпирани бомби, па се смешкаат и се прекрасни до моментот кога најмалата капка ќе ја прелие чашата и ќе експлодираат. Вагите секогаш внимаваат како изгледаат и се однесуваат, и токму затоа ретко се видени да загубат контрола. Но, кога тоа ќе се случи, презентираат бес каков што ниту еден друг знак во зодијакот нема. Скорпија – скорпиите се познати како лошите момци на зодијакот и со нив лесно може да се влезе во конфликт. Тие сакаат да ги имаат нештата под контрола, па ако некој друг се обиде да ги влече конците во некоја ситуација, тогаш сè може да се очекува од скорпијата. Ако се скарате со скорпија, бидете сигурни дека и после многу години ќе си ја добиете одмаздата. Стрелец – стрелците лесно знаат да се налутат и за најмали ситници, но лутината знае да биде и многу забавна за соговорникот, бидејќи тогаш почнуваат да пелтечат, да забораваат зборови и да се губат во времето и хороскопски знаципросторот. Сепак, не се големи фанови на караници, па ќе глумат дека не се нервозни за соговорникот да се смири, по што и самите ќе заборават на проблемот и ќе им мине лутината. Јарец – јарците се претставуваат себеси како цврсти и недопирливи, но се многу емотивни одвнатре. Вообичаено во секоја ситуација ќе глумат смиреност иако во себе имаат вулкан од емоции. Но, кога границите ќе бидат преминати, тогаш вулканот избива на површина. Најмногу лути на тоа што морало да дојде до таква ситуација, јарците ќе го наведат противникот да се чувствува виновен и да мора да се извини и покае. Водолија – водолиите се гледаат себеси како смирени личности и мразат да губат контрола врз своите емоции. Најмногу се нервираат кога некој нема да ги разбере правилно или кога нема да ги земе за важни нивните ставови и мислења. Кога ќе се изнервираат, вообичаено гласно викаат, а може и да си заминат оставајќи сè зад себе, по што вообичаено се чувствуваат потиштено и почнуваат да се лутат на себе што не се изнавикале уште малку повеќе. Риби – на рибите им се важни туѓите чувства, па силно се трудат да не навредат. Но, кога тоа ќе го стори некој друг врз нив, тогаш работите се поинакви. Тогаш знаат да кажат и нешта кои не ги мислат, само да врата двојно посилно на нападот. Кога рибите ќе се изнервираат, нивниот креативен ум работи со максимален капацитет, па последиците кон соговорникот може да бидат страшни. Кога ќе се смират, вообичаено се каат за нештата што ги кажале, иако е предоцна.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Август.2015 во 12:44 |
НАЈГОЛЕМИОТ ЉУБОВНИК ВО ЗОДИЈАКОТ Е... Тврдоглави, упорни, енергични, реални. Ова се најважните особини на Биковите. Иако тврдоглавоста се смета за нивна најголема особина и мана, љубовта е место каде што Биковите апсолутно се докажуваат. Се сметаат за најголемите љубовници во Зодијакот, сакаат да ги привлекуваат луѓето, но никогаш не преземаат иницијатива. Бикот е личност која поседува сила која раздвижува планини, со својата упорност и неоткриената тајна на љубовните вртлози. Биковите се познати по својата практичност и реалност. Нивната конкретна смисла за реалност ги восхитува луѓето околу нив кои таквите квалитети не ги познаваат. Можете заради тоа да ги обвините дека воопшто не знаат да фантазираат или дека романтичноста низ нивната призма делува толку сиромашно. Ќе ве држат за рака, ќе се шетаат под полна месечина или во прекрасна природа, а притоа радосно ќе раскажуваат како денес го зготвиле гулашот. Што се однесува до љубовта и љубовните интриги, овие луѓе најчесто имаат среќа. Венера, планетата на благосостојба и љубов, се наоѓа во центарот и управува со нивниот знак, но не со оној откачен стил како кај Вагата, туку на еден практичен и допирлив начин. Донесува врзаност за реалноста, здрава смисла и желба за поседување. Сакаат да бидат опкружени со убави нешта, убави мажи или жени, луксузни предмети, уметнички слики. Убавината во нивниот живот е многу застапена и изразена. Околу себе создаваат чувство на пријатност и опуштеност, па дури и во канцелариите внесуваат ситници кои ја отсликуваат нивната душа. Иако се крајно практични, имаат смисла да го одберат партнерот. И тоа обично е партнер кој е романтичен и со богата фантазија, нежен дух, поетични. Навидум чиста спротивност од нив. Понекогаш Биковите изгледаат затворени и неприступачни, но едноставно не допуштаат на било кој да им го троши нивното време и стрпливост. Знаат секому да му речат: Стоп! Припадниците на овој знак се познати по оптимистичката филозофија и практичното усмерување. Сакаат да им помагаат на другите и ја сакаат уметноста. Уживаат во добри книги или претстави, и најмногу во гурмански подготвени јадења. Нивната одмереност, постојаност и реалниот пристап на животот се легендарни во Зодијакот. Најголема мана на овој зодијачки знак е тврдоглавоста и тоа до тој степен што околината често ги смета за дрски и непристоји. На второ место се посесивноста и љубомората. Кога ќе го одберат партнерот, не го испуштаат од вид, сакаат да имаат целосна контрола на она што го прави. Често претеруваат во јадење и пиење или избегнување на спортски активности заради што имаат и здравствени тешкотии. Динамични се, упорни и енергични, но кога ќе завршат со некоја работа, истиот миг стануваат пасивни и троми. На работен план никогаш не постапуваат импулсивно и непромислено. Многу се внимателни, и не им дозволуваат на другите да им пречат во нивните планови. Газат се друго за да ги остварат своите цели. Големи се ентузијасти дури и во најтешките животни ситуации. Изгледаат како нескршливи и полни со сила. Меѓутоа нивната тврдоглавост е особина која често ги кочи во животот, а сепак тие од неа не отстапуваат. Бидејќи животната филозофија им е насочена кон практични нешта, не си дозволуваат некои нереални соништа или цели. Но потребата секогаш тие да се во право ги тера да се спротивставуваат на авторитети или на сите оние кои сакаат да го сменат нивното мислење. Во тие мигови доаѓа до израз нивниот недостаток на такт, нееластичност на духот, како и недостаток на дипломатија. Но, благодарејќи на својата упорност, сепак постигнуваат големи успеси. Прилично се чувствителни на околината и на туѓите мислења и секогаш одат во крајност – ако не се согласувате со мене, значи сте против мене. Навистина, би требало малку да се потактични во животот. Интелектот им е приземен, со реални цели и амбиции. Љубовта пак им е храна. Без неа едноставно тешко живеат и многу патат. Мораат да сакаат, да поседуваат некого, дури и да е тоа погрешна личност. Ако се обидете да им го поместите нивниот дневен распоред и планови, бидете сигурни дека одеднаш ќе се соочите со бесен Бик подготвен да ве набоди со роговите и тоа без да извадите црвено платно. Сами сте виновни! Биковите и парите секогаш одат заедно. Се разбира, не се сите Бикови богати, но бидете сигурни дека не се ни сиромашни и секогаш имаат црн фонд. Својот дом и кралство тие го градат секогаш споро, но цврсто и сигурно. Во секоја секунда знаат колку пари имаат до ситници, дури и во малите касички, ги знаат цените на сите производи и заколнати непријатели се на расфрлање пари. Својот имот го чуваат и шират многу внимателно!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Август.2015 во 13:35 |
Уште нешто интересно што хороскопот ќе ви го открие за вашиот карактер е типот на маска која што ја носите секој ден, пред останатите личности од различни причини. 
Дознајте што се крие под вашата маска и која е таа: Овен Овенот ја има маската на сожалување, бидејќи сака да го сожалуваат. И тоа секогаш му успева. Во суштина е ладнокрвна личност која иако сака да манипулира со останатите, знае и да ги сака со цело срце. Си ги знае своите граници и свесен е за својата маска на која веќе навикнал, бидејќи ја носи постојано. Бик
Бикот ја носи маската на пријателството, бидејќи се плаши да остане сам. Никогаш нема да ве избегнува доколку не му се допаѓате, но со време ќе ви се предаде, бидејќи доколку доволно долго глумите нешто, ќе започнете и да верувате во истото. Близнаци
Близнаците се дволични, но добродушни со маска на ладнокрвност. Понекогаш ја вадат кога знаат дека се во опасност и ја ставаат маската на Овенот, а тоа е маската на сожалувањето. Рак
Ракот иако сите го сметаат за најчувствителен знак во хороскопот, тој ја носи маската на љубовта. Често останува во врски кои знае дека не му одговараат доволно долго за да не ја извадат маската под која се крие личност која сака да ја пронајде вистинската личност. Лав
Лавот ја носи маската на гордоста, бидејќи се плаши од своите недостатоци и сака да биде недопирлив и бесчувствителен. Иако остава таков впечаток тој е кревка душа која знае да сака, но секогаш прави погрешен избор во љубовта. Девица
Девицата ја носи маската на педантноста, бидејќи сака да прикрие колку е всушност една неорганизирана личност која не се грижи за никој освен за самата себеси. Иако се смета за една од најладните знаци во хороскопот, кога ќе ја пронајде вистинската личност се препушта целосно и без резерва. Вага Вагата ја носи маската на одлучноста, бидејќи е неодлучна и не сака останатите да дознаат за тоа. Секогаш знае како да ви одговори дипломатски и погрешно на прашање поврзано со некоја одлука која треба да ја донесе, но е добар пријател кој знае да даде совет кога тоа е потребно. Скорпија
Скорпијата ја носи маската на искреноста, бидејќи лаже постојано, па понекогаш дури и верува во сопствените лаги. Знае да биде сентиментална кога ќе се заљуби, бидејќи се плаши да не биде излажена верувајќи во карма и бумеранг. Стрелец
Стрелецот е познат по својата прецизност и одлучност што е маска на неговата несигурност во себе. Знае да критикува, но не сака да го критикуваат и често се лути без причина. Јарец
Јарецот носи нарцистичка маска, бидејќи нема самодоверба и знае дека не е најдобар од сите како што остава впечаток. Нема капацитет за учење и често е љубоморен на тие што се подобри од него, но никогаш нема да го признае тоа. Водолија
Водолијата ја има маската на добрината, но длабоко во себе знае дека сака да ги повредува луѓето околу себе. Знае да цени и да простува, но кога еднаш ќе ја повредите, заборавете на неа. Риби
Рибите ја носат маската на верноста, бидејќи сакаат да изневеруваат, но без да бидат фатени на дело. Обожаваат отворени врски без обврски и го сакаат сексот повеќе од сите знаци во хороскопот. Брзо забораваат и често лажат. Која е вашата маска?
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Август.2015 во 13:33 |
ДОЗНАЈТЕ НА КОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК СТЕ СЛАБИ И БАРЕМ ЕДНАШ ВО ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ИМАТЕ ЗА ПАРТНЕР Во Зодијакот постојат повеќе љубовни комбинации кои се олицетворение на страст и големи емоции, па токму таквите привлечности се неизбежни. Дознајте на кој хороскопски знак сте слаби и барем еднаш во животот ќе го имате за партнер. 1. Овен и Вага Веќе при првото среќавање на овие знаци се појавуваат искри. Енергијата и сексуалноста на Овенот и шармот и префинетоста на Вагата создаваат силна хемија. Оваа љубовна врска е голем предизвик за двете страни, па тешко дека ќе одолеат да не се пробаат како пар. Проблемите во односот може да настанат кога пристојното однесување и начин на живот на Вагата ќе започнат да го нервираат Овенот. Вагата од друга страна пак, ќе се обиде да го направи Овенот попристоен. За врската да успее, потребно е овие два знаци својата природа да ја спојат во заеднички активности, наместо да се препираат. 2. Бик и Скорпија
Кога нежниот Бик ќе се отвори пред Скорпијата и во неа ја види страста која ја носи, доаѓа до огромна сексуална поврзаност. Кога ќе влезат во врска не можат да се заситат еден од друг, но кавгите се исто така неизбежни. Бикот се изморува од темпото на Скорпијата, додека на Скорпијата и пречи пасивноста на Бикот. Само ако страста од спалната соба може да се пренасочи кон заедничко дружење, работите може да се подобрат. 3. Близнаци и Стрелец
Привлечноста меѓу овие два знака не е само физичка, туку се одразува и на ментално ниво. Љубопитните Близнаци и Стрелците кои вечно филозофираат, ги обожаваат меѓусебните разговори. Близнаците може да ги изнервира само ставот дека Стрелецот сè знае најдобро, додека Стрелецот може да му замери на партнерот за повремената незаинтересираност и склоноста кон озборување. Решението е во заедничките патувања. 4. Рак и Јарец Чувствителноста на Ракот и моќта на Јарецот претставуваат совршен спој. Страста може да биде кратко попречена од емоциите на Ракот, а Јарецот повремено да го игнорира, додека на Јарецот може да му здодее неодлучноста и несамостојноста од другата страна. Задолжително мора да се потсетуваат дека не се само партнери, туку и љубовници, ако сакаат да успеат. 5. Лав и Водолија
Кралот на светот не може да и одолее на слободната Водолија која го признава само својот авторитет. Бунтовничкиот дух е освежување за Лавот, додека за Водолиите најпривлечна е харизмата на Лавот. Преголемата потреба за внимание на Лавот и противењето на Водолиите може да доведе до сериозни проблеми. Спасот мора да го најдат во креветот, далеку од сите луѓе и познаници. 6. Девица и Риби
Девицата сака ред, а Рибите ги одбива рутината, па затоа ова е доволно спротивно за да се привлечат. Врската ја гледаат како единствен начин да си го променат животот, па Девицата обожава да ја научи Рибата на ред, додека Рибата ја учи Девицата како да се опушти. Во одреден момент несериозноста на Рибите може да и попречи на Девицата, а потребата за контрола на Девицата да биде препрека за другата страна. Подготвеноста на компромис може да ја спаси врската.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Август.2015 во 13:27 |
КОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК ИМА НАЈМНОГУ СРЕЌА? Многу елементи влијаат на среќата. Среќата е да ја препознаете вистинската работа во вистинско време и да ја зграпчите шансата. Астрологијата често може да влијае врз вашата среќа. Еве што вели вашиот хороскопски знак. Овен Овните обично со помош на својот младешки дух знаат кога треба да “скокнат“ во ладна вода и храбро да бидат први во нешто што води до успех и среќа. Бик За да бидат среќни, на Биковите им треба добра организација и можност полека да го кројат својот пат без големи скокови. За нив најголема среќа може да биде изградбата на преубав дворец од песок кој нема да го сруши ниту еден морски талас. Близнаци За Близнаците несреќа е кога им е досадно, а среќа може да биде се останато. Проекти, размена на идеи и посебни вештини и интерес на “големите“ за нив, ги прави среќни. Рак Раковите наоѓаат задоволство во спомените. Во сеќавање им остануваат луѓето кои им значеле многу и кои поминале низ нивниот живот. Лав Лавовите среќа доживуваат во сјајот, гламурот и значајните моменти. Тие црпат енергија од овие возвишени ситуации кои ги прават среќни. Девица Се чувствуваат среќни кога знаат дека се потребни и неопходни некому. Нивна желба е да придонесат за подобар свет, па среќни се кога помагаат. Вага Вагите среќа наоѓаат во балансот, општата хармонија и не сакаат никој да ги вознемирува. Тие веруваат дека секој има своја мисија која може да влијае на општата среќа или хаос. Скорпија Скорпиите често гледаат среќа во победата. Животот за нив е боречка арена, и секоја ситуација во која се впуштаат е предизвик – да се победи со сила, вештина или љубов. Стрелец Стрелецот ја доживува среќата како чиста, едноставна работа како што е тапкање по рамото, насмевка на поминување, добра шега или вкусна храна. Тие знаат да се радуваат на мали н ешта. Среќа за нив е да ги бодрат другите или другите да ги бодрат нив. Таа нивна спортска дисциплина е прилично заразна, па не е ни чудно што другите се чувствуваат среќно во нивно друштво. Јарец Јарците најголема среќа наоѓаат во верноста кон другите. Често пати тие се среќни, а не се свесни за тоа. Јарците се вистински приврзаници на среќата. Кога прават некого среќен нивното срце е исполнето. Водолија За Водолиите среќа е да се биде индивидуалец. Да ги прави работите на сопствен карактеристичен начин, без стеги и притисок од страна, да ја следи својата визија… Риби Рибите среќа пронаоѓаат во сништата и мистериите. Но, нивната среќа не е комплетна ако нивниот живот нема поголема смисла, а тоа е – да им помогнат на другите во неволја.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Август.2015 во 18:11 |
ХОРОСКОПОТ ВЕЛИ ДЕКА ЛИЦАТА РОДЕНИ ВО ОВОЈ ЗНАК СЕ НАЈДОБРИ ЛУЃЕ Доколку упорно околу вас ги задржувате погрешните луѓе и пријатели, тогаш е време да погледнете во ѕвездите. Еве 10 причини поради кои во вашиот живот би требало да запознаете барем еден Овен. 1. Авантуристи сеТие се секогаш полни со луди и аватуристички идеи. 2. Зрачат со позитивна енергијаНивната енергија им помага со леснотија да преминат и преку најголемите „сопки“ во животот. Сепак, тие најчесто се обвинуваат себеси кога нешто не тргнало по зацртаниот план. 3. Оптимистични сеОваа нивна способност значително помага на луѓето кои ги опкружуваат, секогаш кога им се потребни поттик или поддршка. 4. Лојални сеТие никогаш нема да ве изневерат или да ги издадат вашите тајни. Доколку пред Овен започнете да ги оговарате неговите пријатели, знајте дека тоа нема да има убав завршеток. 5. Искрени сеТие никогаш не лажат од една едноставна причина – не знаат како! 6. Независни сеЗнаат да се грижат за себе, и не сакаат да побараат помош дури ниту кога им е очигледно потребна. 7. Посветени сеОва е особено убаво за нивните љубовни партнери, кои нема да мораат да се грижат дека по извесно време ќе бидат незабележени. 8. Сакаат да даваат, но не и да земаатТие се внимателни со парите и добри штедачи. Меѓутоа, Овните спаѓаат во онаа група на луѓе која повеќе се радува кога подарува, отколку кога зема подароци. Сепак, кога станува збор за нив самите, два пати ќе размислат дали да се почестат. 9. Амбициозни сеСекогаш тежнеат кон повеќе, и си поставуваат нови цели пред нив. 10. Овните се комбинација од сите горенаведени особиниШто ги прави одлични партнери или пријатели за цел живот.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Август.2015 во 18:08 |
ОВА СЕ ТРИТЕ НАЈНАИВНИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ На секој му се случува да наседне на бела лага, добар маркетинг трик или изневерување на довербата, но овие 3 хороскопски знаци се толку наивни што во една лага може да поверуваат над 100 пати. Вага Верувале или не, знакот кој најмногу ги проучува ситуациите и луѓето, сепак најчесто паѓа на лагите. Причината е малку необична – тие луѓе едноставно предоцна палат и ги составуваат коцките. Со која приказна и да им тропнете на врата, тие ќе ја проголтаат, само треба да бидете добро подготвени и да не им оставате многу простор за распрашување. Девиците ќе откријат дека се излажани дури откако ќе биде доцна. Нивните способности за откривање не им носат ништо позитивно, туку само поголеми нервози. Склони се да ветуваат во празни ветувања и секаков тип на вести кои се појавуваат и шират од уста на уста, а додека да соберат доволно информации, штетата најчесто е веќе направена. Риби
Рибите поголем дел од животот го поминуваат во некоја паралелна реалност, во свој свет каде важат сосема поинакви закони, па затоа и се често ранети од суровата реалност. Најнаивни се кога се работи за лесна заработка и стекнување богатство преку ноќ, затоа што богатството е она за што постојано сонуваат. Пирамидалните лаги и работата преку интернет за нив е најголема мамка на која ниту едно дете нема да наседне, но затоа Рибите се први. Тажното е што им требаат неколку месеци да го разберат и откријат трикот, а до тогаш веројатно сите пријатели ги оставиле затоа што разбрале дека имаат проблем со парите и лесната доверба. Бик
Затоа што се посебно тешки за меѓучовечки односи и социјализација, осаменоста најчесто е причина заради која Бикот наседнува на лагата и измамата. Многу се внимателни кога се работи за пари, но затоа кога некој пријател или партнер ќе им побара услуга не се двоумат и не прашуваат колку тоа ќе чини. Ако ви требаат 1000 евра, веројатно само Бикот ќе ви ги овозможи, но за возврат треба да дадете многу искрени емоции и зборови. Откако пријателот или партнерот ќе исчезне, дури тогаш ќе разбере дека е прелажан. Сепак, Биковите добро учат од искуството, па нема да ја направат истата грешка 2 пати. Или барем така мислат одредено време. За да наседнат на иста измама, потребно е само да е различно спакувана.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Август.2015 во 11:57 |
ХОРОСКОП ЗА НЕМАЖЕНИ: ЕВЕ КОИ ЖЕНИ НАЈДОБРО ЌЕ СЕ ОМАЖАТ! Многу жени се загрижени за тоа кога ќе се омажат, но верувале или не, и мажите размислуваат на оваа тема. Долго ја проучуваат секоја жена пред да одлучат да стапат со неа во брак. Еве кои жени најдобро ќе се омажат! Овен Покрај неа еден просечен маж се чувствува како жена, затоа што таа се може да направи дупло подобро од него. Таа никогаш нема да ви забележи поради тоа – секогаш ќе работи, ќе создава, ќе се надева и ќе ве охрабрува, дури и тогаш кога другите ќе ви кажуваат дека сте мрзелив. Отворена е и искрена и никогаш нема да направи будала од вас. Покрај неа нема потреба да се грижите за непријателите, затоа што тие ќе избегаат од вас кога ќе видат каква личност ве „чува“. Вие сте нејзино богатство. Децата никогаш нема да ги размази и од мали ќе ги учи како треба да се борат за сопствените цели. Се што ќе побара од вас е да верувате во себе. Само покрај неа и никој друг ќе сфатите што значи да се биде вистински маж. Бик Се што прави, прави дупло по темелно од вас. Со неа не постојат пропусти и непредвидени разочарувања. Препуштете и ги сите пари и бидете сигурни исто како да сте ги урочиле во банка, која двоструко ќе ги зголеми. Уморни сте и ве боли главата? Препуштете се на нејзините раце кои ќе ви ги покажат тајните на опуштувачката масажа. И никогаш, никогаш немојте да се сомневате дека ќе ве напушти кога ќе ви биде тешко. Таа е жена која километри би ве носела ранет низ пустина. Се што ќе побара од вас се поклони, а тоа е ситница, така? Со оглед на тоа дека таа сепак се прави најдобро. Децата и се емотивно и ментално стабилни, полни со ведрина. А како и не би биле со таква мајка? Близнаци Се што мисли, мисли два пати подобро од вас. Со неа за некои работи и не морате да размислувате, едноставно препуштете и се на неа и ќе откриете нови светови. Со неа секој нов ден е како нов живот. Не сте знаеле дека во вас се крие разиграно дете? Епа сега знаете, кога освежени и вечно млади, се прашувате со што сте заслужиле толкава среќа. За неа не постојат баналности и полна е со изненадувања. Децата од мали ги носи паралелно во две училишта и имаат богати интереси. Рак Се што чувствува, чувствува два пати поинтензивно од вас. Со неа ќе дознаете што значи да имате права жена покрај вас. Со неа ќе имате и комедии, и хорори и драми. Ќе живеете во оазата од илјада и една ноќ, опкружени со најубави јадења. Децата и се нешто свето и најважната работа во животот. Лав Се што е она, е она што вие не можете ни да се надевате дека ќе бидете. Со неа не сте обичен човек, туку супермен. Ќе ја обожавате, затоа што никогаш не нема да мора да направи нешто посебно за да ја сакате и секогаш ќе се прашувате во што се крие нејзината тајна. Се што прави за вас, го прави со целото срце. Кога се лути се лути најслатко на свет. Кога нешто бара, секоја нејзина желба е ваша заповед. Децата секогаш ќе и бидат најдобри во се, всушност како нивната мајка. Девица Се што таа знае, знае дупло подобро од вас. И вас ќе ве научи што значи да се знае. Животот ќе ви биде ослободен од илузии и нема да постои ништо повеќе што би можело да ви застане на патот кон успехот. Со неа ќе имате голема кариера. Таа е жена која ќе ве остави да се занимавате со значајни работи, без инсистирање на преголема сентименталност. За нејзе љубовта е во делата, а не во зборовите. Болни сте? Нема да ви биде потребен лекар, тука е таа и нејзиното длабоко чувство за одговорност. Се што ќе бара од вас е да бидете искрени и вредни, а таа е тоа два пати повеќе од вас. Децата и се добро организирани и обично се најдобри… паметни на мама. Вага Таа знае што е склад и хармонија и тоа го знае два пати подобро од вас. Цврста е како челик кога треба да ги отстрани препреките од вашиот пат и мека како кашмир кога ви треба опуштање. Вие знаете дека таа диши и за вас, и дека без неа сте пола човек. Обично е убава и грациозна, а умее се околу неа да доведе во складност и убавина. Децата и се омилени во друштвото и големи естетичари. Ги учи дека таткото е – Бог. Шкорпија Таа не е жена, туку волшебничка, која ве занела уште од првиот момент. Бидете сигурни дека однапред ве познава, понекогаш и подобро од вас самите. Таа би го дала животот за вас, ако и докажете дека сте вредни за тоа. Појдете храбро со неа кон сите искушенија и никогаш немојде да ја предадете. Ќе научите што е посветеност и страст, и ќе стаствено ќе го сакате нејзиното срце, тело и дух. Децата од мали ќе ги учи дека се предодредени за големи дела. Стрелец Можеби вие мислите дека имате среќа, но таа има три пати повеќе од вас. Не морате веќе да играте игри на среќа, бидејќи со неа животот нагло ќе почне да ве опсипува со дарови. Покрај нејзе другите жени ќе ви изгледаат како префригани мачки. Со неа не добивате само жена, туку и најдобар пријател на светот. Децата и се искрени, полни со оптимизам и верба… баш како мама. Јарец Знаете ли пред кого стоите? Бидете сигурни дека наскоро ќе сфатите за каква дама станува збор. Она што на секој просечен маж ќе му го свитка рбетот, оваа дама ќе го изнесе ненаметливо и достоинствено. Се што сака е да покажете карактер и истрајност, а таа ќе ви биде пример за тоа. Како мајка е строга, но праведна. Нејзините деца еден ден ќе владеат со себе и светот околу нив. Водолија Кога ќе ја запознаете неа, ќе се чувствувате како затвореник кој штотуку излегол на слобода. Немојте да се грижите за ништо. Не ви е потребна научна фантастика – ја имате неа. Сепак таа не ви припаѓа само вас, туку на сите, а сепак на никој. Ако сте растеле како единец, ќе ви стане незаменлива, како брат или сестра. Децата ја обожаваат. Еден ден некои од нив ќе станат вистински генијалци. Риби Таа е жена која е се, а сепак ништо. Се што сакате да имате, но никогаш нема вистински да ја имате. Само најхрабрите ќе можат потполно да ја освојат. Нејзината сестраност и бујна фантазија ќе прават од вас секој ден нов човек. Помогнете и да ги научи децата што е дисциплина и тие од неа ќе наследат многу уметнички дарови.
Изменето од Valerija - 04.Септември.2015 во 08:47
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Август.2015 во 11:52 |
Планетата на проширувањето и растот на знаењето патува низ знаците на зодијакот и останува во посета по 12 месеци. Оваа година, Јупитер е во знакот Девица, а во оваа позиција спротивставените енергии на овие две планети се спротивставени и во совршен баланс. 
Девицата е перфекционистот меѓу знаците и една од нејзините сили е да анализира детално, за ништо да не пропушти. Јупитер повеќе е фокусиран на поголемата слика и резултатот, па деталите може да ги изостави. Најдобар начин да функционирате со енергијата на Јупитер е да си поставите цели и да ги испраќате своите мисли во универзумот, важно е да се фокусирате на она што го сакате во животот. Овен
Вашата работа сега може да се забрза, а се што ви треба е организираност со посебна посветеност. Вашиот ум е пренатрупан со идеи како да напредувате на професионален план, меѓутоа за успех, морате да се фокусирате само на една работа. Сите цели поделете ги на помали потточки и така сè ќе можете да постигнете. Бик
Можете да го контролирате вашиот живот и да го направите она што сте посакувале да го направите. Ова е креативно време кога можете да се насочите на остварување на вашите соништа. Сте биле фокусирани на семејството, а сега време е да ја фокусирате енергијата на вас и да направите нешто добро за себе. Тешкотиите можете да ги оставите во минатото и да уживате. Близнаци
На вашиот радар повеќе се изразени домот и семејството, па важно е да се поврзете со луѓето околу вас и да ги вметнете во вашиот потесен круг на блиски. Фокусирајте се на својот приватен живот и престанете да живеете за работата. Јупитеровата енергија во комбинација со Девицата ќе ви помогне да размислувате логички, а не емоционално. Рак
Јупитер е во вашата трета куќа и ви помага да се фокусирате на учењето и усовршувањето на знаењата во областите кои ве интересираат и кои директно влијаат на вашата кариера. Девицата ќе го прави вашиот ум остар и лесно ќе можете да се фокусирате. Очекувајте повеќе патувања и бидете во интеракција со нови и интересни луѓе. Лав
Стекнувањето на богатство е доста важна работа за Лавовите, а Јупитер кој е во вашата втора куќа е позициониран токму за исполнување на оваа желба. Постојат само неколку работи кои треба да ги земете предвид. Потребно е да ги согледате вашите вредности и да се насочите на целите за да ги остварите можностите кои доаѓаат со животните предизвици. Девица
Со Јупитер во вашиот знак, вашата среќа сè повеќе се зголемува. Можете да очекувате патувања, а и работењето во странство е сосема можно. Препуштете се на авантурите кои ќе ви го променат животот од корен. Вашите граници ќе се придвижат и вашиот спиритуален дел ќе ви покаже за што сè сте способни. Ќе имате многу успеси. Вага Сега можете да дојдете до нови сознанија за себеси. Јупитер ќе ви даде капацитет да се носите со тешкотиите, а Девицата ќе ви помогне да ги решите мистериите во вашиот живот кои не сте можеле да ги разберете. Луѓето со кои ќе се сретнувате ќе ви го променат животот и ќе ви помогнат да си ја усовршите интуицијата. Време е да пораснете. Скорпија
Подгответе се за проширување на вашите социјални мрежи, бидејќи ова не е време за самотија. Позитивната енергија ќе си ја градите додека соработувате со другите луѓе околу вас, а тие може да ви помогнат и да ви бидат главна поддршка на многу животни полиња. Јупитер ќе ве постави на право место и во право време за да ги запознаете вистинските луѓе. Стрелец
Вашата кариера полека но сигурно оди во нагорна линија и во добра позиција за да се вратите во реалноста. Јупитер е ваша планета и може да ви помогне да имате среќа, па на тој начин полесно да си го контролирате животот. Енергијата на Јупитер во Девица ќе ви помогне да си ги остварите работните цели. Можете да станете и јавна личност, ако професијата ве носи во таа насока. Јарец
За Јарците Јупитер се наоѓа во 9-та куќа, а тоа значи дека имате голем број на предности. Ќе се зголемат вашите интереси на полето на филозофијата, религијата и спиритуалното издигнување. Можете да очекувате патувања и да се запознаете со сосема нови и различни култури, па ќе собирате знаење на едно подлабоко ниво. Ќе постигнете целосен баланс во животот. Водолија
Ќе се поврзувате со луѓе кои се експерти на професионален план и кои знаат да раководат со парите и кои ќе ве научат како да донесувате сигурни и паметни финансиски одлуки. Партнерите и колегите на работа ви се сигурен пат до среќата и добрите работи во животот. Тој ќе стане побогат и полесно ќе го разбирате. Риби
Рибите најмногу ќе се фокусираат на врските и односите со нивните најблиски луѓе. Партнерството од сите видови е добро за вас – од она на работа, па се до она на љубовен план. Критериумите ќе ви бидат високи, но Девицата ќе успее малку да ве спушти на земја. Сега најмногу ќе работите на вашите емоции и на односите со луѓето околу вас.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Август.2015 во 09:36 |
ФАТАЛНИ ХОРОСКОПСКИ КОМБИНАЦИИ Астрологијата потврдува дека спротивностите се привлекуваат и тие врски обично ги следи силна хемија, но доаѓа и до конфликт на карактерите. Oвен-Вага Веќе при првата средба ови два знака можат да почувствуваат силна искра. Хемијата ќе ја зголеми сировата енергија и сексуалноста на Овенот и суптилниот шарм и префинетост на Вагата. Односот ќе претставува предизвик на кој тешко ќе може да се оддолее, но проблемите се јавуваат затоа што пристојното однесување и животот по правила го нервираат Овенот, додека Вагата ќе очајува за да го цивилизира. За да успее врската, потребни се заеднички проекти или активности, затоа што таму нивните особини кои се надополнуваат ќе ги потсетат дека би можеле да функционираат. Бик-Шкорпија Ова е многу врела комбинација од самиот почеток. Штом сензуалниот и опуштен Бик ќе се отвори пред Шкорпијата и ќе ја види неговата страст за животот, доаѓа до голема сексуална желба. Ако се спојат, нема да можат да се заситат еден од друг, а конфликтите стануваат неизбежни. На Бикот ќе му здосади да го следи темпото на Шкорпијата смета дека Бикот е премногу опуштен и пасивен. Работите можат да се поправат ако својата страст ја изнесете од спалната соба и да се насочите во заеднички дружења со пријателите. Близнаци-Стрелец Нивната привлечност не е само физичка, оваа комбинација се привлекува и на ментално ниво. Љубопитните Близнаци и филозофско настроените Стрелци лесно се фасцинираат, па се во состојба да поминуваат часови и часови во меѓусебни разговори и духовити провокации. Сепак, проблемите настануваат кога на Близнаците почне да им оди на нерви ставот на Стрелецот дека се најдобро знае, додека на Стрелците ќе им пречи што Близнаците површно зборуваат и што сакаат да озборуваат. Повторно ги спојуваат меѓусебните авантури- излет во природа, патувања.. Рак-Јарец После тоа што чувствителниот Рак кој е насочен на чувство на сигурност го запознае силниот и доминантен Јарец, се создава класична привлечна врска помеѓу овие два знака. Сепак, тој привлечен однос може брзо да го изгуби својот шарм затоа што Ракот чувствува дека Јарецот го игнорира, додека на Јарецот ќе му пречи самостојноста и чувствителноста на Ракот. За да опстане врската, тие треба да се присетат дека не се само партнери туку и љубовници. Со разбудувањето на еротскиот дух таа комбинација повторно ќе има смисла. Лав-Водолија Привлечноста скоро експлодира кога кралот на својат вселена-Лавот, ќе ја запозне единствената Водолија која не се покорува на ниту еден авторитет. Таа бунтовност го фасцинира Лавот, додека Водолијата се восхитува на неговата способност да ги освои сите луѓе околу себе со харизма. Сепак, Водолијата ќе почне да ја нервира потребата на Лавот за внимание, додека Лавот ќе го нервира тоа што Водолијата се противи на друштвените конвенции. Врската ќе опстане ако и двајцата бидат заинтересирани за страствени помирувања во креветот и повремено заедничко повлекување од друштвото. Девица-Риби Практичните Девици кои сакаат се во животот да има свој ред и распоред и Рибите кои пливаат низ животот така да се противат на грозната рутина, прават прилично фатален спој. Нивниот љубовен однос го доживуваат како можност за преуредување на својот живот- Девицата да помогне на Рибите во организацијата, а Рибите да им покажат како да се опуштат. Со текот на времето Девицата замерува на несигурноста на партнерот, а Рибите на тенденцијата на Девицата да контролира и критикува. Односот може да се опушти со голема и секојдневна прилагодливост и чести разговори.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Август.2015 во 12:46 |
Три лоши карактеристики на хороскопските знаци
Секој хороскопски знак има добри и лоши страни, впрочем никој не може да биде совршен. 
Досега најверојатно можете да наброите барем 10 карактеристики поради кои мислите дека вашиот хороскопски знак е еден од најдобрите во Зодијакот. Но, дали сте доволно искрени да ги наброите и негативните?
Овен
-нагли и нестрпливи -ако не е нивна идејата не се грижат многу околу нејзиното исполнување -мошне се незрели
Бик
-посесивни материјалисти кои не знаат да делат -тврдоглави -мрзеливи хедонисти
Близнаци
-уживаат да го слушаат својот глас, па неретко им влегуваат во реченица на другите луѓе -не се посветени на ништо конкретно -лицемерни 
Рак
-постојано менуваат мислење -премногу се внимателни и плашливи - лесно се навредуваат од ситници
Лав
-премногу се сакаат себе си -ги добиваат работите по секоја цена -имаат потреба постојано да бидат во центарот на вниманието
Девица
-имаат предрасуди за многу нешта -им префрлаат на луѓето за ситници -не ретко се крајно песимистички настроени и го рефлектираат своето негативно расположение насекаде околу себе
Вага
-нивната неодлучност може да се претвори во вистински пекол кога треба да договорите нешто -ги фрлаат во вода своите принципи само за да направат некого среќен -трошат премногу време и пари на надворешниот изглед
Скорпија
- се одмаздуваат на оние што ги повредиле -манипулаторските способности може сериозно да им го нарушат менталното здравје -лошите чувства кои ги манифестираат никогаш не се предизвикани од нешто површно туку од бес што тлее 
Стрелец
-болно искрени индивидуи кои не внимаваат на тоа што го зборуваат -се преправаат дека знаат сè -лесно им здодеваат луѓето и нештата
Јарец
-опседнати се со контрола и не знаат како да се опуштат -ги искористуваат другите без проблем -се хранат со негативна енергија
Водолија
-за себе имаат мислење дека се објективни и рационални, дури и тогаш кога грешат -може да се однесуваат ладно -нудат совети, но не слушаат што им зборува другата страна
Риби
-често ја губат контролата врз сопствениот живот -премногу се наивни -забораваат на тоа дека и другите луѓе имаат
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Август.2015 во 21:41 |
КОИ СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈМОЌНИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ? Ова се четирите најмоќни хороскопски знаци (од секоја група по еден лидер), иако и тие имаат свои слабости. Овен Како и оганот, Овните пуштаат искри полни енергија. Постојано сакаат акција, да бидат забавувани, а кога им е здодевно едноставно ве избегнуваат. Понекогаш знаат да бидат алчни, секогаш си ја чуваат својата територија, упорни се и секогаш го остваруваат она што го зацртале. Овенот никогаш не остава ништо во туѓи раце. Водолија Тие не се замараат со емоции, нивните чувства се под контрола или ги игнорираат комплетно. Љубопитни се и се борат за се’ што ќе им привлече и најмало внимание. Ако тие велат дека небото е црвено, никој не може да им го докаже спротивното. Веруваат во себе и имаат голем степен на самодоверба. Скорпија Астролозите често дискутираат дали Скорпијата е најмоќниот знак од сите 12 или се природно лојални предавници. Скорпиите ја покажуваат својата прекрасна лојална страна само на оние кои го заслужуваат тоа. Ако ги предадете, тие стануваат емоционално агресивни. Исто како и водата, тие можат или да ве релаксираат или да се разбрануваат и да ве вовлечат длабоко на нивна страна. Секогаш знаат многу повеќе отколку што вие мислите, но најчесто ги кријат и чуваат информациите додека немаат потреба да ги искористат. Јарец Тие знаат во што се супериорни. Обично се однесуваат најзрело од сите знаци во Зодијакот од причина што први стекнуваат самодоверба и созреваат порано. Темпераментни, но знаат како се одвиваат работите во животот. Имаат неверојатна моќ за дисциплина, ги знаат границите во се и секогаш се умерени. Нивната цел не е завршување на работите, туку остварување на целите. Се пронајдовте?
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |