![]() |
|
Рецепти за торти и други благи работи |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2021222324 56> |
Автор | ||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||
Состојки: Кора: 6 белки 6 лажици шеќер 5 лажици мелени ореви 2 лажици брашно Прелив за кора: 300 гр чоколадо 125 гр маргарин Фил: 1 л млеко 18 жолчки 10 лажици брашно 10 лажици шеќер 250 гр маргарин 200 гр Несквик Топ фил за цела торта: 300 гр шлаг крем 400 мл минерална вода Подготовка: Изматете ги со миксер потребните состојки за кора. Кората се пече на 180 степени додека не добие златно-кафена боја. Откако ќе се олади кората се филува со чоколадо и маргарин кои претходно сте ги стопиле на пареа. Изматете ги жолчките со брашно и малку млеко кое ќе го издвоите од литарот, а во остатокот млеко додадете шеќер и сварете го. Во врелото млеко додадете ги матените жолчки и добро мешајте да не загори. Тргнете го кремот од оган и оставете да се олади. Изматете го маргаринот и додадете го во ладниот фил со жолчките. Додадете и Несквик прав и добро измешајте. Изматете ги шлаг кремите со минерална вода. Додадете од кремот врз кората со чоколадо, прво кафен крем, а потоа и шлаг крем. И така се додека не се потрошат корите. |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||
Состојки: За кора: 8 жолчки 200 гр шеќер 40 гр чоколадо 160 гр бадеми 80 гр брашно 8 белки За фил: 4 јајца 150 гр шеќер 150 гр чоколадо 250 гр маргарин 3 лажици рум За прелив: 100 гр чоколадо 80 гр маргарин 2-3 капки масло Подготовка: Жолчките се матат со шеќер на што се додава стопената чоколада, мелените бадеми, брашно и на крај снег од белки. Кората се пече во плех врз хартија за печење околу 20 минути на 180 степени. Кога ќе се олади, кората се сече на три дела. За фил изматете јајца со шеќер, ставете ги на пареа, додадете чоколадо и кога филот ќе се изедначи тргнете го садот од оган и оставете да се олади. На филот се додава рум и матен маргарин, а потоа поделете го на два дела и ставете го помеѓу корите. За прелив стопете маргарин, тргнете го од оган, додадете чоколадо и масло и мешајте додека смесата не се изедначи. |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||
Состојки: За кора: 6 јајца 150 гр шеќер 150 гр брашно Желе: 1 л сок од црвен портокал 3 пудинг од ванила 6 лажици шеќер Бисквити Крем: 500 мл млеко 6 лажици шеќер 6 лажици густин 200 гр маргарин Подготовка: Кора – се матат жолчките со шеќерот, па се додава брашно. Желе – изматете го пудингот со шеќер и малку сок. Остатокот од сокот ставете го на оган да проврие. Во врелиот сок додадете пудинг и при тоа мешајте постојано се додека не се добие потребната густина. Врелото желе додадете го врз врелата кора. Потоа врз желето додадете ред бисквити натопени во млеко. Крем – густинот и шеќерот се матат со малку млеко. Остатокот од млекото треба да проврие. Во врелото млеко додавајте густин и при тоа непрастано мешајте додека не згусне. Во ладниот крем додадете 200 гр матен маргарин, и добро измешајте. Кремот се додава врз редот со бисквити. |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||
Состојки: Подлога: 300 гр мелени бисквити 2 дл чоколадно млеко 1 ванилин шеќер Бел крем: 300 мл павлака за шлаг 3 лажици шеќер 100 гр бело чоколадо 0,5 пакетче желатин Темен крем: 300 мл павлака за шлаг 100 гр чоколадо за готвење 3 лажици шеќер 0,5 пакетче желатин Декорација: 200 мл павлака за шлаг и малку чоколадо Подготовка: Од мелените бисквити, ванилиниот шеќер и чоколадното млеко направете кора, која се формира во длабок калап. На пареа се топи белата чоколада. Се матат павлаката и шеќерот во што ја додаваме и стопената чоколада и желатинот. Матиме со миксер, па го додаваме филот врз кората. Треба да отстои во фрижидер додека се стегне. На пареа се топи црното чоколадо. Се матат павлаката и шеќерот па ја додаваме стопената чоколада и желатинот. Матиме со миксер, па го додаваме црниот фил врз белиот. Тортата треба да отстои 1 час во фрижидер. Со матениот шлаг на крај се декорира тортата. На крај поросете со рендано чоколадо. |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||
Состојки: 7 кроасани полнети со чоколаден крем 1 литар млеко 6 јајца 2 филџани шеќер Исечете ги кроасаните на покрупни парчиња и внимателно подредете ги во тава, чие дно претходно сте го карамелизирале со дел од шеќерот. Изматете ги добро јајцата, па во тоа додадете го млакото млеко и преостанатиот шеќер. Кремот се загрева на водена пареа се додека не се згусне. Исипете ја смесата врз кроасаните и печете во претходно загреана рерна на 180 степени додека се стегне кремот. Откако ќе се олади десертот, се превртува и се сече. Се сервира со топка сладолед или карамел топинг. |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||
Состојки: 1 кг бутер тесто 1,5 пакетчиња пудинг од ванила 750 мл млеко 15 супени лажици шеќер 100 гр путер 200 мл слатка павлака 150 гр чоколадо за готвење Растегнете го бутер тестото и поделете го на три еднакви правоаголници. Парчињата поставете ги во тавички обложени со хартија за печење. Корите се печат во претходно загреана рерна на висока температура се додека не добијат златно-кафена коричка. Направете го пудингот според упатството. Оставете да се олади, па во пудингот додадете го матениот путер и добро измешајте. Додадете ја во кремот и матената павлака, при што се меша само во еден правец за да не спласне. Ставете ја првата кора во соодветна според димензии тавичка и намачкајте ја со дебел слој од кремот. Потоа следува второто бутер тесто и повторно крем. На крај оди третото бутер тесто кое се покрива со стопеното чоколадо. Торатата треба да отстои 5-6 часа во фрижидер пред да се сервира. |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||
Направете си дома Киндер чоколадоСостојки
ПодготовкаШеќерот и водата да зовријат, па на исклучена рингла уште 3 мин. да доварат. Се трга од оган, се додава маргаринот и се меша се додека тој не се стопи-околу 5 мин. Во оваа смеса се додава млекото во прав наеднаш и се мати со миксер додека се добие еднолична смеса, не подолго од 5 мин.. |
||||||||||||||||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||
|
||||||||||||||||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||
Вкусен чоколаден колач во филџан готов за 5 минути Кога љубителите на благото "ќе ги фати криза"
за своето омилено јадење, тие сакаат колку што е можно побрзо да се
засладат, а токму за еден таков рецепт станува збор во продолжение.
Колку и да звучи неверојатно, за само пет минути можете да
подготвите вкусен чоколаден колач. Едноставните состојки и брзата
припрема ќе ја задоволат секоја ваша желба за благо. ![]() Така, во продолжение погледнете кои ви се потребните состојки за овој вкусен десерт кој откако ќе се уверите колку едноставно се подготвува, веројатно ќе сакате да го правите секој ден, одново и одново воодушевувајќи ги најблиските. Потребни состојки: ● 1 голем филџан ● 4 лажици брашно ● 2 лажици шеќер ● 2 лажици како ● 1 јајце ● 3 лажици млеко ● 3 лажици масло ● ½ лажица екстракт од ванила ● Мали парчиња чоколадо или друг додаток по желба ![]() Подготовка: ❶ Најпрво, сите суви состојки, поточно брашното, шеќерот, какаото и парчињата чоколадо помешајте ги во филџанот, а потоа додадете го јајцето и сето тоа заедно добро измешајте го. ![]() ![]() ❷ Потоа во смесата додадете го млекото, маслото и екстрактот од ванила, па шолјата со подготвената смеса ставете ја во микробрановата печка и почекајте да нарасне во следните три минути, на највисоката температура. ![]() ❸ Готовиот колач ќе нарасне до врвот на шолјата, а откако ќе биде готов, оставете го малку да се олади и послужете. Секако, подгответе и за вашите најблиски и сигурно тоа ќе биде и вашиот нов омилен десерт со кој ќе се заблажувате секогаш кога сакате да каснете нешто благо, во најбрзо можно време. Добар апетит! ![]() ![]() ![]() Изменето од Valerija - 25.Мај.2018 во 21:53 |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||
Едноставно и вкусно: Милка торта без печење
Веројатно огромен е бројот на оние кои што
чоколадите Милка им се омилен десерт, па затоа сигурно тие ќе бидат
воодушевени и од овој едноставен рецепт за торта Милка.
Станува збор за едноставен рецепт за брза подготовка на торта
Милка, без кори, односно само со вкусен фил со вкус на најпознатите
чоколади во светот. Она што е особено важно е тоа што десертот се
подготвува сосема лесно и за кратко време во вашиот дом ќе имате торта
со која ќе ги воодушевите најблиските. ![]() Во продолжение погледнете кои се потребните состојки и како тортата се подготвува. Потребни состојки: ● 1 литар млеко ● 10 лажици шеќер ● 3 пудинзи од ванила ● 300 грама млечна Милка чоколада ● 100 грама бела Милка чоколада ● 500 милилитри слатка павлака ● Плазма кекс во количина доволна за обложување на дното од садот ![]() Подготовка: ❶ Најпрво од вкупната количина на млекото одземете малку, се со цел истото да го употребите за матењето на пудингот и шеќерот, а останатото млеко ставете го да се вари, па потоа во истото ставете го разматениот пудинг и шеќер. ❷ Откако пудингот ќе биде готов, поделете ја смесата на два дела, па во едниот ставете го темното млечно чоколадо, а во другиот белото Милка чоколадо, и мешајте се додека чоколадото не се стопи. Потоа, така подготвениот крем оставете го да се излади. ❸ Во друг сад изматете ја слатката павлака, па по ¼ од истата ставете во белиот и темниот крем. ![]() ❹ На крајот, земете сад и истиот обложете го со кеса во која што ќе го истурите најпрво белиот крем, врз кој потоа ќе го ставите остатокот од слатката павлака, односно половината од вкупната количина и на крајот ставете го темниот крем. Внимавајте, сето тоа треба да го правите бавно и внимателно. На самиот врв ставете еден ред плазма бисквити натопени во млеко. На крајот, затворете ги рабовите од ќесата и вака подготвениот десерт оставете го во фрижидер неколку часа. ❺ По неколку часа, извадете ја тортата, отворете ја ќесата и целата торта превртете ја на чинија за послужување. Вашата Милка торта ќе биде со идеален облик, а целиот десерт можете да го декорирате по ваша желба. ![]() |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||
Медена питаПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Медот ја подобрува работата на сите органи, ја
поттикнува умствената и физичката активност, го зголемува имунитетот и
му дава сила на целиот организам, а исто така, брзо и потполно се
апсорбира. Ја подобрува отпорноста на организмот за инфекции и
заразувања, поради тоа што има антисептичко дејство. Одличен е против
кивавица, настинки и суво кашлање. ПОДГОТОВКА:
Од 400 гр. брашно, половина лажичка сода бикарбона,
80 гр. шеќер, 90 гр. маргарин, медот, 1 јајце и 30 гр. млеко замесете
тесто.
Ако е премногу тврдо додајте млеко, а ако е премногу меко додајте брашно. Од тестото испечете 3 кори на превртен плех од шпоред, намачкан со маргарин. Оставете ги корите да се ладат, а за тоа време подгответе го кремот: во ладното 300 мл. млеко измешајте го 50 гр. брашно, па на ниска температура варете додека не добиете густ крем. Оставете го да се излади. Посебно изматете ги 120 гр. маргаринот и шеќерот во прав, додајте во ладниот крем и на крај вмешајте го сокот од лимон. Корите филувајте ги со кремот. Убаво притиснете ја последната кора. Филуваната пита полијте ја со чоколадна глазура направена растопени 100 гр. чоколадо и 50 гр. маргарин. Изменето од Valerija - 25.Мај.2018 во 21:51 |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||
Султаново око![]() Состојки
Подготовка1. Прво на секоја сува смоква и се вадат дршките, со ноже се прави мал отвор и се полни со јатки орев. Дополнителни фотографии |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||
Нанаимо барс![]() Состојки
ПодготовкаНанаимо барс е популарен канадски десерт, кој името го добил по градчето Нанаимо во Бритиш Колумбија, а покасно неговата популарност се проширила и на целиот северноамерички континент. Настанал во почетокот на педесетите години, но со тек на време претрпувал незначителни измени по количината на составот. Во 1986 год. градоначалникот на Нанаимо распишува конкурс за да се изгласа најдобриот рецепт за Нанаимо барс. Победува рецептот на Џојс Хардкастл, кој се прогласува за најорогинален рецепт за овој десерт. Растопете ги путерот, шеќерот и какаото. Додадете го јајцето, предходно разматено и мешајте додека не се згусти смесата. Тргнете го садот од оган и вмешајте ги бисквитите, кокосот и бадемите. Истурете ја смесата во калап 20х20 и убаво набијте и израмнете. За крем делот, убаво изматете го путерот и шеќерот. Постепено
додавајте ја слатката павлака и на крај прашокот за пудинг. Матете некои
5 мин., односно додека смесата на стани кремасто воздушеста. Потоа,
премачкајте ја врз подлогата и убаво израмнете. Оставете кратко време во
фрижидер да се здрви, а во меѓувреме растопете го путерот со
чоколадото. Премачкајте одозгора колку можите побрзо и повторно вратете
го колачот во фрижидер убаво да стегни. *** Со овој рецепт, во оваа прилика, би сакала на сите со најубави желби да ви ја честитам Новата 2014 година, а во меѓувреме нека ви се весели Божиќните празници! Уживајте и бидете така цела година! |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||
Божиќни колачиња![]() Состојки
Подготовка1. Најпрво се ставаат маргаринот (претходно оставен на собна температура) шеќерот и ренданата кора. Се меша убаво со раце. Кога тестото е готово се развлекува кора и со калапчиња се прават форми по ваш избор. Јас половина од колачињата ги украсив со растопено чоколадо, а другата половина со гласа која ја направив со шеќер во прав, малку топла вода и сок од лимон.Во оваа смеса се додаваат прехрамбени бои и се украсуваат колачињата. Многу се лесни за правење и многу вкусни. Можат да се направат за било која пригода и во различни форми. |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2021222324 56> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |