|
Најубавите стихови во Библијата |
Внеси реплика | страница <1 2021222324 98> |
Автор | |
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Римјаните 8
31 И така, што да речеме на ова? Ако е Бог за нас, кој ќе биде против нас? 32 Оној, Кој не Го поштеди ни сопствениот Син, туку Го предаде за сите нас, како не ќе ни подари сè друго со Него? 33 Кој ќе ги обвини Божјите избраници? Бог ли, Кој ги оправдува? 34 Кој е оној кој ќе ги осуди? Христос Исус ли, Кој умре - но уште и воскресна - Кој е од десната страна на Бога и Кој се застапува за нас? 35 Кој ќе нè одвои од Христовата љубов? Неволјата ли, или притеснувањето, или гонењето, или гладот, или голотата, или гибелта или мечот? 36 Како што е напишано: „Заради Тебе нè убиваат постојано, нè сметаат како овци за клање.” 37 Но во сè ова победуваме надмоќно преку Оној, Кој нè возљуби. 38 Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, 39 ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Евреите 12
14 Стремете се кон мирот со сите и кон светоста, без која никој не може да Го види Господа, 15 внимавајќи да не му недостасува некому Божјата благодат, „за да не изникне некој горчлив корен” и за да не ве вознемири, и за да не се онечистат со него мнозина; 16 да не биде некој блудник или несвет како Исав, кој за едно јадење го продаде своето првородство. 17 Имено, знаете дека подоцна кога сакаше да го наследи благословот, беше отфрлен, зашто не најде место за покајание, иако го бараше со солзи. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
2 Самуил: 23:2-3...7
”Господовиот Дух зборува преку мене, Неговото слово е на мојот јазик. Јакововиот Бог ми рече, Израелевата Стена ми рече: ‘Кој владее праведно со луѓето, и кој владее со страв Божји, тој е како утринската светлина кога ќе огрее сонцето, утро без облаци, на кое светка земната трева после дождот.’ Да, мојата куќа стои цврсто пред Бога: Тој склучи вечен Завет со мене, во сè добро уреден и утврден. Да, Тој ќе направи да напреднува сето мое спасение и секоја моја желба. Беззакониците се како трња во пустината, зашто никој не ги фаќа со рака. Никој не ги допира освен со железо и со дршка на копјето и потполно ги изгоруваат во оган.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Затоа ги преклонувам колената свои пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос, од Кого се именува секој род на небесата и на земјата, да ви даде, по богатството на Својата слава, сила да се утврдите преку Неговиот Дух во внатрешниот човек, и преку верата Христос да се всели во срцата ваши, та вкоренети и утврдени во љубовта да можете да разбирате со сите светии што е ширина и должина, што е длабочина и височина, и да ја осознаете Христовата љубов што го надминува секое знаење, за да се исполните со сета полнота Божја. Еп.Ефес. 3:14 + сле. |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Градот беше четириаголен, а должината му е колку што и широчината. Тој го измери градот со трската и најде дека изнесува 2220 километри; должината, широчината и височината негова - му беа еднакви. Откр. 21:16 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
1 Коринтјаните 1:27-29.
Туку, Бог го избра она што е безумно пред светот, за да ги посрами мудрите; што е слабо пред светот, Бог го избра, за да ги посрами силните; и што е неблагородно и што е презрено во светот - и она што се смета за ништо - Бог го избра, за да го уништи она што е нешто, за да не може ниедно тело да се пофали пред Бога. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Псалми 40
13 Благоволи, Господи, да ме избавиш; Господи, побрзај ми на помош. Псалми 30:7 Ќе се радувам и ќе се веселам поради Твојата милост, зашто Ти погледна на смиреноста моја и ја спаси од мака душата моја, Псалми 114:6 Господ ги пази слабите: бев во мака и Он ми помогна. 115:1 Поверував и затоа реков: во голема мака сум. 117:5 Кога бев на мака, Го призвав Господа и ме услиши и на ширина ме изведе. 118:143 Скрб и мака ме обзедоа; Твоите заповеди се моја поука. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
УТЕШУВАЈТЕ СЕ ЕДЕН СО ДРУГ, И МОЛЕТЕ СЕ ЕДЕН ЗА ДРУГ.
2 Коринтјани: 1:4 Кој не утешува при секоја наша мака, та и ние да можеме да ги утешуваме оние што се наоѓаат при секаква мака, со онаа утеха, со кога Бог не утешува нас самите! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
АПОСТОЛ ПАВЛЕ ГОВОРИ ЗА ВИДЕНИЈАТА И ОТКРОВЕНИЈАТА ШТО ГИ ИМАЛ
2 Коринтјаните 12 1 Немам полза ако се фалам, но сепак ќе дојдам до виденијата и откровенијата Господови. 2 Знам еден човек во Христа, кој пред четиринаесет години, не знам дали во телото, не знам дали вон телото, Бог знае, беше грабнат и издигнат до третото небо. 3 И за таквиот човек знам, не знам дали во телото, не знам дали вон телото, Бог знае - 4 дека беше грабнат и издигнат до рајот и дека чул неискажливи зборови, што човекот не смее да ги каже. 5 Ќе се фалам со таков човек, а со себеси нема да се фалам, освен со своите слабости. 6 Зашто, ако би посакал да се фалам; нема да бидам неразумен, зашто би ја зборувал вистината. Но се воздржувам, за да не помисли некој за мене повеќе, отколку што во мене гледа или од мене слуша. 7 И за да не се возвишам поради прекумерните откровенија, даден ми е трн во телото, сатанин ангел, за да ме удира, за да не се возвишам. 8 Трипати го молев Господа за тоа, за да го отстрани од мене. 9 И Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, зашто Мојата сила се покажува совршена во слабоста.” Затоа, со поголема радост ќе се фалам во своите слабости, за да се всели во мене Христовата сила. 10 Останувам со добра волја во: слабостите, навредите, неволјите, прогонувањата, притеснувањата заради Христа, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ВОСКРЕСУВАЈЊНЕ И ВОЗНЕСУВАЈЊЕ НА ХРИСТИЈАНИТЕ
1Солунтјаните 4 13 Не сакаме, браќа, да останете во незнаење за умрените, за да не жалите како другите, кои немаат надеж. 14 Зашто ако веруваме дека Исус умре и воскресна, така и умрените во Исуса, Бог ќе ги приведе со Него. 15 Зашто ова ви го кажуваме преку словото на Господа, дека ние, кои живееме и остануваме до Господовото доаѓање, нема да отидеме пред оние кои умреле; 16 зашто Самиот Господ на заповед, при глас на архангел и при Божја труба, ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво. 17 Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа. 18 Затоа, утешувајте се еден друг со овие зборови. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
СОЛОМОН МУДРО ИМ ПРЕСУДУВА НА ДВЕ ЖЕНИ
1 Книга Царства, друг превод 3 Книга Карства 17 И едната жена рече: „Дозволи, господару мој! Јас и оваа жена живееме во иста куќа, и јас родив покрај неа во куќата. 18 А на третиот ден по моето породување роди и женава. Бевме заедно, и никој туѓ со нас; само ние двете во куќата. 19 Во една ноќ умре синот на оваа жена, зашто беше легнала врз него. 20 И таа стана сред ноќта, го зеде мојот син од покрај мене, додека твојата слугинка спиеше, и си го стави во својата прегратка, а својот мртов син го стави покрај мене. 21 А кога утрото станав да го надојам својот син, ете: тој беше мртов! И кога погледнав внимателно, разбрав: тоа не е мојот син кого што јас го родив!” 22 Тогаш рече втората жена: „Не, не е така. Мој син е оној живиот, а твој е оној што е мртов!” А првата и одговори: „Не е вистина! Твој син е оној кој е мртов, а мојот е оној што е жив!” И така се препираа пред царот. 23 А тогаш царот проговори: „Оваа вели: ‘Овој живиот е мој син, а оној мртвиот твој;’ другата пак вели: ‘Не е, туку твојот син е мртов, а мојот е оној - живиот.’ 24 Донесте меч!” нареди царот. И донесоа меч пред царот, 25 а тој рече: „Пресечете го живото дете надве и дајте и половина на едната, а половина на другата.” 26 Тогаш жената, мајката на живото дете, ја заболе срцето по синот, и таа му извика на царот: „Ах, господару! Детето нека и биде дадено нејзе, само немојте да го убиете!” А онаа - другата зборуваше: „Нека не биде ни мое ни твое: пресечете го!” 27 Тогаш царот проговори и рече: „Дајте и го детето на првата, не убивајте го за ништо! Таа му е мајка.” 28 Сиот Израел ја чу пресудата што ја изрече царот, и го почитуваа царот, зашто видоа дека во него е Божја мудрост во изречувањето на правдата. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ефесјаните 5
1 И така, угледајте се на Бога, како возљубени деца, 2 и одете во љубов, како што и Христос ве љубеше вас и Се предаде Себеси за нас, како принос и жртва на Бога за благопријатен мирис. 3 А блудството и секаква нечистота или лакомост, да не се спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на светите! 4 Ниту срамни и празни зборови, ниту смешки, што се неприлични, туку подобро благодарност! 5 Зашто, знајте го ова добро: ниеден блудник, ниеден нечист, ниеден лакомец - кој е идолопоклоник - нема наследство во Христовото и Божјото Царство! 6 Никој да не ве мами со празни зборови, зашто заради тие нешта доаѓа Божјиот гнев врз непокорните синови. 7 И така, не бидете нивни соучесници! 8 Зашто некогаш бевте темнина, но сега сте светлина во Господа; живеете како деца на светлината, 9 а плодот на Духот се состои во секаква добрина, во праведност и во вистина! 10 Испитувајте што Му е угодно на Господа! 11 И не бидете соучесници во бесплодните дела на темнината, туку подобро: прекорувајте ги! 12 Зашто е срамно да се зборува и за она што тие го вршат потајно. 13 А сè што се прекорува станува јавно преку светлината, зашто сè што станува јавно, светлина е. 14 Затоа се вели: „Стани, ти кој спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕФЕСЈАНИТЕ 4
17 Ова, пак, го зборувам и за сведок Го повикувам Господа; да не постапувате веќе, како што поставуваат незнабожците, по суетата на својот ум; 18 помрачени со разумот, отстранети се од Божјиот живот поради нивното незнаење и ожесточување на нивното срце; 19 дојдени со безчувство, тие се предадоа на бесрамност и ненаситно вршат секаква нечистота. 20 Но вие не Го познавте Христа така, 21 кога навистина сте чуле за Него и во Него сте се научиле - дека вистината е во Исуса - 22 да го отфрлите од себе стариот човек според вашето поранешно живеење, кој се распаѓа во измамливите желби, 23 да се обновите со духот на својот ум 24 и да се облечете во новиот човек, создаден според Бога во правда и светост во вистината. 25 Поради тоа, откако ја отфрливте лагата, кажувајте си ја вистината секој на својот ближен, бидејќи сме членови еден на друг. 26 Гневете се, но не грешете: сонцето да не зајде во гневот ваш; 27 ниту, пак, да му давате место на ѓаволот. 28 Кој крадел, да не краде веќе, а подобро е да се труди, правејќи добро со рацете свои за да има што да му подаде на оној, кој што има потреба. 29 Никоков лош збор да не излегува од устата ваша, туку само добар, за издигање каде што треба, за да им принесе благодат на оние што слушаат. 30 И не го оскрбубајте Светиот Дух Божји, со Кој сте запечатени за денот на избавувањето. 31 Секое огорчение и јарост, гнев, викање и хулење нека бидат подалеку од вас заедно со секоја друга злоба; 32 а еден спрема друг бидете добри, сочувствителни, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христа. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А ова е вечен живот: да Те познаат Тебе, Единствениот вистински Бог, и Исуса Христа, Кого си Го испратил. Јован 17:3
ИСУС ВО ДОМОТ НА ФАРИСЕЈОТ СИМОН Лука 7 36 Еден од фарисеите Го помоли да јаде со него; и Он, кога влезе во куќата на фарисејот, седна на трпеза. 37 И ете, една жена од градот, која беше грешница, штом чу дека Он седи на трпеза во куќата на фарисејот, седна на трпеза. 38 па, како застана при нозете Негови одзади, плачејќи, почна, почна да ги мие нозете Негови со солзи и ги триеше со косата своја; и ги целиваше и помазуваше со миро. 39 А кога го виде тоа фарисејот, што Го беше поканил, рече во себе, велејќи: “Да е Овој пророк, би знаел која е и каква е оваа жена, што се допира до Него, оти таа е грешница.” 40 Му одговори Исус и рече. “Симоне, имам нешто да ти кажам. “А тој одврати: “Учителе, кажи!” 41 Исус му рече: “Двајца му беа на еден заемодавец: едниот му должеше петстотини динарии, а другиот педесет. 42 Но, бидејќи немаа да му вратат, тој им прости на обајцата. Кажи Ми, кој од нив повеќе го милува?” 43 Симон одговори и Му рече: “Мислам оној, кому повеќе му прости.” А Он му рече: “Мислам оној, кому повеше му прости.” А Он му рече: “Право пресуди.” 44 И кога се сврте кон жената, му рече на Симона: “Ја вледаш ли оваа жена? Влегов во твојот дом, ти ни вода за нозете не Ми даде, а таа со солзи Ми ги обли нозете и со косата своја ги истри. 45 Ти не ми даде целив, а таа, откако влегов, не престана да ги целива нозете Мои. 46 Ти со миро не ја помаза главата Моја, а таа со миро ги помаза нозете Мои. 47 Затоа ти велам: нејзе и се простуваат многу гревови, оти Ме возљуби многу; а кому малку се проштава, и љубов мала има.” 48 Нејзе, пак и рече: “Ти се простуваат гревовите!” 49 А оние што седеа со Него на трпезата, почнаа да говорат во себе: “Кој е Овој што и гревови проштава?” 50 На жената, пак, и рече: “Верата твоја те спаси; оди си со мир!” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Внеси реплика | страница <1 2021222324 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |