![]() |
|
МУЗИЧКИ ВЕСТИ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2021222324 32> |
Автор | ||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Крафтверк на ЕгзитПо настапот во Загреб, легендарните Крафтверк ќе свират и на Егзит По веќе утврдениот настап на легендарната електронска групација Крафтверк на Ин Мјузик фестивалот во Загреб, според најавите тие ќе настапат и на познатиот Егзит фестивал во Нови Сад. Нивниот настап е планиран за 11 јули на Петроварадинската тврдина. Иако фронтменот и еден од најважните луѓе во групата Лени Шнајдер најави дека ќе го напушти составот и ќе прави соло-кариера, групата функционира и тие и понатаму се голема музичка атракција на светските сцени. |
||||
![]() |
||||
macaparket ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 293 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Alkata so ja nosi se vika Martenka. ![]() ![]() |
||||
UMRENI LJUGE UMRENI LJUGJE
NA UVO MI SE DERAT UMENI LJUGJE UMRENI LJUGE MNOGU GOMNA SERAT |
||||
![]() |
||||
pcelka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Mузичарот Џек Вајт, кој е познат како член на дуото White Stripes формираше бенд наречен The Dead Weather заедно со Алисон Мосарт од бендот The Kills Алисон Мосарт е фронмен на групата додека Џек Вајт е тапанарот и придружен вокал, а останатите членови на новиот бенд „The Dead Weather“ се, на бас гитара Џек Лоренс кој заедно свиреа со Џек Вајт во некогашната група „The Raconteurs“ и Дин Фертита соло гитара од бендот „Queens Of The Stone Age“. Тие веќе се во подготовки на нивниот албум „Horehound“ кој ќе биде издаден во јуни оваа година од страна на „Third man records“. Продукцијата е сопственост на Џек Вајт, за американскиот пазар соработува со познатата Warner Bros продукција, а за британскиот пазар со XL Recordings продукцијата. На отворањето на продукцијата на Вајт се собраа околу 150 фанови кои ја поддржуваат неговата работа.
|
||||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
||||
![]() |
||||
Legenda883 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 701 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Shto e toa "martenka", na beleg li mislish?
![]() |
||||
![]() |
||||
да бе ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 11.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 146 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
M Jackson со мартенка
![]() ![]() ![]()
Мартенка на раката на Мајкл Џексон
сн. БГНЕС Изменето од anastea - 13.Март.2009 во 02:45 |
||||
![]() |
||||
Legenda883 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 701 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Sega bash ja najdov i ovaa informacija deka Gruziskata pesna JA DISKVALIFIKUVALE, zaradi politichkite provokacii shto gi nametnuva so samiot nejzin text kade preku igra na zborivi go ismejuva Ruskatiot premier Putin. Ponudeno im bilo da go izmenat textot ili pak da izberat druga.
![]() Грузија дисквалификувана од Евросонг
Ako pak dobro ja slushate pesnava mozhe ke primetite NEKOLKU delovi od nea deka se ISTI so drugi pesni....a celata e samo nekoja meshavina na veke slushnato i videno.
- Pochnuva so Billy Jean (Michael Jackson)
- Prodolzhuva I'm Outta Love (Anastacia)
- A kulminira i zavrshuva so nekoja drag-queen (pederska) muzika od stilot na Priscilla, Queen of the Desert.
Nishto posebno, samo provokacija, imitacija i pederizam!
![]() |
||||
![]() |
||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
U2 со концерт во ЗагребЛегендарната ирска рок група U2 официјално соопшти дека ова лето ќе одржи концерт во Загреб, Хрватска. На службената страница на бендот е објавено дека групата ќе одржи концерт на 10 август на стадионот Максимир во Загреб. Интересот за настапите на оваа група ширум светот е огромен, а тоа го потврдува и фактот дека утрово, по објавувањето на распоредот на концертите, поради големиот број влезови се урнала официјалната веб страна на групата. Картите за концертот во Хрватска започнуваат да се продаваат од 27. март. |
||||
![]() |
||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Мила Јовович водителка на Евровизија во Москва
![]() Холивудската актерка Мила Јовович ќе биде водителка на Изборот за песна на Евровизија, кој ќе се одржи во Москва, од 12 до 16 мај, јавуваат српските и хрватските медиуми. На убавицата со украинско-српско потекло друштвото ќе и' прави некоја од руските познати личности чие име се' уште се држи во тајност. „Блиц“ објавува дека специјални гости на „Евросонг“ ќе бидат ланските водители на оваа манифестација Жељко Јоксимовиќ и Јована Јанковиќ. Јовович е родена на 17 декември 1975 година во Киев, Украина, а нејзиното вистинско име е Милица Наташа Јововиќ. Таа со својата мајка Галина Логинова и таткото Богдан Јововиќ, до својата петта година живеела во Советскиот Сојуз, а потоа да се преселат во Калифорнија. Во тинејџерските години Мила се популаризира со улогата во филмот „Враќање во Сината лагуна“, а паралелно градеше успешна манекенска кариера, работејќи на кампањите на „Диор“, „Дона Каран“ и „Манго“. По големиот успех со филмот „Петтиот елемент“ од 1997 година целосно и' се посвети на глумата. Играше во остварувањата „Притаено зло“, „Приказната за Јована Орлеанка“ и „Хотел од милион долари“. На снимањето на филмот „Петтиот елемент“ се зближи со режисерот Лик Бесон, со кој се венча на крајот на 1997 година. По две години се разведоа, а во последниот период таа е во врска со режисерот Пол Андерсон, со кој ја има двегодишната ќерка Евер Габо. Освен со филм и манекенството, Мила се занимава и со моден дизајн, но и со музика. Во 1994 година го објави фолк-албумот The Divine Comedy. Кон крајот на 90-тите го основа бендот „Пластик хес мемори“, а исто така соработуваше со Мејнард Џејмс Кинан од „Тул“ и низа други познати музичари. |
||||
![]() |
||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Необјавениот албум на U2 се најде на интернетНовиот албум на U2 е „провален“ на интернет две недели пред официјалното објавување и тоа поради грешка „во чекори“ на австралиска интернет страница. „No Line On The Horizon“ е 12-ти по ред албум на ирската рок атракција U2 и до вчера е достапен на Pirate Bay страницата и тоа бесплатно. Еден од downloder-ите оставил дури и порака: „Се обложувам дека Боно ќе добие мозочен удар од бес“. Се верува дека песните од новиот албум почнале да се вртат на интернет откако австралиската интернет страница по грешка пуштила во online продажба албум, но за кратко го повлекла. Но, изгледа не било доволно брзо. Сите 11 нови песни во среда вечерта се нашле на Pirate Bay, само два часа откако бил пуштен на австралиската страница, а потоа повлечен од продажба „No Line On The Horizon“. |
||||
![]() |
||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
ТРАГЕДИЈА НА ПРВАТА ПОЛУФИНАЛНА ВЕЧЕР ОД НАЦИОНАЛНИОТ ИЗБОР ЗА ПЕСНА НА ЕВРОВИЗИЈА
Почина девојка среде фестивал Додека траеше Фестивалот, мртвото тело на Ивана беше во фоајето и се чекаше да дојдат службените лица од Судска медицина. Ивана немала татко, починал пред неколку години, и во скопската населба Карпош живеела со мајка и и со помалиот брат. Кога ја Младата скопјанка Ивана Митровска (24) почина завчеравечер во Универзална сала, додека се одржуваше првата полуфинална вечер од националниот избор за песна на Евровизијата. Ивана со друштво дошла во Универзална да и даде поддршка на младата пејачка Емилија Гиевска, но судбината не и дозволи да го проследи нејзиниот настап ниту да гласа за неа. Додека во салата се пееше, во фоајето на Универзална се случуваше вистинска драма за спас на млад живот кој, за жал, заврши трагично. Очевидци во публиката велат дека во моментот додека на сцена пеела младата Лили, која настапуваше деветта по ред, на Ивана и се слошило и само паднала врз седиштето. Настанала паника меѓу присутните во публиката, по што Ивана на раце ја изнеле во фоајето на салата. На Ивана веднаш и беше дадено вештачко дишење и масажа на срцето, а некој од присутните повика и брза помош. Очевидци, кои се стрчаа за помош, инаку лекари по професија, рекоа дека Ивана веќе немала пулс додека и давале вештачко дишење и масажа. Некои од присутните, не знаејќи дека Ивана веќе е почината, велеа дека според реакцијата на нејзиното тело, биле свесни оти состојбата е страшна, дека е можно да добила удар, па затоа и претурале по нејзината чанта со надеж дека ќе најдат некои лекарства со кои би можеле да и помогнат. Но, за жал, сите обиди биле залудни. Се веќе било доцна. Во меѓувреме, пристигнаа и лекарите од Брзата помош, кои само констатираа смрт и си замина. Се претпоставува дека младата девојка од срцев удар починала уште на седиштето во салата. "За малку ја напуштив Универзална и заминав до најблиската трафика. Кога се враќав видов дека некому му даваат вештачко дишење и масажа. Бидејќи сум лекар, веднаш се стрчав. Ја фатив за пулсот, но тој веќе не отчукуваше. Дека смртта настапила покажуваа и нејзините зеници", рече лекарот. Само што си заминаа лекарите од брзата помош, трагичната вест и беше соопштена на другарката на Ивана и на нејзиниот дечко Иво, кој е брат на пејачката Емилија Гиевска. Тие не можеа да ги сопрат солзите од тага за загубената другарка. Тажни беа и родителите на пејачката Фани и Злате, кои ги тешеа децата. "Тажно е ова што се случи. Не ни се верува дека толку бргу може да згасне млад живот. Животот беше пред неа. Таа воопшто не требаше да умре, особено не сега кога овде сме дојдени за убаво", потресени велеа Фани и Златко. Тие беа во паника не само поради трагичниот настан туку и поради тоа што нивниот син Иван воопшто не одговараше на мобилниот за да каже што се случува, бидејки тој и девојка му, која со сега веќе починатата живеела во иста зграда, беа покрај телото на Ивана, а за сите други пристапот беше забранет. Се чекаше увид од јавен обвинител и истражен судија, кој кога дошол, наредил обдукција на телото за да се утврдат причините за смртта. Додека траеше Фестивалот, мртвото тело на Ивана беше положено во фоајето и се чекаше да дојдат службените лица од Судска медицина. Службениот влез и пристапот кон службениот влез од главната врата на Универзална беа затворени. Учесниците на Фестивалот што мораа да одат од зад сцената кон зелената соба кружеа од надворешната страна на Универзална. Тажните лица и кружењето придонесоа меѓу присутните со молскавична брзина да се прошири веста за смртта на девојката. Никој не се осмелуваше да се јави на нејзините дома и да ја соопшти трагичната вест. Ивана немала татко, починал пред неколку години, и во скопската населба Карпош живеела со мајка и и со помалиот брат. Доцна по полноќ, по завршување на првата евровизиска вечер, нејзиното тело се уште лежеше во фоајето. Во очекување на стручните лица, но и на нејзините најблиски. Откако се испразни Универзална, полицијата ги затвори сите врати. Беа отворени само за мајката на Ивана, која ја очекуваа да дојде. Кога ја повикале, само и кажале дека на нејзината ќерка и се слошило, но не и дека е почината. "Каде е моето дете", бил лелекот на нејзината мајка кога ја слушнала трагичната вест за прерано починатата Ивана. В.Миленковска Фото: В. Тануровски ![]() *** Емилија Гиевска: Умре пред да запеам Младата пејачка Емилија Гиевска до завршување на натпреварувачката вечер не знаела дека нејзината другарка Ивана починала. Настапуваше 12-та и, како и сите други од зад сцената до зелената соба, од каде што требаше да се следи гласањето, кружеше околу Универзална низ снегот. Трагично беше и за неа кога случајно од останатите слушнала дека Ивана починала. "Кога од зад сцена кружевме надвор низ снегот, слушнав дека на некое девојче му се слошило и починало, но ни на крај памет не ми беше дека тоа е Ивана. Седев со останатите учесници во зелената соба и сите зборуваа: 'Штета за младиот живот', 'Не е фер толку млада да почине'... Кога некој од нив почна да раскажува што се случило, сфатив дека тоа е Ивана и се шокирав", вели Емилија. Додека траеше ревијалниот настап и гласањето, Емилија долго време седеше на столче пред зелената соба и плачеше. До неа беа нејзините родители и други блиски пријатели што ја тешеа. Никому од најблиските не му идеше на памет да го сврти телефонот и да гласа за Емилија. "Не ми е жал што не влегов во финале, камо среќа ова да не се случеше. Не можам да си дојдам на себе. Ивана дојде заради мене, но не дочека да го види мојот настап. Завчера бев во шок. Бев под седативи и дури вчера се освестив и сфатив што навистина се случило. Си ветив - Ивана ќе ја опеам во песна. Ивана беше другарка на девојката на брат ми и често доаѓаше кај нас. Многу се дружевме. Таа беше фризерка, работеше во фризерски салон и често знаеше да не фенира и да ни прави фризури за излегување", вели Емилија. На Емилија ова и е трет фестивалски настап, по Радискиот фестивал и "Макфест". Беше и придружен вокал на настапот на трикратниот евровизиски победник Џони Логан, кога гостуваше кај нас. "Тажна сум за Ивана, не сум тажна што не влегов во финале. Освоив само 19 поени од жирито кои не беа доволни. Подоцна ми кажаа пријатели дека пробале да гласаат за мене, но ниеден глас не им бил примен. Еден од членовите на жири-комисијата, кому нема да му го споменувам името, му се доверил на татко ми дека не смеел да не дава високи бодови за големите фаци. Но вистина, по оваа голема трагедија не ми е битно како се пласирав. Во животот има многу побитни работи отколку да се троши енергија за нечии суети", вели Емилија. (В.М.) *** Избрани 8 финалисти за домашниот избор за песна за Евровизија Близнаците од "Некст тајм"со песната "Нешто што ќе остане" победија во првата полуфинална вечер од националниот избор на песна за Евровизија, кој се одржа во четвртокот вечерта во Универзална сала во Скопје. Мартин и Стефан првото место го освоија со 22 поена, од кои 10 добија од жирито, а 12 од резултатите од телевоутингот. Зад нив се пласираа Ристо Самарџиев и Зоран Џорлев со "103 бели лебеди", кои освоија 19 поени (12 од жирито и 7 од телевоутингот). Трети се изненадувањето "Сленг" со песната "Гангста оро" со 15 поени ( 5 од жирито и 10 од телевоутинг), четврти се "Проект Македонија" со "По малку наивно" со 12 поени (7 од жири и 5 од телевоутинг). Петти е Даниел со "Сила на љубовта" со девет поени (3 од жири и 6 од телевоутинг), шеста е Андријана Јаневска со "Дрво без корен" со осум поени, кои ги освои само од жирито, седми е Константин Папа, кој влезе со осум поени само од телевоутингот, и осма е Верица Пандиловска со "Северно од мене, јужно од тебе" со шест поени од жирито. Доцна синоќа заврши втората полуфинална вечер, од која беа избрани новите осум финалисти. Вечерва е финалето. Од 16-те песни, избрани по осум од првата и од втората полуфинална вечер, ќе се избере песната која ќе ја претставува Македонија на Евросонг во мај во Москва, Русија. (В.М.) *** Евровизија се следеше и на снег Новинарите од емисијата "Бекстејџ" , која се емитува секој ден на телевизија "Сител" евровизиското случување место од сала го следеа надвор на снег и студ. Тие заради неколку прилози што ги имале на тв "Сител" од одговорните на МТВ не добиле акредитации, па така петто го следеа пред телевизор, кој беше поставен надвор, веднаш до службениот влез на Универзална сала. Изменето од blueprayer - 21.Февруари.2009 во 14:51 |
||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||
![]() |
||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
znaes ima ona edna pesna Rehab i se vika,...izglea predcustvuvala
![]() |
||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||
![]() |
||||
ZoraNaSlobodata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3392 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ѓупска работа,се јачат на жените
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
||||
![]() |
||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Излезе фотографија од претепаната Ријана
Откако веста за бруталниот чин на младиот Браун го заобиколи светот,
за кратко време во јавноста се појави и ексклузивна фотографија со
претепаната Ријана. Познатиот американски интернет сајт TMZ, кој прв ја
објави фотографијата не даде информација од каде е сликата, а
полицијата во Лос Анџелес не ја потврди автентичноста. На 8, овој месец, Браун физички ја нападна својата девојка, а притоа
и нанесе телесни повреди, поради кои наводно Ријана морала да посети
пластичен хирург. |
||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||
![]() |
||||
Legenda883 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 701 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Pa do kade li odat so glupostite i meshanjeto na politika so sport...muzika ili zabava?
![]() I zarem navistina Evroviziskata komisija ke ja odobri ovaa kompozicija da bide izveduvana na festivalot?
![]() Ako da, togash ke treba i na Evrovizija uchesnicite da nastapuvaat NAORUZHANI a manifestacijata da se proglasi za Pesni za iskazhuvanje na frustracijata!
![]() |
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2021222324 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |