IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поучни случки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поучни случки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 20212223>
Автор
Порака Обратен редослед
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 15:57
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Секогаш можеме да најдеме нешто заедничко кое ќе не сплотува, наместо да се караме и осудуваме кој како верува. Секој си има право да верува во што сака, но најдобрата проповед е преку добрите поуки, а не преку кавгите.

Сепак, сите сме браќа и сестри, од Адам и Ева.






Така е сестричке! Иншалах набрзо да се отворат очите, ушите и срцата за Оној кој е многу поважен и поголем од Адам и Ева. Имено за *ДУХОТ БОЖЈИ, *ОТЕЦОТ – и МАЈКАТА – на Животот, чија Светлина за спасение на сите, се отелотвори во *ИСУС!

АМИН       


Ти благодарам за постот!


Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 14:04
ГОСПОД МУ ГОВОРИ НА ЧОВЕКОТ (втор дел)

Ако твоите планови пропаднале, ако си опаднал со душата и телото - тоа е по Мое допуштение. Ти си правел планови и си ги изнел пред Мене, за Јас да ги благословам. Но, јас сакам ти да Ми препуштиш Јас да располагам со приликите во твојот живот. Тогаш одговорноста за се ќе падне на Мене, зашто за тебе таа е премногу тешка и ти сам не можеш да излезеш на крај со неа.

Ако неочекувано те снашле животни неволји и ако срцето ти се исполнило со тага, знај - тоа е по Мое допуштение. Јас сакам твоето срце и твојата душа секогаш да бидат огнени пред Моите очи и со Моето име да ја победуваш секоја малодушност.

Ако долго време не добиваш глас од оние кои ги сакаш, па според својата малодушност падаш во очајание и ропташ - тоа е по Мое допуштение. Преку страдањето на твојата душа Јас ја испитувам јачината на твојата вера во моите ветувања и силата и снагата на твоите молитви за ближните. Затоа што, ти ним не си им го препорачал Покровот на Мојата Пречиста Мајка, ниту си ја препуштил грижата за нив на Мојата Татковска љубов.

Ако те снашла тешка болест - минлива, или неизлечива, па си прикован за постелата, знај дека тоа е по Мое допуштение. Јас сакам ти, во твојата телесна немоќ, уште подлабоко да Ме запознаеш. Сакам да не ропташ зашто ти е пратено искушение и да не ги испитуваш Моите непроникливи планови за спасение на човечките души, туку со доверба да се препуштиш на Мене и да дојдеш под Мојата закрила.

Ако си фантазирал да направиш некое посебно дело Мене ради, а наместо тоа си паднал во болничка постела и си снемогнал, знај - тоа е по Мое допуштение. Кога беше здрав, беше презафатен со своите обврски и твоите мисли беа далеку од Мене. Сети се дека некои од Моите најдобри соработници се оддалечија од светските работи, за да се научат во мир непрестајно да се молат.

Ако неочекувано си повикан да превземеш некоја тешка и одговорна работа, оди, нафати се и потпри се на Мене. Јас ти ја доверувам таа задача, затоа те благослови Господ Бог во сите твои дела, во се што ќе правиш со своите раце.

Денес ти го давам овој сад со свет елеј. Слободно користи го, дете Мое. Секоја тешкотија која ќе се појави, секој навредлив збор кој ќе го примиш, секоја пречка во твојата работа која би можела да те ожалости и обесхрабри, секоја своја немоќ и неспособност – помажи ги со овој елеј. Сеќавај се дека секоја неволја – е Божја поука, можност да се научиш на нешто. Секоја острина ќе отупи само за ти да не се повредиш. Со тоа всади ги во срцето свое зборовите кои денес ти ги објавив: тоа е по Мое допуштение. Зашто, ова за тебе не е само збор, туку тоа е - живот твој.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 13:31
Originally posted by izvoren izvoren напиша:

Vnimatelno so upotrebuvanje na "protestantski poemi" kako vo slucajov so "stapalki vo pesokot" za da ne se vmetne protestantski duh vo pravoslavieto.


Само се чувам од фарисејскиот квас...ако смеам така да се изразам.

Нема ништо лошо во тоа да се биде претпазлив, нели, впрочем, истото важи и за вас, изворните...Од пусти страв од православните, секој втор збор на склужба ви е “неверниците= православните“....




МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 12:51
Originally posted by deshad deshad напиша:



Прекрасно!


Секогаш можеме да најдеме нешто заедничко кое ќе не сплотува, наместо да се караме и осудуваме кој како верува. Секој си има право да верува во што сака, но најдобрата проповед е преку добрите поуки, а не преку кавгите.

Сепак, сите сме браќа и сестри, од Адам и Ева.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 12:48


Прекрасно!
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 12:46
Izvoren, православието прифаќа се што не се коси со правослвните догми. Во случајов, поемата се однесува за тоа колку Господ се грижи за нас и колкава љубов ни дарува. Не ти ја гледам поентата како може да се вметне протестантски дух во православието, кога ова е општо позната работа за сите вери во цел свет?

Ај да се вратиме на темата. Еве нешто многу многу убаво.

ГОСПОД МУ ГОВОРИ НА ЧОВЕКОТ

Дали некогаш си размисувал, сине, дека се што се допира до тебе, истовремено се допира и до Мене, зашто се што се допира до тебе, cе допира до зеницата на Моето око.

Ти си драг во Моите очи, бесценет, и Јас те засакав, па затоа за Мене особено задоволство е да те воспитувам.
Кога искушенијата те нападнат и непријателот навали како река, знај дека тоа е по Мое допуштение, зашто твојата немоќ чувствува потреба за Мојата сила и да сфатиш дека си сигурен само кога Јас се борам за тебе.

Ако се наоѓаш во тешки прилики, меѓу луѓе кои не те разбираат, кои не водат сметка за тоа што ти е пријатно, кои те одбиваат - тоа е по Мое допуштение.

Јаc сум - Бог, Кој управува со ситуациите. Ти не си се нашол случајно на своето место; тоа е баш она место кое Јас ти го одредив!

Ме молеше да те научам на смиреност, па, еве, гледај: те ставив во онаа средина, во онаа школа, каде таа лекција се учи. Твојата средина и луѓето кои живеат со тебе само ја исполнуваат Мојата волја.

Ако се наоѓаш во парична оскудица, тешко врзуваш крај со крај - тоа е по Мое допуштение, зашто јас располагам со сите материјални средства. Јас сакам ти да Ми се обраќаш и да зависиш од Мене. Моите ризници се неисцрпни. Јас сакам да се увериш во Мојата верност и во вистинитоста на Моите ветувања. Да не се случи во твојата неволја да можам да ти речам: "Вие не Му верувавте на Господа, вашиот Бог" (5. Мојс. 8,12-13).

Ако ја преживуваш ноќта во болка, ако си одвоен од своите ближни - тоа е по Мое допуштение. Јас сум Утешител и Исцелител на болестите, Јас тоа го допуштив, за ти да Ми се обратиш и за да најдеш вечна утеха во Мене.

Ако те разочарал твојот пријател, ако те разочарал некој кон кого си го отворил своето срце - тоа е по Мое допуштение. Јас допуштив да се разочараш, за да ти покажам дека Господ е најдобар твој пријател.

Јас сакам ти се да Ми принесуваш и да Ми се доверуваш. Некој те наклеветил. Препушти ја таа работа на Мене и приклони се кон Мене, Прибежиштето твое, за да се избавиш од зол јазик. Јас ќе ја изнесам твојата вистина на светлоста на денот и ќе ја докажам твојата невиност.


продолжува....


Изменето од Maran Ata - 24.Октомври.2008 во 13:18
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 12:46
Се што е добро, без разлика од која страна доаѓа ВРЕДИ ДА СЕ ПРОЧИТА И ДА СЕ ИЗВЛЕЧЕ ПОУКА ОД ТОА!

Затоа престанете барем на оваа тема со лични преписки и дофрлувања и дајте некоја убава поучна случка,како што тоа го направи Маран Ата.
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 12:31
Vnimatelno so upotrebuvanje na "protestantski poemi" kako vo slucajov so "stapalki vo pesokot" za da ne se vmetne protestantski duh vo pravoslavieto.

Изменето од izvoren - 24.Октомври.2008 во 12:31
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 12:19
Сигурна сум дека другарка ти не е авторот, оваа е постара од неа, само ја позајмила...намигнувањеНо нема ништо лошо во тоа што си ја позајмила зашто  делува утешително во тешки моменти. (Иако ако е веќе ја ставила во збирка, требала да каже, нели, сепак не е христијански да се превземаат туѓи творби без да се наведе тоа).

Изменето од maria_magdalena - 24.Октомври.2008 во 12:20
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 12:15
Jas ovaa poema ja sretnav vo edna zbirka poezija od edna moja komshivka izdadena pred 6-7 god... ne veruvam deka taa ja "ukrala" od drugi, megutoa poemava e prekrasna i ne e loso ako drugi ja zele da ja koristat, devojkata e pravoslavna, ovaa pesna ja napisa posle edna teska soobrakajna nesreka so ja prezivea...
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 11:49
Реков,и самата ја поседувам, напишана на папирус и во стаклена рамка, да не ми се допаѓаше-одамна ќе ја подарев некому.

Само го потенцирав изворот, ништо повеќе.
Баш ништо.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 11:22
СТАПАЛКИ ВО ПЕСОКОТ


Една ноќ еден човек имал сон. Сонувал дека оди низ плажа заедно до Господ.

На небото секавично се прикажувале сцени од неговиот живот. На секој кадар тој заблежувал два пара стапалки во песокот: едниот пар му припаѓал нему, а другиот на Господ.

Кога последната сцена од неговиот живот се појавила пред него, тој се загледал во стапалките во песокот.

Тој забележал дека повеќе пати за време од неговиот животен пат, имало само еден пар стапалки.

И забележал дека тоа е така во најтешките и најтажните времиња од неговиот живот.

Ова навистина го вознемирило и тој Го запрашал Господ:

"ГОСПОДИ, Ти рече дека дека откога ќе решам да те следам, ти цел пат ќе бидеш со мене.
Но јас забележав дека за време на најголемите тешкотии во мојот живот, има само еден пар стапалки.
Не разбирам зошто кога најмногу ми требаше, Ти ме напушти."

ГОСПОД одговори:

"Сине Мој, мое бесценето дете,
Јас те сакам и никогаш нема да те напуштам.
За време на твоите искушенија и страдања,
каде што гледаш дека има само еден пар стапалки,
знај дека Јас тогаш те носев тебе."




Изменето од Maran Ata - 24.Октомври.2008 во 11:23
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 08:48
СЕТИ СЕ НА... СМРТТА!!!

БРАТЕ, СЕСТРО!

Дали веќе си се припремил/а за средба со својот Господар? Се замислуваш ли себеси во студена дупка без дно, далеку од својата фамилија, од својата жена и деца, кои веќе заборавиле дека некогаш си бил/а меѓу нив на дуњалукот, а како не би заборавиле кога се зафатени со самите себе!

Колку ли само биле...


Народи на овој дуњалук, па ете нема ни трага ни глас. Аллах ги уништил заради нивната непослушност према Нему! „Пред вас многу народи биле и нестанале, затоа патувајте по светот и посматрајте како завршиле оние кои Пратениците во лага ги гонеле.“ (Али Имран, 137)


Заради краткотрајни дуњалучки ’уживања’ тие луѓе ја продале вечната благодет од Ахирет. Имаш ли желба и ти да бидеш еден/на од нив?! Имаш ли желба да бидеш од оние кои слепо лутаат на дуњалукот и кои слепи ќе бидат проживеани кај својот Господар!?
Човечките пусти надежи на дуњалукот, изненадно и секогаш ги прекинува смртта!

Смрт за која многу малку или воопшто не се размислува. Зошто?! Зарем кабурите (гробовите) кои опако ’извираат’ од земја не претставуваат доволна опомена за оние со разум дарени!? Тие кабури од кои се крева косата на глава, тие се престојувалиште на секој човек кој смртта ќе ја вкуси.


Зарем сме создадени само поради дуњалукот и неговите благодетти? Па никој никогаш ништо не понесол со себе и никому ништо не му припаѓа на Ахирет, освен неговите добри дела кои ги чинел искрено во име на Аллах, џ.ш.


“Знајте дека животот на овој свет не ништо друго туку игра, разонода и разубавување и меѓусебно фалење и натпреварување во имањата и бројот на деца! Пример за тоа се растенијата чие растење после дождот ги восхитува неверниците, тоа потоа разбујува, ама потоа го гледаш како пожолтува, да на крај се скрши. А, на оној свет има тешко мачење (на неверниците) и Аллахов опрост и задоволство (на верниците); животот на овој свет е само лажливо насладување.“ (Ел-Хадид, 20)


Се пренесува дека на Иса, а.с., му се прикажал дуњалукот во лик на грда старица кој била закитена со сите постоечки украси. Иса, а.с., ја запрашал: “Колку пати си се мажела?“ Таа одговорила: “Не им го знам бројот.“ Иса, а.с., рече: “Дали сите умреле за време на твојот живот или се разделиле од тебе?“ - Напротив, јас сум ги убила!“ – одговорила. На тоа Иса алејхи селам, рече: “Тешко на твоите преостаната мажи, како не земаат поука од судбината на твоите поранешни мажи; ти ги убиваш и уништуваш еден за друг, па и покрај тоа никако да ти се припазат!“


Кажува Возвишениот: „На оние кои го пожелуваат животот на овој свет и украсите негови – Ние ќе им ги дадеме плодовите од трудот нивни и нема во нив ништо да им се скрати. Нив на оној свет огнот ќе ги печи; таму нема да имаат никаква награда за она што на земјата го работеа и ќе им биде залудно сé што направиле.“ (Худ, 15)


Зарем вреди да се жртвува вечноста на Ахиретот и неговите убавини во замена за овој ништавен и прооден дуњалук-свет? На остроумниот и паметниот човек не му преостанува ништо друго туку да сфати дека смртниот час му е поблиску од жилата куцачка и дека треба да се спрема за тој голем момент. Забавата и развратот престануваат кога на врата ќе зачука вистината која ја носи Мелекот на смртта, немајќи милост према грешниците, кога ќе ги одвојат од друштвото на нивните семејства и ними саканите особи и ги преместат во ужасна самотија каде ќе бидат препуштени сами на себе.


Дали некој до сега успеал да се заштити од смртта? Љубителите на своите страсти и пожуди никако да се освестат, па потполно немарно се однесуваат према смртта, а кога им се спомене смртта, избегнуваат да говорат за тоа, зошто поправо тие се оние заради кои Аллах, џ.ш., вели: „ Кажи: смртта од која бегате, навистина ќе ве стигне. Потоа, на Оној кој го познава видливиот и невидливиот свет, ќе бидете вратени и Он за она што го работевте ќе ве извести.“ (Ел-Џума, 8)


А, нашиот Пратеник, с.а.в.с., вели: „Најпаметни се оние кои најповеќе се присетуваат на смртта.“ Меѓутоа, сите сме уверени дека ќе умреме, ама никој од нас не се припрема за смртта. Сите ние знаеме и сме уверени за постоењето на Џеннетот, ама никој од нас не делува да би го заслужил, сите ние сме уверени за постоењето на Џехеннемот, ама, никој од нас не се плаши од него.


БРАЌА, СЕСТРИ, да тргнеме кон Аллах и искрено да му се покаеме: “ Да човекот не би повикал: „Тешко мене, колку само должности сум пропуштил према Аллах, дури и се исмејував! Или да не би кажал: “ Аллах да ме упатеше по правиот пат, сигурно ќе се сочував од Неговата казна!“ или да не би кажал кога ќе ја доживее казната:“ Да ми е само да се вратам, добри дела редовно би чинел.“ “ Никогаш! Ти доаѓаа Мои пораки па ги негираше и се охолеше и неверник беше.“ (Ез-Зумер, 56-59)



Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 08:40
Мојот пат кон спасот


Благодарноста му припаѓа на Аллах џ.ш. , салават и селам на последниот Божји Пратеник, и Аллахов роб - Мухаммед а.с. кој дошол со вера на вистината.



Драг брате мој, зарем не си ја уморил својата душа со лажните уживања и зарем не дошло време да ја смириш со вистинската среќа?!

O...... , како е прекрасна вистината, таа која така често те предупредува на празнината која ја поседуваш во своето срце и не ти дава мир...., туку те тера да се вратиш по правиот пат. А ти, ти така бездушно ја лажеш и на цедилка ја оставаш, ставајќи ја така во искушение, што можеби смртта ќе ја задеси и што повеќе време за покајување (тевбе) нема да и остави.

Јас чувствувам обврска пријателе мој, брате мој, Аллахов робе да ти кажам дека си “храбар”, тогаш кога поминуваш покрај џамија слушајќи го езанот и на Гоподарот на световите не му се отповикуваш ! Истотака , јас чувствувам обврска да ти кажам дека тоа е “храброст” поради која, верувај ми, ќе го зажалиш денот кога мајкати те родила ако во таква состојба те посети Мелекот на смртта ! Што е со тебе брате мој, зошто сега не плачеш над себе, зарем во твоето срце нема ни малку хајр па се оглушува за зборовите на вистината или можеби, пак се правиш “храбар” па својата душа по којзнае кој пат ја лажеш и лажни надежи и влеваш ?!

O...... , еве сега скоро и мене ме натера на плач! Ама , пријателе јас се надевам на Џеннетот чие пространство е поголемо од површината на небесите и Земјата, се надевам на хурии, вечниот живот, на вечни и вистински уживања, Џеннетски градини и превои. Се надевам пријателе мој , на убавото Џеннетско вино од кое глава не боли и кое таму во џеннетот, нема да биде забрането. Заради тоа пријателе мој, заради тоа е подобро да твоето срце залипти и низ твоето лице солзи-покајнички потечат, па тогаш пријателе мој, тогаш и јас од радост ќе заплачам што и тебе Возвишениот Аллах те упати на патот од спасот, на патот кој води кон оној џеннет кој предмалку ти го споменував. Зошто сега , во овој момент , не го послушаш своето срце, срце кое ја препознава вистината и кое сака да ја пригрли и повеќе од неа –вистината, никогаш не се одвои?!

Што има со тоа, да изгубиш ? Не , туку само можеш да добиеш! Ајде сега пријателе мој, биди сега вистински храбар, нека не ти биде срам, туку биди смел и очисти го своето тело, земи абдест и тргни до првата џамија каде на Аллах џ.ш. на сеџде ќе Му паднеш и побараш прошка за твоите гревови ! Внимателно послушај ги сега зборовите на Возвишениот Аллах кои се објавени и мене и тебе Кој вели: ,,А на оние кои се покајат и поверуваат и добри дела чинат, Аллах нивните лоши дела ќе ги замени за добри, а Аллах простува и сомилосен е; а оној кој се покае и добри дела чини, тој навистина, кај Аллах искрено му се вратил.”
( Ел-Фуркан, 70,71)

Зарем сега не чувствуваш радост во своето срце пријателе мој?! ДА, таа радост ја сведочи вистинитоста на оваа вера и Аллаховите џ.ш. ајети кои ги освојуваат човечките срца доколку во нив има и малку хајр. Тоа е вистина за која цело ова време копнееше, еве ја сега пред тебе, па што чекаш пријателе мој?! Сега послушај што вели Возвишениот Аллах за оние луѓе кои се завртат од вистината, на кои доказите им биле понудени: ,,А оној кој ја заврти главата од Книгата Моја, тој со тежок живот ќе живее и на Судниот ден како слеп ќе го проживееме.

`Господаре мој,` - ќе рече – `Зошто слеп ме проживеа кога имав вид? “

`Еве зошто` - ќе рече Он: `Нашите докази ти доаѓаа, ама ги забораваше, па ти денес истотака ќе бидеш заборавен. “ ( Та ха, 124,125,126)

Е... како е вистинит овој говор, зарем не е така?! Знам, не би сакал ни ти како ни јас да бидеме од горе споменатата категорија на луѓе кои на Судниот ден ќе бидат слепи проживеани затоа што не сакале да ги прифатат доказите на Возвишениот Аллах и кои од нив ги вртеле своите глави иако чувствувале дека тоа е права вистина. Ама, да би бил од оние за кои Возвишениот Аллах вели:
,,А оние кои стравувале од Господатот свој во поворки ќе бидат поведени во Џеннет и кога ќе дојдат до него, - а капиите негови веќе широм отворени-, чуварите негови ќе им речат: “ Мир со вас, од грев сте чисти, затоа влегувајте во него, во него вечно ќе престојувате! И тие ќе речат: “ Му благодариме на Аллах, кој ветувањето свое ни го исполни и место во Џеннетот ни дарува, да во него се сместиме каде ќе посакаме! Прекрасна ли награда за оние кои се труделе!”

,,И ќе ги видиш мелеците како престолот го опкружуваат, величејќи и славејќи го Господарот свој; и на сите по правда ќе им се пресуди и ќе се рече: ` Благодарен нека е Аллах, Господарот на световите..... “

Да би бил од нив, потребно е веднаш да се покаеш за своите гревови и како што реков, да отидеш до првата џамија како со своето дело би ја посведочил искреноста на својата тевба (покајание).

Ете така пријателе мој, јас ти укажав на вистината, сега нема да може да кажеш на Судниот ден : ,,Господаре мој, немој да ме казнуваш зошто јас навистина незнаев.” Ама , се надевам пријателе мој дека ќе го послушаш своето срце кое е жедно и чија најголема желба му е да се напие од изворот на вистината кој се вика ИСЛАМ.

И сега полека, пријателе мој, јас и ти се разделуваме. Јас продолжувам по правиот пат, по патот кон вечното и единствено-вистинско задоволство и спас, а ти .....


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 20212223>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.