![]() |
|
Најубавите стихови во Библијата |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1920212223 98> |
Автор | |
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Дела Апостолски 3:19
Затоа, покајте се и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите, та од Господовото присуство да дојдат времиња на освежување, Амос: 5:15 Мразете го *злото, сакајте го доброто и поставете правосудство Марко: 1:15 “Времето се исполни и царството Божјо наближи, покајте се и верувајте во Евангелието.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ВИСТИНСКО И ЛАЖНО ПОКАЈАНИЕ
„Зашто, жалоста по Бога донесува покајание за спасение - за кое не се кае, а жалоста на светов донесува смрт.” - 2 Коринтјаните 7:10 Во ова глава, Павле споменува друго писмо кое го имал напишано кон црквата во Коринт, поточно за определен грев за кој што коринтјаните биле виновни дека го извршиле. Овде пишува за ефектот, што неговото претходно писмо го предизвикал, донесувајќи ги кон вистинско покајание. Тие жалеле на библиски начин. Тоа било доказот дека нивното покајание било вистинско. Зашто, ете, тоа што се нажаливте по Бога, ви создаде вам не само голема сериозност, туку и одбрана, и негодување, и страв, и копнеж, и ревност и казнување. „Покажавте во сe дека сте чисти во тоа дело.” (стих 11) Во овие стихови, Светиот Дух зборува за два типа на жалење за гревот, едниот донесува покајание кое води до спасение, другото донесува смрт. Во последно време често бев воден да го прашам Бог, зошто има толку многу лажни религии и христијани, и се обидов да го најдам коренот на проблемот. Голем број на луѓе мислат дека се христијани, но дека не се, е добро познато - освен ако Библијата лаже. Зошто тогаш толку многу се заблудени? Зошто тогаш толку многу, кои што се непоправливи грешници, си мислат дека се покајале? Без сомневање, едната причина е недостиг на јасно учење за основните основи на верата, особено за недостигот на јасност за вистинското и лажно покајание. ЛАЖНО ПОКАЕНИЕ Лажното покајание се вели дека е жалост на светов. Тоа е жал за гревот предизвикана од светски размислувања и мотиви, без согледување на вистинската природа на гревот. Промената предизвикана од жалоста по светов е плитка и површна. Личноста може да ги гледа непосакуваните последици од гревот од светска гледна точка, и може да го исполнат со загрижување. Може да согледа дека ќе има големо влијание на неговиот самореспект, или трошење на неговите пари, или неговиот живот ќе биде доведен во опасност; може да се загрижи дека некоја од неговите скриени постапки ќе се открие, и ќе биде посрамотен. Многу е чест случајот, луѓето да имаат таков вид на жал, кога некое светско размислување е во основата на сето ова. Лажното покајување е основан на себичност. Може да биде едноставно некои силно чувство на жалост во умот на личноста, заради тоа што направил, затоа што ги гледа лошите последиците за него. Го прави несреќен, или го изложува на гневот Божји, или ја посрамотува неговата фамилија и пријатели, или му наштетува на некој друг начин. Сето тоа е чиста себичност. Може да чувствува силна грижа на совеста, многу голема - но сеуште да нема вистинско покајание. Може да чувствува страв - длабок и голем страв поради гневот Божји и болките во пеколот - но сепак да биде чисто себично. Преку целото време може да нема таква работа како замразување на гревот во срцето, и не следи промена на срцето, која што да го следи опросведочувањето на умот, за бескрајното зло на гревот. Изменето од Blagoj_s - 09.Август.2013 во 11:24 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЗА ЧИСТ ХРИСТИЈАНСКИ ЖИВОТ
1 Коринтјаните 6 9 Или не знаете ли дека неправедниците нема да го наследат Божјото Царство? Не измамувајте се! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни мекушците, ни изопачените мажи (содомци), 10 ни крадците, ни лакомците, ни пијаниците, ни клеветниците, ни разбојниците, нема да го наследат Божјото Царство. 11 И некои од вас беа такви. Но, се измивте, и се осветивте, и се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос и во Духот на нашиот Бог. 12 Сè ми е дозволено, но не е сè полезно. Сè ми е дозволено, но не сакам нешто да завладее над мене. 13 Храната е за стомакот, а стомакот за храната; Бог ќе ги уништи и едното и другото. А телото не е за блудство, туку за Господа, и Господ за телото; 14 а Бог, Кој Го воскресна Господа, ќе нè воскресне и нас со Својата сила. 15 Не знаете ли дека вашите тела се Христови членови? И така, ќе ги земам ли Христовите членови и да ги направам членови на блудница? Да не биде! 16 Или не знаете ли дека оној кој ќе се соедини со блудница е едно тело со неа? Зашто рече: „Обата ќе бидат едно тело.” 17 А кој се соединува со Господа, еден дух е со Него. 18 Бегајте од блудство! Секој грев, што човекот го прави, е надвор од телото; а блудникот греши против своето сопствено тело. 19 Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого го имате од Бога, па не си припаѓате само на себеси? 20 Зашто скапо сте купени. И така, прославете Го Бога во своето тело и во својот дух, кои се Божји. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Верно е словото и достојно - за полно примање: Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, од кои сум прв јас. 1 Тимотеј 1:15
ПЕТАР НА ЧУДЕСЕН НАЧИН ИЗЛЕГУВА ОД ЗАТВОР. Дела Апостолски 12 6 И кога Ирод сакаше да го изведе, истата ноќ Петар спиеше меѓу двајца војници, окован во двојни вериги, а имаше и стражари пред вратата кои ја чуваа занданата. 7 И ете, Господов ангел застана и светлина болсна во ќелијата. Тој го потчукна Петар отстрана, го разбуди и му рече: “Бргу станувај!” И веригите му паднаа од рацете. 8 Тогаш ангелот му рече: “Препаши се и обуј си ги сандалите!” Петар така постапи. И уште му рече: “Префрли си ја наметката и тргни по мене!” 9 И тој излезе и тргна по него, без да знае дека тоа што го стори ангелот се случува вистински, ами мислеше дека гледа привид. 10 Откако ги поминаа првата и втората стража и дојдоа до железната порта, која води во градот, таа им се отвори сама. И продолжија и втасаа на една улица, а ангелот веднаш исчезна. 11 А кога Петар дојде на себеси, рече: “Сега навистина знам дека Господ го пратил Својот ангел, и ме избави од Иродовата рака и од с? што очекуваше еврејскиот народ.” 12 Согледувајќи го тоа, дојде до куќата на Марија, мајката на Јован, наречен Марко, каде што беа собрани мнозина на молитва. 13 И кога чукна на вратата од тремот, дојде слугинката, по име Рода, да наслушне. 14 И кога го препозна Петровиот глас, од радост не ја отвори портата, туку втрча и јави дека Петар стои пред порта. 15 А тие & рекоа: “Ти бладаш!” Но таа и натаму тврдеше дека е вистина. Тие пак рекоа: “Тоа е неговиот ангел.” 16 А Петар продолжуваше да чука. И кога ја отворија портата, го видоа и се зачудија. 17 Тој им даде знак со раката да молчат и им раскажа како Господ го изведе од занданата и рече: “Јавете им за ова на Јаков и на браќата!” Потоа излезе и отиде на друго место. 18 А кога се раздени, настана голема бркотија меѓу војниците: околу тоа што се случи со Петар? 19 Кога Ирод го побара, и не го најде, ги сослуша стражарите и заповеда да ги погубат, па слезе од Јудеја во Цезареја, каде остана да живее. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ХРИСТОС СЕ ЗАСТАПУВА ЗА НАС
1Јован 2 1 Чеда мои, ова ви го пишувам за да не грешите, а ако некој згреши, имаме Застапник пред Таткото - Исус Христос, Праведникот. 2 Тој е жртва за помирување на нашите гревови, и не само на нашите, туку и на гревовите на целиот свет. Изменето од Blagoj_s - 06.Август.2013 во 11:06 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ВИСТИНСКАТА МУДРОСТ ДОАЃА ОД ГОСПОД
13 Кој е меѓу вас мудар и разумен? Со добро владеење нека ги покаже своите дела во мудра смиреност. 14 Ако ли пак во своето срце имате горчлива завист и карање, не се фалете и не лажете против вистината! 15 Тоа не е мудрост, која слегува одозгора, туку е земна, душевна, демонска; 16 зашто каде се зависта и карањато, таму е неред и секакво лошо нешто. 17 А мудроста која доаѓа одозгора, пред сè: е чиста, потоа мирољубива, блага, покорна, полна со милост и добри плодови, непристрасна и нелицемерна. 18 А плодот на правдата се сее во мир, за оние кои создаваат мир.Јаков 3 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Исаија 45:18
Да, вака зборува Господ, Творецот на небесата - Тој е Бог - Кој ја вообличи и ја создаде земјата, Кој ја зацврсти и не ја создаде пуста, туку ја вообличи за живеење: „Јас Сум Господ и нема друг. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Исаија 49:14
Сион рече: „Господ ме остави, Господ ме заборави.” 15 Може ли жена да го заборави своето доенче, да не му се смилува на чедото на својата утроба? Па кога некоја и би заборавила, Јас нема да те заборавам тебе. 16 Ете, те врезав во Своите дланки, твоите ѕидови секогаш Ми се пред очите. Малахија: 1:6 Синот го почитува таткото, а слугата господарот. Но ако Сум Јас Татко, каде е почитувањето кон Мене? Ако Сум Господар, каде е стравот од Мене? Тоа ви говори Господ над Воинствата вам, свештеници, кои го презирате Моето име, а прашувате: ‘ Со што го презревме Твоето име?’ Пословици 14:26 Во стравот од Господа е голема верба, и е прибежиште за неговите синови. 14:27 Стравот од Господа е извор на животот; Тој избавува од стапицата на смртта. 15:33 Стравот од Господа е училиште на мудроста, зашто смиреноста оди пред славата. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Колосјани: 3:13
Трпете се еден со друг и проштавајте си еден на друг, ако некој има поплака против некого, како што и Господ ви прости вам, така проштавајте и вие! Псалми 106:47 Спаси нè, Господи, наш Боже, и собери нè од безбожните народи, за да Го славиме Твоето свето Име, за да се фалиме со Твојата Слава. СКАПОЦЕН ТЕМЕЛ И СВЕТА ГРАДБА 2Петар 2:4-9 Дојдете кај ИСУС ХРИСТОС. Тој е Живиот Камен, Кој , навистина од лугето беше отфрлен, но БОГ го одбра и за Него е скапоцен.Сега и вие како живи каменња сте вградени во еден духовен дом, за да бидете свето свештенство, да принесувате духовни жртви прифатливи за Бог, заради ИСУС ХРИСТОС.За ова во Светото Писмо Бог вели: Еве ,во Ерусалим ке поставам Камен темелник, одбран и скапоцен, кој ке поверува во НЕГО, никогаш нема да се разочара. Да за вас што верувате:Тој Камен што зидарите го отфрлија ,стана Камен темелник, Скапоцен Камен,а за оние што го отфрлаат ,истиот Камен е: Камен од Кој ке се сопнуваат, Карпа преку која ке паѓаат.Тие се сопнуваат затоа што не ја слушаат и не ја веруваат Божјата порака. Но вие сте одбрани луге царско свештенство, свет народ, луге што му припаѓаат на Бога. Вие сте избрани за да им ја покажете ла луѓето Божјата добрина, зашто БОГ ве изведе од темнината и ве воведе во Својата прекрасна светлина. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЛУБОВТА Е ЈАТКА НА ЦЕЛИОТ БОЗЈИ ЗАКОН
РИМЈАНИТЕ 13 8 Не должете му никому ништо, освен да се љубите еден друг, зашто кој го љуби другиот, го исполнува Законот. 9 Зашто заповедите: „Не прави прељуба! Не убивај! Не кради! Не посакувај!” - и ако има уште некоја друга заповед - содржани се во овие зборови: „Љуби го својот ближен како себеси!” 10 Љубовта не му прави зло на ближниот. И така: љубовта е исполнување на Законот. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
СПАСЕНИЕТО ПРИБЛИЖУВА - ПОВИК ЗА СВЕТ ЖИВОТ
РИМЈАНИТЕ 13 11 И правете го тоа затоа што го знаете времето во кое сме, зашто е веќе време да се разбудите од сонот; зашто сега спасението ни е поблизу, отколку кога поверувавме. 12 Ноќта помина, а денот наближи. Затоа да ги офрлиме делата на темнината, а да се облечеме во оружјето на светлината! 13 Да одиме пристојно како дење, не во гозби и пијанки, не во блуд и страстољубие, не во препирки и зависти, 14 туку облечете се во нашиот Господ Исус Христос, и не мислете како да ги задоволите похотите на телото |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
9 Кога мудриот спори со безумникот, или да се гневи, или да се смее, сеедно, нема мир.
Неправедникот им е омразен на праведните, а праведникот е омразен на нечесните. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1 Коринтјани: 5:7-8...13
Очистете се од стариот квас, за да бидете ново тесто, како што сте бесквасни. Зашто и Христос, нашето пасхално јагне, беше жртвувано за нас. Затоа треба да празнуваме не со стариот квас, ниту со квасот на злобата и лукавството, туку со бесквасниот леб на искреност и вистина. Ви пишував во писмото, да не се мешате со блудници, не воопшто со блудниците на овој свет, или со лакомците, или со разбојниците, или со идолопоклонците, зашто тогаш би требало да излезете од светот. Но сега ви напишав да не се дружите со оној, кој се наречува брат, а блудник е или лакомец, или идолопоклоник, или хулник, или пијаница или разбојник. Со таков и да не јадете! Зашто, не ми се паѓа мене да ги судам оние, кои се надвор? Зар вие не им судите на оние, кои се внатре? А Бог ќе им суди на оние кои се надвор. „Отстранете го злиот од својата средина!” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еремија: 29:8
Зашто така вели Господ Саваот, Бог Израилев: нека не ве мамат вашите пророци, кои се меѓу вас и вашите бајачи; и не верувајте им на соништата што ги сонувате. Захарија: 10:2 Зашто лажните гледачи зборуваат празни зборови, и вражачите гледаат лажливи работи и прикажуваат лажни соништа; тие утешуваат со празни зборови; затоа талкаат како овци, талкаат оти немаат пастир. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1920212223 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |