|
Тестирања на крајот на учебната година |
Внеси реплика | страница <1 1920212223 30> |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mislam deka se ubeduvame vo neshto shto e daleku od vistinata. I da proverime niz knishkite na ucenicite so godini na nazad kje najdeme shtimani oceni. Znameme deka ocenite na polugodie ne moze da bidat mnogu niski pa zatoa za da moze na kraj so mirna sovest da se usluzi kolega, rodnina, prijatel se shtimuvaa ocenite i na polugodie. Realni oceni imaat samo ucenicite za koi nema koj da urgira za niv, odnosno onie koi si ucat kontinuirano.
|
|
^italina
Сениор Регистриран: 11.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 144 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е намален успехот на учениците, туку се ставени реалните оценки. Да се спроведе една проверка низ годините наназад, во ученичките книшки ќе ги најдете сличните оценки кои ги имаат оваа година, затоа што на полугодие не доаѓаат родители во училиште со желби и молби за повисоки оценки на нивните деца.
|
|
A closed mouth catches no flies
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kontradiktornosti vo koi ni samite akteri ne veruvaat...Izjavi koi kako da se od rakav treseni... napis vo Nova makedonija
Наставниците од страв пишуваат пониски оценки Триесетина родители на шестоодделенци во основното училиште „Војдан Чернодрински“ вчера потпишале петиција против екстерното оценување кое е планирано да се спроведе кон крајот на учебната година. Ова тестирање, кое идната година се спроведува прв пат, државата го прави за да оцени дали и колку наставниците им пишуваат реални оценки на учениците во текот на учебната година. Против ваквата одлука се родителите на шестоодделенците, кои сметаат дека тие нема да покажат добри резултати, со оглед на тоа дека скоро цело полугодие настава следеа без учебници. Предвидено е основците и средношколците пробно да полагаат тестови во февруари, а главното тестирање ќе се спроведе во јуни. - Од новите учебници за шесто одделение, моето дете има само два учебници, кои ги купивме неодамна. Зарем мислите дека ќе има време детето соодветно да се подготви за тестирањето, со оглед на тоа дека цел месец немаше книги? Сметам дека децата несоодветно се образуваат, а од друга страна им се бара знаење - вели Марија Светиева, чиј внук учи во „Војдан Чернодрински“. Петицијата, како што кажа таа, родителите ќе ја достават до Министерството за образование и наука (МОН). Од тестирањето се исплашени и наставниците. Како што дознаваме, во некои скопски основни училишта, тие намерно им впишувале пониски оценки на учениците за тромесечје. Тоа го прават за да се заштитат - ако се случи децата на тестирањето да добијат пониски оценки, наставниците ќе имаат како да ги оправдаат „главните“ оцени. Наставниците реагираат што, на крајот од првото полугодие, сè уште не е готов Правилникот за екстерно тестирање, според кој тие треба да се раководат. - Ако сакаше Министерството да ја оценува нашата работа, требаше критериумите и стандардите за оценувањето да ни ги даде на 1 септември, кога почна учебната година. Законски е да се тестира, но законски е и децата да имаат учебници на 1 Септември, како и навреме да го имаме и правилникот, критериумите по кои ќе се оценува - вели наставник кој инсистираше да остане анонимен. Весна Хорватовиќ, директорката на Бирото за развој на образованието (БРО) вината за доцнењето на учебниците за шесто, како и за доцнењето на правилникот за екстерното оценување, ја гледа во МОН. - Бирото не донесува правилници, туку Министерството. И треба родителите да сфатат дека целна група во ова тестирање се наставниците, а не децата. Ако ученикот добие 4-ка на тестот, а имал претходно 5-ка, тоа не менува ништо. Ако разликата е две или поголеми од две оценки, тогаш би можело да се заклучи дека наставникот нереално оценувал - вели Хорватовиќ. Таа додаде дека ова тестирање се воведува затоа што досегашните искуства покажале дека оценките се нереални. - Тоа посебно е изразено кога ученикот се запишува во училиште за средно образование. Во основно по сите предмети имал 5-ки, а во средно добива и по неколку единици - вели Хорватовиќ. Ваков начин на проверка на работата на професорите, прв пат ќе се спроведе идната учебна година во средните и во основните училишта. Наставникот нема да знае во кој од класовите во кои тој предава, ќе се оценува неговата работа. Ако три години по ред, оценките од тестовите не се согласуваат со оние кои наставникот им ги пишувал на учениците преку учебната година, ќе добива пониска плата. Но, наградени ќе бидат оние наставници за кои ќе се утврди дека најобјективно оценувале. Zoshto gospogjata Horvatikj ne objasnuva shto so ocenata na ucenikot. Nastavnikot kje pishi 5, ucenikot na test kje dobie 3, Nastavnikot kje bide kaznet a ocenata na ucenikot kje se menuva ili kje ostane ista? |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Критериум некаков мора да има, и ова што сега се случува е јавашлук и не е во ред да остане непроменето. Ама очигледно, како и секогаш, методата е промашена, што се гледа по последиците-катастрофален успех на учениците во цела Р.М., стрес, нервози, притисоци.... |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne...ovaa godina po se shto izgleda kje se odi samo so pilot testiranje...
|
|
Паланчански
Сениор Регистриран: 01.Декември.2007 Локација: Dubrovnik Статус: Офлајн Поени: 1655 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А дали тие тестови ќе бидат на крајот од учебната година???
|
|
Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Obrazovanieto od petkomanija premina vo faza na testomanija. Vekje nikoj ne razmisluva za usno odgovaranje...za proektni aktivnosti, se e test trening. Roditelite gi iskopirale testovite od rabotnite tetratki pa decata i doma reshavaat. neodamna so edno petoodelence rabotam na edna zadaca. deteto mahinalno mi odgovara..pod A... na moeto prashanje zoshto...ne znae da mi odgovori...vazno memoiralo broj na zadaca...i odgovrot deka e pod A...Tragedija.
|
|
Паланчански
Сениор Регистриран: 01.Декември.2007 Локација: Dubrovnik Статус: Офлајн Поени: 1655 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А што ќе биде ако на тестот се добие поголема оцена. Сепак е време да се воведе ред во оценувањето. Не може еден ученик цела година да не каже ништо, а на крај да нема ниту една единица. И тоа само затоа што татко му работеше во Германија. Се разбира, во прашање беа МАРКИ.
|
|
Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не се сложувам со погорното тврдење дека добрите ученици не се плашат од тестирање, барем не сега. Што се случи со оваа новотарија?
Наставниците почнаа да се плашат да пишуваат (заслужени) петки и четворки, учениците се демотивирани, под стрес и разочарани. Успехот е попуштен во цела Македонија. Оваа глупост со тестирањето е сосем непотребна и влијаеше негативно врз учениците во цела Македонија. Се надевам дека воловите по министерствата ќе го прочитаат и ова и ќе стават прст на чело. |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Паланчански
Сениор Регистриран: 01.Декември.2007 Локација: Dubrovnik Статус: Офлајн Поени: 1655 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Добрите учениции не се плашат од тестирање!!!
|
|
Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
|
|
Рокси
Сениор Регистриран: 06.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 101 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абе луѓе... неможеме ние средношколците да се организираме, секогаш имa такви кои ќе ја на*бат работата пошо им е страв од професорине..
Ние немојме да се организираме ЕДНО одделение од ЕДЕН час да избегаме, а не пак средношколците од цела држава да излезат на протест.. зато ќе си трпиме :@ Изменето од Рокси - 18.Декември.2008 во 01:14 |
|
Eternity is a mere moment.. just long enough for a joke!
|
|
maki_seker4e
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 131 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
e jbg...nemoj ad ucis cela godina i posle na kraj nabubaj i 5 aa
|
|
I love saying yes...and doing the opposite. a friend is alweys there when you need them.NOT ME!
|
|
karamandi
Сениор Регистриран: 19.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 1496 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
jas sum protiv testiranje
|
|
Izzi
Сениор BRAINIAC Регистриран: 18.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4475 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
врти сучи сме го е***е ежот
Изменето од mamamd - 25.Ноември.2008 во 12:50 |
|
Внеси реплика | страница <1 1920212223 30> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |