IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поучни случки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поучни случки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223>
Автор
Порака Обратен редослед
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 11:07
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

интересен графит напишан во лондон на некој универзитет.
Да живее Маркс.Бог е мртов!
наредниот ден допишано:
Бог е мртов,а је не се осеќам баш најдобро
 
Е кога сме кај графитите и ваков имало:
Бог е мртов, Ние го убивме во нашите срца...
 
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 10:55
интересен графит напишан во лондон на некој универзитет.
Да живее Маркс.Бог е мртов!
наредниот ден допишано:
Бог е мртов,а је не се осеќам баш најдобро
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 10:39
Како членот погоре. Разбира се.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 10:31
Originally posted by deshad deshad напиша:

А Дарвин жив е?
Маркс, Енгелс?
 
ТИЕ СЕ ЖИВИ ВО СПОМЕНОТ НА КОМУНИСТИЧКИТЕ СЛУЖИТЕЛИ ... да не речам титовисти ...газење%20од%20смеење
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 10:28
А Дарвин жив е?
Маркс, Енгелс?
Кон врв
Srebre_ Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 25.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Srebre_ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 09:38
Си живеел некој човек кој што бил ем индоктриниран во религијата, ем самиот работел како професионален индоктринатор и продавач на магла. Освен со мафтање со "свети книги" и заплашување на стадото со вечно маки ако не живеат според верските норми, човекот се занимавал и со пишување на тнр. "поучни случки и приказни". Овие писанија биле обичен производ на неговата фантазија, дизјнирани да се совпаднат со верските учења кои до бесвест ги повторувал на неговото стадо. Иако и самиот знаел дека се чиста имислица и наивно сервирање на религиски идеи, човекот настојувал дека неговите "поучни случки и приказни" се вистински, убедувајќи се самиот но и стадото во нивната "вистинитост".
И така, после години и години, многу деца пораснаа со овие "вистинити приказни", учејќи ништо корисно за светот во кој живеат. Приказните ги индоктринираа децата кои смислата на животот ја гледаа во целодневно клањање и молење некој имагинарен шеф да им ги прости гревовите, за да можат бесконечно да живеат во рајот. После толку многу индоктринирани генерации, пишувачот на "поучните случки и приказни" умре, и зад себе не остави ништо друго освен незнаење и религиско слепило.

Изменето од Srebre_ - 31.Октомври.2008 во 09:39
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 03:15
Ова е одговор на она прашање што пред извесно време ми го постави Златничето. Нешто како анализа на ГОСПОД МУ ГОВОРИ НА ЧОВЕКОТ

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Дали некогаш си размисувал, сине, дека се што се допира до тебе, истовремено се допира и до Мене, зашто се што се допира до тебе, cе допира до зеницата на Моето око.


Господ од преголемата Своја љубов го има создадено човекот, кој е круна на секоја творевина. Како Негово творение, Тој секогаш жали кога нешто лошо му се случува на човекот како поедниец, или во глобала на човечкиот род.

Бидејќи сме створени по Негови лик и подобие, односно, ние сме Негови деца, се што ни се случува нам, го погодува и Него. Во која смисла?
Исто како што детето ги жалости своите родители со недоличните постапки, само со таа разлика што Господ се жалости не затоа што Го посрамуваме пред другите и затоа што Тој сака да го живее нашиот живот како исполнување на некоја Негова неостварена амбиција (што психолошки гледано, често се случува со нашите родители), туку затоа што не љуби како што се љуби Себеси (со апсолутна слобода) и знае дека со тие наши постапки ние Нему не можеме да Му наштетиме, туку си штетиме само и единствено на себеси.


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Ти си драг во Моите очи, бесценет, и Јас те засакав, па затоа за Мене особено задоволство е да те воспитувам.


Речено е дека таткото што го љуби својот син, го казнува за негово добро. Тој на тој начин ни покажува дека не љуби, и затоа не сака да пропаднеме поради нашата духовна незрелост, и не воспитува за постигнување на таа зрелост, која е за наше спасение. Најубаво за тоа сведочат следните стихови:

Евреите глава 12

5 и сте ја заборавиле утехата, која вам, како на синови, ви зборува: “Сине мој, не презирај ја казната од Господа и не опаѓај со духот, кога те изобличува,

6 зашто Господ го казнува оној, кого што го сака; го бичува секој син, кого што го прима”.

7 Ако трпите казна, Бог со вас постапува како со синови. Зашто кој е тој син, кого што таткото не го казнува?

8 Ако, пак, останете без казна, во која сите станаа соучесници, тогаш сте деца не законски, а не синови.

9 Ако се плашиме од нашите татковци, кога не казнуваат, тогаш колку повеќе треба да му се покориме на Отецот на духовите, па да бидем живи?

10 Зашто тие не казнуваа за малку денови, според тоа како им беше угодно; а Он - за полза, та да учествуваме во Неговата светост.

11 Секоја казна однапред не се покажува дека е за радост, туку за жалост; но потоа на свикнатите на неа таа ќе им принесе мирен род на преведност



Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Кога искушенијата те нападнат и непријателот навали како река, знај дека тоа е по Мое допуштение, зашто твојата немоќ чувствува потреба за Мојата сила и да сфатиш дека си сигурен само кога Јас се борам за тебе.


Како наш Творец, ние сме апсолутно зависни од Бог (иако понекогаш не можеме тоа да го забележиме). Тука е речено по допуштение. Што е тоа допуштение? Господ е семоќен и Тој може да направи се што ќе посака и само со тоа што ќе посака. Но, секогаш ја остава нашата слободна волја да избере по кој пат ќе тргнеме. Злото извира од ѓаволот, додека, пак, доброто од Бога. Допуштението значи оставање на ѓаволот да делува со своите зли замисли, но секогаш со одредена тежина која ние можеме да ја сносиме. А ќе се прашате зошто? Затоа што човекот своеволно отпаднал од Бога и за да се врати кон Него, односно, за да се врати во живот (затоа што живеењето надвор од Бога не е живот, туку само проста егзистанција, која завршува со нашата смрт) Тој допушта човекот да падне во незгодни ситуации за да види дека како творевина не може да управува со сите работи и дека секогаш треба да се надева само на Божјата сила, затоа што следствено на тоа што Тој не створил, значи Тој и може да управува со секоја ситуација, со природата и со се друго.

Нашата сила се гледа во Господ, а тоа низ вековите е потврдено многупати. Мојсеј кога ги извел Евреите од египетското ропство, тоа го направил со Божја помош, цар Давид кога го поразил Голијат, тоа го направил со Божја помош, апостолите правеле чуда со Божја помош, мачениците ги претрпеле сите тие ужасни маки со Божја помош, светителите до крв се подвизувале со Божја помош.... сето тоа е постигнато со Божјата благодат и сила, a не со човечки сили.

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Ако се наоѓаш во тешки прилики, меѓу луѓе кои не те разбираат, кои не водат сметка за тоа што ти е пријатно, кои те одбиваат - тоа е по Мое допуштение.


Секоја ситуација е дадена од Бога за наше усовршување и спасение, но, како што реков, тоа зависи дали ние доброволно ќе ја прифатиме со таа цел. Овие моменти за атеистите се моменти во кои им се дава до знаење дека човекот сам, без Негова помош, е немоќен, и дека сепак има нешто повеќе од тоа што го зацртале како нивен став. За верниците, пак, тоа е ситуација која е извор на покајание и понатамошен труд во усовршувањето(она што го објаснував на другата тема - штом другите така се однесуваат, јас сум причината за таквото нивно онесување и треба да се стремам кон поголем подвиг и покајание).

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Јаc сум - Бог, Кој управува со ситуациите. Ти не си се нашол случајно на своето место; тоа е баш она место кое Јас ти го одредив!


Мислам дека најголемата дилема ти беше околу овој дел (ако не се лажам). Ова многу просто и рационално (како што ти е најлесно ) може да се објасни со следниов банален пример:

Господ не става во ситуација да бираме дали сакаме да јадеме овошен јогурт од кајсии или од смокви (њам њам ). Кајсијата не толку ни се допаѓа, оти не ги задоволува луксузните (непотребни) барања на нашиот стомак, додека, пак, смоквите ги задоволуваат. Hо, тука има еден проблем...алергични сме на смокви и доколку го изедеме јогуртот, тоа ќе биде со страшни последици за нашето здравје, па и живот. Hаш е изборот, и од тој наш избор зависи исходот. Тие ситуации на избор, Бог ни ги дава со цел, доколку избереме смокви, ако сме доволно паметни, да извлечеме поука и друга пат тоа да не го повторуваме, а доколку избереме кајсии - духовно да се усовршуваме (а доколку се работи за атеист - морално и етички да се надоградува како личност. Но, како што веќе на друго место објаснив, сепак во тој случај постои степен на нестабилност, кој порано или подоцнаа ќе се пројави, и може да не се врати на претходниот баланс, поради немање постојан и апсолутен двигател кој ќе го насочува кон внатрешна и надворешна стабилност).

Значи, во случајов не се работи за судбина, како некои што тоа го разбираат, туку за давање опции од страна на Бог, а избирање на една од тие опции од наша страна.

Се надевам дека до тука јасно е. Ако има уште неке замаглено местенце, ќе го одмаглиме и тоа


Изменето од Maran Ata - 31.Октомври.2008 во 03:16
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 01:45
Interesna prikazna i mnogu poucna. BRAVOS

Изменето од zidarski - 27.Октомври.2008 во 02:00
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 20:50
РАСКАЗ ЗА ШУГАВИОТ , ЌЕЛАВИОТ И СЛЕПИОТ

Пренесува Ебу Хурејре р.а. дека го слушнал Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., како раскажува :

„Аллах џ.ш. сакал да испроба тројца луѓе од Израелците, од кои: едниот беше шугав, другиот беше ќелав, а третиот беше слеп, па им испрати еден мелек - ангел. Мелекот дојде кај шугавиот и го праша:

- Што сакаш највеќе?
- Највеќе сакам да имам убав тен и убава кожа, и да се ослободам од ова, од кое луѓето се згрозуваат, - одговори шугавиот. Мелекот го истри со својата рака преку целото тело, па од него испопаѓа сета шуга, и доби убава боја на кожата.

Потоа мелекот го праша:

- Кој имот ти е најдраг ?
- Камили ! - одговори шугавиот. Тогаш Аллах џ.ш. му подари една убава камила која во својот стомак носеше младенче, а мелекот повторно му рече :

- Во неа Аллах ти дава берекет.

Потоа мелекот отиде кај ќелавиот и го праша:

- Што сакаш најповеќе?
- Убава коса, и да се ослободам од ова, од кое луѓето се згрозуваат, - одговори ќелавиот. Мелекот го помилува по главата, па помина неговата болест и доби прекрасна коса. Мелекот го праша:

- Кој имот ти е најмил?
- Крави, - одговори ќелавиот. Тогаш, Аллах џ.ш. му подари една прекрасна стелна крава, а мелекот му рече:

- Во неа, Аллах ти дава берекет.

Потоа мелекот појде кај слепиот и го праша:

- Што сакаш најповеќе?
- Аллах да ми го поврати видот, за да можам да ги гледам луѓето, - одговори слепиот. Мелекот го помилува по очите и Аллах му го поврати видот, потоа мелекот го праша:

- Кој имот ти е најмил?
-Овци, - одговори слепиот. Аллах џ.ш. му подари една овца.

Кај сите тројца, имотот се плодеше и множеше, па поранешниот шугав имаше полна долина со камили, поранешниот ќелав полна долина со крави, а поранешниот слеп полна долина со овци. Потоа, мелекот дојде кај шугавиот, во неговиот поранешен лик и форма, и му рече:

- Јас сум бедник, останав напуштен на своето патување, и никој освен Аллах, не е во состојба да ми помогне, па ти направи го тоа. Затоа те молам во Оној кој ти ја подари таа прекрасна боја и кожа, и толку имот, да ми дадеш една камила за да го продолжам патот. Поранешниот шугав му одговори:

- Обврските и трошоците се многубројни. Мелекот повторно му рече:
- Како да те познавам од некаде, да не си ти оној шугавиот, од чив изглед и беда луѓето се згрозуваа, па Аллах ти подари здравје и богатство ? - Тогаш тој му одговори:
- Напротив, јас ова го наследив од своите претци. Мелекот тогаш му рече:
- Ако лажеш, Аллах нека те врати во онаа состојба во која се наоѓаше претходно.

Потоа мелекот дојде кај поранешниот ќелав, во неговиот претходен лик и форма, и му го рече истото како и на шугавиот, а тој му возврати како и првиот. Мелекот му рече:
- Ако лажеш, Аллах нека те поврати во онаа состојба во која се наоѓаше претходно.

Потоа дојде кај слепиот во неговата поранешна форма и лик, и му рече:

- Јас сум сиромашен, останав напуштен во своето патување, и никој освен Аллах не е во состојба да ми помогне, па ти направи го тоа. Затоа, те молам во Оној кој ти го подари видот да ми дадеш една овца, за да се потпомогнам со неа на своето патување. - Тој му одговори:

- И јас бев слеп, па Аллах ми го врати видот, земи колку што сакаш, а остави ми исто така колку што сакаш. Се колнам во Аллах, нема ништо да ти забранам да земеш, поради Моќниот и Голем Аллах џ.ш.!

Мелекот тогаш му рече:

- Задржи го сиот твој имот. Вие бевте само искушувани. Аллах е задоволен со тебе, а гневен на твоите двајца другари..." ( Бухари и Муслим)
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 10:35
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Маран Ата, заради просторот не би скал да ги пастирам првите два дела од написот „Господ му говори на човекот“.Би сакал да дадам коментар на поентата на овие написи. Во целиот текст (во двата дела) провејува грижата на бог кон човекот, дека тој е тука со него во секое време, дека тој управува со неговиот живот во секаква ситуација, во добро и зло, дека тој одредува кои и какви настани ќе му се случат на човекот ... и да не набројувам понатаму.Зборот ми е, ако бог во секој момент е со човекот и управува со неговиот живот, тогаш каде се согледува слободната воља која бог му ја дал на човекот тој сам да одлучува?


Си земам за право и јас нешто да кажам во врска со ова.
Златен златник, БОЖЈАТА СЛОБОДА и БОЖЈАТА ВОЛЈА се над човековата слободна волја.
БОГ никогаш не го казнува човекот, туку човекот се казнува самиот себеси со тоа што својата егоистична “слободна волја“ ја става над БОЖЈАТА МИЛОСТИВА ВОЛЈА!
БОГ го “казнува“ човекот со тоа што му ја допушта неговата “слободна волја“ (мислена е онаа човечката, егоистичката)

Во својата пасивност Тој е суперактивен! А Неговата активност е чиста ЉУБОВ.
Сетисе на Голгота!

поздрав

       




Изменето од spiros - 26.Октомври.2008 во 00:16
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 10:15
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Маран Ата, заради просторот не би скал да ги пастирам првите два дела од написот „Господ му говори на човекот“.Би сакал да дадам коментар на поентата на овие написи. Во целиот текст (во двата дела) провејува грижата на бог кон човекот, дека тој е тука со него во секое време, дека тој управува со неговиот живот во секаква ситуација, во добро и зло, дека тој одредува кои и какви настани ќе му се случат на човекот ... и да не набројувам понатаму.Зборот ми е, ако бог во секој момент е со човекот и управува со неговиот живот, тогаш каде се согледува слободната воља која бог му ја дал на човекот тој сам да одлучува?


Очекував дека некој ќе го постави ова прашање. Тоа ти што си го замислуваш не е во согласност со тоа што сака тука да се каже. Твоите заклучоци произлегуваат од непознавањето на христијанството. Ќе се потрудам да ти одговорам, но не сега. Кога ќе бидам малку послободна. Ако заборавам, потсети ме.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 10:09
Маран Ата, заради просторот не би скал да ги пастирам првите два дела од написот „Господ му говори на човекот“.
Би сакал да дадам коментар на поентата на овие написи.
Во целиот текст (во двата дела) провејува грижата на бог кон човекот, дека тој е тука со него во секое време, дека тој управува со неговиот живот во секаква ситуација, во добро и зло, дека тој одредува кои и какви настани ќе му се случат на човекот ... и да не набројувам понатаму.
Зборот ми е, ако бог во секој момент е со човекот и управува со неговиот живот, тогаш каде се согледува слободната воља која бог му ја дал на човекот тој сам да одлучува?
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 08:46
Ти знаеш сè, о МИЛОСТИВ ГОСПОДИ!
Твојата МИЛОСТ нашиот единствен спас!
Те молам ПОМИЛУЈ НАС!


Изменето од spiros - 25.Октомври.2008 во 08:50
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 06:55
Господ ни зборува

Ме нарекувате Господ, а сеуште Сум далеку од вашите срце.

Ме нарекувате Учител, а не учите од Мене.

Ме нарекувате Пат, а сепак не Ме следите.

Ме нарекувате Вистина, а не Ме сведочите.

Ме нарекувате Љубов, а не Ме љубите.

Ме нарекувате Пастир, а бегате од Моето стадо.

Ме нарекувате Врата, а не чукате на неа.

Ме нарекувате Вечен, а постојано Ме убивате.

Ме нарекувате Спасител, но сепак не барате помош.

Ме нарекувате Извор, но не пиете од Него.

Ме нарекувате Леб, а сепак не јадете од Него.

Ме нарекувате Судија, а се судите еден со друг.

Ме нарекувате Исцелител, а одите кај „лекувачи“ и предвидувачи на иднината.

Ме нарекувате Благ, а се мразите еден со друг.

Ме нарекувате Милостив, а вие не покажувате милост.

Ме нарекувате Човекољубец, а се убивате еден со друг.

Ме нарекувате Праведен, а вие не покажувате праведност.

Ме нарекувате Свет, a сепак не се осветувате себеси со Мене.

Ме нарекувате Отец, а се откажувате од Мојот дом.

Ме нарекувате Цар, а не влегувате во Моето Царство.


Во свое време повторно ќе дојдам со сета Моја слава, тогаш каков одговор ќе дадете???



Изменето од Maran Ata - 25.Октомври.2008 во 06:57
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.