IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите стихови во Библијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите стихови во Библијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 98>
Автор
Порака Обратен редослед
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2013 во 10:17
Јаков: 2:5
Послушајте, возљубени браќа мои, не ги избра ли Бог оние, кои се сиромаси пред светот, за да бидат богати во вера и наследници на Царството, кое им го ветил на оние, кои Го љубат?


Лука: 6:35

Туку вие љубете ги непријателите ваши и чинете добро, и на заем давајте, не очекувајќи ништо. Така, ќе биде голема наградата ваша и ќе бидете синови на Севишниот; зашто и Он е добар кон неблагодарните и кон лошите.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2013 во 10:34
ШТО НАВИСТИНА ГИ ОПОГАНУВА ЛУЃЕТО

Исус му рече на народот: Слушајте Ме внимателно.
Ни една храна што ја јадете нема духовно да ве опогани, туку лошите зборови и постапките ве опогануваат!
Тогаш апостолите го прашаа за значењето на споредбата.А Исус им рече: Зар и вие сеуште не разбирате? Зар не сваќате дека храната што ја јадете духовно не ве опоганува, зашто таа не влегува во срцето, туку во стомакот, и одтаму се исфрла! Со ова Исус го одобри секој вид храна. Потоа продолжи: Човекот духовно се опоганува од она што излегува од него. Зашто натре, од човечкото срце излегуваат грешни мисли кои водат кон неморал, ктажби, убиства, брачни неверства, алчност, лошотија, измами, завист, навреди , горделивост и безумија. Сите овие лоши работи излегуваат однатре и тие се што го поганат човекот. Марко 7:14-23.




РАСПРАВИЈА ОКОЛУ ОБИЧАИТЕ И ТРАДИЦИИТЕ

Околу Исус се собраа неколку фарисеи и вероучители, дојдени од Ерусалим. Тие забележаа дека Исусовите ученици не го практикуваат ритуалот миење раце пред јадење, и тоа миејње раце до лакти. Кога се враќаат од пазар го прават истото, и се држат и до многу други преданија, како што се ритуално миење на чинии, и стомни и други садови. Затоа Фарисеите и вероучителите го прашаа Исуса: Зошто Твоите следбеници не постапуваат според преданијата од старите, седнуваат да јадат без ритуално да си ги измијат рацете? Исус им одговори: Лицемери! Убаво рекол за вас Бог , преку пророкот Исаија: ОВОЈ НАРОД МЕ ПОЧИТУВА СО УСТАТА, но срцето му е далеку од Мене!
Се залажуваат дека Ме почитуваат, а всушност ги шират своите човечки обичаи како да се Мои заповеди! Вие ги оставивте Божјите заповеди, а ги чувате човечките преданија! И многу други вакви работи правите.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2013 во 11:09
ОЖИВЕНИ СО ХРИСТОС


Ефисјаните 2

1 И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови,
2 во кои живеевте некогаш според векот на овој свет, според кнезот на воздушните сили - духот, кој дејствува сега меѓу синовите на непокорноста.
3 Меѓу овие, и ние живеевме некогаш во своите телесни страсти, извршувајќи ги похотите на телото и на помислите и бевме по природа чеда на гневот како и сите други.
4 Но Бог, Кој е богат во милост - поради Својата голема љубов со која нè возљуби нас,
5 нè оживе заедно со Христа и нас, кои бевме мртви поради нашите гревови, - по благодат сте спасени! -
6 и со Него нè воскресна и со Него нè седна во небесните места, во Христа Исуса,
7 та, во идните векови да го покаже преголемото богатство на Својата благодат, според Својата добрина кон нас во Христа Исуса.
8 Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар!
9 Не од делата, за да не се фали некој.
10 Имено, Негово дело сме, создадени во Христа Исуса, за добри дела, кои Бог ги подготви однапред, за да живееме во нив.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2013 во 11:15
ПСАЛМИ
105:3
Фалете се со Неговото свето име, нека се радува срцето на оние, кои Го бараат Господа!
106:1 Алилуја! Фалете Го Господа, зашто е благ! Зашто е вечна Неговата милост!

www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2013 во 10:07
КОГА ЌЕ СЕ ВРАТИ ХРИСТОС ?


Матеја 24

32 ”А од смоквата научете ја поуката! Кога нејзината гранка ќе смекне и ќе пушти лисја, знаете дека летото е близу.
33 Така и вие, кога ќе го видите сè тоа, знајте дека е близу - пред вратата!
34 Вистина ви велам, ова поколение нема да помине додека не се збидне сè тоа.
35 Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат.”
36 ”А за оној ден и час, никој не знае, ни небесните ангели, а само Мојот Татко.
37 Како во Ноевите денови, така ќе биде и при доаѓањето на Човечкиот Син.
38 Зашто, како во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и мажеа, до денот кога Ное влезе во ковчегот,
39 и не знаеја додека не дојде потопот и однесе сè, така ќе биде и доаѓањето на Човечкиот Син.
40 Тогаш двајца ќе бидат на полето, еден ќе биде однесен, а другиот оставен.
41 Две жени ќе мелат на мелница; едната ќе биде однесена, а другата оставена.
42 Затоа, бдејте, зашто не знаете кога ќе дојде вашиот Господ!
43 А знајте го ова: ако домаќинот би знаел во која ноќна стража ќе дојде крадецот, би бдеел и не би дозволил да му се поткопа куќата.
44 Затоа и вие бидете готови, зашто Човечкиот Син ќе дојде во час, кога не мислите.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2013 во 10:02
1 Коринтјаните


5 Па што е Павле? Што е Аполос? Слуги преку кои вие поверувавте и тоа според она, колку кому Господ му дал.
6 Јас посадив, Аполос навади, но Бог прави да расте.
7 Затоа: ниту оној кој сади, е нешто; ниту оној кој навадува, туку Бог, Кој прави да расте.
8 А оној, кој сади и оној, кој вади - едно се, но секој ќе ја прими својата награда според својот труд.
9 Ние сме соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божја зграда.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2013 во 10:23
ЕВРЕИТЕ 13

8 Исус Христос е ист вчера, и денес, и довека.
9 Не дозволувајте да ве заведат со разни и туѓи науки, зашто е добро срцето да биде зацврстувано во благодат, а не со јадења, од кои немаа полза оние, кои живееја преку нив!
10 Ние имаме жртвеник, од кого немаат право да јадат служителите на Шаторот
11 Бидејќи телата на животните, чија крв првосвештеникот ја внесува во Светилиштето за гревовите, се изгоруваат надвор од станот,
12 затоа и Исус, за да го освети народот преку Својата крв, пострада надвор од градската порта.
13 И така, да појдеме кон Него, надвор од станот, носејќи ја Неговата мака,
14 зашто тука немаме траен град, туку го бараме идниот.
15 И така, преку Него да Му принесуваме постојано на Бога пофална жртва, односно: плод на усните, кои го исповедуваат Неговото име.
16 А не заборавајте ги: добротворството и делењето со другите, зашто со такви жртви Му се угодува на Бога!
17 Бидете им послушни на вашите водачи и покорувајте им се, зашто тие бдеат над вашите души како оние, кои ќе одговараат за тоа; за да го прават тоа со радост, а не со воздишки, зашто тоа не би било полезно за вас.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2013 во 10:29
2 Солунјани: 3:16

А Самиот Господ на мирот да ви даде мир секогаш и на секаков начин. Господ да биде со сите вас!
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2013 во 10:19
Псалми23


1 Господ е Пастир мој; ништо нема да ми недостасува,
2 На зелени пасишта Тој ми дава починка; При тивки води - ме води.
3 Ја освежува мојата душа, ме води по патеките на правдата, поради Своето име.
4 Ако тргнам и низ долината на смртната сенка, нема да се уплашам од злото, зашто Ти си со мене. Твојот жезал и Твојата палка ме утешуваат.
5 Приготвуваш трпеза пред мене, пред погледот на моите непријатели. Ја помаза мојата глава со масло, мојата чаша се прелева.
6 Навистина, благоста и милоста ќе ме следат, низ сите денови на мојот живот. И јас ќе престојувам во Господовиот дом засекогаш.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2013 во 10:14
Јован: 3:15 та секој, кој верува во Него да не загине, но да има вечен живот.
3:16 Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.
3:36 Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не се покорува на Синот, нема да види живот, туку Божијот гнев останува врз него.”


Јован
6:27 Работете не за храна што се расипува, но за храна што останува за вечен живот, а што ќе ви ја даде Човечкиот Син, зашто Бог Таткото Го потврди Него за тоа!”
6:40 Зашто тоа е волјата на Мојот Татко, секој што ќе Го види Синот и поверува во Него - да има вечен живот, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.”
6:47 Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене има вечен живот.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2013 во 11:05

1 Јован 3

1 Гледајте каква љубов ни дал Таткото: да се наречуваме Божји деца. А тоа и сме! Затоа светот не нè познава нас, зашто не Го позна Него.
2 Возљубени, сега сме Божји деца, и уште не се откри што ќе бидеме; но знаеме: кога ќе се открие ќе Му бидеме слични, зашто ќе Го гледаме Онаков Каков што е.
3 И секој кој ја има оваа надеж во Него, се очистува самиот, како што е и Тој чист.
4 Секој кој врши грев, врши и беззаконие; и гревот е беззаконие.
5 И знаете дека Тој се јави за да ги отстрани гревовите, а во Него нема грев.
6 Секој кој останува во Него, не греши; секој кој греши, не Го видел Него, ниту Го познал.
7 Дечиња, никој да не ве заблудува. Кој врши правда праведен е, како што е Тој праведен.
8 Кој врши грев од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот. Затоа се јави Божјиот Син, за да ги разурне делата на ѓаволот.
9 Секој, Кој е роден од Бога не врши грев, зашто Неговото семе останува во него; и не може да греши, зашто е роден од Бога.
10 По ова се познаваат Божјите деца и ѓаволските деца: секој, кој не врши правда и не го љуби својот брат, не е од Бога.



И така, што да речеме на ова? Ако е Бог за нас, кој ќе биде против нас?
32 Оној, Кој не Го поштеди ни сопствениот Син, туку Го предаде за сите нас, како не ќе ни подари сè друго со Него?
33 Кој ќе ги обвини Божјите избраници? Бог ли, Кој ги оправдува?
34 Кој е оној кој ќе ги осуди? Христос Исус ли, Кој умре - но уште и воскресна - Кој е од десната страна на Бога и Кој се застапува за нас?
35 Кој ќе нè одвои од Христовата љубов? Неволјата ли, или притеснувањето, или гонењето, или гладот, или голотата, или гибелта или мечот?
36 Како што е напишано: „Заради Тебе нè убиваат постојано, нè сметаат како овци за клање.”
37 Но во сè ова победуваме надмоќно преку Оној, Кој нè возљуби.
38 Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите,
39 ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ.РИМЈАНИТЕ 8
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2013 во 08:54
Одамна ја немам прочитано библијата и, многу работи сум заборавил.
Колку што се сеќавам во неа тој секогаш е со лоша воља, се нешто забранува, постојано прети со некакви закани, со некакви казни,  со убиства, со страдања, жртви, крв  ... но не само што прети туку и ги извршува, постојано поддржува и помага војни (се разбира на сопствениот народ) ...
Неможам да се сетам, каде во библијата пишуваше дека бог бил расположен, дека се насмеал, дека се израдувал или дека тоа им го препорачува на луѓето?
Затоа би ги замолил читателите доколку ги најдат тие стихови, да ги пишат.
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2013 во 10:16
Евреите: 13:5
Нека вашето однесување биде слободно од среброљубие. Бидете задоволни со она, што го имате, зашто Тој рече: „Никогаш нема да те напуштам, ниту ќе те оставам!”


Исаија 61:1

„Духот на Господа Бога е на Мене, зашто Господ Ме помаза, Ме испрати да им донесам Радосна Вест на бедните, да ги излечам скршените срца; да им проповедам слобода на заробениците и ослободување на оние во темница;
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2013 во 10:22
Римјаните: 5:9,10

Сега, откако сме оправдани во Неговата крв, многу повеќе ќе се спасиме од гневот Божји преку Него.
Зашто, ако сме помирени со Бога преку смртта на Неговиот Син, додека бевме непријатели; толку повеќе - веќе помирени - ќе се спасиме во Неговиот живот.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 98>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.