Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2015 во 17:17 |
КОИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СЕ ИДЕАЛНИ ЗА ДОЛГИ ВРСКИ? Проблемот со долгите врски најчесто настанува во моментот кога страста почнува да избледува. Па, како што постојат луѓе кои остануваат и се борат за таа повторно „да живне“, така има луѓе кои се откажуваат и си заминуваат. Во која група спаѓате вие – во првите, кои се идеални за долги врски или од оние вторите, со кои е невозможно да се посигне долгорочна љубов? Хороскопот може да ви открие: Овен Склони се кон нагло одлучување со кој и кога сакаат да се врзат, односно импулсивно се впуштаат во емотивни односи. Проблемите настануваат кога страста ќе почне да се гаси. Ако не успеат да ја вратат, многу лесно можат да ја прекинат врската. На Овните им е важно да чувствуваат силни импулси, желба и динамика во односот, затоа што единствено така може да трае. Бик
Биковите обожаваат долги и сериозни врски од проста причина – ја сакаат стабилноста и секогаш сакаат да знаат на што се. На нив им е важно партнерот да им биде верен и врската да биде сериозна, па дури и по цена да е здодевна понекогаш. Дури и ако се изгубат страстите тешко ја прекинуваат врската затоа што не сакаат промени. Близнаци
Близнаците по природа се променливи, сакаат да фантазираат, па многу лесно ги менуваат емоциите и мислењата. Тие често сакаат да предизвикаат љубомора кај партнерот флертувајќи со други, но само за да си поиграат. Важно им е да им биде постојано забавно, но и да имаат добра комуникација со партнерот. Ако нешто од тоа недостасува, лесно го менуваат стариот партнер за нов. Рак
Раковите се едни од најемотивните знаци, но исто така знаат да бидат и пресметливи кога нив им одговара. Тие се идеални кандидати за сериозна врска затоа што сакаат емотивна стабилност. Меѓутоа, исто така долго знаат да патат и да трпат во лошите врски, затоа што не знаат како да ги прекинат. Лав
Лавовите имаат силно и емотивно срце, заради кое се во состојба да сакаат до срж. Меѓутоа, пред да ја пронајдат вистинската личност може да експериментираат со повеќе кратки врски, па дури и да бидат промискуитетни. Но, за среќа кога Лавот сака нешто сериозно, јасно го покажува. Девица
Девиците се уште еден променлив знак. Сакаат емотивна стабилност и сакаат да имаат сериозна врска, но ако случајно направат грешка во процената на личноста, лесно ја менуваат. Иако сакаат да им угодуваат на другите, сепак овој знак секогаш на прво место се става себеси и своите потреби. Се задржуваат во долги врски само кога нив така им одговара. Вага Вагите сакаат постојано да имаат партнер до себе затоа што не ја сакаат самотијата. Лесно влегуваат во нови врски. Важно им е да добиваат комплименти и сакаат партнери кои го хранат нивното его. Одлични кандидати се сериозни врски, но пред да се врзат сакаат да играат топло-ладно. Скорпија
Скорпиите се целосно предадени кога искрено сакаат, го даваат максимумот и секоја емоција ја вложуваат во врската. Се трудат да бидат верни и во тоа успеваат само ако се заљубени. Ако откријат лага или неверство, не простуваат и се одмаздуваат. Не е лесно да се биде во врска со Скорпија која сака се да има под контрола, вклучувајќи го и самиот партнер. Стрелец
Ова е знакот со кој најтешко може да остварите сериозна врска. Тие сакаат и сметаат дека можат, но само во теорија. Во пракса се нервозни кога ќе помислат дека мораат да бидат со само еден човек. Не сакаат монотонија. Со нив може да имате сериозна врска само ако сте подготвени на разбирање за нивните хирови. Јарец
Уште еден одличен кандидат за сериозна врска е Јарецот. Кај него се е по правила, па кога ќе вложат емоции очекуваат истите да ги добијат од партнерот. Одлични се за брак, затоа што се посветени и семејството им е на врвот на приоритети. Водолија
Водолијата малку потешко ќе ја убедите да влезе во сериозна врска. Меѓутоа, ако успеете во тоа, имајте на ум дека нив пријателството им е на прво место. Ако сакате да остварите сериозна врска со Водолија, сметајте дека мора да бидете пријатели, па потоа љубовници. Покрај тоа, мора да ја трпите нивната егоцентрична природа од која не се откажуваат до крајот на животот. Риби
Рибите може лесно и непромислено да се впуштат во љубовна врска, ако чувствуваат пеперутки во стомакот. Тие се романтичари кои имаат потреба од секојдневно внимание. Ако чувствуваат дека ги игнорирате нивните емотивни потреби и им ја крадете слободата, од рај, врската може да ви се претвори во пекол.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2015 во 17:15 |
ФАКТИ КОИ СИГУРНО НЕ ГИ ЗНАЕВТЕ ЗА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ Иако сите мислиме дека знаеме баш сè за карактеристиките на хороскопските знаци, на некои постапки сигурно не можеме да сметаме, ниту пак можеме да ги предвидиме. Затоа денес ви откриваме некои факти кои сигурно не сте ги знаеле за хороскопските знаци, за во иднина да не бидете изненадени од некои нивни постапки. 
ОвенНе можете да претпоставите дека Овните ќе застанат на ваша страна само поради тоа што ве сакаат, сè додека не останете осамени поради различното мислење кое го имаат луѓето околу вас. БикНе можете да замислите колку грижливи и посветени можат да бидат тие, сè додека не ве прегрнат и не ви помогнат целиот товар да ви падне од рамената… БлизнациНе можете да претпоставите колку пати во животот луѓето им давале причина да заплачат, а тие само го завртувале другиот образ и продолжувале понатаму. РакНе можете да замислите колку пати тие прифатиле да бидат главните виновници, само за да не бидете вие обвинети. 
ЛавНе можете да претпоставите колку Лавовите се спремни да се борат за вас, сè додека не им ја убиете и последната надеж за конечно да дигнат раце од понатамошната борба. ДевицаНе можете да претпоставите колку пати Девиците го премолчиле и го сокриле нивното мислење за вас, само да не ве повредат. ВагаНе можете да замилите колку пати досега Вагите предвиделе нешто само затоа што сте им биле во мислите. СкорпијаНе можете да поверувате дека Скорпиите се луѓе кои, макар и тајно, ќе водат сметка за сите, дури и кога нема никој да води сметка за нив. 
СтрелецНе можете да замислите колку многу Стрелците се борат да бидат самостојни, и тоа континуирано и без одмор. ЈарецНе можете да претпоставите колку пати досега Јарците застанале зад својот тим и се залагале за него, а тогаш биле напуштени и разочарани. ВодолијаНе можете да претпоставите колку сте ѝ посебни на Водолијата кога ќе си дозволи постојано да мисли на вас, сè додека потполно не ве исфрли од својот живот. РибиНе можете да замислите колку им се тенки ѕидовите кои ги имаат изградено околу себе и колку малку им е потребно за да ве пуштат во нивниот живот.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Ноември.2015 во 08:54 |
Проблемот со долгите врски најчесто настанува во моментот кога страста почнува да избледува. Па, како што постојат луѓе кои остануваат и се борат за таа повторно „да живне“, така има луѓе кои се откажуваат и си заминуваат. 
Во која група спаѓате вие – во првите, кои се идеални за долги врски или од оние вторите, со кои е невозможно да се посигне долгорочна љубов? Хороскопот може да ви открие: Овен Склони се кон нагло одлучување со кој и кога сакаат да се врзат, односно импулсивно се впуштаат во емотивни односи. Проблемите настануваат кога страста ќе почне да се гаси. Ако не успеат да ја вратат, многу лесно можат да ја прекинат врската. На Овните им е важно да чувствуваат силни импулси, желба и динамика во односот, затоа што единствено така може да трае. Бик
Биковите обожаваат долги и сериозни врски од проста причина – ја сакаат стабилноста и секогаш сакаат да знаат на што се. На нив им е важно партнерот да им биде верен и врската да биде сериозна, па дури и по цена да е здодевна понекогаш. Дури и ако се изгубат страстите тешко ја прекинуваат врската затоа што не сакаат промени. Близнаци
Близнаците по природа се променливи, сакаат да фантазираат, па многу лесно ги менуваат емоциите и мислењата. Тие често сакаат да предизвикаат љубомора кај партнерот флертувајќи со други, но само за да си поиграат. Важно им е да им биде постојано забавно, но и да имаат добра комуникација со партнерот. Ако нешто од тоа недостасува, лесно го менуваат стариот партнер за нов. Рак
Раковите се едни од најемотивните знаци, но исто така знаат да бидат и пресметливи кога нив им одговара. Тие се идеални кандидати за сериозна врска затоа што сакаат емотивна стабилност. Меѓутоа, исто така долго знаат да патат и да трпат во лошите врски, затоа што не знаат како да ги прекинат. Лав
Лавовите имаат силно и емотивно срце, заради кое се во состојба да сакаат до срж. Меѓутоа, пред да ја пронајдат вистинската личност може да експериментираат со повеќе кратки врски, па дури и да бидат промискуитетни. Но, за среќа кога Лавот сака нешто сериозно, јасно го покажува. Девица
Девиците се уште еден променлив знак. Сакаат емотивна стабилност и сакаат да имаат сериозна врска, но ако случајно направат грешка во процената на личноста, лесно ја менуваат. Иако сакаат да им угодуваат на другите, сепак овој знак секогаш на прво место се става себеси и своите потреби. Се задржуваат во долги врски само кога нив така им одговара.

Вага Вагите сакаат постојано да имаат партнер до себе затоа што не ја сакаат самотијата. Лесно влегуваат во нови врски. Важно им е да добиваат комплименти и сакаат партнери кои го хранат нивното его. Одлични кандидати се сериозни врски, но пред да се врзат сакаат да играат топло-ладно. Скорпија
Скорпиите се целосно предадени кога искрено сакаат, го даваат максимумот и секоја емоција ја вложуваат во врската. Се трудат да бидат верни и во тоа успеваат само ако се заљубени. Ако откријат лага или неверство, не простуваат и се одмаздуваат. Не е лесно да се биде во врска со Скорпија која сака се да има под контрола, вклучувајќи го и самиот партнер. Стрелец
Ова е знакот со кој најтешко може да остварите сериозна врска. Тие сакаат и сметаат дека можат, но само во теорија. Во пракса се нервозни кога ќе помислат дека мораат да бидат со само еден човек. Не сакаат монотонија. Со нив може да имате сериозна врска само ако сте подготвени на разбирање за нивните хирови. Јарец
Уште еден одличен кандидат за сериозна врска е Јарецот. Кај него се е по правила, па кога ќе вложат емоции очекуваат истите да ги добијат од партнерот. Одлични се за брак, затоа што се посветени и семејството им е на врвот на приоритети. Водолија
Водолијата малку потешко ќе ја убедите да влезе во сериозна врска. Меѓутоа, ако успеете во тоа, имајте на ум дека нив пријателството им е на прво место. Ако сакате да остварите сериозна врска со Водолија, сметајте дека мора да бидете пријатели, па потоа љубовници. Покрај тоа, мора да ја трпите нивната егоцентрична природа од која не се откажуваат до крајот на животот. Риби
Рибите може лесно и непромислено да се впуштат во љубовна врска, ако чувствуваат пеперутки во стомакот. Тие се романтичари кои имаат потреба од секојдневно внимание. Ако чувствуваат дека ги игнорирате нивните емотивни потреби и им ја крадете слободата, од рај, врската може да ви се претвори во пекол.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Ноември.2015 во 18:24 |
ПО ОВИЕ ЗНАЦИ ВО ЗОДИЈАКОТ СЕ ВРТАТ БУКВАЛНО СИТЕ: ДАЛИ ПОГОДУВАТЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈУБАВИ ЗНАЦИ ВО ХОРОСКОПОТ? | | Не велиме дека оваа поделба е исклучива, но според хороскопот, ова се трите најубави знаци. ВагаТие се буквално како извајани. Без разлика дали се работи за машки или женски припадници на овој знак, Вагата претставува синоним за убавина. Ова е убедливо најубавиот знак во зодијакот. Како и кај Бикот, планетата Венера токму тука се чини дека несебично успеала да го спакува совршенството без маана во едно суштество, со тоа што била несебична кога се работи и за убавите манири и префинетото држење. Вагите се кокетни и харизматични, и речиси секогаш емитуваат некакви заводливи пораки. Најубавите познати Ваги се Моника Белучи и Мет Дејмон. СкорпијаКажано накусо – Скорпиите се богови на харизмата. Тие поседуваат магнетна привлечност и едноставно кажано се неодоливи. Нивната конституција е ситна и мускулеста. Очите им претставуваат најсилно оружје во за нив омилената функција на заведување. Нивниот поглед делува двосмислено и мистериозно, а кога поради нешто се лути, тогаш тие едноставно "стрелаат" со својот поглед. Нивниот став е провокативен. Познати Скорпии се Деми Мур и Леонардо Ди Каприо. ЈарецКоскестата градба и потенцираните јаболчици на Јарците им даваат одлична предиспозиција за да се занимаваат со манекенство. Ова е најфотогеничниот знак од зодијакот и е вистинска штета што тие едноставно не уживаат пред објективите. Овој знак речиси и да не располага со гестикулација, па со тоа изразите од нивното лице тешко ќе успеете да ги прочитате. Припадниците на овој знак често имаат речиси провидно сини очи и светла коса. Нивното движење е одлучно и сигурно. Тие имаат апсолутно правилно држење на телото. Како најпознат Јарец би ја издвоиле Кејт Мос. |
|
Изменето од Valerija - 02.Ноември.2015 во 18:24
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Ноември.2015 во 17:11 |
ЗОШТО ЛУЃЕТО ВЕ САКААТ: КОИ СЕ НАЈДОБРИТЕ СТРАНИ НА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ? Секој хороскопски знак има одредени карактеристики со кои ги освојува луѓето. Откријте кои се вашите и зошто луѓето обожаваат да бидат во ваше присуство… Овен – детски поглед кон светотПрипадниците на овој знак се истакнуваат по искреното, детско и помалку наивно гледиште кон светот. Поради тоа тие се радуваат и на некои ситници како да се најголемото нешто кое постои. Нивниот пристап е спонтан и директен, предизвикувајќи да изгледаат како никогаш во животот да не се разочарале. Бик – суптилно великодушенПрипадниците на овој знак имаат голема шармантност и секогаш се подготвени да прават убави работи за другите, без притоа да бараат ништо за возврат. Тие можат да бидат многу великодушни, а тоа можете да го забележите уште на првата средба со нив. Вие веднаш ќе сфатите дека тие не прават ништо од корист, туку поради својата добра природа. Близнаци – предизвикуваат да се чувствувате посебноПрипадниците на овој знак се шармантни за многу нешта, но она што дефинитивно зрачи од нивниот карактер е лојалноста. Луѓето кои им се блиски можат секогаш да се потпрат на нив, знаејќи дека тие секогаш ќе ја имаат нивната поддршка. Рак – шармира со нежност и вниманиеПрипадниците на овој знак можат да бидат многу непријатни и незаинтересирани кон оние кои не им се допаѓаат на прв впечаток, но тие повеќе од кој било друг знак знаат кога и како да ја изразат својата нежност, внимание и љубов. Токму таа нивна топла страна е она што луѓето го сметаат за најшармантно кај нив. Лав – заразна позитивна енергијаВо добро расположение, припадниците на овој знак се најпосакуваното друштво кое човекот може да го има. Тие освојуваат со насмевки, шеги, но најмногу со позитивниот став, како и со надежта да отфрлат каков било песимизам. Девица – вистинска грижа за другитеПрипадниците на овој знак се оние типови луѓе кои навистина ги интересира што другите мислат, како нешто доживуваат или како се чувствуваат. Токму затоа и во разговорот лесно стануваат интимни со соговорникот, правејќи другите да го ценат нивниот интерес. Вага – чувство на стабилностПрипадниците на овој знак се често основата во меѓучовечките односи, а со тоа овозможуваат и огромна поддршка на другите. Без разлика колку е хаотична ситуацијата во нивниот живот, тие секогаш делуваат стабилно, мирно и самоуверено. Скорпија – освојува со проникливостПрипадниците на овој знак можат да бидат шармантни на различни начини, но повеќето луѓе ќе се сложат дека ги издвојува начинот на кој ја искажуваат нивната одлична интуиција. Тие се исклучително проникливи, делуваат мудро и искусно. Стрелец – борец за правдаПрипадниците на овој знак се одликуваат со лојалност и неизмерна поддршка на оние кои ги сакаат или кои им се блиски. Дури и ако вчера сте запознале Стрелец, тој денес без сомнение ќе стои на ваша страна и ќе ве брани од оние кои вам ви нанеле неправда. Јарец – освојува со грижаНаспроти нивниот озбилен изглед, припадниците на овој знак уште во првите реченици ќе ви откријат колку тие навистина се грижат за вас. Водолија – забавува со хуморПрипадниците на овој знак се вистински шармери. Не е возможно да не ја забележите нивната способност дури и во најлошите ситуации да се пошегуваат и да ги насмеат сите околу нив. Главниот темел на нивниот шарм е малку изобличената смисла за хумор. Риби – шармираат со суптилностПовеќе од кој било друг зрак во Зодијакот, Рибите се одликуваат со суптилност и спонтаност, па токму затоа и сите се чувствуваат пријатно во нивно друштво. Основата на нивниот шарм се состои од опуштената атмосфера која ја создаваат со својата присутност, смирени изјави и лежерен став.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Октомври.2015 во 21:54 |
БЕГАЈТЕ ОД НИВ: ОВА Е УБЕДЛИВО НАЈПОВРШНИОТ ЗНАК ВО ХОРОСКОПОТ! | | Кој кажа дволични? Ова е само благ израз за овие бескарактерни личности, кои што мислат едно, друго и трето, а потоа прават нешто десето. Овојпат се работи токму за Близнаците. За нив се вели дека се површни, при што тие се во состојба да се воодушевуваат на едно нешто со часови, за потоа буквално да мислат нешто сосема спротивно во врска со истото нешто. Тие се обидуваат да изигруваат манипулатори, додека вистинската вистина е дека толку многу се заплеткуваат и самите во своите манипулации и лаги што потоа повеќе не знаат ниту што сакале, ниту кон каде се упатиле. Многу сакаат, многу започнуваат, а на крајот ништо не завршуваат – ете токму ова е вистинската вистина за сите личности кои што иритираат до максимум со своето постојано зборување и озборување каде и да стигнат.  Ако токму некој во овој знак од хороскопот ви ветил нешто со сигурност, тоа значи и дека залудно се надевате, бидејќи тие немаат никакво чувство за одговорност. Но, Близнаците не го прават ова поради некаква страст, туку затоа што едноставно им е достадно, па токму затоа, одвреме-навреме нешто мора да направат за да се случи некаква промена. Ако сакате да ги оттурнете колку што е можно подалеку од себе, кажете им дека сакате брак, деца и мирен семеен живот и тие ќе исчезнат за миг. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Октомври.2015 во 14:27 |
Дали си одговарате според хороскопскиот елемент?
12 знаци од Зодијакот се поделени во 4 групи, во зависност од тоа на кој елемент му припаѓаат. Астрологијата посветува големо внимание на елементите, бидејќи тие играат клучна улога во нашиот однос со другите луѓе. Според припадноста на одреден елемент, хороскопските знаци се поделени на 4 групи: Елемент Земја: Бик, Девица, Јарец Елемент Оган: Овен, Лав, Стрелец Елемент Вода: Рак, Шкорпија, Риби Елемент Воздух: Близнаци, Вага, Водолија Дали си одговарате според хороскопскиот елемент? Оган и Оган Ова е многу интересна комбинација, кога врските се во прашање. Врската меѓу две личности кои припаѓаат во знакот Оган знае да биде доста интензивна, со чести промени во расположението. Понекогаш таа врска е многу страсна, но има денови и кога е напната, проследена со чести караници и судири на егото на двата партнери. Сепак, оваа комбинација има и добра страна. Не постои злоба, ни замерки, а на огнените знаци никогаш не им е здодевно кога се заедно. Оган и Земја Ваквата комбинација може да прерасне во доста стабилна врска, но сепак не е најдобар избор, бидејќи тензијата ќе биде неизоставен дел од врската. Огнените знаци не сакаат рутини и секогаш се расположени за промени. Земјените знаци пак воопшто не сакаат промени. Добрата страна на оваа комбинација е креативноста која би можела да произлезе од врската меѓу воден и земјен знак. Оган и Воздух Ова е можеби најлошата љубовна комбинација. Огнените и воздушните знаци не можат да најдат заеднички јазик, па често ќе страдаат во врската. Оган и Вода Уште една чудна комбинација, која зависи и од други фактори освен влијанието на елементите. Ако другите фактори влијаат поволно, партнерите би можеле да создадат добра врска. Во спротивно, огнените и водените знаци тешко ќе можат да ги надминат разликите. Земја и Воздух Земјените и воздушните знаци може да создадат добра врска, доколку знаат да функционираат како тим и да создадат продуктивна врска. Лошата страна на оваа комбинација е природата на воздушните знаци кои честопати знаат да критикуваат, па земјениот знак ќе биде несреќен и потчинет. Земја и Земја Во суштина добра комбинација, партнерите добро се разбираат, секој од нив ги знае потребите на другиот, се надополнуваат… Ваквата комбинација може да им донесе внатрешен мир и стабилност. Негативната страна на оваа комбинација е песимизмот карактеристичен за земјените знаци. Ако едниот од партнерите е песимист, може негативно да влијае на другиот, а ако и двата се песимисти, можете да претпоставите каква ќе биде врската. Земја и Вода Енергиите на земјените и водените знаци одлично се согласуваат, па ова е супер комбинација. Врската меѓу личности родени во знакот на земјата и водата може да биде многу стабилна и продуктивна. Вода и Вода Шансите за успешна врска на два водени знаци се поделени. Или врската ќе успее и ќе биде прекрасна, или воопшто нема да успее. Водата ги претставува емоциите, па ова ќе биде доста емотивна врска, но од двата партнери ќе зависи дали ќе напредуваат или ќе западнат во лоша врска. Вода и Воздух Водените знаци сакаат нештата да се одвиваат според нивното темпо и потреби, а воздушните имаат потреба од поголема активност и забрзување на нештата, а како резултат на тоа врската ќе има чести емоционални кризи. Воздух и Воздух Оваа комбинација на енергии води кон врска во која партнерите може да разговараат со денови, а ништо да не си кажат, едноставно да не се разбираат меѓусебно, колку и да се трудат.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Октомври.2015 во 08:09 |
Некои се посветени на својата кариера, а други пак на семејството, некои забораваат на романтиката во бракот, а други пак се неверни. 
Какви се хороскопските знаци во бракот? Овен Мажот Овен лесно се одлучува за брак, не бега од одговорностите и сака да доминира. Покрај себе сака убава и паметна сопруга, која ќе му даде доволно слобода. Често се случува да бара дополнително задоволство надвор од домот. Жената Овен секогаш ќе ги подржува амбициите на партнерот, бидејќи покрај себе сака успешен сопруг. Ќе ги исполнува сите брачни обврски, но нема да сака да се откаже од своите интереси. Активна е и секогаш добро организирана. Склона е на љубоморни испади. Бик
Мажот Бик е многу посветен на сопругата и децата. Секогаш се труди на семејството да му обезбеди сè најдобро во животот. По природа е мирен и добродушен. Мажот Бик е еден од најстраствените мажи во хороскопот. Жената Бик истото така е посветена на брачната заедница и подготвена е да жртвува сè само за да ја сочува хармонијата. Ја подржува изреката дека љубовта доаѓа од стомакот, па затоа таа е одлична домаќинка. Од сопругот очекува да биде успешен и да и овозможи сигурност. Близнаци
Мажот Близнак не е најидеален партнер за брак. Животот со нив може да ви биде убав, интересен и опуштен, но покрај себе сакаат да имаат сопруга која нема да ги ограничува. Од друга страна пак, Близнаците и на својата сопруга и даваат потполна слобода. Шармантен е и сака да флертува. Жената Близнак по малку е несигурна, но подготвена е да се менува во име на бракот. Често многу е приврзана за својот сопруг. На жената во овој хороскопски знак и одговараат мажи кои можат интелектуално да ја предизвикуваат. Не е тип на сопруга која ќе даде сè за семејството. Рак
Мажот Рак е традиционален и силно се приврзува за семејството, но за семејството од кое потекнува. Иако важи за идеален партнер, не е лесно да се живее со него. Најмногу време сака да поминува дома и знае да биде вистински домаќин. Жената Рак е чувствителна и верна на својот сопруг. Таа пред сè е мајка која е полна со љубов и разбирање. Семејството ѝ е најважно. Бара сопруг кој во секој момент ќе и биде потпора и ќе ја заштитува. Лесно стапува во брак и уште полесно се препушта на иницијативата на партнерот. Лав
Мажот Лав сака да биде центар на светот на својата сопруга. Смета дека сите во семејството треба да му бидат подредени. Како родител воопшто не е строг, бидејќи самиот е едно големо дете. Неговата сопруга мора да биде убава, негувана и секогаш дотерана. Жената Лав е организирана и секогаш наоѓа време за сè, па домашните обврски никогаш не ги запоставува. За амбициозните мажи таа е идеална прилика. Нејзината појава ги воодушевува сите, па со гордост ќе можете да ја покажете на семејството и пријателите. Лојална е и страствена. Девица
Мажот Девица во бракот сигурно ќе биде највредниот маж кој некогаш сте го запознале и некој кој на прв поглед сите би го посакале. Не е посесивен, но не е ни посебно страствен. Често е конзервативен со сфаќањата и не е многу романтичен. Жената Девица е аналитична и доколку не се одлучи за брак од интерес, тогаш во брачната заедница таа е чувствителна сопруга и мајка. Способна е сè да држи под контрола. Од мажот очекува да биде одговорен. Често делува како ладна личност и физичкото задоволство не и е примарно.

Вага Мажот Вага е вистински уметник во љубовта, но не е некој на кого му одговара брачниот живот. Тешко се прилагодува. Го привлекуваат жени кои се грижат за сопствениот изглед и кои умеат да се спротивстават кога е потребно. Страсни се, но и неверни. Жената Вага привлечна и софистицирана жена која секогаш е опкружена со додворувачи. Таа е идеал за кој сонуваат сите мажи. Во бракот тежнее кон хармонија. Жената Вага е вистинска дама која не преферира да ги извршува домашните работи. Сопругот треба да ја и обезбеди луксузен живот. Скорпија
Мажот Скорпија е посесивен и љубоморен сопруг. Со него тешко може да се достигне среќа во бракот. Непријатните ситуации можат да се избегнат доколку сопругата постојано му ја покажува својата голема љубов. Не сака ладни и доминантни жени, бидејќи смета дека е „глава“ на семејството. Жената Скорпија сериозно му пристапува на бракот. Партнерот го одбира со срцето, а не разумот. Подготвена е да направи сè за да ги усреќи сопругот и децата. Од друга страна, очекува да биде сакана и бескрајно почитувана. Стрелец
Мажот Стрелец е роден авантурист како во животот, така и во љубовта. Не тежнее кон брак по секоја цена. Неговата сопруга мора да биде елоквентна, забавна и способна да функционира и без него. На љубовта гледа потполно различно од другите, а љубомората воопшто не ја толерира. Жената Стрелец пред се е мудра и пријателски настроена како сопруга. Во состојба е да го следи секаде својот партнер. Во бракот не поднесува монотонија и сè ќе направи заедничкиот живот да не ѝ биде досаден. Потребен ѝ е некој кој знае како да се забавува. Јарец
Мажот Јарец најчесто е посветен на својата кариера, па доста доцна стапува во брак. Сопругата покрај него секогаш ќе чувствува сигурност, но ќе биде лишена од емотивни изливи на нежности. Несвесно секогаш одбира жена која сака да доминира, но очекува и неговите правила да ги почитува. Жената Јарец е како создадена за мажот кој сака мирен семеен живот без возбудувања. Мажот може да биде целосно сигурен во нејзината верност. Сепак, како сопруга, таа е ладна и воздржана. Не умее да ги покаже своите емоции, дури и тогаш кога е заљубена. Водолија
Мажот Водолија е непредвидлив и не е идеален за брак. Неговата избраничка не треба да ги отвори сите карти, ако сака да го задржи неговото внимание, бидејќи тој лесно може да се насочи кон некоја личност која е позабавна, поспособна и интересна. Жената Водолија е едноставна, необична и секогаш пријателски настроена кон својот сопруг. Од бракот бега сè додека не се појави оној Вистинскиот. Во кујната не се снаоѓа најдобро, но затоа ништо не крие и не се срами да ги покаже своите емоции. Склона е кон авантури, ако чувствува дека нејзиниот живот станал рутина. Риби
Мажот Риби е еден од најдобрите кандидати за брак. Подготвен е да ги исполнува сите желби на својата сопруга, ако има можност за тоа. Најголемиот дел од времето сака да го поминува со своето семејство. Тешко се одлучува да го ризикува брачниот живот за љубовница. Жената Риби е толку страствена што сите други жени ги фрла во сенка. Често нема доволно сила и волја своите фантастични идеи да ги спроведе во реалноста, па потребен и е маж кој ќе ја води низ животот. Од бракот не се откажува дури и кога чувствува дека повеќе среќа би нашла на некое друго место.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Октомври.2015 во 13:11 |
КАКВИ СЕ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ КОГА ИМ НЕДОСТАСУВА СЕКС? Овен Овните се вистински секс зависници. Тешко си ја контролираат зависноста од сексот и не сакаат ни најкратка апстиненција. Во тој случај се предаваат на еротските магазини и филмови, што понекогаш уште повеќе им ја разгорува фантазијата. Во таквите моменти не се ни најмалку тактични, ниту пак романтични. Бик
Биковите први тргнуваат во напад, но само кога ќе им се спојат емоциите со сексуалниот нагон. Тоа е причината зошто успешно ги контролираат сексуалните нагони. Иако се труди со ништо да не покаже колку е фрустриран, долгиот период без секс може да го загрози и воздржаниот бик. Утехата за своите фрустрации ја наоѓаат во храната и во еротските магазини кои му го ублажуваат чувството на празнина. Многу брзо се впуштаат во освојување на спротивниот пол, но вистинската страст ја покажуваат во креветот. Близнаци
Љубопитните Близнаци сакат секс и сакаат да ги менуваат своите партнери штом почувствуваат заситеност во врската. За нив сексот е многу важен па кога апстинираат се чувствуваат изгубено и дезориентирано. Ако сакаат да ве однесат во кревет знаат да бидат многу досадни. Немаат нерви за различни трикови, но се многу добри актери па додека да трепнете ќе ве прелажат. Откако ќе ве прелажат одат во потрага по нов извор на страст. Рак
Романтичниот Рак е еротско суштество, но нема силна потреба за секс. Долго се хранат со надежта за вистинската љубов, па сметаат дека за неа вреди да бидат изложени на долга апстиненција. Чувствата и сексуалниот нагон мора подеднакво да им бидат застапени, инаку ќе бидат разочарани и депресивни. Многу Ракови живеат во светот на еротските фантазии кои претставуваат компензација за реалниот сексуален живот. Лав
Лавовите размислуваат за секс 24 часа. Уживаат во водењето љубов, но сексот им го храни егото. Кога апстинираат се нервозни и се склони на вербални расправии. Тие сакаат да се фалат со сексуалните потфати и со бројот на партнерите. Па ако некој ви кажува колку е добар во кревет и ви ветува урнебесна вечер, знаете што е во хороскоп. Девица
Со нивниот ладен став оставаат слика за себе како да не им е воопшто дојдено до секс. Вистината всушност е дека тие сакаат многу нежности и галење. Недостатокот од секс многу тешко им паѓа, па стануваат непријатни за околината. Недостатокот од секс го компензираат со работа. Ако се во врска во која немаат доволно секс, ќе се одлучат за двоен живот. Вага Вагата не е зависник од секс туку од љубов. Романтични и нежни, тешко ја поднесуваат осаменоста и сексуалната неактивност, па во такви мигови знаат да се оддадат на промискуитет. Вагите се големи заводници, па сексуалните активности им го хранат егото и секогаш бараат признание или потврда. Скорпија
Незаситените Скорпии патат од синдромот на пренагласен секс. Нивната страствена природа ги принудува да си ги задоволуваат нагоните и тоа, што е можно почесто и што повеќе. Скорпиите може да ја изгубат самоконтролата и да станат опседнати со сексот. Кога освојуваат не се предаваат додека не го добијат посакуваното. Стрелец
Темпераментите Стрелци сакаат секс на секој можен начин. Веднаш би прифатиле секс за една ноќ, но тоа доживување брзо го забораваат. Сексуалната енергија ја ослободуваат преку спорт, рекреација и забава. Стрелците се спонтани и можеби токму тоа е тајната на нивната успешност во освојување на спротивниот пол. Јарец
Јарците со познати како луѓе со изразена самоконтрола и поради таа карактеристика можат долго да ги потиснуваат сексуалните нагони. Тоа не значи дека немаат никакви нагони напротив, тие се многу страствени, но се пребирливи кога е во прашање изборот на партнер. Јарецот е сексуално активен онолку долго колку што партнерот го привлекува. Затоа Јарците сексуалната апстиненција ја поднесуваат подобро од било кој друг знак. Можат да издржат без секс со месеци, па и со години, а тоа да не се забележи во нивното однесување. Водолија
Водолиите не се толку зависни од секс и долго можат да апстинираат. Подготвени се отворено да признаат колку долго сексуално не биле активни, мислејќи дека тоа е природна појава. Во сушниот период времето го пополнуваат со забава со пријателите или со некое хоби, додека не излезе некој спонтан интимен момент или врска. Лесниот плен не претставува предизвик за Водолиите. Риби
Рибите често се жртви на своите длабоки романтични чувства кои делуваат на секој дел од нивниот живот, па така и на сексуалните односи. Не разликуваат секс од љубов, па често се заљубуваат во оној партнер со кој имаат сексуални односи. Припадниците на овој знак не се зависни од секс, туку од потребата постојано да бидат сакани.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Октомври.2015 во 08:58 |
3-ТЕ НАЈОПАСНИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ: ТИЕ СЕ ПОДЛИ, ЗЛОБНИ И НЕИЗМЕРНО ОПСЕСИВНИ Вашиот хороскопски знак може многу да говори за вашиот карактер, изглед, добрите страни, како и за мааните. Имајќи го тоа на ум, постојат 3 знаци кои според ѕвездите се најлошите во целиот Зодијак. Погледнете за кои станува збор и откријте дали и вие сте паднале под нивното влијание… ДевицаДевиците се опсесивно компулсивни невротичари кои од стресот се ослободуваат така што го чистат станот или ја средуваат облеката. Тие се презафатени со своите обврски и никогаш ништо не им е доволно. Тие не познаваат љубов и не се способни да чувствуваат, па токму затоа сè во нивниот љубовен живот се врти околу секс. Само роботот би можел да биде поприсебен и поладен од Девиците. Тие кога тогаш без сомнение ќе ви забијат нож во грбот и тоа ќе биде промислено, анализирано и потврдено како најдобрата опција за нив. Девиците глумат толку добро, што со месеци нема да забележите дека дошло време да ве елиминираат. Дури тогаш кога ќе бидат сигурни во својот план, тие ќе ги откријат своите намери. Девиците исто така се и нарциси кои се грижат само за својот изглед и тежнеењето кон совршенство. Кај нив нема страст, прегратки, нежности, топлина… Да ги нема нивните невротични нервози и постојаното брзање кое со тек на време ќе пукне и ќе доведе до губење на нивната рационалност, вие би си помислиле дека имате работа со роботи. Но, немојте да ги помешате овие губења на контролата со емоции. Станува збор само за рефлекс со цел да се вратат повторно во нормала. СкорпијаСкорпиите често се самосожалуваат и се однесуваат деструктивно кон себе. Тие не можат сами да го поднесат својот јад, па токму затоа и мораат да повлечат уште 100-тина луѓе со себе. Доколку утре е крајот на светот, тие не би се шокирале, туку најверојатно би го дочекале во оргија. Смртта за нив не е ништо страшно и најчесто се возбудуваат на сите оние нешта кои обичните смртници ги сметаат за морничави. Скорпиите често се доживуваат како љубоморно посесивни психопати. Без секс, тие психички се разболуваат и си замислуваат дека им се подготвува голема завера. Скорпиите се емотивно незрели, недораснати, подли и злобни деца кои сакаат да се одмаздуваат и не се воздржуваат од ништо. Често се муртат и лутат, бесни се, плачат и гризат… Во тие моменти имаат тенденција да мразат со целата своја душа. Без разлика на годините, зрелоста или полот, кога длабоко ќе погледнете под нивната површина која најчесто делува интелигентно, опасно или лукаво, ќе најдете емотивно незрела личност, исплашена, на 5-годишна возраст. Но, тие сепак се огромни злопамтила и кога ќе ви се одмаздат, вие нема да ја помните ни причината за нивната лутина. ЈарецЈарците веруваат во судбина до крај, а зборот „извини“ не постои во нивниот речник. Вие можете да живеете покрај нив цел живот, да бидете заедно во брак, но сепак никогаш да не дознаете што имаат да ви кажат. Тие не знаат да ги искажуваат своите емоции преку зборови, па наместо „те сакам“ ќе ве дочека одбивање. Јарците би се продале за социјален статус. Тие се кукавици и бегаат во истиот момент кога ризикот ќе се зголеми. Бегањето и оставањето на цедило е нешто што го прават во текот на целиот нивен живот. Јарците се емотивно неписмени и не само што се неспособни да ги покажуваат своите емоциите, туку и не знаат како да ги примат или пружат. Тие се многу бавни, мрачни и сиромашни за да можете покрај нив да почувствувате вистинска радост и задоволство од животот. Токму затоа и најдобро е да се држите настрана од овие кукавици без емоции и многу комплекси.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Орка
Сениор
Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Октомври.2015 во 12:57 |
Види мајката,ја па се чудев како некои луѓе не можат да го склопат мозаикот...Кога оно до талентот било.
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Октомври.2015 во 08:22 |
Секој од нас има своја внатрешна сила, па важно е да откриете што е тоа што ве издвојува од другите. Кои се вашите скриени таленти според хороскопскиот знак во кој сте родени? 
Овен Овните се импулсивни, спонтани и со брзи рефлекси. Припадниците на овој хороскопски знак се интелигентни и активни, па спортските активности се како создадени за нив. Добро им оди сè што бара движење и динамика. Сакаат конК*ренција и индивидуални над тимски активности. Бик
Ако сте припадник на овој знак, големи се можностите дека добро готвите. Трпеливоста, истражувањето на новите готварски можности и откривањето на нови рецепти се омилено хоби на Биковите. Меѓу другото, умеат добро да ракуваат и со финансиите па можат да водат свој бизнис. Близнаци
Без разлика на тоа дали станува збор за рекламирање, преговарање или продажба, припадниците на овој хороскопски знак надарени се за убедување на другите. Близнаците се одликуваат со комуникативност, способност за ширење на информациите и интерес за луѓето околу нив. Рак
Припадниците на овој хороскопски знак успешно ги пренесуваат своите емоции во она што го работат во моментот и имаат вистински талент за разбирање и мотивирање на другите луѓе. Токму поради тоа, тие се одлични во улогата на професори, тренери или советници. Лав
Ако некој има способност да го привлече вниманието на себе, тогаш тоа со сигурност се припадниците на овој огнен знак. Токму поради тоа, Лавовите се одлични забавувачи. Хуморот и снаоѓањето во нови ситуации се нивните вистински таленти. Девица
Посветеноста на деталите не претставува никаков проблем за припадниците на овој знак, туку нешто вродено. Девиците на секоја задача се посветуваат максимално, а полето на интереси им е широко. Сепак, нивниот вистински талент е планирањето. Вага Праведниот пристап, советувањето без осуда и преговарањето се главните таленти на овој хороскопски знак. Општо, нивните таленти опфаќаат луѓе, а не предмети. Често се и уметнички талентирани, но овој талент го игнорираат, бидејќи веруваат дека така немаат финансиска сигурност. Скорпија
Интелигенцијата и логичкото размислување се главните карактеристики на припадниците на овој хороскопски знак. Најчесто ги интересираат работи кои другите тешко можат да ги сфатат. Финансиските работи и логичките задачи се работи во кои можат да заблескаат. Стрелец
Ако некој од Зодијакот е спортист, тогаш тоа се Стрелците, а покрај спортските терени, Стрелците ги сакаат и борбеноста и натпреварувањето во сè што прават. Лесно разбираат како функционираат работите и имаат таленти за иновирање. Јарец
Зад нивната приземност и практичност се крие голем талент за хумор. Ако успеат да се опуштат, Јарците без проблем можат да бидат комичари. Општо имаат голема доза на креативност која можат да ја изразат преку пишување или цртање. Водилија
Иако често се зборува за нивните интелектуални и иноваторски способности, вистинскиот талент на припадниците на овој хороскопски знак лежи во нивните раце. Со нив можат да направат речиси сè: од поправање до креирање на нешто ново. Риби
Рибите дефинитивно се склони кон сите типови на уметност, но нивниот најголем талент е психологијата. Припадниците на овој хороскопски знак имаат истакнати способности за читање на другите луѓе. Рибите без проблем можат да бидат приватни детективи.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Октомври.2015 во 22:00 |
И хороскопските знаци имаат талент
За секој успех е неопходна работа, но некои квалитети ги стекнуваме со раѓањето во одреден хороскопски знак. Дознајте кои таленти ги поседувате од астрологијата. Овен – спонтаност, одлучност, љубопитност, борбеност, решителност, спорт Бик – снаоѓање со пари, здрав разум, трпение, мислител Близнаци – елоквентност, адаптилоност, мултитаскинг Рак – социјална посветеност, сочуство, готвење Лав – креативност, уметнички вештини, харизма Девица – перфекционист, организатор Вага -дипломатија, хармонија, естетика Шкорпија – упорност, фокусиран спрема било каква цел, адаптилност. Стрелец – оптимизам, друштвеност, толерантност, чуство за правда Јарец – реализам, стабилност, одлични советници Водолија – релаксираност, креативност, снаодливост, елоквентност Риби – Креативност, снаодливост, чуствителност, одлични пријатели
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Октомври.2015 во 17:05 |
ОВИЕ ТРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СЕ НАЈГОЛЕМИ ПРЕЉУБНИЦИ | | Велат дека љубовта не бира и дека не можеме да одбереме во кого ќе се заљубиме. Оние кои веруваат во астрологијата, сепак би требало да поводат сметка за хороскопскиот знак на својот партнер, затоа што според статистиките, овие зодијаци се најголемите прељубници. ВагаПоради својата неодлучност и претерана желба да остави впечаток, Вагата многу лесно ќе се впушти во флерт кој често може да прерасне и во нешто повеќе.
Припадниците на овој хороскопски знак се многу страствени, но во исто време мечтаат за филмска љубов која ќе им угодува во се`. Токму затоа, лесно паѓаат на комплименти, што може да биде мошне опасно. ОвенОгнен знак познат по изразениот темперамент. Сепак, не само по тоа. Овните поради „пеперутките во стомак“ многу лесно ќе се впуштат во афера, па дури и ќе го променат партнерот, особено ако „новата љубов“ им дава поголемо возбудување во кревет. СтрелецУште еден огнен знак кој не може да го замисли животот без секс. Почнува прељуба, но не поради емоции, туку исклучително воден од либидото. Стрелците не гледаат на прељубата како на неморален чин, туку како спорт кој едноставно мораат да го практикуваат од време на време.
Припадниците на овој знак обично се грижат за својот физички изглед, а познати се и по својот шарм на кој ретко кој може да им одолее. |
Изменето од Valerija - 20.Октомври.2015 во 17:05
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |