|
Кој ја присвојува историјата? |
Внеси реплика | страница <1234 147> |
Автор | |||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Историјата никој неможе да ја краде, но истоијата и историските настани можат да бидат погрешно толкувани, извртувани и присвојувани. Тоа обично се прави со цел да се постигне одредена политчка цел. При постигнувањето на истата се користат сите расположиви инструменти кои и стојат на соодветната политчка опција. Целиот тој инструментариум има силно влијание врз формирањето на националното самосознание и јавното мнение. Затоа е несватливо зошто одреден сегмент од бугарското општество е толку загрижен кога се споменува азиското потекло на бугарското име. Бугарската историографија не е во состојба да ја објасни словенобугарската етногенеза и приложи одговр на прашањето, зошто постојат толку многу теории и хипотези за потеклото на Бугарите. Мислам дека проблемот е во погрешниот пристап кој го имале татковците на современата бугарска држава. Недостатокот на знаење, методологија, факти, а притоа имајќи јасна политичка цел ќе го доведе бугарското општество во една тешка, навидум безизлезна состојба, да само на себе си го објасни потеклото. Честопати митологијата е основниот извор на “историските факти“. Континуитетот на бугарската држава е неспорен (со исклучок на оние 500 години под турското ропство, каде бугарското име скоро изчезнало), но спорни се етничката припадност и поврзаност на естаблишментот во сите 3 бугарски држави. Различни етникуми, за кои има историски податоци дека мешање меѓу нив немало или мешањето било многу мало. Бугарската историографија зборува за некаква преродба во 19 век, а сите преродбеници, сите до еден се луѓе со потекло од Македонија. За каква тоа преродба се зборува? Дали тоа тие ја преродуваат кумановлашката или туркомонголската Бугарија?! Ми се чини дека тоа е само празна фразеологија, а се со цел да се пополнат големите празнини. Размислувајќи на овај начин не сум толку изненаден што денешните Бугари се буквално преокупирани со Македонија и се што е македонско. На крајот на краиштата крвта вода не станува, нели? Тоа што политичките околности ги направиле да сметаат дека се Бугари(Господ знае само што значи да си Бугарин), е предмет за понатамошна расправа и доволно силен мотив за нив да даваат слободна интерпретација и искривена слика за историските настани. За мене Бугарин не синоним за Словен. Досега никаде во светот не е донесен закон каде некој би можел да биде обвинет за извртување на историските вистини или да биде судски гонет за плагијат на истријата. Што се оденсува до песните, плагијатот е можен и се случува. Присвојувањето на авторските песни сноси одредени консеквенци. Народните песни се исклучени од таквите правни процеси, но како што објаснив во мојот предходен пост, секој еден народ, едно поднебје има свои каректеристики, мелосот, ритмиката итн се јасно препознатливи и се основната точка на диферецијација со фолклорите на соседните “блиски“ народи. Ќе ми простите, ама ако македонската песна не се присвојува во Бугарија, јас неможам да видам кој е тој изворен бугарски фолклор?! Чалгата на Азис? Погледнете само низ интерент и ќе видите кои се топ 50те топ бугарски исполнители и песни. Нема ниту еден Бугарин, а фигурираат личности како Гоце Арнаудов, Војо Стојановски, Сузана Спасовска. Виолета Томовска, Александар Сариевски, Васка Илиева, Ефто Пупиновски, Гоце Николовски, Драган Мијалковски, Ацо Андонов, Есма Реџепова, Владо Јаневски, Ѓоко Дончев, Благица Павловска, Јонче Христовски, Група Македонија, Македонски Мерак, Елита....... Дали моите епитети адресирани во предходниот пост се неоправдани или се пак премногу благи? Сметам дека ова второво е некако поиздржано. Поздрав од една од “најголемите бугарски“ исполнители Изменето од Platenik - 03.Март.2010 во 06:09 |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Зарем , “ Крадењето на историјата “ не значи и плагијатство ?
Поимот „историја“ потекнува од грчкиот збор "ιστορία" или historia, што значи расказ, иследување, испитување односно познавање на она што е испитано и ја дели истата етимологија со англискиот збор story (приказна). Што значи дека истото е подлежно на прекршочно гонење и е казниво дело , нели ? Изменето од eptendosadno - 02.Март.2010 во 23:55 |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Историја е поим што означува информација за минатото. Кога се користи како име за поле на студии, „историја“ се однесува на изучување и објаснување на минатото на човечките општества. Поимот „историја“ потекнува од грчкиот збор "ιστορία" или historia, што значи расказ, иследување, испитување односно познавање на она што е испитано и ја дели истата етимологија со англискиот збор story (приказна). Во поширока смисла на зборот, историја е се што се случило, како во човечкиот живот, така и во природниот свет. Како ова горе , историјата , воопшто може да се украде ? |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Задоволен сум од твојот одговор, епитетите си ги разбрал. Ако можеш уште да ме убедиш дека си го разбрал и контекстот во кој истите беа употребени, ќе ти бидам бескрајно благодарен. За да се разбере содржината на мојот предходен пост не е потребна ниту една диплома, што значи поседувањето на само една би требело да биде бонус, олеснителна околност. Верувам дека нема да ме разочараш и ќе ја потврдиш мојата констатација дека поседувањето на диплома е само една повеќе од она што е потребно. |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
tanas_1902
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 346 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
"Бугаризиран,бугарофил,крадци,махинации,интриги,присвојување,поистиветување,дрскоста и безобразноста" -jас не мога да измислам толкоз многу епитети во однос на коj и да било - може да от тоа дето имам само една диплома! Ке требе да си го коригирам мирогледот и повеке да се едуцирам!
|
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Коснакоси, Ако можеме да одиме толку далеку и да ја најдеме најстарата мајка, ќе дојдеме до нечива си мајка која не е ни твоја, ни моја. Таа мајка си зборувала на некој си стар турски јазик, небила христијанка, била паганка, верувала во Танграта и вртела кучиња врзани за опаш се додека кучето неповратело за да може на си ја предвиди сопствената иднина, а и иднината на своите деца. Згора на тоа немала поим за културата за која ние денес збоуваме. Трагедијата ваша е во тоа што некој ве убедил дека треба да си ја отфрлите соствената мајка и ја прифатите мајката на некој друг. Кој е тој што си ја отфрлува соствената мајка, а присвоената ја цени повеќе од сопствената?! Мора да му фали нешто. Во овај случај јас неможам новата мајка да ја наречам ниту маќеа, зато што нема историски докумнети дека таткоти ја оставил твојата мајка и се преженил со нова, која би ти постанала маќеа. Значи нема правна основа. Ти со твојата нова мајка не би можел ниту да се разбереш, затоа што јазикот и културата ви бил различен. Убавата музика нема граници и радо е слушана. Меѓутоа кога станува збор за народната музика, а согласно на тоа и авторската музика на некој начин е инспирирана од културата, јазикот и останатите етнолошки карактеристики на одредена територија и група на луѓе. Ритмиката, мелосот се главните елемнети преку која некој ќе го одреди потеклото на таа музика. Иако јазикот на Србите, Хрватите, Црногорците и Боснаците е 99,9% ист, сепак кога ќе се слушне една песна со 100% сигурност некој може да каже дали таа песна е Српска, Хрватска, Црногорска или Боснаска. Овде ќе напоменам дека има мали исклучоци, доколку мелосот и ритмиката на некој песна се универзално прифатени на поширока територија и истата песна е препеана во различни делови на таа поширока територија. Како оваа на пример Македонскиот мелос и ритмика се надалеку познати и карактеристични за територијата на етнографска Македонија. Недостојно е да се користи македоснката музика и култура за постигнување политички цели. Со жалење можам да констатирам дека единствените кои тоа го прават во ова балканско опкружување, се Бугарите (или бугаризираните) од причина што многу лесно доѓаат до костатација дека всушност изворна бугарска музика и култра непостојат. Решението на овие големи недостатоци го бараат надвор од етнографскиот материјал и арт ефекти, а притоа на помош се повикуваат на политчките махинации и интриги кои се производ на 19 век. Да незабораввиме дека и самите се производ на истите. Таквите недостатоци при докажувањето дека сепак бугарска изворна култура постои ги принудува бугаризираните да применуваат непопуларни методи, како присвојување, крадење, поистиветување и тоа не само по прашање на музиката туку и по однос на јазикот, културата, политичките настани и целокупната македонска историја. Самиот факт дека македонскиот народ си ја опевува својата мајка Македонија во 100тици песни, а нема ниту една во која Македонец би ја опеал мајка Бугарија, за бугаризираните не е доволно да го напрегнат мозокот и едноставно да се прашаат зошто е тоа така. Ќе ми простите јас си ја опевувам сопствената мајка. Во случајот на Никола Григоров, дозволува да автроската песна на Војо Стојановски се изведува непроменеата, се пее на македоснки литературен јазик, а едиствени промени се неколкуте зборови кои ја менуваат суштината на песната и целта кому му е наменета истата. Во правни држави за вакво нешто се покренува судска постапка и се сноси одговорност за сторениот плагијат. Јас искрено се прашувам докаде ќе оди дрскоста и безобразноста не на Бугарите, туку на бугаризираните и бугарофилите?! До каде ќе оди неразбраноста и нерационалноста на оние кои биле моделирани според некаков си бугарски терк?! Кога ќе сватат дека ова е калсичен пример за отфрлање на сопствената мајка, сопствената култура и дека станале слуги, поданици на нечиви си туѓи интереси?! Сите оние кои ја љубат македонската песна (вклучувајќи ги и бугаризираните и бугарофилите) ги поздарвувам со една убава МАКЕДОНСКА ПЕСНА: Песна ви пеам Македонци Ако сакаш да си потпевнеш, зборовите ги има во комнетарите, под клипот. Изменето од Platenik - 02.Март.2010 во 07:58 |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
bugaristava so toa ш ч итн, ЗА ЖАЛ...НЕЛИ Е ЖАЛНО ОВА ШТО И СЕ СЛУЧУВА НА МАКЕДОНИЈА
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ДА бе, за батаљонот ќе се говори на соодветна тема, не овде, овде се говори за присвојување на историјата!
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ќе дадам, ама прво да ја средам таа работа с одоговорните за тоа нешто, не сакам да им го расипам изненадуавњето на тие кои пишувале. |
|||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
am daj dokumenti da chitame pa ke debatirame |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Википедијата се зафркнала ако мисли дека јас ќе спијам и нема да делувам, имам документи, сите ќе им ги , а се осигурав и да најдам кој ги кажувал тие работи, па ако има потреба и на таа личност ќе и пишам едно убаво писмо, секако, со документи за да го потврдам кажаното, ама чинам дека нема да треба да го сторам тоа, затоа што кога ќе им посочам неколку работи, секако, од бугарски извори, на дотичните, верувам дека многу бргу сами ќе го сменат тоа и ќе се замолчат. Само сега останува да чекам да дојде една личност која знае многу добро како одат тие технички работи и да ја завршиме работата. Еве линк, меѓу сите тие наведени имиња на советници од општината го ставиле и името на прадедо ми, ама некој очигледно заборавил да каже дека дедо ми и браќата негови биле дел од Батаљонот "Гоче" , кој во вашите форуми е опишан како антибугарски, што и секако бил и дека прадедо ми подоцна има обид да се врати во НР Македонија, но се случува Прашката пролет и границата се затвора! |
|||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
да не си видел неква ваква декларациjа
http://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%A4%D0%B0%D0%B9%D0%BB:K.Shk*rtov-Deklaracija.jpg во линкот треба во името Shk*rtov треба да ставите 'u' за да ja видите декларациaта Изменето од да бе - 01.Март.2010 во 09:30 |
|||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
убу
стави барем еден линк за да читаме и да цкаме со jазик ти реков jaс без да имам потреба од википедиа дека со вакво име бугаризациjaта му е средена исто и на чиче ти Борис |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во право бил Платеникот, некои краделе се живо и диво што ќе нашле! Сега најдов на Википедија дека ми го побугариле и прадедо ми ! СРАМ И АРАМ ДА ИМ Е НА ТИЕ! Некои заминале предалеку, среќа што имаме документи, па ако не го сменат тоа по итна постапка, ќе ја решаваме работата на друг начин! |
|||
Внеси реплика | страница <1234 147> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |