|
МАКЕДОНЕЦОТ против самиот себе |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | ||
dras
Сениор Регистриран: 10.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 858 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
„Македонецот никогаш не бил против самиот себе, затоа темата ви е погрешно поставена. Може таа тема на друго место и во друго време. Сега не е времето за тоа дојдено.
Дајте да ги иницираме внатрешните проблеми првенствено и надворешните.“ Темава е испровоцирана од недоличните коментари, и претечки пораки на одредени членови на форумот, а колку мене ми е познато форумите се електронски облик за комуникација и презентирање на сопствени согледувања по однос на одредени области од секојдневниот живот, во случајов политичката димензија на националноспротивставените разлики на два македонски ентитета каде помалиот, односно малцинскиот под покровителство на меѓународната заедница успе да се „избори“ за наводно ускратените права, што дури му прејде во навика па и покрај изнуденото решение продолжи да се бори и за други „ускратени права“ на штета на македонското население. Па затоа темата е како продолжување на затворената, но во рамки на културна дебата.Што се однесува до постот на „орлов“ секако дека за констатацијата „сам против себе“ мислам дека има место за дебата. ПС г-дин „орлов“, партиска војна се води обично непосредно во близок период пред распишување на избори, иако владеачката партија со својата работа и остварени резултати оправдувајки ја доверената доверба на граѓаните во целиот мандат собира изборни поени, но во случајов проблем на оваа Влада е што наместо да се зафати со работи за кои и е доверен мандат, истата ја почна кампањата користејки го државниот информативен сервис како и други електронски и пишани медиуми трошејки пари на граѓаните за скапо платени реклами за промовирање на свои кампњи кои носат мали или скоро никакви придобивки за граѓаните, зато ми е жал што моите постови ги цениш како партиски обоени, можеби се понекогаш остри но секако не се завиткани во нечија партиска програма. „se soglasuvam so postov .... zatoa sto i jas ucestvuvav vo taa tema...mislam deka so pravo e zatvorena bidejki nekoj ne moze da razbere deka na forumov nema neprijateli i ne smee da se zakanuva..posebno ne so licni napadi kako sto bese slucajot...“ Темата можеше и порано да биде затворена бидејки ја изгуби смислата за која беше наменета. |
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Македонецот никогаш не бил против самиот себе, затоа темата ви е погрешно поставена. Може таа тема на друго место и во друго време. Сега не е времето за тоа дојдено.
Дајте да ги иницираме внатрешните проблеми првенствено и надворешните. |
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
PAVLIN
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Јуни.2007 Локација: Saint Helena Статус: Офлајн Поени: 889 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
se soglasuvam so postov .... zatoa sto i jas ucestvuvav vo taa tema...mislam deka so pravo e zatvorena bidejki nekoj ne moze da razbere deka na forumov nema neprijateli i ne smee da se zakanuva..posebno ne so licni napadi kako sto bese slucajot...pz |
||
“Ш‘ЧО НАПРАИВМЕ...“ - Крсте Петков Мисирков“
“ДО ВИСТИНАТА НЕ МОЖЕМЕ ДА СТИГНЕМЕ ПОЛЗЕЈЌИ“ - Владимир Мегре |
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сакањето и почитувањето на својата држава се однесува ли и на оние кои ја оставија македонија да умира во 2001 година? И, на нив ли мислиш?! Е, пријателе dsds, иако по шифрата ми личиш на партиски војник молам дефинирај кој се ги ставаш во тој кош? и пази да не погрешиш! Барам објаснување од причина што македонија е полна предавници а за жал доста од нив се на власт. Затоа го барам објаснувањето. Изменето од orlov - 19.Октомври.2007 во 18:36 |
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Очигледно дека си го згрешил местото пријателе ова е форум а не парламент и овде има секакви ликови ако не си знаел.Нема да навредувам со објаснување на "секаквите ликови" бидејки мислам дека ја сваќаш поентата пошто ете сакаш интелегентна дискусија на примерно ниво.Се е тоа убаво и јас исто така верувам во конструктивна дебата нарочито на пониско (народно) ниво бидејки главучиве на власт дебатираат понекогаш и без одобрение од народот.Но сепак тотално не те поддржувам кога пишуваш за вооружена НЕсамоодбрана,па човече само тоа ни остана - погледни што се случува околу тебе во твојата сопствена земја,со амин од запад националностите им се качија на глава на Македонците,Македонија неможе да функционира не поради криминал,корупција и др. наведувани медиумски етикети туку баш поради таа национална проблематика која нормално никој не ја оправдува а секој си држи своја страна.Јас пишувам за Македонците пошто сум Македонец и како и погоре повторно ке напишам дека Македонците се тие што треба АМИН да даваат во оваа држава,доста Македонецот беше заложник на било која народност сепак ние сме тие кои ја изградиле и кои треба (со помош на другите малцинства) да ја доизградат оваа држава и општество.Која логика луѓе е да пати поголемиот дел од државата поради секакви политички проигрувања на помалите етнички заедници - тоа е неопростливо и треба да се стави крај на сета таа политика.
Според мене на ова општество му треба националистичка политичка партија како во секоја Европска нормална држава ке си го штити својот народ на етничка и СоцијалНационална основа,сепак Македонија е единствена држава на Македонците тие немаат резервна земја како останатите малцинства во Р.МАкедонија. |
||
dras
Сениор Регистриран: 10.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 858 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Еве значи можеш да бидеш македонец и на културен начин, па и ако се преставуваш како националист. Борбата може да се добие и без оружје секако не со газење на своето македонско достоинство. Проблемот секако не е во Вашата самопочит и во Вашата македонштина, туку во злоупотреба на љубовта кон татковината која разноразни воени профитери ја користат на штета баш на младата популација, на крај цената секако ќе ја платат генерациите кои доаѓаат. Што се однесува до другите националности, без оглед што се сметаат дури и за „автохтони“ имаме потполно исто мислење, во Македонија сите жители мора прво да се македонци па потоа на културен план да ги негуваат своите национални обичаи, особено националностите што имаат матична држава, па затоа ако имаме намера за ова да го постигнеме секако не треба мегданот да биде помеѓу македонците по националност да би докажале дека се поголеми македонци. Значи, во однос на оружјето што сите го мавтате, па дури и на форумот, треба да се вратите пред ’ ’ 90-та година кога некој смислено ги ограби воените магацини во Албанија, и го отвори патот на оружјето на Балканското подрчје во смисла на дестабилизација на истиот.Од тука можеш лесно да заклучиш чии интереси се во прашање, и колку македонскиот народ може да се носи со проблемот „формирање држава“. Исто се однесува и до албанската популација, само што во почетокот на формирање на кризна состојба недоволаната образованост на истата доведе таа да биде злоупотребена, зборувам за подрачјето на бивша СФРЈ, од воените игри на народите од СФРЈ единствено Словенија се извлече без поголеми последици, иако тие заедно со хрватите и секако надворешниот играч-и, беа хушкачите, поводот, штрајк на обесправените рудари (кои беа купени за можеби „неколку шлепери“ банани) „рудникот Стари Трг“, така се отвори вртлогот на војната на пдрачјето на СФРЈ, сите видовме кому му донесе корист, а останатите уште ја играат крвавата игра, само што сега истата е потпомогната секако од локалните моќници и власто јупци. Сето ова може и без оружје, примерите се блиску, државите од Балтикот, Чехословачка сега е на повидок криза во Белгија, но колку видам таму луѓето проблемите ги решаваат на друг начин. Е затоа беше темата „МЕЃУНАЦИОНАЛНИ ОДНОСИ“ за да се разбистрат главите, а не да го бараме главниот играч. Секако сите треба да сватиме дека во Македонија прво сите треба да бидеме МАКЕДОНЦИ, и да си ја почитуваме државата Македонија дури тогаш надворешните играчи ќе не сватат озбилно.Федерација по мене, само значи проширување на територијата на Албанија, веројатно Европа може тоа да го процени, но дали двата светски фаворита не се закана и за самата Европа, колку сме само малечки, а утакмицата се игра кај нас. |
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За дебата треба да се има консензус а не накрвавени страни,се знае кога луѓето несакаат да се гледаат па и комшии да се тие или ке си заминат културно секој на своја страна секој со својот последен збор,или ке се степаат(завојуваат) или треба некој да попушта.
Јас сум Македонец и како Македонец одбивам да им лечам комплекси на пониска вредност кај секој што пати од синдромот пониска народност. Ова е моја татковина,ова е Македонија и ако на некој што несака со разбирање да слезе од небото и да научи во која држава живее јас повеке ништо неможам да му помогнам.Во секој момент ке застанам и ке ја бранам гордоста на мојата Татковина која ја плукаат разноразни јадни души што во борба за гол живот се нашле себеси како народности и мислат дека се граѓани од втор ред - но ке повторам тоа е сепак нивен проблем(комплекс) нема зошто мене или било кој Македонец да го замараат со нивната бајка од живот До ДСДС порака за да знаеш што термин да користиш - Јас не сум партиски војник туку сум НАЦИОНАЛИСТ и не дозволувам ниту јадни души ниту продадени души да плукаат по мојата татковина бидејки таа е најголемата гордост што ние Македонците ја имаме,кој тоа до сега не го сватил многу го жалам и ништо повеке |
||
dras
Сениор Регистриран: 10.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 858 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Каде бре живеете? веројатно не во Македонија, успеавте да ја затворите темата за „меѓунационални односи“ трескајки глупости и вулгарности, наместо да отворите креативна дебата за подобрување на дијалогот помеѓу националностите кои сакале или несакале мораат да живеат под исто парче небо. Дали Вашето образование е толкаво, што освен да валате псовки и вербални претњи друго незнаете, па потоа криви Ви биле грците, србите или пак албанците и бугарите.
Додека македончето оди против македонската самобитност не ни треба другите да се мешаат, самите себе ќе се сотреме. Очекував дека барем модераторите имаат доблест да бидат над својата суета, но веројатно дека во четврто оделение толку ги учат( со исклучока на „бојан 81„), па наместо да подржуваат креативна дебата, изиграваат партиски војници. Веројатно треба да се запрашате што мисли младата македонска популација дали со псовки и фалење се прави држава, со оружје веројатно „видовте на телевизија, бидејки малолетни не примаат во регрути, а тие што ги бараа за под оружје веќе беа преку граница“ од 2001г дека неоди не што Вие сакате или нејќете туку оти други не Ви даваат. И на крај едно прашање, само толку ли научивте играјки си „Кантри страјт“ или како се вика незнам, на сметачите што ви ги купија родителите за да си го подобрите образованието, ако е така тешко на Владата што мисли да даде толку пари за сметачи. |
||
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |