|
Проститутка |
Внеси реплика | страница <1234 5> |
Автор | |
doriangray
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Опсесивен компулсивец Регистриран: 03.Јануари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1460 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сексуална работа: 10 бесмислици
1. Бесмислено е да се негира дека сексуалната работа е работа! Посебно во Македонија. Кај нас, наместо зборот „секс“ се користи изразот „онаа работа“. Ако двајца имаат редовно секс се вели дека „се работат“; ако имаат одвреме навреме, тогаш „се подработуваат“; ако имале секс, тогаш „свршиле работа“. Има ли нешто побесмислено од негирањето на „сексуалната работа“ во една традиционална средина каде што зборовите „секс“ и „работа“ се третираат речиси како синоними? 2. Бесмислено е да се негира дека сексуалната работа е услужна дејност! Постојат многу услужни дејности и признаени професии кои се насочени кон задоволување на одредени телесни потреби. Многу луѓе одат на масер, на акупунктура, јога, аеробик и на разни третмани за разубавување само заради телесните задоволства што им ги пружаат таквите услуги. Ако нудењето услуги кои пружаат телесни задоволства за пари не е забрането, зошто тогаш би била забранета сексуалната работа? 3. Бесмислено е да се обезвреднува сексуалната работа како професија! Не случајно еден од синонимите за сексуална работничка е „професионалка“. Не случајно се споменува како една од најстарите професии. Во различни култури, уметноста да се предизвика сексуално задоволство се изучувала во посебни училишта и само оние кои успешно ги совладувале сексуалните знаења и вештини можеле да се занимаваат со сексуална работа. 4. Бесмислено е криминализирањето на сексуалната работа во услови на легална порнографија! Ако пружате сексуални услуги за пари пред камера - тоа е легална порнографија, ако пак пружате сексуални услуги за пари без да бидете снимани со камера - тоа е илегална „проституција“. Претставете си продуцентска куќа за снимање „инстант“ порно филмови во која можете да си снимите сопствен порно филм, бирајќи си улога, жанр, сценарио, партнер(к)и... После снимањето на филмот, си ја плаќате единствената копија за која ги поседувате сите авторски и прикажувачки права. Дали станува збор за порнографија или за „проституција“? 5. Бесмислено е да се криминализира сексуалната работа, при толку легални сексуални индустрии! На секоја трафика, во секоја видеотека, на секоја „кабелска“ мрежа, на интернет, во „секси шоповите“ и во одредени барови и кабареа легално се нудат и купуваат сексуални услуги. Не е ли проблематично тоа што легалната сексуална индустрија ги привилегира егзибиционистите, воајерите, фетишистите и „дркаџиите“, дискриминирајќи ги притоа останатите сексуални различности? 6. Бесмислена е борбата против проституцијата како „општествено зло“ и „социолошко-патолошка појава“! Ако нема никакво „зло“ во тоа да се бараат и даваат пари за пружена услуга, и ако нема никакво „зло“ во доброволниот секс помеѓу полнолетни индивидуи, зошто тогаш комбинацијата на овие две социјално прифатливи појави би се сметала за „општествено зло“? Може ли да биде повреден „јавниот“ морал, ако сексуалните услуги за пари не се пружаат на јавно место? Ако е проблемот во пружањето сексуални услуги на јавно место, зошто тогаш не се забрани и секаква продажба на еротски и порнографски содржини на јавни места? 7. Бесмислена е борбата против „ескплоатацијата на проституцијата“! Зошто експлоатацијата на проституцијата би се издвојувала и забранувала во споредба со сите други видови капиталистичка експлоатација, вклучувајќи ја и сексуалната? Зарем актерките и актерите во тврдите порно филмови не се сексуално експлотирани? Ако добивате фискална сметка за секој купен или изнајмен порно филм, зошто да не добивате фискална сметка и за секоја друга пружена сексуална услуга? 8. Бесмислено е да се поистоветува сексуалната работа со трговијата со луѓе! Има ли поголема хипокризија од народното верување опеано во стихот „Љубовта со пари не се купува“, имајќи предвид дека голем дел од нашите баби биле буквално продавани и купувани како невести? Ако „трговијата со луѓе“ е форма на организиран криминал, а „оддавањето на проституција“ е обичен прекршок против јавниот ред и мир (како и пуштањето прегласна музика или оддавањето на пијанство на јавно место), зошто тогаш државата се бори против обичен прекршок како да е „организиран криминал“? 9. Бесмислено е да се оцрнува илегалната сексуална работа како „легло на заразни болести“! Токму тоа што сексуалната работа е илегална дејност ги оддалечува сексуалните работнички и работници од здравствените сервиси. Кога сексуалната работа би била легална, би можело да се води многу поорганизирана грижа за сексуалното здравје како на сексуалните работнички и работници, така и на нивните клиенти. 10. Бесмислено е да се омаловажуваат и жигосуваат сексуалните работници и работнички и да се негираат нивните човекови права! Бесмислено е да се повредува достоинството на било кое човечкко суштество. Особено поради изборот на неговата професија. Не е фер што владините и невладините организации се толку прекупирани со човековите права на жртвите на трговија со луѓе, занемарувајќи ги човековите права на сексуалните работнички и работници кои секојдневно се кршат од страна на полицијата, институциите, медиумите. Не е фер да се водат кампањи против насилството врз жените, а притоа да се игнорира насилството врз сексуалните работнички како една од најранливите групи жени. Правата на сексуалните работнички и работници се човекови права! МАССО* Текстот е преземен од http://www.jasnesumjas.blogspot.com/ Изменето од doriangray - 05.Март.2008 во 03:03 |
|
Don't tell me what to do 'cause I'll never be uptight like you.
Don't look at me that way 'cause I ain't never gonna change. And if you're talking about my life you're only wasting your own time! |
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pa normalno deka postoi otsekogas koga i narodot od sekogas bil rasipan. A za tie sto mislat deka treba da se legalizira neka se zamislat malku za svoite kerki, sestri...
Изменето од Monuska - 28.Декември.2007 во 17:10 |
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...i trgovijata e zanat...i toa kako postoi, e sea neshto sto go imalo od pamtivek do den deneshen i neshto sto nemoze defakto da se iskoreni, bi bilo dobro da se legalizira i da se stai kolku tolku pod kontrola, toa e toa...inache dzabe veslame tuka si postoelo i ke si postoi, sto mislite vie koj dava amin za da postojat tie raboti...pa normalno be tie sto se izbrani da se borat protiv toa...se za pari...ajmoooooooooooo narode so tri za 50 novo godishni popust, hahahahahaaa |
|
IQ
Сениор Darling Регистриран: 11.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 12382 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Monuska pa da treba, zaedno so trgovija na lugje
imas odlicna smisla za humor |
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pa da treba, zaedno so trgovija na lugje
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
Neonic
Сениор Регистриран: 17.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 899 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
treba da se legalizira.. |
|
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...zenata ima 1000 dupki, dodeka i gi zatvorish site otidoa parite i ti obele kosata...
|
|
LouWeed
Сениор I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
toa mi bese zborot..... |
|
IQ
Сениор Darling Регистриран: 11.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 12382 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
abe mazite sekako plakaat za seks na ovoj ili na onoj nacin...isto vi se faka
|
|
LouWeed
Сениор I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
DA!
|
|
Anthony
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 3379 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ti si platil ?!?
|
|
It’s nice to be important....it’s important to be nice!
|
|
LouWeed
Сениор I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
i toa ne ti veruvam.... |
|
Anthony
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 3379 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zosto da dadam pari? Za seks li? Nikogas.
|
|
It’s nice to be important....it’s important to be nice!
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ushte toa fali tuka,.....pokraj se drugo,..."pozitivno"!
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Внеси реплика | страница <1234 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |