|
Места кои мора да ги посетите |
Внеси реплика | страница <1234 15> |
Автор | |
gabriela855
Група Регистриран: 15.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 56 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Магијата на Барселона - градот кој ќе го освои вашето срце
Весел, шарен, мултикултурен град кој шармира штом стапнете на негово тло. Ова е првиот впечаток за Барселона, градот во кој едноставно мора да се вратите откако еднаш ќе го посетите. Барселона е шармерски град кој ве купува со својата магија уште на прв поглед, од своите убавини во поглед на архитектурата па се до отвореноста на народот кој живее овде, чудата на Гауди, музејот на Пикасо, плажата Барселонета, убавото време и храна, забавата и уште милион ситници кои го прават овој град идеално место за живот. Секако, ова е возможно доколку имате добра работа затоа што Барселона не е евтин град. Жителите се навикнати да јадат надвор, по ресторани и кафулиња, таква им е културата на живеење, пијат кафиња, пиво, вино и уживаат во сопственото друштво и разговорите. Што задолжително мора да посетите кога сте во Барселона:
|
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllllantysiliogogogoch...некое селце(ние ги викаме градчиња кај нас) во Велс. Taumatawhakatangihangakoauauotamateaturipukakapikimaungahoronuku-pokaiwhenuakitanatahu...место во Нов Зеланд Chargoggagoggmanchauggagoggchaubunagungamaugg...езерЦе во САД. ...па пријатен престој. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
gabriela855
Група Регистриран: 15.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 56 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Madagaskar, najubaviot ostrov vo Afrika
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Малибу Клиф Вила се вика оваа куќа која се наоѓа на островот Ломбок во Индонезија. Се наоѓа помеѓу Бали и Сумбава и претставува вистински рај, особено за овие пеколни горештини и летни денови кога одморот е задолжителен за секој од нас.Вилата има четири спални, играчница за деца доколку ги имате и 18-метарски базен на кој никој нема да успее да му одолее. Додека се сончате крај него, ќе можете да видите како мајмунчиња се забавуваат на гранките од кокосовите дрвја. На крајот на денот, откако ќе посетите некои од околните ресторани и ќе ја пробате домашната кујна, ќе минете убав ден на прекрасното индонезиско сонце, ќе можете да се опуштите со убава када и миризливи масла додека гледате како сонцето потонува во морето некаде во далечината... додека го гледате совршеното зајдисонце на хоризонтот. |
|
paton
Сениор Регистриран: 14.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 789 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Арачиново............
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секојнедвно слушате за убавините на Средоземното море и решени сте ова лето да го поминете во топлите и чисти води на Медитеранот, ние ви предлагаме каде да летувате и како да ги пронајдете најубавите делови на средоземноморското крајбрежје, кое се протега на 46000 километри и во 21 држава. Тарифа, Шпанија Тарифа е шпанско гратче, од каде што можете да фрлите поглед на другиот континент. Од тука можете директно да ја видите Африка, бидејќи е на само 13 километри оддалеченост од овој гратче, кое е едно од најфантастичните места во Средоземното море. Прочитај го нашиот туристички водич за Шпанија тука. Липарските острови, Италија Прочитај нешто друго за Италија, т.е. за Сан Ремо тука ». Ги одбравме Липарските острови, нарекувани исто така и Еолски во чест на богот на ветрот Еол, како едни од најубавите медитерански места, поради нивната специфична и исклучителна убавина. Опкружени со небесно сини и кристални води, овие планинско-вулкански острови се совршена локација за летување. Овој ѓердан од седум мали острови е благословен со преубави заливи, многубројни пештери и активни вулкани, кои за авантуристите можат да бидат и дополнителна доза адреналин. Малта Малта е мешавина од европски, северно-африкански и арапски влијанија, што ја прави разновидно, интересно и уникатна место за совршен летен одмор. Неверојатните древни градби кои датираат од пред 6000 години нема да ве остават рамнодушни. А прекрасните и романтични заливи во Малта се идеални за вљубените парови. Касис, Франција За оние кои го обожаваат францускиот стил на уживање, Касис е место, кое нема да го разочара дури и најпретенциозниот франкофил. Ова местенце е впечатливо со многубројните скали, преубавите заливи со скриени интимни плажи и вкусното француско вино. Доколку сте расположени годинава да отпатувате во Франција, тогаш прочитајте го и текстот „8 работи што треба да ги видите во Париз“ тука ». Дубровник, Хрватска За убавините на Дубровник, нема што да се коментира, тие се една од најубавите летни дестинации во светот а истовремено и оддалеченоста на овој медитернаски град е најдостапна за патување по копно. Одличен стар град, полн со античка архитектура и фантастично крајбрежје со непроценлива убавина. Дубровник со право е нарекуван и Медитерански рај. Доколку пак, сте заинтересирани за Хрватска и за нејзиниот најубав град Дубровник, тогаш прочитајте го текстот „Дубровник-Хрватска. Преубава дестинација“ тука ». Хидра, грција Ви претставуваме уште едно блиско и достапно место за македонските туристи. Еден можеби и не многу познат од множеството острови во соседна грција, но неверојатно магичен и остров со стил - Хидра. Малиот и интимен остров ќе ви овозможи едно уникатно и незаборавно летно доживување. Она што со сигурност ќе ви се допадне е фактот, што сите сите моторни возила се протерани од овој планински остров. Па доколку ви е потребен вистински одмор без врева, чад и гужви, Хидра е идеалната локација за Вас. Пред да тргнете за грција (името на оваа земја се пишува со мала буква!), прочитајте го нашиот краток водич за Атина тука ». Малта Тарифа Еолските острови Еолските острови |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АЈГОЛЕМИОТ ВОДЕН АКВАДУКТ ВО МАГДЕБУРГ, ГЕРМАНИЈАВо градот Магдебург, Германија постои мост исполнет со вода. Всушност овој мост е пловен аквадукт во Германија, кој ја поврзува реката Елба-Хавел каналот до Мителенд каналот, и им овозможува на бродовите да ја преминат реката Елба. Овој воден мост е долг цели 918 метри, и тоа го прави најдолгиот навигациски аквадукт во светот. Бродовите поминувале по 12 километри по заобиколниот пат, обратно од Средногерманскиот Канал низ Ротензе во Елба, потоа пловење низводно низ реката, а потоа да се префрли на Каналот Елба-Хафел преку браната Нигрип. Недостигот на вода во Елба често потполно ја прекинувал оваа врска. Каналските инженери првпат ги замислиле двата водени патишта уште во 1919, и од 1938 со бродскиот лифт Ротензе и местата за мостовите биле поставени, но изградбата била одложена во текот на Втората светска војна. Работата започнала во 1997, а изградбата траела шест години и чинела 500 милиони евра. Сега водениот мост ги поврзува внатрешната пристанишна мрежа на Берлин со пристаништата долж реката Рајна. Мостот бил направен од 24.000 тони челик и 68.000 кубни метри бетон. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Идеални места за февруарски одмор Лондонскиот портал „Холидејс“ Ви предлага дестинации кои без исклучок ќе остават трага во вашите срца, сеќавања кои ќе ги прераскажувате. Еве неколку места кои се идеални да ги посетите во февруари. Овие острови се наоѓаат во Атланскиот Океан во јужно Мароко и се автономна покраина на Шпанија. Ги има вкупно 12, а за одмор најдобри се островите Ланзарот, Тенерифе и Гран Канари. Идеален избор се за зимски прошетки под сонцето и за тие кои сакаат промена од медитеранскиот брег. Ланзарот е најисточен остров со преубави песочни плажи, драматичните вулкански предели се вистинска разгледница сами по себе, а малите села ве оставаат без здив. Тенерифе е најголем остров во овој островски венец и на него се наоѓа најголемиот врв на Шпанија Пико де Теиде, па планинарите не треба да се двоумат. Исто така, планинските венци на Гран Канари се предизвик за тие кои не сакаат да уживаат на прекрасните плажи со бел песок, кои настанале со таложење на песок од Сахара. Каде да се помине Денот на вљубените ако не во Венеција, град во кој според книжевните дела се поставени стандарди за романтика. Славниот град настанал на архипелаг од над 100 острови, во него се наоѓаат над 200 канали и 400 мостови, а по богатата архитектура се наоѓа на самиот врв на најубавите светски градови. Тие што ќе го посетат во зима имаат поголеми шанси за вистинско уживање, бидејќи нема големи гужви како во летниот период. Да се биде во Венеција а да не се посети ренесансната палата Кавали од 16 век речиси е невозможно, исто како да дојдете во Србија, а да не пробате сарма. „Ова е вистинската Индија. Земја на соништата и романтиката... тигри и слонови... земја на сто јазици и илјада религии... колевка на човечката раса, мајка на историјата, баба на легендите... Една единствена земја под Сонцето која сите сакаат да ја видат, а кога ќе ја видат, нејзиниот сјај е ист со сјајот на сите земји заедно“, напишал Марк Твен во дамнешната 1897 година. Агра e град на северниот дел на земјата која е втора по број на жители во светот. Вооружете се со добро расположение, фотоапарат во рацете и обавезно посетете го Таџ Махал. Светликавите мермерни столбови кои се покрај базените ќе ве остават без здив. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
nikola_kiro па објасни ни зошто точно Куба .
|
|
nikola_kiro
Нов член Регистриран: 04.Февруари.2011 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
KUBAAAAA
|
|
nikola_kiro
Нов член Регистриран: 04.Февруари.2011 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
KUBAAAAAAAA
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве што вреди да се посети...пред да исчезне
Мртвото МореОва е најниската точка на планетата (423 метри под површината на светските океани), има десет пати по солена вода од останатите мориња, а многумина веруваат дека содржи и лековити минерали. Заканата: Во последните четири децении Мртвото Море се смалило за околу една третина, површината на водата се спуштила за околу 24 метри (околу 30 сантиметри годишно). Одморалишта и ресторани кои биле изградени на брегот сега се наоѓаат на околу километар и половина од водата. Реката Јордан е единствениот извор на вода за Мртвото Море, и со се поголемата употреба на нејзината вода од околните земји многу мал дел стигнува до крајот. Мртвото Море најверојатно целосно ќе исчезне за околу 50 години. Дополнителен притисок врз Мртвото Море претставуваат и козметичките компании кои го користат како извор за минерали. Еден предлог за негов спас е контроверзниот Red-Dead Canal, кој би донел вода од Црвеното Море оддалечено 180 километри, но ефектот врз екосистемот би можел да биде негативен (некои луѓе се загрижени дека овој проект би можел да ја зголеми сеизмичката активност во регионот). ПоловитеПриродните феномени тука се инспиративни: огромни санти мраз, поларни светлини и величествени животни (поларни мечки, китови, пингвини). Заканата: Океанографскиот Институт Вудс Хол, најголемата непрофитна океанска истражувачка група во светот, предвидува дека 80 проценти од популацијата на царскиот пингвин на Антарктикот ќе исчезне, а остатокот би се соочил со изумирање ако продолжи порастот на температурата. Во Арктикот поларните мечки се исто така загрозен вид поради постепеното исчезнување на морскиот мраз (кој се намалува по 3 проценти секоја деценија од седумдесетите). Со исчезнувањето на морскиот мраз исчезнуваат и цели ексосистеми: фитопланктонот кој живее под мразот е храна за зоопланктонот и мали ракови како крил, кои се храна за рибите, фоките, китовите, поларните мечки и пингвините. Студиите предвидуваат дека со порастот на температурите, во следните 20-40 години воопшто ќе нема морски мраз на Антарктик. Долината на реката КонгоТропски прашуми како онаа во долината на реката Конго произведуваат 40 проценти од светскиот кислоро и претставуваат витален извор на храна, лекови и минерали. Заканата: Со површина од над 1,5 милиони километри квадратни долината на Конго е втора прашума по големина, по Амазонската. Според ООН дури две третини од прашумата и уникатните растенија и животни би можеле да бидат загубени до 2040 освен ако не се преземат мерки за нејзина заштита. Сместена во шест земји, околу четири милиони хектари шума се уништуваат годишно поради рударство, нелегално сечење, земјоделство и воени дејства. Патиштата создадени од дрвосечачите и рударите им овозможуваат на ловокрадците да ловат загрозени животни како планински горили, шумски слонови, бонобо шимпанза и окапи. Со смалувањето на шумата, се абсорбира сè помалку јаглерод диоксид, и се намалуваат количините на дожд, со што само се влошуваат климатските промени. Долината на реката ЈангцеЕгзотични животни како џиновски панди, џуџести сини овци, речната свиња, и сибирските жерави, како и 400 милиони луѓе живеат во овој регион
Заканата: Сè уште е рано за да се знае вистинското влијание на масивната Брана Три Клисури која чини 24 милијарди долари, но многумина, меѓу нив и кинеската влада, велат дека постои опасност регионот да ги загуби најкарактеристичните животни. Расчистувањето на шумите било направено за да се создаде обработливо земјиште за раселените земјоделци, а акумулацијата има поплавено цели села, фарми, фабрики и рудници со што се влошило веќе постоечкото загадување. Сè почести се и лизгања на земјиштето, а сеизмолозите се загрижени дека притисокот од огромната количина вода над два раседи би можел да предизвика катастрофален земјотрес. Изменето од ФорумскаБаба - 04.Мај.2011 во 19:57 |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
Внеси реплика | страница <1234 15> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |