|
ВЕЛИКИ ПЕТОК |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | |
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Благодарам свемирски дух на честитките.
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
svemirski_duh
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Nemojte da se razocaruvate ako nekoj vi se izmesa i vo vakvi temi. Gledajte cisto i racionalno,ke vidis i sam,EvAngelos,deka si se mesal vo temi kade sto navistina ne ti e mestoto i si daval sekakvi navredi.
Neise... vi gi cestitam praznicite i od sesrce vi posakuvam se najubavo. |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако јас така сум напишал, тогаш си се запрашал ли зошто јас не размислувам како што ти размислуваш? Зарем мислиш дека ти ме читаш што јас пишувам, а јас не се читам самиот себе што пишувам, па сега ти на основа мое напишаното ќе ми изведуваш заклучоци? Многу работи излегле од устата на Исус. Тоа што ти селективно ги избираш зборовите кои тебе ти одговараат, тоа е друга работа.
Тоа што ти НЕ ја разбираш Богочовечката природа на Христос и Тројството, тоа не не засега нас, тоа не ја засега Библијата, тоа не го засега христијанството итн. и затоа те молам да ја поштедиш оваа тема од вашите вечни препелекања дека Христос не е Бог. Никој не ти го наметнува со сила Христос за Бог, верувај си во твојот Аллах и како што ние за Рамазан не ти го порекнувавме неговото божество, така и ти поштеди не за празников. Јас, а верувам и никој друг, немаме намера да ти докажуваме дека Христос е Бог. Тоа, како и досега, не би било дискусија, туку два монолози, зборење во ѕид, неполезно трошење време. Изменето од EvAngelos - 25.Април.2008 во 16:42 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Ezan-a
Сениор Регистриран: 15.Декември.2007 Локација: Somalia Статус: Офлајн Поени: 150 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zidarski zar e zabraneto da dadam moe mislenje kolku sto jas znam nikogo ne navrediv kazav deka respektiram se i sreken da vi e praznikot ama bas ova mi padna vo oci i toa go postirav ako se vregas od vistina togas kazi ne e problem ke go brisam postot... |
|
Beautiful Mind
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Езан - не го навредувај Христијанството, особено не на ваков ден... И прочитај го целиот пост на ЕвАнгелос!
|
|
Ezan-a
Сениор Регистриран: 15.Декември.2007 Локација: Somalia Статус: Офлајн Поени: 150 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Respekt prema EvAngelos eden od najgolemite poznavaci na hristijanstvoto na forumov mislam deka mnogumina ke se slozat so mene,no eve vo uste eden primer so Bibliski citat EvAngelos potvrduva deka Isus ne bil Bog,znaci ako to rekol BOZE MOJ ZOSTO ME OSTAVI znaci deka imalo nekoj koj trebalo da go ostavi vo sporotivno ovoj citat ne trebalo da izleze od ustata na Isus znaci fakt e deka Isus ne bil Bog tuku BOZJI PRATENIK Pozdrav Изменето од Ezan-a - 25.Април.2008 во 16:13 |
|
Beautiful Mind
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Ели, Ели, лама ш'бактани"
( Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави? )
(Матеј 27:46)
Во огромна агонија, непосредно пред Својата смрт, Исус ги изговори овие зборови додека висеше на крстот. Некои од таму присутните не Го слушнаа добро и помислија дека Исус го повикува пророкот Илија да му дојде на помош. "Чекајте, да видиме дали ќе дојде Илија да Го спаси!" - рекоа тие.
Тие го помислиа тоа од две причини:
1. Името Илија, на еврејски се изговара "Елијах" што во превод значи "Бог Мој е Јахве". Во таа премаленост, Исус не го изговорил тоа јасно, па кога извикал "Ели", тие мислеле дека го повикува Илија.
2. Луѓето, не сваќајќи ја евангелската порака, не можеле да поверуваат дека Оној кој стивнуваше бури, Кој одеше по вода, Кој лечеше болни, лепрозни, слепи, глуви, дека Оној Кој воскреснуваше мртви сега беспомошно виси на Крстос и не може да се спаси Самиот Себе.
Свештениците и закониците Го гледаа со презир и му велеа:
"Други спасуваше, а Самиот не може да се спаси! Тој ми бил цар на Израел! Нека се симне сега од крстот, па ќе Му веруваме! На Бога се повикуваше, сега Тој нека Го избави, ако Му е навистина мил! Нели Самиот тврдеше дека е Божји Син?!"
На ист начин Го навредуваше и еден од распнатите злосторници.
Се разбира, во духовна смисла, зад овие гласови се криеше гласот на Сатаната кој очајнички го изведуваше последниот обид да го спречи Христос да умре на Крстот и да го плати човековиот грев. Сатаната проба да го искуша Христос во пустината пред почетокот на Неговата служба. Тој проба да го искуша и преку Петар за воопшто да не дојде во Ерусалим. Секако ова беше најтешкото искушување на Исус.
Овде, на Голготскиот Крст, Сатаната не Го искушуваше Христос со храна, со Слава или нешто слично, туку се повика на Неговиот идентитент во Бог и Неговата моќ. Се обиде да го стави во сомнеж Неговиот идентитет. Се обиде да Го посомнева во Неговата огромна љубов која ја има во Таткото. Се обиде да ја предизвика Неговата моќ, Неговиот Авторитет кој го имаше пред Своите ученици, кои Го гледаа со разочарувачки поглед како виси беспомошно на крстот. Како да Му велеше:
"Сите се откажаа од тебе, никој не ти верува сега, од првиот до последниот, никој не е со тебе. Сите те напуштија. Во нивните очи ти не си повеќе Божјиот Син. Ти си никој и ништо, немоќен да извадиш ни неколку клинци од твоето тело. Не си ти тој кој што се претставуваше. Не си ти Божјиот Син. Каде е сега твојот Бог да ти дојде на помош? Каде е Бог да те спаси? И тој те напушти. И тој не те сака, не те љуби. Ти не си Божјиот Син, ти си никој и ништо..."
Одеднаш, во целата оваа агонија, Христос извика: "Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави?!"
Какво е ова прашање од устата на Христос? Дали Сатаната бил во право дека Бог навистина го остави Христос и повеќе не го љуби? Дали Бог навистина го остави Христос? Дали?
Не! Љубовта на Таткото кон Синот во рамките на Божјото тројство е од искона, неизмерна и никогаш не престанала, ниту ќе престане!
Бог не го оставил Христос, туку љубовта меѓу Таткото и Исус била помрачена. Христос во тој момент осетил отсуство на Божјата љубов. Зошто? Ќе оставам Библијата да ви одговори на ова прашање:
"А Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз себе нашите болки, додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува. За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме. Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат. А Господ ги возложи на Него беззаконијата на сите нас. "
(Исаија 53:4-6) "Оној, Кој не знаеше за грев, Бог Го направи грев за нас, за да станеме Божја правда во Него."
(2 Коринтјани 5:21)
"Не, не е прекратка Господовата рака за да спаси, ниту увото Му заглувна за да не чуе, туку вашите беззаконија создадоа разделба, меѓу вас и вашиот Бог. Вашите гревови го сокрија Неговото лице, и Тој веќе не ве слуша."
(Исаија 59:1-2) Во моментот кога Христос извика кон Бог "Зошто Ме остави?", Бог го натовари целиот грев на човештвото врз Христовите плеќи и Му досуди смрттна казна! Бог не го мрази грешникот, туку го мрази гревот. Во тој момент, врз Христовите плеќи беа натоварени сите гревови на човештвото, сите гревови што досега ги направиле луѓето и што ќе ги направат во иднина. Таму беа и моите и твоите гревови! Христос, иако не направи ниту еден грев, во Тој момент беше најголемиот грешник што некогаш чекорел по земјата.
Затоа Бог го сокрил лицето од Својот Син, не затоа што не можел да го гледа Својот Возљубен Син, туку затоа што не можел да гледа во лицето на целиот грев на човештвото. Пресветоста на Бог не му дозволува да биде во конктакт со гревот и затоа Бог одлучи комплетно уништување на гревот и на се што нема да биде измиено со Христовата крв и што ќе остане грешно до Судниот Ден.
Но Божјата Љубов кон Христос не престанала дури ни во Тој момент, иако Христос бил до гуша исполнет со нашиот грев. Затоа Христос можел со доверба да Му го предаде Својот Дух на Таткото непосредно пред Својата смрт.
Тоа е поука и за нас, за да знаеме и да бидеме сигурни дека кога грешиме Бог сеуште не љуби, но нашиот неисповедан грев стои како темен облак меѓу нас и Бог и не и дозволува на Божјата љубов активно да делува во нас. Бог е како Сонце, Божјата љубов како сончевите зраци. Кога има темни облаци на небото, сончевите зраци не допираат до нас. Но доколку ги исповедаме нашите гревови и побараме прошка од Бог, Тој е верен и на основа на Христовата жртва ќе ни ги прости. Во тој момент темните облаци ќе ги снема и Божјата љубов беспрекорно ќе не огрее.
Голема е Божјата Љубов. Тој ја докажа на првиот велигден кога го воскресна Христос, и повторно ќе ја докаже наскоро кога ќе не воскресне и нас. Нека вашите мисли бидат ослободени од разните велигденски обичаи, од вапцаните јајца, од излагањата и честитките на политичаите и црковните великодостојници кои само сакаат да се покажат пред народот колку се тие побожни. Нека фокусот ви биде и остане на Христос и нека вашите мисли бидат сконцентрирани на Христовото воскресение, на таа огромна Божја љубов која се прелева врз сите народи кои се повикуваат на Неговото Име.
Ви посакувам среќни празници со сладнава велипеточна порака:
"Зашто Бог, толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, за секој кој верува во Него, да не загине, туку да има живот вечен!"
(Јован 3:16)
Поздрав,
-EvAngelos Изменето од EvAngelos - 25.Април.2008 во 15:44 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Vlad Tepesh
Сениор Регистриран: 07.Април.2008 Локација: Romania Статус: Офлајн Поени: 540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
~,,~ ~,,~
Изменето од Vlad Tepesh - 25.Април.2008 во 15:25 |
|
http://protravelguide.com/Images/VladTepesDraculaBranCastle.jpg
|
|
Balian
Нов член Регистриран: 25.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 8 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
EvAngelos, kako si go skockal ova....nemam sto da dodadam...osven.. Denes placham... Se fakjam nekogash kako si igrame vernici...strav mi e da kazam deka sum hristijanin, nemam smelost, custvuvam odgovornost ako go kazam zborot...zatoa se narekuvam vernik...i toa so doza na zadrzanost... zasto? Verata ne e chitanje na Biblija, druzenje so vernici od ista denominacija ( a
istovremeno napagjanje na drugite), praktikuvanje obredi, slavenje,
prazni molitvi, debatiranje na forumi...i kakva ushte ne covecka forma na
religija bez vera, so odnos kako kon bilo koja druga rabota shto ni se sluchuva
vo zivotot kao odenje po leb, chitanje vesnik, gleanje TV...
"Gospode sakam vo vtoro..."
Ke te poznavam li Gospode nekogash tolku dobro, iscrpno, celosno??? Ke ja
ispolnam li tvojata volja Gospode? No Veligden e simbol za vechniot Bozji karakter. Zatoa za Veligden treba da bideme
BLAGODARNI na MILOSTA, na tatkovskata LJUBOV, na UTEHATA, na
RESHENIETO deka nema da mizeruvame vo ovie tela vecno, deka pokraj se sto ti
napravivme, Ti, Gospode, nema da ne ostavish. Tvojata raka ostanuva pruzena za sekoj sto
ke posegne kon Tebe, Ti ne im go skrati pravoto na Tvoite ubijci da pobaraat
pomosh od Tebe, da te povikaat vo dobri ili (za zal pocsto) vo zlo.
Zarem ne ni dal
Gospod shansa, zarem ne ni dal Gospod kapacitet za promena, mudrost za
razumnost??? E da, Ni dal. “I sho sea!?” Neka bide denes denot koga od srce ke se pokaeme...da se pokaeme za svoite sopstveni grevovi koi imaat del vo grevovite na coveshtvoto. EvAngelos ja pokaza rakata. Toa e rakata od Edinstveniot Spasitel... “Odi i ne greshi povekje” Ne bidi malo dete, koe uchi otkako ke gi “izrenda” kolenicite i ke naprai nekoja dzumka, na koe mu e kazano deka sigurno ke padne ako trcha po skali. Ke ti ostanat luzni. Kako ke se nosish so niv? So gordost na tvojata nepokornost ili so sram kako beleg na tvojata “mudrost”? Изменето од Balian - 06.Април.2007 во 04:26 |
|
What man is a man who does not make the world better?
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Петар ја прифати Христовата рака и не се удави.
Тоа е добар пример, дека Христос е тука покрај нас, дури и во нашите падови, па и кога нашата вера со намалува.
Но сепак секогаш останува на нас изборот: Ќе ја прифатиме ли новата шанса која ни ја дава Бог или горди и самоуверени во нашата сила ќе продолжиме да претаме во разбеснетото езеро.
Петар не бил аматер во водниот спорт. Тој бил искусен рибар и можеби цел живот го поминал во езерото. Сепак одлучил да ја зграпчи раката на Христос.
Тоа е добра поука за нас, се разбира во духовна смисла.
Поздрав!
п.с. Ова е сликата од мојот аватар Изменето од EvAngelos - 06.Септември.2008 во 03:17 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Велики Петок 21/04/2007
На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос и Неговото слегување во адот. Ова е стожерна точка во Страдалната седмица, тогаш Богочовекот Кој невино пострада за спасението на човечкиот род ја стекна благодатта на искупувањето од прародителскиот грев, со што се обезвласти владеењето на смртта и на пеколот (демоните) над природата на човекот. (Попросто кажано, оттогаш луѓето живеејќи богоугодно, очистувајќи ги своите срца од страстите, повторно можат да стануваат слободни личности и како такви наследници на рајот.) За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. На Велики Петок тајниот Христов ученик Јосиф од Ариматеја го измоли од Пилат мртвото тело на невино распнатиот Господ Исус, а јудејскиот кнез Никодим којшто и самиот тајно Го следеше Христовото Божествено учење, со смеса од смирна и алој Му го подготви телото за погребение. Погребот е извршен во петок пред Пасха, во свеж гроб во близината на Голгота (сопственост на Јосиф од Ариматеја). Присутствувале само неколку луѓе. Долгата традиција на споменувањето на овој ден го исполнила со вонредни богослужбени дејства (ги изобразуваат настаните што се случија на Велики Петок: ова започнува со утрената, којашто како бдение се служи уште вечерта во Четвртокот, во која се објавува евангелската историја за страдањата и смртта на Господ Исус Христос во дванаесет евангелија). Со оглед дека на Велики Петок Богочовекот Исус Христос Му се принесе Себеси како благодарствена и искупителна жртва на Бога Отецот во име на севкупната човечка природа (човечкиот род), во Црквата не се служи Светата Евхаристија, освен можеби литургијата на претходно осветени дарови. Во аскетската книжевност, Светите отци особено се задржуваат на карактерот на молитвата на Господ во Гетсиманската градина произнесена на Велики петок, и ја покажуваат како извор, вдахновение и пример на она вонредно животворно ’сеќавање на смртта’ што е преисполнето со безостатната предаденост на Синот кон волјата на Бога Отецот. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
prekrasno EvAngelos
|
|
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
|
plamenko
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 07.Август.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
fino nema sto:)
|
|
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
EvAngelos
абе ти да не ми ги земаш темите? таман почнав со велики четврток... ќе бев лут, да не си ја средил вака фино... |
|
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |