|
ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ |
Внеси реплика | страница <1234 30> |
Автор | |
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што си поминав и се прелагав
Што си поминав и се прелагав [х2] покрај трите најубавите лични како црвен трендафил. [х2] Трите на порти седеа личните сестри убави китки трендафил носеа китки трендафил в' пазуви, а најмалата носеше китка трендафил, на гради. А најмалата најубавата [х2] со китка фрли по мене со китка црвен трендафил. [х2] Китка трендафил ѝ зедов и знак за љубов ѝ дадов, со нога што ѝ потропнав со око што ѝ намигнав. [х2] Што ќе правиме, чиниме Што ќе правиме, чиниме, со кој мерак ш'о го имаме, ниту јадиме, пиеме, ниту слободно спиеме. Сношти помина покрај нас, тамо ја најдов мајка ти. - Добро вечер, стара бабо. - Дал ти Бог добро, јуначе. А што ми рече два збора, два збора, до два изгора. - Да, море лудо и младо, не си го губи времето. Момето ми е свршено, за друго лудо, порусо, за друго лудо, порусо, од тебе многу поарно. Тоа е сè, од мене, народе! А-66, Б-27, В-19, Г-11, Д-39, Е-21, Ж-5, З-23, И-13, Ј-17, К-39, Л-16, М-58, Н-37, О-36, П-39, Р-8, С-72, Т-27, Ќ-1, У-3, Ф-5, Ц-7, Ч-7 и Ш-9. Вкупно, 604. Ви посакувам пријатно расположение. Изменето од Miki_P - 29.Мај.2009 во 13:56 |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што се срамиш калеш Кирчо
Што се срамиш калеш Кирчо мене да погледаш, мене да погледаш Кирчо во црните очи? Не се срамам лично моме тебе да погледам тук' се срамам лично моме тебе да заљубам. Кој те тебе лично моме сал еднаш погледнал, лута рана лично Севде на срце си става. Земи мене калеш Кирчо за млада невеста, да не ставаш лута рана на твоето срце. Што се чуло нане Што се чуло нане, што се чуло и разбрало, аман и разбрало. Ќе ме грабит нане, ќе ме грабит тој Никола, тој Никола нане, тој Никола од Зарчета. Ај да ојме нане, ај да ојме кај вујка ми, аман кај вујка ми. Кај вујка ми нане, кај вујка ми Костакија. Белким таму нане, белким таму не ќе дојдат. Уште зборот нане, уште зборот недоречен, аман недоречен, што ќе видиш нане, што ќе видиш во дворови. Во дворови нане, сè дебрани и мокрани. Подај ми го сестро, подај ми го шемшането, аман шемшането. Tи ќе полниш сестро, ти ќе полниш, јас ќе фрлам. Прва пушка нане, прва пушка што ми пукна, аман што ми пукна, ми го удри нане, ми го удри тој Никола, тој Никола нане, тој Никола од Зарчета. Чун го чекат нане, чун го чека Долни Сарај, аман Долни Сарај. Го однесоја нане г' однесоја во Поградец. |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што ми е мерак полјак да бидам
Што ми е мерак полјак да бидам, мори Божано, полјак да бидам на ваш'та нива, мори девојко. На ваш'та нива, нива голема, мори Божано, ти да ја жнееш, јас да те гледам, мори девојко. Што ми е мерак полјак да бидам, мори Божано, полјак да бидам на ваш'то лозје, мори девојко. На ваш'то лозје, на бело грозје, мори Божано, ти да го береш, јас да те гледам, мори девојко. Што ми е мило ем драго мамо Што ми е мило ем драго мамо, што ми е мило ем драго, комшиче либе да имам мамо, комшиче либе да имам. На пенџерето да седам мамо, на пенџерето да седам, бело ѝ лице да гледам мамо, бело ѝ лице да гледам. Бело ѝ лице да љубам мамо, бело ѝ лице да љубам, руса ѝ коса да мрсам мамо, рамна ѝ снага да кршам. Што ми е мило мамо Што ми е мило мамо мило ем драго, сејмен да шетам мамо низ бузаана. Па да видам мамо белото Маре белото маре мамо на Цинциеви. Дали го носи мамо тој широк фустан што го кроевме мамо девет ергени. Од секој ерген мамо по еден аршин, а Ѓоше не дал мамо ни еден аршин. А Ѓоше не дал мамо ни еден аршин Ѓоше го зеде мамо белото Маре. Ѓоше го зеде белото Маре, а јас да пукнам мамо ич не се жалам. |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што да правам, што да чинам
Голем мерак мила мајко скоро јас ќе умрам два мерака два севдаха скоро одат во гроба. Што да правам што да чинам кога е лоша мајка ми не ми дава да заљубам од личните ергени. Кандисуј бре лудо младо што ти дава мајка ми мама дава, лудо младо триста лири жолтици. Што имала к'смет Стамена Што имала к'смет Стамена, Стамена мајка ѝ болна легнала, легнала. Мајка ѝ болна легнала, легнала побарала вода студена, студена. Побарала вода студена, студена од таа чешма шарена, шарена. Стамена ги зеде стомните, стомните отиде на чешма шарена, шарена. Отиде на чешма шарена, шарена да наполни вода студена, студена. Што ја нема Цвета Што ја нема Цвета, мамо, низ двор да прошета? Дали болна легна Цвета, или болни гледа? Ниту болна легна сине, ниту болни гледа. Под сенка легнала Цвета, глава преврзала. Дали д' идам мила мамо, Цвета да ја видам? Понуда да носам, мамо, алва шеќерлија? Алва шеќерлија, мамо, едра леблебија? Немој сине, не ми оди, Цвета е свршена. Цвета е свршена сине, за момче богато. За момче богато, сине, за момче скопјанче. |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чудила се мила мама
Чудила се мила мама: - Кому да те дадам? Да те дадам за даскалче? - Јас даскалче нејќум. Даскалче е како просјак, од село на село. Џангара, мангара, манга, данга од село на село. Чудила се мила мама, кому да ме дават? Да ме дават за рибарче, јас рибарче нејќум. Рибарче е како мачка, од риба на риба. Џангара, мангара, манга, данга од риба на риба. Чудила се мила мама, кому да ме дава? Да ме дава за мајсторче, јас мајсторче нејќум. Мајсторче е како петел, од греда на греда. Џангара, мангара, манга, данга од греда на греда. Чудила се мила мама, кому да ме дава? Да ме дава за чалгаџи, јас чалгаџи сакам. Тој ќе свирит, јас ќе играм ќе се погодиме. Џангара, мангара, манга, данга ќе се погодиме. Чудила се мила мама, кому да ме дава? Да ме дава за фурнаџи, и него го сакам. Тој ќе печит, јас ќе јадам ќе се погодиме. Џангара, мангара, манга, данга ќе се погодиме. Чула баба разбрала Чула баба разбрала да се мажат бабите, да се мажат бабите бабите за ергени. Зеде баба две стомни та ми појде на вода, на студено кладенче там' си најде ергенче. Добро утро бабо ле. Дал бог добро либе ле [х2] до вечера мој да си. Еј мори бабо грбава, имаш ќерка убава. Ајде бабо дај ми ја ќе те дарвам шамија. Чупче од онака Чупче од онака, не се врти вака, не ме гори мене. Гори, лудо, гори, гори да изгориш, пепел да се сториш. Пепел да се сториш, сапун да те праве, чупите да пере. Чупите да пере, белите престилки, белите дулбени. |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Четворица кумити
Четворица кумити низ Кршисер врвеја. Низ Кршисер врвеја, право Гари влегоја. Првиот беше, врвеше, Стојанчо Паун кумита. Други ми беше, врвеше, Стефанов Мицо кумита. Трети ми беше, врвеше, Алексо Кирко кумита. Четврти беше, врвеше, Пејданчо Блажо, кумита. Чукат, чукат на врата: - Отвори млада невесто. Отвори млада невесто, невесто млада Стојанице. Она си слезе од чардак и си вратата отвори. - Добро вечер, невесто! - Дал бог добро, кумити! Стојан си вели, говори: - Невесто млада, Стојанице, качи се горе в' одаја, отвори долап мусандра. Извади шише ракија, тајфата да ја напијам! Чије е оној моме Чије е оној моме мамо, чије је оној моме, от пенџер што гледа, мила мамо, од пенџер шо гледа? А што глава има, мамо, а што глава има, битолска к*рија, мила мамо, битолска к*рија. А што чело има мамо, а што чело има, алтан амајлија, мила мамо, алтан амајлија. А што веѓи има мамо, а што веѓи има, морски пијавици, мила мамо, морски пијавици. А што очи има мамо, а што очи има, беглески филџани, мила мамо, беглески филџани. Иди ја посакај мамо, иди ја посакај, дал' ќе ти ја дадат, мила мамо, снаа да ти биде. Чифте, чифте пајтонлари Чифте, чифте пајтонлари гетр' д'м сана гетр' д'м сана ајде дарл ма бана, опа. [х2] Ока, ока локумлари једр д'м сана једр д'м сана ајде дарл ма бана, опа. [х2] Шише, шише коњаклари ичер д'м сана ичер д'м сана ајде дарл ма бана, опа. [х2] |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Црно му било пишано на Александар Турунџев
Црно му било пишано на Александро Турунџе, шеснајсгодишен војвода, на седумнајста го фатија. Бог да убие кодошот, кодошот Митре Гинката, што го предаде Турунџе, тој неустрашен бунтовник. Тој го предаде Турунџе, за сто и пејсет жолтици, тој го предаде Турунџе, на тие клети душмани. Го турија во зандани, во тие темни долапи, со тешки франги на раце, и дробен синџир на гуша. Го изведоа на Ат-пазар, му ја кажаја бесилката, цела се Битола расплака, за Александро Турунџе. Черешна се од корен корнеше Черешна се од корен корнеше, мома се од мајка делеше. Проштевај мајко, проштевај, проштевајте мили роднини. Досега сум мајка слушала, отсега ќе слушам свекрва. Отсега ќе слушам свекрва, свекрва, свекор, јатрва. Свекрва, свекор, јатрва, и најмалото ни деверче. Четворица комити Четворица комити од Балкан ми слегоја од Балкан ми слегоја право тргат за Прилеп. Право тргат на Прилеп кај Методи Крапчета. [2х] Не го нашле Крапчета тук' ја нашле невестата. [2х] Добро утро невесто дал бог добро комити. [2х] Појдите во одаја ракија да пијате. [2х] Не сме дошле за ракија туку за амането. [2х] Го бараме Крапчета да ни даде сто лири. [2х] Да ни даде сто лири за касата комитска. [2х] Пушки да си купиме за четата комитска. Пушки да си купиме, в' борба да си одиме. В' борба да си одиме, земја да ослободиме. Земја да ослободиме, земја Македонија. Изменето од Miki_P - 29.Мај.2009 во 13:27 |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
jambo
Нов член Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Razdeleti gi malku akordite ...neznam zosto gi sobra taka
|
|
jambo
Нов член Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne se facaj Done,Donke! Makedonska narodna!
E H F#7 H Ne se facaj Done, Donke, do mene E H F#7 H Srce mi izgore, Donke, za tebe! E H F#7 H Koga vojnik, Done, Donke, jas odev, E H F#7 H Ti oroto, Done, Donke, go vodese! E F#7 H E F#7 H E-ej, sto se zaljubiv, e-ej, sto se izgubiv! E F#7 H E F#7 H E-ej, sto se zaljubiv, e-ej, sto se izgubiv! Ti do mene, Done, Donke, zaigra, Srceto mi, Done, Donke, razigra! To gaj zbor mi, Done, Donke, ti dade, Po godina, srceto si prodade! Ni godina, Done, Donke, ne projde, Za drugogo, Done, Donke, ti pojde! Ne mi igraj, Done, Donke, ne zbori, O ti znaes, Done, Donke, sto sgori! Trgni raka, Done, Donke, od mene, Srce vece ne mi igra za tebe! Trgni raka, Done, Donke, od mene, Srce vece ne mi igra za tebe! pratete nesto so akordi..eve jas prv Ne se facaj Done,Donke! Makedonska narodna! E H F#7 H Ne se facaj Done, Donke, do mene E H F#7 H Srce mi izgore, Donke, za tebe! E H F#7 H Koga vojnik, Done, Donke, jas odev, E H F#7 H Ti oroto, Done, Donke, go vodese! E F#7 H E F#7 H E-ej, sto se zaljubiv, e-ej, sto se izgubiv! E F#7 H E F#7 H E-ej, sto se zaljubiv, e-ej, sto se izgubiv! Ti do mene, Done, Donke, zaigra, Srceto mi, Done, Donke, razigra! To gaj zbor mi, Done, Donke, ti dade, Po godina, srceto si prodade! Ni godina, Done, Donke, ne projde, Za drugogo, Done, Donke, ti pojde! Ne mi igraj, Done, Donke, ne zbori, O ti znaes, Done, Donke, sto sgori! Trgni raka, Done, Donke, od mene, Srce vece ne mi igra za tebe! Trgni raka, Done, Donke, od mene, Srce vece ne mi igra za tebe! Изменето од jambo - 28.Мај.2009 во 15:16 |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Целувај ме мило либе
Кажи, кажи, мило либе кога јас да дојдам, дали вечер, мило либе, или утре вечер? Дали вечер, мило либе, или утре вечер да ти дадам златен прстен и да те целувам? Целувај ме мило либе, немој да ме прашаш. Само немој мило либе нишан да оставаш. Утре е недела, мајка ми е дома утре ти да дојдеш, либе прстен да ми дадеш. Прстен да ми дадеш, либе и да ме посвршиш. Ти да ме посвршиш, либе и да ме целуваш. Целувај ме мило либе, немој да ме прашаш. Само немој мило либе нишан да оставаш. Штом ти така велиш, либе така нека биде. Утре јас ќе дојдам либе со мојата мајка. Утре јас ќе дојдам либе со мојата мајка, прстен ќе ти дадам, либе и ќе те посвршам. Целувај ме мило либе, немој да ме прашаш. Само немој мило либе нишан да оставаш. Ценив се у попа Ценив се у попа, да му чувам гуските. Шарена гајда изшарана, с'с мониста нанижана. Зумбај, зум-ба-ба. Откара ги долови, куде вода не тече. Куде вода не тече, куде трава не нича. Шарена гајда изшарана, с'с мониста нанижана. Зумбај, зум-ба-ба. Оздол' иде попиште, врти очи к'о плочи. Шарена гајда изшарана, с'с монисти нанижана. Зумбај, зум баба. Два шамара ми удри, гуските ми отера. Гуските ми отера, гајдата ми ја зема. Шарена гајда ишарана, сас мониста нанижана. Зумбај, зумбаба. Црна се чума зададе Црна се чума зададе там долу Демир Капија там жална Македонија. Кој ќе се јунак одбере чумата да ја пропади? Избрал се Делчев, Гоце војвода, он ојде в Македонија, чумата да ја пропади од жална Македонија. Кој иде горе низ гора, дал ми се Турци поганци? Не ми се Турци поганци, тук ми се одбор дружина, ранет ми другар носеа. Со к*ршум јунак пронижан од лева страна во срце, млад Делчев, Гоце војвода. Делчев дружина говори: - Дружино, верна зговорна, вие ќе утре врвите, кому ќе ме оставите, водичка да ми подаде, срцето да си разладам, устата да си расвкасам? Дружино, мои комити, кога ќе вие минете низ моја града Кукуша, мајка ми ќе ве пречека, за мене ќе ве опита: - Дека е Делчев војвода? вие нејзе ќе и кажете: - Делчев се јунак посврши, за црна земја робинка. Црнеј горо, црнеј сестро Црнеј горо, црнеј сестро двајца да црнејме ти за твојте лисја ле горо јас за мојта младост. Твојте лисја, горо сестро пак ќе ти се вратат а мојата младост горо нема да се врати. Мене мајка ме посврши преку три планини што не сакав горо сестро на пат да го сретнам. Дење оди горо сестро по твојата шума ноќе оди горо сестро по бели друмови. Сношти ми донесе горо братовата рака јас ја познав горо сестро по златниот прстен. Црнеј горо, црнеј сестро двајца да црнејме ти за твојте лисја горо јас за мојта младост. |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фато мори душманке
Либето ми го зеде ти рана на срце ми остави. Рефрен: А, а,... Фато мори душманке леле катилке А, а,... Фато мори душманке проклета да си. Многу време се љубевме но за еднаш ме остави. Рефрен: А, а,... Фато мори душманке леле катилке А, а,... Фато мори душманке проклета да си. Среќна не ќе бидеш ти кога лудо те колнам знај. Рефрен: А, а,... Фато мори душманке леле катилке А, а,... Фато мори душманке проклета да си. Филизој моме, Филизо Филизој моме, Филизо малој моме, излези на пенџерето, ај да ти го видам лицето. Да ти го вида лицето, малој моме, шо лице носиш на тебе, ај дали прилегат за мене. На слика да го сликувам, малој моме, в' тефтерот да го наредам, ај в' тефтерот да го наредам. В' тефтерот да го наредам, малој моме, за кога да ода на војска, ај за когата одам на војска. Штом ќе ми текнет за тебе, малој моме, тефтерот да го отвора, ај меракот да ми поминет. вета мома убава Цвета мома убава, солзи рони, сама се пита. Цвета мома убава, солзи рони, саде се пита. Зошто Димчо ти не дојдеш мене да видиш, мене да видиш? Нели ти реков, Димчо бре, само мене да љубиш верно. Се ти праштам, оти си лудо, само врни се, само врати се. Турил фесче над око, мен' ме гледа сe' испод око. Дигни фесче, јас да те видам, срце ми изгоре, срце ми изгоре. Цветините очи черешови Цветините очи черешови сношти ги видов расплакани. Цветано моме убаво што си ми Цвете нажалено? Дали ти е мајка умрела или е болен татко ти, или те тебе посвршија за тоа либе што несакаш? Ниту ми е мајка умрела ниту е болен татко ми, либето војник ми замина во таа града Битола. Од него писмо јас немам зато сум толку нажалена, зато сум толку нажалена нажалена расплакана. |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Убаво Македонче
Кога тебе те сретнав умот ми го однесе [x2] такво момче убаво нигде немам видено. [x2] Многу ноќи јас не спијам и на тебе се си мислам ах бре ергенче, Многу ноќи јас не спијам и на тебе се си мислам, убаво Македонче. Желба ми е голема срце ми разигрува, [x2] едно барам од тебе вечно да си со мене. [x2] Многу ноќи јас не спијам и на тебе се си мислам ах бре ергенче, Многу ноќи јас не спијам и на тебе се си мислам, убаво Македонче. Несреќна би била знај, несреќна јас без тебе, [x2] нема среќа ни радост ако не си со мене. [x2] Многу ноќи јас не спијам и на тебе се си мислам ах бре ергенче, Многу ноќи јас не спијам и на тебе се си мислам, убаво Македонче Учи ме мајко, карај ме Еееј, учи ме мајко, карај ме како да ја земам Лилјана Лилјана мома убава Лилјана тенка висока Лилјана бела црвена Лилјана ситен босилок Лилјана една на мајка. Учам те синко карам те како да ја земиш Лилјана повикај триста мајстори направи чешма шарена наврати вода студена сите селани ќе дојдат и Лилјанини другарки ем сите калеш невести белким Лилјана ќе дојде. Послуша Стојан мајка си повика триста мајстори направи чешма шарена наврати вода студена сите селани дојдоа и Лилјанини другарки ем сите калеш невести кучка Лилјана не дојде. Учи ме мила мајко, карај ме Учи ме мила мајко, карај ме, леле карај ме, како да кинисам, мајко, по него, леле, по него. Са ноќ сум мила мајко, неспана, леле неспана, од тоа лудо младо, пијано, леле, пијано. Лажи го, мила ќерко, мами го, леле мами го, дур' да си дојдат ќерко браќа ти, леле, браќа ти. Браќа ти се мила ќерко комити, леле комити, тие ќе му глава ќерко отсечат, леле отсечат. Фанче ојде во Калишта Фанче ојде во Калишта во Калишта на панаѓур. [2х] Таму место не ми најде, се почуди што да чинит, ноќе беше кај да одит. Ми кандиса под скалата, под скалата, в'одајчето в'одајчето, зад ајчето. Што му рече на Димитрија: ај Димитри, кир Димитри, ај да ојме на визита, на визита у кир Коста, у кир Коста од Белета. Таму имат чалгаџии, тамо свирит Караѓуле, Караѓуле со тајфата. Свири, свири Караѓуле, да поиграт кира Фанче, кира Фанче едно чамче едно чамче елбасанче. Фанче ми се наљутило, не го знаит пусто чамче, не го знает шчуро чамче. Што му рече на Караѓуле: свири, свири Караѓуле, дан' ти го земам кемането, дан' ти го фрлам во езеро да го јадат и рибите и рибите летниците. Фатила зима Фатила зима, зима голема зима голема, снег до колена покрила гора, гора зелена гора зелена, шума бујата. Запаша Стојна бомби, фишеци бомби, фишеци, шмајзер на рамо. Тргнала Стојна во гора зелена во гора зелена, шума бујата. Таму ги најде нејните другари нејните другари, млади партизани нејните другари, млади партизани нејните другарки, млади партизанки. Еј Вие другари млади партизани млади партизани, млади партизанки дали го видовте моето братче моето братче и моето либе. Ние ги видовме твоето братче твоето братче и твоето либе ние ги видовме во Прилепа града борба водеа со фашистите. |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Три невесте тикве брале
Три невесте тикве брале бре [x2] три невесте тикве брале, бре, бре, бре тикве брале бре. Куде брале там' заспале бре [x2] куде брале там' заспале бре, бре, бре там' заспале бре. Свекрва ги разбудила бре [x2] ој невесте мрзеливке бре, бре, бре ај станујте бре. Невесте се разлутиле бре [x2] па почнале да се карат бре, бре, бре па збориле бре. Една вика ој свекрво бре [x2] една вика ој свекрво бре, бре, бре котрљаво бре. Друга вика ој ти свекре бре [x2] ој ти свекре диви вепре вре, бре, бре диви вепре бре. Три пати поминав Три пати поминав [x2] три пати поминав мило либе покрај ваш'то порте. Тебе не те најдов [x2] тебе не те најдов мило либе на порти да стоиш. На порти да стоиш [x2] на порти да стоиш мило либе мене да ме чекаш. Мене да ме чекаш мило либе дуќан да затворам. Чаршија да одам [x2] чаршија да одам мило либе прстен да ти купам прстен да ти купам мило либе тебе да те земам. Туѓината пуста да остане Туѓината пуста да остане, таја од либето ме раздели. Таа од либето ме раздели, што го љубев време три години. Сите печалбари си дојдоја, само мојето либе го нема. Дење-ноќе на порти го чекам, само плачам и на него мислам. Ќе ве прашам, млади печалбари, дали го видовте мојто либе? Дали го видовте мојто либе од печалба дома да си иде? На трета година писмо прати и ми пиши нема да се врати. Не се враќа, друга си заљубил и за неа тој си се оженил. Ќе ти умрам мамо Ќе ти умрам мамо леле ќе ти умрам мамо, ќе ти умрам мамо рано во недела. [x2] Рано во недела леле рано во недела, рано во недела на мека постела. [x2] Да ме закопате леле да ме закопате, да ме закопате пред црквина порта. [x2] Да ми посадите леле да ми посадите, да ми посадите ружица румена. [x2] Кај што ќе помине леле кај што ќе помине, кај што ќе помине ружица да скини ружица да скини мене да ме спомни. |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тргна ми Донка да оди
Тргна ми Донка да оди на таа чешма шарена на таа вода студена низ тоа поле широко. Оздола иде беќарче на Донка вели говори постој ми Донке почекај јас да ти речам два збора. Прсна ми Донка да бега низ тоа поле широко низ тоа поле широко низ тие пусти капини. Пуста капина ја фатила за свиленото фустанче држи ја капино не пуштај голема фалба за тебе голема фалба за тебе убава Донка за мене. Тргнала си Рума мома Тргнала си Рума мома низ гора зелена, и по неа Стојан овчар с' меден кавал свири. Руме, моме Руме, умирам за тебе Руме моме Руме, изгорев за тебе. С' кавал свири Стојан овчар ситна роса паѓа, и на Руме подвикнува: Стој, почекај Руме. Руме, моме Руме, умирам за тебе Руме моме Руме, изгорев за тебе. Ќе ти колам рудо јагне дали би ме зело? Зело би те, зело лудо ама куќа немаш. Руме, моме Руме, умирам за тебе Руме моме Руме, изгорев за тебе. Ќе ти купам свилен фустан дали ќе го носиш? Не купувај не арчи се тебе не те сакам. Руме, моме Руме, умирам за тебе Руме моме Руме, изгорев за тебе. Тргнала Тода мома за вода да оди Тргнала Тода мома за вода да оди, на таа чешма, Тода, чешма шарена. Одила Тода мома што одила, на пат Тода мома потера сретнала. Тогај се Тода мома назад вратила, и на братот Тода мома му кажала. - Ај стани, стани брату, стани Ѓорѓи, лоша потера, Ѓорѓи, нè сардиса. Не бој се, Тодо мори, гајле не бери, подај ми, Тодо мори, берданка пушка. И дај ми, Тодо мори, ситни к*ршуми, тури ми, Тодо мори, чаша ракија. Па да видиш, Тодо мори, што чудо ќе правам, потера ќе бега, Тодо, до бога ќе плаче. Тргнало ми лудо младо Тргнало ми лудо младо за солунски пазар и на моме проговара рачај, порачувај. Рачај порачувај моме што да ти донесам срмено елече моме или ѓерданче. Купи лудо, купи младо што ти срце сака што ти срце сака лудо што го нема тука. Три години болен лежав Три години болен лежав аман, аман, аман за твоите црни очи. [х2] Отвори го пенџерчето аман, аман, аман да ти речам до два збора [х2] и пак затвори го. Очите ми, очите ти аман, аман, аман тие ми се стројниците. [х2] Милувај ме, бакнувај ме аман, аман, аман тие се велат прикаски. [х2] Ај повтори избаци ме аман, аман, аман да не легнам и да умрам. [х2] Три години Кате болен лежав Три години Кате болен лежам, ајде де ти не дојде Кате да ме видиш. Шуќур Господ Кате те донесе, ајде де понадица Кате да ми донесиш. Понадица Кате да ми донесиш, ајде де среде лето Кате жолта дуња. Среде лето Кате жолта дуна, ајде де среде зима Кате лубеница. Поткрени го Кате перничево, ајде де сврти ми го Кате кон езеро. Да го видам Кате езероно, ајде де како бијат Кате, далги, далги. Како бијат Кате, далги далги, ајде де така бијат Кате моево срце. Така бијат Кате моево срце, ајде де моево срце Кате за твоето. Три години либе се сакавме Три години либе се сакавме лоша дума либе не рековме. [x2] Сека вечер либе ти ми велеше: ќе те земам либе за невеста. [x2] Пуста да е либе таа печалба таа двајца либе не раздели. [x2] Пет години либе пројдоа сите си дојдоа, тебе те нема. [x2] Кажи, кажи либе што ти сторив Та што мене млада заборави? [x2] Не сум те бре либе заборавило земја ми е лице покрила. [x2] Три години се љубевме Три години се љубевме лоша дума не рековме. [x2] Зар не ти е жал бре либе, аман ли за мене, јас да умрам сè заради тебе? [x2] Твојта мајка песни пее А пак мојта солзи лее. [x2] Зар не ти е жал бре либе, аман ли за мене, јас да умрам сè заради тебе? [x2] Тебе ти чукат тапаните А пак мене камбаните. [x2] Зар не ти е жал бе либе, аман ли за мене, јас да умрам сè заради тебе? [x2] Тебе те носат на венчило А пак мене на носило. [x2] Зар не ти е жално либе, аман ли за мене, јас да умрам сè заради тебе? [x2] Три години сејмен шетав Три години сејмен шетав низ вашето пусто село. Тебе дома не те најдов да сториме здраво-живо. Да је речеш на золва ти дал' го чуват аманетот? Аманетот три годишен две јаб'лка ѓулави. Две јаболка ѓулави ни од сонце огреани. Ни од с'нце огреани, ни од роса поросени. |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
Внеси реплика | страница <1234 30> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |