|
Колумна |
Внеси реплика | страница <1234 10> |
Автор | |
Izzi
Сениор BRAINIAC Регистриран: 18.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4475 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
(да се надоврзам)...чудно,почнав и да се менувам...првпат вака пишувам за чувства и првпат ми е толку криво што е вака...ама јбг...живот
п.с. |
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Izzi
Сениор BRAINIAC Регистриран: 18.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4475 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Седам и размислувам...“ке се искажам преку тастатурата“,штом не можам поинаку...штом не можам ТЕБЕ да ти кажам колку ми е криво што сакал-нејкел ке мора да се помирам со фактот дека можеби се вљубив во многу убаво,прекрасно девојче,за жал и претерано срамежливо...
Криво ми е што си таква.Прекрасна,добра,а сепак не верувам дека би можеле да бидеме нешто повеке од другари.Барем не во блиска иднина. Деновиве ме држеше една невидена еуфорија.Буквално под напон.Јак напон.а сега...ми фали таа еуфорија,тоа прекрасно чувство на возбуда кое го имав... дали да одам контра се,и упорно да се обидувам,иако се ми вели да не го правам тоа...или едноставно да се помирам со тој е*ен факт дека ТИ си девојче кое е симпли срамежливо?... Ми фали чувството,еуфоријата,напонот...само дали вреди? |
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Љубовта има чудна дефиниција...составена од малку зборови а прејаки чуства....хм...може да се каже дека тие чуства уствари се дефиницијата на љубовта. И како и секогаш кога пишувам во оваа тема мора да имам некоја нејаснотија во главата за да седнам и да расчистам. Барем сама со себе да расчистам...да видам што поточно мислам околу тоа. Сега буквално од кревет ме крена, (добро прво на телефон ме разбудија) една мисла која од пред 2 години ја немав убаво разгледано и посматрано за да си донесам свое мислење околу тоа. Љубов и далечина....или пак поубаво кажано ЧУСТВА И КИЛОМЕТРИ. Секој со свој памет се води....на крајот на краиштата најбитно е да сме уверени во тоа што го мислиме па дали некој е истомисленик во оваа работа со нас не е ни најмалку битно. За некого важи правилото-Далеку од очи, далеку од срце....за некој пак дека љубовта нема граници па дури ни кога се работи за далеку од очи. Се повеќе навлегував во дилема со оваа работа. Памтам пред 2 години имав „врска“ (ако може тоа така да се нарече) со дечко од Австралија кој искрено (и смешно) кажано не го ни запознав. Од една страна да смешно ми е, но од друга страна ....па тој ме правеше среќна исто како да беше и овде со мене. Нормално, тоа заврши. Пред да дојде (а требаше демек да дојде) дознав е католик. Тоа мене многу ме одалечи зашто ми е пребитно. Да сум знаела и порано дефинитивно од другарство повеќе не би ни имал со мене, не дека имал нешто повеќе ама така е зборот нели. И нормално. Изгубивме контакти се до пред 7 месеци. Тој повторно се најави за во Македонија а јас му кажав дека имам дечко и дека ако дојде ќе мора и со него да се запознае...а тој ја имаше својата Елајза (девојка му) за која изгледа не ни му беше баш гајле. Кога ми рече Елајза искрено се изнасмеав така здраво и убаво....Не ради друго туку Елајза имаме тест за испитување на бруцелоза на работа. И сега кога и да го работам тоа мислам ја работам женска му на Џастин (така се викаше типот). Интересно беше колку време си посветувавме на себе...колку знаевме да сме нежни на зборови и немаше ништо застрането и забегано кое може да доведе до настрана мисла дека тој е мањак или пак јас некоја психо типка.Тука се сведуваат 2 прашања. ДАЛИ ВЕРУВАТЕ ВО ИНТЕРНЕТ ВРСКА И ДАЛИ ВЕРУВАТЕ ВО ЉУБОВ ОДАЛЕЧЕНА СО СВЕТЛОСНИ ГОДИНИ ОД ВАС???? Хм...правиот одговор не можам да го дадам зашто утре не знам што може да се случи. За ова првово ај да речеме дека не држи многу многу ако не го познавате или ако нема да го запознаете....а за ова второво...хммм...па може ако имаш партнер утре ќе отиде на пат а ти вистински го сакаш. Знач сепак нема прав одговор според мене.....и ова е релативна работа. Но сепак најбитно е да сме среќни. Па дали преку интернет, дали одалечени поради работа или било што друго...битно е срцето да ни е исполнето, иако спиеме сами одреден период (се мисли за тие во брак). Верувајте си и сакајте се....бидете среќни....и времето денес може да смени 4 годишни сезони а не па нешто што не е толку многу зависно од природата. Си го најдов одговорот-одам во кревет назад!
П.С. Ова пред некоја вечер беше затоа се збори за ноќе. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Незнам колку е вредно да пишуваш нешто за кое не знаш дали воопшто некој ќе го прочита? Можеби е тоа исто со мисла која ти се врти во глава а не ја кажуваш на никого од едноставна причина што не си сигурен дека ќе те разбере тој на кој ќе му ја кажеш. Дали вопшто поентата на пишувањето е во тоа да си ја олесниш душата за тежина што те мачи?
Еден паметен човек рече: во животот мора да ги отфрлиш оние работи што те мачат ако сакаш да продолжиш понатаму. Тоа е како тежина која не ти дозволува слободно да се движиш, те кочи, те успорува. Ако пишувањето на колумна е начин да се направи тоа, да се отфрли тежината, тогаш добро. Безнадежноста е нешто за кое почувствував потреба да пишувам. Безнадежност дека нешто што не е судено нема да се случи. И затоа треба да ја отфрлам тежината што ја носам во душава, што секоја ноќ ја сонувам будејќи се со мислата дека сето она страшното повторно се случува. Или будејќи се со мислата дека не требаше така да се случи. Грижата на совест е нешто што не може да се отфрли. Или ја имаш или ја немаш. Ако ја имаш, цел живот ќе те мачи и нема да те остави намира. Би сакал да ја немам, ама господ ги создава луѓето по негова замисла не по наша желба. И сите не пратил овде со некоја цел. Сеуште не ја најдов мојата? И сеуште ја барам. А сликите од минатото не можам да ги тргнам од мислите. Немам на кого да ги кажам. А на кого воопшто му е гајле. Мојата тежина е мое секојдневие. Секоја вечер доаѓа со темнината, а наутро си оди со светлината. Само непроспиена ноќ е малку одмор! Како да ја отфрлам тежината кога таа станала дел од мене? Тогаш јас нема да бидам јас! Јас сум роден со тежината во душата. Јас сум пораснал со тежината во душата. Јас сум дел од тежината во мојата душа. Но сонцето утре повторно ќе изгрее, со мене или без мене! ЈЕБИ ГА!!!!!!!!!!!! Изменето од којсумјас - 18.Март.2008 во 01:04 |
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Добро, се будиш еден ден и чувствуваш празнина. Незнаејќи зошто е така бараш одговор во себе, но не го наоѓаш. Следнот утро се будиш со чувството дека тоа е онаа иста празнина што си ја чувствувал оној ден кога дел од тебе престанал да постои. Најстрашно од се е тоа што стануваш свесен дека таа празнина секогаш и си ја чувствувал во себе.
Празнината е безвременска. Нема димензии.Таа е целосна и те исполнува исто така поразително како оној ден кога дел од тебе се изгубил во безсмисленоста на животот што го живееш како случаен минувач низ туѓите патишта. И не е важно каде е твојот пат. Зошто каде и да те води, со себе ја носи празнината од која неможеш да се одделиш. Таа станала дел од тебе, па веќе не ни размуслуваш за неа; едноставно е тука. И рамнодушен си кон неа како и кон се окулу тебе. Само понекогаш се прашуваш зошто е така? Но одговорот се губи во сивилото на неразбирањето. А дилемата останува! Зошто љубовта остава празнина во душата на тој што љуби? Или можеби не била вистинска? Не, не е тоа! Всушност, постои ли вистинска љубов? П.С. Тмурна вечер, повторно ќе ја сонувам, ЈЕБИ ГА!!!!!!! Изменето од којсумјас - 20.Февруари.2008 во 02:16 |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оној кој стално размислува и премногу претпоставува што ќе се случи, секогаш ќе има погрешен одговор за нешто на кое не може да се оговори. Blueprayer ги прочитав повеќето од твоите размислувања и едно е очигледно - премногу размислување, анализи и приказни. Достојно за писател, но не и за реалниот живот.
ЉУБОВТА е едноставна ако е вистинска! Сакаш некоја (машко сум инаку) и тоа е едноставно чувство, ама истовремено и многу силно. Нема тука ама баш никакви филозофии! Оној кој не е сигурен во љубовта кон другиот ќе се заборави од размислување, што ако биде ова, па што ако ми смета овој, оној , оваа , онаа !! Тој што претпоставува дека нешто ќе се случи уште пред да се случи, или дека ќе се одвива така и така уште пред да започне, не треба ни да започнува ништо. Живеј го животот и не се прашувај премногу што ќе биде. Во тоа е убавината, што не знаеме што ќе се случи во иднината? Ако секогаш го знаеме одговорот што ќе биде и како ќе заврши, каде е тука убавината? Најпосле , се што има почеток мора да има и свој крај. Затоа човекот треба да ужива во нешто додека трае, така подолго ќе трае! Можебо откако ќе заврши љубовта (никој не бил заљубен само еднаш, тоа е сигурно) треба да се размислува за тоа што се случило. Да се запраша зошто сес лучило нешто што можеби не требало! И тоа е ОК. Само оној кој се прашува ЗОШТО е жив! Затоа уживај во животот кој ти го дарил господ, и љубовта е дел од него. И не се секирај! Секогаш имало машки кои знаат што е љубов и секогаш ќе ги има. А што, зарем некој жени не се исти како некои машки? Не има разни, но што и ако е така? И во тоа е убавината. Секој ќе си најде некој, ама не мора уште од почеток да ги брка сите окулу себа затоа што знае како тоа ќе заврши. Така ќе го избрка и оној што не треба! Како човек ќе ја почувствува љубовта ако се плаши од неа? Чашата е секогаш поовина полна, а не половина празна нели? Изменето од којсумјас - 14.Февруари.2008 во 01:26 |
|
Drlja
Сениор Регистриран: 24.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 3373 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вистинската среќа велат е во љубовта. Ниту една друга работа не може да ве направи толку среќни колку фактот дека некој ве сака, а и вие сакате некого. Но реалноста неретко ги руши ѕидовите кои се изолатори од тие негативни дејствија. И да! Повторно удира. И покрај сите тие удари кои од искуство ги знаете, сепак нешто ново може да се изроди секогаш! На негативноста и нема крај, затоа подобро припремете се подобро, набилдајте ги живците, наполнете се со оптимизам и кога ке дојде удар-дејствувајте! Нормално, ова со некаква цел го зборам, а целта ми е да објасниме за некои побитни “фактори“ кои може да предизвикаат “промена на клима“ во вашата врска. Вашата врска не е како во бајка, не поради друго туку поради тоа што сакате реалност, го следите она “ако живееме како во бајка лесно ке не изеде волкот“, но не можете да се пожалите, навистина сте среќни. Или пак, вашата врска е како во бајка, се наоколу вас е розево и ви цвета па и вие цветате. Кој би рекол дека постои рајска среќа на земјата!?И нормално, како и секогаш доаѓа она огромно НО !!!
Надворешен “фактор“ штетник бр.1- друштво, фамилија....(нека не се бараат оние кои не се вакви овде значи стриктно за поединци зборувам) не обвинувам ниту еден родител, ниту еден пријател кој се однесува нормално. (и еве го пак) НО колку само може да наштети и ви нанесе болка и предизвика нервози приврзна мајка за својот син, татко што ја третира веке израснатата ќерка како девојченце, љубоморен/на другар/ка, никој повеке не може. Мајката сето време збори против вас како не и се допаѓате, како гледа нешто во вашите очи “како да криете“, намерно не ја крева слушалката кога знае дека вие ѕвоните, и кога еден ден на синот тоа ке му додје преку глава и и рече да прекине, таа ке почне да преќутува, но вие ќе мора да бидете дочекани и испратени со лоши погледи и слушајќи моабети по неговата улица како “сте и го земале синот“. Таткото прво ќе започне со “ембарго“.Забрани за излегување, таа прво ке си прекути но потоа ке и дојде преку глава затоа што тој продолжува да ја третира како мало дете па дури и да има 25 год. Дома настанува општ хаос. Се додека не ја уцени “ако сакаш со него, оди си кај него“. Се додека таа не се спакува и си отиде поради љубовта. Па зар таа девојка нема право на љубов како и сите други или поради нејзиниот недоделкан татко (знам не доликува така за родител ама во моабетов таков го претставив)???? Како нејзиниот татко ја запознал нејзината мајка??? ДА НЕ ГОТВЕЛА ВО КАСАРНА!?-ЧИСТО СУМЊАМ! Но родител ко родител, а внуче. а прошка! Фала му на Бога што татко ми нема ни еден збор од ова што го пишав во него, а не сум ни син на мајка! Пријатели-уф, ова го напишав со кеиф, небаре за убаво ќе зборам. Колку и да се чуствуваат запоставено и тргнато на страна, не треба вината да ја бараат во партнерот на својот/та другар/ка, туку лично во другарот/ката. Ако тој/таа нема време да одвои за пријателите не мора да значи дека партнерот е виновен. Можеби зголемен број на обврски на работа/факултет....! Може се! Но еве нешто интересно-ШТО КОГА НЕКОЈ ОД ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ПОЧНЕ НЕГАТИВНО ДА ВЛИЈАЕ НАД ВАШАТА ВРСКА И ГО ПОЧУСТВУВАТЕ КАКО КОШМАР???-Пријателот на вашиот партнер повек ес еинтересира каде сте биле со кого сте биле зашто сте биле отколку вашиот партнер. И уште ве напаѓа зашто вашиот партнер не дошол со вас! Ви надава гнасни епитети, уличарски зборови кои не доликуваат некој ни да ги рече ни да ги слушне. На почеток објаснувате (ако имате живци и сте се припремиле по горе наведениот рецепт), “полека“ губите трпение кога личните навреди ќе прераснат во секојдневие и пријавувате кај партнерот. Тука малце ке посветиме внимание како тој/таа ќе изреагира. Да, тој/таа си ги сака и почитува своите пријатели, НО ако ве сака и вас, нема да е сеедно ни најмалку што така ви се обраќаат и ве третираат како најгрешно суштество на светот. Ако ви рече-батали не слушај такви моабети-совет- веднаш раскинете! Вие не сте должни (па и колку да сте во љубов) да слушате навреди од некој кој својот живот можеби не си го средил а се зафатил со вашата врска (да не речам прле пред магаре), а партнерот воопшто не ви се замара како ви е вас. Тогаш би можело да речам е дбар момент да сватите со какв личност сте во врска. Не се потценувајте и не виткајте грб за секој камшик....Ако еднаш ве навредил, сте простиле?-Пак ке ве навреди. Еден огромен гард од такви личности, ултиматум на партнерот да ја држи на страна вашата врска од такви штетници, а тие нека се дружат колку сакаат. Вие никого не двоите, не скарувате, но не ги трпете навредите на некои незрели луѓе кои ете можеби немаат партнер во кој се заљубени поради трауми од поранешна врска која завршила поради нивните наивности. Околу овој фактор не се мислете многу! Често се водев по пишани правила, иако несекогаш ми одговарале, но барем знаев дека така е најправилно за на крајот така и да испадне. Затоа мој совет ви е-Врската е за двајца, а штом дојде трета личност, тоа веќе не е врска! Не вмешувајте никого и не дозволувајте некој трет да ви ја гради врската. Кога градите куќа (врска) гледајте ја добро секоја цигла (секој чекор) за да сте сигурни колку добро таа е изградена. Секој столб исполнете го добро (со љубов) за да знаете дека ќе потрае и ќе задржи тешки удари. А се додека некој друг ви го “меша малтерот“ нека не ви е криво ако еден ден ви падне кровот на глава. Затоа следете ја онаа старата-што си си надробил,тоа ке си јадеш! Сакајте се, верувајте си! Нека третиот што ќе ви се вмеша е плод од вашата љубов,а не мајка, шајка, татко или пријател. И пак ке речам, извинете на машко/женското обраќање сепак малце потешко ми оди да пишувам така. Ова важи за сите не само за женски или само за машки. Изменето од blueprayer - 12.Февруари.2008 во 02:06 |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Спознавајќи ги границите во љубовта, најтешко беше да се разбере мудроста-Оној што знае да љуби има потреба да се изгуби и повторно да се пронајде себеси! Мммм....да болка. Но верувајте, кога боли од љубов ги спознаваме границите на нашата чуствителност. До каде таа може да оди и што се може да стори. Никој е е совршен, па зашто и љубовта мислиме дека мора да биде совршена!? Убавината сепак не доаѓа од перфекноста, односно доаѓа од дисциплината на душата. Да! Нема 9 часот. Добро е што денес малце подоцна ке започнам со работа па ете имам шанса повторно набрзинка да се искажам. Моќта на ова пенкало тешко дека ќе се прифати и смислата на овие зборови тешко дека кој ја доловува. Не постои љубов во која нема барем одредена мала доза на болка. Сепак и таа е створена според човекот, а човекот како суштество во денешно време е далеку од совршенството. Знаејќи дека човечкото совршенство е дух кој никој не го видел се прашувам- ЗАШТО БАРАМЕ СОВРШЕНА ЉУБОВ КАКО ОД ФИЛМОВИТЕ КОГА НИЕ СМЕ НЕСОВРШЕНИ ГЛУМЦИ!? ОДНОСНО, ЗАШТО БАРАМЕ ЦЕЛА АЗБУКА КОГА НИ Е ДОВОЛНО САМО ЕДЕН ЗБОР (ЉУБОВ)??? Зар треба да очекуваме, постела од рози, романтични вечери секоја ноќ, наутро мирис на кафе да не разбуди? Се си е тоа така убаво и нежно и романтично, но така 2 недели да го третираме партнерот, ќе му стане навика и воопшто нема ни да обрне внимание колку вие тоа со љубов го правите. И да. Еден ден ќе ви пукне филм зашто по сета таа борба да изградите нешто некој ќе стагнира. Ќе се раскарате и бу! Ете прва кавга! И нормално, заслепени, пак и пак и пак. Мислам за понатаму е јасно што ке се случува, нема потреба да раскажувам и така ќе згасне љубовта на крај. Затоа се вели-за се треба да се има граница. Буквално за се! Па дури и не е пријатно премногу да “кубете коси“ по некого, не барем поради самите себеси. Затоа, не ја пумпајте самодовербата, но не се ни потценувајте, не претерувајте, но не се ни губете во делата...едноставно бидете умерени во се, љубете, почитувајте, верувајте.....И така нема совршенство, вака барем среќни ќе бидете.
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТАА-Добар "look", беспрекорна шминка, поглед фатален, тело извајано, косата ппаѓа по рамениците...солариум, фитнес, сауна....силикони.... ТОЈ-Добар "look" , јак парфем, обликувано тело, продорен поглед, средена коса, бели заби..... Дали овие работи значат дека сме во потрага по совршен надворешен изглед??? На времето, кога баба ми била на мои години, немало ништо од ова. Излез навечер “у бољи живот“ кај нив било одење на чешма со стомни по вода, трачарењето на кафе со другарки било везење во селскиот двор со снаи и золви припазувајќи ги кокошките да не го исклукаат врти попот и лалето. Пуштањето по смс и частењето пијачки било праќање шефтелии и сл. Додека денес младите гледаат само да се видени во ВИП зоната во некоја уште поВИП дискотека во сабота навечер (дремуцкајќи во комотните фотељи, пиејќи добро виски) и во недела наутро на трач моабет, што-како, во некој елит кафич особено ако е самер тајм на надворешните фотељи со наочари во “холивуд стил“ (што би рекол Тони Зен) додека бабите наши и дедовци “излегувале“ на пазар и ВИП зона им било каде што се продавале сомуни. Изгледот не ни бил толку битен колку што било битно да не “пукне брука низ село“ ако таа има 22 год. а е немажена. Демек уседелица ке останела! Дедо ми ја “армасал“ баба ми баш на ВИП зоната и и купил ВИП лебче сомунче. Нормално по лебчето ја однел дома кај него а баба ми ја испратила снаат да каже дека нема да се враќа веке дома. Додека нашиве ЕЛИТ (значи не зборам за сите) машки бараат девојка со “2 метра нога“, тогаш било ИН да си ниска. А сестрата на баба ми била така повисочка од модерното со 165 цм плус и слабичка и не била баш омилена кај стројниците. Кој му ја мислел тогаш на убавина и карактер!? Гледале само да се земат и изродат деца. И додека нашиве млади живеат предбрачно што би рекле =колку за проба= заедно, баба ми спиела 3 месеци со свекрвата иако веке била мажена. Кога ке погледнеш уназад 20 год., знаејќи ја баба ми, дедо ми сигурно со “нож под грло“ ја правел мајка ми =) =) =). Велат на никого не му пишува на чело каков е во душа, но овде баш имам едно прашање. ЗАШТО МЕСТО НА КРАЈ ДА КУКАТЕ ДЕКА СТЕ СЕ ИЗГОРЕЛЕ ПОРАДИ ТОА =НЕ МУ ПИШУВА НА ЧЕЛО= , МАЛЦЕ ВИЕ СТАВИТЕ ПРСТ НА ЧЕЛО, ПОРАЗГОВАРАТЕ И СЕ ЗБЛИЖИТЕ СО ЛИЧНОСТА КОЈА ВИ ГО ПРИВЛЕКУВА ВНИМАНИЕТО А НЕ ОДМА ОДИТЕ ВО ВРСКА????!!!??? Уште одма се впуштате во “љубов„???!!!!??? Што е ? Не ви се чека? Ма дајте без наивност. Јас не велам дека на баба ми времето било убаво, но искрено денешниве се повеке и повеке на број фацки кои само дремат по кафичи, дискотеки и со моабет го минуваат денот ми е преку глава...а уште повеке преку глава ми е кога гледам како ги менуваат партнерите како циган коњи. Јас се заљубив во карактер а човекот не ни го познавав. Никогаш не ни го запознав, но навистина ми беше при срце. Треба ли поголем доказ дека изгледот за мене не е на прво место? Нормално, го имав видено на слика, камера....но неговата душа секој ден ја гледав на некој начин што беше многу побитно. Не трагајте по совршенство, кога ни самите вие не сте тоа, никој не е совршен, постојат само сродни души....Зашто да живее човек во убава визија кога реалноста и не е баш така лоша!? Прифатете ги своте мани, но и туѓите како дел од карактерот. Бидете она што сте и не гледајте да сте од ВИП ложата, која за мене поточно е ИКП-Имаш Кеш-Повели! Небаре парите ке купат и љубов и среќа...ноу рулс вит мани дјуд...ноу ВИП витаут мани..БУЛ ШИТ У БОЈА!!!
Изменето од blueprayer - 22.Јануари.2008 во 17:50 |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
САМО ЈEДНОМ Е ЉУБИ, СВЕ ЈЕ ОСТАЛО ВАРКА.
Изменето од orlov - 16.Јануари.2008 во 10:31 |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Скопје навечер, нели убаво звучи!? Особено ако сте вљубеник во мексиканската храна, во виното и во личноста која седи спроти вас. Многу пати сум кажала македонската кујна ми е омилена, потоа мексиканската па италијанската, но меѓу сите овие овде најомилена храна ми е љубовта. Има чуден вкус, сладок, горчлив, вкус на болка, на тага, на среќа, на радост, со повеќе или помалку чуства..на што не ти не има вкус, односно сам си ја декорираш. Ти одлучуваш и одбираш од менито а готвачот ти ја декорира, приготвува и сервира твојата желба. Понекогаш и самите ние знаеме да си ја утнеме нарачката, иако тоа било по наша желба. А понекогаш и готвачот од чиста навика на повекето јадења да достава кечап п аи на вас ке ви стави иако тоа не сте го сакале а сте нагласиле да не става. Потоа се од старт, се објаснува, се приготвува, патем може да ви се одјаде...па бирате нешто друго поново. Така е и во љубовта. Разгледуваш, одбираш, нарачуваш, пред вас е, е понатаму е се во ваши раце. Има само една разлика, во оброкот ретко кога готвачот знае да направи таква грешка, а ако направи сепак вие некогаш ке прогледате низ прсти во стилот-ај прв пат доаѓам овде или пак го јадете кечапот иако не сте го сакале во оваа комбинација но кога веке ставиле нека биде така. Тоа во љубовта го викаме попустивост за шанса да се направи некој си компромис иако не изгледа на компромис ако го прифатиш тоа туѓото. Сепак нели, го сакате тој вкус, немате време пак да чекате да ви се зготви истото, малце ви изгледа комплицирано, односно преведено немате време да чекате повторно нов партнер само без кечап односно без таа мана или грешка, времето лета а вие стоите па затоа прифаќате. ДО КОЈА ГРАНИЦА СМЕЕМЕ ДА РЕЧЕМЕ МОЖЕ, А ДА ОСТАНЕМЕ НЕОШТЕТЕНИ И ДА НЕ СМЕ ЛИШАНИ ОД НЕКОЈА РАБОТА ОДНОСНО НЕКОЈ ВКУС во овој случај така претставено???? Велат-прави го она што сакаш да ти го прават. Кога станува збор за тоа во љубовта денес ретко кој тоа така го вели, но еве сепак за тие кој така велат, знаеме дека сигурно и тие правеле нешто што не посакувале да им е ним направено пред да го научат ова правило, или го напАравиле ама себеси си прогледале низ прсти односно угостителски кажано ете готвачот приметил дека ставил кечап ама ај да не готви одново исто ке си рече нека ми извини. Односно ке си речете партнерот нема да дознае за оваа лага сигурен/на сум. И што понатаму? Тој готвач вечерта мирно ке си спие, резултат, незадоволен муштерија или муштерија кој се надева на подобро искуство следен пат во тој ресторан. Тој партнер може сега нема да дознае, ама кога ке дознае ке биде готви одново ако е доволно цврст и ако доволно ја сака личноста која зезнала работа, ако не е доволно цврст ке си го јаде кечапот и следниот пат. Епа добар апетит драги мои и внимавајте да не ви стават кечап на животот, а за во јадењето не му ја мислете!
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Внеси реплика | страница <1234 10> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |