Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Ноември.2015 во 12:16 |
РЕЦЕПТ ЗА ПАЛАЧИНИКИ КОЈ СЕКОГАШ УСПЕВАПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 3 јајца * 250 г брашно * 350 мл млеко * 100 мл газирана вода * Малку сол * 2 лажици масло * Пола лажичка рум НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Пенасто изматете ги јајцата додека да добиете густа хомогена смеса, па додадете ги маслото и млекото па измешајте. Потоа со непрестајно мешање додетете го брашното, малку по малку, додадете прстофат сол и малку рум (за да се добие арома и да се спречи впивањето на маслото). Доколку смесата ви се чини дека е малку густа (зависи од брашното), додадете уште малку газирана вода.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Октомври.2015 во 11:55 |
ПАЛАЧИНКИ СО САМО ТРИ СОСТОЈКИ - ЕВЕ КАКО ДА ГИ НАПРАВИТЕОвие палачинки без проблем ќе ги направат и аматери во кујната, а за нив се потребни само три состојки: банани, јајца и цимет. Помеки се од обичните палачинки, но многумина тврдат дека се вкусни. Палачинките се многу популарни, а обично нивното тесто се разликува во ситници – додека се менуваат само намазите. Но, овој едноставен рецепт вклучува ставање овошје во самата смеса, а за одличниот вкус потребно е само да измешате банана, јајце и цимет. По желба може да се прелие со сируп.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Септември.2015 во 13:35 |
НАЈВКУСНИТЕ ПОТПЕЧЕНИ ПАЛАЧИНКИ СО ШУНКА И СИРЕЊЕПотребни состојки: - 10 палачинки
- 10 тенки парчиња шунка
- 10 лажици ситно сирење (околу 200 грана)
- 1 јајце
- 200 мл. јогурт
- Кечап по вкус
- Малку оригано
Подготовка: Испржете ги палачинките по ваш рецепт или пак изматете 2 јајца со малку сол, додадете 150 гр. брашно, 200 мл. млеко и 150 мл. кисела вода, како и 2 лажици масло. Од оваа количина ќе добиете 10 до 15 палачинки зависно од големината на тавчето. Секоја палачинки премачкајте ја со кечап, ставете парче шунка, лажичка сирење, замотајте ја и ставете ги во плех или пак чинија за печење. Изматете јајце, додадете јогурт, измешајте и прелијте ги палачинките. Посипете со оригано. Печете 20-на минути во загреана рерна на 200 степени. Пријатен апетит!
Изменето од Valerija - 21.Септември.2015 во 13:36
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Август.2015 во 21:43 |
ГЕРМАНСКИТЕ МИНИ ПАЛАЧИНКИ ГО ОСВОИJА СВЕТОТ! КОГА ЌЕ ГИ ПРОБАТЕ СО ОМИЛНИОТ КРЕМ СЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ЈАСНО!Самата помисла на палачинки многу од нас не враќа во нашето детство, кога нашите мајки и баби ги мачкаа со џем и ореви. Моментално популарните Американски палачинки, исто така стекнаа многу обожаватели, но сега дојде ред на германската верзија на овој познат десерт. Покрај тоа што е вкусен , можете да го филувате со омилениот чоколаден крем, џем, мармалад по желба. Состојки : – 1 чаша (2 дл) на млеко – 6 јајца – 1 чаша брашно – 1 кесичка ванилин шеќер – ½ лажичка сол – 1 лажичка екстракт од ванила – ¼ чаша стопен путер – Џем / крем / мармалад по желба – Шеќер Загрејте ја рерната на 200 степени. Изматете го со миксер путерот, а потоа постепено додадете ги јајцата едно по едно и една кеса ванилин шеќер и екстракт од ванила. На крај, додадете брашно и млеко и се мешајте добро, додека не се добие компактна смеса. Подгответе го плехот за мафини кој претходно е добро подмачкан и прелијте го тестото за палачинки. Се пече околу 15 минути, извадете го од калапот кога ќе добие убава златна боја. Филот е ваша желба. Уживајте !
Изменето од Valerija - 28.Август.2015 во 21:43
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Август.2015 во 08:35 |
Веројатно досега сте слушнале за зебра колачот и зебра тортата, па тогаш зошто не би постоеле и зебра палачинки? Тестото е речиси идентично како за обичните, со тоа што треба да ја погодите шарата. Потребни состојки: - 500ml млеко
- 2 јајца
- Малку сол
- 1 лажица растопен маргарин
- 1 dl минерална вода
- Брашно по потреба додека тестото не стане кремасто и густо
- 1 лажица какао (оди во ¼ од тестото)
- 1 пумпа или кеса за правење шара
Подготовка: Измешајте ја смесата за тестото, брашното додавајте го додека не биде кремасто и средно густо. Веројатно добро знаете, сте ги правеле 1000 пати. Од смесата одвојте ¼ во помал сад и додајте го какаото. Измешајте додека не добиете кафеаво тесто. Ставете ги различните теста во две кеси или пумпи за правење шари. На загреана и намачкана тава со масло правете кругови наизменично од белото, па кафеавто тесто. Испечете и филувајте по желба.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Јуни.2015 во 14:38 |
За највкусните палачинки во светот, потребен ви е само овој рецепт. Не се тешки за правење, само има еден необичен трик кој мора да го испробате. Направете густо тесто за американски палачинки по следниов рецепт: - 1 лажичка прашок за печиво
- Неколку зрна сол
- 1 лажичка шеќер
- 2 големи јајца
- 30g путер
- 300ml млеко
- 225g брашно (може да додадете уште 30-50g за да ја добиете вистинската густина)
Најлесен начин да го направите тестото е сите состојки да ги измешате во блендер. Но, ако сакате да ги направите рачно, прво растопете го путерот. Измешајте го заедно со изматените јајца и млекото, а потоа постепено додавајте ги сувите состојки.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Мај.2015 во 07:59 |
Наместо да валкате садови или чинии со цел да ја направите смесата за палачинки, сега ви е доволно да пронајдете само едно празно шише... Отсега правењето на палачинки ќе ви стане лесно како песна. За подготовка на тестото потребно ви е: - 2 јајца
- 10 полни супени лажици брашно
- 3 супени лажици шеќер
- ½ кафена лажичка сол
- 3 супени лажички масло
- 600ml млеко
- Газирана вода
Начин на подготовка: Во празно шише ставете инка и додајте го брашното, шеќерот и солта. Потоа додајте ги јајцата, маслото, млекото и 3 чаши газирана вода. Прво одат сувите состојки, а потоа течните. Затворете го шишето и добро протресете ја смесата за да се изедначи. Ако темелно го протресете шишето, нема да останат грутки. Потоа земете тавче, стајте малку масло и истурајте од смесата од шишето во тавчето и печете ги палачинките. Не морате целото тесто одеднаш да го потрошите. Оставете го шишето со смесата во ладилникот и подгответе свежи палачинки и утре.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Omar
Сениор
Too young to die...
Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Април.2015 во 23:22 |
|
|
Omar
Сениор
Too young to die...
Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Април.2015 во 19:57 |
Француски, австриски или
американски палачинки?
Француските палачинки познати како „crepes“ се тенки палачинки полнети со разновидни вкусови. Тие не
се само благи,
можат да бидат и солени, полнети со павлака, месо, зеленчук, јајца па дури и риба. Палачинките веќе не се само за појадок, тие се совршен
избор за секое јадење во денот.
Австриските палачинки – „Kaiserschmarrn“ можеби Ви се познати. Смесата според која
се подготвуваат е малку погуста и крајниот резултат не е класична палачинка. Тестото за палачинките се дели на делови за време на печењето и се додаваат различни состојки како
малини, лешници или суво грозје. Ако не се снаоѓате во превртувањето на палачинките, со австриски палачинки не можете да погрешите .
Американските палачинки се подебели и помали од француските, па
затоа се полесни за правење. За разлика од Французите кои ги полнат палачинките па потоа ги замотуваат или ги
превиткуваат, Американците едноставно ставаат благи сирупи, различни видови на овошја,
дури и слатка павлака врз палачинките и тие се спремни за јадење.
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Април.2015 во 17:52 |
Палачинки за вљубени
ЗА ПАЛАЧИНКИТЕ ВИ Е ПОТРЕБНО:135 гр. брашно 1 лажичка прашок за печиво 1/2 лажичка сол 2 лажици шеќер 2 лажици растопен путер 130 мл. млеко 1 јајце 1/4 пакетче црвена прехрамбена боја За прeлив ќе ви треба: 350 гр. малини 3 лажици шеќер во прав малку коњак (по желба) Ќе ви треба и 100 гр. бело чоколадо. Подготовка: Чекор 1: Во сад измешајте го брашното со прашакот за пециво и солта. Во друг сад измешајте ги шеќерот и растопениот путер, млекото и јајцето. Чекор 2: Соединете ги течните и сувите состојки и матете ги додека да добиете хомогена смеса. Додадете ја прехрамбената боја. Чекор 3: Со мала црпалка ја одредувате дозата, доволна е една лажица за една палачинка (зависи колкави сакате да ги направите). Печете по 40 секунди од двете страни на средна температура. Чекор 4: Сервирајте и уживајте со вашите сакани. Ова е навистина лесен рецепт, кој брзо се подготвува, а е вкусен и впечатлив.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Февруари.2015 во 11:06 |
Сите љубители на чоколадните кекси со фил сега имаат можност да уживаат во ново, уште почоколадно задоволство - палачинки со вкус на Орео. Дечињата ќе ги обожаваат, а и вашите пријатели ќе се израдуваат ако ги послужите после кафето. Во никој случај нема да го згрешите вкусот, затоа што е лесен за подготовка, дури и ако сте почетници во кујната. Состојки за 4 порции: - 500ml млеко
- 8 јајца
- 125g несолен путер
- 2 лажички екстракт од ванила
- 700g брашно
- 1 прашок за печиво
- 125g шеќер
- 150g Орео колачиња
За фил: Можете да комбинирате матен путер со кокосово брашно или крем по желба. Подготовка: Растопете го путерот, па додајте го млекото со јајцата и екстрактот од ванила. Во посебен сад измешајте ги брашното, прашокот за печење и шеќерот. Постепено додавајте ги во млекото со јајца и путер и постојано мешајте. По 5 минути мешање додадете ги ситно искршените или измелените Орео колачиња. Загрејте малку масло на тавче, ставете од тестото и испечете округли, малку подебели палачинки. Доволни се 3 минути печење од секоја страна за палачинките да бидат готови. Врз секоја палачинка ставете фил по желба, украсете со кокос, чоколадо, шлаг или уште искршени Орео кекси. Уживајте!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Февруари.2015 во 11:09 |
Совршен десерт за најромантичниот ден
Изненадете го вашиот сакан за Денот на вљубените со нешто вкусно!
Што велите да го изненадите вашиот сакан или сакана со појадок во кревет на најромантичниот ден во годината? За таа цел ви предложуваме рецепт за вкусни, меки и црвени палачинки, идеални за оваа намена. Нивниот вкус е збогатен со благо-соленкаст прелив, што дава уникатна и совршена комбинација која долго ќе ја помните. Што е уште подобро, за да уживате во овој десерт не ни мора да имате партнер - со нив можете да се почастите самите себе или, пак, да го изненадите вашето друштво. Верувајте ни, нема да зажалите! Потребни состојки:- 150 гр брашно
- 3 мали лажички прашок за печиво
- половина лажичка сол
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица какао
- 1 изматено јајце
- 2 лажици растопен путер
- 170 мл јогурт
- 4 лажички црвена боја за храна
За преливот: - 55 гр кремаст намаз од сирење
- 2 лажици млеко
- половина лажичка екстракт од ванила
- 4 лажици шеќер во прав
Подготовка:
Во голем сад помешајте ги сувите состојки: брашното, прашокот за печиво, солта, шеќерот и какаото.
Во помал сад помешајте ги течните состојки: изматеното јајце, јогуртот, путерот, ванилиниот екстракт и бојата за храна.
Помешајте ги сувите и течните состојки и мешајте додека да добиете рамномерна, хомогена смеса. Оставете ја смесата да отстои 10-15 минути, а за тоа време можете да го подготвите преливот.
Со миксер добро помешајте ги сите состојки за преливот и ставете ја смесата во фрижидер.
Добро загрејте ја тавата и во неа растопете малку путер. Со помош на кутлача, ставајте од отстоената смеса во тавчето и печете ги палачинките една по една. Кога ќе почнат да се појавуваат првите меурчиња, време е да ја свртите палачинката на другата страна.
Премачкате ја секоја палачинка со подготвениот прелив и украсете по желба. Пријатно и романтично јадење!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Јануари.2015 во 09:55 |
Ова е малку поинаков рецепт и начин да подготвите тесто за меки палачинки кои ќе ги паметите уште долго. За подготовка на тестото ви се потребни само 4 состојки и 10 минути. - 200g брашно
- 400ml пиво
- 1 лажица мед
- 3 јајца
1. Изматете ги јајцата и додајте го пивото. Добро измешајте. 2. Додајте го медот, па потоа брашното. Мешајте додека не исчезнат грутките. 3. Пржете на жешко масло. Послужете ги солени или благи, по ваш избор.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Ноември.2014 во 16:53 |
СОЛЕНИ РОЛНИ ОД ПАЛАЧИНКИ
Потребни состојки: - 2 црвени пиперки
- 6 јајца
- 500 ml млеко
- 150 g брашно
- 4 лажички масло
- 4 лажички путер
- 150 g исечкана шунка на резанки
- 150 g сирење исечено на резанки
- Сол и бибер
- Салата за гарнир
Подготовка: Пресечете ја пиперката на пола, извадете ги семките, па исечете ја на ленти. Јајцата изматете ги со млекото. Додајте го брашното, посолете и додајте малку бибер. Во еден сад загревајте по една лажичка од путерот и маслото. Од четвртина од тестото направете палачинки. Рерната загрејте ја на 200 степени. Кога ќе ги испечете, врз нив ставете четвртина од шунката и сирењето. Додајте четвртина од исечканата пиперка и тенко исечените резанки сирење. Замотајте ги и ставете ги во огноотпорен сад. Ставете го садот со палачинки во загреаната рерна и печете ги ролните од палачинки околу 5 минути. Извадете ги ролните палачинки од садот и исечете ги на подебели резанки од околу 3 cm и наредете ги на загреана чинија за подолго да останат топли. Декорирајте ги со листовите зелена салата.
|
|
|