Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Април.2016 во 15:40 |
Изменето од Valerija - 02.Април.2016 во 15:41
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Април.2016 во 12:56 |
Ќе ја тргнам статијата,не сум забележала дека има млеко. Благодарам за сугестијата!
Еве посно нешто
Уште еден рецепт во кој ќе можете да уживате за време на постите. Богатиот вкус на црното чоколадо и мармаладот ќе ги разбудат сите ваши сетила и ќе сакате парче повеќе само за себе. Состојки: - 250ml минерална вода
- 120ml масло
- 200g кафеав шеќер
- 1 лажица мармалад од кајсија
- 250g брашно
- 3 лажици какао
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка цимет
За премачкување на колачот: - 3 лажици мармалад од кајсија
Глазура: - 100g темно чоколадо
- 2 лажици масло
Подготовка: Во поголем сад ставете ја минералната вода, маслото, шеќерот и една лажица мармалад. Во посебен сад измешајте ги брашното, какаото, сода бикарбоната и циметот и додадете ја течната смеса. Мешајте со миксер додека не добиете хомогена смеса без грутки. Турете ја смесата во подмачкан сад за печење со големина околу 25 х 25cm и печете 25 минути во загреана рерна на температура од 200°C. Додека колачот е жежок премачкајте го со мармалад. На тивок оган стопете го чоколадото со 2 лажици масло и со тоа премачкајте колачот. Забелешка: За сите оние кои не постат, чоколадната глазура можете да ја направите и така што наместо 2 лажици масло ќе ставите 3 лажици слатка павлака.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Kastro
Сениор
Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Април.2016 во 20:29 |
Valerija напиша:
Сникерс бајадера
Потребни состојки: 250гр маргарин 100гр кикирики 300гр мелени бисквити 200гр шеќер Децилитар млеко 200гр чоколадо Подготовка: Истопете 200гр маргарин и додадете го шеќерот. Кога ке се соединат додадете 100гр чоколадо, мелените кикирики, бисквитите и млекото. Ставете ги во плех. Кога малку ке се олади, полите го со 100гр чоколадо и 50гр маргарин. Совет: за да избегнете бајадерата да се залепи за дното на плехот, претходно премачкајте го со масло или обложете го со харија за печење.
|
Ova ne e Posno .
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Март.2016 во 08:24 |
Полека, но сигурно се наближува Велигден, а дотогаш веројатно сте се одлучиле да постите, па компирите и оризот ви се главен извор на полнење на стомакот. Имаме интересен рецепт за печење на компири со кои не само што ќе бидат вкусни, туку и ќе ви изгледаат убаво. Веројатно ќе сакате да ги послужите секојпат кога ќе имате гости. Потребни состојки:- Еден компир
- Маслиново масло
- Сол и бибер по желба
Подготовка:Процесот на подготвување на розите од компири е едноставен. Еден компир ви е доволен. Исечкајте го на тенки парчиња. Парчињата наредете ги во една линија, едно по друго. Потоа започнете да ги ролате во круг. Откако ќе завршите со навртувањето на ситно сечканите парчиња компир, на крај ќе добиете роза. Подготвените рози наредете ги во плех за печење на мафини, посолете ги и ставете бибер и други зачини по желба. Печете ги на претходно загреана рерна на 180 степени 30-на минути или барем додека не забележите дека добиле златно жолта боја. На здравје! Истото можете да го направите и со едно јаболко, од него да направите интересен посен десерт.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Март.2016 во 08:15 |
Месец април за многумина е во знакот на Велигденските пости, па ако се одлучивте да постите, а сепак сакате да уживате во некој десерт, можете да се соочите со голем проблем - што да одберете? Ако немате никаква идеја какви вкусни, а посни десерти можете да направите: Посен меден колач Потребни состојки: - 300g шеќер
- Малку сода бикарбона
- 50g мелени ореви
- Каранфилче и цимет
- 200g брашно
- Сок и кора од лимон
- 2 лажици мед
- Екстракт од ванила
Подготовка:
1. Во сад ставете ги сите состојки, заедно измешајте ги додека не добиете компактна смеса и оставете ги половина час да отстојат. 2. Во загреана рерна на 180 степени печете го претходно подготвеното тесто околу половина час или додека не добие златно жолта боја. Посни штангли од лешник
Потребни состојки: - 250g шеќер
- 100g суво грозје
- Сок од половина лимон
- 250g мелени лешници
- 100g смокви
- 250g сушено јужно овошје (ананас, урни...)
- Топено чоколадо по желба
Подготовка:
1. Шеќерот ставете го во сад за готвење и налејте вода за да направите шербет. 2. Во зготвениот сируп додадете ги лешниците, сувото грозје и ситно сечканите смокви. 3. Помешајте сè добро и понатаму продолжете да готвите на средна температура. 4. На плотната наросете шеќер и ставете ја зготвената маса. 5. Тестото поделете го на два дела и оставете го да се олади. 6. Едниот дел од тестото премачкајте го со сокот од лимон и наросете го јужното овошје. 7. Останатиот дел од тестото ставете го како втор слој горе, над овошјето. 8. Тестото прелијте го со стопено чоколадо, а откако ќе се олади, пресечете го на штангли. Бомбици од ориз, бадеми и лешници
Потребни состојки: - 200g интегрален ориз
- 50g шеќер во прав
- 100g печени лешници
- 100g суво грозје
- 50g печени бадеми
- Сок од портокал
- Екстракт од рум
- 3 лажици кокосово брашно
Подготовка:
1. Оризот сварете го и добро оладете го. 2. Во него додадете ги печените лешници, бадеми, сувото грозје, сокот од портокал и екстрактот од рум. 3. Добро измешајте ги состојките додека не добиете компактна смеса и од нив правете топчиња. 4. Топчињата тријте ги во кокосовото брашно. Посни лешник бајадери
Потребни состојки: - 400g маргарин
- 10 лажици вода
- 400g шеќер во прав
- 400g мелен посен кекс
- 400g мелени лешници
- 100g чоколадо за готвење
Подготовка:
1. Сите состојки, освен чоколадото, измешајте ги за добро да се соединат. 2. Добиената смеса поделете ја на два еднакви делови и оставете ги да отстојат најмалку два часа во фрижидер. 3. Во едната додадете го растопеното чоколадо за готвење и мешајте додека не добиете компактна смеса. 4. Во четвртаст сад наредете еден слој од смесата со чоколадо, потоа целата смеса без чоколадо и уште еден слој со чоколадо. 5. По желба, можете да додадете и слој топено чоколадо. Посни ванилици
Потребни состојки: - 200g ореви
- 250g шеќер
- 150g брашно
- Шеќер во прав
- Масло
- Џем
Подготовка:
1. Промешајте ги мелените ореви, шеќерот, брашното и масло по желба. 2. Добро мешајте додека состојките не се соединат и со мала чаша вадете мали парчиња од тестото. 3. Наредете ги во плех и печете ги на средна температура додека отприлика 20 минути додека не добијат боја. 4. Парчињата спојувајте ги со џемот и на нив наросете од шеќерот во прав.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Февруари.2016 во 10:37 |
Сникерс бајадера
Потребни состојки: 250гр маргарин 100гр кикирики 300гр мелени бисквити 200гр шеќер Децилитар млеко 200гр чоколадо Подготовка: Истопете 200гр маргарин и додадете го шеќерот. Кога ке се соединат додадете 100гр чоколадо, мелените кикирики, бисквитите и млекото. Ставете ги во плех. Кога малку ке се олади, полите го со 100гр чоколадо и 50гр маргарин. Совет: за да избегнете бајадерата да се залепи за дното на плехот, претходно премачкајте го со масло или обложете го со харија за печење.
Изменето од Valerija - 22.Март.2019 во 14:55
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Август.2015 во 12:53 |
ПОСНА ЧОКОЛАДНА ТОРТАСостојки За кората: 250 гр мелени ореви 200 гр шеќер 200 гр брашно 1 ванилин шеќер 1 прашок за пециво 1/2 лажиче сода бикарбона 1 лажиче цимет малку мелено каранфилче 3 дцл вино (бело или црвено) За филот и глазурата: 4 лажици џем од кајсии, јагоди, праски или шипки 150 гр чоколадо за готвење малку маргарин малку рум Подготовка:
– Во садот во кој ќе матите измешајте ги брашното, содата бикарбона и прашокот за пециво. Во тоа додадете го шеќерот, мелените ореви, каранфилчето, ванилиниот шеќер и циметот. Измешајте убаво. – Во тоа додадете го виното и измешајте со дрвена лажица да добиете компактна смеса. – Оваа смеса сипете ја во округла тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути. – Кога тестото ќе биде печено извадете го од тавата, оставете да се излади и пресечете го по должина на половина за да добиете две округли кори. Едната кора ставете ја на украсна чинија за торти. – Загрејте го малку џемот и со него премачкајте ја кората. Одозгора ставете ја втората кора која исто така ќе ја премачкате со џем, одозгора и од страните. – За глазурата, истопете го чоколадото на пареа со малку маргарин и рум. – Прелијте ја врелата глазура над тортата и оставете да се излади пред да ја послужите.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Omar
Сениор
Too young to die...
Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Април.2015 во 11:11 |
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Март.2015 во 09:14 |
ПОСНА БАЈАДЕРА СО КОКОСПотребни состојки: - 1dl вода
- 300g шеќер
- 250g маргарин
- 250g кокос
- 200g мелени ореви
- 200g чоколадо за готвење
Подготовка: Сварете ги водата и шеќерот 5-6 минути, додека шеќерот не се растопи. Додајте 200g маргарин и постојано мешајте. Тргнете го тенџерето од рингла, па додајте го кокосот и оревите. Добро измешајте ја густата смеса и поделете ја на 2 дела. Во еден од нив додајте 100g од чоколадото за готвење и мешајте додека не се стопи. Во мала правоаголна тава ставете го прво посветлиот дел, па чоколадниот. Израмнете ја бајадерата, па прелијте ја со топено чоколадо и преостанатите 50g маргарин. Колачот до служењето чувајте го во фрижидер.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Март.2015 во 13:26 |
ПОСНИ ЦРНО-БЕЛИ КИФЛИЧКИ ГОТОВИ ЗА 20 МИНУТИПотребни состојки за тесто: - 250 ml топла вода
- 50 g свеж квасец
- 250 ml масло
- 600 g брашно
- 3 лажички какао
- 3 лажички брашно
- Џем
За сируп: - 350 g шеќер
- 350 ml вода
- Ванила
Подготовка: 1. Во топлата вода растопете го квасецот, веднаш додајте ги маслото и брашното и замесете го тестото. 2. Поделете го на 2 дела. 3. Во едниот дел додајте какао, а во другиот 3 лажички брашно. 4. Двата дела од тесто поделете ги на 6 топчиња (вкупно 12). 5. Оставете ги околу половина час да нараснат. 6. За тоа време подгответе го сирупот. Измешајте ги шеќерот, водата и ванилата и оставете ја смесата да зоврие. 7. Загрејте ја рерната на 220 степени. 8. Премачкајте два голема плеха. 10. Ставете ги топчињата тесто на една полица и развлечете ги како кори со пречник од 20 cm. 11. Исечете ги на 8 делови, филувајте ги со џем и замотајте ги како класични кифлички. 12. Наредете ги во плех и печете додека не заруменат, околу 15-20 минути. 13. Извадете ги од рерната и прелијте ги со сирупот. 14. Завртете ги неколку пати за да се натопат со сирупот од сите страни.
Изменето од Valerija - 22.Февруари.2018 во 08:33
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Март.2015 во 20:04 |
ПОСНИ, КРЕМАСТИ ТОРТИБез оглед на тоа дали постите или не, ќе вреди секој залак кој ќе го вкусите. Медена торта Состојки За кора: - 250g мед
- Чаша пиво
- Лажичка сода бикарбона
- ½ шолја масло
- Брашно по потреба
За фил: - 250g шеќер
- 250g мелени ореви
- 2 реда посна чоколада
Подготовка: Од сите состојки заматете не прегусто тесто и испечете 5 кори од него. Изматете го шеќерот со растопената чоколада и додајте ги оревите. Држете се до правилото еден ден ред тесто – еден ред фил и за помалку од половина час тортата ќе биде готова. Одберете глазура по избор, додадете неколку половинкиореви и прелијте со мед. Торта од портокал
Состојки За кора: - 1 шолја масло
- Шолја кисела вода
- 400g брашно
- Прашок за печиво
- 100g шеќер
За фил: - 4-5 портокали
- 0,5l вода
- 350g шеќер
- 2 пудинзи од ванила
- 4 лажици густин
- Маргарин
Подготовка: Од сите состојки потребни за тестото изматете меко тесто. Испечете 4 кори. Излупете ги портокалите, сварете ги во половина литар вода, почекајте да се изладат и ситно сечкајте ги. Во водата каде ги варевте портокалите сварете ги пудинзите до 350g шеќер и 4 лажици густин. Кога филот ќе се излади, додајте неколку лажички растопен маргарин. Врз секоја кора прелејте подебел слој од филот и финиширајте со растопено посно чоколадо.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Март.2015 во 16:33 |
ПОСНИ ПРЖЕНИ КРОФНИ СО РАЗНО ПОЛНЕЊЕПотребни состојки: - 250ml млака вода
- Пакетче свеж квасец
- 800g брашно
- ½ маргарин
- 3 лажици шеќер
Подготовка: Во млаката вода ставете 1 лажичка шеќер со квасецот и 1 лажица брашно. Оставете да нарасне. Соединете го маргаринот со шеќерот, а потоа додајте ја водата со нараснатиот квасец и замесете тесто. Оставете тестото да нарасне неколку минути, а потоа растегнете го. Со калапи за крофни или со шолја извадете кругови. Наполнете едно тенџере со масло, затоа што крофните мора да пливаат додека се пржат. Во маслото спуштете неколку крофни и пржете додека не заруменат. Кога се готови, исцедете ги на една платнена крпа, проросете со шеќер и наполнете ги по желба. Служете ги додека се топли.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Март.2015 во 16:16 |
Посен рецепт за неодоливите ишлери
Велигденскиот пост е во полн ек, па оние кои се одлучиле на ваквиот режим на исхрана постојано бараат рецепти кои не содржат намирници од животинско потекло. Затоа ние сме тука за вас, со овој посен рецепт на омилените колачиња ишлери, во кои можат да уживаат и оние кои не се на пост. Потребни состојки:- 180 гр маргарин
- 100 гр шеќер во прав
- 100 гр печени мелени лешници
- 200 гр брашно
- мармалад од кајсии
За глазура: - 250 гр шеќер во прав
- 100 гр чоколадо
- половина чаша вода
- малку маргарин
Подготовка:
Од сите состојки (без мармаладот и оние за глазурата) замесете тесто и оставете го да отстои во фрижидер половина час. Потоа развијте го во дебелина од половина сантиметар, извадете модла или чаша и направете кругчиња. Поставете ги кругчињата на тавче обложено со хартија за печење и ставете ги во рерна да се печат на умерена температура отприлика 20-тина минути. Кога ќе забележите дека се готови, извадете ги и оставете ги малку да се подоладат.
За тоа време направете ја глазурата. Зовријте ја водата со шеќерот, така што масата ќе стане густа како за слатко, во неа ставете го чоколадото добро да се растопи и со постојано мешање додадете го и маргаринот. Оставете ја глазурата да се подолади.
Половина од печените кругчиња премачкате ги со мармалад од кајсии, поклопете ги со другите кругчиња и потоа од горната страна потопете ги во глазурата од чоколадо. Вашите домашни посни ишлери се готови. Уживајте!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Декември.2014 во 12:29 |
Посни гурманлуци за Св. Никола
Православните верници денес одбележуваат голем празник, слава на св. Никола. Како што наложуваат правилата на верата, празникот се прославува со посни јадења.
Печен лосос во сос од портокал
Потребни состојки: - 1 кг. филети
- 50 мл. маслиново масло
- 3 лажици лимонов сок
- Сол, бибер
За сосот: - 300 мл. сок од портокал
- 80 гр. лук
- 30 гр. масло
- 250 мл. растителна павлака
- 1 лажица густин
- 1 лажица исечена кора од портокал
- ½ лажица бибер
- 1 лажица вегета
Подготовка:
Филетите посипете ги со лимоновиот сок, малку посолете и забиберете. На загреано масло од двете страни испржете ја рибата и ставете ја на топло место. На масло кратко испржете го лукот, залијте со сок од портокал и со околу 100 мл. вода. Заедно гответе околу 5 минути. Додадете ја исечената кора од портокал, вегетата и биберот. Варете уште пет минути и на крај додадете густин, разматен во малку вода и павлаката. Пуштете уште малку да проврие. Топлата риба прелијте ја со сосот и послужете.
Манастирска сарма Потребни состојки:- 20 листови кисела зелка
- 1 главица кромид
- Малку праз
- 1 поголем морков
- 1 поголем компир
- 1 јаболко
- ½ шолја сецкани ореви
- 1 шолја варен ориз
- 50 гр. суво грозје
- Сол, вегета, бибер
- Масло
- 1 шолја вода
Подготовка:
На масло испржете го кромидот и празот, па додадете ги исецканите морков, кромид и јаболко, потоа посолете и динстајте уште пет минути. Додадете ги сецканите ореви, сувото грозје и варете уште неколку минути. Тргнете од рингла, па додадете го оризот и зачинете со бибер и зачин. Направете сармички и ставете ги во подлабок сад, во кој претходно сте ставиле малку масло и листови зелка. Прелијте со вода и два децилитри масло, па ставете во рерна на 220 степени. Печете околу еден час.
Сом во сос од зеленчук Потребни состојки:- 400 гр. филети сом
- 2 лажици маслиново масло
- 2 моркови
- 1 корен першун
- 1 кромид
- 1 корен целер
- 2 домати
- 1-2 феферони
- 1 пиперка
- Сол, бибер
- Лист од першун
- Супа од зеленчук
Подготовка:
На масло испржете го кромидот. Додадете го исецканиот зеленчук и фефероните, залијте со малку супа од зеленчук и оставете покриено со капак. Посолете и варете додека зеленчукот не омекне. Додадете ја рибата и продолжите да готвите уште 15 минути на лесен оган. Додадете го биберот и зачинете по вкус. Кога јадењето е готово посипете со першуновиот лист.
Печен ослич во бело вино Потребни состојки:- 4 помали парчиња ослич
- 2 лажици сенф
- 2 лажици вегета
- 1 дл. бело вино
- 1 дл. вода
- Бибер
- 3 чешчиња лук
- 1 лимон
- 50 гр. ѓумбир
Подготовка:
Рибата добро исчистете ја, а сите состојки добро измешајте ги заедно. Садот за печење подмачкајте го со малку масло и наредете по него крукчиња лимон и исецкан ѓумбир. Рибата премачкајте ја со измешаните состојки и ставете ја на парчињата лимон и ѓумбир. Сипете вода и бело вино. Садот прекријте го со фолија, па рибата печете ја еден час, потоа скинете ја фолијата и печете уште 15 минути за да добиете поубава боја. Сервирајте го осличот со варен или пак печен зеленчук по желба.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|