Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Јули.2017 во 16:58 |
Dave’s Kitchen: 3-слоен колач за со кафе
Ова е идеалниот рецепт за сите оние кои сакаат утринското кафе да го надополнат со вкусен колач. Потребни состојки:
За прва кора: - 120 гр. путер
- 200 гр. шеќер
- 2 јајца
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 280 гр. брашно
- 1 пакетче прашок за пециво
- 1 лажичка сол
- 320 мл. полномасна кисела павлака
За фил: - 1 лажица цимет
- 1 лажица шеќер
- 150 гр. сечкани ореви
За крцкава кора: - 60 гр. брашно
- 3 лажици шеќер
- 1/2 лажичка цимет
- 5 лажици растопен путер
- 70 гр. сечкани ореви
Шеќер во прав за декорација
Начин на подготовка:
Во миксер на јака брзина изматете ги заедно путерот и шеќерот сè додека не стане смесата пенеста. Потоа додадете ги јајцата, едно по едно. Додадете го екстрактот од ванила и мешајте.
Во друг сад на страна спремете ги сувите состојки сите заедно во една чинија (брашното, прашокот за печиво и солта). Запрете го миксерот и додадете една третина од сувите состојки. Добро промешајте и повторно запрете го миксерот, додадете една третина од киселата павлака и продолжете со мешање. Постапката повторете ја се додека не ги потрошите сувите состојки и киселата павлака (се додаваат на третини).
Смесата за колачот е подготвена. Половина од смесата префрлете ја во тавче на механизам подмачкано со масло за јадење.
По ова следува делот кога треба да го приготвите филот. Во сад промешајте ги шеќерот и циметот и распределете ги врз целата површина. Одозгора ставете ги сечканите ореви. Додадете ја другата половина од смесата. Бидејќи смесата е многу леплива најлесен начин да го направите тоа и да не се помеша со филот, е со помош на шпатула да ставите на неколку места и потоа да ја распределите. Следи последниот чекор, односно крцкавата кора.
Во сад измешајте го брашното, шеќерот, циметот, путерот и сечканите ореви. Убаво промешајте со помош на виљушка и распределете го низ целата површина одозгора на колачот. Печете на 160 степени околу 1 час и 10 минути и декорирајте со шеќер во прав.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Јуни.2017 во 16:08 |
Dave’s Kitchen: Чоколадна мус торта
За оваа недела од кујната на Давор ви нудиме рецепт за лесна и превкусна торта со чоколаден мус. Потребни состојки: За основата - 250 гр. чоколадни бисквити
- 7-10 лажици растопен путер
За филот - 5 белки
- 5 жолчки
- 250 гр. чоколадо за готвење
- 2-3 лажици шеќер
- 250 мл слатка павлака
- 200-250 гр. јагоди пресечени на половина
Начин на подготовка:
Убаво измешајте ги бисквитите и путерот и добиената смеса распределете ја на дното и страните од тавчето формирајќи неправилна форма бидејќи тоа дава поубав изглед. Печете на 190 степени точно 8 минути. Потоа извадете го тавчето за да се излади комплетно.
Белките изматете ги со 2 лажици шеќер во цврст шлаг. Во растопената чоколада (на пареа) додадете 5 жолчки и убаво промешајте. На два-три пати вмешувајте ги белките во чоколадната смеса така што ќе дозволите повеќе воздух да влезе во смесата. Изматете ја павлаката и неа вмешајте ја со шпатула целата чоколадна смеса.
Во изладениот калап ставете ги исечканите јагоди и истурете го чоколадниот мус. Оставете во ладилник да се стегне минимум 4 часа. Најдобро е да остане во фрижидер преку ноќ за да се сечат чисти и рамни парчиња.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Јуни.2017 во 08:53 |
Брз колач со шумско овошје
Со оглед на нашите обврски немаме многу време да ги правиме „старинските“ рецепти од нашите баби и го бараме оној рецепт кој може да го направиме за мошне брзо време. Ви предлагаме да направите вкусен колач од шумско овошје за кој не ви треба да имате некое големо искуство во кујната за да го подготвите. Потребни состојки:- 3 жолчки
- 100гр шеќер
- 100гр путер
- 8 лажици млеко
- 250гр брашно
- ½ прашок за печиво
- 450гр замрзнато шумско овошје (овошје по ваша желба)
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200°С. Изматете ги жолчките и шеќерот, а потоа додајте го и путерот. Додека уште матите, додадете го млекото, брашното и прашокот за печиво. На крај изматете ги белките од јајцата рачно и додадете ги во смесата. Ставете ја смесата во калап по ваша желба, а на крај истурете го овошјето рамномерно низ целиот колач. Печете го 20-на минути во рерна. Кога ќе се испече, посипете со шеќер во прав.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Јуни.2017 во 11:09 |
Чоколадна торта Прекрасната чоколадна торта ќе ја направите на следниот начин:
Потребни состојки за 1 тесто: - 3 јајца
- 120 гр шеќер во прав
- 50 гр. растопено чоколадо
- 50 гр. ореви
- 2 лажици какао
- 100 гр. путер
- 3 лажици брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
Начин на подготовка:
Жолчките се матат со шеќерот во прав. Во оваа смеса се додаваат пенесто изматените белки, па потоа полека се додаваат и другите состојки. Пандишпанот се става во подмачкано округло тавче на механизам (број 28) и се пече околу 20-тина минути на 150 степени.
Постапката се повторува 3 пати за да се се добијат за 3 теста. Потребни состојки за филот: - 6 јајца
- 250 гр шеќер во прав
- 100 гр. растопено чоколадо
- 100 гр. ореви
- 3 лажици какао
- 200 гр. путер
- 300 гр. исчистени, измиени и исцедени вишни
Начин на подготовка:
Прво матите 6 жолчи со шеќерот во прав и во нив ги додавате пенесто изматените белки. Потоа во филот ги додавате и другите состојки и го оставете во фрижидер од 2 до 3 часа.
Потребни состојки за декорација: - 300 гр. путер
- 350 гр. шеќер во прав
- 4 лажици какао
Начин на подготвка:
Путерот е потребно да биде на собна температура. Ставете го миксер заедно со шеќерот во прав и какаото и матете додека не добиете убава изедначена смеса.
Тортата ја склопувате така што земате од комплетно изладените пандишпани и ги премачкувате со филот од вишните. Одозгора целата торта ја премачкувате со 1/4 од филот со путер и шеќер во прав. Ја оставате да се излади околу 2 часа за потоа започнете со финалната декорација. На крај украсувате со цреши, чоколадо, макаронс или нешто друго по желба.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Април.2017 во 21:26 |
БЕЛА ТОРТА СО КИКИРИКИПотребни состојки за пандишпанот: - 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 3 лажици какао
- 6 лажици брашно
- 1 прашок за пециво
Начин на готвење:- Најпрво се матат јајцата и шеќерот и откако убаво ќе ги изработите се додаваат брашното, какаото и прашокот за пециво.
- Убаво промешајте да се соедини целата смеса и ставете ја во правоаголна тава да се пече околу 30 минути на температура од 250 степени.
- Откако ќе се испече, полијте со сок од лимон по целата површина и исечете на 3 ленти по должина.
Потребни состојки за филот:- 4 јајца
- 1 маргарин
- 9 лажици шеќер
- 4 лажици мармалад од кајсија
- 300 грама кикирики (печени и мелени)
- 200 грама чоколадо за готвење
Начин на подготовка:- Јајцата изматете ги заедно со шеќерот.
- Во друг сад посебно се изработува маргаринот и се соединува со претходно добиената смеса, мармаладот, кикириките и чоколадото за готвење.
- Откако ќе добиете компактна смеса започнете со филување.
- На крајот изрендајте одозгора по целата површина чоколадо по ваш вкус и украсете како на фотографијата.
Изменето од Valerija - 04.Април.2017 во 21:26
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Април.2017 во 13:30 |
Dave’s Kitchen: Чоколаден тарт
Оваа недела заедно со Давор приготвуваме вкусен чоколаден тарт. Потребни состојки: - 300 гр. брашно
- 200 гр. путер ладен исечкан на коцки
- Прстофат сол
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1 жолчка
- 10мл вода (по потреба)
За филот: - 300 гр. чоколада со минимум 60% какао делови
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 100 гр. путер
- 150 мл. млеко или слатка павлака
- прстофат сол
- 1 лажичка инстант кафе
Начин на подготовка:
Од путерот и брашното формирајте тесто со структура на песок. Додадете ги солта, ванилата и жолчката. Доколку вака формираната смеса не се формира во тесто додадете 10 мл. вода. Убаво замесеното тесто, ставете го во хартија за свежа храна и оставете го во ладилник да одстои минимум 45 минути.
Во тавче за тарт обложете го тестото, кое претходно ќе го расукате во округла кора дебела речиси 1цм.
Доколку немате тарт тавче можете да го направите истиот рецепт во округло тавче, формирајќи крави на страните за да може филот да се задржи.
Пред да го испечете додека рерната се загрева на 190 степени, тавчето вратете го во ладилник убаво да се олади и да се стегне.
Пред да го ставите во рерна избодете го на неколку места со виљушка.
Печете околу 10-12 минути. Изладете го комплетно пред да го ставите филот.
Филот ќе го приготвите така што сите потребни состојки ќе ги ставите во длабок сад и растопете ги на пареа. Промешувајте константно додека кафето и другите состојки комплетно не се стопат.
Вака подготвениот фил од чоколадо ставете го во изладениот испечен тарт и декорирајте со исечкани ореви на краевите.
Оставете комплетно да се излади и стегне околу 3-4 часа.
Добар апетит и забавно готвење!
Изменето од Valerija - 03.Април.2017 во 13:30
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Март.2017 во 20:55 |
ТОРТА СО ПОРТОКАЛ И ЧОКОЛАДОСостојки за фил: Начин на подготовка: Со миксер разматете 4 жолчки, додајте шеќер и матете додека не добиете пенаста смеса. Додајте 10 лажици вода, една по една. Потоа намалете ја брзината, па постепено додавајте прво брашно измешано со прашок за пециво, мелени ореви и изрендана кора од лимон. На крај додајте 4 белки кои претходно сте ги разматиле во цврст снег. Калапот за торта намастете го со масло и посипете го со брашно, па ставете ја разматената смеса. Печете на умерена температура околу половина час. За филот прво подгответе скроб, така што 3 лажици ќе ги ставите во 1/2 л млеко и гответе додека не зоврие. Потоа додајте чоколадо, оставете да врие уште 2-3 минути, тргнете го од оган и оставете го целосно да се излади. Разматете пенасто путер со шеќер во прав. Полека додајте го зготвениот скроб, лажица по лажица. Испечената и изладена кора пресечете ја на поливина така што ќе добиете две кори. На чинија за торта ставете една кора, пропрскајте ја со сок од портокал и филувајте. Преку ставете ја другата кора, пропрскајте ја со сок од портокал, па филувајте од горе и од страна. На крај изрендајте чоколадо преку тортата.
Изменето од Valerija - 29.Март.2017 во 20:55
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Февруари.2017 во 11:04 |
Наједноставните колачи воедно се и највкусни.
Се наоѓаат во секоја ситуација, кога ви треба нешто набрзина, а овој старински рецепт влегува во таа категорија.
Состојки:
- 2 шолји (од 200ml) шеќер
- 2 шолји јогурт
- Шолја гриз
- Шолја масло
- 1 ½ шолја брашно
- 7-8 лажици мак
- Пакетче прашок за печиво
- Лажица рум
Глазура: 100g шеќер во прав, сок од ½ лимон, малку рендана кора. Или втората, поедноставна опција - топено црно чоколадо.
Подготовка:
Имиксирајте го јогуртот со шеќерот, додадете го гризот, маслото,
брашното, макот, прашокот за печиво и румот. Измешајте ја смесата и во
добро намачкан калап за печење, нека се пече 25 минути на 170 степени.
Додека колачот се лади, направете ја глазурата која ја одбравте.
Прелијте, исечете коцки, дополнително оладете и послужете.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Февруари.2017 во 15:28 |
Реформ торта
Изменето од Valerija - 29.Септември.2019 во 18:33
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Јануари.2017 во 10:39 |
Куглов колач со чоколадо и портокалНаправете зимски десерт, кој може да ви послужи и како замена за појадок, но најчесто ќе го консумирате заедно со чај или кафе.
Потребни состојки за тестото:
- 1кгр портокали
- 200гр брашно
- 125гр путер
- 200гр шеќер
- 3 јајца
- 1 прашок за печиво
Потребни состојки за преливот:
- 1½ дл исцеден свеж сок од портокали
- 150гр шеќер
- 3 лажици чоколаден прелив
Начин на подготовка:
Измијте ги добро
портокалите и ставете ги во тенџере со ладна вода, а потоа ставете ги на
оган за да се варат околу 2 минути. Потоа измијте ги и повторно ставете
им нова вода и повторно варете ги околу 2 минути. Кога ќе се сварат
сомелете ги во блендер заедно со кората. Изматете ги јајцата со шеќерот,
додајте ја кашата од портокалите, а потоа додајте ги и растопениот
путер и брашното измешано со прашокот за печиво. Сè добро измешајте за
да се соединат сите состојки. Во сад, искршете го чоколадото и растопете
го на пареа.
Земете го кугловиот калап, премачкајте го со путер и
посипете го со брашно. Ставајте го растопеното чоколадо и тестото
наизменично, па ставете го колачот да се пече во рерна околу 35 минути.
Кога ќе го извадите колачот од рерна, оставете да се излади и извадете
го од калапот. Потоа полијте го со сокот од портокал и шеќер и оставете
повторно да се излади. Пред послужување прелијте го колачот со прелив од
чоколадо.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Јануари.2017 во 14:36 |
Нугат торта
Изменето од Valerija - 29.Септември.2019 во 18:33
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Декември.2016 во 22:10 |
Вкусна кекс торта со кафе
Изменето од Valerija - 29.Септември.2019 во 18:33
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Декември.2016 во 08:10 |
Dave’s Kitchen: Едноставна чоколадна торта За оваа недела Давор ни приготви супер вкусна чоколадна торта која има убава презентација токму за овој период од годината.
Потребни состојки:
- 370 гр. брашно
- 300 гр. шеќер
- 1 1/2 лажица екстракт од ванила
- 90 гр. какао
- 2 лажички сода бикарбона
- 200 гр. путер на собна температура (или маргарин)
- 1 шолја млеко на собна температура
- 3 јајца
- 1 шолја жешко сварено инстант кафе
Начин на подготовка:
Сите состојки се
ставаат заедно во еден сад и се мешаат со жица за матење. Се пече во
подмачкано тавче на 160 степени околу 1 час.
За чоколадната глазура:
- 100 гр. чоколадо
- 100мл. млеко
- 1 лажица екстракт од ванила
- Неколку сечкани ф'стаци
- Неколку зрна калинка
Растопете го чоколадото, додадете го млекото и ванилата, оставете да
се олади околу 1 час во ладилник и полејте низ целата торта. Декорирајте
со исечкани ф'стаци и зрна од калинка.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Ноември.2016 во 08:20 |
Емил Жербо го измислил машинското производство на чоколадо. Неговата слаткарница нудела огромен избор на слатки задоволства меѓу кои стотина видови колачи, вкусни торти со крем од путер, полнети чоколадни бонбони, меѓу кои и најпознатата со полнење од вишна и коњак. Сите негови производи се викаат едноставно – жербо. Во продолжение следи рецептот за една од неговите највкусни торти: Потребни состојки:За кора 15 белки од јајца 375g мелени ореви 225g шеќер 30g брашно Прелив за кора 1: 320g шеќер Прелив за кора 2: 200g темно чоколадо 20g маргарин Фил: 15 жолчки од јајце 200g шеќер 150g путер 250g маргарин Подготовка:Матете ги белките додека не добиете цврста пена, додадете го шеќерот и продолжете со матење. Потоа додадете ги мелените ореви, промешајте ја смесата со дрвена лажица и поделете ја на три дела. Калапот за печење обложете го со хартија, и ечете ја кората во загреана рерна на 200°C околу 15 минути. Од шеќерот направете карамел и премачкајте ја кората. Чоколадото растопете го со маргаринот и премачкајте го врз карамелизираниот шеќер. Жолчките изматете ги со шеќерот во прав, згответе ги на пареа и кога ќе се изладат додадете ја смесата од изматен путер и маргарин. Со филот премачкајте ги корите и тортата, декорирајте по желба и оставете ја на ладно за да се стегне.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|